HomeПрашања/ОдговориБарајЧленовиЧленски групиРегистрирајте сеВлез

Share | 
 

 ULICA KE SE IMENUVA PO NASATA ZVESDA TODOR PROESKI

Go down 
Отиди на страна : Previous  1, 2

.
ne
0%
 0% [ 0 ]
da
100%
 100% [ 16 ]
Општо гласови : 16
 

АвторПорака
batbayan
Модератор
Модератор
avatar

Број на мислења : 1410
Age : 32
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
11 / 10011 / 100

Registration date : 2008-06-11

ПишувањеПредмет: Re: ULICA KE SE IMENUVA PO NASATA ZVESDA TODOR PROESKI   Пет Aвг 15, 2008 10:47 am

Детската улица Тоше Проески во Ново Лисиче ќе добие и спомен парк посветен на нашиот најпопуларен пејач. Општина Аеродром пред два дена објави конкурс за уредување на улицата. Тие велат дека сакаат просторот да се уреди со интересни културно-рекреативни содржини и пејзажна архитектура.
Идејата беше да овозможиме едно убаво катче за младите, а сепак тоа да биде соодветно и да симболизира една популарна личност, бидејќи Општината, особено тој дел од Ново Лисиче, е претежно населена со млади луѓе, изјави Маја Манчевска, односи со јавност.
Идејата беше Општината да овозможи едно убаво катче за младите, а да симболизира една популарна личност.
Предлозите треба да содржат идеи за урбана опрема, културни и спортско рекреативни пунктови, фонтана, соодветно осветлување и изложбен дел. Детската улица Тоше Проески во Ново Лисиче ќе добие и биста со ликот на трагично загинатиот пејач. Граѓаните на Ново Лисиче се сложуваат со проектот на општина Аеродром.
Ако, добро е тоа да остане во чест, младите да имаат каде да си играат. Супер идеја, прекрасна идеја за неговото дело. Тоа е одлично, посебно за Тоше и за нас и децата ќе имаат каде да си играат, рекоа граѓаните.
Сите идеи ќе треба да се предадат до 1. октомври оваа година до 11 часот. Првата награда за најдоброто решение изнесува 2.500 евра, вториот најдобар труд ќе добие 1.500 евра, додека пак третиот 1.000 евра.


http://mmm.com.mk/?ItemID=033CB7F440146D41911B26E085B870BE

_________________


Тој е горе во височините каде што и секогаш беше. Се наоѓа во темнина. Темнината сме ние, фановите кои чуваме една голема темнина во срцата, бидејќи него повеќе го нема. А на небото има само една сјајна звезда - Тоше, единствена сјајна ѕвезда која секогаш ќе остане да сјае
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
cherry
Администратор
Администратор
avatar

Број на мислења : 1127
Age : 36
Локација : Далеку од тебе
Репутација :
6 / 1006 / 100

Registration date : 2008-05-02

ПишувањеПредмет: Re: ULICA KE SE IMENUVA PO NASATA ZVESDA TODOR PROESKI   Сре Aвг 20, 2008 12:12 am

http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=96358
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://tose-mk.forumakers.com
batbayan
Модератор
Модератор
avatar

Број на мислења : 1410
Age : 32
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
11 / 10011 / 100

Registration date : 2008-06-11

ПишувањеПредмет: Re: ULICA KE SE IMENUVA PO NASATA ZVESDA TODOR PROESKI   Пет Aвг 22, 2008 10:23 am

Младинскиот парк ќе го носи името на Тоше

Младинскиот парк во Велес ќе го носи името на Тоше Проески Ваква иницијатива ќе поднесе градоначалникот Аце Коцевски до Советот на Општина Велес на следната седница.
Младинскиот парк е пријатно катче, особено за младите велешани. "Младите во Велес покажаа дека ги почитуваат и негуваат хуманите вредности. Тие се вклучија со идеи и иницијативи за заштита и негување на ликот и делото на македонската легенда Тоше Проески. Поради тоа сметам дека младинскиот парк ќе стане симбол на хуманите вредности што треба да ги негуваат сите граѓани, а особено младите на Велес," вели Коцевски.
Велешкиот градоначалник се надева дека со изградбата на патеката на славните велешани и фонтаната, младинскиот парк што ќе го добие името Тоше Проески, не само што ќе го промени својот лик, туку тој ќе стане вистинско собиралиште на сите жители на Велес.



http://tose-mk.forumakers.com/forum-f11/topic-t248-24.htm?highlight=ulica

_________________


Тој е горе во височините каде што и секогаш беше. Се наоѓа во темнина. Темнината сме ние, фановите кои чуваме една голема темнина во срцата, бидејќи него повеќе го нема. А на небото има само една сјајна звезда - Тоше, единствена сјајна ѕвезда која секогаш ќе остане да сјае
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
cherry
Администратор
Администратор
avatar

Број на мислења : 1127
Age : 36
Локација : Далеку од тебе
Репутација :
6 / 1006 / 100

Registration date : 2008-05-02

ПишувањеПредмет: Re: ULICA KE SE IMENUVA PO NASATA ZVESDA TODOR PROESKI   Пон Aвг 25, 2008 6:04 am

Парк да се преименува во „Тоше Проески“

Градоначалникот на Велес, Аце Коцевски, предложи Младинскиот парк во градот да се преименува во „Тоше Проески“.
- Заради вредностите што ни ги остави Тоше Проески во наследство, неговата хуманост, солидарност, човечност и уште безброј други доблести, мислам дека најсоодветно име за Младинскиот парк во Велес би било името на Тоше Проески - изјавил Коцевски.
Градоначалникот на Велес истакна дека деновиве ќе ја предложи својата идеја на седница на Советот на општината. Младинскиот парк е главно место за рекреација и за одмор на велешани. Деновиве паркот целосно се реновира, се поставува фонтана со повеќе водоскоци и со водопад и други придружни објекти за оваа локација да стане уште попривлечна.

www.vreme.com.mk
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://tose-mk.forumakers.com
marice
Член
Член
avatar

Број на мислења : 215
Репутација :
2 / 1002 / 100

Registration date : 2008-05-22

ПишувањеПредмет: Re: ULICA KE SE IMENUVA PO NASATA ZVESDA TODOR PROESKI   Пон Aвг 25, 2008 4:29 pm

VO VELES?
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
cherry
Администратор
Администратор
avatar

Број на мислења : 1127
Age : 36
Локација : Далеку од тебе
Репутација :
6 / 1006 / 100

Registration date : 2008-05-02

ПишувањеПредмет: Re: ULICA KE SE IMENUVA PO NASATA ZVESDA TODOR PROESKI   Пон Сеп 01, 2008 10:12 pm

НОВ ПРЕДЛОГ ЗА СКОПСКА ЗАЕДНИЦА

Мито Хаџивасилев да се преименува во Тоше Проески

Меѓу многубројните иницијативи преку кои луѓето сакаат да му оддадат почит на легендарниот Тоше Проески, деновиве се најде уште една, овојпат од Советот на урбаната скопска заедница Мито Хаџивасилев-Јасмин. Имено, Советот едногласно донесе иницијатива оваа урбана заедница да се преименува во Тоше Проески, со оглед на тоа што тој, од 2003 година се до трагичното загинување на 16 октомври минатата година беше нејзин член. Жителите истакнуваат дека за тој краток период Тоше брзо се вклопил во новата средина и често им велел дека Скопје ќе му биде втор дом по Крушево. - Веднаш се вклучи во многубројни иницијативи на нашата Урбана заедница и секогаш се залагаше и помагаше во решавањето на тековните проблеми во новата средина, како што впрочем тоа го правеше во цела Македонија и пошироко - истакнуваат членовите на Советот во иницијативата. Тие ја упатија иницијативата до семејството на ѕвездата, до Министерството за култура, како и до Координативното тело за заштита на ликот и делото на Тоше Проески. Луѓето од населбата во која живееше Тоше се потсетуваат на неговите зборови. - Во една пригода ни рече „Многу ми се допаѓа тука со вас, се надевам ќе бидеме добри соседи и дека нема да ви сметам ако некогаш пуштам гласна музика од моето студио или ако често ми доаѓаат пријатели и обожаватели. Тука ми е убаво и секое утро кога станувам го гледам Милениумскиот крст на Водно, а тоа дополнително ми дава енергија“. Така велеше нашиот скромен сограѓанин, сосед, пријател, другар, нашиот Тоше - стои во дописот на Советот на оваа урбана заедница.

Ва.Ѓ.
www.vreme.com.mk
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://tose-mk.forumakers.com
batbayan
Модератор
Модератор
avatar

Број на мислења : 1410
Age : 32
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
11 / 10011 / 100

Registration date : 2008-06-11

ПишувањеПредмет: Re: ULICA KE SE IMENUVA PO NASATA ZVESDA TODOR PROESKI   Вто Сеп 09, 2008 10:04 am

Забава на улицата "Тоше Проески"


На улицата "Тоше Проески" во Ново Лисиче, в понеделник на 14 септември во 12 часот ќе се организира двочасовна забава за децата и татковците во организација на Националниот совет на жени на Македонија - СОЖМ. Со тоа ќе се одбележи светскиот Ден на таткото.
На манифестацијата ќе се вклучат деца и ученици од основните училишта на територијата на општина Аеродром, а ќе се организира и музичко-забавна програма за младите. Предвидена е изложба на детски цртежи и читање на литературни творби.
Според програмата ќе се доделуваат награди за учениците кои учествувале на конкурсот за избор на најдобра литературна и ликовна творба на тема - за таткото, а ќе биде доделена награда за најактивно училиште и градинка што најмасовно се вклучило на конкурсот.



http://www.vecer.com.mk/?ItemID=81B38900A15CB143914D48F66AAABC04

_________________


Тој е горе во височините каде што и секогаш беше. Се наоѓа во темнина. Темнината сме ние, фановите кои чуваме една голема темнина во срцата, бидејќи него повеќе го нема. А на небото има само една сјајна звезда - Тоше, единствена сјајна ѕвезда која секогаш ќе остане да сјае
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
bibe_tose
Член
Член
avatar

Број на мислења : 614
Репутација :
5 / 1005 / 100

Registration date : 2008-04-20

ПишувањеПредмет: Re: ULICA KE SE IMENUVA PO NASATA ZVESDA TODOR PROESKI   Чет Сеп 11, 2008 12:03 am

Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
batbayan
Модератор
Модератор
avatar

Број на мислења : 1410
Age : 32
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
11 / 10011 / 100

Registration date : 2008-06-11

ПишувањеПредмет: Re: ULICA KE SE IMENUVA PO NASATA ZVESDA TODOR PROESKI   Пон Ное 24, 2008 12:18 pm

Планирани седум фонтани во Аеродром

На подрачјето на општината Аеродром ќе се изградат седум нови фонтани. Како ќе изгледаат и кој ќе ги гради, допрва ќе одлучуваат надлежните од Општината, кои неодамна распишаа тендер за избор на идејно решение за фонтаните.

Засега се познати единствено локациите на кои ќе се градат.

Една од нив ќе се гради во населбата Ново Лисиче на детската улица „Тоше Проески“, една кај урбаната заедница во Горно Лисиче, а нова фонтана е планирана и во Долно Лисиче кај спортското игралиште.

Општинарите одлучиле фонтана да се изгради и на аголот меѓу булеварите „Јане Сандански“ и „Васко Карангелески“, потоа во населбата Острово меѓу четирите кули на улицата „Бојмија“, а две фонтани ќе се изградат и во населбата стар Аеродром, едната на просторот меѓу кулите на улицата „Руди Чајавец“ и една пред воениот хотел. (Дс.Т.)


http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=7A4C7CA9ABC79746BCEAC3B48519BCB7

_________________


Тој е горе во височините каде што и секогаш беше. Се наоѓа во темнина. Темнината сме ние, фановите кои чуваме една голема темнина во срцата, бидејќи него повеќе го нема. А на небото има само една сјајна звезда - Тоше, единствена сјајна ѕвезда која секогаш ќе остане да сјае
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
cherry
Администратор
Администратор
avatar

Број на мислења : 1127
Age : 36
Локација : Далеку од тебе
Репутација :
6 / 1006 / 100

Registration date : 2008-05-02

ПишувањеПредмет: Re: ULICA KE SE IMENUVA PO NASATA ZVESDA TODOR PROESKI   Сре Јан 07, 2009 8:48 pm

Избрани најдобрите проекти за уредување на улицата Тоше Проески


Општина Аеродром им додели награди на победниците на конкурсот за избор на најдобро идејно решение за партерно уредување на улицата Тоше Проески, во населбата Ново Лисиче. Улицата е зад поштата во населбата, односно се работи за таканаречената детска улица. Решенијата на авторите на трите најдобри труда ги избра жири-комисијата, а свечено им ги врачи градоначалникот Кирил Тодоровски.

www.dnevnik.com.mk
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://tose-mk.forumakers.com
stefi_18
Член
Член
avatar

Број на мислења : 628
Age : 27
Локација : Makedonija
Репутација :
0 / 1000 / 100

Registration date : 2008-10-20

ПишувањеПредмет: Re: ULICA KE SE IMENUVA PO NASATA ZVESDA TODOR PROESKI   Пет Јан 09, 2009 1:48 am

Улицата на Тоше ќе заличи на њујоршкиот Централ парк




Улицата посветена на Тоше Проески во Ново Лисиче ќе заличи на њујоршкиот Централ парк, според победничкиот проект на конкурсот за уредување на овој дел што го распиша општината Аеродром. Првата награда во висина од 150 илјади денари му припадна на Филип Богатинов, втората од 90 илјади на Снежана Клинчарова, а третата од 60 илјади денари на Марија Павловиќ Латас и на Бранкица Голев.

Професорот Ѓорѓи Константиновски, кој учествувал во работата на оценувачката комисија, го споредил трудот на Богатинов со познатиот парк во Њујорк.

- Иако овој труд со своите димензии е далеку помал од Централ парк, дури и неговиот творец, големиот архитект Фредерик Ло Олмстед би завидел на неговата суптилност - истакна Константиновски.

Овој труд во архитектонското решение предвидува два кружни плоштада на влезот и на излезот на таканаречената детска улица во Ново Лисиче, која со одлука на советот на Аеродром и беше посветена на трагично загинатата музичка ѕвезда. Ќе се прават столбови без капители, кои ќе ја изразуваат симболиката на прерано згаснатиот живот на Тоше. Главната поента е централниот плоштад во пешачката зона. Тука се предвидени повеќе симболични содржини, меѓу кои се и четирите столба, колку што имаше членови бендот на Тоше Проески. Реализацијата на проектот треба да почне со изградбата на фонтаната предвидена во него.

- Тоше беше и остана идол на целата младина во Македонија и на Балканот. Нашата општина е една од најмладите и според датумот на формирањето и според составот на населението, па затоа и најмногу и прилега да има простор каде што младите ќе го одржуваат споменот за Тоше Проески. Детската улица во Ново Лисиче е совршено место за тоа - вели градоначалникот Кирил Тодоровски.

http://www.novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=7&tabid=2&fCat=1&EditionID=281&top=1&ArticleID=15077
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
batbayan
Модератор
Модератор
avatar

Број на мислења : 1410
Age : 32
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
11 / 10011 / 100

Registration date : 2008-06-11

ПишувањеПредмет: Re: ULICA KE SE IMENUVA PO NASATA ZVESDA TODOR PROESKI   Пет Јан 16, 2009 2:12 pm

http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=1&EditionID=1599&ArticleID=105744

_________________


Тој е горе во височините каде што и секогаш беше. Се наоѓа во темнина. Темнината сме ние, фановите кои чуваме една голема темнина во срцата, бидејќи него повеќе го нема. А на небото има само една сјајна звезда - Тоше, единствена сјајна ѕвезда која секогаш ќе остане да сјае
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
Tanja
Член
Член
avatar

Број на мислења : 593
Age : 30
Локација : Skopje, Makedonija
опис: : TOSE TE SAKAME I KE TE SAKAME ZASEKOGAS!
Репутација :
2 / 1002 / 100

Registration date : 2008-06-06

ПишувањеПредмет: Re: ULICA KE SE IMENUVA PO NASATA ZVESDA TODOR PROESKI   Пет Јан 16, 2009 2:50 pm

Паркот на Тоше ќе личи на Централ парк

http://www.mmm.com.mk/?ItemID=BAF9203C2DD78047AFE08FF876D9CDBB
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://www.tose-mk.forumakers.com
cherry
Администратор
Администратор
avatar

Број на мислења : 1127
Age : 36
Локација : Далеку од тебе
Репутација :
6 / 1006 / 100

Registration date : 2008-05-02

ПишувањеПредмет: Re: ULICA KE SE IMENUVA PO NASATA ZVESDA TODOR PROESKI   Саб Јан 17, 2009 1:30 am

http://www.24sata.hr/show/clanak/tose-proeski-ce-u-skoplju-dobiti-svoj-central-park/97718/
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://tose-mk.forumakers.com
stefi_18
Член
Член
avatar

Број на мислења : 628
Age : 27
Локација : Makedonija
Репутација :
0 / 1000 / 100

Registration date : 2008-10-20

ПишувањеПредмет: Re: ULICA KE SE IMENUVA PO NASATA ZVESDA TODOR PROESKI   Саб Јан 17, 2009 2:40 am

Во Ново Лисиче ќе никне парк посветен на Тоше

Сеад Ризвановиќ (16.01.2009 17:16)


Огромна скулптура на Тоше, вештачки езера, прекрасни плоштади - вака ќе изгледа паркот посветен на Тоше Проески кој ќе се гради во скопската населба Ново Лисиче.





Низ целиот простор ќе доминираат столбови без покрив, кои според трудот на архитектот Филип Богатинов треба да го симболизираат прерано згаснатиот живот на Тоше.

„На централниот плоштад се наоѓаат 26 столба коишто го симболизираат бројот на годините што ги имаше Тодор Проески, пред којшто ќе се наоѓа еден ѕид од кој ќе тече вода и на којшто, според мојата идеја, треба да бидат испишани сите негови текстови“, изјави Филип Богатинов, архитект.

Идејата на Филип едногласно победи на конкурсот за изработка на тематски парк за Тоше, распишан од општина Аеродром.



http://media.a1.com.mk/media/vesti200/tose-ulici-nlisice2.jpg



Почетокот на изградбата ќе почне со изградба на фонтана




Почетокот на изградбата тематскиот парк посветен на Тоше ќе почне со изградба на фонтана. Комплексот ќе се простре на една огромна површина на детската улица која сега се вика улица „Тоше Проески“, а тука некаде ќе се наоѓа и централниот плоштад на кој ќе има монументална скулптура на Тоше Проески.

Граѓаните велат дека се задоволни од проектот.

„Треба да се гради, а што ќе добиеме, поубаво ќе биде. Убава е идејата, нема каде народот да шета“, рекоа граѓаните.

Од општината Аеродром сепак се уште не знаат кога луѓето ќе уживаат во паркот посветен на Тоше.

„Не можеме да кажеме точно за година-две-три, меѓутоа знаеме дека постапката е веќе почната“, рече Милена Бошковска, односи со јавност на општина Аеродром.

Претседателот на Комисијата која го избра проектот, трудот го споредил со њујоршкиот Централ Парк.
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
batbayan
Модератор
Модератор
avatar

Број на мислења : 1410
Age : 32
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
11 / 10011 / 100

Registration date : 2008-06-11

ПишувањеПредмет: Re: ULICA KE SE IMENUVA PO NASATA ZVESDA TODOR PROESKI   Пон Фед 09, 2009 11:48 am

Општина Аеродром бара помош за улицата посветена на Тоше

Од Општина Аеродром деновиве побарале финансиска поддршка од Министерството за култура за реализација на партерното уредување на пешачката улица во Ново Лисиче во чест на незаборавниот Тоше Проески.

Во Општината велат дека тие не се во можност самостојно да го реализираат овој голем проект. Автор на проектот за уредување на улицата е Филип Богатинов, кој, според проектот, предвидел амфитеатар, плоштади, парк, вештачко езеро, спортски терени, фонтана, ѕид на Тоше, всушност, се' што им е потребно на граѓаните, а особено на младите луѓе што живеат во една модерна и урбана општина, велат од Аеродром.

- Реализацијата на овој проект е значајна не само за Скопје како главен град туку и за Македонија. Уште при распишувањето на конкурсот, граѓаните од Аеродром ја поддржаа оваа идеја со гордост и воодушевување, а сега со нетрпение ја очекуваат реализацијата на овој проект, поради што и Општината очекува дека Министерството ќе одговори позитивно и што поскоро на барањето, велат во одделението за односи со јавноста.



http://dnevnik.com.mk/?ItemID=8680774ED3179542929F41C2A26F549C

_________________


Тој е горе во височините каде што и секогаш беше. Се наоѓа во темнина. Темнината сме ние, фановите кои чуваме една голема темнина во срцата, бидејќи него повеќе го нема. А на небото има само една сјајна звезда - Тоше, единствена сјајна ѕвезда која секогаш ќе остане да сјае
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
batbayan
Модератор
Модератор
avatar

Број на мислења : 1410
Age : 32
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
11 / 10011 / 100

Registration date : 2008-06-11

ПишувањеПредмет: Re: ULICA KE SE IMENUVA PO NASATA ZVESDA TODOR PROESKI   Сре Фед 11, 2009 10:06 am

Скопје
Се бараат пари за улицата на Тоше Проески





Општината Аеродром бара финансиска помош од Министерството за култура за да може да го реализира идејниот проект за уредување на пешачката улица во Ново Лисиче, посветена на Тоше Проески. Оттаму велат дека општината не може самостојно да го реализира целото решение, па затоа се надеваат на позитивниот одговор од Министерството, кое минатата година поддржало многу проекти, а особено оние што биле наменети за Тоше.

- Локацијата што ја одбравме во чест на Тоше Проески ќе прерасне во едно култно место, каде што ќе се собираат младите луѓе не само од нашата држава туку и од околните земји. Во амфитеатарот се предвидува да се одржуваат концерти, театарски претстави, литературни читања и ликовни изложби, а на спортските терени да се одржуваат турнири. Со тоа граѓаните ќе имаат можност да се релаксираат и да се дружат со почитувачите на неговата музика - објаснуваат од општината.

Првата награда на конкурсот за уредување на овој дел, кој го распишала општината Аеродром, во висина од 150 илјади денари му припаднала на Филип Богатинов, втората од 90 илјади на Снежана Клинчарова, а третата од 60 илјади на Марија Павловиќ Латас и на Бранкица Голев.

Филип Богатинов, авторот на победничкиот проект, вели дека идејата за ова архитектонско-урбанистичко решение произлегла од неговата лична почит кон Тоше Проески, како и од неговото залагање за подобар свет и живот на децата. Тој истакнува дека инспирацијата за осмислување на целата улица и за вметнувањето на тематските содржини ја барал низ секојдневието и во с? што им недостасува на граѓаните.

- Концептот на паркот ќе содржи два мали плоштада, од кои едниот е источен и се вика „Плоштад на сонцето“, а другиот западен и се нарекува „Плоштад на залезот“. Кружните плоштади ќе бидат на почетокот и на крајот на таканаречената детска улица, со што се оформува целосно доживување за паркот. Потоа е предвидено да има еден голем централен плоштад, кој треба да симболизира концерт на Тоше. Помеѓу плоштадите ќе има тематски содржини како амфитеатар, вештачко езеро, кое зимно време може да биде лизгалиште, а предвидени се и привремени објекти со модерен изглед, каде што може да се продаваат сувенири - објаснува Богатинов.

Тој додава дека ќе има и павилјон за вечен оган во чест на Тоше, ѕид на кој би биле испишани сите песни од него, Парк на црешите во кој ќе се засадат 26 дрвја, како и две одбојкарски, тениски и едно кошаркарско игралиште, а патеката за велосипеди и ролери ќе го обиколува целиот парк.

Реализацијата на проектот треба да почне со изградба на фонтаната предвидена во него.

Според професорот Ѓорѓи Константиновски, кој учествувал во работата на оценувачката комисија, овој труд со своите димензии е помал од Централ парк во Њујорк, но смета дека и неговиот творец, големиот архитект Фредерик Ло Олмстед, би позавидел на неговата суптилност.

Од Министерството за култура велат дека не можат да се изјаснуваат за барањето на општината Аеродром, бидејќи тоа е долга процедура, каде што комисијата треба да го разгледа проектот и да ги одобри финансиите.



http://novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=2&fCat=1&top=1&EditionID=313&ArticleID=17747

_________________


Тој е горе во височините каде што и секогаш беше. Се наоѓа во темнина. Темнината сме ние, фановите кои чуваме една голема темнина во срцата, бидејќи него повеќе го нема. А на небото има само една сјајна звезда - Тоше, единствена сјајна ѕвезда која секогаш ќе остане да сјае
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
stefi_18
Член
Член
avatar

Број на мислења : 628
Age : 27
Локација : Makedonija
Репутација :
0 / 1000 / 100

Registration date : 2008-10-20

ПишувањеПредмет: Re: ULICA KE SE IMENUVA PO NASATA ZVESDA TODOR PROESKI   Чет Фед 12, 2009 10:00 pm

Скопје (12 февруари 2009)

Александар ќе пее песни од Тоше на плоштадот





Фонтаната со споменик на Александар Македонски што ќе се гради на плоштадот „Македонија“ ќе биде музичка, а во неа ќе бидат вградени и две песни од Тоше Проески. Ова вчера се најави како можно компромисно решение за спорот меѓу општината Центар и државата од една и градот од друга страна, во врска со тоа дали во централниот круг треба да се постави статуа на славниот антички крал или на трагично загинатата поп икона.


Содржините на фонтаната ги откри Виолета Аларова, градоначалничката на Центар, по нејзината вчерашна средба со Трифун Костовски, кој пред крајот на својот мандат ги посетува сите општини. Двајцата градоначалници не ги надминаа недоразбирањата во врска со уредувањето на централното подрачје и со спорните детални урбанистички планови, но се договорија да соработуваат додека се на функциите за да се направат неколку сообраќајни проекти во корист на граѓаните.

- Недоразбирањата траеја од почетокот до денеска, но сепак мораме да соработуваме. Фонтаната ќе биде навистина убава. Земјиштето е државно, а таа ќе се гради за граѓаните. Од неа ќе свири музика, по која ќе играат водоскоците, а ќе се вметнат и две песни од Тоше Проески. Среќна сум што со тоа ќе заживее плоштадот, на кој му треба вода, убавина,естетика, скулптури, да добие нов дух - рече Аларова.

За Костовски главен проблем е правната процедура за нејзиното поставување, бидејќи, како што рече, градот е надлежен за плоштадот и никој друг.

- Гледате, јас сум градоначалник на главниот град, а не добивам никакви информации за таа фонтана. Сега првпат слушам дека ќе била музичка. Едно е јасно. Ние сме владетели на плоштадот и без наша согласност никој нема право да го узурпира. Не знам само зошто бевме целосно исклучени од целиот проект, за разлика од општината. Ако фонтаната е предворје на Александар Македонски, тогаш јас сум против. Ако се посвети на Тоше, ќе се согласам - нагласи Костовски.

Тој додаде дека главната причина за несогласувањата со општината бил недостигот од дијалог, кој, според него, имал длабоки корени што доведувале до нивните спротивставени мислења. Градот и општината досега се искараа за фонтаната, за црквата на плоштадот и воопшто за целиот детален план за Малиот ринг, за планот со кој се предвидуваат стокатници и за неиздавањето градежни дозволи за сообраќајни проекти како клучката кај „Континентал“, проширувањето на Илинденска и друго. Главната тема на вчерашниот состанок била токму сообраќајната инфраструктура, односно што може да се направи до крајот на мандатите.

- Можеме да почнеме со проширувањето на Илинденска, на потегот од Владата до бараките на градската управа. Готов е и проектот за реконструкција на раскрсницата кај Тутунскиот комбинат, бидејќи тоа место е тесно грло по цел ден, а не само во одредени периоди. Проектите се готови, тендерите се завршени, изведувачите се избрани, се чека само да се подобрат временските услови и да почнеме со работа - рече Костовски.

Аларова на тоа додаде дека нема да ги кочат градските проекти и ќе се обидат што поскоро да ги завршат административните работи.


http://www.novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=5&tabid=2&fCat=1&EditionID=314&top=1&ArticleID=17833
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
batbayan
Модератор
Модератор
avatar

Број на мислења : 1410
Age : 32
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
11 / 10011 / 100

Registration date : 2008-06-11

ПишувањеПредмет: Re: ULICA KE SE IMENUVA PO NASATA ZVESDA TODOR PROESKI   Пет Фед 13, 2009 10:16 am

http://mmm.com.mk/?ItemID=44DD300C5085CA4B8AFB73747BBAC7D4

_________________


Тој е горе во височините каде што и секогаш беше. Се наоѓа во темнина. Темнината сме ние, фановите кои чуваме една голема темнина во срцата, бидејќи него повеќе го нема. А на небото има само една сјајна звезда - Тоше, единствена сјајна ѕвезда која секогаш ќе остане да сјае
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
batbayan
Модератор
Модератор
avatar

Број на мислења : 1410
Age : 32
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
11 / 10011 / 100

Registration date : 2008-06-11

ПишувањеПредмет: Re: ULICA KE SE IMENUVA PO NASATA ZVESDA TODOR PROESKI   Пет Фед 13, 2009 10:25 am

http://utrinski.com.mk/?ItemID=1AD6EFB11331414A9514971CB46EEDFB

_________________


Тој е горе во височините каде што и секогаш беше. Се наоѓа во темнина. Темнината сме ние, фановите кои чуваме една голема темнина во срцата, бидејќи него повеќе го нема. А на небото има само една сјајна звезда - Тоше, единствена сјајна ѕвезда која секогаш ќе остане да сјае
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
batbayan
Модератор
Модератор
avatar

Број на мислења : 1410
Age : 32
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
11 / 10011 / 100

Registration date : 2008-06-11

ПишувањеПредмет: Re: ULICA KE SE IMENUVA PO NASATA ZVESDA TODOR PROESKI   Пет Фед 13, 2009 2:47 pm

http://vest.com.mk/default.asp?id=163491&idg=9&idb=2598&rubrika=Skopje

_________________


Тој е горе во височините каде што и секогаш беше. Се наоѓа во темнина. Темнината сме ние, фановите кои чуваме една голема темнина во срцата, бидејќи него повеќе го нема. А на небото има само една сјајна звезда - Тоше, единствена сјајна ѕвезда која секогаш ќе остане да сјае
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
batbayan
Модератор
Модератор
avatar

Број на мислења : 1410
Age : 32
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
11 / 10011 / 100

Registration date : 2008-06-11

ПишувањеПредмет: Re: ULICA KE SE IMENUVA PO NASATA ZVESDA TODOR PROESKI   Чет Мар 05, 2009 3:34 pm

Референдум за споменикот на Плоштад


ВЕСТ: На Плоштад треба да има споменик на Александар Македонски или на Тоше Проески?
ПОПОВСКИ: Овде се судруваат две желби. Едната - споменик на Александар Македонски - е желба на Владата на Република Македонија, а другата - споменик на Тоше Проески - е желба на актуелниот градоначалник Трифун Костовски, како пандан на желбата на Владата на РМ. Во ваков случај каде што има премногу историја и премногу емоции, веројатно, најдобро е да се слушне желбата на граѓаните. Што значи - кога не е можен компромис, за среќа, постои референдум


http://vest.com.mk/default.asp?id=164390&idg=9&idb=2615&rubrika=Skopje

_________________


Тој е горе во височините каде што и секогаш беше. Се наоѓа во темнина. Темнината сме ние, фановите кои чуваме една голема темнина во срцата, бидејќи него повеќе го нема. А на небото има само една сјајна звезда - Тоше, единствена сјајна ѕвезда која секогаш ќе остане да сјае
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
batbayan
Модератор
Модератор
avatar

Број на мислења : 1410
Age : 32
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
11 / 10011 / 100

Registration date : 2008-06-11

ПишувањеПредмет: Re: ULICA KE SE IMENUVA PO NASATA ZVESDA TODOR PROESKI   Пон Мар 09, 2009 2:35 pm

ВЕСТ: На Плоштадот треба да има споменик на Александар Македонски или на Тоше Проески?
ЗЕКОЛИ: Плоштадот Македонија треба да биде место каде што секој турист кој еднаш поминал низ Скопје треба да го запамети како убав, атрактивен, полн со живот и по некој споменик кој го краси Плоштадот. Живееме во едно модерно време каде што современиот дух се цени многу, тоа чувство би сакал и јас да го постигнам во Скопје, во центарот на главниот град. Затоа би се одлучил за изградба на споменик на Тоше Проески на плоштадот Македонија.

http://vest.com.mk/default.asp?id=164544&idg=9&idb=2618&rubrika=Skopje

_________________


Тој е горе во височините каде што и секогаш беше. Се наоѓа во темнина. Темнината сме ние, фановите кои чуваме една голема темнина во срцата, бидејќи него повеќе го нема. А на небото има само една сјајна звезда - Тоше, единствена сјајна ѕвезда која секогаш ќе остане да сјае
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
batbayan
Модератор
Модератор
avatar

Број на мислења : 1410
Age : 32
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
11 / 10011 / 100

Registration date : 2008-06-11

ПишувањеПредмет: Re: ULICA KE SE IMENUVA PO NASATA ZVESDA TODOR PROESKI   Пон Јан 18, 2010 7:32 pm

Фонтана со ликот на Тоше во Ново Лисиче



Општината Аеродром објави тендер за да избере фирма што ќе гради фонтана со ликот на Тоше Проески во населбата Ново Лисиче, на популарната детска улица, која со одлука на општинскиот совет го носи името на трагично загинатата поп-ѕвезда


Таа треба да биде кружна, на три нивоа, со дијаметар од седум метри и со височина на базенот од 1,2 метар, во централниот дел ќе има квадратен облик висок 1,45 метри. Во внатрешноста ќе има застаклен постамент со ликот на Тоше. Фонтаната и околниот дел ќе бидат хортикултурно уредени и ќе бидат поставени ново зеленило, клупи, канти, канделабри и неонски светилки.

Постапката за избор на фирма ќе трае до 10 февруари, кога ќе се потпише договор со најдобриот понудувач за изградба на фонтана во чест на Тоше. Парите за овој проект биле обезбедени од буџетот на општината Аеродром.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=118101046329&id=14&prilog=0&setIzdanie=21887

_________________


Тој е горе во височините каде што и секогаш беше. Се наоѓа во темнина. Темнината сме ние, фановите кои чуваме една голема темнина во срцата, бидејќи него повеќе го нема. А на небото има само една сјајна звезда - Тоше, единствена сјајна ѕвезда која секогаш ќе остане да сјае
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
batbayan
Модератор
Модератор
avatar

Број на мислења : 1410
Age : 32
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
11 / 10011 / 100

Registration date : 2008-06-11

ПишувањеПредмет: Re: ULICA KE SE IMENUVA PO NASATA ZVESDA TODOR PROESKI   Нед Мар 21, 2010 9:08 pm

Меморијална фонтана со ликот на Тоше во општина Аеродром

На детската улица во Ново Лисиче, општина Аеродром денеска почна изградбата на модерна меморијална фонтана со ликот на Тоше Проески.

На почетокот на изградбата присуствувале градоначалникот на општина Аеродром Ивица Коневски, министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, делегација од семејството на Тоше предводена од Славен Ристески, голем број пратеници, советници и голем број граѓани.

Проектот за модерна меморијална фонтана со ликот на Тоше Проески во централниот дел на истоимената детска улица предвидува три нивоа со внатрешен застаклен постамент со ликот на Тоше.

„Очекувам ова да стане култно место на кое ќе се собираат и ќе другаруваат младите од целата општина, како и фановите на Тоше од целиот град“ изјави градоначалникот Коневски.

Според проектот, фонтаната ќе биде кружна со дијаметар од 7 метри и со височина на базенот од 1,2 метри, додека централниот дел ќе има квадратен облик со височина од 1,45 метри.

Фонтаната и околниот дел, кој ќе биде уреден со клупи, канти за отпадоци и зеленило, ќе бидат осветлени со канделабри и неонски светилки.

„Многу ми е драго што општина Аеродром се зафати со овој прекрасен проект, зашто така ќе се зачува споменот на нашиот Тоше“ изјави Славен Ристески.

Изградбата на фонтаната посветена на македонската музичка легенда Тоше Проески ќе ја врши фирмата „Промонтинг“, а средствата за изградбата се обезбедени од буџетот на општина Аеродром за 2010 година.

http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=121222

_________________


Тој е горе во височините каде што и секогаш беше. Се наоѓа во темнина. Темнината сме ние, фановите кои чуваме една голема темнина во срцата, бидејќи него повеќе го нема. А на небото има само една сјајна звезда - Тоше, единствена сјајна ѕвезда која секогаш ќе остане да сјае
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
Sponsored content




ПишувањеПредмет: Re: ULICA KE SE IMENUVA PO NASATA ZVESDA TODOR PROESKI   

Вратете се на почетокот Go down
 
ULICA KE SE IMENUVA PO NASATA ZVESDA TODOR PROESKI
Вратете се на почетокот 
Страна 2 of 2Отиди на страна : Previous  1, 2

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
 :: Форум :: Околу форумот-
Отиди до: