|
| | Други новости во врска со Тоше | |
|
+22poli_lee Ane stefi_18 emi lovetose LudaMala Tanjuska Sophia_2061 AlmostAnAngel marice zorana Eli batbayan Chris ElizaBeta cherry rozeta193 Tanja Tvojata senka bibe_tose grkovicvanja aleksandra 26 posters | |
Автор | Порака |
---|
Tanja Член
Број на мислења : 593 Age : 35 Локација : Skopje, Makedonija опис: : TOSE TE SAKAME I KE TE SAKAME ZASEKOGAS! Репутација : Registration date : 2008-06-06
| Предмет: Re: Други новости во врска со Тоше Нед Aвг 24, 2008 1:40 pm | |
| Чолa донира 5.000 евра во чест на Тоше!
Балканската музичка легенда Здравко Чолиќ донира 5.000 евра за изградбата на манастирот Свето Преображение во Крушево, дознава Дневник во својот најнов број. За големата љубов што Тоше ја чувствуваше кон овој манастир и за неговата желба што поскоро да се изгради, Чолиќ дознал при посетата на гробот на Проески во мај годинава. Здравко и Тоше се запознаа во 2002, кога македонската музичка ѕвезда настапи како специјален гостин на неговиот концерт. Голем обожавател на песните на Чолиќ е сестрата на Тоше. Таа има цела колекција од неговите изданија. Љубовта кон овој пејач му ја пренела и на својот брат – стои во статијата на Дневник.
Инаку, во Крушево вчера и денес масовно се слави верскиот празник Свето Преображение, што го градеше македонската гордост Тоше Проески заедно со своето семејство и со уште неколку други крушевчани. Маса луѓе од цел Балкан синоќа се слееа кон манастирот, кој се наоѓа неколку километри над Крушево, каде денес на пладне ќе се одржи големиот народен собир.
Досега секогаш улогата на домаќин на прославата на овој празник ја имаше Тоше, а отсега тоа ќе биде Фондацијата Тоше Проески. Се планираше и голем концерт со македонски музички имиња на истото место каде што секоја година пееше Тоше, но сепак таа идеја ќе ја реализираме од идната година, најави Славен Ристески, зетот на Тоше и претставник на фондацијата Тоше Проески.
Асфалтираниот пат кој го финансираше Владата е готов но ќе се пушти на 23. август, заради обврските на официјалните лица кои треба да присуствуваат на свеченото отворање, соопштија од фондацијата Тоше Проески. На свеченото отворање на патот кон манастирот ќе присуствува министерот за транспорт и врски Миле Јанакиевски, а се очекуваа и присуството на премиерот Никола Груевски.
http://www.mmm.com.mk/?ItemID=EB9B8C9805D49F47BD50B92BD84CC1E7 www.mmm.com.mk | |
| | | bibe_tose Член
Број на мислења : 614 Репутација : Registration date : 2008-04-20
| Предмет: Re: Други новости во врска со Тоше Пон Aвг 25, 2008 10:29 pm | |
| bravo i sekoja cest za ZDRAVKO COLIC | |
| | | cherry Администратор
Број на мислења : 1127 Age : 42 Локација : Далеку од тебе Репутација : Registration date : 2008-05-02
| Предмет: Re: Други новости во врска со Тоше Вто Aвг 26, 2008 5:46 am | |
| Чолиќ: Тоше можеше да ја достигне мојата популарност
Балканската музичка ѕвезда Здравко Чолиќ, во интервјуто за српскиот весник „24 часа“, вели дека е многу тешко да се прогнозира дали некој од младите популарни пејачи може да достигне толку долга кариера како неговата. Според него, треба да поминат 10-15 години луѓето да го оценат квалитетот на нивната работа и на албумите што ги создаваат. Како единствен свој наследник го наведува Проески, за кого изјави: Мислам дека малиот Тоше можеше да ја достигне таа популарност - рече Чолиќ за весникот „24 часа“.Српскиот пејач ја потврди информацијата што ја објави „Дневник“ дека донирал 5.000 евра за манастирот „Св. Преображение“ во Крушево. Да, дадов мала сума за црквата што тој толку многу сакаше да ја изгради - рече познатиот изведувач.Чолиќ веќе размислува за својот нов проект. На него ќе соработува со својот голем пријател Горан Бреговиќ. Поради концертните ангажмани, мали се шансите тој да биде продуцент на цедето, но сигурно ќе има улога барем на советник.
www.dnevnik.com.mk | |
| | | Eli Модератор
Број на мислења : 416 Локација : Skopje, Makedonija опис: : СЛУШАЈ МЕ МЕНЕ Репутација : Registration date : 2008-04-14
| | | | zorana Член
Број на мислења : 780 Age : 31 Локација : РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА опис: : TOSEMANKA Репутација : Registration date : 2008-06-24
| Предмет: Re: Други новости во врска со Тоше Вто Aвг 26, 2008 2:39 pm | |
| | |
| | | marice Член
Број на мислења : 215 Репутација : Registration date : 2008-05-22
| Предмет: Re: Други новости во врска со Тоше Вто Aвг 26, 2008 3:44 pm | |
| TO ELI... | |
| | | AlmostAnAngel Нов Член
Број на мислења : 49 Репутација : Registration date : 2008-08-23
| Предмет: Re: Други новости во врска со Тоше Вто Aвг 26, 2008 4:20 pm | |
| Gospode Boze...pa mene toj Zdravko mi e najodvratniot covek na celata planeta :D | |
| | | Tanja Член
Број на мислења : 593 Age : 35 Локација : Skopje, Makedonija опис: : TOSE TE SAKAME I KE TE SAKAME ZASEKOGAS! Репутација : Registration date : 2008-06-06
| Предмет: Re: Други новости во врска со Тоше Пет Aвг 29, 2008 12:12 pm | |
| КолуМММна, 10. јуни 2008.
Александар Стојанов – Зорин: Тоше дефинитивно ги подигна стандардите на самиот врв
За мене таа наша славна, а претажна прикаска започна 97-мата година на некој од ТВ постерите на МРТВ. Видов едно младо момче кое самоуверено гледаше во камерата, имаше широка несекојдневна насмевка на лицето и пееше со глас и интерпретација каков кај нас немав никогаш чуено. Песната се викаше Пушти ме, чинам. Не беше Богзнае каква песна и продукција, впрочем беше онака, просечна, но јас барем, баш на таква песна, ако ми ја пренесат на моќен начин, знам дали е пејачот посебен или не. Знам, се сеќавам дека скокнав од фотељата и викнав - Гледајте го детево, запаметете го, ви тврдам, ова е голема работа, посебен е, Македонија немала ваков пејач. – Пријателите се сеќаваат за ова...
Истите тие сведоци ќе може да посведочат и дека беа скептици и ме загледаа демек, еве го пак овој, со неговите радикални примедби. Многу брзо се покажа дека тоа младо момче е и повеќе од тоа. Ете, тоа не е ни битно кога и како, некој од нас го имал првото искуство со единствениот и неповторлив македонски вокал. Битно е дека оттогаш, на музички план, историјата во Македонија, неповратно, се смени во дотогаш незамислив правец. Велат, ваков талент еден во педесет години се раѓал. Не сакам да претерувам, посебно не затоа што јас припаѓам на една сосема друга сцена, но не е вистина. Ако е така, пред педесет години ќе имавме таков пејач, но немаше. Верувајте, се работи за многу поредок случај. Ај да не кажувам на колку јас мислам дека се раѓа таков талент со толку широк спектар на доблести, ќе речете дека претерувам. Но, така е, факт.
Музички писмен, ритмички јак, широк распон, уникатно инпостиран глас, барата со боите на гласот како никој (па дури ни денес на запад), прави неверојатни гравури во интерпретацијата, се чувствува дека нон-стоп се менува и експериментира со стилот и впива како сунѓер се што ќе чуе, самоуверено и преталентирано се движи на сцена. Но, пред се, добро воспитан, патриот и верник воедно. Тоа, знаеме сите, не да е ретка појава во Скопје, туку можеби не ни постои таков пример. И навистина беше пример, за многу работи. Тоа можело да се случи само во поизолираните планински гратчиња од внатрешноста, така да биде воспитано едно момче. На тие места каде сеуште се во живот старите македонски вредности.
Јас и Дориан, мојот колега од нашата група немавме баш често прилика да комуницираме со него. Последниве години, Дориан, како главен инжењер за К.Л.С., на поголемите концерти во Македонија, а и на тие на Тоше Проески, имаше контакт, но чисто професионален, без многу муабет, но коментарите кои ги давал Дориан по тие концерти, а посебно тонските проби, беа навистина инспирирачки. Секогаш ќе кажеше Дориан - А бе, со него нема никаков проблем, како што има обично со другите пејачи. Доаѓа, испеува и си оди насмеан, а сето тоа со еден досега кај нас невиден професионален однос. Едноставно, Господ го допрел тоа дете со прстот и тоа е тоа. – А верувајте, Дориан не кажува лесно такви работи. А како инжењер во К.Л.С. има работено со најголеми светски фаци, додека работел по џез фестивали и други големи концерти, кај нас и на целиот Балкан.
Јас пак, имав само два три пати прилика да поразговарам со него и тоа телефонски и еднаш во живо и тоа по оној скандалозен скопски фестивал, во холот на Универзалната сала, кога победија Икс Икс Ел. Да бев јас, најверојатно ќе прснев од бес, а Тоше беше возбуден, но беше насмеан. Си велев, колку чудно, знае дека беше најдобар и дека штотуку имаше шанса да појде на Евровизија, а тој бесот со насмевка си го извади од себе?! Колку посебно!
А го запознав телефонски двеиљадитата година во јануар месец, малку пред фестивалот, кога сакавме со Дориан да му направиме песна. И му направивме, беше посебна, за него направена, многу сложена, само тој да може да ја испее. Но, не дојде до средба, а беше многу љубезен и воедно заинтересиран. Тогаш мислам дека имаше луфта од месец дена со своите менаџери, така чувме, дека беше накратко сам, можда беа афери, не знам?
Но, битно е дека набрзо се почувствува повторно присуството на неговите менаџери и продолжи забележливо со јавна дејност. И, не ја остваривме соработката. За жал, нормално. Така требало да биде, а се сеќавам, песната беше извонредна. Само Бог знае како ли ќе ја испееше тоа преталентирано момче.
Нејсе, до пред некој ден бев во Германија и кога ми беше досадно гледав ТВ. Го гледав финалето на Д.С.Д.С., германското Идол шоу. Верувајте, најдобрите двајца од 80 милионската нација не му беа дораснати ни до глуждовите. Во светски рамки ќе пројдеа, но споредувајќи го со Тоше, мое мислење е дека беа класи и класи под него. Си велам, што ли ќе станеше со нашиот Тоше да не се случеше таа несреќа чиишто последици од шокот сеуште, ни одалеку не се пројдени.
Кога можеше цела бивша СФРЈ да ја дигне на нозе, како ли ќе го прифатеа и колку ли егзотичен и харизматичен за кутрата и сиромашна со таленти западна Европа ќе беше? Никогаш нема да дознаеме, но сите ние со сигурност чувствуваме и знаеме длабоко во нас, дека ќе ја афирмираше Македонија како никој и дека неповратно секој ќе знаеше за него и неговата земја, колку и да не ќе им се допаднеше тоа на одредени западни сили и држави.
Ќе речете можеби дека јас можеби не би требало да се занимавам со оваа тема, со Тоше, поради мојата припадност на една сосема подруга сцена, но зошто да нема коментар и од еден малку подруг агол, нели?
Во секој случај тој постави граници на квалитет, а воедно и еден вид на репер на едно многу високо ниво. Постави многу високи стандарди и критериум, така што нема на следните изведувачи на македонска забавна музика да им биде баш лесно да го допрат тоа скалило, но Македонците се навикнати во историјата да имаат ретки и многу моќни модели по кои ќе се угледаат.
Ќе има многу имитирање и тоа најверојатно без поголем успех, но со текот на времето ќе сватат пејачите дека неговата големина како пример не е во тоа да биде ископиран, туку да се биде квалитетен, професионален и со широки познавања, како и самиот тој, неповторливиот Тоше Проески.
http://www.mmm.com.mk/?ItemID=4855CCC1EC897D4AA299FD97F3D4BC2D www.mmm.com.mk | |
| | | aleksandra Активен
Број на мислења : 1601 Age : 41 опис: : R.I.P. TOSE Репутација : Registration date : 2008-05-23
| Предмет: Re: Други новости во врска со Тоше Пет Aвг 29, 2008 1:44 pm | |
| Музички писмен, ритмички јак, широк распон, уникатно инпостиран глас, барата со боите на гласот како никој (па дури ни денес на запад), прави неверојатни гравури во интерпретацијата, се чувствува дека нон-стоп се менува и експериментира со стилот и впива како сунѓер се што ќе чуе, самоуверено и преталентирано се движи на сцена. Но, пред се, добро воспитан, патриот и верник воедно.... .... колку убаво напишано... ... ...Тоше ми фалиш најмногу... | |
| | | bibe_tose Член
Број на мислења : 614 Репутација : Registration date : 2008-04-20
| Предмет: Re: Други новости во врска со Тоше Пон Сеп 01, 2008 1:08 am | |
| | |
| | | batbayan Модератор
Број на мислења : 1410 Age : 38 Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми Репутација : Registration date : 2008-06-11
| Предмет: Музичкото средно училиште во Битола ќе се преименува во Тоше Проески Пон Сеп 01, 2008 2:03 pm | |
| Битола, 29 август (МИА) - Државното средно музичко училиште во Битола во иднина ќе го носи името на починатата македонска музичка ѕвезда Тоше Проески.
- Целото име на музичкото училиште ќе гласи „Тодор Тоше Проески“ со што е реализирано барањето на голем број граѓани, институции, ученици и наставници од ова училиште, изјави претседателката на Советот на Општина Битола, Лилјана Кузмановска.
Таа додаде дека барањето било поднесено до Советот на Општина Битола, по претходно пристигнати барања и потписи на граѓани.
- Поп-иконата своите први чекори во музиката ги почна токму во Битола, во насоката соло-пеење, истакна Кузмановска.
Именувањето на ова училиште е одобрено од Фондацијата „Тоше Проески“.
http://www.idividi.com.mk/vesti/makedonija/465337/index.html | |
| | | aleksandra Активен
Број на мислења : 1601 Age : 41 опис: : R.I.P. TOSE Репутација : Registration date : 2008-05-23
| Предмет: Re: Други новости во врска со Тоше Пон Сеп 01, 2008 4:49 pm | |
| | |
| | | bibe_tose Член
Број на мислења : 614 Репутација : Registration date : 2008-04-20
| Предмет: Re: Други новости во врска со Тоше Пон Сеп 01, 2008 5:52 pm | |
| da,ovaa odluka mislam deka odamna e prifatena. | |
| | | rozeta193 Успешен Член
Број на мислења : 1334 Локација : МАКЕДОНИЈА опис: : ТОШЕ ФАН Репутација : Registration date : 2008-05-17
| Предмет: Re: Други новости во врска со Тоше Пон Сеп 01, 2008 7:27 pm | |
| | |
| | | Sophia_2061 Нов Член
Број на мислења : 1 Репутација : Registration date : 2008-09-08
| Предмет: Средното музичко училиште во Битола ке го носи името на ТОШЕ ПРОЕСКИ Вто Сеп 09, 2008 9:17 pm | |
| Музичкото средно училиште во Битола ќе се преименува во Тоше Проески
Битола, 29 август (МИА) - Државното средно музичко училиште во Битола во иднина ќе го носи името на починатата македонска музичка ѕвезда Тоше Проески.
- Целото име на музичкото училиште ќе гласи „Тодор Тоше Проески“ со што е реализирано барањето на голем број граѓани, институции, ученици и наставници од ова училиште, изјави претседателката на Советот на Општина Битола, Лилјана Кузмановска.
Таа додаде дека барањето било поднесено до Советот на Општина Битола, по претходно пристигнати барања и потписи на граѓани.
- Поп-иконата своите први чекори во музиката ги почна токму во Битола, во насоката соло-пеење, истакна Кузмановска.
Именувањето на ова училиште е одобрено од Фондацијата „Тоше Проески“. | |
| | | Tvojata senka Модератор
Број на мислења : 1001 Age : 35 Локација : РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА опис: : ОПАСНО ПО ЖИВОТ Репутација : Registration date : 2008-04-15
| Предмет: Re: Други новости во врска со Тоше Вто Сеп 09, 2008 10:10 pm | |
| | |
| | | Tanja Член
Број на мислења : 593 Age : 35 Локација : Skopje, Makedonija опис: : TOSE TE SAKAME I KE TE SAKAME ZASEKOGAS! Репутација : Registration date : 2008-06-06
| Предмет: Re: Други новости во врска со Тоше Сре Сеп 10, 2008 12:11 pm | |
| TOSE TOA GO ZASLUZUVA A I MNOGU POVEKE ZLATO TE SAKAME | |
| | | batbayan Модератор
Број на мислења : 1410 Age : 38 Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми Репутација : Registration date : 2008-06-11
| Предмет: Re: Други новости во врска со Тоше Чет Сеп 11, 2008 11:37 am | |
| Дела од Мал битолски Монмартр на изложба за празникот
Детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј“ синоќа во Битола ја отвори изложбата „Бисери на малиот битолски Монмартр“. Изложбата се отвора во чест на Денот на независноста, 8 Септември.Во изложбените салони на Националната детска ликовна галерија, во Старата битолска чаршија, претставени се најуспешните творби од годинашната детска ликовна колонија. Тоа се дела инспирирани од старата градска архитектура во Битола, Охрид и во Крушево, како и мотиви од потпелистерското село Маловишта. Првпат годинава ќе недостигаат петнаесетина оригинални слики, кои беа откупени за време на хуманитарната аукција посветена на делото на Тоше Проески и изградбата на неговиот манастир во Крушево.
http://www.dnevnik.com.mk/?itemID=96E8059E3042CD4CBCC9237B90D97375&arc=1 | |
| | | Tanja Член
Број на мислења : 593 Age : 35 Локација : Skopje, Makedonija опис: : TOSE TE SAKAME I KE TE SAKAME ZASEKOGAS! Репутација : Registration date : 2008-06-06
| Предмет: Re: Други новости во врска со Тоше Пон Сеп 15, 2008 11:54 am | |
| Тоше, Калиопи, Тијана..., на летните хитови на Сити рекордс
Македонските пејачи Тоше Проески, Калиопи и Тијана Дапчевиќ со своите песни се дел од најновата CD колекција на Сити рекордс – Хитови лета 2008 – Summer Mix.
На CD-то на кое се наоѓаат вкупно 19 песни се антологиската тема на Тоше Проески – Игра без граница, како и дуетот со Антонија Шола – Волим осмијех твој, но и носечките композиции од последните проекти на Калиопи и на Тијана – песните Желим ти реќи и Неќу.
Остатокот на албумот содржи хитови кои ја одбележаа изминатава сезона – Нисам анѓео на Марија Шерифовиќ, Тихи убица на Јелена Карлеуша, Нема више циле-миле на Џогани & Миле Китиќ, Открит ќу ти тајну на Дино Мерлин, Кома на Магазин, Душа Сарајева на Црвена јабука..., и уште еден куп други, меѓу кои се песните на: Кнез, Сергеј Ќетковиќ, Жељко Самарџиќ, Амадуес бенд...
Освен на CD формат, песните од овој албум можат да се купат и како mp3-ки...
http://www.mmm.com.mk/?ItemID=F79CB37A5A3DB143B10D8CE20BE1C9CE www.mmm.com.mk | |
| | | batbayan Модератор
Број на мислења : 1410 Age : 38 Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми Репутација : Registration date : 2008-06-11
| Предмет: Re: Други новости во врска со Тоше Пон Сеп 15, 2008 2:27 pm | |
| Да ви прашам - нели штеше да се промовира 1 нова песна на Тоше, изполнена на србски или на хърватски на годишнината от смртта му. Некоj знае ли нешто около таа песна ? | |
| | | Tanja Член
Број на мислења : 593 Age : 35 Локација : Skopje, Makedonija опис: : TOSE TE SAKAME I KE TE SAKAME ZASEKOGAS! Репутација : Registration date : 2008-06-06
| Предмет: Re: Други новости во врска со Тоше Пон Сеп 15, 2008 4:55 pm | |
| http://vest.com.mk/default.asp?id=156930&idg=8&idb=2474&rubrika=%40ivot
Ovaa imformacija veke ja ima na: Tose snimil dva dueta so vnukot Kristijan! | |
| | | batbayan Модератор
Број на мислења : 1410 Age : 38 Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми Репутација : Registration date : 2008-06-11
| Предмет: Re: Други новости во врска со Тоше Пон Сеп 15, 2008 5:12 pm | |
| - Tanja напиша:
- http://vest.com.mk/default.asp?id=156930&idg=8&idb=2474&rubrika=%40ivot
Ovaa imformacija veke ja ima na: Tose snimil dva dueta so vnukot Kristijan! Jaс ja сложив таа информациjа прво тука, а некоj после мен ja е сложил и во Tose snimil dva dueta so vnukot Kristijan | |
| | | Tanja Член
Број на мислења : 593 Age : 35 Локација : Skopje, Makedonija опис: : TOSE TE SAKAME I KE TE SAKAME ZASEKOGAS! Репутација : Registration date : 2008-06-06
| Предмет: Re: Други новости во врска со Тоше Пон Сеп 15, 2008 7:59 pm | |
| - batbayan напиша:
- Tanja напиша:
- http://vest.com.mk/default.asp?id=156930&idg=8&idb=2474&rubrika=%40ivot
Ovaa imformacija veke ja ima na: Tose snimil dva dueta so vnukot Kristijan! Jaс ja сложив таа информациjа прво тука, а некоj после мен ja е сложил и во Tose snimil dva dueta so vnukot Kristijan Vo red jas samo kazav za da ne se povtoruva istata informacija. | |
| | | batbayan Модератор
Број на мислења : 1410 Age : 38 Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми Репутација : Registration date : 2008-06-11
| Предмет: Re: Други новости во врска со Тоше Вто Сеп 16, 2008 11:01 am | |
| САШО ТРИ ГОДИНИ Е САМОХРАН ТАТКО НА ДВЕ ДЕЦА Тешко е да се биде достојна замена за мајката Сашо е еден од 30.000 самохрани татковци во земјава, кој веќе три години сам го издржува своето семејство - 11-годишниот син и ќерката првоодделенец. Со платата која ја заработува како работник во еден чевларски дуќан, ги школува децата, ги прехранува и ги плаќа домашните сметки. Како самохран родител не добива никаква помош од државата. Грижата за децата главно е оставена на него, освен помошта која ја добива од неговата мајка и од мајката на неговата сопруга. Тој вели дека иако му е тешко, мора да биде достојна замена за улогата која ја има мајката во семејството иако е свесен дека тоа не е воопшто лесно. - Често останувам и прекувремено и за тоа време бабите се грижат за децата. Синот има 11 години, а ќерката 6 години. По смртта на мајката, ним им беше најтешко и не можеа никако да се помират со загубата. Особено ќерката која тогаш имаше само три години, постојано ја бараше за да заспие со неа. На почетокот и кажувавме дека мајка и е во болница и дека наскоро ќе се врати, но по извесно време моравме да и ја кажеме вистината. Се обидувам со разговор да им објаснам дека и покрај загубата животот мора да продолжи и дека нашето семејство не е ништо поразлично од останатите семејства - вели Сашо. Според податоците од Заводот за статистика, од 100.000 самохрани родители дури третина се самохрани татковци. Социјалните служби велат дека не го знаат точниот број на самохрани татковци затоа што тие не прават никаква разлика меѓу самохраниот татко и самохраната мајка, но напоменуваат дека улогата на таткото во семејството станува се позначајна. Според Законот за семејство, без разлика дали за децата се грижат мајката или таткото, родителите во вршењето на своите родителски права се еднакви. Самохраниот татко има право на редовна социјална помош само ако мајката од какви било причини ги напушти, но не и доколку таа почине. Иако бројот на самохрани татковци е толку голем, во земјава се уште не постои здружение или организација која ги штити нивните права. Тоа е единствено го прави Националниот совет на жени на Македонија, кој и оваа година го одбележува 14 септември, Светскиот ден на таткото. Манифестацијата која вчера требаше да се одржи во населбата Ново Лисиче на детската улица Тоше Проески е одложена поради лошите временски услови. Светскиот ден на таткото почнал традиционално да се одбележува секоја втора недела во септември во САД како своевиден одговор на одбележувањето на Денот на мајките. Традицијата ја зачнал Сонарис Март во чест на неговиот татко во 1910 година, а, пак, американскиот претседател Ричард Никсон во 1972 година официјално го прогласил како Меѓународен ден на татковците.
http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&ArticleID=98541&EditionID=1501 | |
| | | Tanjuska Нов Член
Број на мислења : 34 Age : 48 Репутација : Registration date : 2008-08-25
| Предмет: Re: Други новости во врска со Тоше Вто Сеп 16, 2008 2:18 pm | |
| http://www.mmm.com.mk/default.asp | |
| | | Sponsored content
| Предмет: Re: Други новости во врска со Тоше | |
| |
| | | | Други новости во врска со Тоше | |
|
Similar topics | |
|
| Permissions in this forum: | Не можете да одговарате на темите во форумот
| |
| |
| |
|