HomeПрашања/ОдговориБарајЧленовиЧленски групиРегистрирајте сеВлез

Share | 
 

 Времето "Пред" и "По" Тоше Проески

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down 
АвторПорака
Pele_08
Нов Член
Нов Член
avatar

Број на мислења : 1
Age : 30
Локација : Makedonija Prilep
Репутација :
0 / 1000 / 100

Registration date : 2008-06-14

ПишувањеПредмет: Времето "Пред" и "По" Тоше Проески   Саб Јун 14, 2008 11:03 pm

[b]
Vo Makedonija pocnuva Nova Era po zaminuvanjeto na Tose vo Vecniot Dom
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://www.freewebs.com/pele88
bibe_tose
Член
Член
avatar

Број на мислења : 614
Репутација :
5 / 1005 / 100

Registration date : 2008-04-20

ПишувањеПредмет: Re: Времето "Пред" и "По" Тоше Проески   Нед Јун 15, 2008 1:07 am

ZA MENE ZAVRSI SE ,NISTO NE MOZE DA JA NADOMESTI BOLKATA PO ZAGUBATA NA MOJOT ANGEL TOSEEEEEE
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
Tvojata senka
Модератор
Модератор
avatar

Број на мислења : 1001
Age : 29
Локација : РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
опис: : ОПАСНО ПО ЖИВОТ
Репутација :
9 / 1009 / 100

Registration date : 2008-04-15

ПишувањеПредмет: Re: Времето "Пред" и "По" Тоше Проески   Нед Јун 15, 2008 1:14 am

Pele_08 напиша:
[b]
Vo Makedonija pocnuva Nova Era po zaminuvanjeto na Tose vo Vecniot Dom

Kakva era??
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
Chris
Администратор
Администратор
avatar

Број на мислења : 2179
Age : 28
Локација : СКОПЈЕ
опис: : RBD FAN
Репутација :
11 / 10011 / 100

Registration date : 2008-04-13

ПишувањеПредмет: Re: Времето "Пред" и "По" Тоше Проески   Нед Јун 15, 2008 2:01 am

па до некаде го разбирам постов... ке почнеме да зборуваме онака ЕЕ ВО ВРЕМЕТО КОГА ТОШЕ БЕШЕ ЖИВ... знаете као за други што зборат Тито на пример..

_________________
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://tose-mk.forumakers.com
LudaMala
Супер Модератор
Супер Модератор
avatar

Број на мислења : 1483
Age : 35
Локација : Олимпијски град
опис: :
Репутација :
5 / 1005 / 100

Registration date : 2008-05-21

ПишувањеПредмет: Re: Времето "Пред" и "По" Тоше Проески   Нед Јун 15, 2008 11:09 am

Pa da...Ne samo u Makedoniji. (mada kod vas najvise). Eto ja prije neki dan pricam sa prijateljicom o necemu i pita me ona kada je to bilo. A ja kazem ''Pa dok je Tose jos bio ziv.''. Stvarno mnogi sada dijele vrijeme na ono dok je bio ziv, i ono kada je...
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
marice
Член
Член
avatar

Број на мислења : 215
Репутација :
2 / 1002 / 100

Registration date : 2008-05-22

ПишувањеПредмет: Re: Времето "Пред" и "По" Тоше Проески   Нед Јун 15, 2008 3:32 pm

generacii od vremeto na TOSE
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
Chris
Администратор
Администратор
avatar

Број на мислења : 2179
Age : 28
Локација : СКОПЈЕ
опис: : RBD FAN
Репутација :
11 / 10011 / 100

Registration date : 2008-04-13

ПишувањеПредмет: Re: Времето "Пред" и "По" Тоше Проески   Нед Јун 15, 2008 4:28 pm

ее да тоа сме ние, среќниците што го видоа него

_________________
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://tose-mk.forumakers.com
aleksandra
Активен
Активен
avatar

Број на мислења : 1601
Age : 34
опис: : R.I.P. TOSE
Репутација :
18 / 10018 / 100

Registration date : 2008-05-23

ПишувањеПредмет: Re: Времето "Пред" и "По" Тоше Проески   Нед Јун 15, 2008 5:15 pm

да, јас сум многу среќна што барем живееше во мое време....баш сме големи среќници....горда сум на тоа.....но времето застана за мене со заминувањето на Тошенце....тешко е многу...
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
Ane
Модератор
Модератор
avatar

Број на мислења : 711
Age : 26
Локација : Кичево, Македонија
опис: : Тоше фан
Репутација :
2 / 1002 / 100

Registration date : 2008-04-21

ПишувањеПредмет: Re: Времето "Пред" и "По" Тоше Проески   Нед Јун 15, 2008 7:38 pm

Баш сме среќни што живееме во неговото време...се друго останува недоречено..

_________________
"Од небо нек' се спуштаат и громови на душа, само да Ти чујам Глас..."
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
Tvojata senka
Модератор
Модератор
avatar

Број на мислења : 1001
Age : 29
Локација : РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
опис: : ОПАСНО ПО ЖИВОТ
Репутација :
9 / 1009 / 100

Registration date : 2008-04-15

ПишувањеПредмет: Re: Времето "Пред" и "По" Тоше Проески   Нед Јун 15, 2008 11:23 pm

marice напиша:
generacii od vremeto na TOSE
dada generacijo moja...
E koj moment bese toa...
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
marice
Член
Член
avatar

Број на мислења : 215
Репутација :
2 / 1002 / 100

Registration date : 2008-05-22

ПишувањеПредмет: Re: Времето "Пред" и "По" Тоше Проески   Нед Јун 15, 2008 11:36 pm

zakon moment
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
Chris
Администратор
Администратор
avatar

Број на мислења : 2179
Age : 28
Локација : СКОПЈЕ
опис: : RBD FAN
Репутација :
11 / 10011 / 100

Registration date : 2008-04-13

ПишувањеПредмет: Re: Времето "Пред" и "По" Тоше Проески   Пон Јун 16, 2008 3:05 am

устав

_________________
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://tose-mk.forumakers.com
Moni
Член
Член
avatar

Број на мислења : 240
Age : 26
Локација : Stip
опис: : Тоше засекогаш
Репутација :
1 / 1001 / 100

Registration date : 2008-04-14

ПишувањеПредмет: Re: Времето "Пред" и "По" Тоше Проески   Пон Јун 16, 2008 4:36 am

Barem da bideme srekjni sto sme znaele edna takva licnost kako nego
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
ST
Нов Член
Нов Член
avatar

Број на мислења : 3
Age : 28
Репутација :
0 / 1000 / 100

Registration date : 2008-06-18

ПишувањеПредмет: Re: Времето "Пред" и "По" Тоше Проески   Сре Јун 18, 2008 7:34 pm

Незнам до каква степен това може да бъде успокоение;( Аз съм от БГ и нямах възможността да се запозная с него лично, но въпреки това го обожавам и ми липсва всеки божи ден сигурна съм че за вас е още по-трудно да се справите с болката. Лично за мен мога да кажа че времето "Po Tose Proeski" е изпълнено с много тъга и сълзи, и с много размисли за живота и за това какво е правилно и какво не ..

Поздрави, Стела
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
bibe_tose
Член
Член
avatar

Број на мислења : 614
Репутација :
5 / 1005 / 100

Registration date : 2008-04-20

ПишувањеПредмет: Re: Времето "Пред" и "По" Тоше Проески   Сре Јун 18, 2008 8:26 pm

DA SREKNA SUM STO SUM DEL OD NEGOVATA GENERACIJA
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
Christina
Нов Член
Нов Член
avatar

Број на мислења : 5
Репутација :
1 / 1001 / 100

Registration date : 2008-08-20

ПишувањеПредмет: Re: Времето "Пред" и "По" Тоше Проески   Чет Сеп 11, 2008 1:25 pm

Srekni sme sto imavme takva licnost vo nasata istorija....
Dali se site kako Toshe?
Ne, voopsto....!
Ke go sledime negovoto delo i ke go prodolzime patot na koj toj zastana....
Negovata misija tuka vo Mk zavrsi...
Sega na nas ni ostanuva drugiot del, nie da go zavrsime....
TOSHE TE SAKAME........
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
sonja vasilevska
Нов Член
Нов Член
avatar

Број на мислења : 1
Репутација :
0 / 1000 / 100

Registration date : 2008-09-23

ПишувањеПредмет: Re: Времето "Пред" и "По" Тоше Проески   Вто Окт 07, 2008 11:41 pm

jas se uste nemozam da svatam deka nasiot tose go nema i neznam zosta dali samo zatoa sto ne sakam da go prifatam toa zatoa sto go sakam premnogu
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
MAJA.MAJA
Нов Член
Нов Член
avatar

Број на мислења : 1
Репутација :
0 / 1000 / 100

Registration date : 2008-10-08

ПишувањеПредмет: Re: Времето "Пред" и "По" Тоше Проески   Сре Окт 08, 2008 3:12 pm

Samo edno mozam da kazam bese eden i edinstven ke mi nedostasuva mnogu taa negova nasmevka toj vedar lik Tose nikogas nema da te zaboravime
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
KarolinaXP
Нов Член
Нов Член
avatar

Број на мислења : 21
Репутација :
0 / 1000 / 100

Registration date : 2009-02-14

ПишувањеПредмет: Re: Времето "Пред" и "По" Тоше Проески   Сре Апр 08, 2009 7:18 pm

Една година без Тоше Проески

Зар некој може да те замени?!

Иако помина цела година од трагичното заминување на Тоше Проески, во регионот малку нешта се сменија. И, додека истрагата за неговата смрт се уште тапка во место, па точно не знаеме како се се има случено, неговите песни и понатаму ги освојуваат врвовите на балканските топ-листи, албумите водат на скалата за најпродавани, а популарноста што се уште ја има прерано згаснатата македонска мега-ѕвезда, може да се мери со еуфориите кои владееа по Битлси, Елвис Присли и останати глобално популарни личности.
Дефинитивно, Тоше на сите и понатаму премногу ни недостасува...

Не знам зошто, но дента кога во Скопје се собраа балканските колеги на Тоше Проески, со цел да отпеат по една песна во негова чест, сосема случајно почнав да ја читам книгата Сеќавање на Џон Ленон, во која некои важни луѓе напишаа по неколку збора за најпознатиот битлс на планетава.

Кој знае постои ли некоја тајна врска меѓу нив двајца. Лично мислам дека имаа нешто заедничко. Додека Ленон беше тој кој ја водеше глобалната мировна мисија, токму кога на светот најмногу му требаше мир, Тоше Проески, по сите балкански крвави војни, на луѓето им зборуваше за љубовта. Затоа фразата Сите ве сакам, е многу повеќе од три прости збора. Тоше навистина ги сакаше луѓето!

Затоа и сите на овие простори го сметаат за свој, а ние, пак, ликуваме дека, сепак најмногу ни припаѓаше нам, Македонците. И, премногу сме среќни што Тоше успеа, како никој пред него, да ги премости разликите меѓу народите и културите на зовриениот југ на Европа, просторот на кој во деведесеттите главен збор го имаа војните и ужасот. За тоа колку тој беше омилен и во Белград, и во Загреб, Сараево, Љубљана..., сведочат фотографиите на кои фановите тагуваат по Тоше, исто како и во Крушево, Скопје, Битола, Охрид, Гостивар, Куманово, Гевгелија...

Кога денес, по се што се случуваше во изминатава деценија, која несомнено ја одбележа Тоше Проески, ќе ги сумираме резултатите, со право можеме да кажеме дека Тоше не беше само македонска ѕвезда. Тој беше многу повеќе – прва вистинска балканска мега-ѕвезда од поновата генерација. Миленик на генерации и нации, респектиран и од оние кои не ја слушаат поп-музиката, ама ја почитуваат неговата работа. Регионот немаше ваква ѕвезда уште од времето на Здравко Чолиќ, што беше прилично одамна...

Сепак, ако се согласиме дека Чолиќ денес се шлепа на стара слава, на сигурна карта, на својот минат труд..., мора да потенцираме дека, кога Тоше непретенциозно започна да го освојува Балканот, немаше никаков бекграунд зад себе. Немаше на што да се потпре, за што да се гребе... Се имаше себе си, своите песни и гласот. Колку му беше лесно, или тешко, без стари долгови и ветер в грб, да оди напред, веројатно знаеше само тој самиот, но во изминативе 17-18 години самостојност (ако не и подолго!?), на никој од овие простори, како на Тоше, не му тргна од рака да урива бариери со песна.

И, кој знае што се требаше да се случува со него понатаму, во светски рамки, доколку во календарите на животот го немаше тој кобен 16-ти октомври 2007-ма?

Пишувајќи го текстот, по стоти пат се прашувам во што се крие феноменот на Тоше Проески, момче кое премногу рано го отпеа својот личен реквием, антологиската Зајди зајди? Или морничавата Полско цвеќе, во која пее – Полско цвеќе нека млад ме покрие... Кога Владо прв пат му ја прочита, и кажа на својата менаџерката – Договорете се околу песната, мора да ја имам...

Денес немаме дилема дека Тоше беше гордост на нацијата, чие име и презиме е пропусница за еден поинаков свет...

Несомнено, Тоше беше извонреден пејач, иако во Македонија има и други квалитетни вокали. За разлика од нив, Тоше сепак беше неприкосновен на тоа поле, и практично никој, не само во земјава, туку и од пошироко, не можеше да му се доближи по тоа прашање. Но, дефинитивно, за феноменот не беше пресудно само тоа што тој имаше врвни вокални способности. Тоше носеше во себе нешто многу поголемо!

Беше харизматична и скромна личност, дете со ѕвезда во очите, и токму со својата едноставност ги освои луѓето. Дете, кое никогаш не го има заборавено своето потекло, своите добри родители кои вложија се што имаа само нивниот син може да ги учи школите.

Е, Крушево златно – знаеше да каже во Лондон, или во Њујорк, каде можеше да ги има сите благодети на овој свет – се сеќаваат денес неговите блиски соработници...

Постои непишана теза дека токму најголемите личности се толку обични. Кога сте во нивната близина имате впечаток дека се знаете сто години, дека меѓу вас и не постојат бариери, граници... Нивната мисија и значај ги дознавате многу подоцна, од одредена дистанца... Како што по смртта, Тоше на многумина им ги отвори очите...

Никогаш нема да го заборавам интервјуто со Тоше за Теа модерна во март 2006-та. Се видовме на истото место на кое се запознавме осум години порано, во фоајето на хотелот Холидеј Ин. Единствената разлика беше во тоа што Тоше тогаш почнуваше, и имаше само две-три песни зад себе, а во времето на нашето интервју со наслов Непријатно ми е што луѓето живеат тешко, а јас возам мерцедес, веќе стана балканска ѕвезда.

Се друго беше исто, особено сјајот во очите и чистата душа, која имаше грижа на совест зошто во Македонија се живее на работ на егзистенцијата, а тој вози скап автомобил, добиен од спонзорот. Не му беше удобно во своја кожа, иако ни од далеку неговата работа не беше да се грижи за социјалниот статус на својата публика. Па, зарем на Елвис му беше гајле што родителите на неговата обожавателка од Тексас живеат од социјалната помош?!

Дента кога разговорот се најде во објавениот весник, се видов со менаџерката на Тоше – Љиљана Петровиќ, во нејзината канцеларија во трговскиот центар Беверли хилс. Беше задоволна од текстот, но никако не и беше јасно зошто нејзиниот штитеник има обврска да и се правда на јавноста за својот имотен статус...
Но, Тоше беше многу над тоа!

Во изминативе десетина години медиумите постојано известуваа за активностите на Тоше, па и тогаш кога немаше ангажмани или се одмараше од обврските, можевме да прочитаме некоја задоцнета изјава, информација или трач за него, но без лажна скромност, никаде, како во тој разговор за Теа, Тоше не зборуваше толку отворено за својата среќа, стравовите, вистинските и лажни пријатели, девојки кои се со него само заради тоа што тој е Тоше Проески, а не затоа што навистина го сакаат...

Не би сакал да размислувам, но страв ми е од тоа. Не би сакал да го поминам животот со некој, затоа што тој ме сака само заради тоа што сум! Што ќе се случи тогаш, кога нема да бидам тоа што сум сега? – беше нешто што постојано го мачеше Тоше.

Како да знаеше дека и по неговата смрт луѓето ќе се грабаат околу неговото име, неговите заслуги, дека во одреден момент ќе потенцираат дека еден дел од животот го споделија заедно со Тоше. Тоа се виде и веднаш по неговото трагично загинување, кога се лицитираше со тоа кој го имаше последното интервју со него, кој му беше најдобар пријател, дали му беше последна оваа девојка, или некоја друга, и слично...

И, една година подоцна работите не се сменија премногу, па и на концерт во негова чест актуелната власт се обиде да потенцира колку таа, ете, прави за Тоше Проески. За жал, не е се во километрите асфалтен пат (дониран од власта) до манастирот, кој го градеше семејството на Тоше, заедно со други добри луѓе од Крушево. Со тие работи во други земји се занимава локална управа, а на претставниците на владиниот сектор.

Прашајте ги неговите блиски, колку семејството доби од авторските, изведувачките и механичките права на Тоше и неговите албуми, и се ќе ви стане јасно. Доколку на политичарите навистина им значат Тоше и сите негови македонски колеги чии дела ја промовираат земјава насекаде во светот, нека го регулираат хаосот во институциите кои треба да го штитат нивниот труд, за да еден ден нивните најблиски знаат дека мисијата што ја имаа не беше залудна. Едноставно, не може некој постојано да потенцира колку му значи ликот на Тоше, а неговото дело да го третира како безвредно...

А, не е така! Неговите песни и понатаму се најслушани во Македонија, неговите албуми се распродаваат, па се допечатуваат нови тиражи... Бестселерот Игри без граници, кој всушност оригинално е напишан на хрватски јазик, Хрватите се уште бараат да го купат на македонски, оти знаат дека, без оглед што пееше за целиот свет, срцето на Тоше беше и чукаше за Македонија.

Интересот за песните на Тоше Проески најдобро го илустрира податокот дека во еден миг во Македонија во продажба се најдоа сите седум негови албуми – Некаде во ноќта, Синот божји, Ако ме погледнеш во очи, Ден за нас, По тебе, Божилак и Игри без граници. Во регионот, пак, освен официјалните изданија, почнаа да се нудат и илегални компилации составени од најголемите хитови, се пишуваа книги...

Не многу долго по трагичниот настан во Белград беше објавена публикацијата Балканскиот ангел Тоше Проески, во која ретроспективно се опишани најважните моменти од неговиот живот и кариера, а посебен акцент е ставен на трагичната сообраќајна несреќа. Во Сараево, пак, се појави албум со самолепливи сликички, во кој се опфатени сегменти од приватниот живот и кариерата на Тоше, вклучувајќи ги и морбидните фотографии од собраќајката и погребот.

Со други зборови, не остана ништо што на некој начин е врзано за Тоше, што не беше повод за нечиј профит.

Во својата десетгодишна плодна кариера Тоше остави многу повеќе музика од некои извикани личности за цел живот. За жал, не успеа да сними албум со оперски арии, заеднички проект со маестро Симон Трпчевски, да поработи уште малку од македонскиот фолклор, да сними песни и албуми со извонредните македонски етно-состави Баклава, Калдрма, Љубојна..., да ужива во својот успех на меѓународен план, читајќи ги пофалните критики за дуетот со Џана Нанини, за соработката со легендарниот Џеф Бек, да сними насловна тема за некој голем светски филмски хит...

Искрено се надевам дека барем англиското цеде, според најавите, на неговиот 28-ми роденден ќе ја здогледа светлината на денот, со што и светската јавност, барем за миг, ќе може да дознае кој всушност беше Тоше Проески.

На страна сите успеси на полето на музиката, трагедијата која Балканот ја смета за колективна, е уште поголема заради фактот дека човекот кој толку многу сакаше да придвижи некои работи, да им помага на луѓето, да инвестира за болните, старите, осамените..., веќе не може да им се радува на нивните успеси, да поужива во благодетите од својата работа. А, имаше само 26 години...

Денес, една година без Тоше Проески, тој е присутен во животите на своите фанови многу повеќе од кога и да е. Ако ги прашате, на што прво помислуваат кога ќе се сетат на Тоше, ја истакнуваат неговата хуманитарна работа, неговите прегратки и бакнежи, топли зборови...

По сите негови донации и инвестиции ги поттикна младите колеги да размислуваат како хумани луѓе, да се откажат од делот од својата заработка, за да на некој друг му биде подобро. И не самао во Македонија, туку насекаде по Балканот... Затоа и не изненадува податокот дека беше омилен кај дипломатите, претседателите, политичарите..., иако остана запаметен како аполитична личност...

Јас сум политички неопределен, без оглед што некои луѓе ме врзуваат за некои партии. Немам омилени ликови иако постојат личности и од едната и од другата опција во Македонија, а и од албанските партии за кои сметам дека се позитивни. Го ценам интелектот кај политчарите, иако како партија ниедна не понудила пакет од кој народот ќе живее подобро. Јас секогаш ќе бидам на страната на народот, и одлично знам да почувствувам кога му е тешко - ни изјави во интервјуто една и пол година пред трагичниот настан.

Како вистински христијанин и верник, чедо на Бога и човек кој и тоа како знаеше да се справи со своето его, Тоше беше, остана и секогаш ќе биде голем, меѓу другото и затоа што никогаш не заборави од каде доаѓа. Не се срамеше да каже дека му се помили крушевските утра, отколку бесоните ноќи во некоја светска метропола. Тоа најдобро го знаат неговите најблиски, но и голема армија фанови, со кои никогаш, ниту во најѕвездените мигови, не ја раскина цврстата врска.

Знам многу луѓе денес, кои и по цела помината година без Тоше очајно чекаат да им се јави. Да заѕвони телефонот, да слушнат глас кој од нив ќе побара совет, ќе им се заблагодари, како што често знаеше да го прави. И, иако сфаќаат што всушност се имаа случено, не можат да се соочат со фактот дека Гумење е последната станица на Тоше. Велат дека со тоа би го признале и личниот пораз, што за нив е премногу тешко...

Затоа живеат во илузија дека, како што Огнен Неделковски напиша во една песна, која Тоше маестрално ја отпеа, не само што никој никогаш нема да го замени, туку реално, никогаш никој и нема да треба да го замени.

Со своето големо дело, пред се како човек, а потоа и како музичар и уметник, Тоше од Бога одамна го купил билетот за вечноста, па денес се сеќаваме и зборуваме за него како да е жив.

Почивај во мир, пријателе.
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
Sponsored content




ПишувањеПредмет: Re: Времето "Пред" и "По" Тоше Проески   

Вратете се на почетокот Go down
 
Времето "Пред" и "По" Тоше Проески
Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
 :: Пишани и Електронски медиуми :: Новости :: Македонија-
Отиди до: