Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeLatest imagesБарајРегистрирајте сеВлез

 

 Изградба на спомен куќата на Тоше

Go down 
+22
emi
sasobogo
Tanjuska
batbayan
antonela
floresita
Tanja
aleksandra
Eli
marice
LudaMala
debel
Universal*
tose
Moni
bibe_tose
verica
LeKi
rozeta193
Tvojata senka
Chris
cherry
26 posters
Отиди на страна : Previous  1, 2, 3, 4, 5
АвторПорака
batbayan
Модератор
Модератор
batbayan


Број на мислења : 1410
Age : 38
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
Изградба на спомен куќата на Тоше - Page 5 Left_bar_bleue11 / 10011 / 100Изградба на спомен куќата на Тоше - Page 5 Right_bar_bleue

Registration date : 2008-06-11

Изградба на спомен куќата на Тоше - Page 5 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Изградба на спомен куќата на Тоше   Изградба на спомен куќата на Тоше - Page 5 I_icon_minitimeЧет Дек 30, 2010 12:19 am

Спомен-куќата на Тоше приоритет Министерството за култура во 2011

Прв од неколкуте капитални објекти што ќе биде промовиран во наредната година е Спомен-куќата на Тоше во Крушево, која доколку дозволат временските услови ќе биде отворена на неговиот роденден на 25 јануари.

http://www.kirilica.com.mk/vest.asp?id=61501
Вратете се на почетокот Go down
Tanja
Член
Член
Tanja


Број на мислења : 593
Age : 35
Локација : Skopje, Makedonija
опис: : TOSE TE SAKAME I KE TE SAKAME ZASEKOGAS!
Репутација :
Изградба на спомен куќата на Тоше - Page 5 Left_bar_bleue2 / 1002 / 100Изградба на спомен куќата на Тоше - Page 5 Right_bar_bleue

Registration date : 2008-06-06

Изградба на спомен куќата на Тоше - Page 5 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Изградба на спомен куќата на Тоше   Изградба на спомен куќата на Тоше - Page 5 I_icon_minitimeЧет Јан 13, 2011 5:14 pm

Спомен куќата на Тоше ќе биде отворена на 24 јануари

Сосема е извесно дека спомен куќата на балканската поп ѕвезда Тоше Проески што се гради на Гумење во родното Крушево ќе биде отворена на 24 јануари. А, ден потоа во Скопје ќе се одржи големиот концерт.
Иако официјално не е потврдено, Крушево на големо се подготвува за 24 јануари, 30-от роденден на ѕвезденото момче, Тоше Проески.

На Гумење ќе биде отворена спомен куќата која интензивно се градеше во изминативе две години.

„Игри без граници”, „Боже, чувај ја од зло”, „Цреша”, „Мајка на Марика думаше”, „Јас не сум виновен” и многу други композиции од Проески ќе се слушаат од сите страни во неговата спомен-куќа. На влезот ќе биде Тоше, восочна фигура во реална големина.

Тука ќе бидат сместени многу лични работи, вклучувајќи ги и подароците, музичките инструменти и се она што поседуваше Проески кои досега грижливо се чуваа во неговата сејмена куќа, во неговата соба каде што седеше,твореше и најмногу се дружеше со неговите најблиски и другарите.

Со изградбата на спомен-домот се исполни уште една желба на Тоше. Оти тој го доби посакуваното музичко студио што планираше самиот да го изгради на Гумење.


http://www.radiomk.com/index.php?categoryid=1&p2_articleid=2348

Вратете се на почетокот Go down
http://www.tose-mk.forumakers.com
batbayan
Модератор
Модератор
batbayan


Број на мислења : 1410
Age : 38
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
Изградба на спомен куќата на Тоше - Page 5 Left_bar_bleue11 / 10011 / 100Изградба на спомен куќата на Тоше - Page 5 Right_bar_bleue

Registration date : 2008-06-11

Изградба на спомен куќата на Тоше - Page 5 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Изградба на спомен куќата на Тоше   Изградба на спомен куќата на Тоше - Page 5 I_icon_minitimeСаб Јан 22, 2011 12:57 am

Јавна благодарност

Отварањето на Спомен куќата на Тоше ќе биде пропратено со голем музички настан

Фондацијата Тоше Проески и семејството Проески изразува јавна благодарност до Владата на Република Македонија и Министерството за култура за завршување на изградбата на Спомен куќата на Тоше Проески во Крушево, музеј кој претставува вистински подарок за сите љубители на неговата музика, во годината во која тој ќе наполнеше 30 години.

Нивното соопштение го пренесуваме во целост:

Сигурни сме дека Спомен – куќата ќе биде место на неговата вечност, место кое ќе го чува неговиот дух и ќе ни прикажува кој беше Тоше, на која гитара свиреше, какво беше неговото музичко студио на кое компонираше, кој беше неговиот омилен автомобил, што на себе носеше, во што веруваше и пред што се молеше.

Несомнено е дека преку оваа поддршка и реализираните проекти, во сеќавањата на оваа нација останаа силно да живеат високите уметнички дострели, хуманистички квалитети, вербата, љубовта и молитвата на Тоше Проески. Воедно се покажа дека во Република Македонија навистина се ценат вистинските вредности во културата.

Бидејќи Спомен куќата е веќе завршена, ве информираме дека фондацијата Тоше Проески, во координација со Министерството за култура ќе започне со внесување на сите предмети на Тоше Проески кои ќе бидат дел од музејската збирка.

По завршување на овој процес, македонската јавност ќе биде информирана за терминот на отворање на Спомен куќата. Потенцираме дека станува збор за навистина голема збирка, која ќе ги запознае обожавателите на Тоше Проески со целокупниот негов уметнички и животен пат.

Фондацијата планира самото отварање да биде пропратено со голем музички настан.

http://mmm.com.mk/?ItemID=CA5DBFEAE055DA43B4282EC7E29A2209

Вратете се на почетокот Go down
Tanja
Член
Член
Tanja


Број на мислења : 593
Age : 35
Локација : Skopje, Makedonija
опис: : TOSE TE SAKAME I KE TE SAKAME ZASEKOGAS!
Репутација :
Изградба на спомен куќата на Тоше - Page 5 Left_bar_bleue2 / 1002 / 100Изградба на спомен куќата на Тоше - Page 5 Right_bar_bleue

Registration date : 2008-06-06

Изградба на спомен куќата на Тоше - Page 5 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Изградба на спомен куќата на Тоше   Изградба на спомен куќата на Тоше - Page 5 I_icon_minitimeВто Фед 01, 2011 6:48 pm

ВЕЧЕР ЕКСКЛУЗИВНО СО ДЕТАЛИ ОД СПОМЕН-ДОМОТ НА ПРОЕСКИ


Тошевото "Ве сакам сите" испишано на повеќе од сто јазици


Во објектот ќе има и две восочни фигури на Тоше во природна големина, едната во стоечка позиција со микрофон во неговиот препознатлив став при пеење, а другата во неговото музичко студио, седнат на клавир


Во Спомен-домот на Тоше Проески во Крушево ќе може да се види автентична реплика на дневната соба од неговата куќа во Злокуќани, молитвеник со сите верски предмети кои Тоше ги поседувал, реплика на неговото студио во кое музицирал и компонирал...

"Како неизоставен елемент и по наше мислење ударен мотив покрај кој ќе сакаат да се фотографираат сите посетители ќе бидат и двете восочни фигури на Тоше во природна големина. Едната во стоечка позиција со микрофон во негов препознатлив став при пеење, а другата во неговото музичко студио, седнат на клавир сам со своите мисли и креативност при компонирање и музицирање", ни објасни еден од архитектите на Спомен-домот, Дејан Секуловски. Тој за ВЕЧЕР ги открива и симболите на Спомен-домот. "Шарата од џемперот кој тој го носеше во спотот за песната "Немаш ни благодарам" е искористена како патерн на подот на пешачките рампи. Неговиот познат израз "Ве сакам сите" на повеќе од сто јазици е аплициран на една од ѕидните површини", вели Секуловски.

Спомен-домот ќе има и музејска поставка која ќе го претстави животниот пат и музичката кариера на Проески, со познати и непознати детали од неговиот живот. Секуловски објаснува дека на надворешните ѕидови се појавуваат витрини кои преку разни предмети го отсликуваат животот и делото на Тоше Проески. Во централниот дел на музејската поставка се наоѓа молитвеник со сите верски предмети кои тој ги поседуваше, како и неколку негови размислувања или животни филозофии поврзани со вербата, љубовта, семејството, пријателството...

"На горното ниво се наоѓа автентична реплика на дневната соба на Тоше од неговиот дом во Злокуќани, сувенирница неопходна за ваков тип на објекти, како и останати артефакти кои ја чинат музејската поставка", ги доловува деталите архитектот.

Низ целиот објект ќе се слуша музиката на Тоше, а на ЛЦД-екрани постојано ќе се емитуваат концертите и спотовите на нашата музичка легенда. Предвидени се неколку инфо-точки со екрани чувствителни на допир, кадешто ќе можат да се добијат сите интересни информации поврзани со Тоше. Спомен-домот е првиот завршен капитален проект на Владата. Конструкцијата е комплетно готова, а се чека уште семејството на Проески да ги внесе личните работи на ѕвездата, по што објектот ќе биде отворен за посетителите.

Игри без граници
*На стаклените површини на Спомен-домот е аплицирана шарата од последниот албум на Тоше "Игри без граници" каде се наоѓаат стилизирани листови.

*Во околината на Спомен-домот е предвиден и еден ѕид на кој секој посетител ќе може да остави порака или мисла за својот идол.

*Во паркот околу објектот ќе се најде и едно црешово дрво, кое прерасна во негов симбол.

*Околината со амфитеатарот е наменета за одржување на собири, но и за одмор и релаксација на посетителите.

http://www.vecer.com.mk/?ItemID=D7E8AFBB8CF3394EB6AF424E98D2CAD5
Вратете се на почетокот Go down
http://www.tose-mk.forumakers.com
Tanja
Член
Член
Tanja


Број на мислења : 593
Age : 35
Локација : Skopje, Makedonija
опис: : TOSE TE SAKAME I KE TE SAKAME ZASEKOGAS!
Репутација :
Изградба на спомен куќата на Тоше - Page 5 Left_bar_bleue2 / 1002 / 100Изградба на спомен куќата на Тоше - Page 5 Right_bar_bleue

Registration date : 2008-06-06

Изградба на спомен куќата на Тоше - Page 5 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Изградба на спомен куќата на Тоше   Изградба на спомен куќата на Тоше - Page 5 I_icon_minitimeПет Мар 18, 2011 11:56 pm

Спомен-куќата на Тоше Проески ќе се отвори на 25 април

На овој голем ден, Велигден, Тоше секогаш се враќаше дома и пееше во црковниот хор на „Св. Богородица“, во која беше и крстен

Катерина Шекеровска


На 25 април (понеделник), вториот ден на големиот христијански празник Велигден, и официјално ќе биде отворена Спомен-куќата на Тоше Проески, сместена на Гумење во неговото родно Крушево.

„Каде и да беше, што и да правеше, за Велигден Тоше секогаш си доаѓаше дома. Не пропушташе година и редовно за овој голем празник пееше во црковниот хор на ’Св. Богородица‘“, ни изјави Славен Ристовски од семејството на Проески. Станува збор за истата црква во која Тоше бил крстен и која се наоѓа во близина на неговата семејна куќа во Крушево.

До 25 април треба да бидат завршени сите ентериерни уредувања на објектот, изграден во чест на македонската пејачка ѕвезда Тоше Проески, кој настрада во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка, Хрватска, на 16 октомври 2007 година, а со цел да се зачува бесмртноста на неговиот лик и дело. Камен-темелникот на Спомен-домот, со одлука на Владата, беше поставен на 24 јануари 2009 година, еден ден пред неговиот роденден, а во присуство на голем број гости од цела Македонија и со благослов на архиепископот г.г. Стефан.

Идејното решение на објектот е заедничко дело на Дејан Секуловски и Дејан Спасеновски во соработка со Илија Божиновски, а како изведувач на градежните работи се потпишува „Конструктор инженеринг ДД СПЛИТ“.

Спомен-куќата претставува материјализација на целиот животен пат на Тоше Проески, а прошетката низ неа овозможува да се помине низ целокупниот живот на Тоше, кој е поделен во неколку целини: животен пат, музичка кариера, секојдневје, Тоше како хуманист и верник, Тоше и фановите и Тоше засекогаш. Во центарот на вниманието ќе бидат и две восочни фигури на Тоше во природна големина: едната во стоечка позиција со микрофон во негов препознатлив став при пеење, а другата во неговото музичко студио, седнат на клавир. Се работи за реплика на неговото студио во кое музицираше и компонираше, просторија за преслушување на музика наменета за посетителите, а во продолжение и кафетерија која е поврзана со горното ниво преку тераса и повеќе висински платформи од кои се протега одлична панорама на градот и „Македониумот“.

Посетителите ќе може да ја видат и автентичната реплика на неговата дневна соба од домот во Злокуќани, а низ целиот објект ќе се слушаат „Игри без граници“, „Боже, чувај од зло“, „Цреша“, „Мајка на Марика думаше“, „Јовано, Јованке“, „Јас не сум виновен“, „Има ли ден за нас“, „Го лажам секој нов рефрен“, „Тајно моја“... Ликот на Тоше ќе биде присутен и на ЛЦД-екрани на кои постојано ќе се емитуваат неговите концерти и спотови, но и преку соодветно сценско светло. Заради запазување на најновите технолошки достигнувања, освен неколкуте инфоточки со екрани осетливи на допир каде што ќе можат да се добијат сите интересни информации поврзани со Тоше, предвиден е и таканаречен систем за дигитален отпечаток, кој претставува стаклено платно со димензии 2х2 м, исто така, осетливо на допир на кое ќе се проектираат соодветна интерактивна содржина и информации по желба на посетителот. Функционалното обликување на просторот се одвива на две нивоа.

Покрај подготовките за отворање на Спомен-куќата, во тек е и постапката за изградба на меморијален споменик на Тоше во Крушево, која е во фаза на разгледување на понудените идејни решенија.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=00A8A3E9EFD92741B3F64E82DF44481C
Вратете се на почетокот Go down
http://www.tose-mk.forumakers.com
batbayan
Модератор
Модератор
batbayan


Број на мислења : 1410
Age : 38
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
Изградба на спомен куќата на Тоше - Page 5 Left_bar_bleue11 / 10011 / 100Изградба на спомен куќата на Тоше - Page 5 Right_bar_bleue

Registration date : 2008-06-11

Изградба на спомен куќата на Тоше - Page 5 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Изградба на спомен куќата на Тоше   Изградба на спомен куќата на Тоше - Page 5 I_icon_minitimeСаб Апр 09, 2011 8:00 pm

На Гумење

Спомен куќата на Тоше ќе биде отворена на 25-ти април

Спомен-куќата на Тоше Проески на Гумење во Крушево ќе биде отворена на 25 април, на вториот ден од Велигден.

Од Министерството за култура, која заедно со Владата е инвеститор на проектот, велат дека отварањето ќе започне во 13 часот.

Спомен-куќата ќе претставува материјализација на целиот животен пат на Тоше Проески и низ своите содржини ќе обезбеди хронолошки приказ на неговиот живот.

***

Шербеџија го исполни аманетот на Тошe

Темата Крушево, за која музиката ја напиша Проески, а текстот Мирослав Рус по идеја на македонската музичка легенда, премиерно ќе ја изведе познатиот актер на 25 април, денот на отворањето на Спомен-куќата на Тоше - jaви Дневник.

Светската актерска ѕвезда Раде Шербеџија ја сними песната Крушево, за која музиката ја напиша Тоше Проески неколку дена пред трагичниот настан. За композицијата ќе се снима и видеозапис, кој ќе биде промовиран на 25 април, денот на отворањето на Спомен-куќата на Тоше. Текстот на темата е на Мирослав Рус, а напишан е по идеја на македонската музичка легенда.

Со реализација на темата Крушево и спотот за неа ја исполнивме големата желба на Тоше. Тој имаше намера да отпее песна за својот град, а тоа го откри и во документарецот Пет години Балкан. На последната средба со Мирослав Рус во Загреб, Тоше ја споделил идејата за темата со него и почнал да му кажува свои мисли и зборови кои хрватскиот автор ги срочил во текст - велат од фондацијата Тоше Проески.



Идејата на фондацијата била оваа песна да се сними со црковен или детски хор. Но, по долго размислување решиле дека најдобар избор е Раде Шербеџија, кој како врвен актер најдобро може да ги пренесе емоциите од текстот. Популарниот актер веднаш ја прифатил нивната понуда. Тој ќе биде и главен лик во спотот за Крушево.

При еден мој престој во Македонија, со Игор Џамбазов решивме да го посетиме Крушево. Отидовме во хотелот Монтана, каде што наидовме на една група која ги забавуваше гостите. Веднаш го забележав 16-годишното момче со прекрасен глас. Кога ја запеа Јовано, Јованке му се придруживме со Игор и заедно ја изведовме песната. Подоцна, кога стана ѕвезда, сфатив дека Тоше е токму тоа момче што ми остави голем впечаток со својата маестрална интерпретација. Многу го сакав и ја чувствувам трагедијата на неговото семејство како да сум дел од него - изјави Шербеџија за Дневник.

Композицијата Крушево популарниот актер ја сними на хрватски и на македонски јазик. Препевот на македонски го направи Огнен Неделковски. Според најавите, на денот на отворањето на Спомен-куќата ќе биде присутен и Раде Шербеџија, кој премиерно, во живо, ќе ја изведе песната.

Дел од Крушево

Горе кај што има рој од ѕвезди
Кај што спијат луѓе драги,
Мајка ми, татко ми... да ги видат
Сите мои песни како траги...

Таму еднаш ќе ве сретнам,
Во тишината на вечниот мир,
Кај што ме допре Божјата рака
Од небото над мојот сакан манастир!


http://mmm.com.mk/?ItemID=D7EE6D6199BCBB4DBFB49B8AFC04484A
Вратете се на почетокот Go down
batbayan
Модератор
Модератор
batbayan


Број на мислења : 1410
Age : 38
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
Изградба на спомен куќата на Тоше - Page 5 Left_bar_bleue11 / 10011 / 100Изградба на спомен куќата на Тоше - Page 5 Right_bar_bleue

Registration date : 2008-06-11

Изградба на спомен куќата на Тоше - Page 5 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Изградба на спомен куќата на Тоше   Изградба на спомен куќата на Тоше - Page 5 I_icon_minitimeСаб Апр 23, 2011 5:56 pm

Алиштата на Тоше с` уште мирисаат на него

Додека вртењето на тркалата на автомобилот ја распарува спокојната тишина на крушевското утро, едно мајсторски отсвирено гитарско соло ми го одзеде здивот. И додека мислам дека ќе успеам да ја натерам првата солза да не тргнува од моето око, придушениот и толку сурово романтичен баритон на Раде Шербеџија ја растерува и последната илузија. „Последен концерт сакав во Крушево да ми биде“. Колку едноставно, а колку силно. Никогаш нема да дознаам што го натера постојано насмеаниот Тоше да му го раскаже секој прецизен до болка збор од својата судбина на Мирослав Рус, тоа утро во холот на еден хрватски хотел. Повторно звуците на гитарата излегуваат од подотвореното стакло на автомобилот и се слеваат со утринската градска бучава.

Краткото возење по улиците украсени со куќи со волшебна архитектура пред која треперел и Корбизие, завршува на славното Гумење. Местото кое во 2003 година ечеше од звуците на неговата песна и пријателите. Сега на тоа место ме пречека прекрасна градба, многу поубава и повозвишена од сите фотографии и од сите анимации што имав можност да ги гледам изминативе месеци. Зборовите на Шербеџија с` уште ми ги обземаат мислите: Таму еднаш ќе ве сретнам, во тишината на вечниот мир“. Се прашувам, дали дојдов на уште едно опеано место?

Прекрасното зеленило околу Спомен-куќата и неговата тукушто засадена цреша го обојуваат со сите бои на тагата мојот прв поглед. Се упатив кон влезот. Со првиот чекор во објектот почнав да го чувствувам духот на с` што значеше тој - музика, убавина, духовност, топлина. Ме пречекаа стиховите од „Тајно моја“, кои како витраж се разлеваа низ огромното бело стакло. Погледот ми го привлекоа трите гитари, а спомените нагрнаа како „дожд“. Често, нашите интервјуа ги правевме во амбиент со музика, за која беа задолжени тој и неговата гитара.

Спроти нив, ги забележав кожената бела јакна, фармерките и чевлите. Облека што ја носеше за потр***те на евровизиската фотосесија. Не можев повеќе да издржам. Излегов. Додека се обидував да извојувам уште една „победа“ над тагата, си помислив, како ли најблиските ќе се соочат со ова грандиозно здание. Се упатив таму каде што се тие, неговите најдраги.

Немам сила да се соочам со восочните фигури

Пред семејната куќа на Проески ме пречека Дори, сестрата на Тоше. „Спомен-куќата, ми гребе по раните“, изусти низ солзи. Растргната меѓу тагата и реалноста, по долго размислување го прифати разговорот. Уште еднаш ја потврди својата големина, карактеристична и за нејзиниот брат - добрината и почитта кон луѓето.

- Пред некој ден посакав сама да влезам во Спомен-куќата, во придружба на двајца луѓе. Ми беше многу тешко, од помислата да се соочам со многу нешта што ме потсетуваат на брат ми. Отидов пред да ги донесат восочните фигури. Се плашам дека ќе немам сила да се соочам со нив. Кога мојот сопруг ги видел, многу се растревожил. Сами ми рече: „Ги гледаш фигурите и имаш чувство како да е Тоше жив, а не е, а толку многу посакуваш да е тука меѓу нас“. Затоа, имам некој чуден страв од „средбата“ со нив. Во Спомен-куќата издржав само пет минути. Како на филмска лента почнаа да ми се враќаат сликите од времето додека брат ми беше со нас. Не можам да замислам дека тој не е тука, а сите нешта поврзани со него се на едно место. Неговите алишта с` уште не беа наместени. Кога ги видов спакувани во бовчи, го почувствував неговиот мирис. Неверојатно, но неговата гардероба уште мириса на него. Почнав да ја бакнувам, и во еден момент ми се слоши. Излегов и веќе не се вратив во неа.

Таа е задоволна од изгледот на куќата и како е направена. Ако успее да собере сила, посакува и да работи во музејот.

- Прекрасно. Грандиозна куќа, која наликува на неговото грандиозно дело.

Би сакала да работам во Спомен-куќата, но сега е рано да зборувам за тоа. Најбитно е да се осмелам да бидам во неа подолго време, да се навикнам на амбиентот, на неговите работи. На сите нешта што ми гребат по раните. Но, би сакала да бидам дел од неа, да ја негувам, да ја одржувам. А кога ќе соберам сила, мож*** некогаш и ќе им раскажувам на посетителите делови од професионалниот и од приватниот живот на брат ми.

Дори нема да биде присутна на свеченото отворање на ова здание. Дел од настанот нема да бидат ниту родителите на Тоше.

- Тие нема да можат да го издржат сето тоа. Засега, ја виделе Спомен-куќата однадвор. И многу им се допаѓа. Судбината н` одбрала да ја доживееме оваа неопислива болка. Моите родители с` уште секој ден одат двапати на гробот на Тоше, а јас, поради обврските со децата, само еднаш.

Почнав да ги слушам песните на Тоше

Додека го пиеме кафето во дневната соба, забележувам дека фотографиите на Тоше се насекаде околу нас.

- Како што поминува времето, уште ни е потешко. Ни недостига с` повеќе со секој нов ден. Пред некое време добив некоја сила и почнав да ги гледам на телевизија неговите спотови и концерти. Следам и с` што се појавува во медиумите за него. Драго ми е што сите песни што ги остави публиката може да ги слушне. Знам дека таму, некаде горе, среќен е и тој поради тоа. Особено што се сними песната „Крушево“, која многу ја сакаше, а ја изведува Раде Шербеџија. Ретко одев на неговите концерти. Секогаш чувствував страв да не му се случи нешто. Бев само на неколку негови настапи. Не присуствував ниту на концертите што се одржаа по неговото заминување. Во овој период многу повеќе ме боли кога слушам кога некој друг ги пее неговите песни.

Неколкуминутната тишина ја прекинаа нејзините синови Кристијан (13) и Никола(7). Дојдоа да ја бакнат мајка си и да ја известат како си поминале на училиште. По кратко време заминаа во друга соба, за да им се препуштат на своите компјутерски игри.

- Малиот Никола с` уште верува во нашата лага дека е на пат. Често ми вели, јави му се на вујче да ми купи играчка. Пред некој ден се запречкаа со Кристијан, за игра за „Плејстејшн“. Тогаш малиот луто му возврати: Ќе си одам кај вујче во манастир. Верува дека мож*** и таму ќе го сретне. За разлика од него, Кристијан е позатворен и не искажува ништо. Но кога не сум дома, постојано го разгледува албумот со фотографи со Тоше, а на интернет ги пребарува и ги слуша неговите песни.

Го молам Господ да ни ја намали болката

Уште еден Велигден ќе помине без него. Некогаш сите заедно се радувале на вапсаните јајца, на семејната софра. Со неговото заминување, исчезнала и радоста.

- Брат ми секогаш за Велигден беше дома. Се причестувавме во црквата „Св. Богородица“. Одевме на ноќната служба по два по полноќ. Мајка ми многу се радуваше на ритуалот вапсување јајца. Сега тоа го прави со голема болка и со молба до Господ - да н` успокои барем малку. Годинава, повторно ќе се причестам и ќе го молам Господ барем да ни ја намали болката.

Звукот на моторот што се паркира пред дворот го прекина нашиот разговор. Дори ѕирна возбудено низ прозорецот.

- Тоа е моторот на брат ми. Кога го купи пред седум години, беше пресреќен. Н` натера заедно со мојот сопруг Славен да го следиме со автомобил и да го фотографираме.

Со солзи истрча надвор. Во истиот миг во дворот се појавија и нејзините синови. „Моторот на вујче“, извикаа и се качија на него.

Моторот на вујче, на вториот ден Велигден ќе го видат сите што ќе дојдат на големиот настан - отворањето на Спомен-куќата.

А за новите генерации на возраст на Кристијан и Никола, кои учат за Тоше само преку неговите песни, овој објект ќе биде вистинско место да почувствуваат и нешто што го нема во неговите хитовски рефрени. Да видат дека Тоше беше музика, но и повеќе од музика, беше човек, но и повеќе од човек, беше љубов, но и повеќе од љубов.

http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?Item...5F2FC51F9DD7FF3
Вратете се на почетокот Go down
Tanja
Член
Член
Tanja


Број на мислења : 593
Age : 35
Локација : Skopje, Makedonija
опис: : TOSE TE SAKAME I KE TE SAKAME ZASEKOGAS!
Репутација :
Изградба на спомен куќата на Тоше - Page 5 Left_bar_bleue2 / 1002 / 100Изградба на спомен куќата на Тоше - Page 5 Right_bar_bleue

Registration date : 2008-06-06

Изградба на спомен куќата на Тоше - Page 5 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Изградба на спомен куќата на Тоше   Изградба на спомен куќата на Тоше - Page 5 I_icon_minitimeПон Апр 25, 2011 6:40 pm

Во Крушево

Отворeна Спомен-куќата на Тоше Проески

На Гумење во Крушево од денеска за посетителите е отворена Спомен-куќата на Тоше, во која над 350 автентични експонати ќе раскажуваат за детството, тинејџерските години, врвот на кариерата и вербата и хуманоста на најголемата македонска музичка ѕвезда.

Во присуство на голем број гости од цела Македонија, објектот во форма на крст, изграден од стакло и бетон на површина од околу 870 метри квадратни, свечено го отвори премиерот Никола Груевски, придружуван од претседателот на Собранието Трајко Вељаноски, архиепископот г.г. Стефан и министри во Владата.

Претходно во обраќањето, Груевски рече дека сеќавањето е начин да продолжиш да живееш со оној што го љубиш, со оној што е дел од тебе и кој не сакаш никогаш да го загубиш. А само луѓето кои искрено сакаат не забораваат и ги подигнуваат ваквите спомен-обележја.

Од денес приказната за Тоше е збогатена и со неговиот Спомен-дом, објект и композиција кои во многу нешта ја изразуваат неговата личност и делата по кои беше познат. Крстот како симбол на неговата искрена верба во Бога, бетонот како симбол на едноставноста но и долговечноста, стаклото како симбол на човековата минливост и ранливост и водата како симбол на чистотата и животот со кој зрачеше овој човек. Врвно уметничко дела чија надворешност е само вовед во она што ве очекува внатре, а внатре е она без што приказната не би била цела – таму се неговите песни, инструменти, таму е неговиот лик, таму се чувствата, таму се емоциите, таму е човекот кој во навек не задолжи сите нас и цела Македонија. Тоа е приказната за Тоше, истакна премиерот Груевски.

Министерката за култура Елизабета Канчевска – Милеска рече дека Спомен-куќата е инвестиција во иднината на македонската култура и гест на признание и на благодарност од сите граѓани на Република Македонија.

Таа е нов простор во кој предметите допрени од неговиот живот ќе му се спротивстават на времето со енергијата која ова архитектонско здание сака и може да ја пренесе искрено како што тоа го правеше Тоше, рече Канчевска – Милеска.

На промоцијата на објектот се обрати градоначалникот Василчо Дамчески, според кого, објектот, како што рече, ќе биде воскресение на градот Крушево, а Андреј Николовски, извршен директор на Фондацијата Тоше Проески посочи дека со отворање на Спомен-куќата на светот му ја отвораме душата на Тоше.

Николовски додаде и дека Крушево е град на историјата на херои, а дека Тоше е херој на нашето време.

Премиерно беше изведена песната Крушево – уште една необјавена композиција на Тоше, за која текстот го напиша Мирослав Рус. Песната ја изведе познатиот актер Раде Шербеџија со музички настап на Влатко Стефановски и бендот на Тоше. Настапија и хоровите Света Злата Мегленска и Златно славејче.

Спомен-куќата почна да се гради на почетокот на 2009-та со одлука на Владата на Република Македонија. Министерството за култура претходно распиша меѓународен кон***с за идејно решение. Објектот е изграден според избраниот проект на архитектите Дејан Секуловски и Дејан Спасеновски, во соработка со Илија Божиновски. Изведувач на работите беше Конструктор инженеринг од Сплит, а ентериерното уредување го изведе Дизајн фантазија.

Меѓу бројните експонати во Спомен-куќата се и две восочни фигури на Тоше во природна големина - едната како стои со микрофон, а другата како седи пред клавир, сето тоа надополнето со неговата музика, снимки од концертите и спотови кои постојано ќе се прикажуваат на LCD-екрани. Во музејската поставка е и студиото во кое Тоше компонирал и дневната соба од семејниот дом во Крушево.

Во централниот дел на објектот има молитвеник и верски предмети што ги поседувал Тоше и неколку негови запишани размислувања за вербата, љубовта, семејството, пријателството. На неколку инфоточки осетливи на допир ќе можат да се добијат информации за Тоше.

По должината е изграден ѕид на кој може да се оставаат пораки и впечатоци. Визурата на објектот - крстот како симбол и главен мотив - ноќе е посебно нагласена со осветлувањето. Објектот има и кафетерија, сувенирница со реплики од изложените предмети, висински платформи со панорамски поглед на Крушево, хортикултурно уреден простор околу, парк со цреша и амфитеатар за собири и одмор на посетителите.

http://www.mmm.com.mk/?ItemID=51A78EE38B30DC48A09A6AAAAA6130F0
Вратете се на почетокот Go down
http://www.tose-mk.forumakers.com
batbayan
Модератор
Модератор
batbayan


Број на мислења : 1410
Age : 38
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
Изградба на спомен куќата на Тоше - Page 5 Left_bar_bleue11 / 10011 / 100Изградба на спомен куќата на Тоше - Page 5 Right_bar_bleue

Registration date : 2008-06-11

Изградба на спомен куќата на Тоше - Page 5 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Изградба на спомен куќата на Тоше   Изградба на спомен куќата на Тоше - Page 5 I_icon_minitimeНед Мај 08, 2011 9:13 pm

СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ ПРЕПЛАВЕНИ СО СЛИКИ ОД СПОМЕН-КУЌАТА ВО КРУШЕВО

Кришум се сликаат со Тоше

Забраната за фотографирање во внатрешноста на Спомен-куќата на Тоше Проески на Гумење, во Крушево предизвика многу реакции кај неговите обожаватели, но сепак не успеа да ги одврати од намерата да фотографираат.
Две недели по отворањето, стотици фотографии направени во внатрешноста на куќата на коишто се гледаат двете восочни фигури на Тоше Проески, дел од експонатите, но и обожаватели како позираат покрај нив ги преплавија социјалните Интернет мрежи. На Фејсбук веќе е отворена страница посветена на Спомен- куќата на Тоше, на којашто секој ден се прикачуваат нови аматерски фотографии направени од посетителите.
- Навистина не знаеме како да се справиме со поединци и да им објасниме дека не треба да се фотографира во Спомен-куќата. На влезот има знаци на коишто убаво е објаснето дека е забрането фотографирање и снимање, а освен тоа и вработените постојано одат од посетител до посетител и предупредуваат дека не треба да се слика, апелираше Славен Ристески, зетот на починатата поп-легенда во име на семејството и Фондацијата "Тодор Проески".
Славен објаснува дека ова правило е воведено затоа што сакале секој посетител при својата прва посета "да го доживее музејот со сите свои емоции, а не како нешто веќе видено". Овие денови веќе вработените почнале да ги замолуваат посетителите кога влегуваат да ги исклучуваат мобилните, но имало и такви коишто носат по два телефона, па ништо не може да ги спречи да сликаат.
Во Спомен-куќата се сместени повеќето лични работи на Тоше што ги користел од детството до неговата смрт и две восочни фигури на Проески во природна големина. Токму восочните фигури се најчеста мета за фотографирање на посетителите на музејот.

Фановите бараат восочните фигури да се заменат

Восочните фигури не личат на Тоше, коментираат на социјалните мрежи фановите на Тоше.
"Јас лично не можам да се гордеам со восочна фигура што има црна коса и брада и ги носи тренерките на Тоше, што ако беше изложена на друго место, а не во Спомен-куќата, никој немаше да помисли дека тоа е восочна фигура на Тоше", напишал еден од фановите.
Некои дури бараат во најкус рок фигурите да бидат заменети. "Самата Спомен-куќа е направена за животот, ликот и делото на Тоше, а ова не е ликот на Тоше, така што би требало во најбрзо време да се заменат", напишал друг обожавател на Тоше.
Во Министерството за култура објаснуваат дека двете восочни фигури се подарок на фирмата од Киев, Украина, која ги изработува и восочните фигури за Музејот на ВМРО.

http://vest.com.mk/default.asp?ItemID=AF1892A471C43A4C8BA44849C60333A9

Вратете се на почетокот Go down
batbayan
Модератор
Модератор
batbayan


Број на мислења : 1410
Age : 38
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
Изградба на спомен куќата на Тоше - Page 5 Left_bar_bleue11 / 10011 / 100Изградба на спомен куќата на Тоше - Page 5 Right_bar_bleue

Registration date : 2008-06-11

Изградба на спомен куќата на Тоше - Page 5 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Изградба на спомен куќата на Тоше   Изградба на спомен куќата на Тоше - Page 5 I_icon_minitimeНед Jул 31, 2011 10:30 am

Повеќе од 70.000 посетители во музејот на Гумење

Фановите на го забораваат Тоше!

Повеќе од 70.000 посетители ја посетија во Крушево спомен-куќата на Тоше Проески, легендарнa и прерано замината македонска мега-ѕвезда, јавија Вечерње новости од Белград.

Од како е отворена на 24-ти април 2011-та, спомен куќата на Тоше постојано дочекува посетители од целиот Балкан, па и од подалеку.

На 16-ти октомври се навршуваат четири тажни години откако останавме без Тоше, но тагата по него не престанува. На наговата вечна куќа на Гумење, до сега се оставени повеќе од 100.000 пораки и многу подароци од фановите. Од меморијалниот центар најавуваат посебен музејски простор за нив...

Спомен куќата на Тоше претставува материјализацијата на животниот пат на Тоше, од неговото детство, до најѕвездените мигови во неговата кариера. Во музејот на Тоше се 350 автентични експонати, донација од семејството Проески.

http://mmm.com.mk/?ItemID=4CEA817158009B4FAC9EE5CD1EADFCBB
Вратете се на почетокот Go down
Tanja
Член
Член
Tanja


Број на мислења : 593
Age : 35
Локација : Skopje, Makedonija
опис: : TOSE TE SAKAME I KE TE SAKAME ZASEKOGAS!
Репутација :
Изградба на спомен куќата на Тоше - Page 5 Left_bar_bleue2 / 1002 / 100Изградба на спомен куќата на Тоше - Page 5 Right_bar_bleue

Registration date : 2008-06-06

Изградба на спомен куќата на Тоше - Page 5 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Изградба на спомен куќата на Тоше   Изградба на спомен куќата на Тоше - Page 5 I_icon_minitimeЧет Мај 17, 2012 6:02 pm

Луксузна монографија за Спомен куќата на Тоше


Во сабота во Спомен-куќата на Тоше Проески ќе биде промовиранa монографија, посветенa на овој објект.


Се работи за луксузно издание посветено на објектот во кој досега влегле повеќе од 150.000 гости, посетители како од Македонија, така и од останатите земји во светот.

За време на промоцијата на монографијата ќе говори министерката за култура Елизабета Канческа - Милевска, а детскиот хор Ѕвончиња од Битола ќе изведат песни од Тоше.

-Оваа монографија претставува еден мал патоказ кон содржините на Спомен-куќата, посветена на големиот уметник и човек, Тоше Проески. Монографијата може да се купи само во Спомен-куќата, па од тие причини, посетителот мора да дојде во овој дом за да може да го има ова издание во својата библиотека. Таа има задача да ги потсетува сите кои ја посетиле Спомен-куќата за се она што можеле и не можеле да видат, а од друга страна, треба да предизвика љубопитство кај некој кој случајно ќепочувствува местото каде што се вкрстуваат сите светови на Тоше Проески, велат од Министерство за култура.

Монографијата започнува со историјата на Македонија претставена во кратки црти. Потоа следува приказ на сите најзначајни карактеристики на Крушево. По овој општ дел за градот и земјата во кои растел и живеел Тоше се наоѓа и неговата биографија.

На следните страници се претставени архитектонските карактеристики на Спомен-куќата, како и деловите од музејската поставка. Значаен сегмент на ова издание е и делот посветен на фановите на поп иконата, а монографијата се заокружува со наградата за најдобро архитектонско дело на Меѓународниот фестивал за архитектура во Барселона. Во монографијата доминираат прекрасни фотографии, од кои како ретко видени се издвојуваат ноќните прикази на Спомен-домот. Интелигентен обид е и потемниот тон на најголем дел од прикажаните фотографии, со што се дава доза на почит, носталгија, жал...

http://kurir.mk/makedonija/kultura/71283-Luksuzna-monografija-za-Spomen-kukata-na-Tose
Вратете се на почетокот Go down
http://www.tose-mk.forumakers.com
Sponsored content





Изградба на спомен куќата на Тоше - Page 5 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Изградба на спомен куќата на Тоше   Изградба на спомен куќата на Тоше - Page 5 I_icon_minitime

Вратете се на почетокот Go down
 
Изградба на спомен куќата на Тоше
Вратете се на почетокот 
Страна 5 of 5Отиди на страна : Previous  1, 2, 3, 4, 5
 Similar topics
-

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
 :: Пишани и Електронски медиуми :: Новости :: Македонија-
Отиди до: