Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeLatest imagesБарајРегистрирајте сеВлез

 

 Други новости во врска со Тоше

Go down 
+22
poli_lee
Ane
stefi_18
emi
lovetose
LudaMala
Tanjuska
Sophia_2061
AlmostAnAngel
marice
zorana
Eli
batbayan
Chris
ElizaBeta
cherry
rozeta193
Tanja
Tvojata senka
bibe_tose
grkovicvanja
aleksandra
26 posters
Отиди на страна : Previous  1 ... 10 ... 16, 17, 18, 19, 20  Next
АвторПорака
batbayan
Модератор
Модератор
batbayan


Број на мислења : 1410
Age : 38
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
Други новости во врска со Тоше - Page 17 Left_bar_bleue11 / 10011 / 100Други новости во врска со Тоше - Page 17 Right_bar_bleue

Registration date : 2008-06-11

Други новости во врска со Тоше - Page 17 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Други новости во врска со Тоше   Други новости во врска со Тоше - Page 17 I_icon_minitimeСаб Дек 05, 2009 11:14 am

Jingle bells со Тоше во издание на Хит рекордс

Хрватската издавачка куќа Хит рекордс ја претставува една од најпознатите божиќни песни - Jingle bells, во ексклузивна изведба на Тоше Проески.

Освен Best of колекција, еве уште едно радување за фановите – Ѕвончињата, отпеани со боженствениот глас на единствениот Тоше Проески.

Најновото Хит рекордс издание, со наслов Среќен Божик, е компилација на 13 познати божикни песни, на која уште пеат и Тони Цетински, Нина Бадриќ, Мирослав Шкоро, Јелена Розга, Лана, Баруни...

Совршен подарок за претстојните празници

http://mmm.com.mk/?ItemID=4519EED75609B4479B1A3B41CBCC2AF3

Download Link: Jingle Bells - Proeski Tose.mp3 >>>

http://www.sendspace.com/file/athwd0
Вратете се на почетокот Go down
batbayan
Модератор
Модератор
batbayan


Број на мислења : 1410
Age : 38
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
Други новости во врска со Тоше - Page 17 Left_bar_bleue11 / 10011 / 100Други новости во врска со Тоше - Page 17 Right_bar_bleue

Registration date : 2008-06-11

Други новости во врска со Тоше - Page 17 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Други новости во врска со Тоше   Други новости во врска со Тоше - Page 17 I_icon_minitimeСаб Дек 12, 2009 9:54 pm

Тоше се' уште е најпопуларен


Македонската музичка легенда Тоше Проески е најпопуларен македонски изведувач во земјите од поранешна Југославија, укажуваат тамошните музички новинари. Тие откриваат дека на радијата и на телевизиите секојдневно се емитуваат неговите песни и спотови, а дневниот печат ги следи сите настани поврзани за него.
Ана Мишчевиќ, новинарка и водителка на хрватската телевизија „РТЛ“, вели дека нивната сцена отсекогаш е отворена за изведувачи од целиот свет. За македонските имиња смета дека се добро прифатени. Тоше Проески е најголема ѕвезда и по смртта, а другите уште не се толку актуелни за да „креваат голема медиумска прашина“ .

Неоспорно е дека Тоше е најголема ѕвезда и личност која и во текот на животот, а и по смртта, ги полни страниците на хрватскиот печат, но и на телевизиите. Се следи секоја информација или трач за македонскиот славеј.

СРБИЈА ГИ ПРЕПОЗНА МАКЕДОНСКИТЕ ТАЛЕНТИ

И тој истакнува дека, сепак, дури и по две години од смртта на Тоше, тој е на прво место во секоја смисла.

- Нема ден, ниту, пак, може да се случи да не се вртат негови песни и спотови по сите национални и локални телевизии. Иако е тешко да се каже, но неговото заминување навистина ги поврза луѓето, ги избриша границите. Медиумите во Србија се трудат споменот за него никогаш да не избледи и тоа ќе биде засекогаш - смета Чириќ

Малиот музички пазар на Црна Гора е отворен за сите квалитетни пејачи, нагласува Дражен Бауковиќ, новинар и уредник на забавната програма на Радио-телевизија Црна Гора. Иако турбофолкот ја „напаѓа“ и оваа територија, тој вели дека медиумите засега успешно го избегнуваат. Тие ја форсираат забавната музика и нејзините изведувачи, меѓу кои се и македонските.

- Дефинитивно Тоше е најслушан пејач и најзастпен во сите медиуми.

Феѓа Фетахагиќ, водител на босанската телевизија „ОБН“, истакнува дека за да се успее во оваа земја потребно е квалитетот, естетиката, маркетингот, среќните околности и моментот на појавување да бидат дел од една целина.

- Луѓето во нашата земја, познавачите на музичките случувања и критичарите, имаат позитивен став кон вашите пејачи, мелосот и воопшто кон сликата за македонската музика. Спотовите на македонските пејачи најмногу се пуштаа пред Евросонг и додека таа еуфорија траеше. Не го вбројувам тука Тоше Проески бидејќи гледачите секојдневно инсистираат да биде на топ-листите на радијата и на телевизиите - вели Фетахагиќ.

КВАЛИТЕТОТ И ПРОМОЦИЈАТА НАЈЗАСЛУЖНИ ЗА УСПЕХ

Според него, Проески обезбеди место во историјата на музичката сцена, не само во БиХ, туку и пошироко. Неговите песни и се' што остана зад него се печат на едно време.

- Во прилог на тоа зборува желбата на слушателите и на гледачите да се оживуваат архивите на некои материјали што никогаш не се видени. Тоа постхумно секогаш се врзува за најголемите ѕвезди што не се забораваат. Публиката кај нас и генерациите што доаѓаат, слушајќи ја неговата музика, ќе знаат за ликот и делото на Тоше, а тоа ќе го вброи во најголемите музички имиња во регионот - вели Фетахагиќ.

Новинарката Семина Муминовиќ од дневниот весник „Аваз“ открива дека во нејзината земја музиката се чувствува со срце и публиката брзо ги препознава намерите на секој пејач - дали тој пее од душа или само за да заработи пари.

- Оној кој публиката во нашата земја ќе го прифати, може да се смета за човек со големо срце. Кога некого ќе засакаме, му даваме безусловна поддршка и потврда дека тоа што го работи е добро и квалитетно. Покрај никогаш непрежалениот Тоше Проески, кај нас се омилени Калиопи, Тијана Дапчевиќ, Каролина Гочева и Елена Ристеска. Тоше беше ненадминлив и така ќе остане. Во негова чест се' уште се палат свеќи, а дневно се емитуваат по неколку песни на сите медиуми - открива Муминовиќ.
http://dnevnik.com.mk/?ItemID=50CA1F97B8A8674388A8B8661FCA0031
Вратете се на почетокот Go down
batbayan
Модератор
Модератор
batbayan


Број на мислења : 1410
Age : 38
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
Други новости во врска со Тоше - Page 17 Left_bar_bleue11 / 10011 / 100Други новости во врска со Тоше - Page 17 Right_bar_bleue

Registration date : 2008-06-11

Други новости во врска со Тоше - Page 17 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Други новости во врска со Тоше   Други новости во врска со Тоше - Page 17 I_icon_minitimeВто Дек 15, 2009 5:16 pm

МЕГА ЅВЕЗДАТА АВТОР НА ПЕСНАТА НА СВОЈОТ СОГРАЃАНИН

Пеце и Нена снимија песна од Тоше

Веднаш по загинувањето на поп-ѕвездата Пеце се појави во медиумите и раскажа дека има песна од Тоше

Во дуетската песна "Прости ми" на фолк пејачите Нена Дулева и Пеце Ристески, како автор учествувал и Тоше Проески.
Пеце, кој е, исто така, од Крушево, извесно време пред последното патување на мега ѕвездата за Австралија, ја напишале музиката за песната, а потоа Пеце го направил и текстот. Веднаш по загинувањето на поп-ѕвездата Пеце се појави во медиумите и раскажа дека има песна од Тоше.
Тогаш Ристески изјави дека ќе ја снима во дует со некоја пејачка откако ќе помине година од смртта на пејачот. За снимањето на песната, Пеце добил и дозвола од Фондацијата "Тоше Проески".
- Имам дозвола од Фондацијата и лично од Андреј Николовски за да ја објавам песната. Првичната верзија беше дует со струмичанката Даница Јанковска, но поради одредени несогласувања место неа песната ја отпеав со пејачката Нена Дулева од Велес. Песната ќе се најде на моето цеде со кое што ќе ја обележам петнаесетгодишнината од појавување на музичката сцена", изјави Пеце.
Нена вели дека не ја знае историјата на песната, но кога Пеце $ се јавил за да отпеат песна во дует, зад која како еден од авторите е мега ѕвездата Тоше, прво што побарала е документ со кој ќе се потврди тоа, бидејќи не сакала да си има никакви проблеми со Фондацијата, ниту пак, да ја обвинуваат дека го користи името на Тоше.
- На првата средба со Пеце тој ми ја раскажа приказната за песната и ми покажа документ со печат од Фондацијата "Тоше Проески", што е доволен доказ дека сe е легално. Ова го барав зашто кога ја слушнав песната посакав да ја пеам оти навистина ми се допадна, тоа е прекрасна балада. Ја снимивме и наскоро ќе треба да ја промовираме", вели Нена. (В.М.)
Вратете се на почетокот Go down
batbayan
Модератор
Модератор
batbayan


Број на мислења : 1410
Age : 38
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
Други новости во врска со Тоше - Page 17 Left_bar_bleue11 / 10011 / 100Други новости во врска со Тоше - Page 17 Right_bar_bleue

Registration date : 2008-06-11

Други новости во врска со Тоше - Page 17 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Други новости во врска со Тоше   Други новости во врска со Тоше - Page 17 I_icon_minitimeСре Дек 16, 2009 3:42 pm

Крушево даруваше крв во чест на Тоше

Крушевчани, а и сите добронамерни гости во градот на Тоше, вчера даруваа крв во чест на македонската пејачка ѕвезда, во рамките на третата меморијална крводарителска акција во организација на Црвениот крст од Крушево, а во соработка со меѓународната фондација „Тоше Проески“. Акцијата што започна на денот на промоцијата на поштенската марка со ликот на Тоше, 15 декември 2007 година и натаму ќе го задржи истиот ден на одржување, а ќе трае три дена, од 15 до 17 декември. Како што не' информираа од Црвениот крст од Крушево, секој крводарител доби подарок ДВД-издание од последниот концерт на Тоше, одржан на 5 октомври 2007 година во Скопје.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=4EA07F6B2086E940A1ED946A9136105B
Вратете се на почетокот Go down
batbayan
Модератор
Модератор
batbayan


Број на мислења : 1410
Age : 38
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
Други новости во врска со Тоше - Page 17 Left_bar_bleue11 / 10011 / 100Други новости во врска со Тоше - Page 17 Right_bar_bleue

Registration date : 2008-06-11

Други новости во врска со Тоше - Page 17 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Други новости во врска со Тоше   Други новости во врска со Тоше - Page 17 I_icon_minitimeСре Дек 16, 2009 3:51 pm

Јована Огненовска му посвети книга на Тоше

******************

За крај, кому ќе му го посветиш првиот примерок од новото издание?
- Оваа книга му е посветена Тоше Проески, а му ја посветив уште додека ја пишував. А првиот отпечатен примерок ќе му го потпишам на моето семејство, кое во најсуштинските моментите во мојот живот никогаш не се посомнева во мојот избор. Оваа е еден скромен начин да им се заблагодарам за тоа што, и покрај се, тие беа и останаа мои најголеми поддржувачи.

Го негувам култот за ангелот

Пред оние кои ги сметаш за најблиски често зборуваш и за посетата на манастирот „Свето Преображение“ и духовната поврзаност со Тоше.
- Местото „Свето Преображение“ е единственото катче на светот каде што ги полнам батериите, кои урбаното и стресно секојдневие немилосрдно ми ги троши. Негувам исклучително важен култ за тоа место и за Тоше, кој за мене претставува духовен водич, чиј аспект на гледање на нештата апсолутно го прифатив. Тоше не е за мене инспирација за творење уметност, Тоше за мене е повеќе од ангел, инспирација за правилно живеење, инспирација за добрување, усреќување и давање љубов. Она што од него научив е дека сите ние треба да сакаме безусловно, да сакаме и тогаш кога нема да ни се врати. Има една древна кинеска мудрост, која вели дека на раката која подава роза секогаш останува мирис. Целата суштина на животот се љубовта, надежта и верата - трите основни правила на кои треба да почива животот.

http://www.spic.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=2&tabid=1&EditionID=1022&ArticleID=39611
Вратете се на почетокот Go down
batbayan
Модератор
Модератор
batbayan


Број на мислења : 1410
Age : 38
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
Други новости во врска со Тоше - Page 17 Left_bar_bleue11 / 10011 / 100Други новости во врска со Тоше - Page 17 Right_bar_bleue

Registration date : 2008-06-11

Други новости во врска со Тоше - Page 17 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Други новости во врска со Тоше   Други новости во врска со Тоше - Page 17 I_icon_minitimeСре Дек 30, 2009 11:59 am

Четврти пат, последователно

Тоше на врвот на ХрТоп 20

Песната Среќо, не криви ме, на Тоше Проески, од албумот Игра без граница, го зазеде првото место на респектираната хрватска топ-листа – ХрТоп 20.

Имено, така решија слушателите на педесетина радио-станици од Хрватска, кои гласаа во текот на целата 2009-та година. Освен тоа, оваа победа е четвртиот по ред последователен триумф на Тоше на годишната ХрТоп 20.

Да потсетиме – Срце није камен беше хит во 2006-та, Игра без граница 2007-ма, а лани Тоше имаше двоен триумф на ХрТоп 20 – во поп-рок категорија со Још и данас замириши трешња, и во категорија за забавна музика – Несаница.

Темата Среќо, не криви ме, авторски ја потпишуваат Никша Братош и Мирослав Рус.

За актуелнава топ-листа се гласаше во текот на целата 2009-та година. Песната на Тоше, во конечниот пласман собра вкупно 34.883 гласови, а двоецот Хари и Нина (со Не могу ти реќи шта је туга), кои беа второпласирани - 33.276 гласови.

Меѓу десетте најголеми хитови се најдоа и песните на: ЕТ, Нина Бадриќ, Русвај, Сергеј Ќетковиќ, Франка, Тони Цетински, Дино Дворник и Нола.

http://mmm.com.mk/?ItemID=EDEAA3365F320D46B57AE4DBCC1FA90C
Вратете се на почетокот Go down
batbayan
Модератор
Модератор
batbayan


Број на мислења : 1410
Age : 38
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
Други новости во врска со Тоше - Page 17 Left_bar_bleue11 / 10011 / 100Други новости во врска со Тоше - Page 17 Right_bar_bleue

Registration date : 2008-06-11

Други новости во врска со Тоше - Page 17 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Други новости во врска со Тоше   Други новости во врска со Тоше - Page 17 I_icon_minitimeПон Јан 04, 2010 11:55 am

Објавена Ултимативната колекција на Тоше Проески!

Во издание на City Records од Белград, неколку дена пред Новата Година е објавено ново, компилациско CD не Тоше Проески.

Други новости во врска со Тоше - Page 17 D8b9f1f7cd733546a188487.th

Станува збор за двоен албум, насловен Ултимативната колекција, каде се наоѓаат вкупно 38 песни на Тоше, симнати од албумите кои ја опфаќаат неговата српско-хрватска фаза – од 2003-та, наоваму, со некои исклучоци...

Фановите кои ја следат дискографијата на балканскиот ангел, ќе забележат дека Ултимативната колекција на Тоше не се разликува речиси воопшто од претходното CD со хитови на Тоше во издание на City Records – познатата Платинеста колекција.

Други новости во врска со Тоше - Page 17 1adb434176e86a4f84bd9ad.th

Македонските фанови ова CD можат да го купат преку Интернет!

http://mmm.com.mk/?ItemID=1C1A44AB971D0949B28A28778F0EEF03
Вратете се на почетокот Go down
batbayan
Модератор
Модератор
batbayan


Број на мислења : 1410
Age : 38
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
Други новости во врска со Тоше - Page 17 Left_bar_bleue11 / 10011 / 100Други новости во врска со Тоше - Page 17 Right_bar_bleue

Registration date : 2008-06-11

Други новости во врска со Тоше - Page 17 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Други новости во врска со Тоше   Други новости во врска со Тоше - Page 17 I_icon_minitimeЧет Јан 07, 2010 10:13 pm

Во спомен на легендата

Ѕвездите на Хит рекордс пееа во чест на Тоше

На концертот кој на 20-ти декември 2009-та се одржа во загребскиот Дом спортова, ѕвездите на продукцијата Хит рекордс пееа во чест на нашата музичка легенда Тоше Проески.


Други новости во врска со Тоше - Page 17 Ca32d910

Концертот кој првично беше замислен како 6-от роденден на Хит рекордс и 12-ти на Народно радио, својот спектакуларен зенит го имаше со изведбата на Још и данас замириши трешња и ѕвезденото небо, во знак на сеќавање на нашиот непребол – Тоше Проески.

ТВ гледачите овој спектакуларен концерт ќе можат да го проследат веќе во недела, на 10-ти јануари 2010, на НОВА ТВ, со почеток во 20 часот.
Други новости во врска со Тоше - Page 17 36f09d10

На концертот со своите хитови учествуваа големи балкански ѕвезди – Тони Цетински, Халид Бешлиќ, Неда Украден, Мирослав Шкоро, Златко Пејаковиќ, Санди Ценов, Баруни, ЕТ, Жељко Самарџиќ, Јоле, Леа, Хари Мата Хари...

Во дописот кој Хит рекордс го испрати до редакцијата на МММ, стои: Еден од најпосебните моменти на вечерта, кој ги разнежи сите присутни, беше посветен на Тоше Проески – ангел чувар на Хит рекордс.

Кога беше прикажан видео-спотот за Још и данас замириши трешња, на авторот Мирослав Рус, во исполнение на македонскиот славеј Тоше Проески, во салата се создаде ѕвездено небо, кое го направи публиката со помош на своите мобилни телефони.


Други новости во врска со Тоше - Page 17 55a14a10

На концертот присуствуваа многубројните фанови на Тоше, кои дојдоа со готови транспаренти на кои беа фотографии од нивниот миленик. Тие со себе зедоа и македонски знамиња, кои симболизираа нивната поврзаност и љубов со Тоше. Тоа само покажува дека тие верно го чуваат споменот на Тоше, кој ќе живее вечно во нивните срца.

Хит рекордс на сите искрено им се заблагодарува...

http://www.mmm.com.mk/?ItemID=C09F0E83A265424F8AFB35C321D40678
Вратете се на почетокот Go down
rozeta193
Успешен Член
Успешен Член
rozeta193


Број на мислења : 1334
Локација : МАКЕДОНИЈА
опис: : ТОШЕ ФАН
Репутација :
Други новости во врска со Тоше - Page 17 Left_bar_bleue3 / 1003 / 100Други новости во врска со Тоше - Page 17 Right_bar_bleue

Registration date : 2008-05-17

Други новости во врска со Тоше - Page 17 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Други новости во врска со Тоше   Други новости во врска со Тоше - Page 17 I_icon_minitimeСаб Јан 16, 2010 11:26 pm

Други новости во врска со Тоше - Page 17 825168 Други новости во врска со Тоше - Page 17 825168
Вратете се на почетокот Go down
batbayan
Модератор
Модератор
batbayan


Број на мислења : 1410
Age : 38
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
Други новости во врска со Тоше - Page 17 Left_bar_bleue11 / 10011 / 100Други новости во врска со Тоше - Page 17 Right_bar_bleue

Registration date : 2008-06-11

Други новости во врска со Тоше - Page 17 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Други новости во врска со Тоше   Други новости во врска со Тоше - Page 17 I_icon_minitimeСре Јан 20, 2010 1:02 pm

Песна на Тоше доби филмско чудо од спот


Спотот за темата "Guilty" од англискиот албум на Тоше Проески "The Hardest Thing" е веќе завршен и неговата промоција најверојатно ќе се случи в сабота во истовреме со промоцијата на двојниот албум "Тоше и пријателите - Још увек сањам да смо заједно". Записот е работен во продукција на Урбан Звук - продуцентска куќа позната по соработките со светски брендови и изведувачи од калибарот на Бијонсе и Шакира. Видеото какво што кај нас досега не е видено е направено во фул ХД технологија, која се користи во холивудската продукција - motion capture, motion tracking. Слични изведби се видени во филмовите "Space Jam" и "Jurassic Park".

"Guilty" на Тоше Проески е работен во Њујорк, Виена и Загреб и е преседан на таквата продукција на Балканот и треба достојно да ги презентира ликот и делото на легендата. Извршната продукција ја потпишува ЕВН Скопје.

Ѕвездата на Тоше достапна за сите фанови
Членовите на фан клубот на Тоше, кои регистрираа ѕвезда со неговото име во интернационалниот астролошки регистер, решиле да купат телескоп преку кој неговата фамилија, членовите на форумот и останатите посетители на Крушево ќе можат да ја видат најсјајната ѕвезда и ѕвезденото небо кое тој толку многу го сакаше. Членовите на интернационалниот "Тоше Проески фан клуб форум" деновиве имаа уште една активност. На телевизијата Свет Плус и врачија благодарница за зачувување на ликот и делото на трагично загинатата најголема домашна музичка ѕвезда.

http://vecer.com.mk/?ItemID=6781C4119D1FF94482684079E0FAE869
Вратете се на почетокот Go down
batbayan
Модератор
Модератор
batbayan


Број на мислења : 1410
Age : 38
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
Други новости во врска со Тоше - Page 17 Left_bar_bleue11 / 10011 / 100Други новости во врска со Тоше - Page 17 Right_bar_bleue

Registration date : 2008-06-11

Други новости во врска со Тоше - Page 17 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Други новости во врска со Тоше   Други новости во врска со Тоше - Page 17 I_icon_minitimeПет Јан 22, 2010 12:39 am

Фановите на Тоше со благодарница за МММ!

Случајно или не, ама најубавиот подарок што го доби МММ, токму на денот на својот 7-ми роденден е благодарница која ни ја врачија фановите на нашата музичка легенда Тоше Проески.

Имено, Меѓународниот Тоше Проески Фан Клуб Форум вчера (21-ви јануари 2010 година) на Македонска Музичка Мрежа и врачија плакета – благодарност за зачувување на споменот на Тоше Проески.


Освен на МММ, фановите на Тоше во Македонија врачија уште пет благодарници, и тоа на списанието Таа, на новинарката Валентина Тодоровска од редакцијата на Утрински весник, на К-15 Продукција, на Македонската радио телевизија и на Сити радио.

Но, тоа не е се! Меѓународниот Тоше Проески Фан Клуб Форум во секоја држава во регионот со благодарница ги награди институциите и личностите, кои несебично го чуваат споменот на музичкиот великан Тоше Проески.

Иако физички не е меѓу нас, МММ не се сомнева дека Тоше Проески е горд што има вакви фанови. И, токму тие заслужуваат најголемата благодарница, заради фактот дека со својот ангажман, ликот и делото на великанот Тоше Проески стана бесмртно и вонвременско.

Фала
Вратете се на почетокот Go down
batbayan
Модератор
Модератор
batbayan


Број на мислења : 1410
Age : 38
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
Други новости во врска со Тоше - Page 17 Left_bar_bleue11 / 10011 / 100Други новости во врска со Тоше - Page 17 Right_bar_bleue

Registration date : 2008-06-11

Други новости во врска со Тоше - Page 17 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Други новости во врска со Тоше   Други новости во врска со Тоше - Page 17 I_icon_minitimeПон Јан 25, 2010 12:23 am

Телескоп роденденскиот подарок за семејството Проески

Клик на плеер !

http://kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&e...3&eventId=57056

--------------------

http://a1.com.mk/video-home.asp?VideoID=1309

Клик на плеер !
Вратете се на почетокот Go down
batbayan
Модератор
Модератор
batbayan


Број на мислења : 1410
Age : 38
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
Други новости во врска со Тоше - Page 17 Left_bar_bleue11 / 10011 / 100Други новости во врска со Тоше - Page 17 Right_bar_bleue

Registration date : 2008-06-11

Други новости во врска со Тоше - Page 17 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Други новости во врска со Тоше   Други новости во врска со Тоше - Page 17 I_icon_minitimeВто Јан 26, 2010 12:02 am

Одбележан 29-от роденден на Тоше

Од манастирот се гледа ѕвездата на Тоше

Меѓународниот фан-клубот Форум вчера официјално му го предаде на семејството Проески моќниот телескоп со кој ќе се гледа ѕвездата на Тоше.

Членовите на клубот се поклонија на гробот на Тоше, а потоа скромно, едностовно го предадоа телескопот во просториите на Фондацијата Тоше Проески.

На Гумење во Крушево од рано изутрина гореа свеќи за спокој на душата на Тоше. Има и роденденска торта зашто на овој ден – 25-ти јануари 2010-та, Тоше ќе имаше 29 години.

Во име на семејството, телескопот емотивно и со многу благодарност го прими чичкото на Тоше, Анастас Проески.

Им благодарам на сите што овозможуват да се величи името на Тоше и натаму. На сите оние што избрааа ѕвезда Тоше Проески. Се заблагодарувам од името на семејството на Тоше што се набави телескоп за да се гледа неговата ѕвезда, рече Анастас Проески.

До пролет телескопот ќе биде во Фондацијата Тоше Проески, а потоа ќе биде фиксиран во куќичка од девет метри квадратни кај манастирот Свето Преображение. Оттаму сите ќе ја гледаат неговата ѕвезда на небото.

Телескопот ќе биде фиксиран во куќарката во близина на црквата од манастирот Свето Преображение. Куќарката ќе има подвижен покрив на шини кој ќе се отвора и ќе се движи за да овозможи движење на телескопот за 36 степени. Телескопот е втор по јачина во Македонија и има моќ за зголемување 450 пати. Ѕвездата ќе биде компјутерски фиксирана на телескопот. Ѕвездата е во соѕвездието Пегаз, изјави Јане Здравески, член на манастирскиот одбор.

Ѕвездата ја купија фановите на Тоше. Радојка Планинчиќ од Загреб изјави дека тоа е најмалку што може да направат за својот идол.

Не знам кој прв ја даде идејата, но не е ни важно најважно е што ја спроведовме во дело. Ѕвездата е купена. Тоше ова го заслужи и ова е најмалку што можеме да направиме за него. Веќе и не знам што уште да направиме за да му се заблагодариме за се што направи и за тоа што беше. Зашто, кога говорите за Тоше, не можете да застанете. Јас лично за никој друг не би поминала 1.000 километри за да дојдам и да му се поклонам. Само за Тоше. Тоше не беше од овој свет. Неповторлив е со својата уметност и како човек. Тој остана македонско национално благо, го сакаме сите. Се надевам и светот ќе дознае каков беше, рече Планинчиќ од клубот Форум.

За обожавателите од целиот Балкан идолот Тоше ќе блеска како ѕвезда на небото која никогаш нема да згасне. Такви беа чувствата на претставниците на клубот Форум, кои дојдоа од Словенија, Хрватска, Србија, од Бугарија.

Соња Копривац дојде од Словенија. Поминала 1.200 километри за Тоше.

Преполна сум со емоции. Дојдов да му се поклонам на Тоше. Чувствувам бесконечна љубов за него, рече таа.

Дијана Рактова, членка на фан клубот на Тоше од Бугарија, изјави дека се радува што таа сјајна ѕвезда ќе ја видат многу луѓе, ќе го видат Тоше.
Не собра многу народ и нека продолжи љубовта без граници, вели Дијана.

Фановите на Тоше од различна држава секој месец спроведуваат хуманитарна акција. Ена Абјаниќ од Скопје рече дека во декември македонските фанови го посетиле детското СОС село.

Тоше е наша вечна инспирација и ние ќе се обидеме да му ја возвратиме љубовта, рече Абјаниќ.

Во фан клубот Форум се регистрирани над девет и пол илјади фанови на Тоше од цел Балкан. Тие сакаат уште многу нешта да направат во спомен на својот идол, меѓу кои е и концерт на 5 октомври.

Петти октомври многу му значеше на Тоше, а и нам, фановите. Денот кога тој го имаше последниот настап, датумот кој многу им значи како што му значеше на Тоше, човекот со неизмерна љубов за сите. Оваа идеја ќе се обиедеме да ја спроведиме како посебна манифестација, рече Радојка Планинчиќ.

На гробот на Тоше вчера се поклонија и 40 членови на невладината организација Рибарр од Охрид. Тие го посетија и манастирот Свето Преображение, каде што лани организацијата даруваше икона на Пресвета Богородица направена од калај.
Вратете се на почетокот Go down
batbayan
Модератор
Модератор
batbayan


Број на мислења : 1410
Age : 38
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
Други новости во врска со Тоше - Page 17 Left_bar_bleue11 / 10011 / 100Други новости во врска со Тоше - Page 17 Right_bar_bleue

Registration date : 2008-06-11

Други новости во врска со Тоше - Page 17 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Други новости во врска со Тоше   Други новости во врска со Тоше - Page 17 I_icon_minitimeЧет Јан 28, 2010 11:44 am

Нина Бадриќ
Албумот на Тоше не го вадам од плеер

„Беше навистина тешко да се отпее песната. Затоа влегов во студио и ја отпеав само два пати, не си дозволив да ја пеам повеќе од десет минути. И си реков себеси: оваа песна мора да се пее со срце и никако поинаку. Мислам дека тешко кој било друг би ја отпеал оваа песна на поинаков начин. Неверојатно е како се совпаднаа работите, чувствувам како песната навистина да била напишана токму за мене“, ни изјави хрватската пејачка Нина Бадриќ, која на албумот „Тоше и пријателите“ ја пее песната „Знам те ја“. „И да бидам искрена докрај, новиот албум на Тоше деновиве не го вадам од плеерот и нонстоп го преслушувам. Мојата порака до обожавателите на Тоше е следнава: она што го избраа одамна – него, го избраа најдоброто, а она што е нивна мисија и задача е никогаш да не дозволат да се заборави, да го бранат и да го штитат неговото име, песни, музика и срце“.

Бадриќ вели дека доаѓа со задоволство во Македонија, но дека е лута самата на себе зошто досега не направила концерт за македонската публика. „Еве, пред вас давам свечено ветување дека оваа година ќе го направам тоа. Мора, конечно, да се случи и тој мој прв концерт што едвај го чекам“, вели Бадриќ. (К.Ш.)

http://utrinski.com.mk/?ItemID=49F9AF2588CA604CBA7E0307785D916A
Вратете се на почетокот Go down
batbayan
Модератор
Модератор
batbayan


Број на мислења : 1410
Age : 38
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
Други новости во врска со Тоше - Page 17 Left_bar_bleue11 / 10011 / 100Други новости во врска со Тоше - Page 17 Right_bar_bleue

Registration date : 2008-06-11

Други новости во врска со Тоше - Page 17 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Други новости во врска со Тоше   Други новости во врска со Тоше - Page 17 I_icon_minitimeПон Фед 01, 2010 11:49 am

Фановите бараат...

Билбордот на Тоше на плоштадот да остане засекогаш!

Фановите на легендарниот Тоше Проески преку Фејсбук упатуваат иницијатива со намера да се сочува неговото спомен-обележје во главниот град на Македонија. Нивниот мејл го објавуваме во целост:

Ние, фановите на Тоше, одлучивме да отпочнеме иницијатива за да постои спомен обележје во нашиот главен град, кој впрочем беше и втор дом на Тоше Проески. Тука учеше, твореше, тука ги имаше најубавите и незаборавни концерти, тука стекна многу пријатели, исполни дел од своите соништа... Но, како му возвративме ние?

Сакаме БИЛБОРДОТ кој се поставува на секој датум значаен и врзан за неговото име, да остане таму ЗАСЕКОГАШ!!! Дозволете ни да го гледаме нашиот ангел секој ден, да биде нашата ѕвезда водилка ноќе, топлина кога е ладно, ведрина кога ни е тешко... Потребен ни е тука меѓу нас СЕКОЈ ДЕН! Тоше засекогаш!!! Те сакаме сите Тоше!!!

Утрово го тргнаа билбордот, но ние не застануваме тука, ја отпочнуваме со вас медиумската поддршка за да си го добие ангелот заслуженото место и кај нас, зошто тоа е најмалце што можеме да направаиме за него! – велат фановите на Тоше.

МММ ја подржува нивната иницијатива!

http://mmm.com.mk/?ItemID=3BCB48165307444C8FBCBB527690147E
Вратете се на почетокот Go down
batbayan
Модератор
Модератор
batbayan


Број на мислења : 1410
Age : 38
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
Други новости во врска со Тоше - Page 17 Left_bar_bleue11 / 10011 / 100Други новости во врска со Тоше - Page 17 Right_bar_bleue

Registration date : 2008-06-11

Други новости во врска со Тоше - Page 17 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Други новости во врска со Тоше   Други новости во врска со Тоше - Page 17 I_icon_minitimeПон Фед 01, 2010 5:28 pm

Лажен профил на внукот на Тоше на Фејсбук

Лажниот Кристијан им оставил порака на пријателите да не му пишуваат писма затоа што не може да им одговара, но сепак преку Интернет чет разговарал со повеќето од нив

Семејството Проески е вознемирено откако пред неколку дена се појавил лажен профил на социјалната мрежа Фејсбук на дванаесетгодишниот Кристијан, внукот на Тоше.
Претставувајќи се како Кристијан Ристески, крадецот ставил и негова фотографија, и за само неколку дена се спријателил со околу 400 лица. Веднаш почнале да му пристигаат пораки со поддршка, фотографии од неговиот вујко Тоше, песни посветени на него. Лажниот Кристијан им оставил порака на пријателите да не му пишуваат писма затоа што не може да им одговара, но сепак преку Интернет чет разговарал со повеќето од нив.
- Многу сум разочаран од тоа што го сторил крадецот на идентитетот на Кристијан - ни изјави Славен во телефонскиот разговор. - Кристијан е сеуште дете и нема отворено никаков профил на Фејсбук. Кој и да го сторил тоа ќе биде пријавен првин кај администраторите, а потоа можеби и во полиција, затоа што се работи за кривично дело. Кристијан засега уште не размислува за отворање на свој профил. Не сакам кога луѓето не вознемируваат на ваков начин. Овие денови и без тоа со целото семејство бевме под голем стрес поради концертот. Ќе кажам само дека сме многу задоволни од манифестацијата и благодарни до сите кои што на каков било начин учествуваа и помогнаа во настанот. Кристијан имаше голема трема, постојано ме прашуваше "Тато, а што ако згрешам", на што јас му одговарав "Па и да згрешиш, ништо, и вујко ти многу пати грешеше, но сепак сите го сакаа".
Славен вели дека биле многу напнати пред и за време на концертот. "А кога сè се заврши, од многу голем стрес кренавме температура, се разболевме сите. Кристијан сеуште пати по Тоше, па затоа не е убаво што вака го вознемируваат и го злоупотребуват неговото име", вели таткото на дванаесетгодишното момче кое иако има прекрасен глас засега не размислува да $ се посвети на музиката оти, како што вели Славен, "Кристијан има право на нормално детство".

http://vest.com.mk/?ItemID=F483F1311AC3634EA8077DCB0E9C82F9
Вратете се на почетокот Go down
batbayan
Модератор
Модератор
batbayan


Број на мислења : 1410
Age : 38
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
Други новости во врска со Тоше - Page 17 Left_bar_bleue11 / 10011 / 100Други новости во врска со Тоше - Page 17 Right_bar_bleue

Registration date : 2008-06-11

Други новости во врска со Тоше - Page 17 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Други новости во врска со Тоше   Други новости во врска со Тоше - Page 17 I_icon_minitimeВто Фед 02, 2010 12:12 pm

Кои се ликовите во новиот спот на Тоше?

Познатата српска актерка Марија Вицковиќ и словенечкиот модел и актер Игор Драгар се главните јунаци во „Још увијек сањам да смо заједно“

„Још увијек сањам да смо заједно“, љубовна приказна, бегство од реалноста, романтика, насмевки... Се потсетува на едно среќно време во кое заедно со Тоше се радувавме на неговите успеси, настапи, нови проекти... Во позадината - топол препознатлив глас, а пред камерите – двојка, која ја слави среќата. Најновиот спот на Тоше Проески „Још увијек сањам да смо заједно“ (музика и текст Мирослав Рус, аранжман Никша Братош) освојува од прва и дејствува како седатив во време кога многубројните негови фанови се' уште учат како да живеат без својот миленик.

Се' што е поврзано со Тоше е лек. Така и неговиот најнов спот во кој главните ролји им се доверени на српската актерка со црногорско потекло Марија Вицковиќ и словенечкиот модел и актер Игор Драгар. Во видеозаписот на кратко се јавуваат и кадри со ликот на Тоше, снимени за време на реализација на спотот со Антонија Шола „Волим осмех твој“, направени на мало островче покрај Пакоштан, во близина на Задар, Хрватска. Спотот е во режија на познатиот хрватски режисер Дарко Дриновац, кој вели дека токму изборот на актерите му претставувал најголем проблем.

„Тоа ми беше најтешката работа. Сакав лицата што ги снимам да имаат карактер во себе, а насмевката да им биде повеќеслојно позитивна и доминантна. И Марија Вицковиќ и Игор Драгар го имаат тоа нешто во себе што ве освојува на прв поглед. Никако не сакав во спотот да има некој што ќе зрачи со негативни вибрации зашто сметам дека со Тоше може да се поврзат само позитивни работи“, ни изјави Дриновац.

Режисерот вели дека се одлучил да ја ангажира Вицковиќ откако видел некои нејзини снимки од порано и дознал дека е атлетичарка. „Со тоа и приказната за бегството од реалноста доби лик што би можел да го одглуми тоа. Никако не сакав тоа трчање низ улиците да биде неумешно и без емоции“, додава Дриновац. „Што се однесува до самата приказна, тоа е нешто што ми помина низ главата на прво слушање на песната. Жена фатена во бегство од животот и среќата, а воедно и некој приказ на повеќеслоен љубовен однос на маж и жена со недоминатно присуство на ликот на Тоше во позадина на ТВ-екран. Сето тоа има повеќекратна симболика и може да се поврзе со песната која добива уште поголемо значење зашто е последна песна на Тоше, вели Дриновац, објаснувајќи дека записот е сниман во Хрватска, во Загреб, на некои градски авении и во стан кој посебно бил уреден за да одговара за снимањето. „Целата приказна не ми беше да го локализирам местото. Приказната живее во секој град во кој луѓето се сакаат и каде што постои живот. Снимавме два дена со тоа што претходно ги дефиниравме сите детали - од улиците по кои ќе минеме, до сценографијата, костимите и се' што беше потребно“.

Познатиот хрватски режисер признава дека имал одговарна задача особено што повеќето фанови очекувале во спотот да доминира ликот на Тоше. „Знаев дека што и да направам, нема да успеам да ги задоволам сите негови слушатели и обожаватели, но тоа е некое мое видување на спотот за оваа песна во момент кога за жал го нема Тоше. Инаку кадрите со Тоше ги направив за време на снимањето на спотот за „Волим осмех твој“, но тогаш не ги искористив зашто некако не ми се вклопуваа во приказната. Тоа се два кадри каде што Тоше е потпрен на крст во момент кога заоѓа сонцето. Прекрасно“, додава Дриновац.

Тој вели дека атмосферата за време на снимањето на спотот одела од крајност во крајност. „Атмосферата беше и тажна и среќна. Тажна зашто песната не' повлече со себе, а среќна зашто не сакавме да бидеме тажни, туку да му се радуваме на животот и тоа да го покажеме со спот. Песната ги допре сите, а со оглед на тоа што бесконечно ја пуштавме - целата екипа потпадна под нејзино влијание. Единствено што ми беше битно е актерите да не ги потиснат своите емоции во себе, туку да ги поделат на слика. Инаку сите моменти на среќа ги снимавме на почетокот на работниот ден кога и светлото беше така ориентирано за да сугерира на радост на животот, додека моментите на тага ги поместив за ноќта“, ни рече Дриновац.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=C3401179278...C836F42726B3368
Вратете се на почетокот Go down
batbayan
Модератор
Модератор
batbayan


Број на мислења : 1410
Age : 38
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
Други новости во врска со Тоше - Page 17 Left_bar_bleue11 / 10011 / 100Други новости во врска со Тоше - Page 17 Right_bar_bleue

Registration date : 2008-06-11

Други новости во врска со Тоше - Page 17 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Други новости во врска со Тоше   Други новости во врска со Тоше - Page 17 I_icon_minitimeСре Фед 03, 2010 12:36 pm

Специјален „Оскар на популарноста“ за Тоше Проески

Во белградски Сава центар на 9 февруари ќе се одржи доделување на „Оскар на популарноста“.

Читателите на списанието „Плус“, кое оваа награда ја доделува уште од 80-тите години од минатиот век, веќе ги избраа финалистите, а одлучија специјален „Оскар на популарноста“ да му биде постхумно доделен на принцот на балканската поп музика Тоше Проески.

На манифестацијата, меѓу останатите, ќе настапат Северина, Плави оркестар, Владо Георгиев, Јелена Томашевиќ, Александра Радовиќ, Сергеј Четковиќ и Мирослав Илиќ.

http://www.idividi.com.mk/zabava/Showbiz/578082/index.html
Вратете се на почетокот Go down
batbayan
Модератор
Модератор
batbayan


Број на мислења : 1410
Age : 38
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
Други новости во врска со Тоше - Page 17 Left_bar_bleue11 / 10011 / 100Други новости во врска со Тоше - Page 17 Right_bar_bleue

Registration date : 2008-06-11

Други новости во врска со Тоше - Page 17 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Други новости во врска со Тоше   Други новости во врска со Тоше - Page 17 I_icon_minitimeЧет Фед 04, 2010 11:14 am

Легендата живее...

Уште едно место на мрежата во чест на Тоше

Иницијаторите на Петицијата за да остане билбордот на Тоше Проески на плоштадот во Скопје на фејсбук, имаат чест да го претстават порталот кој го лансираa во чест на нашиот Тоше - www.pinartonline.com. Нивниот мејл го пренесуваме во целост.

Како што има јарболи со знамиња како наша гордост и симбол, зошто да нема спомен обележје на нашата најголема гордост која на сите концерти и настапи во и надвор од земјата го вееше македонското знаме? Наместо разни глупави скулптури кои на ништо не не асоцираат, зошто да нема нешто што ќе не потсеќа на Тоше како симбол на добродетелство и племенитост и сите оние вредности за кои тој се залагаше.

Затоа, до моментот кога нашата иницијатива ќе допре до надлежните кои би можеле да преземат нешто по ова прашање, ги покануваме сите фанови на Тоше и сите Македонци да го посетат порталот кој го лансиравме во негова чест.

Придружете ни се во оваа иницијатива која доби и свое седиште во глобалната World Wide Web мрежа. Да се обединиме сите фанови на Тоше на едно место... место кое ќе биде споменик во интернет просторот. Место кое ќе го користиме за дружење и забава и воедно ќе се сеќаваме на најубавото нешто кое некогаш сме го имале. Место посветено на Тоше... Регистрирајте се на официјалниот портал и поканете ги своите пријатели

Од фановите

https://www.facebook.com/group.php?gid=276004486255&ref=ts

http://mmm.com.mk/?ItemID=6ADC2604F567A14A9D25FE955B8943F7
Вратете се на почетокот Go down
batbayan
Модератор
Модератор
batbayan


Број на мислења : 1410
Age : 38
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
Други новости во врска со Тоше - Page 17 Left_bar_bleue11 / 10011 / 100Други новости во врска со Тоше - Page 17 Right_bar_bleue

Registration date : 2008-06-11

Други новости во врска со Тоше - Page 17 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Други новости во врска со Тоше   Други новости во врска со Тоше - Page 17 I_icon_minitimeСаб Фед 06, 2010 4:15 pm

Мони Дамевски открива:

Се планираше мјузикл со Тоше и ќерката на Стинг

За македонската легенда Тоше Проески била предвидена улога во американски мјузикл, во кој требало да глуми ќерката на Стинг, открива актерот Мони Дамевски – јави Шпиц, дополнувајќи:

Неговиот пријател Пеце Динго, исклучително талентиран режисер со македонско потекло, кој со децении живее во Америка е сценарист на филм сниман за Сони пикчрс. Се зборува за концертен пијанист, што го игра синот на Џереми Ајронс. Кога стана збор да се прави римејк во рок варијанта Сони и Парамаунт биле во преговори и наводно главната улога се чувала за Рики Мартин. Но не се договориле и Пеце ги добил правата на сценариото, напишано во соработка со еден од авторите на Аполо 13. Му јавила идеја мјузиклот да го прави со Тоше.

Во летото 2007 година јас дојдов во Македонија и се слушнав со неговата манеџарка Љиља, која ми кажа дека Тоше е на Хвар. Се јавив и во септември, одговор не добил. Во октомври се случи трагедијата, вели Мони.

Намерата на режисерот било да се снима во Охрид, а Тоше да биде во главната машка улога покрај ќерка му на Стинг и уште неколку млади ѕвезди во подем.

Приказната говореше за млада американска рокерка, западната во креативна криза. За да се изолира од медиумите доаѓа во малото место за кое слушнала, Охрид, кое е многу убаво, со антички ѕидини, со богата историја, и тргнува да бара инспирација. Во куќата што ја најмува и се јавува дух со кој комуницира. Тоа всушност е духот на млад рокер кој починува во подемот на својата слава. Една вечер пред да тргне на светска турнеја, вљубен во својата девојка решава да оди да ја ожени, но доживува сообраќајка и го губи животот. Несакајќи да се оддели од неа во облик на дух се вселува во куќата, во кој почнува да живее младата американката, открива Дамевски.

Според сценариото американката полека, полека почнува да го перципира духот и да се вљубува во него. Толку се вљубува што не сака да го пушти да си замине. На крај и двајцата сфаќаат дека за нив нема иднина. Тој и ги остава сите необјавени песни, таа ги објавува и постигнува светска слава.

Овој случајно се поиствоветува со загинувањето на Тоше, и дефакто сега веќе ја дели судбината со нашиот рокер. Последен пат кога се слушнав со Пеце ми рече да го снимиме барем во чест на Тоше. И да не му го посветиш, исто како да си му го посветил. Но јас мислам дека се уште е рано, раните се отворени, да оставиме да помине малку време, заклучува актерот Дамевски.

http://mmm.com.mk/?ItemID=4642E5442893B241BAEE0A3451ABFD2A
Вратете се на почетокот Go down
batbayan
Модератор
Модератор
batbayan


Број на мислења : 1410
Age : 38
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
Други новости во врска со Тоше - Page 17 Left_bar_bleue11 / 10011 / 100Други новости во врска со Тоше - Page 17 Right_bar_bleue

Registration date : 2008-06-11

Други новости во врска со Тоше - Page 17 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Други новости во врска со Тоше   Други новости во врска со Тоше - Page 17 I_icon_minitimeВто Фед 09, 2010 11:57 am

Тоше повторно ги освојува топ-листите во Хрватска

Со актуелниот, постхумно објавениот албум Тоше и пријателите - Још увјек сањам да смо заједно, македонската музичка гордост Тоше Проески повторно ги освојува топ-листите во Хрватска.

Имено, споменатово CD, кое во Хрватска го објави издавачката куќа Хит рекордс се најде на првото место на националната топ-листа Top of the Shops, која претставува барометар на најпродаваните музички изданија во оваа земја. Топ-листата е поделена на две целини – домашни (хрватски) и странски изведувачи, а Тоше со своето актуелно CD Још увјек сањам да смо заједно, господари со листата за странски и регионални изданија.

Албумот Тоше и Пријателите - Још увјек сањам да смо заједно, е најпродавано странско CD во Хрватска, пред албумите на Лејди Гага, Алиша Кис, Нора Џонс, Халид Бешлиќ, Горан Бреговиќ, Бјонсе...

Но, тоа не е се, врзано за успехот на последното остварување на Тоше Проески, постхумно објавениот албум и песна Још увјек сањам да смо заједно. Имено, песната Још увјек сањам да смо заједно е на првото место на Хрватската национална топ-листа ХР топ-20. Темата се искачи на првото место на поп-рок листата за многу краток период, со што собори уште еден рекорд во оваа земја.

Ова е прв ваков случај во историјата на ХР топ-20, која постои веќе седум години. И порано песните за многу краток период се искачувале на врвот, но Још увјек сањам да смо заједно веднаш се најде на тронот - вели Далибор Петко, а пренесува Дневник.

Националната хрватска листа се добива со собирање на листите од 60 радиостаници од целата земја, а Тоше досега четирипати имаше хит на годината на годишната листа и тоа за Срце није камен, Игра без граница и за Среќо не криви ме. Темите Још и данас замирише трешња и Несаница пред две години беа на прво место во поп-рок и во забавната листа на ХР топ-20.

Песната Још увјек сањам да смо заједно е дел од истоимениот албум, а песните што Тоше ги компонира на ова CD ги пеат Аки Рахимовски, Нина Бадриќ, Калиопи, Елена Ристеска, Бојан Маровиќ, Јелена Томашевиќ и Борис Новковиќ.

http://mmm.com.mk/?ItemID=4F0E7B1ED16A4249A082DF2C4944ACEC
Вратете се на почетокот Go down
batbayan
Модератор
Модератор
batbayan


Број на мислења : 1410
Age : 38
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
Други новости во врска со Тоше - Page 17 Left_bar_bleue11 / 10011 / 100Други новости во врска со Тоше - Page 17 Right_bar_bleue

Registration date : 2008-06-11

Други новости во врска со Тоше - Page 17 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Други новости во врска со Тоше   Други новости во врска со Тоше - Page 17 I_icon_minitimeПет Фед 12, 2010 9:54 am

Во Сава Центар во Белград

Почесен Оскар за Тоше – free video!

На 9-ти февуари во белградскиот Сава Центар, на манифестацијата Оскар Популарности, почесен Оскар за животно дело постхумно му беше доделен на единствениот Тоше Проески.

Во името на Меѓународната фондацијата Тоше Проески, наградата ја прими Сашо Митков.

Фановите на Тоше, кои ни ја испратија снимката од доделувањето, на манифестацијата дојдоа со платно во спомен на нашата легенда. Од се срце им се заблагодаруваме!

Еве ја снимката:

https://www.youtube.com/watch?v=6lRelM5Cfz8...player_embedded

http://mmm.com.mk/?ItemID=B672A989F0670442ABAEDD0B571030F7
Вратете се на почетокот Go down
renitty
Нов Член
Нов Член
renitty


Број на мислења : 12
Age : 32
Локација : А можевме повеќе да имаме сега,но среќата ко сон ни бега...
Репутација :
Други новости во врска со Тоше - Page 17 Left_bar_bleue0 / 1000 / 100Други новости во врска со Тоше - Page 17 Right_bar_bleue

Registration date : 2009-08-02

Други новости во врска со Тоше - Page 17 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Други новости во врска со Тоше   Други новости во врска со Тоше - Page 17 I_icon_minitimeНед Фед 14, 2010 3:46 am

Тоше го заслужава Други новости во врска со Тоше - Page 17 59148
Вратете се на почетокот Go down
http://www.impulse.bg/user/polsko_cveke91
batbayan
Модератор
Модератор
batbayan


Број на мислења : 1410
Age : 38
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
Други новости во врска со Тоше - Page 17 Left_bar_bleue11 / 10011 / 100Други новости во врска со Тоше - Page 17 Right_bar_bleue

Registration date : 2008-06-11

Други новости во врска со Тоше - Page 17 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Други новости во врска со Тоше   Други новости во врска со Тоше - Page 17 I_icon_minitimeСре Фед 24, 2010 11:31 am

Новинар од Србија најавува книга за Тоше, според која ќе се снима документарен филм!?

Белградскиот новинар Александар Саша Јовановиќ, кој пишува за дневниот весник Прес, познат по учеството на реалното шоу Фарма, промовираше книга Сите тајни на фармата, во која го опиша времето поминато таму, заедно со еден куп VIP фаци од регионот.

Но, тоа не е се, и тука Александар не запира како писател! Имено, популарниот Саша Јовановиќ најави дека неговата издавачка куќа Horusovo oko наскоро ќе објави книга за последните години од животот на македонската легенда Тоше Проески.

Прес наведува дека во таа книга Јовановиќ ќе ги опише непознатите детали врзани за мистериозната смрт на Тоше, кои ќе бидат основа за снимање на документарен филм.

Како на оваа вест ќе реагира семejството на Тоше, Меѓународната фондација Тоше Проески, но и македонските новинари и соработници на мегаѕвездата, кои, сепак, беа најблиски со него, останува да видиме

http://mmm.com.mk/?ItemID=431471FB7BACB5439956D42B84E15191
Вратете се на почетокот Go down
batbayan
Модератор
Модератор
batbayan


Број на мислења : 1410
Age : 38
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
Други новости во врска со Тоше - Page 17 Left_bar_bleue11 / 10011 / 100Други новости во врска со Тоше - Page 17 Right_bar_bleue

Registration date : 2008-06-11

Други новости во врска со Тоше - Page 17 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Други новости во врска со Тоше   Други новости во врска со Тоше - Page 17 I_icon_minitimeЧет Фед 25, 2010 1:43 pm

Фондацијата Тоше Проески реагира:

Нема потреба човек што не го познавал Тоше, да пишува книга за него!

На веста дека белградскиот новинар Александар Саша Јовановиќ сака да пишува книга за мистериозната смрт на Тоше и последните години од животот на легендарниот пејач, реагираше Меѓународната фондација Тоше Проески. Нивната реакција ја пренесуваме во целост:

По најавите дека белградскиот новинар на дневниот весник Прес, Александар Саша Јовановиќ, пишува книга за последните години од животот на македонската легенда Тоше Проески, должни сме да реагираме како Фондација која го носи името на нашата најголема музичка звезда Тоше Проески.

Имено, сметаме дека овој новинар се обидува само да се промовира себе си искристувајќи го името на Тоше. Нема никаква потреба за Тоше да пишува книга некој човек што не го познавал. Посебно не, за неговата мистериозна смрт, како што најавува Јовановиќ. Фондацијата ќе упати писмо до него и до издавачката куќа со молба да не го злоупотребува името на Тоше.

Се надеваме дека ќе ја почитува нашата желба и реакција. Фондацијата веќе подготвува книга за Тоше за која се ангажирани тим од писатели, професионалци кои веќе работат на истата – стои во соопштението на Фондацијата.

http://mmm.com.mk/default.asp
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





Други новости во врска со Тоше - Page 17 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Други новости во врска со Тоше   Други новости во врска со Тоше - Page 17 I_icon_minitime

Вратете се на почетокот Go down
 
Други новости во врска со Тоше
Вратете се на почетокот 
Страна 17 of 20Отиди на страна : Previous  1 ... 10 ... 16, 17, 18, 19, 20  Next
 Similar topics
-
» The Hardest Thing --- PROMOCIJA

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
 :: Пишани и Електронски медиуми :: Новости-
Отиди до: