HomeПрашања/ОдговориБарајЧленовиЧленски групиРегистрирајте сеВлез

Share | 
 

 Злоупотреба на ликот и делото на Тоше Проески

Go down 
Отиди на страна : Previous  1, 2, 3, 4, 5
АвторПорака
Ane
Модератор
Модератор
avatar

Број на мислења : 711
Age : 27
Локација : Кичево, Македонија
опис: : Тоше фан
Репутација :
2 / 1002 / 100

Registration date : 2008-04-21

ПишувањеПредмет: Re: Злоупотреба на ликот и делото на Тоше Проески   Пет Сеп 12, 2008 9:31 pm

Браво за ова...Најпосле им текна...Само дај Боже побрзо да проработи ова...

_________________
"Од небо нек' се спуштаат и громови на душа, само да Ти чујам Глас..."
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
batbayan
Модератор
Модератор
avatar

Број на мислења : 1410
Age : 32
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
11 / 10011 / 100

Registration date : 2008-06-11

ПишувањеПредмет: Re: Злоупотреба на ликот и делото на Тоше Проески   Пон Сеп 15, 2008 1:44 pm

Сенката на Тоше ќе ве демне ако го прекинете ланецот!


Освен меил пораката која кружи, на интернет на страницата www.ebay.com може да се најде и понуда за маици со ликот на Тоше. Таа чини 14,99 американски долари




Вечерва Месечината е многу убава затоа што таму оваа вечер е нашиот ангел кој си замина без поздрав и без прегратка која ние треба да му ја вратиме. Прати го ова на 26 контакти и кога ќе ги посакаш своите желби ќе ти се остварат како во сон. Вистината никогаш не се заборава, но ако го прекинеш ланецот тогаш те следи црната сенка за Тоше - не враќај! Ова е содржината на меил пораката која деновиве кружи. Покрај многуте пораки во кои стои дека ќе ви се случи несреќа доколку не ги препратите на десетици адреси, во меил сандачињата постојано пристига и оваа порака.

Очигледно некој немал работа па решил да се мајтапи со името на македонската легенда. Од Фондацијата Тоше Проески се разочарани од пораките кои се праќаат. Велат нема начин да се спречи овој, за нив нехуман чекор.

"Во заводот за индустриска сопственост го заштитивме името и делото на Тоше Проески, но за жал тоа не помага да се справиме со некои непромислени чекори на луѓето. Размислуваме како би можеле да го спречиме ширењето на овој меил, но навистина немам идеја" - вели Андреа Николоски, извршен директот на Меѓународната фондација Тоше Проески.

Освен меил пораката која кружи, на интернет на страницата www.ebay.com може да се најде и понуда за маици со ликот на Тоше. Таа чини 14,99 американски долари, а понудата важи до 17 септември годинава. На истата страница се нудат и поштенски марки и коверти со ликот на Тоше.

Од Фондацијата Тоше Проески ги немаа забележано ваквите понуди на интернет. Откако побаравме изјава за тоа дали оваа продажба е легална или не, тие испратија порака до интернет продавницата со барање да се прекине со нелегалната продажба.

"Не знам дали ќе ни одговорат. Ова не е првпат. Вакво писмо испративме и до Google за песните кои ги имаа ставено. Но, не знам дали ќе имаме повратна реакција" - ни изјави Николоски.

До редакцијата на ВЕЧЕР се обратија и многумина граѓани кои летово биле на одмор во Црна Гора. Велат таму на картони по улиците се продаваат запалки, пенкала и други ситници на кои е отпечатен ликот на македонската легенда Тоше Проески.



http://www.vecer.com.mk/?ItemID=7DD2C258AC924045A46677BA86AF9773

_________________


Тој е горе во височините каде што и секогаш беше. Се наоѓа во темнина. Темнината сме ние, фановите кои чуваме една голема темнина во срцата, бидејќи него повеќе го нема. А на небото има само една сјајна звезда - Тоше, единствена сјајна ѕвезда која секогаш ќе остане да сјае
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
Tvojata senka
Модератор
Модератор
avatar

Број на мислења : 1001
Age : 30
Локација : РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
опис: : ОПАСНО ПО ЖИВОТ
Репутација :
9 / 1009 / 100

Registration date : 2008-04-15

ПишувањеПредмет: Re: Злоупотреба на ликот и делото на Тоше Проески   Пон Сеп 15, 2008 1:56 pm

аааааааааааааааааааааааааааааааааааааааа
Ненормалниииииииииииииииииииииииии

_________________
I kept you, my love
Within a blink of an eye
Kept you forever
Heroes never die
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
Eli
Модератор
Модератор
avatar

Број на мислења : 416
Локација : Skopje, Makedonija
опис: : СЛУШАЈ МЕ МЕНЕ
Репутација :
6 / 1006 / 100

Registration date : 2008-04-14

ПишувањеПредмет: Re: Злоупотреба на ликот и делото на Тоше Проески   Пон Сеп 15, 2008 3:15 pm

AAAAAAAAAAAAAAAAAAAAA OVIE OD FONDACIJAVA NE GI BIVA ZA NISTOOOOO AAAAAAAAAA

_________________
Never born
Never died
Just visited Earth between 25.01.1981 - 16.10.2007
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
aleksandra
Активен
Активен
avatar

Број на мислења : 1601
Age : 35
опис: : R.I.P. TOSE
Репутација :
18 / 10018 / 100

Registration date : 2008-05-23

ПишувањеПредмет: Re: Злоупотреба на ликот и делото на Тоше Проески   Пон Сеп 15, 2008 3:46 pm

ццццццц..... ... нездрава работа.... ...
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
Ane
Модератор
Модератор
avatar

Број на мислења : 711
Age : 27
Локација : Кичево, Македонија
опис: : Тоше фан
Репутација :
2 / 1002 / 100

Registration date : 2008-04-21

ПишувањеПредмет: Re: Злоупотреба на ликот и делото на Тоше Проески   Пон Сеп 15, 2008 7:57 pm


_________________
"Од небо нек' се спуштаат и громови на душа, само да Ти чујам Глас..."
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
emi
Член
Член
avatar

Број на мислења : 86
Локација : skopje
Репутација :
0 / 1000 / 100

Registration date : 2008-06-21

ПишувањеПредмет: Re: Злоупотреба на ликот и делото на Тоше Проески   Пон Сеп 15, 2008 10:21 pm

e stvarno ne se normalni lugevo
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
ElizaBeta
Член
Член
avatar

Број на мислења : 342
Age : 31
Локација : Skopje
Репутација :
4 / 1004 / 100

Registration date : 2008-04-16

ПишувањеПредмет: Re: Злоупотреба на ликот и делото на Тоше Проески   Пон Сеп 15, 2008 10:39 pm

До кога вака?До когааааааа?Срамота е..и нема никаква смисла да се заработува на неговиот лик и дело..
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
Tvojata senka
Модератор
Модератор
avatar

Број на мислења : 1001
Age : 30
Локација : РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
опис: : ОПАСНО ПО ЖИВОТ
Репутација :
9 / 1009 / 100

Registration date : 2008-04-15

ПишувањеПредмет: Re: Злоупотреба на ликот и делото на Тоше Проески   Пон Сеп 15, 2008 10:47 pm

ElizaBeta напиша:
До кога вака?До когааааааа?Срамота е..и нема никаква смисла да се заработува на неговиот лик и дело..
Е нема смисла...ама на некој не му е важно...на многу не им е важно...само најтажно во целата приказна е што мора неговите и оние кои најмногу го сакаат да ги трпат тие гадости!!!!!!
Морееееее да може на сите по една јака тужба...ако ништо друго!
Аааааааааааааааааааааааааааа море со голи раце би ги задавилаааааааа ситеееееееееееееееееееееееееееееееее...ама не можам...

_________________
I kept you, my love
Within a blink of an eye
Kept you forever
Heroes never die
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
emi
Член
Член
avatar

Број на мислења : 86
Локација : skopje
Репутација :
0 / 1000 / 100

Registration date : 2008-06-21

ПишувањеПредмет: Re: Злоупотреба на ликот и делото на Тоше Проески   Пон Сеп 15, 2008 11:33 pm

vo pravo ste siteeeeee
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
Tanja
Член
Член
avatar

Број на мислења : 593
Age : 30
Локација : Skopje, Makedonija
опис: : TOSE TE SAKAME I KE TE SAKAME ZASEKOGAS!
Репутација :
2 / 1002 / 100

Registration date : 2008-06-06

ПишувањеПредмет: Re: Злоупотреба на ликот и делото на Тоше Проески   Вто Сеп 16, 2008 5:15 pm

Nekoj voopsto i ne razmisluva nemaat ni malku sovest nemozam navistina da gi svatam kako moze nekoj na tuga maka i bolka da si zarabotuva!

I vo pravo e tvojata senka za ova само најтажно во целата приказна е што мора неговите и оние кои најмногу го сакаат да ги трпат тие гадости!!!!!!
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://www.tose-mk.forumakers.com
LudaMala
Супер Модератор
Супер Модератор
avatar

Број на мислења : 1483
Age : 36
Локација : Олимпијски град
опис: :
Репутација :
5 / 1005 / 100

Registration date : 2008-05-21

ПишувањеПредмет: Re: Злоупотреба на ликот и делото на Тоше Проески   Вто Сеп 16, 2008 6:10 pm

Ма тешко је чак и набројати све који злоупотребљавају Тошин лик. А још је теже њих свију процесуирати и казнити. Поготово ови што продају те ставри. А мене више брине што људи то купују, јер да не купују, ови не би продавали. Понуда и потражња!
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
batbayan
Модератор
Модератор
avatar

Број на мислења : 1410
Age : 32
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
11 / 10011 / 100

Registration date : 2008-06-11

ПишувањеПредмет: Re: Злоупотреба на ликот и делото на Тоше Проески   Нед Окт 05, 2008 10:53 am

Тоше и Александар Македонски воскреснати на „Фејсбук“?!



Автор: Бисерка Велковска-Блажева

На листата на пријатели на „Фејсбук“ (или на која и да е мрежа за виртуелна комуникација) додај го и Тоше Проески. Или Александар Македонски, Наполеон Бонапарта... И додека овие одамна починатите може да се сметаат за нечиј прекар или уметничко име, а создавачот под тие имиња да објавува свои лични информации, податоци и фотографии, крајно морбидно и невкусно е креирањето постхумен кориснички профил на личност од чија смрт не поминала ни една година.

- Знаеме дека има повеќе профили на различни мрежи со името на Тоше и повеќепати сме реагирале за негова злоупотреба. Некои сè уште ги има на Интернет - вели Андреј Николовски, директор на фондацијата „Тоше Проески“, која се грижи за заштитата на ликот и делото на мегаѕвездата.


ДЗЛП ДОБИВА СЕ ПОВЕЌЕ ПРИЈАВИ


Од Дирекцијата за заштита на лични податоци (ДЗЛП) велат дека известувања за злоупотреба стигнуваат сè почесто, а најголем дел од нив се однесува токму на мрежите за виртуелна комуникација. Освен за креирање лажни профили, какви што имаат и Каролина Гочева, Љубе Бошковски, претседателот Бранко Црвенковски, поранешниот претседател Киро Глигоров и голем број други јавни личности, до ДЗЛП стигнуваат пријави и за објавување фотографии без дозвола на забавните сајтови што го следат ноќниот живот во клубовите и кафулињата.

- ДЗЛП реагира на сите пријави за злоупотреба на лични податоци што ги добива. Доколку домејнот на кој е објавен лажен кориснички профил или е забележен каков и да е друг тип злоупотреба е регистриран во Македонија, имаме право да казнуваме и да спроведуваме санкции. Но ако станува збор за светска мрежа, чиј домејн е регистриран надвор од земјава, немоќни сме - вели Елена Стојановска, одговорна за односи со јавноста во ДЗЛП.

Сепак, ДЗЛП упатува писмени реакции до администраторите што ги одржуваат овие мрежи во земјите каде што се регистрирани и од досегашното искуство добиваат позитивни одговори од нив. Сепак, според Стојановска, тоа е само резултат на нивната добра волја, а немаат законска обврска кон ДЗЛП, како кон орган на Република Македонија. Овие интернет-страници функционираат на принцип на креирање кориснички профили каде што лицата се регистрираат преку внесување лични податоци во наведени задолжителни и незадолжителни полиња. Со регистрацијата корисникот се согласува на условите на мрежата, кои во слободно толкување значат дека администраторите може да прават што сакаат, освен ако не добијат судски налог за отстранување определена содржина.


ДОБРИ НАМЕРИ?!


Во случајот со профилите со името на Тоше Проески, најверојатно, и не станува збор за класична кражба и злоупотреба на личните податоци. Веројатно во улога на креатори се јавуваат обожаватели на пејачот што се убедени дека прават нешто добро.

- Можеби авторите на овие лажни профили имале најдобри намери, но старата поговорка вели дека и патот до пеколот е поплочен со добри намери. Креирањето лажни профили на порталите за социјална интеракција не е во согласност со одредбите на основните принципи и со Законот за заштита на личните податоци. Дополнително, случајот со профилот на Тоше е многу невкусен, со оглед на тоа што од неговата смрт не помина ни една година - вели Филип Стојановски од „Метаморфозис“, фондација за одржливи информатички решенија.

Според него, обожавателите што сакаат да ѝ укажат почест на почината личност најдобро е да отворат веб-сајт на обожаватели, група на мрежите за виртуелна комуникација (какви што веќе постојат во голем број), а не постхумен профил.

- Вака излегува дека декларираните обожаватели на Тоше се најголеми душмани на авторските права што ги покриваат неговите дела - оти ги споделуваат без дозвола - објаснува Стојановски.



http://novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=2&fCat=1&top=1&EditionID=199&ArticleID=8460

_________________


Тој е горе во височините каде што и секогаш беше. Се наоѓа во темнина. Темнината сме ние, фановите кои чуваме една голема темнина во срцата, бидејќи него повеќе го нема. А на небото има само една сјајна звезда - Тоше, единствена сјајна ѕвезда која секогаш ќе остане да сјае
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
batbayan
Модератор
Модератор
avatar

Број на мислења : 1410
Age : 32
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
11 / 10011 / 100

Registration date : 2008-06-11

ПишувањеПредмет: Re: Злоупотреба на ликот и делото на Тоше Проески   Вто Дек 23, 2008 6:04 pm

Објавено DVD од концертот во чест на Тоше!

Голем хуманитарен концерт во чест на легендарниот Тоше Проески – Те сакаме сите, Тоше, кој беше организиран на 5-ти октомври 2008-ма, деновиве во форма на DVD се најде во продажба во соседната Србија.

Издание, за кое во музичките продавници во Македонија никој ништо не знае, од Србија може да се порача преку Интернет, преку web-продавницата Yu4You, и тоа по цена од 10 евра (плус ПТТ трошоци).

На обвивката, на која се наоѓа фотографија на Тоше, заедно со фотосот од публиката snimena на Градскиот стадион, на концерт во негова чест, е и логото на Меѓународната фондација Тоше Проески, организатор на овој мега-настан, на кој присуствуваа околу 45.000 луѓе.

Да потсетиме, на концертот во чест на Тоше, одржан точно една година по неговиот најголем, спектакуларен и последен концерт во Скопје, токму на Градскиот стадион, неговите песни ги пееа неговите колеги од целиот Балкан...

И, уште нешто! MTV Adria ја објави својата годишна Топ 20 листа, на која Тоше Проески со темата The Hardest Thing се најде на првата позиција. Зад него се големите светски ѕвезди, како: Мадона, Колдплеј, Кид Рок, Бритни Спирс, Металика, Марки Рамон & Ејми Вајнхаус...

http://mmm.com.mk/?ItemID=BA5CD7458B833E4D8E398F059EA41E41

_________________


Тој е горе во височините каде што и секогаш беше. Се наоѓа во темнина. Темнината сме ние, фановите кои чуваме една голема темнина во срцата, бидејќи него повеќе го нема. А на небото има само една сјајна звезда - Тоше, единствена сјајна ѕвезда која секогаш ќе остане да сјае
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
stefi_18
Член
Член
avatar

Број на мислења : 628
Age : 28
Локација : Makedonija
Репутација :
0 / 1000 / 100

Registration date : 2008-10-20

ПишувањеПредмет: Re: Злоупотреба на ликот и делото на Тоше Проески   Чет Јан 01, 2009 8:47 pm

Нов сингл од последниот албум





Во Хрватска е пуштен е нов сингл од последниот албум на Тоше Проески. Од албумот "Игри без граници", кој во...



... хрватска постигна дијамантски тираж (над 50.000 примероци), одвоен е уште еден сингл кој сигурно ќе го повтори успехот на претходните.

Во радио етерот е пуштена новата песна "Сречо, не криви мене" чии стихови ги напишал Мирослав Рус а аранжманот е со потпис на Никса Братош.

Досегашните синглови "Вези ме за себе", "Срце није камен", "Игра без граница", "Још и данас замириши трешња", без конкуренција ги освојуваа првите места на хрватските топ листи, така што нема сомнеж дека истото ќе се случи и со новиот сингл "Сречо, не криви мене".







Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
batbayan
Модератор
Модератор
avatar

Број на мислења : 1410
Age : 32
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
11 / 10011 / 100

Registration date : 2008-06-11

ПишувањеПредмет: Re: Злоупотреба на ликот и делото на Тоше Проески   Саб Мај 08, 2010 3:40 pm

За профит срамно се валка името на Тоше
Засрамете се од тоа што му го правите на Тоше. Ни по три години не го оставате човекот на мира. Оставете го Тоше да почива мирно, да имавте совест немаше да го објавите ова. Вакви се дел од коментарите на социјалната мрежа „фејсбук“ во групата „Никогаш повеќе нема да купам „Свет‘“, откако таблоидот на насловницата ја пренесе изјавата на Сабина Чедиќ, учесничката на едно хрватско реално шоу, за тоа дека Тоше бил хомосексуалец. Јавноста и естрадата се згрозени од ваквиот чин на медиумот. Изјавата на старлетата Чедиќ предизвика бурни реакции и во хрватските медиуми, каде што веднаш реагираа пријателите на нашата музичка ѕвезда и ги демантираа таквите информации. Сепак, таблоидот кај нас продолжува да предизвикува гнев кај јавноста.
Хит-емисијата „Ексклузив“ коментираше дека е тешко да се избегне чувството на згрозеност од најновата насловна страница на еден од македонските таблоиди. „Не поради тврдењето дека можеби Тоше бил хомосексуалец, туку поради тоа што станува збор за омилен лик, кој повеќе не е меѓу нас. Иако пред некое време уредникот на овој таблоид во една емисија изјави дека токму насловните страници со името на мегаѕвездата продаваат рекорден тираж - се чини дека и со ова сакал да го постигне истото, пренесувајќи ја изјавата од хрватското реално шоу. Можеби оваа информација го крена рејтингот на реалното шоу, но дефинитивна не и на таблоидот што ја пренесе оваа вест“, се коментираше во прилогот на „Ексклузив“.

Зетот на Тоше, Славен Ристоски за „Време“ изјави дека е изненаден од ваквите информации. - Не ми е јасно како може да изјавуваат такви работи - кратко прокоментира Ристоски откако веста се прошири и кај нас кон крајот на минатиот месец. Изјавата на старлетата предизвика внимание и бурни реакции и во соседството. Весникот „Вечерњи“ објави деманти од блиските соработници на нашата музичка ѕвезда, композиторот Миро Буљан, како и од пријателот на Тоше, Кики Рахимовски, син на познатиот Аки Рахимовски, пејачот на „Парни ваљак“. - Како еден од најблиските соработници на Тоше, кого го познавав во душа, знам дека тој не беше хомосексуалец. Тие приказни се неточни и неосновани. Тоа се лаги и жал ми е што се врзуваат за името на Тоше Проески - рече Буљан за хрватскиот весник „Вечерњи“.


vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabinde...amp;ArticleID=140264

_________________


Тој е горе во височините каде што и секогаш беше. Се наоѓа во темнина. Темнината сме ние, фановите кои чуваме една голема темнина во срцата, бидејќи него повеќе го нема. А на небото има само една сјајна звезда - Тоше, единствена сјајна ѕвезда која секогаш ќе остане да сјае
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
Sponsored content




ПишувањеПредмет: Re: Злоупотреба на ликот и делото на Тоше Проески   

Вратете се на почетокот Go down
 
Злоупотреба на ликот и делото на Тоше Проески
Вратете се на почетокот 
Страна 5 of 5Отиди на страна : Previous  1, 2, 3, 4, 5

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
 :: Форум :: Околу форумот-
Отиди до: