HomeLatest imagesБарајРегистрирајте сеВлез

 Теми 
Отиди на страна : Previous  1, 2
20100812

Уште една песна наскоро во етерот

Наслони главу - необјавен сингл на Тоше

За необјавената песна од Проески, Наслони главу, загрепските продукциски студија Урбан звук и Инлустро дизајн неодамна почнаа да изработуваат видеоспот во висока резолуција – јави Дневник, наведувајќи дека тоа ќе биде комбинација од компјутерска графика и анимација, а ќе ја нагласува хуманата страна и активности на македонскиот поп-пејач.

Автор на синглот Наслони главу е Ненад Нинчевиќ, фронтмен на популарниот бенд од поранешна Југославија, Тути фрути. Нинчевиќ е потписник и на дует-темата...
 
by batbayan - Comments: 2 - Видено е: 588
20101230

На 25 јануари концерт за роденденот на Тоше Проески

Меѓу гостите што ќе ги видиме во салата „Борис Трајковски“ ќе бидат и Антонија Шола, Наум Петревски, кој ќе настапи со групата „Синтезис“, хрватскиот композитор Мирослав Рус и многу други. Ќе биде промовирана и новата песна на Тоше „Наслони главу на моје раме“, чиј целосен автор е Нено Нинчевиќ

Традиционално и овој 25 јануари со меморијален концерт ќе биде одбележан роденденот на македонската музичка легенда Тоше Проески. Неговите многубројни обожаватели од Македонија, но и од целиот Балкан и овој пат ќе се соберат...
 
by batbayan - Comments: 13 - Видено е: 1283
20101017

Тоше има само датум на раѓање


Да замислиме - и веројатно ќе ја погодиме реалноста каква што можеше да биде: октомври 2010, Тоше 29-годишен. Нови стихови звучат од фреквенција на друг континент, најнов хит не се симнува од топ-листата на музичкиот МТВ, гостува кај Опра...Светот ја запознава новата ѕвезда, со кратко и симпатично име. Со совршен талент и харизма што зрачи.

Ќе беше така, да беше 16 октомври 2007 обичен ден, како и претходниот, како и денот пред тој... Не заслужува да биде важен датум, иако е „нумеричка“ асоцијација за Тоше, како 25. 01.1981 или 5.10.2007....
 
by batbayan - Comments: 7 - Видено е: 514
20090810

Тоше Проески загинал по првиот удар на Туарегот во камионот


Сообраќајниот вештак Дарко Коњевиќ од Славонски Брод кој извршил увид на местото на несреќата во која загина Тоше Проески по две години од трагедијата опиша точно што се случувало кобниот 16 октомври 2007 година околу 6:30 часот на автопатот Загреб - Липовац кај Нова Градишка

"Предната страна на возилото во кое бил Тоше Проески поради јачината на ударот, буквално се провлекла во длабина од 2,2 метри под товарниот сандук на приколката која во таа ситуација почнала силно да го притиска столбот на кровот...
 
by batbayan - Comments: 12 - Видено е: 2821
20100606

Балкански ѕвезди во чест на Тоше Проески во Будва

Бендот на Тоше Проески, Нина Бадриќ, Калиопи Букле, Гоца Тржан, Бојан Маровиќ, Јелена Томашевиќ, Елена Ристеска, Наум Петрески, Марко Возељ, „Форплеј“ се музичките имиња што ќе настапат на концертот „Ин мемориам Тоше Проески“, кој ќе се одржи на 5 јуни со почеток во 23 часот на плоштадот во Будва. Станува збор за настан што е дел од интернационалниот фестивал „Песна на Медитеранот“ со согласност и поддршка на Меѓународната фондација „Тоше Проески“.

- „Песна на Медитеранот“ е фестивал што исклучително ги цени големите уметници...
 
by batbayan - Comments: 5 - Видено е: 492
20100206

Портал новости 883767 Toj e vo srcata nasi ,Bog mu dusa prosti Портал новости 844383 i zasekogas ke bide, no ima edna mudra misla "ljubete se no nepravete okovi od ljubovta" , site sakame da ljubime, ama ne samo da sakame, tuku da ljubime so dusa i so srce,sekoj i sekogo kako sto nalagase Tose samo taka sme se poblisku do Gospod vecna mu slava Портал новости 844383
 
by jasiti - Comments: 0 - Видено е: 688
20091128

Новите балади на Тоше пред скопската публика

Најголемите бивши ЈУ-ѕвезди ќе допатуваат на концерт во Скопје за да отпеат песни напишани од перото на Проески

„Тоше и пријателите“ е работната верзија на новиот постхумен албум на најголемата македонска пејачка ѕвезда што ќе биде промовиран на денот на неговиот роденден, 25 јануари 2010 год., за кога е предвидено да се одржи голем хуманитарен концерт во чест на нашата икона.

Според најавите, во Скопје се очекува да пристигнат неколку големи ѕвезди од бившите ЈУ-простори, блиски пријатели и соработници на македонскиот...
 
by batbayan - Comments: 30 - Видено е: 3222
20100116

Портал новости 444227 Ajde da se sobereme 100.000 na koncertot na TOSE vo sala "Boris Trajkoski" i da mu pokazeme deka seuste gori ljubovta vo nasite srca, deka seuste ja cuvsvuvame za nego, deka ne e zaboraven, da mu dozvolime da kruzi okolu nas i da se raduva Портал новости 883767
 
by jasiti - Comments: 0 - Видено е: 568
20091013

На иницијатива на фановите

Една ѕвезда на небото го носи името на Тоше

Од Меѓународниот Тоше Проески Фан Клуб Форум, добивме известување за сите нивни активности во спомен на нивниот миленик, а по повод две години од трагичната несреќа која се случи на 16-ти октомври 2007-та година.

Еве го нивниот допис, во интегрална верзија:

5.10.2009.


Портал новости 860fc410

Денот кога Тоше го имаше за жал својот последен концерт, а ние фановите заедно со Вашата помош успеавме...
 
by batbayan - Comments: 5 - Видено е: 977
20091012

[i]
 
by KarolinaXP - Comments: 1 - Видено е: 868
20091007

Во декември цеде со нови песни


Нов носач на звук на кој ќе бидат сместени седум односно осум сосема нови композиции ќе се најде во музичките продавници на почетокот на декември, најдоцна до 10-ти истиот месец.

На радост на огромната армија на обожаватели на нашата ѕвезда, на изданието ќе се најдат досега необјавени песни кои Тоше ги напишал за себе. Музиката е комплетно негова, на текстовите моментално работат најдобрите текстописци од регионов, а аранжманите се во фаза на договарање.

Како што дознаваме, се уште не е познато ниту името на издавачката куќа...
 
by batbayan - Comments: 1 - Видено е: 857
20090918

Годинава ќе нема концерт во чест на Тоше!?

Концерт во чест на најголемата балканска ѕвезда Тоше Проески, со наслов – Тоше, те сакаме сите, нема да се одржи на традиционалниот датум 5-ти октомври 2009-та – потврди за интернет-сајт Tose.bloger.hr близок соработник на починатиот пејач.

Концерт требаше да биде традиционален, бидејќи на оваа дата, 11 дена пред трагичното загинување 2007-та година, Тоше имаше последен настап во родната Македонија –
стои во статијата на web-страната на неговите верни фанови.

Со оваа вест, стои во статијата, се погодени сите обожаватели...
 
by batbayan - Comments: 3 - Видено е: 854
20090813

ТРАДИЦИЈАТА ПРОДОЛЖУВА И ГОДИНАВА

Концертот за Тоше на „Филип Втори“



Подготовките за вториот хуманитарен концерт во спомен на Тоше Проески се во тек и иако локац-ијата на неговото одржување не е конечно дефинирана, неофицијално дознаваме дека концертот ќе се случи на 5 октомври во Националната арена „Филип Втори“. Потврда за ова се очекува на 19 август, кога премиерот Никола Груевски и министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска ќе ги посетат манастирот „Свети Преображение“ во Крушево и семејството Проески.

- Се размислува за програмата на концертот...
 
by batbayan - Comments: 0 - Видено е: 803
20090729

Во продажба DVD Те сакаме сите, Тоше

Меѓународната фондација Тоше Проески го објави долгонајавуваното DVD - Те сакаме сите, Тоше, снимено на ланскиот хуманитарен концерт во Скопје, во чест на великанот Тоше Проески. Да потсетиме, концертот пред неколку десетини илјади посетители се одржал на 5-ти октомври, на Градскиот стадион во Скопје, а во чест на Тоше, неговите песни ги пееа најеминентните домашни, балкански и европски музичари: Наум Петрески, Синтезис, Биља Крстиќ, Гоца Тржан, Бојан Маровиќ, Нина Бадриќ, Тони Цетински, Адријан Гаџа, Калиопи, Леонтина, Аки Рахимовски, Жељко Самарџиќ,...
 
by batbayan - Comments: 2 - Видено е: 795
20090727

Концертот што во чест на легендата Тоше Проески се одржа минатата година на 5 октомври, на Градски ќе стане традиционален.

Портал новости 87DA0103C78EA14DB782BB1C77A3AA12

Според најавите, таков ист треба да се случи и годинава, а собраните
средства повторно ќе бидат искористени во хуманитарни цели. Годинава
родителите на Тоше, кои ја продолжуваат хуманитарната мисија започната
од нивниот трагично починат син на болницата во Крушево и подарија
кардиоваскуларен ехо-апарат вреден...
 
by Chris - Comments: 0 - Видено е: 659
 Отиди на страна : Previous  1, 2Вратете се на почетокот 
Членови кои го разгледуваат овој форум: Никој
Модератори:Никој
Permissions in this forum:Не можете да испраќате нови теми во форумот
Не можете да одговарате на темите во форумот
-
Сортирај по:  
Отиди до:  
Нови мислења Нови мислења
Нови мислења [ Популарни теми ] Нови мислења [ Популарни теми ]
Нови мислења [ Заклучена тема ] Нови мислења [ Заклучена тема ]
Нема нови мислења Нема нови мислења
Нема нови мислења [ Популарни теми ] Нема нови мислења [ Популарни теми ]
Нема нови мислења[ Заклучена тема ] Нема нови мислења[ Заклучена тема ]
Објава Објава
Global announcement Global announcement
Важна тема Важна тема