HomeПрашања/ОдговориБарајЧленовиЧленски групиРегистрирајте сеВлез

Share | 
 

 Изградба на спомен куќата на Тоше

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down 
Отиди на страна : Previous  1, 2, 3, 4, 5  Next
АвторПорака
grkovicvanja
Член
Член
avatar

Број на мислења : 701
Age : 24
Локација : Srbija
Репутација :
0 / 1000 / 100

Registration date : 2008-05-21

ПишувањеПредмет: Re: Изградба на спомен куќата на Тоше   Саб Дек 13, 2008 5:15 pm

Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
Tanja
Член
Член
avatar

Број на мислења : 593
Age : 29
Локација : Skopje, Makedonija
опис: : TOSE TE SAKAME I KE TE SAKAME ZASEKOGAS!
Репутација :
2 / 1002 / 100

Registration date : 2008-06-06

ПишувањеПредмет: Re: Изградба на спомен куќата на Тоше   Саб Дек 13, 2008 6:40 pm

TOSE GO ZASLUZUVA TOA, A I MNOGU POVEKE!
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://www.tose-mk.forumakers.com
batbayan
Модератор
Модератор
avatar

Број на мислења : 1410
Age : 31
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
11 / 10011 / 100

Registration date : 2008-06-11

ПишувањеПредмет: Re: Изградба на спомен куќата на Тоше   Сре Дек 31, 2008 9:26 am

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА КУЛТУРА ДАДЕ ОТЧЕТ И НАЈАВИ НОВИ ПРОЕКТИ


Во јануари спомен-куќата на Тоше, во февруари Филхармонијата

http://vecer.com.mk/?ItemID=40FD96E5C8F36042BCF9F7B994813F14

_________________


Тој е горе во височините каде што и секогаш беше. Се наоѓа во темнина. Темнината сме ние, фановите кои чуваме една голема темнина во срцата, бидејќи него повеќе го нема. А на небото има само една сјајна звезда - Тоше, единствена сјајна ѕвезда која секогаш ќе остане да сјае
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
stefi_18
Член
Член
avatar

Број на мислења : 628
Age : 27
Локација : Makedonija
Репутација :
0 / 1000 / 100

Registration date : 2008-10-20

ПишувањеПредмет: Re: Изградба на спомен куќата на Тоше   Сре Дек 31, 2008 8:50 pm

Почнува изградбата на спомен-куќата за Тоше


На роденденот на Тоше Проески, 25 јануари, на Гумење во Крушево ќе биде поставен камен-темелник за Спомен-куќа на најголемата македонска музичка ѕвезда.

Пет дена подоцна во Скопје ќе биде отворена Спомен-куќата на најпозната скопјанка и нобеловка Мајка Тереза. Проектите се дел од обемната агенда на Министерството за култура во 2009 година, кои ќе бидат реализирани со буџет 54 отсто поголем од претходниот.

Прв капитален проект што ќе биде претставен во јавноста во новата година е едицијата во 130 тома Македонска книжевност, кој ќе биде промовиран в недела во Македонската академија на науките и уметностите. Наскоро се очекува и избор на издавач за проектот превод на дела од автори-нобеловци и за објавување стручна литература од областа на културата.

До 10 јануари треба да биде објавен тендер за избор на понудувач за ентериерно уредување на Стариот скопски театар, а фирмата избрана за сценска технологија и за акустика проектот треба да го заврши за околу девет месеци. Во јануари треба да бидат поставени и седум од 40-те скулптури во центарот на Скопје, а останатите до крајот на 2009 година.

Во февруари се очекува поставување камен-темелник за изградба на концертната сала, а во мај да биде промовирана доградбата на НУБ Св. Климент Охридски. Паралелно се работи и на проектите за реконструкција на Универзална сала и за Турскиот театар, а во февруари треба да завршат и конкурсите за изградба на нови објекти на местото на Македонскиот народен театар и на Драмски театар. Министерството за култура ќе потпишува и договори со домашни и странски уметници за изработка на портрети и сцени од македонската историја наменети за музејскиот комплекс Македонска борба. Воедно се работи и на подготовка на восочните фигури.

Во 2009-та продолжуваат и интензивните археолошки истражувања на 15-те локалитети на кои ископувањата во 2008-ма резултираа со околу 10.000 пронајдени предмети. Археолошки приоритети во новата година се Скопската тврдина, Хераклеја, Стоби и Марвинци, кои е планирано целосно да бидат истражени. Во Музејот на вода во Градиште кај Охрид ќе бидат доградени уште 16 праисториски куќички, а ќе се работи и на проектната програма за обнова на Светиклиментовиот универзитет.

МИА
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
Tanja
Член
Член
avatar

Број на мислења : 593
Age : 29
Локација : Skopje, Makedonija
опис: : TOSE TE SAKAME I KE TE SAKAME ZASEKOGAS!
Репутација :
2 / 1002 / 100

Registration date : 2008-06-06

ПишувањеПредмет: Re: Изградба на спомен куќата на Тоше   Пон Јан 05, 2009 4:39 pm

Спомен куќата за Тоше ќе почне со изградба на 25 јануари



На роденденот на Тоше Проески, 25 јануари, на Гумење во Крушево ќе биде поставен камен-темелник за Спомен-куќа на најголемата македонска музичка sвезда. На роденденот на Тоше Проески, 25 јануари, на Гумење во Крушево ќе биде поставен камен-темелник за Спомен-куќа на најголемата македонска музичка sвезда.
Проектите се дел од агендата на Министерството за култура во 2009 година.
Спомен куќата за Тоше ќе биде во вид на музеј, отворен за посета на сите што ќе дојдат во Крушево. Гитарите и клавијатурите на Тоше, делови од неговата омилена облека, албуми, стихови, па дури и неговиот автомобил буба фолцваген ќе бидат сместени во Спомен куќата.


http://www.vest.com.mk/default.asp?id=161711&idg=9&idb=2566&rubrika=%40ivot
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://www.tose-mk.forumakers.com
batbayan
Модератор
Модератор
avatar

Број на мислења : 1410
Age : 31
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
11 / 10011 / 100

Registration date : 2008-06-11

ПишувањеПредмет: Re: Изградба на спомен куќата на Тоше   Сре Јан 21, 2009 10:55 pm

КРУШЕВО

КАМЕН-ТЕМЕЛНИК ЗА СПОМЕН-КУЌАТА НА ТОШЕ

На Гумење во Крушево в сабота ќе биде поставен камен-темелник за спомен-куќа на Тоше Проески, ден пред неговиот роденден - 25 јануари.


Во неа ќе бидат сместени сите значајни работи поврзани со животот и кариерата на најголемата македонска музичка ѕвезда, ќе биде пренесена собата на Тоше во Крушево, музичкото студио, сите предмети од куќата во скопско Злокуќани, неговиот омилен автомобил „буба“, облеката, музичките албуми, фотографии, награди, икони...

Изградбата ја финансира Владата и Министерството за култура и на поставувањето на темелникот ќе присуствува владина делегација предводена од премиерот Никола Груевски. Објектот треба да се простирана околу 870 метри квадратни и ќе има форма на крст, според идејното архитектонско решение на авторите Дејан Секуловски и Дејан Спасеновски и соработникот Илија Божиновски. Минатата година тоа беше едногласно избрано меѓу десетте пријавени труда на меѓународниот конкурс што го распиша Министерството за култура.

Од буџетот за 2008 за спомен-куќата се одвоени осум милинои денари, но вкупната финансиска конструкција ќе зависи од финализацијата на проектот. Градежните работи ќе ги изведува „Конструктор инженеринг“ ДД Сплит, под надзор на „Евроконсалтинг“.

Граѓаните од цела Македонија, но и од Балканот лани во јуни се потпишуваа во отворените книги во Крушево, кога во рамки на иницијативата „Потпис за незаборав“ беа собрани над 5.000 потписи за изградба на спомен-куќата. Со петицијата се бараше надминување на застојот кој настана поради проблем со сопственоста и барањето откуп за руинираниот ресторан на државното земјиште каде што ќе се гради спомен-домот. Се работи за локација на која Тоше планирал да отвори музичко студио.

За 28-те години од раѓањето на Тоше, в недела во Скопје ќе биде промовиран и албумот на англиски јазик The Hardest Thing, со прв тираж од околу 150.000 примероци за пазарите во Македонија, Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина и Словенија. Покрај насловната The Hardest Thing, промовирана минатата година на Хрватскиот радиски фестивал, „Арија“ – дуетот со италијанската пејачка Џана Нанини и дуетот со неговиот внук Кристијан (Мy Little One), што беше промовиран на концертот за Тоше во Скопје, албумот ќе содржи и други песни непознати за јавноста. Тие се снимени во Јамајка, Лондон и Ирска, во соработка со англискиот композитор Енди Рајт и требаше на Тоше да му ги отворат вратите на светската кариера.

Фановите на Тоше од шест земји во декември со гласање на интернет ја избраа и обвивката за осмиот, постхумно објавен албум, меѓу четирите понудени. Дизајнирана е од Жарко Стојановски, на неа е ликот на Тоше, а во темно сина позадина е Крушево во ноќ и небо на кое симболично се истакнува една, најсјајна ѕвезда.

Од оваа година сите издавачи соработката ќе ја договараат со семејството на Тоше, зашто неговата менаџерка Лилјана Петровиќ и продукциската куќа „Аворд“ на семејството Проески му ги подарија издавачките права на сите албуми и видеоспотови.

Судскиот процес за сообраќајната несреќа во која загина Тоше ќе продолжи во март. На последното рочиште минатиот месец вештаците укажаа дека причина за несреќата не е брзината, туку несоодветното реагирање на возачот на „туарегот“ и оти не откажала ниедна од функциите на џипот. Адвокатот на возачот Ѓорги Георгиевски побара поништување на вештачењето од тројцата експерти и сведочење на возачот на камионот во кој фатално удри „туарегот“ на Тоше.

Тодор Проески (1981-2007) загина на пат кон Загреб, во близина на Нова Градишка, на 16 октомври 2007 година. За една деценија стекна слава на голема музичка ѕвезда и стана идол на публиката од сите поранешни југословенски републики и пошироко на Балканот. Зад себе ги остави албумите: „Некаде во ноќта“ (1999), „Синот Божји“ (2000), „Ако ме погледнеш во очи“ (2002), „Ден за нас“ (2004), „По тебе“ (2005), „Божилак“ (2006) и „Игри без граници“ (2007). Покрај музичката големина и талент, Тоше останува запаметен и по своите хумани дела, за што оправдано ја носеше титулата амбасадорот на УНИЦЕФ. Последниот негов незаборавен концерт, на 5 октомври 2007 на Градскиот стадион во Скопје, имаше токму таква мисија.


http://sitel.com.mk/?ItemID=138105074335B14AACB0102909B41BA1

_________________


Тој е горе во височините каде што и секогаш беше. Се наоѓа во темнина. Темнината сме ние, фановите кои чуваме една голема темнина во срцата, бидејќи него повеќе го нема. А на небото има само една сјајна звезда - Тоше, единствена сјајна ѕвезда која секогаш ќе остане да сјае
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
batbayan
Модератор
Модератор
avatar

Број на мислења : 1410
Age : 31
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
11 / 10011 / 100

Registration date : 2008-06-11

ПишувањеПредмет: Re: Изградба на спомен куќата на Тоше   Сре Јан 21, 2009 10:55 pm

http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=103307

_________________


Тој е горе во височините каде што и секогаш беше. Се наоѓа во темнина. Темнината сме ние, фановите кои чуваме една голема темнина во срцата, бидејќи него повеќе го нема. А на небото има само една сјајна звезда - Тоше, единствена сјајна ѕвезда која секогаш ќе остане да сјае
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
Tanja
Член
Член
avatar

Број на мислења : 593
Age : 29
Локација : Skopje, Makedonija
опис: : TOSE TE SAKAME I KE TE SAKAME ZASEKOGAS!
Репутација :
2 / 1002 / 100

Registration date : 2008-06-06

ПишувањеПредмет: Re: Изградба на спомен куќата на Тоше   Чет Јан 22, 2009 2:39 am

Почнува изградбата на спомен-куќата на Тоше

http://www.mmm.com.mk/?ItemID=A375C219E4D7E445BC0A0100B37AE034
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://www.tose-mk.forumakers.com
batbayan
Модератор
Модератор
avatar

Број на мислења : 1410
Age : 31
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
11 / 10011 / 100

Registration date : 2008-06-11

ПишувањеПредмет: Re: Изградба на спомен куќата на Тоше   Чет Јан 22, 2009 7:44 am

Храм на уметноста и хуманоста - благодарам за Тоше

Според надлежните во Владата и Министерството за култура, кое го финансира проектотот, објектот ќе биде место каде што ќе бидат зачувани хуманоста, високите човечки квалитети и уметничките вредности на Тодор Проески


Спомен-куќата, објект со кој на достоинствен начин ќе се оддаде почит и признание на ликот и делото на нашата музичка легенда Тодор-Тоше Проески, ќе започне да се гради задутре во Крушево, кога на Гумење, во 13.30 часот, ќе биде поставен камен-темелник. Според надлежните во Владата и Министерството за култура, кое го финансира проектотот, објектот ќе биде место каде што ќе бидат зачувани хуманоста, високите човечки квалитети и уметничките вредности на Тоше.

- Тој беше личност која со своето постоење остави длабоки траги не само во Македонија, туку и во нејзиното пошироко соседство. Создаде модел за идентификација кај младите во кој вгради исклучително високи хуманистички квалитети, а поради добрите дела што ги правеше, неговиот лик уште долго ќе биде пример и порака за сите генерации, велат од Министерството за култура.

Идејното решение на авторите Дејан Секуловски и Дејан Спасеновски, во соработка со Илија Божиновски, според кое ќе се гради спомен-куќата, е избрано на меѓународен конкурс.

- Монументален по големина, што соодветствува на големината на делото на Тоше, спомен-домот според архитектонскиот израз е воедно и многу едноставен, што претставува алузија на неговата животна филозофија. Слободните бетонски ѕидови, ги изразуваат цврстината, истрајноста и постојаноста на делата на Тоше, а служат како изложбени паноа на кои се поставени портретот и неговото лого. Покрај бетонските ѕидови поставени се стаклени платна со неколку омилени песни на Тоше. Сличен елемент се појавува како ограда на рампата, која ги поврзува двете нивоа на кои е испишана целокупната негова дискографија... велат авторите. И шарата од џемперот на Тоше во спотот за песната "Немаш ни благодарам", е искористена и тоа како патерн на подот на сите рампи. Партерно-парковскиот концепт, пак, е со паралелно поставени ленти наменети за секојдневни средби, комуникации и одмор на посетителите, а меѓу патеките се наоѓаат водни површини...

Постхумно, Проески од страна на Владата е прогласен за почесен граѓанин на Македонија.

(Д.Т.)

http://vecer.com.mk/?ItemID=AF8B4F90A313634C80A75386908C4ED4

_________________


Тој е горе во височините каде што и секогаш беше. Се наоѓа во темнина. Темнината сме ние, фановите кои чуваме една голема темнина во срцата, бидејќи него повеќе го нема. А на небото има само една сјајна звезда - Тоше, единствена сјајна ѕвезда која секогаш ќе остане да сјае
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
batbayan
Модератор
Модератор
avatar

Број на мислења : 1410
Age : 31
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
11 / 10011 / 100

Registration date : 2008-06-11

ПишувањеПредмет: Re: Изградба на спомен куќата на Тоше   Чет Јан 22, 2009 7:49 am

http://kirilica.com.mk/vest.asp?id=20321

_________________


Тој е горе во височините каде што и секогаш беше. Се наоѓа во темнина. Темнината сме ние, фановите кои чуваме една голема темнина во срцата, бидејќи него повеќе го нема. А на небото има само една сјајна звезда - Тоше, единствена сјајна ѕвезда која секогаш ќе остане да сјае
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
Tanja
Член
Член
avatar

Број на мислења : 593
Age : 29
Локација : Skopje, Makedonija
опис: : TOSE TE SAKAME I KE TE SAKAME ZASEKOGAS!
Репутација :
2 / 1002 / 100

Registration date : 2008-06-06

ПишувањеПредмет: Re: Изградба на спомен куќата на Тоше   Чет Јан 22, 2009 2:20 pm

В САБОТА ЌЕ СЕ ПОСТАВУВА КАМЕН-ТЕМЕЛНИКОТ
Почнува изградбата на спомен-куќата на Тоше

http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=14&tabid=1&EditionID=1603&ArticleID=106074

http://www.spic.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=6&tabid=1&EditionID=755&ArticleID=29708

http://www.radiomk.com/index.php?categoryid=1&p2_articleid=1397
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://www.tose-mk.forumakers.com
stefi_18
Член
Член
avatar

Број на мислења : 628
Age : 27
Локација : Makedonija
Репутација :
0 / 1000 / 100

Registration date : 2008-10-20

ПишувањеПредмет: Re: Изградба на спомен куќата на Тоше   Чет Јан 22, 2009 3:57 pm

Почнува изградбата на спомен-куќата на Тоше


Објавено на: Јануари 22, 2009



\


Во неа ќе бидат сместени сите значајни работи поврзани со животот и кариерата на најголемата македонска музичка ѕвезда, ќе биде пренесена собата на Тоше во Крушево, музичкото студио, сите предмети од куќата во скопско Злокуќани, неговиот омилен автомобил „буба“, облеката, музичките албуми, фотографии, награди, икони...

Изградбата ја финансира Владата и Министерството за култура и на поставувањето на темелникот ќе присуствува владина делегација предводена од премиерот Никола Груевски. Објектот треба да се простирана околу 870 метри квадратни и ќе има форма на крст, според идејното архитектонско решение на авторите Дејан Секуловски и Дејан Спасеновски и соработникот Илија Божиновски. Минатата година тоа беше едногласно избрано меѓу десетте пријавени труда на меѓународниот конкурс што го распиша Министерството за култура.

Од буџетот за 2008 за спомен-куќата се одвоени осум милинои денари, но вкупната финансиска конструкција ќе зависи од финализацијата на проектот. Градежните работи ќе ги изведува „Конструктор инженеринг“ ДД Сплит, под надзор на „Евроконсалтинг“.



Граѓаните од цела Македонија, но и од Балканот лани во јуни се потпишуваа во отворените книги во Крушево, кога во рамки на иницијативата „Потпис за незаборав“ беа собрани над 5.000 потписи за изградба на спомен-куќата. Со петицијата се бараше надминување на застојот кој настана поради проблем со сопственоста и барањето откуп за руинираниот ресторан на државното земјиште каде што ќе се гради спомен-домот. Се работи за локација на која Тоше планирал да отвори музичко студио.

За 28-те години од раѓањето на Тоше, в недела во Скопје ќе биде промовиран и албумот на англиски јазик The Hardest Thing, со прв тираж од околу 150.000 примероци за пазарите во Македонија, Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина и Словенија. Покрај насловната The Hardest Thing, промовирана минатата година на Хрватскиот радиски фестивал, „Арија“ – дуетот со италијанската пејачка Џана Нанини и дуетот со неговиот внук Кристијан (Мy Little One), што беше промовиран на концертот за Тоше во Скопје, албумот ќе содржи и други песни непознати за јавноста.
Тие се снимени во Јамајка, Лондон и Ирска, во соработка со англискиот композитор Енди Рајт и требаше на Тоше да му ги отворат вратите на светската кариера. Фановите на Тоше од шест земји во декември со гласање на интернет ја избраа и обвивката за осмиот, постхумно објавен албум, меѓу четирите понудени. Дизајнирана е од Жарко Стојановски, на неа е ликот на Тоше, а во темно сина позадина е Крушево во ноќ и небо на кое симболично се истакнува една, најсјајна ѕвезда.



http://www.radiomk.com/images/vesti2/tose-proeski-licnost3.jpg



Од оваа година сите издавачи соработката ќе ја договараат со семејството на Тоше, зашто неговата менаџерка Лилјана Петровиќ и продукциската куќа „Аворд“ на семејството Проески му ги подарија издавачките права на сите албуми и видеоспотови.

Судскиот процес за сообраќајната несреќа во која загина Тоше ќе продолжи во март. На последното рочиште минатиот месец вештаците укажаа дека причина за несреќата не е брзината, туку несоодветното реагирање на возачот на „туарегот“ и оти не откажала ниедна од функциите на џипот. Адвокатот на возачот Ѓорги Георгиевски побара поништување на вештачењето од тројцата експерти и сведочење на возачот на камионот во кој фатално удри „туарегот“ на Тоше.

Тодор Проески (1981-2007) загина на пат кон Загреб, во близина на Нова Градишка, на 16 октомври 2007 година. За една деценија стекна слава на голема музичка ѕвезда и стана идол на публиката од сите поранешни југословенски републики и пошироко на Балканот. Зад себе ги остави албумите: „Некаде во ноќта“ (1999), „Синот Божји“ (2000), „Ако ме погледнеш во очи“ (2002), „Ден за нас“ (2004), „По тебе“ (2005), „Божилак“ (2006) и „Игри без граници“ (2007). Покрај музичката големина и талент, Тоше останува запаметен и по своите хумани дела, за што оправдано ја носеше титулата амбасадорот на УНИЦЕФ. Последниот негов незаборавен концерт, на 5 октомври 2007 на Градскиот стадион во Скопје, имаше токму таква мисија.


http://www.radiomk.com/index.php?categoryid=1&p2_articleid=1397
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
Tanja
Член
Член
avatar

Број на мислења : 593
Age : 29
Локација : Skopje, Makedonija
опис: : TOSE TE SAKAME I KE TE SAKAME ZASEKOGAS!
Репутација :
2 / 1002 / 100

Registration date : 2008-06-06

ПишувањеПредмет: Re: Изградба на спомен куќата на Тоше   Чет Јан 22, 2009 9:29 pm

stefi_18 istata statija ja imas malku pogore!
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://www.tose-mk.forumakers.com
Tanja
Член
Член
avatar

Број на мислења : 593
Age : 29
Локација : Skopje, Makedonija
опис: : TOSE TE SAKAME I KE TE SAKAME ZASEKOGAS!
Репутација :
2 / 1002 / 100

Registration date : 2008-06-06

ПишувањеПредмет: Re: Изградба на спомен куќата на Тоше   Саб Јан 24, 2009 3:18 pm

Камен-темелник за спомен-куќата на Тоше

http://www.idividi.com.mk/vesti/makedonija/499680/index.html
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://www.tose-mk.forumakers.com
batbayan
Модератор
Модератор
avatar

Број на мислења : 1410
Age : 31
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
11 / 10011 / 100

Registration date : 2008-06-11

ПишувањеПредмет: Re: Изградба на спомен куќата на Тоше   Саб Јан 24, 2009 11:22 pm

http://mmm.com.mk/?ItemID=4091839146D37342A34104A3278DABB1

http://www.idividi.com.mk/vesti/makedonija/499686/index.html

http://sitel.com.mk/?ItemID=76081846CF01974FA8F34D5187FB799E

_________________


Тој е горе во височините каде што и секогаш беше. Се наоѓа во темнина. Темнината сме ние, фановите кои чуваме една голема темнина во срцата, бидејќи него повеќе го нема. А на небото има само една сјајна звезда - Тоше, единствена сјајна ѕвезда која секогаш ќе остане да сјае
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
batbayan
Модератор
Модератор
avatar

Број на мислења : 1410
Age : 31
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
11 / 10011 / 100

Registration date : 2008-06-11

ПишувањеПредмет: Re: Изградба на спомен куќата на Тоше   Саб Јан 24, 2009 11:22 pm

http://a1.com.mk/video-home.asp?VideoID=441

_________________


Тој е горе во височините каде што и секогаш беше. Се наоѓа во темнина. Темнината сме ние, фановите кои чуваме една голема темнина во срцата, бидејќи него повеќе го нема. А на небото има само една сјајна звезда - Тоше, единствена сјајна ѕвезда која секогаш ќе остане да сјае
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
cherry
Администратор
Администратор
avatar

Број на мислења : 1127
Age : 36
Локација : Далеку од тебе
Репутација :
6 / 1006 / 100

Registration date : 2008-05-02

ПишувањеПредмет: Re: Изградба на спомен куќата на Тоше   Нед Јан 25, 2009 5:55 pm

http://www.kanal5.com.mk/ShowNews.aspx?ItemID=45175&mid=1500&tabId=1&tabindex=0
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://tose-mk.forumakers.com
batbayan
Модератор
Модератор
avatar

Број на мислења : 1410
Age : 31
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
11 / 10011 / 100

Registration date : 2008-06-11

ПишувањеПредмет: Re: Изградба на спомен куќата на Тоше   Пон Јан 26, 2009 11:43 am

http://www.vecer.com.mk/?ItemID=E5883BA29AF3464AA9953CA4F6662047

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=6B5E0F55BF533D4CB59E25EBAB2CF66B

_________________


Тој е горе во височините каде што и секогаш беше. Се наоѓа во темнина. Темнината сме ние, фановите кои чуваме една голема темнина во срцата, бидејќи него повеќе го нема. А на небото има само една сјајна звезда - Тоше, единствена сјајна ѕвезда која секогаш ќе остане да сјае
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
Tanja
Член
Член
avatar

Број на мислења : 593
Age : 29
Локација : Skopje, Makedonija
опис: : TOSE TE SAKAME I KE TE SAKAME ZASEKOGAS!
Репутација :
2 / 1002 / 100

Registration date : 2008-06-06

ПишувањеПредмет: Re: Изградба на спомен куќата на Тоше   Пон Јан 26, 2009 2:19 pm

НА ГУМЕЊЕ ВО КРУШЕВО
Почна да се гради спомен-куќата на Тоше

http://www.vest.com.mk/default.asp?id=162593&idg=9&idb=2582&rubrika=Makedonija
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://www.tose-mk.forumakers.com
stefi_18
Член
Член
avatar

Број на мислења : 628
Age : 27
Локација : Makedonija
Репутација :
0 / 1000 / 100

Registration date : 2008-10-20

ПишувањеПредмет: Re: Изградба на спомен куќата на Тоше   Пон Јан 26, 2009 6:14 pm

Поставен камен-темелникот на спомен-куќата на Тоше





Во присуство на голем број гости од цела Македонија, завчера во Крушево беше поставен камен-темелникот на спомен-куќата на Тоше. Темелите на Гумење ги осветија архиепископот г.г. Стефан и епископот Климент во сослужение на свештеници на МПЦ.

Објектот, кој ќе се простира на површина од 1.200 квадратни метри ќе има форма на крст, а за неговата изградба Владата оддели 2,5 милиони евра. Министерката за култура Елизабета Канчевска-Милевска изјави дека спомен-куќата на Проески треба да биде готова во рок од една и пол година, по што ќе следува ентериерното уредување.

- Спомен-куќата на Тоше ќе биде место на неговата вечност, место каде што ќе биде зачувана хуманоста, високите човечки квалитети, вредности и уметнички достигнувања. Тука ќе биде место во кое ќе се чуваат неговиот дух, неговата гитара, омилениот автомобил, во с? што веруваше и пред што се молеше. Целокупната композиција ќе ги одразува неговата личност и делото што тој ни го остави. Крстот како симболика на неговата искрена верба во Бога, цврстината, едноставноста и долговечноста на бетонот како симбол на неговиот лик и дело, стаклото како симбол за човековата минливост и ранливост и водата како дел од пејзажната архитектура, како симбол на чистината и животот со кој зрачеше Тоше - рече министерката Елизабета Канчевска-Милевска.

Спомен-куќата ќе биде изградена во форма на крст од бетон и стакло, велат проектантите.

- Тој бетонски кубус е пресечен со стаклен, што на некој начин формира крст што го поврзавме со ликот, делото и животот на Тоше - објасни архитектот Дејан Спасовски, проектант на објектот.

Локацијата за изградбата на куќата на Тоше не е случајно избрана, бидејќи тој планирал тука да гради музичко студио. Во неа ќе бидат сместени сите работи што Тоше ги поседувал: слики, албуми, облека и омилениот автомобил „буба“.

- Сите експонати што ќе бидат сместени во куќата ќе бидат земени од неговиот стан, ќе бидат на дофат на сите обожаватели не само од Македонија туку и од Балканот - рече Илија Иваноски, член на семејството Проески.
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
KarolinaXP
Нов Член
Нов Член
avatar

Број на мислења : 21
Репутација :
0 / 1000 / 100

Registration date : 2009-02-14

ПишувањеПредмет: Re: Изградба на спомен куќата на Тоше   Сре Мар 25, 2009 9:36 pm

Gospodine Panovski dali ke vi bese milo da vi pocinese vas sin i da vi baraat pari?Ili togas ke razmisluvavte sosema poinaku???Ako Tose go proglasila Republika Makedonija za pocesen graganin Vie treba da ste donstoinstveni sto ste imale cest da go imate za sograganin i zitel na grad Krusevo.Ke dojde mnogu narod da ja poseti Spomen kukata na Tose Proeski i zatoa ke ve molam ne im go rasipuvajte ubaviot spomen tuku navednete ja glavata i skromno ucestvuvajte vo izgradbata...Nagradata ke ve stigne.

so golema ljubov za Tose
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
batbayan
Модератор
Модератор
avatar

Број на мислења : 1410
Age : 31
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
11 / 10011 / 100

Registration date : 2008-06-11

ПишувањеПредмет: Re: Изградба на спомен куќата на Тоше   Саб Jул 11, 2009 11:30 am

Спомен-куќата готова во средината на 2010 година



Изведувачите со забрзано темпо работат на спомен-куќата на Тоше, во Крушево. Од Министерството за култура велат дека изведбата на објектот се одвива според договорот, а во тек е фазата за изработка на проектот за ентериерно уредување. Паралелно треба да биде завршена и постапката за избор на фирма што ќе го работи ентериерното уредување и опремување.

Конечната реализација на објектот ќе зависи од динамиката на прибирањето на предметите што ќе бидат сместени во спомен-домот и кои треба да се добијат од продукцијата и од семејството. Потребно е да се изработи и поставка од привремен и постојан карактер. Неофицијално дознаваме дека ако се' се одвива според предвидениот план, спомен-куќата комплетно ќе биде готова во средината на 2010 година.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=57213D45EFF61749887BDBC44E714970

_________________


Тој е горе во височините каде што и секогаш беше. Се наоѓа во темнина. Темнината сме ние, фановите кои чуваме една голема темнина во срцата, бидејќи него повеќе го нема. А на небото има само една сјајна звезда - Тоше, единствена сјајна ѕвезда која секогаш ќе остане да сјае
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
batbayan
Модератор
Модератор
avatar

Број на мислења : 1410
Age : 31
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
11 / 10011 / 100

Registration date : 2008-06-11

ПишувањеПредмет: Re: Изградба на спомен куќата на Тоше   Сре Дек 16, 2009 3:24 pm

Потрага по евровизискиот костим на Тоше Проески

Белиот кожен комплет ќе се најде меѓу експонатите во спомен-куќата во Крушево, која забрзано се гради


Во тек е потрагата по евровизискиот комплет на Тоше Проески. Белиот кожен костум во кој нашата ѕвезда настапи на изборот за Песна на Евровизија во 2004 година, се очекува да биде вратен во сопственост на семејството Проески, со цел да биде изложен меѓу најбитните парчиња гардероба во спомен-куќата на македонската ѕвезда, која забрзано се гради на Гумење во Крушево. Македонскиот пејач го донираше комплетот како дел од хуманитарната акција „Македонија за настраданите од цунами“ што се одржа во 2005 година, а беше продаден по цена од 50.000 денари. Неофицијално, портмонето за него го отвори домашен бизнисмен чии ќерки биле големи обожавателки на Проески.

Заедно со евровизискиот аутфит во спомен-куќата во Крушево недостасува и зелениот џемпер што Тоше го носеше на снимањето на обвивката на албумот „Ако ме погледнеш во очи“, потоа уште еден џемпер и бел комплет, познати на јавноста од настапите на Тоше, кои беа продадени во рамките на истата хуманитарна акција. За потсетување, џемперите достигнаа цена од 5.000 односно 10.000 денари, белиот комплет беше продаден за 12.500 ден, а на аукција Тоше го понуди и ременот што во тој момент го имаше на себе, кој стигна цифра од 13.000 денари.

Засега останува неизвесно дали купувачите доброволно ќе ги отстапат парчињата гардероба кои ја одбележаа кариерата на Тоше или, пак, меѓународната фондација „Тоше Проески“ ќе мора да ги откупи од актуелните сопственици.

Договарање на деталите околу ентериерот и воопшто финалниот внатрешен изглед на спомен-куќата во Крушево е она со што моментално се занимава фондацијата „Тоше Проески“ и семејството Проески. Во Крушево, родниот град на македонската музичка легенда, во тек е изградбата на спомен-домот со кој ќе се втемели бесмртноста на неговиот лик и дело. Изградбата на објектот се одвива според предвидениот план и динамика, согласно со временските услови, според проектот на Дејан Секуловски и на Дејан Спасеновски во соработка со Илија Божиновски, додека градежните работи ги изведува „Конструктор инженеринг” ДД Сплит.

„Во моментот се затвора карабината на објектот, во тек е постапката на подготовка на музејската поставка која ќе ги содржи предметите кои го отсликуваа ликот и делото на Тоше Проески. Се врши евиденција и прибирање на предметите кои на навистина суштински начин се врзани за Тоше, а сето тоа оди во соработка со семејството на македонската музичка легенда. Тоа е првата фаза за изработката на проектот за музејска поставка, кој, пак, е основа за доработка на проектот за ентериер и опремување на куќата, по што ќе следува фаза за избор на фирма која ќе го изврши ентериерното опремување и уредување на објектот. Куќата се очекува да биде завршена во текот на 2010 година“, ни изјавија од Министерството за култура, кое стои зад изградбата на овој објект.

Сепак, најоптимистичките прогнози неофицијално се дека спомен-домот ќе биде отворен оваа пролет. „Објектот ќе биде на две нивоа со вкупна површина од 1.200 квадратни метри. Целокупната композиција и опкружувањето на спомен-домот со својата материјализација ќе ги изразува личноста и делото на Тоше. Објектот ќе има форма на крст - симбол на неговата искрена вера во Бога, цврстината и долговечноста на бетонот ќе бидат симбол на неговиот лик и дело, стаклото ќе опоменува на човековата минливост и ранливост, а водата која ќе биде дел од пејзажот, ќе потсетува на чистината и животот со кој зрачеше Тоше“, велат во Министерството за култура.

Според објаснувањето на идејното решение на архитектите, целта на предложеното решение е со помош на современи материјали и форми да се искаже почит кон една од клучните фигури во поновата историја на Македонија. Просторот на кој е предвиден спомен-домот е јавен урбан простор кој има една и единствена улога да ги социјализира, да ги анимира жителите на овој град, а тие да се идентификуваат со него. Главен мотив на проектот е со воведувањето нови програмски содржини да се привлече вниманието на луѓето, да разбудат извесни асоцијации, сентименталност или носталгија.

За потсетување, изградбата на спомен-куќата на Тоше Проески во Крушево официјално започна со ставање камен-темелник и со благослов од поглаварот на МПЦ, г.г. Стефан, еден ден пред неговиот роденден, 25 јануари 2009 година, во присуство на членовите од најтесното семејство на Проески. Станува збор за локација на Гумење, која Тоше во последните години од својот живот ја меркал за сопствено музичко студио.


http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=7BD2A78935725B4E90E84C8AA83B961D

_________________


Тој е горе во височините каде што и секогаш беше. Се наоѓа во темнина. Темнината сме ние, фановите кои чуваме една голема темнина во срцата, бидејќи него повеќе го нема. А на небото има само една сјајна звезда - Тоше, единствена сјајна ѕвезда која секогаш ќе остане да сјае
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
batbayan
Модератор
Модератор
avatar

Број на мислења : 1410
Age : 31
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
11 / 10011 / 100

Registration date : 2008-06-11

ПишувањеПредмет: Re: Изградба на спомен куќата на Тоше   Саб Дек 26, 2009 6:16 pm

- Почитувајќи ги вредностите на Тоше, кој ја афирмираше Македонија секаде низ светот, ќе продолжиме со активностите поврзани со него. На тој начин ќе помогнеме да се остварат неговите нереализирани желби и соништа - рече министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска и додаде дека Спомен-куќата на Гумење се планира да биде готова до мај.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=9F41F1E12C556E4CBE5D588DC7E1BB02

_________________


Тој е горе во височините каде што и секогаш беше. Се наоѓа во темнина. Темнината сме ние, фановите кои чуваме една голема темнина во срцата, бидејќи него повеќе го нема. А на небото има само една сјајна звезда - Тоше, единствена сјајна ѕвезда која секогаш ќе остане да сјае
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
batbayan
Модератор
Модератор
avatar

Број на мислења : 1410
Age : 31
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
11 / 10011 / 100

Registration date : 2008-06-11

ПишувањеПредмет: Re: Изградба на спомен куќата на Тоше   Нед Jул 25, 2010 12:01 pm

Според министерката Канческа-Милевска

Спомен-куќата на Тоше ќе биде завршена до крајот на годинава

Интензивно се работи на Спомен-куќата на Тоше Проески на Гумење, изработена е покривната конструкција од стакло и се очекува до крајот на годинава објектот целосно да биде завршен - jaви МИА.

Покривот е застаклен и навистина специфичен и, како што е планиран според проектот, се изработуваше во странство. Целиот покрив е веќе стигнат и до крајот на овој месец објектот ќе биде затворен. Работите потоа продолжуваат внатре, во ентериерниот дел, ќе се уредува и партерот и се надевам дека до крајот на годинава ќе успееме да ја промовираме Спомен-куќата на Тоше Проески, изјави министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска на отворањето на манифестацијата Крушево – етноград.

Камен-темелникот на Спомен-куќата на Тоше во неговото родно Крушево беше поставен во јануари минатата година.

http://mmm.com.mk/?ItemID=69C69F93D1BFBD4A8AFB7FFA1ADD05E9

_________________


Тој е горе во височините каде што и секогаш беше. Се наоѓа во темнина. Темнината сме ние, фановите кои чуваме една голема темнина во срцата, бидејќи него повеќе го нема. А на небото има само една сјајна звезда - Тоше, единствена сјајна ѕвезда која секогаш ќе остане да сјае
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
Sponsored content




ПишувањеПредмет: Re: Изградба на спомен куќата на Тоше   

Вратете се на почетокот Go down
 
Изградба на спомен куќата на Тоше
Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот 
Страна 4 of 5Отиди на страна : Previous  1, 2, 3, 4, 5  Next

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
 :: Пишани и Електронски медиуми :: Новости :: Македонија-
Отиди до: