Chris Администратор
Број на мислења : 2179 Age : 34 Локација : СКОПЈЕ опис: : RBD FAN Репутација : Registration date : 2008-04-13
| Предмет: Крушево, шест месеци потоа... Пон Апр 14, 2008 9:44 pm | |
| Крушево, шест месеци потоаНеговиот лик поставен на билборди, го гледате меѓу калдрмата на сокаците по кои растел, низ дуќаните каде што се' уште се продава највкусен локум, низ кафулињата што верно ја чуваат „неговата сенка“. Градот е се' уште празен, но подготвен да ги пречека сите што го сакаа. А ги има многу. Од цела Македонија, од цел Балкан, од цел свет. Улиците не се направени за толку автобуси, за толку луѓе, за толку солзи. Ама ќе издржат. Ќе ги донесат сите негови почитувачи до центарот на тагата. До тажното Гумење. Неговиот гроб е најголемата икебана на светот. Цвеќиња, плишани играчки, врамени стихови од песните што ги отпеа. Така порано изгледаше неговата гримиорна по секој незаборавен концерт. Недостига само неговата песна.Еден по еден доаѓаат на неговото вечно живеалиште. Палат свеќа, го бакнуваат крстот, ја милуваат неговата слика. А тука, на само два-три метри се луѓето што ја создадоа и одгледаа најголемата македонска гордост. Неговите родители. Со Господ на усните, со бунар во душите, загледани во огледалото на судбината. И додека неговите другари раздаваат за Неговата голема душа, секое залче од вкусните колачи се заглавува во грлото. Тука сите се знаат, сите се пријатели, сите се најблиски. Сите заедно го полнат морето од солзи кое од 16 октомври до денес стана единственото „македонско море“. И додека излегувате на платото на Гумење, загледани во небото, постојано од автобусите излегуваат деца, тинејџери, средовечни луѓе, пензионери. Сите се исти. Негови, верни, љубени. А пред неговата родна куќа, песот Бас ви ја подава раката. Се ракува со вас. Знае дека вашата рака многупати се ракувала со неговиот сакан господар. Во куќата сите се добредојдени. Да ги видат скалите по кои Тој се качувал низ животот, да пуштат солза по килимот по кој газел, да ги допрат неговите фотографии и омилени тренерки. А Неговиот дух чиниш влегува во собата и вели: Леле, колку убави луѓе! Како што секогаш им велеше на луѓето што го посетуваа Неговиот дом. Ни смртта, ни времето не може да го победат споменот за него.
Последната промена е направена од ROYAL на Саб Апр 19, 2008 5:41 pm. Мислењето е променето 1 пати | |
|
Moni Член
Број на мислења : 240 Age : 32 Локација : Stip опис: : Тоше засекогаш Репутација : Registration date : 2008-04-14
| Предмет: Re: Крушево, шест месеци потоа... Вто Апр 15, 2008 2:34 am | |
| Prekrasen e tekstot...sekoja pomisla na zlatceto predizvikuva bura od emocii, solzi vo moite oci, kamen na srceto, grutka vo grloto...ke go sakam sekogas :cry: | |
|
Chris Администратор
Број на мислења : 2179 Age : 34 Локација : СКОПЈЕ опис: : RBD FAN Репутација : Registration date : 2008-04-13
| Предмет: Re: Крушево, шест месеци потоа... Вто Апр 15, 2008 4:39 pm | |
| наслушнав дека денес на плоштад ке имало музика од тоше и некои говори... за овие шест месеци
вистина е? | |
|
Mirjana Нов Член
Број на мислења : 4 Репутација : Registration date : 2008-06-26
| Предмет: Re: Крушево, шест месеци потоа... Пет Јун 27, 2008 12:19 am | |
| | |
|
bibe_tose Член
Број на мислења : 614 Репутација : Registration date : 2008-04-20
| Предмет: Re: Крушево, шест месеци потоа... Пет Јун 27, 2008 7:44 pm | |
| | |
|
Sponsored content
| Предмет: Re: Крушево, шест месеци потоа... | |
| |
|