HomeПрашања/ОдговориБарајЧленовиЧленски групиРегистрирајте сеВлез

Share | 
 

 Крушево, шест месеци потоа...

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down 
АвторПорака
Chris
Администратор
Администратор
avatar

Број на мислења : 2179
Age : 28
Локација : СКОПЈЕ
опис: : RBD FAN
Репутација :
11 / 10011 / 100

Registration date : 2008-04-13

ПишувањеПредмет: Крушево, шест месеци потоа...   Пон Апр 14, 2008 9:44 pm

Крушево, шест месеци потоа

Неговиот лик поставен на билборди, го гледате меѓу калдрмата на сокаците по кои растел, низ дуќаните каде што се' уште се продава највкусен локум, низ кафулињата што верно ја чуваат „неговата сенка“. Градот е се' уште празен, но подготвен да ги пречека сите што го сакаа. А ги има многу. Од цела Македонија, од цел Балкан, од цел свет. Улиците не се направени за толку автобуси, за толку луѓе, за толку солзи. Ама ќе издржат. Ќе ги донесат сите негови почитувачи до центарот на тагата. До тажното Гумење. Неговиот гроб е најголемата икебана на светот. Цвеќиња, плишани играчки, врамени стихови од песните што ги отпеа. Така порано изгледаше неговата гримиорна по секој незаборавен концерт. Недостига само неговата песна.Еден по еден доаѓаат на неговото вечно живеалиште. Палат свеќа, го бакнуваат крстот, ја милуваат неговата слика. А тука, на само два-три метри се луѓето што ја создадоа и одгледаа најголемата македонска гордост. Неговите родители. Со Господ на усните, со бунар во душите, загледани во огледалото на судбината. И додека неговите другари раздаваат за Неговата голема душа, секое залче од вкусните колачи се заглавува во грлото. Тука сите се знаат, сите се пријатели, сите се најблиски. Сите заедно го полнат морето од солзи кое од 16 октомври до денес стана единственото „македонско море“. И додека излегувате на платото на Гумење, загледани во небото, постојано од автобусите излегуваат деца, тинејџери, средовечни луѓе, пензионери. Сите се исти. Негови, верни, љубени. А пред неговата родна куќа, песот Бас ви ја подава раката. Се ракува со вас. Знае дека вашата рака многупати се ракувала со неговиот сакан господар. Во куќата сите се добредојдени. Да ги видат скалите по кои Тој се качувал низ животот, да пуштат солза по килимот по кој газел, да ги допрат неговите фотографии и омилени тренерки. А Неговиот дух чиниш влегува во собата и вели: Леле, колку убави луѓе! Како што секогаш им велеше на луѓето што го посетуваа Неговиот дом. Ни смртта, ни времето не може да го победат споменот за него.








_________________


Последната промена е направена од ROYAL на Саб Апр 19, 2008 5:41 pm. Мислењето е променето 1 пати
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://tose-mk.forumakers.com
Moni
Член
Член
avatar

Број на мислења : 240
Age : 26
Локација : Stip
опис: : Тоше засекогаш
Репутација :
1 / 1001 / 100

Registration date : 2008-04-14

ПишувањеПредмет: Re: Крушево, шест месеци потоа...   Вто Апр 15, 2008 2:34 am

Prekrasen e tekstot...sekoja pomisla na zlatceto predizvikuva bura od emocii, solzi vo moite oci, kamen na srceto, grutka vo grloto...ke go sakam sekogas 😢
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
Chris
Администратор
Администратор
avatar

Број на мислења : 2179
Age : 28
Локација : СКОПЈЕ
опис: : RBD FAN
Репутација :
11 / 10011 / 100

Registration date : 2008-04-13

ПишувањеПредмет: Re: Крушево, шест месеци потоа...   Вто Апр 15, 2008 4:39 pm

наслушнав дека денес на плоштад ке имало музика од тоше и некои говори... за овие шест месеци

вистина е?

_________________
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://tose-mk.forumakers.com
Mirjana
Нов Член
Нов Член
avatar

Број на мислења : 4
Репутација :
0 / 1000 / 100

Registration date : 2008-06-26

ПишувањеПредмет: Re: Крушево, шест месеци потоа...   Пет Јун 27, 2008 12:19 am

туга... :(
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
bibe_tose
Член
Член
avatar

Број на мислења : 614
Репутација :
5 / 1005 / 100

Registration date : 2008-04-20

ПишувањеПредмет: Re: Крушево, шест месеци потоа...   Пет Јун 27, 2008 7:44 pm

Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
Sponsored content




ПишувањеПредмет: Re: Крушево, шест месеци потоа...   

Вратете се на почетокот Go down
 
Крушево, шест месеци потоа...
Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
 :: Пишани и Електронски медиуми :: Настани-
Отиди до: