HomeПрашања/ОдговориБарајЧленовиЧленски групиРегистрирајте сеВлез

Share | 
 

 Други новости во врска со Тоше

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down 
Отиди на страна : Previous  1, 2, 3, 4, 5, 6 ... 12 ... 20  Next
АвторПорака
batbayan
Модератор
Модератор
avatar

Број на мислења : 1410
Age : 31
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
11 / 10011 / 100

Registration date : 2008-06-11

ПишувањеПредмет: Re: Други новости во врска со Тоше   Пет Окт 17, 2008 11:54 am

Постојано се интересираше за нова музика

Го запознав кога почна нашата врска со сестра му Дори. Имаше осум години и беше многу мирно, тивко и срамежливо дете. Во мене гледаше постар брат,вели Ристески


Во својот зет гледал постар брат: Тоше (десно) на осумгодишна возраст со Славен и Дори (лево) и нивното друштво на излет

Растргнат помеѓу тагата и болката и многубројните семејни обврски, Славен Ристески по смртта на Тоше, достоинствено ги извршуваше сите проекти поврзани со продолжувањето на неговото дело. Зетот на починатата ѕвезда одбра да живее и да работи од сенка, без намера да се експонира иако беше единствената нитка што ја поврзува јавноста со семејството Проески. Првпат зборува за поинтимните спомени што го врзуваат за Тоше.

- Го запознав кога почна нашата врска со сестра му Дори. Имаше осум години и беше многу мирно, тивко и срамежливо дете. Во мене гледаше постар брат. Тогаш имав клуб за кикбокс во Крушево. Тоше и сестра му секогаш доаѓаа да ме посетат и да ги гледаат тренинзите. Посака и тој да тренира. Уште на почетокот беше очигледно дека е многу талентиран. Тоа што ќе го научеше на тренинг, следниот пат го демонстрираше на подобар начин од мене - вели Ристески.

Славен е голем љубител на музиката, особено на хард рокот. Како момче низ Европа бил на концерти на светски познати групи како „Пинк флојд“, „Ајрон мејдн“ и „Скорпионс“.

- Кога ќе се вратев, Тоше се интересираше за доживувањата, а потоа следуваше неговото неизбежно прашање дали донесов нова музика. Ќе седневме заедно да ги преслушаме и да ги анализираме новите хитови. Го запознавав и го насочував кон музиката, особено кон хард рокот. Славен го придружуваше Тоше на неговите настапи од самите почетоци на кариерата. Тој му беше најголем критичар, водич, а ја имаше улогата и на телохраните;.

- Пред секој голем настан имаше желба да се појавам за да ме види и така да биде сигурен дека е се' во ред. Имавме и ритуал. Земавме два чифта ракавици и 30 минути пред почетокот на концертот имавме спаринг. Така се ослободуваше од стресот и сигурен излегуваше на сцената. Тоше често се консултирал со зетот за новите песни што ги создавал. Често ставовите им се поклопувале иако Славен настојувал во нумерите на Тоше да доминираат тапаните.

- Најмногу се изненадив кога ми ја пушти снимката на која мојот син Кристијан ја пее евровизиската „Лајф“. Не го препознав, а тој тогаш ми рече дека не сме свесни каков талент имаме и дека Кристијан е единствениот што може да го натпее. Потоа заедно ја снимија првата дует-нумера. Еден месец пред смртта Тоше ја направи „Мое малечко“ што ја отпеа со Кристијан. Композицијата ќе се најде и на англискиот албум. Тоа е засега се' што можам да кажам. За плановите околу сите композиции што ги создаде пред смртта е рано да се зборува - завршува Ристески.



http://dnevnik.com.mk/?itemID=9C9BB77816DE8845A130ED76B967004C&arc=1

_________________


Тој е горе во височините каде што и секогаш беше. Се наоѓа во темнина. Темнината сме ние, фановите кои чуваме една голема темнина во срцата, бидејќи него повеќе го нема. А на небото има само една сјајна звезда - Тоше, единствена сјајна ѕвезда која секогаш ќе остане да сјае
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
batbayan
Модератор
Модератор
avatar

Број на мислења : 1410
Age : 31
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
11 / 10011 / 100

Registration date : 2008-06-11

ПишувањеПредмет: Re: Други новости во врска со Тоше   Пет Окт 17, 2008 11:56 am

Имаше дарба за борачки вештини

Прашајте кој било спортист, секој ќе потврди дека се чувствува возвишено кога ќе ја слушне химната „Македонија навива за вас“. Тоше сакаше да не' мотивира, вели Недев



Едно од редовните свратилишта на Тоше Проески пред трагично да загине во Нова Градишка бил и карате-клубот „Работнички“, во кој со пријателот - врвниот каратист Дејан Недев - заедно ја вежбале оваа борачка вештина. Нивното другарство почнало непосредно пред снимањето на спотот „Ако ме погледнеш во очи“, а се запознале преку Оливер Ромевски, кој бил сценарист на клипот и го ангажирал Недев за совети околу борачкиот дел.

Недев вели дека Тоше веднаш ги совладал потребните потези поради претходното искуство со кикбоксот, а уште од првиот момент ја почувствувал неговата отвореност и веднаш се зближиле. По првата средба нивните контакти зачестиле, а секогаш кога имал слободно време, Тоше доаѓал заедно да тренираат.

- Тоше поседуваше еден од најважните елементи за борачките вештини: храброст. Тој воопшто не се плашеше да изведе опасен удар, а бидејќи беше природно „разгибан“, ножните удари ги изведуваше како вистински професионалец. Кога работевме на емисија за телевизија „МС“, за неколку дена совлада опасни удари и префрлања што ги изведе речиси подеднакво добро како што би ги извел и јас. Тоше имаше дарба за борачките вештини и многу ги сакаше - вели Недев. Каратистот појаснува дека Тоше бил вистински спортист и често изјавувал дека, ако не е музичар, сигурно би се занимавал со спорт.

- Неговиот спортски дух може да се почувствува во последната песна што ја сними - македонската навивачка песна. Беше инспириран да не' мотивира нас спортистите што ја претставуваме земјава во странство. Прашајте кој било спортист, секој ќе потврди дека се чувствува возвишено кога ќе ја слушне таа песна - вели Недев.

На заедничките тренинзи најчесто вежбале борбени комбинации и ситуациони вежби, а една од главните причини поради кои Тоше вежбал била одржувањето на кондицијата за многубројните настапи и концерти. Покрај стандардните вежби, тие понекогаш вежбале и со старите кинески оружја, бо-стап, нунчаки и тонфу. Недев вели дека Тоше толку добро ги имал совладано оружјата, па дури бил подобар од него во изведувањето на техниките.

Недев објаснува дека имале многу убави заеднички моменти и укажува дека со човек како Тоше е невозможно да нема интересни случки.

- По извесно време цел Капиштец дозна дека Тоше тренира во нашиот клуб. Луѓето што ги познавам од околината ми кажуваа дека навечер неговите обожавателки излегувале на терасите за да го гледаат како вежба. Набргу почнаа и да се собираат пред клубот, а некогаш имаше проблеми да си оти дома. Еднаш кога се собраа обожавателки околу клубот, на шега му реков дека би сакал барем на пет минути да бидам на негово место, а тој ми одговори дека можеби девојките се дојдени заради мене. Навистина беше многу скромен и навистина вонсериски срдечен за толку голема ѕвезда. Често ми велеше дека и моите успеси се важни колку и тоа што тој го прави за нашата држава - вели Недев. На крајот, познатиот каратист истакнува дека имале многу заеднички планови, како и тој за организирање ревијален кикбокс-турнир што, за жал, останал неостварен.

- Навистина ми е жал што се случи трагичниот настан, Тоше многу ми недостига, како што им недостига и на сите останати - завршува Недев.

Во одбрана на својот другар

Дејан вели дека никогаш не се случило Тоше во реалноста да примени некоја од техниките што ги вежбале. Сепак, во една ситуација за малку ќе настрадал еден од неговите другари.

- По едно вечерно излегување во кафулињата на Кејот на Вардар, еден од моите другари не' видел и решил на шега да не' исплаши. Тој се затрча кон нас, а не видовме за кого станува збор. Тоше изреагира место мене и за малку ќе го удреше мојот другар бидејќи помислил дека некој сака да ме нападне. Во последен момент успеав да го спречам да го удри и му кажав дека ми е другар - објаснува Недев.

На велосипед до Куманово и назад

Дејан вели дека Тоше бил упорен и многу решителен кога ќе науми нешто да направи.

- Пред околу две години кога се врати од некое патување, ми рече дека сака да купиме велосипеди за да возиме. Само што ги купивме, првиот ден се качивме до врвот на Водно. Иако едвај се искачивме, веднаш посака уште следниот ден да возиме за Куманово. Јас му реков дека треба да стекнеме малку кондиција, но тој инсистираше. Следното утро тргнавме по автопатот, а веднаш штом стигнавме до Куманово, без поголема пауза тргнавме назад. Пред влезот на Скопје бевме преморени и се фати за ретровизорот од џипот што не' следеше. Му реков дека по напорното возење мора да ги издржиме и овие неколку километри. Едвај успеавме да се качиме по скалите до мојот стан. Само што се одморивме и земавме душа, ми рече да направиме акција за да ги мотивираме луѓето да возат велосипеди и да организираме возење од Скопје до Крушево и назад. За жал, не успеавме да ја реализираме таа негова голема желба - истакнува Недев.

Лично го пречекал Илија Јорга

Една година во Македонија гостувал светски познатиот инструктор од Србија, Илија Јорга, а Тоше, кој уште од младоста слушнал за него, сакал да присуствува на семинарот.

- Тоше посака да го пречека инструкторот на аеродром и рече дека тоа ќе му биде голема чест. Прифатив и му кажав дека сигурно и нему ќе му биде мило. Кога пристигна инструкторот и кога виде дека Тоше го чека со својот приватен автомобил, не му се веруваше. Веднаш и се јави на ќерката во Белград за да и каже дека на скопскиот аеродром го пречекал Тоше Проески - нејзиниот омилен пејач. Иако не вежбаше, Тоше присуствуваше на семинарот - вели Недев.


http://dnevnik.com.mk/?itemID=BC50292B13C9964DB2177207337D04A1&arc=1

_________________


Тој е горе во височините каде што и секогаш беше. Се наоѓа во темнина. Темнината сме ние, фановите кои чуваме една голема темнина во срцата, бидејќи него повеќе го нема. А на небото има само една сјајна звезда - Тоше, единствена сјајна ѕвезда која секогаш ќе остане да сјае
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
batbayan
Модератор
Модератор
avatar

Број на мислења : 1410
Age : 31
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
11 / 10011 / 100

Registration date : 2008-06-11

ПишувањеПредмет: Re: Други новости во врска со Тоше   Пет Окт 17, 2008 12:01 pm

ЕНДИ РАЈТ, продуцент од лондон

Песните од англискиот албум и на филм

Бараме начин неговата музика да освои нови територии. Тоа што тој го создаде одговара да се слушне и во филмски проекти кои, пред се', ќе бидат полни со емоции, вели англискиот продуцент Енди Рајт


Рајт го споредува Тоше со познатите пејачи Андреа Бочели и Џон Бон Џови

Светски познатиот композитор и продуцент од Англија, Енди Рајт, кој соработуваше со Тоше Проески на англискиот албум, специјално допатува од Лондон за да присуствува на концертот одржан во спомен на починатата ѕвезда. Рајт беше присутен и на концертот на Проески што на Градскиот стадион во Скопје се одржа пред две години. Тогаш тој сфатил колку Тоше е голем уметник, а особено го импресионирал начинот на кој и' ги доближувал песните на публиката. Тоа било пресудно да почне нивната сериозна соработка. Бил убеден дека Тоше ќе стане светска ѕвезда.

* Кои беа Вашите впечатоци од првата средба со Тоше? Што прво забележавте кај него?

- Пред да дојде во Лондон за да се запознаеме, немав поим каква личност е. Кога првпат се сретнавме, на некој начин почна да се чувствува потребата од аудиција и таа се случи. Седна на пијано да свири, а потоа почна да пее. Бев импресиониран од начинот како се претстави себеси и својот глас. Но, тоа што веднаш го забележав кај него беше харизмата. Повеќе размислував за неговото присуство како личност која, едноставно, седеше покрај пијаното и зрачеше со неверојатна харизма. Сето тоа ме предизвика да се заинтересирам и да преземам чекори на некој начин да бидам вклучен во снимањето на неговиот албум на англиски јазик. Првиот чекор што се наметна како потреба беше да дојдам во Скопје и да го проследам неговиот концерт на Градскиот стадион во 2006 година. Тогаш сфатив дека Тоше е голем уметник, по начинот на кој и' ги доближуваше песните на публиката и како тие влијаеја врз неа. Многу добро ја паметам нашата прва средба. Бидејќи никогаш не почнувам проект на долгорочна основа со некој што не го чувствувам на посебен начин како пејач и човек.

* Ја забележавте ли и неговата искрена душа полна со емоции што беше препознатлива во изведбата на песните и во комуникацијата со луѓето. Доблест што можеби не е предност во светската музичка машинерија.

- Да, секако. Тоа е начинот на кој ја искажувате музиката во овие области. Сум работел многу години со Џана Нанини во Италија и имам разбирање за нејзината изведба на музика. Таа не е многу поинаква од изведбата на Тоше, која изобилуваше со силни емоции. Познавајќи го овој стил музика, заклучив дека, секако, преку напорна работа, ќе добиеме интернационална публика. Мелодијата во неговите песни е многу силна.

* Верувавте ли дека ќе стане светска ѕвезда? Со кого го споредувавте?

- Апсолутно, навистина верувам дека Тоше имаше голема можност да ја освои публиката во целиот свет. Мислам дека неговиот глас беше потопол отколку тој на Андреа Бочели, а имаше и рок-духовност во стил на Џон Бон Џови. На некој начин тој беше некаде помеѓу овие два стила. Сепак, беше единствен и свој на посебен начин.

* Постои ли начин, со промоцијата на англискиот албум, европската или светската публика да слушне за него и за неговото творештво?

- Мислам дека сега е многу тешко тоа да се направи, но ќе се обидеме. Тоше беше комплетен уметник. Со своето тело и душа, истовремено беше најголема промоција за себе. Многу е тешко тоа да се случи поради фактот што не е меѓу нас. Но, во себе чувствувам нешто многу силно. Чувствувам дека постојат можности за Тоше. Не ме напушта надежта дека луѓето ќе имаат позитивен став кон тоа што го направивме и со тоа ќе се создаде можност со материјалот да се запознаат и на други територии. Сигурно е дека една или две песни ќе се најдат во некои посериозни филмови. Неговите нумери од англискиот албум најмногу одговараат за филмовите, на пример, на „Дизни“, но најмногу на тие што ќе бидат полни со емоции. Во секој случај, имаме песни што би напредувале во тој правец и засега треба само да гледаме напред и да видиме што ќе се случи. Можеби овој ќе биде правецот по кој ќе се движиме и ќе напредуваме понатаму .

* Има информации дека во Англија се планира снимање филм за Тоше. Имате ли некои сознанија за тоа?

- И јас го слушнав истото, но тоа нема врска со мене и не знам ништо повеќе за тоа. Ние имаме снимено многу материјали од нашата соработка и од тоа што заедно го создадовме. Но, тоа нема врска со информациите дека ќе се прави филм од тој материјал.

* Пред концертот бевте на гробот на Тоше, а се сретнавте и со неговите родители. Кое беше чувството што ве обзеде кога го посетивте неговиот гроб?

- Бев импресиониран од сцената што ја видов. Многу луѓе беа таму, палеа свеќи и оставаа многу негови фотографии на гробот. И јас го сторив истото. Запалив свеќа и оставив фотографија. И покрај тагата, во еден момент почувствував среќа што сум тука и што го посетив неговиот гроб. Родителите на Тоше ги запознав пред една година токму во Македонија. Жал ми е што сега со нив се видов во сосема нови околности.

ИНФО-Англиската врска

Енди Рајт е „англиската врска“ на Тоше, односно продуцентот со кој Проески почна да гради меѓународна кариера. Продуцентот, потпишан на албуми на „Симпли ред“ и „Јуритмикс“, бил импресиониран најмногу од харизмата на Тоше. Иако е тешко, вели дека постојат можности за светот да се запознае со делото на Проески и најавува дека дел од неговите англиски песни ќе се најдат во посериозни филмови. Рајт истакнува оти има многу снимени материјали со Тоше.

http://dnevnik.com.mk/?itemID=E530053D394E1C4BBC9B95A4C18DB530&arc=1

_________________


Тој е горе во височините каде што и секогаш беше. Се наоѓа во темнина. Темнината сме ние, фановите кои чуваме една голема темнина во срцата, бидејќи него повеќе го нема. А на небото има само една сјајна звезда - Тоше, единствена сјајна ѕвезда која секогаш ќе остане да сјае
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
batbayan
Модератор
Модератор
avatar

Број на мислења : 1410
Age : 31
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
11 / 10011 / 100

Registration date : 2008-06-11

ПишувањеПредмет: Re: Други новости во врска со Тоше   Пет Окт 17, 2008 12:05 pm

СИМОНА НЕГРИЕВСКА, БЛИСКА СОРАБОТНИЧКА НА ТОШЕ

За него пеењето беше како детска игра

Не познавам човек што толку уживаше и ја сакаше својата професија. Ги љубеше секој отпеан тон и напишан збор, вели Симона


Иако Симона не се експонираше во јавноста, таа последните пет години беше вклучена во сите аспекти на кариерата на Тоше

Симона Негриевска имаше значајна улога во кариерата на Тоше Проески изминативе четири години, но никогаш не се експонираше во јавноста. Го следеше на неговите настапи, присуствуваше во студијата додека ги снимаше песните, беше вклучена во организацијата на концертите. Симона, по долго размислување реши првпат да проговори за својот соработник и добар пријател и откри само мал дел од спомените за него.

- Почетокот на мојата соработка со Тоше и со Лилјана беа крајно неочекуван. Беше Божик кога ми се јави мојот прв братучед Огнен Неделковски. Ми рече дека има гости и не може многу да зборува, но го интересираше дали сум заинтересирана да почнам да работам. Ми откри само дека Лилјана и Тоше се кај него дома и дека работата ќе биде поврзана со нив. Без да се распрашам за што се работи, инстинктивно го прифатив предлогот за разговор. По само пет дена влегов во една машина и ја имав најубавата работа на светот. Со оглед на претходните работни искуства, бев шокирана од идиличната атмосфера на која наидов. Таа беше преполна со љубов, доверба, почитување, безрезервна поддршка - се сеќава Негриевска.

ПРЕМНОГУ ЈА САКАШЕ МУЗИКАТА

Симона истакнува дека изминативе години, без разлика дали е во Македонија или во странство, луѓето секогаш и' го поставувале истото прашање - што го прави Тоше толку посебен?

- Секогаш мојот одговор беше ист. Не познавам некој што повеќе ја сака и ужива во својата професија од Тоше. Некој што ги љуби секој тон и збор и кој е најсреќен кога е на сцена. Човек што пее со секој дел од својата душа, а енергијата ја полни кога најмногу им ја дава на своите фанови.

Негриевска никогаш нема да ги заборави моментите кога по првиот концерт на Тоше на Градскиот стадион во 2004 година, заминале во ресторан „со последните атоми сила“, да ги средуваат впечатоците.

- Тоше одеднаш стана од столот и реши да ни испее уште некоја песна. Бевме шокирани од неговата енергија. Како да му беше малку што повеќе од три часа пееше на стадион. Тоа го можеше само некој што премногу ја сака музиката.

ДА ДАВАШ Е МНОГУ ПОВОЗВИШЕНО

Кога менаџерката Лилјана Петровиќ поради обврските не била во можност да го следи на неговите настапи во странство, таа обврска ја преземала Симона.

- Еднаш се случи Тоше да пее повеќе од планираниот термин. Лилја постојано ми се јавуваше да ми каже дека е време да заврши концертот и дека морам да внимавам да не се премори и да не претера со пеење. Кога му дадов знак дека го пречекорил времето, ме погледна со искрен детски поглед, потоа ги склопи рацете и ми рече: „Само уште две песни!“. Беше невозможно да се прекине уживањето, рамно на детска игра. Токму во тие мигови Тоше и неговиот бенд решија да отсвират и отпеат уште некоја песна. Лилјана едноставно замижа на нашите ситни лаги дека концертот почнал подоцна и затоа траел повеќе од предвиденото време.

Симона открива дека при прославата на неговиот роденден, многу повеќе се радувал и уживал кога ги пеел омилените песни на гостите, отколку кога ги отворал подароците.

- Тој секогаш велеше: „Да даваш е многу повозвишеноотколку да примаш“.Симона го опишува Тоше како голем професионалец и перфекционист, кој во студиото, додека ги снимал песните, го давал својот максимум во секоја отпеана нота.

- Кога композиторите и продуцентите беа сигурни дека ја отпеал совршената линија, тој сметаше оти може да го направи тоа уште подобро. Веруваше дека следниот пат ќе испее посовршено отколку претходниот. Уморот кај сите нас го разбиваше кажувајќи ни виц или шега. А потоа пак сите ги ставаше на маки да го одбираат најсовршеното меѓу совршеното. И уживаше во тоа. Каде и да бил присутен, секој миг го користел да запее. Често се случувало при патувањата да застанат на првиот паркинг за да им ја пушти и да им ја отпее новата песна на другите од бендот.

- Неговиот глас одѕвонуваше секогаш и секаде, во телевизиските студија пред да почне снимањето на емисијата, на аеродромите, во хотелските соби - завршува Негриевска.



http://dnevnik.com.mk/?itemID=EBAAC4BD08AC0C49A9CD3E7F5E572A34&arc=1

_________________


Тој е горе во височините каде што и секогаш беше. Се наоѓа во темнина. Темнината сме ние, фановите кои чуваме една голема темнина во срцата, бидејќи него повеќе го нема. А на небото има само една сјајна звезда - Тоше, единствена сјајна ѕвезда која секогаш ќе остане да сјае
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
Tanja
Член
Член
avatar

Број на мислења : 593
Age : 29
Локација : Skopje, Makedonija
опис: : TOSE TE SAKAME I KE TE SAKAME ZASEKOGAS!
Репутација :
2 / 1002 / 100

Registration date : 2008-06-06

ПишувањеПредмет: Re: Други новости во врска со Тоше   Пет Окт 17, 2008 1:34 pm

http://dnevnik.com.mk/?itemID=DB2A1BC8E7B42F40B956A3416EC167FB&arc=1

batbayan Ostata statija veke ja ima pod br. 16
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://www.tose-mk.forumakers.com
emi
Член
Член
avatar

Број на мислења : 86
Локација : skopje
Репутација :
0 / 1000 / 100

Registration date : 2008-06-21

ПишувањеПредмет: Re: Други новости во врска со Тоше   Пет Окт 17, 2008 5:36 pm

neznam dali slusnavte ali vcera na hrvatska rekoa deka Makedonija ke go proglasela tose za svetec
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
Tvojata senka
Модератор
Модератор
avatar

Број на мислења : 1001
Age : 29
Локација : РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
опис: : ОПАСНО ПО ЖИВОТ
Репутација :
9 / 1009 / 100

Registration date : 2008-04-15

ПишувањеПредмет: Re: Други новости во врска со Тоше   Пет Окт 17, 2008 6:23 pm

Свашта

_________________
I kept you, my love
Within a blink of an eye
Kept you forever
Heroes never die
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
emi
Член
Член
avatar

Број на мислења : 86
Локација : skopje
Репутација :
0 / 1000 / 100

Registration date : 2008-06-21

ПишувањеПредмет: Re: Други новости во врска со Тоше   Пет Окт 17, 2008 11:43 pm

zasto svasta?????
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
Tvojata senka
Модератор
Модератор
avatar

Број на мислења : 1001
Age : 29
Локација : РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
опис: : ОПАСНО ПО ЖИВОТ
Репутација :
9 / 1009 / 100

Registration date : 2008-04-15

ПишувањеПредмет: Re: Други новости во врска со Тоше   Саб Окт 18, 2008 1:14 am

emi напиша:
zasto svasta?????
Зошо Хрватите се праат дека се знаат...зашо ме нервираат ...
Кој кажал официјално нешо такво....никој
Коа ќе биде и ако треба да биде- ќе биде...
А не, они сеа тука вадат триста муабети...

_________________
I kept you, my love
Within a blink of an eye
Kept you forever
Heroes never die
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
batbayan
Модератор
Модератор
avatar

Број на мислења : 1410
Age : 31
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
11 / 10011 / 100

Registration date : 2008-06-11

ПишувањеПредмет: Re: Други новости во врска со Тоше   Саб Окт 18, 2008 9:57 am

ТОШЕ ПРОЕСКИ



Музиката на поп-иконата ќе донесе половина милион евра

Вредноста на музичката оставина на Тоше Проески во наредните десет години се проценува приближува на половина милион евра. Во тој износ се пресметани сите негови авторски права како композитор и изведувачки права како пејач на подрачјето на цела бивша Југославија, каде што трагично починатиот македонски пејач навистина беше најголема млада поп-ѕвезда, пишува хрватски „Јутарњи лист“.

Тука се вклучени и дискографските права и заработувачка која ќе ја остварат издавачите на неговите досегашни цедеа и идни компилации, кои во следните две години би требало да се најдат на музичките пазари во регионов и во светот. „Може да биде повеќе или помалку, тешко е сега да се каже, но ако споредиме што постигна Тоше до својата смрт и ако сметаме на многу активната улога на Фондацијата која се грижи за заштита на неговиот лик и дело и која допрва во идните години треба да профункционира, во тој случај, споменатата сума би можела навистина да биде оправдана“, изјави Лилјана Петровиќ, напоменувајќи дека сите музички права на Тоше ги наследува неговото семејство.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=84843D6748C23543AF8C3AEE2902FE46

_________________


Тој е горе во височините каде што и секогаш беше. Се наоѓа во темнина. Темнината сме ние, фановите кои чуваме една голема темнина во срцата, бидејќи него повеќе го нема. А на небото има само една сјајна звезда - Тоше, единствена сјајна ѕвезда која секогаш ќе остане да сјае
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
batbayan
Модератор
Модератор
avatar

Број на мислења : 1410
Age : 31
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
11 / 10011 / 100

Registration date : 2008-06-11

ПишувањеПредмет: Re: Други новости во врска со Тоше   Саб Окт 18, 2008 10:02 am

Песните на Тоше за 10 години ќе донесат половина милион евра

Вредноста на песните што ги отпеа и ги остави зад себе македонската легенда Тоше Проески, за десет години се проценува на половина милион евра, пишува хрватскиот весник „Јутарњи лист“. Во тој износ се вклучени и неговите авторски права како композитор и изведувач на просторите на поранешна Југославија, каде што Проески беше голема ѕвезда.

Оваа сума ги опфаќа и дискографските права, како и заработката што ќе ја остварат издавачите на неговите досегашни цедиња, како и на компилациите што во наредните две години ќе бидат издадени. Со оглед на фактот што наскоро на пазарот треба да се појави и албумот на англиски јазик, а се планира и промоција на песните што Тоше ги направи пред својата смрт, вредноста на неговите дела може да биде и поголема од половина милион евра.


http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=9EAFE7D2...0716DB287C5D77C

_________________


Тој е горе во височините каде што и секогаш беше. Се наоѓа во темнина. Темнината сме ние, фановите кои чуваме една голема темнина во срцата, бидејќи него повеќе го нема. А на небото има само една сјајна звезда - Тоше, единствена сјајна ѕвезда која секогаш ќе остане да сјае
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
batbayan
Модератор
Модератор
avatar

Број на мислења : 1410
Age : 31
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
11 / 10011 / 100

Registration date : 2008-06-11

ПишувањеПредмет: Re: Други новости во врска со Тоше   Саб Окт 18, 2008 6:41 pm

Prošlo je godinu dana otkako je Toše poginuo. Vozio se u Zagreb potpisati turneju. Pokopali su ga uz najveće državne počasti u Makedoniji

Ispis obuhvaća Tošine pozive i SMS-ove posljednjih 16 dana života. Toliko je dana Toše Proeski doživio u listopadu 2007.
- Istina je, tražila sam ispis Tošinog mobitela. Napravila sam to zbog Tošine obitelji i sebe - kaže Tošina menadžerica Ljiljana Petrović. Iz ispisa je vidljivo da poziva i SMS-ova prema Adrijani Budimir nema. “Anđele moj, volim te. Anđele, nedostaješ mi, princezo moja. Ti si moja potpora”, poruke su koje je navodno Toše tih dana slao djevojci Andrijani.
- Stvarno ne znam zašto ona to radi. Toj djevojci ja ne želim nikakvo zlo. Neka je živa i zdrava, ali neka živi svoj život - kaže.
Na godišnjicu Tošine smrti u njegovu rodnom Kruševu bit će misa u sedam sati: - A poslije ćemo na.. znate već - zamucala je Ljiljana mislivši na Tošin grob. Tu riječ nije mogla izgovoriti. Tošini roditelji još ne mogu razgovarati o tragično poginulom sinu.
Ne pale televizor kako ne bi čuli njegov glas. Žive za odlaske na njegovo posljednje počivalište.
- Oni se ne drže nikako. Zamislite kako je majci koja ga je odgojila - zaključuje Ljiljana.


Ке може ли некоj да го преведе на македонски ?
Наjдов го во 1 форум

_________________


Тој е горе во височините каде што и секогаш беше. Се наоѓа во темнина. Темнината сме ние, фановите кои чуваме една голема темнина во срцата, бидејќи него повеќе го нема. А на небото има само една сјајна звезда - Тоше, единствена сјајна ѕвезда која секогаш ќе остане да сјае
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
batbayan
Модератор
Модератор
avatar

Број на мислења : 1410
Age : 31
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
11 / 10011 / 100

Registration date : 2008-06-11

ПишувањеПредмет: Re: Други новости во врска со Тоше   Саб Окт 18, 2008 6:59 pm

Toše ipak neće biti svetac!
Tošini roditelji su željeli skroman spomen, pa je u kruševskoj crkvi održana liturgija, a zatim su njegovi najbliži otišli na groblje...


Prošla je godina dana od kada je u saobraćajnoj nesreći život izgubio Toše Proeski, jedan od najboljih muških glasova Balkana. Porodica mladog pjevača tražila je da se, osim crkvenih obreda, ne organizuju nikakve druge aktivnosti. Pojedinci traže da se Toše proglasi svecem. Ipak, to se, barem prema tvrdnjama svećenstva, neće skoro dogoditi.

U glavnom gradu Makedonije, Skopju, ali i širom Balkana, poštovatelji Toše Proeskog palili su sveće u čast poginulog pevača. Jučer ujutro u 06 sati i 20 minuta, točno kada je u blizini Nove Gradiške prije godinu dana poginuo Toše Proeski, sa stadiona NK Sloga u Novoj Gradiški počeo je ultramaraton u organizaciji Atletskog saveza Makedonije, Fondacije „Toše Proeski“ i Delta kluba maratonaca iz Skopja, kojim je obielježena godišnjica smrti pjevača.
Proeski je puno značio Makedoncima i Makedoniji, pa je zbog toga makedonska pravoslavna crkva čak razmatrala mogućnost da ga proglasi svecem. Ipak, to neće biti moguće, barem kako tvrde srpski i makedonski svećenici.
Prema tvrdnjama Srpske pravoslavne crkve, postoje brojni faktori koji utječu na to da neko postane svetac.
- Postoje slučajevi iz povijesti da je neko proglašen svecem već nekoliko godina poslje smrti, ali to određuje Sabor, a ne pojedinac. Prvenstveno se gleda koliko je bio posvećen Kristu, nakon toga čuda koja su se dešavala za života i na grobu, pa se poslje 20-30 godina iskopavaju kosti, i ukoliko ne trule, ta osoba se proglašava svecem. Ne znam po kojoj osnovi žele proglasiti Proeskog svecem, pošto uglavnom to postaju monasi, svećenici i mučenici - objašnjavaju u Patrijohiji.
Slično viđenje ima i svećenik Dragi Konstatinovski iz Makedonije, koji kaže da trenutno nema osnove da se Toše proglasi svecem.
- Postoje neka pravila koja se moraju poštivati da bi netko postao svetac. Iako je tragično poginuo, on nije mučenik.


Ке може ли превод на ова: Kanonizaciju treba uraditi Sabor, a pojedinci koji daju izjave suprotne tim pravilima iznose samo svoj lični stav, a ne stav Crkve - objašnjava Konstatinovski za „24 sata“.

Доколкото разбрав Тоше нема да го прогласjат за светец, ама какво вика свештеникот не разбрав !

_________________


Тој е горе во височините каде што и секогаш беше. Се наоѓа во темнина. Темнината сме ние, фановите кои чуваме една голема темнина во срцата, бидејќи него повеќе го нема. А на небото има само една сјајна звезда - Тоше, единствена сјајна ѕвезда која секогаш ќе остане да сјае
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
batbayan
Модератор
Модератор
avatar

Број на мислења : 1410
Age : 31
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
11 / 10011 / 100

Registration date : 2008-06-11

ПишувањеПредмет: Re: Други новости во врска со Тоше   Нед Окт 19, 2008 8:44 am

Кому песните на Тоше ќе донесат 500.000 евра?

Вредноста на песните што ги отпеа и ги остави зад себе македонската легенда Тоше Проески, за десет години се проценува на половина милион евра, пишува хрватскиот весник Јутарњи лист.

Во тој износ се вклучени и неговите авторски права како композитор и изведувач на просторите на поранешна Југославија, каде што Проески беше голема ѕвезда.

Оваа сума ги опфаќа и дискографските права, како и заработката што ќе ја остварат издавачите на неговите досегашни цедиња, како и на компилациите што во наредните две години ќе бидат издадени. Со оглед на фактот што наскоро на пазарот треба да се појави и албумот на англиски јазик, а се планира и промоција на песните што Тоше ги направи пред својата смрт, вредноста на неговите дела може да биде и поголема од половина милион евра.

Но, колкава сума навистина може да ја добие неговото семејство, како единствените наследници на неговото дело, тешко е да се каже, особено во земја во која не функционираат законите за заштита на правата на уметниците. Со оглед дека Тоше во најголем дел од песните не е автор, тантиемите од нив одат кај композиторите и текстописците. Но, правата за изведба – изведувачките права од вртење песни и спотови, како и механичките права – од продажба на дискови, никој не смее да му ги оспори.

За жал, иако постојат иницијативи хаосот во државата во тој дел еднаш за секогаш да се среди, се уште нема сериозна желба за такво нешто. Од другата страна, од Хрватска, уште лани, Тоше беше рангиран меѓу десетте највртени изведувачи, па одговорните од тамошните институции за оваа проблематика се распрашуваа каде можат да ги достават средствата кои тој ги заработи.

Ќе се случи ли тоа наскоро во Македонија, тешко е да се процени. Ако, кај водечките структури во власта, постои вистинската почит кон делото на Тоше и на неговите колеги, проблемот ќе биде решен. Но, ако се уште најмногу ги интересира неговиот лик, за нивното лично користење и собирање поени, тогаш секоја дискусија е беспотребна.

Иако, навистина е поразително што семејството нема никаква апанажа од делото на својот легендарен син. Тоа ниту за микрон не би ја ублажило нивната болка, која стана колективна македонска и балканска, но, Тоше загина за песна, за професијата, на службен пат... Затоа семејството мора и во пракса да ги наследи сите права кои нему му припаѓаа!




http://mmm.com.mk/?ItemID=476C2B34B64E1345B4732D5F3DA07ECC

_________________


Тој е горе во височините каде што и секогаш беше. Се наоѓа во темнина. Темнината сме ние, фановите кои чуваме една голема темнина во срцата, бидејќи него повеќе го нема. А на небото има само една сјајна звезда - Тоше, единствена сјајна ѕвезда која секогаш ќе остане да сјае
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
LudaMala
Супер Модератор
Супер Модератор
avatar

Број на мислења : 1483
Age : 35
Локација : Олимпијски град
опис: :
Репутација :
5 / 1005 / 100

Registration date : 2008-05-21

ПишувањеПредмет: Re: Други новости во врска со Тоше   Нед Окт 19, 2008 12:39 pm

http://www.pressonline.rs/page/stories/sr.html?id=49351&sectionId=41&view=story

И шта им вриједе све те паре сада?

_________________
Dynamic Glitter Text Generator at TextSpace.net
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
Tanja
Член
Член
avatar

Број на мислења : 593
Age : 29
Локација : Skopje, Makedonija
опис: : TOSE TE SAKAME I KE TE SAKAME ZASEKOGAS!
Репутација :
2 / 1002 / 100

Registration date : 2008-06-06

ПишувањеПредмет: Re: Други новости во врска со Тоше   Нед Окт 19, 2008 1:36 pm

LudaMala напиша:
http://www.pressonline.rs/page/stories/sr.html?id=49351&sectionId=41&view=story

И шта им вриједе све те паре сада?


Nisto ne vazno sega i vredno kolku eden zivot i nisto nemoze da ni go vrati TOSE ZLATO!
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://www.tose-mk.forumakers.com
rozeta193
Успешен Член
Успешен Член
avatar

Број на мислења : 1334
Локација : МАКЕДОНИЈА
опис: : ТОШЕ ФАН
Репутација :
3 / 1003 / 100

Registration date : 2008-05-17

ПишувањеПредмет: Re: Други новости во врска со Тоше   Нед Окт 19, 2008 2:41 pm


Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
aleksandra
Активен
Активен
avatar

Број на мислења : 1601
Age : 34
опис: : R.I.P. TOSE
Репутација :
18 / 10018 / 100

Registration date : 2008-05-23

ПишувањеПредмет: Re: Други новости во врска со Тоше   Нед Окт 19, 2008 3:27 pm

Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
LudaMala
Супер Модератор
Супер Модератор
avatar

Број на мислења : 1483
Age : 35
Локација : Олимпијски град
опис: :
Репутација :
5 / 1005 / 100

Registration date : 2008-05-21

ПишувањеПредмет: Re: Други новости во врска со Тоше   Нед Окт 19, 2008 11:57 pm


_________________
Dynamic Glitter Text Generator at TextSpace.net
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
aleksandra
Активен
Активен
avatar

Број на мислења : 1601
Age : 34
опис: : R.I.P. TOSE
Репутација :
18 / 10018 / 100

Registration date : 2008-05-23

ПишувањеПредмет: Re: Други новости во врска со Тоше   Пон Окт 20, 2008 1:19 am

ова мислам дека е постаро...а и пишува дата 10/11/2007...зборови во празно ти се ова...
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
cherry
Администратор
Администратор
avatar

Број на мислења : 1127
Age : 36
Локација : Далеку од тебе
Репутација :
6 / 1006 / 100

Registration date : 2008-05-02

ПишувањеПредмет: Re: Други новости во врска со Тоше   Пон Окт 20, 2008 2:28 am

ОСТАВШТИНАТА НА МУЗИЧКАТА ЛЕГЕНДА

Тоше зад себе остави милиони

Музичката оставштина на Тоше Проески во наредните години ќе им донесе многу пари на неговите наследници. Фондацијата "Тоше Проески" и македонското Министерство за култура наскоро ќе ја објават конечната заработувачка остварена на концертот во Скопје, одржан на 5 октомври кога најголемите ѕвезди пееја во чест на најголемата македонска поп-ѕвезда која пред една година трагично го загуби животот. Заработената сума се проценува на околу 100.000 евра, а ќе биде уплатена во хуманитарни цели. Од музичкото наследство, како и авторските права се очекува наследниците на Тоше во наредните години да остварат милионска добивка.

Сосе долгоочекуваниот албум на англиски, сите тантиеми и авторски права од материјалите создадени во последните десет години оставштината на Тоше ќе биде најмалку половина милион евра. Тука се вклучени и дискографските права, како и заработувачката што ќе ја остварат издавачите на неговите досегашни албуми и идните компилации. Ако на овој износ се додадат и изведувачките права кои мораат да ги платат сите кои би ги изведувале хитовите на Тоше и наредните организирани акции кои се планираат еднаш годишно ширум екс-Југославија, тој износ дотолку се зголемува. Сите музички права, според најавите на неговата менаџерка Љиљана Петровиќ, ќе ги наследи семејството. Следно што треба да се појави на пазарот е англискиот албум, како и уште една песна "Се уште сонувам дека сме заедно".

www.vecer.com.mk
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://tose-mk.forumakers.com
LudaMala
Супер Модератор
Супер Модератор
avatar

Број на мислења : 1483
Age : 35
Локација : Олимпијски град
опис: :
Репутација :
5 / 1005 / 100

Registration date : 2008-05-21

ПишувањеПредмет: Re: Други новости во врска со Тоше   Пон Окт 20, 2008 3:05 am


_________________
Dynamic Glitter Text Generator at TextSpace.net
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
batbayan
Модератор
Модератор
avatar

Број на мислења : 1410
Age : 31
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
11 / 10011 / 100

Registration date : 2008-06-11

ПишувањеПредмет: Re: Други новости во врска со Тоше   Пон Окт 20, 2008 11:52 am

Продадени 750.000 поштенски марки со ликот на Тоше a1 com mk

Македонска пошта донираше околу 400 илјади денари на меѓународната фондација „Тоше Проески“, од продажбата на филателистичкиот материјал, кој го носи ликот на прерано починатиот музичар.

Македонска пошта во декември лани издаде милион поштенски марки со ликот на Тоше Проески, 47 илјади разгледници и околу 100 илјади коверти.

Заклучно со август годинава се продадени 750 илјади поштенски марки, близу 25 илјади разгледници и 67 илјади коверти со ликот на Тоше.

Се очекува преостанатиот филателистички материјал да биде продаде до крајот на годинава, а средствата наменети за зачувување на ликот и делото на тоше Проески, ќе бидат донирани во меѓународната Фондација „Тоше Проески“.

_________________


Тој е горе во височините каде што и секогаш беше. Се наоѓа во темнина. Темнината сме ние, фановите кои чуваме една голема темнина во срцата, бидејќи него повеќе го нема. А на небото има само една сјајна звезда - Тоше, единствена сјајна ѕвезда која секогаш ќе остане да сјае
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
batbayan
Модератор
Модератор
avatar

Број на мислења : 1410
Age : 31
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
11 / 10011 / 100

Registration date : 2008-06-11

ПишувањеПредмет: Re: Други новости во врска со Тоше   Пон Окт 20, 2008 12:06 pm

ОСТАВШТИНАТА НА МУЗИЧКАТА ЛЕГЕНДА


Тоше зад себе остави милиони


Музичката оставштина на Тоше Проески во наредните години ќе им донесе многу пари на неговите наследници. Фондацијата "Тоше Проески" и македонското Министерство за култура наскоро ќе ја објават конечната заработувачка остварена на концертот во Скопје, одржан на 5 октомври кога најголемите ѕвезди пееја во чест на најголемата македонска поп-ѕвезда која пред една година трагично го загуби животот. Заработената сума се проценува на околу 100.000 евра, а ќе биде уплатена во хуманитарни цели. Од музичкото наследство, како и авторските права се очекува наследниците на Тоше во наредните години да остварат милионска добивка.

Сосе долгоочекуваниот албум на англиски, сите тантиеми и авторски права од материјалите создадени во последните десет години оставштината на Тоше ќе биде најмалку половина милион евра. Тука се вклучени и дискографските права, како и заработувачката што ќе ја остварат издавачите на неговите досегашни албуми и идните компилации. Ако на овој износ се додадат и изведувачките права кои мораат да ги платат сите кои би ги изведувале хитовите на Тоше и наредните организирани акции кои се планираат еднаш годишно ширум екс-Југославија, тој износ дотолку се зголемува. Сите музички права, според најавите на неговата менаџерка Љиљана Петровиќ, ќе ги наследи семејството. Следно што треба да се појави на пазарот е англискиот албум, како и уште една песна "Се уште сонувам дека сме заедно".




http://vecer.com.mk/?ItemID=79F1DD3107F97C4A9AE745A8DFE4D41A

_________________


Тој е горе во височините каде што и секогаш беше. Се наоѓа во темнина. Темнината сме ние, фановите кои чуваме една голема темнина во срцата, бидејќи него повеќе го нема. А на небото има само една сјајна звезда - Тоше, единствена сјајна ѕвезда која секогаш ќе остане да сјае
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
batbayan
Модератор
Модератор
avatar

Број на мислења : 1410
Age : 31
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
11 / 10011 / 100

Registration date : 2008-06-11

ПишувањеПредмет: Re: Други новости во врска со Тоше   Пон Окт 20, 2008 12:12 pm

ОД ПРОДАЖБА НА ФИЛАТЕЛИСТИЧКИ МАТЕРИЈАЛ СО ЛИКОТ НА ТОШЕ
На фондацијата и се донирани 400.000 денари
Откако минатиот четврток низ целиот Балкан беше одбележана едногодишнината од трагичната смрт на македонската легенда Тоше Проески, следниот ден на меѓународната фондација „Тоше Проески“ и беа донирани околу 400.000 денари, средства кои се собрани од досегашната продажба на филателистичкиот материјал издаден од страна на „Македонска пошта“, а наменет за зачувување на ликот и на делото на Тоше Проески. Во периодот од декември минатата година, кога беше промовирана поштенската марка со неговиот лик, до август 2008 година се продадени околу 750.000 поштенски марки, околу 25.000 разгледници и 67.000 коверти со ликот на Тоше. Издавањето на овој филателистички материјал претставува дел од активностите насочени кон зачувување на ликот и на делото на прерано починатата македонска ѕвезда. Вкупниот тираж на поштенските марки изнесува еден милион примероци, а беа отпечатени и околу 47.000 разгледници и околу 100.000 коверти. Се очекува останатиот филателистички материјал од оваа серија да биде продаден со Нова година, по што и собраните средства од продажбата ќе и бидат донирани на меѓународната фондација „Тоше Проески“. Инаку, дваесет и шесте македонски маратонци постигнаа херојски подвиг. Тие вчера пристигнаа во Крушево, во чест на Тоше трчајќи 110 км од Нова Градишка до тука, за само 78 часа. Иако првично било предвидено да трчаат 950 км, заради нивна безбедност биле пренасочени по други регионални патишта, при што маршрутата се продолжила за повеќе од 200 км. Велат дека иако било напорно, бидејќи воопшто не спиеле трчале и дење и ноќе, ги водела мислата дека тоа го прават за човекот што ги сакаше сите. Испомешани чувства на радост, дека успеаја во маратонот и огромна тага за смртта на Тоше, денеска не можеа да ги запрат солзите при пристигнувањето на неговиот гроб. Во Крушево ги пречека меѓународната фондација „Тоше Проески“, чиј извршен директор Андреј Николовски истакна дека овој ултрамаратон низ сите држави бил поддржан од обожавателите на Тоше. Се планира тој во иднина да стане традиционален.


Самоиницијативен коментар на Српската патријаршија


Бидејќи Тоше многу им значи на милиони луѓе кои се поклонуваат на неговата духовност, добрина и сторени добри и хумани дела, Македонската православна црква (МПЦ) ја разгледува можноста да го прогласи за светец. И иако МПЦ се уште не се изјаснила конечно, во петокот, без воопшто да бидат прашани, самоиницијативно се огласија претставници од Српската патријаршија.
- Во историјата постојат случаи некој да биде прогласен за светец веќе неколку години по смртта, но тоа го одредува Соборот, а не поединци. Првенствено се гледа колку бил посветен на Исус Христос, потоа чудата кои се случувале за време на неговиот живот и на гробот, па дури по 20-30 година се ископуваат моштите, и доколку тие не се трули, таа личност се прогласува за светец - сама на себе си објаснила непрашаната Српската патријаршија.
Сепак, за овој феномен е задолжена Македонската православна црква, во чии рамки спаѓа и манастирот „Свето Преображение“ во Крушево, во чија изградба вложуваше Тоше, а сега вложуваат неговите фанови, и каде се поставени многу фотографии од Тоше пред кои луѓето како пред икони се молат, поклонуваат и прекрстуваат. Ва.Ѓ


http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=2&tabid=1&EditionID=1529&ArticleID=100639

_________________


Тој е горе во височините каде што и секогаш беше. Се наоѓа во темнина. Темнината сме ние, фановите кои чуваме една голема темнина во срцата, бидејќи него повеќе го нема. А на небото има само една сјајна звезда - Тоше, единствена сјајна ѕвезда која секогаш ќе остане да сјае
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
Sponsored content




ПишувањеПредмет: Re: Други новости во врска со Тоше   

Вратете се на почетокот Go down
 
Други новости во врска со Тоше
Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот 
Страна 5 of 20Отиди на страна : Previous  1, 2, 3, 4, 5, 6 ... 12 ... 20  Next

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
 :: Пишани и Електронски медиуми :: Новости-
Отиди до: