Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeLatest imagesБарајРегистрирајте сеВлез

 

 Други новости во врска со Тоше

Go down 
+22
poli_lee
Ane
stefi_18
emi
lovetose
LudaMala
Tanjuska
Sophia_2061
AlmostAnAngel
marice
zorana
Eli
batbayan
Chris
ElizaBeta
cherry
rozeta193
Tanja
Tvojata senka
bibe_tose
grkovicvanja
aleksandra
26 posters
Отиди на страна : Previous  1 ... 8 ... 12, 13, 14 ... 16 ... 20  Next
АвторПорака
emi
Член
Член
emi


Број на мислења : 86
Локација : skopje
Репутација :
Други новости во врска со Тоше - Page 13 Left_bar_bleue0 / 1000 / 100Други новости во врска со Тоше - Page 13 Right_bar_bleue

Registration date : 2008-06-21

Други новости во врска со Тоше - Page 13 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Други новости во врска со Тоше   Други новости во врска со Тоше - Page 13 I_icon_minitimeСре Мар 25, 2009 10:49 pm

taka be eliiiiiiiiiiiiiiiiiii dusooooooooooooooo
a koj den e utre znaes????????????
Вратете се на почетокот Go down
Eli
Модератор
Модератор
Eli


Број на мислења : 416
Локација : Skopje, Makedonija
опис: : СЛУШАЈ МЕ МЕНЕ
Репутација :
Други новости во врска со Тоше - Page 13 Left_bar_bleue6 / 1006 / 100Други новости во врска со Тоше - Page 13 Right_bar_bleue

Registration date : 2008-04-14

Други новости во врска со Тоше - Page 13 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Други новости во врска со Тоше   Други новости во врска со Тоше - Page 13 I_icon_minitimeЧет Мар 26, 2009 5:37 am

emi напиша:
taka be eliiiiiiiiiiiiiiiiiii dusooooooooooooooo
a koj den e utre znaes????????????

dada ahahahahhhha Други новости во врска со Тоше - Page 13 867319
Вратете се на почетокот Go down
batbayan
Модератор
Модератор
batbayan


Број на мислења : 1410
Age : 38
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
Други новости во врска со Тоше - Page 13 Left_bar_bleue11 / 10011 / 100Други новости во врска со Тоше - Page 13 Right_bar_bleue

Registration date : 2008-06-11

Други новости во врска со Тоше - Page 13 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Други новости во врска со Тоше   Други новости во врска со Тоше - Page 13 I_icon_minitimeЧет Мар 26, 2009 3:25 pm

ОТКАКО СУДОТ ЈА ПРОГЛАСИ ЕКСМЕНАЏЕРКАТА НА ТОШЕ ЗА ВИ­НОВ­НА, АНДРИЈАНА БУДИМИР НЕМА ДА БАРА ОТШТЕТА

Докажав дека Љиља лаже

"Тука застанувам. Сакав само да докажам кој ја зборува вистината, а кој лаже. Нема од­но­во да отворам рани и да се влечкам по судови", вели за "Вест" Андријана Будимир, по­ра­неш­на­та девојка на Тоше Проески, која ја тужеше за клевета неговата ексменаџерка Љи­ља­на Петровиќ. Адвокатот на Љиља најавува жалба на пресудата

"Не ја тужев Љиљана Петровиќ за пари. Сакав само да докажам кој ја зборува вистината, а кој не. Судењето беше културен начин да се утврди тоа. Немам намера да ја гонам за па­ри и да се влечкам понатаму по судови. Важно ми беше да си го вратам реномето", ни из­ја­ви вчера љубовта на покојниот Тоше Проески, задоволна дека Основниот суд Скопје 1 пресуди во нејзина корист и ја прогласи Петровиќ виновна за клевета. Таа тре­ба да плати казна од пет илјади евра.
Бу­ди­мир ја тужеше Петровиќ дека лани на 15 октомври, само ден пред годишнината од загинувањето на Проески, во едно од изданијата на Ти-порталот, како и на порталот на хр­ват­ски­от "24 сата", изјавила дека Андријана и Тоше воопшто немале комуникација пос­лед­ни­те 16 дена од неговиот живот. Таа извадила листинг од телефонските повици од службениот мобилен на покојната мега ѕвезда и им ги дала ден пред годишнината од неговата смрт на новинарите од хрватскиот "24 сата". Изнесените невистини, тврдеше во тужбата Бу­ди­мир, Петровиќ свесно ги темпирала на ден пред годишнината од трагичниот настан, со цел нејзе да $ напакости.
Бу­ди­мир, по пресудата во нејзина корист изречена од Судот, има право да повед­не граѓанска парница и да бара отштетно побарување колку што таа смета дека треба да добие од Љиља поради нанесената штета на угледот и на реномето.
"Ту­ка застанувам. Страшно за мене беше и ова - да одлучам да поднесам тужба. Но са­кав да $ ја затворам устата. Нема повторно отворање на раните. На оваа пресуда зас­та­ну­вам", одлучи вчера Будимир. Таа порачува дека никому нема да дозволи да $ ги валка спо­ме­ни­те на Тоше. "Само јас знам како ми е", вели Будимир.
Таа очекува "луѓето што имаат нешто да кажат, да се огласат по оваа судска одлука".
Ад­во­ка­тот на Љиља Данчо Николовски од Скопје вчера ни изјави дека иако не се слуш­нал со Љиљана Петровиќ за да $ ја соопшти пресудата која ја добил вчера од Судот, се­пак најави дека таа ќе биде обжалена во Апелациониот суд Скопје.
Љи­ља во текот на судењето се бранеше дека хрватските новинари случајно дознале за лис­тин­гот. "Во 'Национал ексклузив', неколку дена по смртта на Тоше, излезе интервју со Бу­ди­мир, во кое таа тврди дека Тоше возел до Хрватска граница таа кобна ноќ, па се сме­нил на совозачкото место, и дека $ се јавил од граница. Тоше ниту возеше до хрватска гра­ни­ца ниту се јави некому таа ноќ. Не напиша ни порака. Тој воопшто не возеше таа ноќ", об­јас­ну­ва­ше Петровиќ зошто $ бил потребен листингот од покојниот Тоше.


http://vest.com.mk/?ItemID=1C554EEBBC9B314B80B9B2BC0CBB6A71
Вратете се на почетокот Go down
batbayan
Модератор
Модератор
batbayan


Број на мислења : 1410
Age : 38
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
Други новости во врска со Тоше - Page 13 Left_bar_bleue11 / 10011 / 100Други новости во врска со Тоше - Page 13 Right_bar_bleue

Registration date : 2008-06-11

Други новости во врска со Тоше - Page 13 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Други новости во врска со Тоше   Други новости во врска со Тоше - Page 13 I_icon_minitimeПон Апр 06, 2009 10:13 am

РАЗГОВОР СО ДОРА РИСТЕСКА, СЕСТРАТА НА ТОШЕ ПРОЕСКИ

Ако е Божја волја,Кристијан нека оди по патот на Тоше

Немам сила повторно да се соочувам со сите успеси и разочарувања што брат ми ги помина во текот на својата кариера, но љубовта кон музиката кај син ми е преголема и ќе го поддржам во желбата да пее, вели Дора


Дора: Наша желба е да останеме сами со болката, но очигледно тоа е невозможно

Велат, со текот на времето човек учи да живее со болката предизвикана од голема трагедија и наоѓа начин да ги лекува раните. Но пораката на оваа стара изрека не може да се почувствува при посетата на семејството Проески. Се чини дека таму времето застанало на 16 октомври 2007 година, денот кога загина нивниот син. Се' е исто како и пред една и пол година. Тагата лебди во секој агол на домот, а тишината ја нарушува само детскиот џагор на Кристијан (11) и на Никола (5), децата на Дора, сестрата на Тоше. Видливо скршена од болка, додека зборува за него солзи и' се слеваат низ лицето. На моменти и' се губи гласот. Шест години постарата сестра на Тоше се' уште не може да поверува дека нејзиниот сакан брат повеќе го нема.

- Многу е тешко. Се трудиме да живееме, но никако не можеме да се помириме дека се случи таква трагедија во нашето семејство. Секогаш сме со мисла дека од некаде ќе се врати. Механички ги извршувам нештата. Одам на местото каде што е тој. Дури не можам да го наречам тоа место - негов гроб. По трагичниот настан не одам повеќе на работа. Не излегувам никаде, бидејќи секаде се слуша неговата музика. А јас не можам тоа да го издржам. На моите сега им требам најмногу. Затоа поголем дел од времето го минувам со нив.

* Како се твоите родители?

- Исто како и првиот ден кога се случи трагедијата. Одат двапати дневно на гробот на Тоше. Секоја вечер во 21 часот го палат кандилото во манастирот „Св. Преображение“, а потоа си доаѓаат дома. Сите денови се исти. А секој нов ден носи поголема тага.

ГО СУНУВААТ ВО ЦВЕЌЕ

* Во текот на изминативе една и пол година многу луѓе од Балканот и пошироко го посетуваа неговиот гроб, но доаѓаа и во вашиот дом. Како ги издржувавте тие мигови?

- Тоше ги сакаше луѓето, беше дружељубив и вратата на нашиот дом беше секогаш отворена за сите. Сакавме да ја продолжиме таа традиција и до пред извесно време ги пречекувавме сите што доаѓаа во домот на моите родители. Но, одеднаш ги изгубивме и последните атоми од силата, а здравјето на моите родители стана се' послабо. И денес доаѓаат луѓе на неговиот гроб, а потоа одат во манастирот „Св. Преображение“. Сите се тажни. Видливо е дека загубата на Тоше многу ги погодила.

* Што најчесто зборуваа за него?

- Некои од нив кои го познаваа се присетуваа на средбите со него. Други, пак, раскажуваа колку бил хуман и како им помогнал. Многу од нив зборуваа дека им се појавил на сон и ни ги раскажуваа соништата. До неодамна ги запишував во посебна тетратка речиси сите нивни соништа. Претежно го сонуваат во убава ливада со многу цвеќиња. Во два случаја, на луѓето што го сонувале им порачал дека неговото вечно живеалиште сака да биде во манастирот, каде што го пронаоѓал својот мир. Но, тоа се само соништа. Многу необична беше случката за која не' известија луѓето од околните села. На третиот и на деветтиот ден од смртта на Тоше тие виделе светлосен лак што се појавил над градот и по извесно време паднал точно на Гумење. Дури почнале да се јавуваат кај луѓето во Крушево да прашуваат што се случува во нашиот град. Ние не видовме ништо, затоа што таа вечер имаше магла и беше врнежливо. Но, луѓето тврдат дека тоа се случувало и дека го гледале со свои очи.

* Го сонуваш ли често?

- Секоја вечер се молам да ми дојде барем на сон да го видам. Но, тоа се случило само двапати. Беше облечен во белите тренерки што ги сакаше, ме прегрна, ме бакна и си замина.

* Во текот на неговата кариера, вие со семејството бевте настрана и никогаш медиумски не се експониравте. По неговата смрт сте во центарот на вниманието. Како ја доживеавте таа промена?


Кристијан, Никола и татко им Славе низ разговор за Тоше ги чуваат убавите спомени

- Многу тешко. Од сите страни буквално бевме медиумски бомбардирани. Ја разбирам и ја почитувам вашата работа. Затоа би сакала да ја разберете и нашата и ситуација и големата болка. Некогаш ќе прочитам некоја информација за брат ми, но често за пишувањата за него дознавам од мојот сопруг. Наша желба е да останеме сами со болката, но очигледно тоа е невозможно.

* Неодамна името на Тоше беше инволвирано во судскиот процес меѓу Андријана Будимир и Лилјана Петровиќ. Имате ли коментар за тој случај?

- Немам. Тоа е нивна работа. Беше тажно што името на мојот брат се споменува во таква конотација и во судски процес. Но ние, како семејство, во овој случај сме немоќни.

САМО БЛАГИЦА НИ ДОАЃА

* Зборуваше ли Тоше пред вас за својата интима?

- Да, многу бевме блиски. Знаев за сите негови вљубувања и разочарувања. Често бараше совет од мене. Некои од неговите девојки и пријателки ги носеше на гости во домот кај моите родители. И сите беа пречекани најпријателски и со многу љубов. Но знам дека приватноста не сакаше никогаш да ја експонира во јавноста. Беше тажен кога во некој медиум ќе прочиташе нешто поврзано за неговиот приватен живот.

* Дали некои од неговите пријателки доаѓаат и денес во домот на твоите родители?

- Само Благица од Неготино. Прекрасна девојка, која уште тагува по мојот брат и веројатно овде, во нашиот дом, бара утеха за својата болка.

* А Андријана?

- Последен пат беше кај моите родители на девет дена од смртта на Тоше. Не комуницираме со неа, но, ве молам, не би сакала да зборувам за тоа.

* Дали ги слушаше песните од англискиот албум на Тоше и дали го виде документарниот филм за него?

- Не. Не можам да го слушам неговиот глас, ниту да го гледам ликот на Тоше на телевизија. Ниту јас, ниту моите родители. Тоа за нас е преболно и претешко. Моите родители воопшто не го вклучуваат телевизорот, а кај мене, поради децата, се вклучени само каналите со цртани филмови.

* Песната „My little one“, што вашиот постар син Кристијан ја сними со Тоше, доживеа премиера на големиот хуманитарен концерт што се одржа лани на 5 октомври на Градскиот стадион. Како го испративте Кристијан на тој голем настан?

- Го испратив со солзи и со многу болка. Се присетив кога Тоше замина на својот прв настап. Додека се одржуваше тој концерт, бев дома кај моите родители и немавме сила да зборуваме, бидејќи само плачевме.

* Многумина во Кристијан го бараат наследникот на Тоше. Ќе го поддржите ли ако реши да гради музичка кариера?

- Тоше и Кристијан беа многу поврзани. Тој му ја всади љубовта кон музиката и постојано го учеше да свири и да пее. Но никогаш не сакаше да ги експонира своите внуци во јавноста. Се сеќавам кога го снимаше спотот за песната наменета за УНИЦЕФ, „Мојот свет“, во кој се појавуваат многу дечиња. Мајка ми тогаш го праша: „Зошто не ги зеде и нашите внучиња да се појават во спотот?“. Тој само се насмеа и и' одговори: „Кристијан е многу талентиран. Ќе дојде време кога ќе и' се претстави на јавноста. Засега сакам да го држам понастрана, бидејќи е тешко да бидеш дел од естрадата“. Навистина, патот на мојот брат беше многу тежок. Успеа да ги совлада сите разочарувања бидејќи премногу ја сакаше музиката. Затоа, немам сила повторно да се соочувам со сите тие нешта. Ќе ми биде тешко ако и Кристијан тргне по музичкиот пат. Сепак, ако има желба, а гледам дека и кај него љубовта кон музиката е преголема, ќе го поддржам. Мојот брат беше единствен и не би сакала да го споредувам со никого. Но ако е Божја волја, Кристијан нека го продолжи неговиот пат.

* Како тој и вашиот помал син Никола ја доживеаја смртта на Тоше?

- Кристијан беше како во шок и многу тешко го прифати тоа. А Никола, и денес често го бара и прашува: „Кога ќе си дојде мојот најмил вујче од пат?“


Местото на тага и спомени секогаш покриено со цвеќиња

МИ ОСТАВИ 26 ПЕСНИ

* Тоше остави многу песни зад себе, кои ги создаде сам и не се промовирани во јавноста. Знаете ли за какви нумери станува збор?

- Последен пат слушнав две негови нови песни, една недела пред трагедијата. Ме викна и ми рече: „Цеце, слушај што сум направил“. Тоа беа нумери во рок-стил, кој најмногу го сакаше. Потоа, го затвори синтисајзерот и ми се обрати со зборовите: „Овде имам 26 песни со музика и текст. Им недостигаат само аранжмани. Те молам, чувај ми ги“.

Тие композиции ќе се појават на нов, постхумен албум на Тоше. Но, не би знаела да ви кажам кога.

* Тоше често истакнуваше дека и ти многу ја сакаш музиката и дека убаво пееш. Дали е точно дека инсистирал да ги пееш придружните вокали за албумот „Игри без граници“?

- Да, тоа беше негова желба. Но не ја прифатив таа идеја бидејќи сум многу повлечена и срамежлива.

* Почна изградбата на Спомен-куќата, а наскоро и на меморијалниот центар. Ќе најдете ли таму барем мала утеха за вашата болка?

- Со Спомен-куќата ќе продолжи да живее споменот на Тоше, што тоа е мала утеха за нас. Но и' благодарам на Владата за се' што направи, им благодарам и на сите луѓе кои покажаа безрезервна почит кон ликот и делото на Тоше и кон нас како семејство.

Соња Алексоска Неделковска

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=BFAA7E6EEDB26B43B9DE14EE4688A5F2
Вратете се на почетокот Go down
batbayan
Модератор
Модератор
batbayan


Број на мислења : 1410
Age : 38
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
Други новости во врска со Тоше - Page 13 Left_bar_bleue11 / 10011 / 100Други новости во врска со Тоше - Page 13 Right_bar_bleue

Registration date : 2008-06-11

Други новости во врска со Тоше - Page 13 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Други новости во врска со Тоше   Други новости во врска со Тоше - Page 13 I_icon_minitimeСре Апр 08, 2009 12:43 pm

DVD-то на Тоше од Скендерија во Југотон

Во музичката продавница Југотон во Скопје од неодамна се најдоа во продажба DVD-то од концерт на Тоше Проески во сараевска Скендерија, и аудио-CD, кое претставува звучна снимка од истиот материјал. Сите фанови можат да ги набават по цена од 300 денари (исто чини и DVD и CD). Двете изданија се во продукција на белградската издавачка куќа Хај-Фај центар.

На албумот се наоѓаат вкупно 24 теми снимени на концертот во Скендерија во 2006-та година. Аудио-цеде содржи 20 композиции. На DVD-то Тоше за прв пат ја отпеа Тако ти је мала моја..., од репертоарот на Бијело дугме, но и антологиските: Мој дилбере и Бацила је све низ ријеку, од легендарните Индекси.

Станува збор за изданија кои мора да ги има секој колекционер на делата на музичкиот великан Тоше Проески!


http://mmm.com.mk/?ItemID=C40D2D60E92287439EA2340B15EAEBA8
Вратете се на почетокот Go down
batbayan
Модератор
Модератор
batbayan


Број на мислења : 1410
Age : 38
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
Други новости во врска со Тоше - Page 13 Left_bar_bleue11 / 10011 / 100Други новости во врска со Тоше - Page 13 Right_bar_bleue

Registration date : 2008-06-11

Други новости во врска со Тоше - Page 13 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Други новости во врска со Тоше   Други новости во врска со Тоше - Page 13 I_icon_minitimeСре Апр 08, 2009 8:04 pm

ВЕЧЕРВА НА ГАЛА ПРОМОЦИЈА НА ПОЗНАТИОТ ВИОЛИНИСТ

Џорлев ќе ги сподели спомените за Тоше

Вечерва, во 19, 30 часот во хотелот "Александар палас" во Скопје, Зоран Џорлев ќе ни овозможи да ѕирнеме во неговата приватна фото архива. "Ѕирни во мојот апарат", го нарече познатиот виолинист спотот за песната "Го лажам секој нов рефрен", што ја испеја Тоше Проески.
Во спотот ќе ги видиме неговите лични сеќавања и спомените на дружењето со Тоше.
Главниот повод за дружењето со Џорлев е гала промоцијата на неговото прво цеде "Не кажувај либе", со преработките на популарните македонски поп рефрени и евергрини, кое во продажба излезе на крајот од минатата година. На промоцијата, ќе видиме уште еден спот за коктелот од македонските поп-рефрени кој го изработи "Фабрика" продукција. "Алфа" ТВ му помогна на Џорлев да ги стави на спот спомените од Тоше.
Забавата која Џорлев ја нарекува несекојдневна ќе продолжи со неговата виолина и свирка во живо. (М.Џ.)

http://vest.com.mk/?ItemID=9F5AFE976FE1CA40B6FBAF0DD11145E6
Вратете се на почетокот Go down
batbayan
Модератор
Модератор
batbayan


Број на мислења : 1410
Age : 38
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
Други новости во врска со Тоше - Page 13 Left_bar_bleue11 / 10011 / 100Други новости во врска со Тоше - Page 13 Right_bar_bleue

Registration date : 2008-06-11

Други новости во врска со Тоше - Page 13 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Други новости во врска со Тоше   Други новости во врска со Тоше - Page 13 I_icon_minitimeЧет Апр 09, 2009 2:25 pm

ПОСТХУМНО ЦЕДЕ ЗА МУЗИЧКАТА ЅВЕЗДА
Необјавени песни на Тоше во нов албум
Вкупно 26 веќе готови песни, авторско дело на Тоше Проески, на кои им недостигаат само аранжмани, ќе бидат објавени во иднина, неодамна откри неговата сестра Дори. Тие композиции ќе се појават на новиот, постхумно издаден албум на Тоше, но засега не е прецизиран датумот. Македонската музичка легенда Тоше Проески остави многу песни зад себе, кои ги напиша сам и кои досега не се промовирани во јавност.
Во музичките продавници во Скопје деновиве се најде во продажба дивидито од концерт на Тоше Проески во сараевска „Скендерија“, и аудиоцеде, кое претставува звучна снимка од истиот концерт. Овој концерт по атмосферата, топлината и врската што се развила меѓу Тоше и посетителите, се смета за еден од легендарните концерти.
На албумот се наоѓаат вкупно 24 теми снимени на концертот во „Скендерија“ во 2006 година. Аудиоцедето содржи 20 композиции. На концертот Тоше за првпат јавно ја отпеа „Тако ти је мала моја кад љуби Босанац“, од репертоарот на „Бијело дугме“, но и антологиските „Мој дилбере“ и “Бацила је све низ ријеку“, од легендарните „Индекси“.
Двете изданија, кои сега се продаваат и кај нас, обожавателите можат да ги набават по цена од 300 денари (исто чинат и дивидито и цедето). Издадени се во продукција на белградската издавачка куќа „Хајфај центар“.


http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=1&EditionID=1672&ArticleID=111438
Вратете се на почетокот Go down
aleksandra
Активен
Активен
aleksandra


Број на мислења : 1601
Age : 41
опис: : R.I.P. TOSE
Репутација :
Други новости во врска со Тоше - Page 13 Left_bar_bleue18 / 10018 / 100Други новости во врска со Тоше - Page 13 Right_bar_bleue

Registration date : 2008-05-23

Други новости во врска со Тоше - Page 13 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Други новости во врска со Тоше   Други новости во врска со Тоше - Page 13 I_icon_minitimeПет Апр 10, 2009 3:24 am

Други новости во врска со Тоше - Page 13 766355 Други новости во врска со Тоше - Page 13 73125
Вратете се на почетокот Go down
Tanja
Член
Член
Tanja


Број на мислења : 593
Age : 35
Локација : Skopje, Makedonija
опис: : TOSE TE SAKAME I KE TE SAKAME ZASEKOGAS!
Репутација :
Други новости во врска со Тоше - Page 13 Left_bar_bleue2 / 1002 / 100Други новости во врска со Тоше - Page 13 Right_bar_bleue

Registration date : 2008-06-06

Други новости во врска со Тоше - Page 13 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Други новости во врска со Тоше   Други новости во врска со Тоше - Page 13 I_icon_minitimeПет Апр 10, 2009 12:56 pm

Зоран Џорлев со два спота
Објавено на: Арпил 9, 2009

Виолинистот Зоран Џорлев денеска ќе промовира два видеоспота на теми што се дел од неговиот прв солистички албум „Не кажувај либе“. Промоцијата ќе се одржи во хотелот „Александар палас“, со почеток во 19.30 часот. Станува збор за спот на темата „Го лажам секој нов рефрен“, од репертоарот на Тоше Проески, додека вториот видеозапис е за песната „Коктел“, каде Џорлев на виолина отсвири најпознати делови од повеќе македонски познати мелодии.
Откако се продаде првиот тираж од „Не кажувај либе“, Џорлев по две-три недели го најавува објавувањето на новиот тираж, овој пат со нова обвивка.

http://www.radiomk.com/index.php?categoryid=1&p2_articleid=1573
Вратете се на почетокот Go down
http://www.tose-mk.forumakers.com
batbayan
Модератор
Модератор
batbayan


Број на мислења : 1410
Age : 38
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
Други новости во врска со Тоше - Page 13 Left_bar_bleue11 / 10011 / 100Други новости во врска со Тоше - Page 13 Right_bar_bleue

Registration date : 2008-06-11

Други новости во врска со Тоше - Page 13 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Други новости во врска со Тоше   Други новости во врска со Тоше - Page 13 I_icon_minitimeСаб Апр 11, 2009 8:49 am

Со сите последици, моите одлуки беа вистински



Тоше и јас имаме пеено во сосема различен жанр. Можеби имавме сличен музички и емотивен сензибилитет, но нашите приказни се различни

Јасминка Павловска

Во речиси дваесетгодишната кариера на Наум Петрески, „општествените душегрижници“ колку и да му ги претресувале животните приказни, без оглед дали добивал (не)заслужен третман на естрадата, никој не можел да му оспори дека е еден од најквалитетните гласови во Македонија. Сега Наум е во експанзија да го докаже тоа и надвор од границите на државава.

Нешто неофицијално, па полуофицијално се зборува низ естрадната чаршија дека Наум Петрески е ексклузивец на „Авард продукција“, дека Лилја Петровиќ му е менаџер, дека подготвува албум за Хрватска... Која е твојата официјална верзија?

- Вистина е тоа дека од пред неколку месеци за мојата кариера се грижи „Авард продукција“. Лилја ми е само пријателка! Таа веќе не се занимава со естрадно менаџерство, не работи на проекти. Но, приватно, да - пријатели сме, се дружиме, а во дружбата со неа може да се научат добри и корисни работи. Инаку, не стои само „Авард продукција“ зад мене. Во Хрватска, тоа е „Хит рекордс“, „Хајат“ во Босна и Херцеговина и „Сити рекордс“ во Србија. Подготвуваме ново цеде што планираме да излезе до крајот на мај и да го пласираме прво на Хрватскиот радиски фестивал, да се слуша во текот на летото, па од есен да направиме и официјална промоција на сите овие пазари.

Декларативно сите од бившојугословенските простори се воодушевени и вљубени во македонскиот мелос. Но, дали и македонските пејачи ја имаат истата среќа кога ќе се соочат на тие пазари, токму со тој опеан македонски мелос?

- Прво, зависи кој како го интерпретира и користи тој македонски мелос. Во минатото имавме повеќе квалитетни групи што тргнаа во освојување на тој југословенски пазар, но само „Леб и сол“ остави трага во пошироката јавност. Значи, пресуден е највисокиот квалитет! Така, мојот „таен план“ за овој проект е само и исклучиво квалитет! Песните што се избрани се од автори докажани во својата работа и со својот (повторно) квалитет. Поголем дел од песните на албумот се нови, односно само две стари, преработени: „Има ли песна“ и „Умирам од љубов“ од Љупчо Трајковски-Фис. Другите се нови: две песни од Николче Мицевски, па две песни од човекот што ја напиша „Несоница“ за Тоше - Жељко Јоксимовиќ, неколку песни од Мирослав Рус од Загреб, чекам некои материјали од Сараево... Моментално преговараме со аранжерот на Жељко Јоксимовиќ, кој треба да ги аранжира неговите две песни.



Твојот продукциски тим од „Авард“, пријателството со Лилја Петровиќ, па композиторите кои работеа со Тоше Проески... Некако премногу асоцијации поврзани со Тоше! Не е ли опасно да се игра на „картата“ на спомените за Тоше? Особено што како Наум Петрески имаш сосема достојна и автентична музичка биографија?

- Далеку од тоа! Нема тука никакви „карти“! Ние одиме исклучиво на квалитет. Навистина, има многумина денес што се „шлепаат“ на спомените за Тоше: и во македонската естрада, па и надвор од Македонија.

Како прво, Тоше и јас имаме пеено во сосема различен жанр. Можеби имавме сличен музички и емотивен сензибилитет, си ги сакавме песните едниот на другиот, но нашите приказни се различни. Навистина, никому не му паднало напамет, а би било и грев да го користиме споменот за Тоше. Всушност, ако нема квалитет, никакво „шлепање“ не помага!


http://utrinski.com.mk/?ItemID=8F6557B5D5DDCE4D8F439C17C0EAEBEC
Вратете се на почетокот Go down
batbayan
Модератор
Модератор
batbayan


Број на мислења : 1410
Age : 38
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
Други новости во врска со Тоше - Page 13 Left_bar_bleue11 / 10011 / 100Други новости во врска со Тоше - Page 13 Right_bar_bleue

Registration date : 2008-06-11

Други новости во врска со Тоше - Page 13 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Други новости во врска со Тоше   Други новости во врска со Тоше - Page 13 I_icon_minitimeВто Апр 14, 2009 7:48 pm

Чудо од дете стана рекордер




Деветгодишниот Силвио Штрклец, најмладиот натпреварувач во популарното хрватско шоу „Ne zaboravi stihove“ заработи рекордни 150 илјади куни (околу 20 илјади евра). Младата ѕвезда која ја воодушеви публиката со своето однесување и знаењето на песните изјави дека го обожава Тоше Проески, чија смрт силно го погодила .



Ученикот од четврто одделение одлично владееше со микрофонот и сцената и сите песни ги испеа без грешка пред да заглави на композицијата „Skalinada“ на Оливер Драгоевиќ. Иако поголем број од песните се напишани пред неговото раѓање, малиот генијалец немаше никаков проблем да ги испее нумерите на Тони Цетински, Тоше Проески, Лука Низетиќ, или пак познатата „Daleka Obala“.

Веселиот и распеан одличен ученик доби шанса да си ја исполни единствена животна желба, да го посети Дизниленд.


http://www.idividi.com.mk/zabava/Zanimlivosti/521136/index.html
Вратете се на почетокот Go down
rozeta193
Успешен Член
Успешен Член
rozeta193


Број на мислења : 1334
Локација : МАКЕДОНИЈА
опис: : ТОШЕ ФАН
Репутација :
Други новости во врска со Тоше - Page 13 Left_bar_bleue3 / 1003 / 100Други новости во врска со Тоше - Page 13 Right_bar_bleue

Registration date : 2008-05-17

Други новости во врска со Тоше - Page 13 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Други новости во врска со Тоше   Други новости во врска со Тоше - Page 13 I_icon_minitimeВто Апр 14, 2009 8:35 pm

го гледав ова малиот е чудо Други новости во врска со Тоше - Page 13 883360 Други новости во врска со Тоше - Page 13 883360 Други новости во врска со Тоше - Page 13 883360
Вратете се на почетокот Go down
batbayan
Модератор
Модератор
batbayan


Број на мислења : 1410
Age : 38
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
Други новости во врска со Тоше - Page 13 Left_bar_bleue11 / 10011 / 100Други новости во врска со Тоше - Page 13 Right_bar_bleue

Registration date : 2008-06-11

Други новости во врска со Тоше - Page 13 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Други новости во врска со Тоше   Други новости во врска со Тоше - Page 13 I_icon_minitimeПет Апр 17, 2009 8:38 pm

Бојан Маровиќ

Музиката е секоја коцкичка во мојот мозаик

Беше голем пријател со Тоше Проески. Постои ли некоја заедничка анегдота која досега никому не си ја раскажал?

Со Тоше нe поврза музиката, и таа врска сe уште трае, а и секогаш ќе биде така, без оглед што него повеќе го нема меѓу нас. Сепак, делата се тие што нe прават непобедливи, вечни и единствени. Тоше беше весел човек... Еднаш, кога летувавме заедно, имав концерт и ја запеав Тајно моја, а тој беше многу изненаден, оти не очекуваше такво нешто. Истрча на бина, ме прегрна, дури и ме крена на раце. Потоа отидовме на вечера, и постојано ми се заблагодаруваше. Во тој миг ме обзеде едно чудно чувство, кое не ме напушти до сега. Јас, кога е Тоше во прашање, сe уште не сум начисто со себе. Некои луѓе тешко можат да се помират со работите такви какви што се - дека го нема. А, по неговата смрт некои луѓе го покажаа своето вистинско лице...


http://mmm.com.mk/?ItemID=A93FC02124BC594195E4AB360E278DB3
Вратете се на почетокот Go down
stefi_18
Член
Член
stefi_18


Број на мислења : 628
Age : 33
Локација : Makedonija
Репутација :
Други новости во врска со Тоше - Page 13 Left_bar_bleue0 / 1000 / 100Други новости во врска со Тоше - Page 13 Right_bar_bleue

Registration date : 2008-10-20

Други новости во врска со Тоше - Page 13 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Други новости во врска со Тоше   Други новости во врска со Тоше - Page 13 I_icon_minitimeСаб Апр 18, 2009 2:37 pm

Македонскиот фестивал во Лондон ќе го отвори филмот за Тоше
























Други новости во врска со Тоше - Page 13 BC48313CF4351249BB32DB895EE154D7





Од 23. април до 7. мај во Лондон ќе се одржи вториот по ред Македонски филмски фестивал. Фестивалот не се одржува секој ден, туку предвидени се шест фестивалски дена во текот на кои ќе можат да се видат шест филма, а публиката ќе може и да поразговара со некој од гостите.



За отворањето на фестивалот, кое е закажано за 23 април, резервиран е филмот за нашата голема музичка ѕвезда Тоше Проески, The Hardest Thing на Боштјан Слатеншек. Како што знаете, танува збор за документарниот филм направен во англиско-словенечко-македонска копродукција, кој го следи создавањето на неговиот последен албум.




Други новости во врска со Тоше - Page 13 02BB45B70E9F3747B2A7D626C3C43288



Оваа манифестација е во организација на Круг - група индивидуалци, чија цел и идеја е да ја презентираат македонската култура, традиција и наследство. Отворањето на фестивалот и останатите денови се одржуваат во киното Принц Чарлс, а затворањето ќе биде во Британската академија БАФТА.

За разлика од лани кога на овој фестивал беа прикажани малку понови македонски филмови, годинава публиката во Лондон ќе може да види неколку од постарите наши антологиски филмови. Меѓу нив се Среќна Нова 49 од 1986 и Солунските атентатори од 1961 година...
Вратете се на почетокот Go down
batbayan
Модератор
Модератор
batbayan


Број на мислења : 1410
Age : 38
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
Други новости во врска со Тоше - Page 13 Left_bar_bleue11 / 10011 / 100Други новости во врска со Тоше - Page 13 Right_bar_bleue

Registration date : 2008-06-11

Други новости во врска со Тоше - Page 13 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Други новости во врска со Тоше   Други новости во врска со Тоше - Page 13 I_icon_minitimeВто Апр 21, 2009 9:34 am

Во Хрватска, и понатаму, голем интерес за Тоше!

Според официјалната топ-листа на најпродаваните албуми во Хрватска, изданијата на нашата музичка легенда Тоше Проески и понатаму се меѓу најбараните.

Имено, актуелното CD The Hardest Thing на листата на лиценцни изданија се наоѓа на десетото место, додека Игра без граница е меѓу првите 40 – на 34-та позиција. Обата албума во Хрватска се во издание на Хит рекордс.

Но, тоа не е се. На ХрТоп20 листа, во делот за поп-рок музика, синглот на Тоше – Среќно, не криви ме, од албумот Игра без граница, цврсто ја држи првата позиција. Зад него, со безмалку 400 гласови помалку се најде Тони Цетински...


http://mmm.com.mk/?ItemID=D29307552F48CF48920C353331294D3B
Вратете се на почетокот Go down
batbayan
Модератор
Модератор
batbayan


Број на мислења : 1410
Age : 38
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
Други новости во врска со Тоше - Page 13 Left_bar_bleue11 / 10011 / 100Други новости во врска со Тоше - Page 13 Right_bar_bleue

Registration date : 2008-06-11

Други новости во врска со Тоше - Page 13 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Други новости во врска со Тоше   Други новости во врска со Тоше - Page 13 I_icon_minitimeВто Апр 21, 2009 9:36 am

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=C3032A0EC48884498939818781985DEB

сабота, 18 април 2009


Иконостас каков што посакуваше Тоше

Деликатно е чувството што изработив нешто за некого, а тој сега не може да го искаже своето мислење, вели Милан Ракочевиќ, автор на иконостасот во манастирот „Св. Преображение“



Воодушевувањето што го предизвикал кај Тоше Вашиот мермерен иконостас во црквата „Св. Богородица Пречиста“ во охридското село Велмеј Проески имало пресудна улога да бидете автор и на иконостасот во манастирот „Св. Преображение“ кај Крушево. На тој начин директно учествувавте во остварувањето на сонот на Тоше, кој беше голем уметник, хуманист, но и верник?

- Кога минатата ноќ, на Велипеток, ја завршивме целата работа и го поставивме иконостасот, навистина имав голема желба и Тоше да го види тоа и верувам дека тој тоа може да го види на некој несфатлив начин за нас. Мило ми е, но во исто време деликатно е чувството што изработив нешто за некого кој не е во состојба сега да го искаже своето мислење. Сепак, имам впечаток дека семејството Проески е задоволно.

Каков е пристапот во изработката на иконостас, бидејќи не станува збор само за уметност, знаење и вештина, туку и за длабока вера во Бога? Секое работа Ви почнува со молитва.

- Тоа е точно. Најважно од се' е да се придржуваме кон нашето православно предание и до тоа да не воведуваме никакви новитети, бидејќи тие се бесмислени и не служат за ништо освен што ја негуваат суетата на уметникот. И, што е многу важно, да живееме литургиски живот и така да ја откриваме не само смислата на иконостасот, туку и на целиот поредок во црквата. За добро завршена работа е неопходно човек навистина да живее литургиски. Да ја сопира својата мечта и да научи да ги разликува работите што се однесуваат на полната и вистинската вера од суеверието и измислиците.

Иконостасот се изработува според строги правила, меѓутоа дали на уметникот му е дозволено да даде му некаков свој индивидуален белег, нешто по што ќе биде препознаено дека е тоа токму дело на Вашите раце?

- Во принцип, дефинитивно, мислам дека секое дело може да го открие својот автор и неговите интенции. Меѓутоа, доколку се држиме до преданието, тогаш авторот е ставен во втор или трет план и апсолутно е неважен. Конечно, најзначајните дела од средновековната уметност имаат анонимни автори, така што тој вид слобода - само на Господ да му биде познат трудот на уметникот е најпријатната работа.

Вие магистриравте на Факултетот за ликовни уметности во Белград и Ваша потесна специјалност е токму изработката на иконостаси во мермер. Дали мермерот е најпогоден за иконостасот во манастирот кај Крушево, кој е на височина од 1.740 метри, и колку Вие лично сте задоволен од прилепскиот „сивец“?

- Навистина многу сум задоволен. Тоа е камен со одличен квалитет и, дефинитивно, е подолговечен и порезистентен на промени од дрвото, особено за оваа малку посурова планинска клима. Дрвото е потемпераментно во својот живот по обработката – пие и пушта влага, врз него влијаат и други промени, влегуваат инсекти... Но, тука морам да кажам дека не сум презадоволен само од материјалот, туку голема благодарност и' должам на работилницата „Уранопол“ во Кралево и на Милош Јевремовиќ, на Младен Димовски од Охрид, на отецот Стефан Санџаковски, на Илија Илоски и Александар Уловски, ама, пред се', на семејството на Тоше Проески. И без друго, на младите од Крушево кои несебично се залагаа и се трудеа околу монтирањето на иконостасот, покажувајќи ја така својата приврзаност кон Тоше и кон неговата желба и тој да учествува во изградбата на манастирот.

Има посебна симболика во тоа што иконостасот го донесовте и го поставивте во манастирската црква токму во Страсната недела, спроти големиот христијански празник Воскресение Христово. Бидејќи го работевте една година, дали овој термин го избравте намерно?

- Секако дека има симболика. Тоа само Господ така го стокми. Иконостасот одамна е завршен, но во јануари, на пример, не можевме да го транспортираме поради наметите од снегот. Работен е во парчиња, но неговите вкупни димензии се 3 м х 11,55 м и во овој период ги правевме ситните интервенции за да не ми одземаат време тука. Воскресението е празник над празниците и со сето она што има врска со животот на еден христијанин, инспирирано е од Воскреснувањето. Комплетната сила треба да ја црпиме токму од овој празник, но, искрено, не беше наша желбата да работиме во Страсната недела, туку тоа е Божја промисла.
Вратете се на почетокот Go down
Tanja
Член
Член
Tanja


Број на мислења : 593
Age : 35
Локација : Skopje, Makedonija
опис: : TOSE TE SAKAME I KE TE SAKAME ZASEKOGAS!
Репутација :
Други новости во врска со Тоше - Page 13 Left_bar_bleue2 / 1002 / 100Други новости во врска со Тоше - Page 13 Right_bar_bleue

Registration date : 2008-06-06

Други новости во врска со Тоше - Page 13 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Други новости во врска со Тоше   Други новости во врска со Тоше - Page 13 I_icon_minitimeПет Апр 24, 2009 1:36 pm

Вториот македонски филмски фестивал во Лондон се отвори со филмот за Тоше Проески

http://www.mmm.com.mk/?ItemID=CCCB024A57C0FE47A7C438C4B13BFE45
Вратете се на почетокот Go down
http://www.tose-mk.forumakers.com
batbayan
Модератор
Модератор
batbayan


Број на мислења : 1410
Age : 38
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
Други новости во врска со Тоше - Page 13 Left_bar_bleue11 / 10011 / 100Други новости во врска со Тоше - Page 13 Right_bar_bleue

Registration date : 2008-06-11

Други новости во врска со Тоше - Page 13 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Други новости во врска со Тоше   Други новости во врска со Тоше - Page 13 I_icon_minitimeПет Апр 24, 2009 10:57 pm

Вториот македонски филмски фестивал во Лондон се отвори со филмот за Тоше Проески

Вториот по ред македонски филмски фестивал во Лондон почна синоќа со прикажувањето на филмот Тоше - The Hardest Thing, на словенечкиот режисер Бостјан Слатеншек, посветен на страствената и бескрајна љубов на Тоше Проески кон музиката и на подготовката и изработката на британскиот музички компакт диск на трагично загинатата македонска пејачка ѕвезда, јави дописникот на МИА од Лондон.

Како гостин на вечерта присуствуваше музичкиот продуцент на Тоше во Велика Британија Енди Рајт, кој по проекцијата на осумдесет минутниот документарен филм, снимен во Лондон, Скопје, на Јамајка и во Дубровник, како и на мегаконцертите на скопскиот градски стадион и во белградската Арена, кусо зборуваше за својата работа со македонскиот пејач.

Филмот е тажно потсетување за човекот што го нема повеќе меѓу живите, но Тоше ќе остане засекогаш запаметен по својот талент и по својата веселост и бодрина, рече продуцентот Рајт.

http://mmm.com.mk/?ItemID=CCCB024A57C0FE47A7C438C4B13BFE45
Вратете се на почетокот Go down
Tanja
Член
Член
Tanja


Број на мислења : 593
Age : 35
Локација : Skopje, Makedonija
опис: : TOSE TE SAKAME I KE TE SAKAME ZASEKOGAS!
Репутација :
Други новости во врска со Тоше - Page 13 Left_bar_bleue2 / 1002 / 100Други новости во врска со Тоше - Page 13 Right_bar_bleue

Registration date : 2008-06-06

Други новости во врска со Тоше - Page 13 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Други новости во врска со Тоше   Други новости во врска со Тоше - Page 13 I_icon_minitimeСаб Апр 25, 2009 10:32 am

batbayan istata statija ja ima malku pogore!
Вратете се на почетокот Go down
http://www.tose-mk.forumakers.com
batbayan
Модератор
Модератор
batbayan


Број на мислења : 1410
Age : 38
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
Други новости во врска со Тоше - Page 13 Left_bar_bleue11 / 10011 / 100Други новости во врска со Тоше - Page 13 Right_bar_bleue

Registration date : 2008-06-11

Други новости во врска со Тоше - Page 13 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Други новости во врска со Тоше   Други новости во врска со Тоше - Page 13 I_icon_minitimeВто Апр 28, 2009 9:44 am

ДЕНОВИВЕ ВО КРУШЕВО
Заедничка средба на обожавателите на Тоше
Повеќе од стотина обожаватели на музичката легенда Тоше Проески од Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска и од Словенија денес ќе пристигнат во Крушево каде ќе останат до крајот на неделата. Нивна идеја е преку дружби и евоцирање на заеднички спомени да се потсетат на својот омилен пејач.
Ваквите дружења стануваат нивна традици- секоја пролет да се собираат во Крушево, да го посетуваат почивалиштето на Тоше, манастирот и на сите места кои најчесто ги посетувал идолот. Обожавателите најавија дека во негова чест во иднина ќе преземат заедничКи хуманитарни мисии, со цел да ги продолжат хуманите делата на Тоше.

http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=7&tabid=1&EditionID=1687&ArticleID=112543
Вратете се на почетокот Go down
emi
Член
Член
emi


Број на мислења : 86
Локација : skopje
Репутација :
Други новости во врска со Тоше - Page 13 Left_bar_bleue0 / 1000 / 100Други новости во врска со Тоше - Page 13 Right_bar_bleue

Registration date : 2008-06-21

Други новости во врска со Тоше - Page 13 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Други новости во врска со Тоше   Други новости во врска со Тоше - Page 13 I_icon_minitimeВто Апр 28, 2009 10:30 am

bravo, mislam deka treba i nie od Makedonija vaka da napravime.... Други новости во врска со Тоше - Page 13 883360
Вратете се на почетокот Go down
batbayan
Модератор
Модератор
batbayan


Број на мислења : 1410
Age : 38
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
Други новости во врска со Тоше - Page 13 Left_bar_bleue11 / 10011 / 100Други новости во врска со Тоше - Page 13 Right_bar_bleue

Registration date : 2008-06-11

Други новости во врска со Тоше - Page 13 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Други новости во врска со Тоше   Други новости во врска со Тоше - Page 13 I_icon_minitimeВто Апр 28, 2009 12:40 pm

КРУШЕВО ВОЗНЕМИРЕНО ОД ПЛАНОТ НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ
Ќе се урива игралиштето на Тоше
Крушевчани деновиве се вознемирени и лути по најавите дека игралиштето за одбојка, каде што трагично починатата ѕвезда Тоше Проески го минувал слободното време, ќе се претвори во пазар. Тие тврдат дека новиот градоначалник сака да го урне теренот, кој по смртта на македонскиот пејач стана собиралиште на млади луѓе од целиот Балкан. Другарите на Тоше се против оваа идеја и се закануваат дека заедно со сите крушевчани ако треба и со жив штит ќе го бранат ова место, кое е свето за нив. Жителите на Крушево велат дека од игралиштето веќе се извадени реквизитите и стравуваат дека градежните работи ќе почнат многу скоро. Веб-страниците за Тоше Проески, пак, се полни со фотографии од игралиштето за кое неговите обожаватели пишуваат дека било негов најомилен дел во Крушево. Жителите на градот, сепак, не сакаат да говорат отворено, затоа што според нив градот е мал и може да има реперкусии за сите. - Овој дел од Крушево не е за пазар. Игралиштето ни го изградија пред три години од Фудбалската федерација на Македонија и мислам дека ако Градот сака да прави затворен објект тоа може да го направи на локацијата на постојниот пазар - вели еден крушевчанец кој сакаше да остане анонимен. Новоизбраниот градоначалник на Крушево, Василчо Дамчевски, тврди дека игралиштето е дивоградба од времето на претходната власт и дека само постапувал по судско решение за негова дислокација.
- Тоа игралиште е бесправно наместено и во времето на претходниот градоначалник имаше решение за негова дислокација бидејќи не се расчистени имотно“правните односи. На суд беше изречена мерка против градоначалникот и решение да се отстрани игралиштето. Не е точно ниту дека ќе се гради пазар. Прво треба да се реши спорот за сопственоста, а потоа ќе се донесе детален план и ќе се види намената на просторот “ објасни Дамчевски.
За тврдењата дека местото било омилено на Тоше и таму се сликале неговите обожаватели, тој вели дека тоа е дезинформација.
- Ако еднаш играл таму одбојка не значи дека му било тоа омилено место. Сега луѓето може да кажуваат дека секое место во Крушево му е омилено “ вели градоначалникот на Крушево. Според него, игралиштето ќе го преселат на соодветно место, додека не му најдат локација во согласност со Генералниот план на градот.


http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=5&tabid=1&EditionID=1689&ArticleID=112645
Вратете се на почетокот Go down
Tanja
Член
Член
Tanja


Број на мислења : 593
Age : 35
Локација : Skopje, Makedonija
опис: : TOSE TE SAKAME I KE TE SAKAME ZASEKOGAS!
Репутација :
Други новости во врска со Тоше - Page 13 Left_bar_bleue2 / 1002 / 100Други новости во врска со Тоше - Page 13 Right_bar_bleue

Registration date : 2008-06-06

Други новости во врска со Тоше - Page 13 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Други новости во врска со Тоше   Други новости во врска со Тоше - Page 13 I_icon_minitimeВто Апр 28, 2009 2:48 pm

Заедничка средба на обожавателите на Тоше

http://www.mmm.com.mk/?ItemID=0088423EBBE21845A95D0C58CA2F2B6Dhttp://www.radiomk.com/index.php?categoryid=1&p2_articleid=1602
Вратете се на почетокот Go down
http://www.tose-mk.forumakers.com
batbayan
Модератор
Модератор
batbayan


Број на мислења : 1410
Age : 38
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
Други новости во врска со Тоше - Page 13 Left_bar_bleue11 / 10011 / 100Други новости во врска со Тоше - Page 13 Right_bar_bleue

Registration date : 2008-06-11

Други новости во врска со Тоше - Page 13 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Други новости во врска со Тоше   Други новости во врска со Тоше - Page 13 I_icon_minitimeЧет Апр 30, 2009 12:41 pm

УТРЕ НАПЛАДНЕ, ВО КРУШЕВО
Обожавателите на Тоше ќе протестираат за игралиштето
Неколку стотини обожаватели на македонската легенда Тоше Проески, дојдени од цел Балкан, утре напладне во Крушево ќе протестираат против уривањето и преместувањето на отвореното игралиште, каде што нивниот миленик играл одбојка со своите другари. Тие се противат на оваа идеја и се закануваат дека заедно со сите крушевчани со жив штит ќе го бранат место, кое за нив е свето. Освен неколкуте автобуси, кои пристигаа од почетокот на неделава, утре како засилување на протестите е најавено дека во Крушево ќе пристигнат и повеќе автобуси со обожаватели од цела Македонија за да го искажат својот револт од најавите дека игралиштето за одбојка ќе се претвори во пазар. Новиот градоначалник на Крушево Василчо Дамчевски потврди дека сака да го урне теренот, кој по смртта на македонскиот пејач стана собиралиште на млади луѓе од целиот Балкан. Кон протестите ќе се приклучат и другарите на мегаѕвездата, кои се револтирани од ваквата идеја. -Тоше со своето присуство, дали на кратко или на подолго, ги обележи местата, кои за нас секогаш ќе бидат свети, и затоа ние постојано ќе се навраќаме на нив, во чест на нашиот омилен идол - изјави обожавател од Хрватска.


http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=4&tabid=1&EditionID=1691&ArticleID=112851
Вратете се на почетокот Go down
batbayan
Модератор
Модератор
batbayan


Број на мислења : 1410
Age : 38
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
Други новости во врска со Тоше - Page 13 Left_bar_bleue11 / 10011 / 100Други новости во врска со Тоше - Page 13 Right_bar_bleue

Registration date : 2008-06-11

Други новости во врска со Тоше - Page 13 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Други новости во врска со Тоше   Други новости во врска со Тоше - Page 13 I_icon_minitimeЧет Апр 30, 2009 11:43 pm

Next Time денес заминуваат за Москва

Рок-двоецот Некст тајм денес заминува за Русија, каде на 12. мај ќе ги брани боите на Македонија на европскиот поп-фестивал Евросонг 2009. По благословот што го добија од поглаварот на македонската црква Господин Госпдин Стефан, и по средбата со Стојан Тренчевски од Фондацијата Мајка Тереза, вчера попладне отпатуваа и во Крушево, за да се поклонат на почивалиштето на нивниот идол до детството Тоше Проески.
Нашите претставници настапуваат на првото полуфинале, на 12 мај, придружени од Драган Ѓуровски - Роки-гитара и придружен вокал (кој настапуваше на Евровизија и со Тоше) , Марио Станковиќ - бас гитара, Горан Михајловски - тапани и Дамјан Лазаров на тапани и придружен вокал.

http://mmm.com.mk/?ItemID=82FB19F162ED524ABB9BC0495077A289
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





Други новости во врска со Тоше - Page 13 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Други новости во врска со Тоше   Други новости во врска со Тоше - Page 13 I_icon_minitime

Вратете се на почетокот Go down
 
Други новости во врска со Тоше
Вратете се на почетокот 
Страна 13 of 20Отиди на страна : Previous  1 ... 8 ... 12, 13, 14 ... 16 ... 20  Next
 Similar topics
-
» The Hardest Thing --- PROMOCIJA

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
 :: Пишани и Електронски медиуми :: Новости-
Отиди до: