HomeПрашања/ОдговориБарајЧленовиЧленски групиРегистрирајте сеВлез

Share | 
 

 Други новости во врска со Тоше

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down 
Отиди на страна : Previous  1 ... 10 ... 17, 18, 19, 20  Next
АвторПорака
batbayan
Модератор
Модератор
avatar

Број на мислења : 1410
Age : 31
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
11 / 10011 / 100

Registration date : 2008-06-11

ПишувањеПредмет: Re: Други новости во врска со Тоше   Вто Мар 02, 2010 11:58 pm

Акција на фановите

Тоше меѓу најпопуларните во светот!

На страницата која ги рангира најпопуларните нузичари на планетава, нашиот ангел Тоше Проески се најде на високата осма позиција, додека легендарниот Мајкл Џексон засега е на првото место.

Со цел што подобра позиција на Тоше, фановите се организираат и го оставаат својот глас. Затоа, гласајте за Тоше на WhoPopular.com.

Колку за напомена, Тоше е недостижен во делот за Македонија, а далеку зад него се: Влатко Лoзаноски Елена Ристеска, Есма Реџепова, Влатко Стефановски, Ѓоко Танески...

_________________


Тој е горе во височините каде што и секогаш беше. Се наоѓа во темнина. Темнината сме ние, фановите кои чуваме една голема темнина во срцата, бидејќи него повеќе го нема. А на небото има само една сјајна звезда - Тоше, единствена сјајна ѕвезда која секогаш ќе остане да сјае
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
batbayan
Модератор
Модератор
avatar

Број на мислења : 1410
Age : 31
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
11 / 10011 / 100

Registration date : 2008-06-11

ПишувањеПредмет: Re: Други новости во врска со Тоше   Чет Мар 25, 2010 6:31 pm

Петар Грашо пееше за Тоше

-Јас немав потреба да излезам пред камера и да зборувам за моето пријателство со Тоше и за тоа колку ми беше тешко што така прерано замина. Тоа што го имав и чуствував остана во моето срце, онаму каде што му е местото- додаде Грашо

-Пред десет години на мојот концерт во оваа сала седеше еден млад дечко. Се сеќавам на местото каде седеше со своето друштво и ги пееше сите песни. По концертот ми рекоа дека тој дечко сака да ме запознае, ги знаел стиховите на моите песни, сакал музика и бил талентиран. Се запознав со дечото, следниот ден отидовме на ручек и имавме пријатен муабет. Тој дечко се викаше Тоше и стана мој добар пријател - со овие зборови хрватскиот поп пејач, Петар Грашо, го раскажа моментот која се сретнал и ја запознал балканската легенда, Тоше Просеки.

Во чест на неговиот пријател, Грашо, на вчерашниот концерт во Универзалната сала, ја испеа песната Уторак. Вели несреќата на Тоше за многумина била можност да се појават на телевизија и да зборуваат колку блиски пријатели биле со македонскиот пејач, иако дел од нив не го ни познавале.
-Јас немав потреба да излезам пред камера и да зборувам за моето пријателство со Тоше и за тоа колку ми беше тешко што така прерано замина. Тоа што го имав и чуствував остана во моето срце, онаму каде што му е местото- додаде Грашо.

http://kirilica.com.mk/vest.asp?id=44945

_________________


Тој е горе во височините каде што и секогаш беше. Се наоѓа во темнина. Темнината сме ние, фановите кои чуваме една голема темнина во срцата, бидејќи него повеќе го нема. А на небото има само една сјајна звезда - Тоше, единствена сјајна ѕвезда која секогаш ќе остане да сјае
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
batbayan
Модератор
Модератор
avatar

Број на мислења : 1410
Age : 31
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
11 / 10011 / 100

Registration date : 2008-06-11

ПишувањеПредмет: Re: Други новости во врска со Тоше   Сре Апр 14, 2010 10:56 am

Милан Васиќ: Да го глумам Тоше, па може да му ставам крај и на актерството!

Васиќ копнее макар и во спот да го глуми Тоше Проески.

"Нека ми простат сите фанови на Тоше, но мислам дека сум му најголемиот фан на светот. Постојано ја слушам неговата музика и среќен сум кога ќе ми кажат дека личам на него. Кога би се снимал филм, би сакал да го глумам, ако не може филм, тогаш да се појавам барем во некој од спотовите што ќе се работат за некоја од неговите песни. Ако го доживеам тоа, тогаш не ми треба веќе ништо во животот. Може и да ми заврши актерската кариера", вели симпатичниот Васиќ, кој патем откри обожава македонска музика. "Многу сакам да ги пеам песните на Тоше заради него почнав да слушам народни македнски песни и да ги пеам. На сите им е чудно што не ги пеам песните кои се добро познати, туку теми како "Јано мори", завршува Милан.

http://vecer.com.mk/?ItemID=3C04C98C13F9D148A524EB9BA6F83EF2

_________________


Тој е горе во височините каде што и секогаш беше. Се наоѓа во темнина. Темнината сме ние, фановите кои чуваме една голема темнина во срцата, бидејќи него повеќе го нема. А на небото има само една сјајна звезда - Тоше, единствена сјајна ѕвезда која секогаш ќе остане да сјае
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
batbayan
Модератор
Модератор
avatar

Број на мислења : 1410
Age : 31
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
11 / 10011 / 100

Registration date : 2008-06-11

ПишувањеПредмет: Re: Други новости во врска со Тоше   Нед Апр 25, 2010 8:37 pm

Ликот на Тоше во делата на Славе Петков



Првата самостојна изложба на копаничарот Славе Петков е отворена во ликовниот салон во Велес. Покрај голем број дела со христијанска тематика и ликови на светители, има и дела со ликови на обични луѓе, како и со ликот на Тоше Проески. Љубителите на копаничарската уметност имаат прилика да ги видат 22-те копаничарски дела на Петков, кој досега изработил преку стотина копаници во ореово дрво со различни форми и големини и со разновидна орнаментика.

Инаку, копаничарот Петков е член на Здружението на копаничари и досега учествувал на 10-тина групни изложби во повеќе градови во Македонија.


http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID...DC41D7E1ACB410F[/

_________________


Тој е горе во височините каде што и секогаш беше. Се наоѓа во темнина. Темнината сме ние, фановите кои чуваме една голема темнина во срцата, бидејќи него повеќе го нема. А на небото има само една сјајна звезда - Тоше, единствена сјајна ѕвезда која секогаш ќе остане да сјае
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
batbayan
Модератор
Модератор
avatar

Број на мислења : 1410
Age : 31
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
11 / 10011 / 100

Registration date : 2008-06-11

ПишувањеПредмет: Re: Други новости во врска со Тоше   Нед Апр 25, 2010 8:38 pm

Англискиот продуцент Енди Рајт на "Охрид фест"

Англискиот композитор и продуцент Енди Рајт, ќе биде специјален гостин на фестивалот "Охрид фест - охридски трубадури", кој ќе се одржи на крајот на август на сцената на Долни Сарај во Охрид.

Енди Рајт , кој е продуцент и автор на речиси сите песни на англиското цеде на Тоше Проески, „Најтешкото нешто“ ( The Hardest Thing ),

ќе пишува песна за словенечката група "Фор плеј", кои ќе настапат на интернационалната вечер.

Директорот на фестивалот Григор Копров вели дека му е голема чест што еден музичар кој работел со "Симпли ред", "Јуритмикс", "Масив атак", "Шекспир систерс", како и со покојниот Лучијано Павароти на една од преработките на "Карузо", ќе дојде на "Охрид фест".

_________________


Тој е горе во височините каде што и секогаш беше. Се наоѓа во темнина. Темнината сме ние, фановите кои чуваме една голема темнина во срцата, бидејќи него повеќе го нема. А на небото има само една сјајна звезда - Тоше, единствена сјајна ѕвезда која секогаш ќе остане да сјае
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
batbayan
Модератор
Модератор
avatar

Број на мислења : 1410
Age : 31
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
11 / 10011 / 100

Registration date : 2008-06-11

ПишувањеПредмет: Re: Други новости во врска со Тоше   Вто Мај 25, 2010 2:54 pm

Будванскиот фестивал во знакот на Тоше Проески

Во спомен на македонската музичка легенда, по завршувањето на втората полуфинална вечер, на „Песна на Медитеранот“ ќе се одржи специјална музичка програма „Ин Мемориам - Тоше Проески“, на која ќе настапат пејачи што соработувале со него

На интернационалниот музички фестивал „Песна на Медитеранот“, кој ќе се одржи од 4 до 6 јуни во Будва, Црна Гора, ќе биде доделена награда за посебен развој и придонес во музиката наречена „Тоше Проески“. Во спомен на македонската музичка легенда, по завршувањето на втората полуфинална вечер, ќе се одржи специјална музичка програма „Ин Мемориам - Тоше Проески“, на која ќе настапат пејачи што соработувале со него. Водител на програмата ќе биде Бошко Јаковљевиќ.

- Во договор со Фондацијата „Тоше Проески“ решивме да доделиме награда со неговото име и да му посветиме фестивалска вечер, со цел да го истакнеме уште еднаш ликот и делото на големата балканска ѕвезда за која не' врзуваат многу спомени. Нашата почит кон неговото дело е огромна, а тоа ќе го потврдиме и на годинашново фестивалско издание - ни изјави Александар Арменко, директор на фестивалот.

Од фондацијата „Тоше Проески“ истакнаа дека со задоволство ја прифатиле идејата на овој фестивал да се додели награда која ќе го носи името на мегаѕвездата, од повеќе причини.

- Будванската манифестација е со голема традиција и реноме. Во 2005 година Тоше се претстави пред тамошната публика со солистички концерт, кој беше одржан во рамките на фестивалската програма. Пред трагичниот настан тој веќе имаше склучено договор да пее во Будва за пречекот на 2008 година - велат од фондацијата.

Награда што го носи името „Тоше Проески“ беше доделена лани на Хрватскиот радиофестивал. Фондацијата планира во иднина ваква награда да се доделува и на еден од македонските музички фестивали.

- Веројатно, добар избор ќе биде националниот Евросонг. Тоше беше евровизиски претставник, па во контекст на тоа би споменале дека е убаво секој што ќе победи на националниот евровизиски избор да добие награда што ќе го носи неговото име. Евровизијата е манифестација што во изминатите години е најпопуларно телевизиско шоу.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=9031F1D8FEA9A04B8D659DF99DC0B508

_________________


Тој е горе во височините каде што и секогаш беше. Се наоѓа во темнина. Темнината сме ние, фановите кои чуваме една голема темнина во срцата, бидејќи него повеќе го нема. А на небото има само една сјајна звезда - Тоше, единствена сјајна ѕвезда која секогаш ќе остане да сјае
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
batbayan
Модератор
Модератор
avatar

Број на мислења : 1410
Age : 31
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
11 / 10011 / 100

Registration date : 2008-06-11

ПишувањеПредмет: Re: Други новости во врска со Тоше   Пет Мај 28, 2010 6:08 pm

Интервју: Жељко Јоксимовиќ

Максимално толерантен џентлмен

Ретко зборувате за Тоше, а имате многу заеднички настапи. Ги чувате за себе или сето тоа од денешна гледна точка Ви е премногу искомерцијализирано?

- На убавите средби со Тоше се сеќавам со задоволство. Беше блескав човек, добар, талентиран, навистина еден од ретките што ретко се среќаваат. Секогаш кога ќе се сетам на него, блокиран сум од чувствата. Велат, времето ги лекува сите болки. Мислам дека за него тоа не важи - не е можно да се заборави, а споменот за него треба постојано да живее.


http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=AEB291C...9082C804EC4B375

_________________


Тој е горе во височините каде што и секогаш беше. Се наоѓа во темнина. Темнината сме ние, фановите кои чуваме една голема темнина во срцата, бидејќи него повеќе го нема. А на небото има само една сјајна звезда - Тоше, единствена сјајна ѕвезда која секогаш ќе остане да сјае
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
batbayan
Модератор
Модератор
avatar

Број на мислења : 1410
Age : 31
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
11 / 10011 / 100

Registration date : 2008-06-11

ПишувањеПредмет: Re: Други новости во врска со Тоше   Пон Мај 31, 2010 12:03 pm

Балкански ѕвезди во чест на Тоше Проески во Будва

Бендот на Тоше Проески, Нина Бадриќ, Калиопи Букле, Гоца Тржан, Бојан Маровиќ, Јелена Томашевиќ, Елена Ристеска, Наум Петрески, Марко Возељ, „Форплеј“ се музичките имиња што ќе настапат на концертот „Ин мемориам Тоше Проески“, кој ќе се одржи на 5 јуни со почеток во 23 часот на плоштадот во Будва. Станува збор за настан што е дел од интернационалниот фестивал „Песна на Медитеранот“ со согласност и поддршка на Меѓународната фондација „Тоше Проески“.

- „Песна на Медитеранот“ е фестивал што исклучително ги цени големите уметници како Тоше Проески. Неговото учество на нашиот фестивал беше незаборавно доживување. Затоа решивме една од вечерите на годинашното издание да му ја посветиме на големиот уметник и легендата, која за жал не е веќе со нас - велат од организацијата на фестивалот.

На „Песна на Медитеранот“, кој ќе се одржи од 4 до 6 јуни во Будва, Црна Гора, ќе биде доделена награда за посебен развој и придонес во музиката наречена „Тоше Проески“.

Водител на концертот посветен на нашата легенда е Бошко Јаковљевиќ. На настанот ќе присуствува и композиторот на Проески од Англија, Енди Рајт, како и членови на меѓународната фондација „Тоше Проески“.

Пејачите што ќе настапат ќе изведуваат песни на Проески и нумери што самите ги испеаја на албумот „Још увјек сањам да смо заједно“, а ги компонира Проески.

Гоца Тржан ќе ги испее „Хилјаду и двеста милја“ и „Тајно моја“, Бојан Маровиќ, „Буди добра према себи“ и „Једина“, Елена Ристеска „А могли смо“ и „Срце није камен“, Марко Возељ, „Моја“ и „Ко ти то гризе образе“, Калиопи ќе настапи со „Заувјек“ и „Пратим те, „ Форплеј“, со Separet was и „Ледена“, Јелена Томашевиќ со „Где да одем да те не волим“ и „Чија си“, Наум Петрески со „Мајка на Марика думаше“ и „Зајди зајди“, а Нина Бадриќ со „Несаница“ и „Знам те ја“.

Бендот на Тоше ќе ги свири „Игра без границе“ и „Трешња“, а публиката ќе пее. Концертот ќе трае еден час и 40 минути, а на видеобим ќе се пушта монтиран материјал.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=303D99B6004C...E7E7D88F6CDF5ED

_________________


Тој е горе во височините каде што и секогаш беше. Се наоѓа во темнина. Темнината сме ние, фановите кои чуваме една голема темнина во срцата, бидејќи него повеќе го нема. А на небото има само една сјајна звезда - Тоше, единствена сјајна ѕвезда која секогаш ќе остане да сјае
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
batbayan
Модератор
Модератор
avatar

Број на мислења : 1410
Age : 31
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
11 / 10011 / 100

Registration date : 2008-06-11

ПишувањеПредмет: Re: Други новости во врска со Тоше   Вто Јун 01, 2010 1:39 pm

Уште едно CD на легендарниот пејач

Објавен двоен албум Тоше Live Collection

Во издание на дискографската куќа City records неодамна е објавено уште едно CD на нашата легенда Тоше Проески.

Станува збор за двојниот албум, Тоше Live Collection, кое на некој начин претставува аудио-пресек на неговиот концерт одржан во Белградска Арена, на Денот на вљубените 14-ти февруари 2007-ма година. Албумот содржи импозантни 30 композиции.

Еве некои од насловите: Pratim te, Rane na usnama, Oprosti, Lady, Mala, Dan za nas, Ko ti to grize obraze, Tajno moja, 1200 milja, Jovano Jovanke, More sokol pie voda na Vardarot, Nesanica, Jedina, Aria, Чија си, Soba za tugu, Полско цвеќе, Jos jedan stepenik samo, Ledena, Lagala nas mala, Kao kakao, Srce nije kamen, Fragile, Nothing else Matters…

Албумот може да се купи преку интернет...

http://mmm.com.mk/?ItemID=CFBFFC2C483BAD4CB99A1C082DA81882

_________________


Тој е горе во височините каде што и секогаш беше. Се наоѓа во темнина. Темнината сме ние, фановите кои чуваме една голема темнина во срцата, бидејќи него повеќе го нема. А на небото има само една сјајна звезда - Тоше, единствена сјајна ѕвезда која секогаш ќе остане да сјае
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
batbayan
Модератор
Модератор
avatar

Број на мислења : 1410
Age : 31
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
11 / 10011 / 100

Registration date : 2008-06-11

ПишувањеПредмет: Re: Други новости во врска со Тоше   Сре Јун 16, 2010 8:01 pm

Откриени нови детали од животот на Тоше

Телохранителот на Тоше, Ицо Панајотовиќ откри досега непознати детали од животот на најголемата македонска ѕвезда

Ицо Панајотовиќ, некогашен телохранител на покојниот Тоше Проески, за хрватскиот магазин Плус откри непознати детали од животот на „балканскиот принц на поп-музиката“. Иако од трагичната смрт на Тоше поминаа повеќе од 2 и пол години, Панајотовиќ до ден денес не може да верува дека него го нема. Раскажа како Тоше скришно јадел плескавици и дека секогаш телохранителите го пробувале сокот пред Тоше да се напие. Наведол како девојката која му била најголемата љубов на Тоше до ден денес го посетува неговиот гроб.
„Бев со Тоше последните три години од неговиот живот. Пред неговиот последен настап, 10 дена пред трагедијата, го замолив еднаш во животот да ислушам цел еден негов концерт. Му реков `Секогаш сум позади сцената, секогаш сум тука покрај тебе, а би сакал еднаш да те слушам и гледам додека пееш, баш како публиката`. Не ми дозволи. Ми одговори `Чувствувам нешто лошо. Имам некоја трема. Те молам остани од страна, многу ќе ми значи`“, открива неговиот телохранител.

http://kirilica.com.mk/vest.asp?id=50562

_________________


Тој е горе во височините каде што и секогаш беше. Се наоѓа во темнина. Темнината сме ние, фановите кои чуваме една голема темнина во срцата, бидејќи него повеќе го нема. А на небото има само една сјајна звезда - Тоше, единствена сјајна ѕвезда која секогаш ќе остане да сјае
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
batbayan
Модератор
Модератор
avatar

Број на мислења : 1410
Age : 31
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
11 / 10011 / 100

Registration date : 2008-06-11

ПишувањеПредмет: Re: Други новости во врска со Тоше   Чет Јун 17, 2010 10:40 pm

ИЦО ПАНАЈОТОВИЌ, ТЕЛОХРАНИТЕЛОТ НА ПОЧИНАТАТА МАКЕДОНСКА ЅВЕЗДА, ОТКРИВА НОВИ ДЕТАЛИ ОД НЕГОВИОТ ПРИВАТЕН ЖИВОТ

Само една девојка беше вистинска љубов на Тоше!

Во потресната исповед телохранителот на балканската легенда, Тоше Проески, открива детали од неговиот приватен живот - криејќи се јадел плескавици со кајмак, сокот морал друг да го проба пред тој да го испие, раскажува за трудницата која му барала автограм на стомак, за стравот од крвавите шамивчиња кои му ги фрлале на сцена


Бев со Тоше последните три години од неговиот живот. Вака својата исповед со тивок глас ја започнал Ицо Панајотовиќ, телохранител на несреќно настраданиот македонски пејач за српскиот магазин Пулс. И после две години и 8 месеци тој се уште е потресен. Не може да верува дека Тоше повеќе го нема. Секоја нивна средба ја памети до детали, а имале многу такви средби. Присуствувал на сите важни случувања во животот на Тоше. Бил негов човек од доверба. Многу работи од животот на македонскиот ангел кој повеќе го нема ги знае само тој.

- Пред неговиот последен настап десет дена пред трагедијата го замолив еден негов концерт да го ислушам заедно со публиката. Му реков: "Секогаш сум зад сцена. Секогаш сум тука некаде, а би сакал еднаш да те слушам и гледам додека пееш баш како и публиката. Не ми дозволи. Ми рече: "Чувстувам нешто лошо. Имам некоја трема. Те молам остани на страна, ќе ми значи тоа многу. Ни тогаш не можев да го следам неговиот концерт, се присетува Ицо и продолжува:

- Навистина бев секогаш покрај него. На сите битни случувања одевме јас и мојот колега. Некогаш бев со него, а некогаш со неговите родители. Ги сакаше многу. Толку беше приврзан за нив.

Ицо зборувал замислено како да му поминуваат слики низ главата додека се присетувал на моментите кои ги поминал со Тоше.
- Секогаш кога можеше одеше кај родителите во Крушево. Се случуваше веднаш после концерт да продолжиме таму. Толку ги сакаше и сакаше секое слободно време да го помине таму. Не можам да верувам дека повеќе го нема. Го немам тоа чувство. Постојано се присетувам на некои наши заеднички моменти, ми се чини како се уште да е со мене. Неговите родители ги возев на Евровизија. Тој отпатува со авион, а мене ме замоли да се погрижам за нив и безбедно да ги однесам со Истанбул. Многу пати го возев и него. Овој дечкото Ѓоле, кој го возел автомобилот кога дошло до несреќата, не беше со него со години, како што се зборува. Тој работеше за Тоше последните шест-седум месеци, вели Ицо за Пулс и продолжува:

- Беше голема ѕвезда, а тоа за жал многумина го сфатија дури после неговата смрт. Беше прекрасно момче. Мислам дека никогаш нема да запознаам похуман човек од него. Се сеќавам на тие автограми кои ги даваше и на оние луѓе кои доаѓаа во хотел само за да го гледаат. Често пати не можевме да го одбраниме. А Тоше единствено се плашеше од магии. Многу подароци му паѓаа на бина. Многу добиваше и после концертите или кога ќе го сретнеа на улица. Тука имаше и крвави шамивчиња, па се плашеше да не е некоја магија. Секое шамивче моравме ние да го земеме, а секогаш кога сакаше да се напие сок моравме пред него да го пробаме. Не зборувавме многу. Тоа беа само сигнали со очи со кои му укажувавме дали смее или не смее нешто да земе.
Ицо раскажува дека Тоше многу ги сакал луѓето и не правел разлика кој од која националност е или која вера.

- Му беше битно да е човек. И него го сакаа. Девојките го обожаваа. Една ќе си го искинеше увото за да ја извади обетката и да му ја даде. Таа обетка беше кај мене. Му ја дадов после концертот и се сеќавам дека рече дека ќе ја однесе дома. Невозможно е да се сетам на сите тие чудни моменти кои тој ги доживуваше. Во една прилика летавме со авион, кога му пријде една трудница според моја проценка беше во осми месец. Му побара да и се потпише на стомакот. Му беше непријатно. Не можеше да поверува што бара од него. Се насмеа, но сепак го направи тоа. Сакаше на луѓето да им го разубави денот, се сеќава Ицо на тие чудни моменти поминати со Тоше и со девојките кои буквално секаде го пресретнувале.

Според него Тоше бил магнет за девојки. Сами му приоѓале покрај маса и го прашувале дали може да бидат со него само една вечер.
- Бев присутен кога му бараа такво нешто, а тој беше прекрасен. Никогаш не сакаше да направи такво нешто и им велеше: "Не сакам никого да унесреќам. Не ти треба такво нешто. Утре јас ќе отидам и што потоа!? Не сум јас таков човек - кажува Ицо.

Тој раскажува дека со Тоше проживеал многу убави моменти. Бил многу забавен и сакал да биде обичен.
- Се случуваше скришум да излеземе од хотел и да одиме на мира да испиеме еден пијалак. Имаше посебен режим на исхрана. Често пати Љиља, неговата менаџерка, му велеше да внимава што јаде и да не му дозволува некои работи. А кого вие ќе послушавте Тоше или менаџерката? Одевме криејќи се некаде да купи плескавица со кајмак која ја обожуваше, а му беше забрането. Тоа се некои работи кои до ден-денес никој не смееше да ги знае и не ги знаеше, раскажува Ицо за неговиот голем пријател кој повеќе го нема.

За Тоше вели дека бил воспитан и дисциплиниран.
- Колку пати само дојде да праша дали може да оди до базен или дали може да оди да јаде. Многу ја сакаше менаџерката Љиљана. Јас преку неа и го запознав. А кога се спријателивме сакав да бидам со него секогаш кога може. Никогаш ни денар не земав за својата работа бидејќи знаев каков е Тоше и работев затоа што сакам - искрено раскажува Ицо на кој гласот му станува се потреперлив.

Тој се присетува и на денот кога Тоше загина. Вели дека го пречекал хеликоптерот во кој се наоѓало телото на Тоше бидејќи семејството не знаело за себе.
- Тие никогаш нема да се оправат од тоа. Мене ми е драго што сум со нив колку што е можно и многу ми значи што го ценат сето она што го направив за Тоше. Ме повикаа да примам и некои награди во негово име. Тоа за мене е голема работа, додава Ицо.

Пријателот на балканската легенда зборува и за љубовниот живот на Тоше. Потврдува дека бил со Андријана Будимир кога загина.
- Ги познавав сите негови девојки. Некои од нив доаѓаа со нас и на пат. Вистина е дека беше со Андријана кога загина, но постои само една девојка која беше негова вистинска љубов. Таа и ден-денес доаѓа на неговиот гроб. А Тоше ќе живее долго низ неговите песни. Низ она кое никој досега не го слушнал, а има песни за некаде уште два албума, завршува Ицо.

www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=0666...D24BAE1C6A3C0EC963C5

_________________


Тој е горе во височините каде што и секогаш беше. Се наоѓа во темнина. Темнината сме ние, фановите кои чуваме една голема темнина во срцата, бидејќи него повеќе го нема. А на небото има само една сјајна звезда - Тоше, единствена сјајна ѕвезда која секогаш ќе остане да сјае
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
batbayan
Модератор
Модератор
avatar

Број на мислења : 1410
Age : 31
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
11 / 10011 / 100

Registration date : 2008-06-11

ПишувањеПредмет: Re: Други новости во врска со Тоше   Нед Јун 27, 2010 2:50 pm

Венко Андоновски пишува роман посветен на Тоше Проески

Романот се однесува на судбината на еден млад човек, а не на неговата биографија. Тоше е земен како млад, позитивен лик, вели Андоновски кој деновиве учествува во трибините организирани на театарскиот фестивал „Чернодрински“ во Прилеп

Писателот Венко Андоновски интензивно работи на нов роман.

- Пишувам роман што ќе биде посветен на Тоше Проески. Се однесува на судбината на еден млад човек, а не на неговата биографија. Тоше е земен како млад, позитивен лик. Пишувам дека е штета млад човек рано да нé напушти, а можел да даде многу повеќе. Нормално, во романот сепак преовладува оптимистичката мисла - вели Андоновски.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal...etIzdanie=21709

_________________


Тој е горе во височините каде што и секогаш беше. Се наоѓа во темнина. Темнината сме ние, фановите кои чуваме една голема темнина во срцата, бидејќи него повеќе го нема. А на небото има само една сјајна звезда - Тоше, единствена сјајна ѕвезда која секогаш ќе остане да сјае
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
batbayan
Модератор
Модератор
avatar

Број на мислења : 1410
Age : 31
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
11 / 10011 / 100

Registration date : 2008-06-11

ПишувањеПредмет: Re: Други новости во врска со Тоше   Чет Jул 01, 2010 7:35 am

Тоше не се почитува доволно


Одложувањето на изградбата на меморијалниот споменик на Тоше Проески во Крушево разочара стотици илјади фанови на нашата најголема пејачка ѕвезда, но отвори и уште една дилема: дали и колку Македонија достојно го чува и го негува споменот за својата досега најголема пејачка ѕвезда што воопшто се родила и работела во земјава. Желбите се едно, но фактите нешто сосема друго. А тие кажуваат дека во Македонија, на пример, се' уште не постои ниту една единствена награда што би го носела името на Тоше Проески.

И додека во соседството на секаков начин се обидуваат да го присвојат Проески, кај нас се расправаат околу тоа каде и како почнал Тоше. „Кај нас ја почна кариерата...“, „Не, кај нас пееше првпат...“- неофицијално коментираат дел од луѓето што стојат зад организацијата на неколкуте забавни домашни фестивали на кои се' уште не постои официјална награда со името на популарниот пејач.

Интернационалниот фестивал „Охрид фест“ самоиницијативно излезе со информација за воведување награда за интерпретација „Тоше Проески“, но без никаква консултација со Фондацијата „Тоше Проески“, која е задолжена за сите активности во врска со трагично загинатата ѕвезда. На „Макфест“, пак, се шушкаше дека дебитантската вечер ќе го носи името на Тоше, додека „Еврофест“ се отепа од саморекламирање со името на Проески. И толку. Овде-онде по некој збор, а од реализација - ништо.

Зарем Тоше Проески со сето она што го направи и се' уште го прави за Македонија не заслужува достојна почит? Зарем илјадниците фанови во земјава треба да одат надвор за да ја искажат својата почит кон својот миленик?

„Официјално, никој никогаш не се обратил до нас со некакво барање или иницијатива за некаква награда или признание“, вели Славен Ристески, член на Меѓународната фондација „Тоше Проески“ и негов зет. „Напротив, ние како фондација неодамна дадовме предлог дека би било добро и кај нас да има награда, на пример, каква што има на фестивалот во Будва и да се доделува на националниот избор на „Песна за Евровизија“. Предложивме на победникот на домашниот „Евросонг“ секоја година да му се доделува награда „Тоше Проески“, но, за жал, до денеска се' уште никој не ни одговори на иницијативата“, додава Ристески.

За разлика од Македонија, во Хрватска лани беше востановена наградата „Тоше Проески“, која се доделува за најдобра вокална изведба на Хрватски радиски фестивал, што во 2009 год., премиерно ја доби Нина Бадриќ. Челните луѓе на ХРФ истакнаа дека се одлучиле на ваков потег поради преголемиот интерес на публиката за работата и за делото на македонскиот пејач во Хрватска, како и поради одличниот пласман на Проески на изминатите фестивалски изданија.

И Црна Гора го почитува Тоше со своја специјална награда „Тоше Проески“, која годинава за првпат беше доделена на 17. издание на фестивалот во Будва и која заврши во рацете на младата црногорска пејачка Алиса Полумента.

„Во тек се преговори со Србија и со Босна и Херцеговина од каде што постојат многу иницијативи за одбележување на ликот и делото на Тоше, и, најверојатно, наскоро и во тие земји ќе се воведат награди што ќе се доделуваат традиционално секоја година, а ќе го носат името на Тоше“, вели Ристески.

Кај нас, за волја на вистината, средното музичко училиште во Битола беше преименувано во „Тоше Проески“, исто како и една улица во неговото родно Крушево и уште една заедно со нова фонтана во Општина Аеродром во Скопје. Во тек е и изградбата на неговата спомен-куќа, која ги проби роковите, а фановите може да уживаат и во неговото духовно прибежиште, манастирот „Св. Преображение“ во близина на Крушево.


www.utrinski.com.mk/?ItemID=424439D0AEB8F248BF8C56ADE14711C6

_________________


Тој е горе во височините каде што и секогаш беше. Се наоѓа во темнина. Темнината сме ние, фановите кои чуваме една голема темнина во срцата, бидејќи него повеќе го нема. А на небото има само една сјајна звезда - Тоше, единствена сјајна ѕвезда која секогаш ќе остане да сјае
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
batbayan
Модератор
Модератор
avatar

Број на мислења : 1410
Age : 31
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
11 / 10011 / 100

Registration date : 2008-06-11

ПишувањеПредмет: Re: Други новости во врска со Тоше   Пет Jул 02, 2010 10:04 pm

Македонски Феникс






Девојка која во рацете има бесмртна птица феникс.Девојката ја означува Македонија ,таа нема лик зошто нашата татковина е бесконечна.Фениксот што таа го држи во раце е трагично погинатиот Тоше Проески кој е бесмртен као птицата феникс.Шеснаесетте перја по осум од двете страни што се спуштаат по грбот на девојката го означуваат македонското сонце ,а трите пердуви ги симболизираат Егејска,Пиринска и Вардарска Македонија.Статуата ја направив за три дена и е висока 2 метри и 80сантиметри .





Фениксот лекува со солза, а Тоше со насмевк, бидејќи вистината не се менува, вистината останува константна само ја менува нејзината форма и зато никогаш неможе да биде достапна за смртта.Затоа добрите делана Тоше, добрите земји,народи никогаш неможат да исчезнат.






Еден подарок од Македонија за Германија и Дорнхан

Македонија Феникс,завршено од Борис Џепар на 19.01.2008година,

во чест и почит кон Тоше Проески (1981 – 2007),

градоначалникот Маркус Хубер, сите Дорханци и

сите луѓе во овој свет што љубовта господова ја носат во нивните срца.

Предавање на роденденот на Тоше 25.01.2008година.
[/center]


http://www.dzeparmakedon.mk/nov/index.php?option=com_content&view=article&id=68:2009-05-26-18-23-17&catid=40:2009-05-26-17-39-58&Itemid=81

_________________


Тој е горе во височините каде што и секогаш беше. Се наоѓа во темнина. Темнината сме ние, фановите кои чуваме една голема темнина во срцата, бидејќи него повеќе го нема. А на небото има само една сјајна звезда - Тоше, единствена сјајна ѕвезда која секогаш ќе остане да сјае
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
batbayan
Модератор
Модератор
avatar

Број на мислења : 1410
Age : 31
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
11 / 10011 / 100

Registration date : 2008-06-11

ПишувањеПредмет: Re: Други новости во врска со Тоше   Пет Jул 09, 2010 9:05 pm

Изградбата на спомен-куќата на Тоше тапка в место

Крушевчани велат дека веќе неколку недели е запрена изградбата на куќата. Надлежните тврдат дека се' оди според планот

Молк на градилиштето на познатото крушевско Гумење каде што до крајот на годинава треба на никне спомен–куќата во чест на познатиот македонски пејач Тодор Проески, кој трагично загина во сообраќајна несреќа во Хрватска. За неколку месеци ќе биде обележана тригодишнината од трагичниот настан, а се' уште не се знае дали дотогаш ќе биде изградена спомен-куќата, со што земјава ќе и' оддаде достојна почит на балканската музичка ѕвезда.

Калиопи Бојчиновска, директорка на Историскиот музеј во Крушево, тврди дека нема никаков застој во градежните работи и дека спомен–куќата ќе биде готова во предвидениот рок, а тоа е 15 декември годинава. Но, дека, сепак, има одложувања во градежните работи, вчера ни потврди хрватската градежна фирма, која е задолжена за изведба на објектот.

Коментар побаравме од одговорните луѓе во „Конструктор инженеринг“ со седиште во Сплит. Во изјавата за „Утрински весник“ директорот на подружницата на „Конструктор инженеринг“ во земјава, Чедо Радомировиќ, потврдува дека работите доцнат поради испораката на специјално калено стакло од Германија, кое ќе биде искористено за изградба на покривната конструкција.

„Застојот е поради најновата промена на проектот за покривната конструкција, со која место од обично стакло, беше решено покривот да биде направен од калено. Стаклото е порачано и платено, но доцни со испораката. Нашиот добавувач ’Прототип‘ го порача од Германија. Да бидам искрен, стаклото требаше да пристигне уште минатата недела. Секојдневно вршиме притисок, но ги имаме сите уверувања и докази дека причината за доцнење е од фирмата производител во Германија. А со оглед на тоа дека без покрив не може да се работи на друго како инсталација, озвучување и слично, моментално тапкаме в место. Набавката на стаклото не' кочи веќе три недели, но, како и да е, финалниот рок за изградба на објектот е 15 декември и се надеваме дека пред Нова година се' ќе биде завршено“, ни изјави Чедо Радомировиќ.

Крушевчани велат дека веќе две недели не се слуша звукот на лопатите и џагорот на работниците што се ангажирани за изградба на спомен-куќата. Чаршијата коментира дека поради недостиг од пари, најверојатно, се запрени сите активности околу изградбата, а кога би можеле да продолжат, никој не знае!

„Се' е замрено, се' е стишано. Веќе две недели како не гледаме работници да доаѓаат на објектот, чија изградба не е стасана ниту до половина. Слушаме дека немало пари за градба, па работниците поради тоа често си заминувале од градилиште. Дури се зборува дека досега три фирми работеле на спомен-куќата, ама сите си заминувале. Зошто, никој не знае“, вели едно дваесетгодишно момче од Крушево, вработено во познат локал во центарот на планинското гратче.

Разочараност, но и револтираност се чувствува во гласот на младите крушевчани, оние малкумина што останале да живеат во градот, кој се наоѓа на највисока надморска височина на Балканот.

„Се постави само осветлување до манастирот ’Св. Преображение‘ и се работеше нешто на патот. И толку, за другото како да не е мрднато со прст“, коментираат постарите жители на градот, седнати на попладневна починка на клупите кај Гумење, кои од левата страна гледаат кон вечното живеалиште на Тодор Проески, а десно кон недоизградената спомен-куќа на младиот пејач.

Но, Калиопи Бојчиновска, директорка на Историскиот музеј во Крушево, е децидна дека работите течат според предвидениот план и со утврденото темпо. Таа вчера тврдеше дека лично отишла на градилиштето за да се увери дека изградбата на спомен-куќата на Тоше Проески на Гумење е во тек.

„Не знам од каде ви се тие информации дека има застој. Еве, штотуку се вратив од местото каде што се гради куќата и на кое се одржува состанок со градежниците и со претставници на Министерството за култура. Работите течат, нема никаков застој во изградбата на куќата. Работниците се постојано на терен, се' се одвива тековно и како што најави министерката за култура, спомен-куќата на Тоше Проески се очекува да биде завршена до крајот на годината“, вели Бојчиновска.

Објектот се гради според проектот на Дејан Секуловски и Дејан Спасеновски, во соработка со Илија Божиновски, а градежните работи ги изведува „Конструктор инженеринг“ ДД Сплит. Камен-темелник беше ставен еден ден пред роденденот на Тоше, на 25 јануари 2009 година, а планирано е да биде готов до 15 декември, а во спомен-куќата ќе бидат сместени сите лични работи на Тоше од неговиот живот и од кариерата. Спомена-куќата, која е поставена на височинка, се гради на две нивоа и се протега на површина од 1.200 квадратни метри.

Покрај спомен-куќата, државата планираше да изгради и меморијален споменик во чест на Тоше Проески, но одлуката завчера на собраниската седница беше пролонгирана за две години. Споменикот требаше да биде готов до 31 јули, но со новата одлука, изградбата се пролонгира поради „објективни причини, односно имотно-правни пречки“.

Ваквата одлука е пречекана со доза на разочараност кај крушевчани, кои ја поздравуваат изградбата на патот до манастирот „СВ Преображение“, каде што Тоше го наоѓаше својот душевен мир, како и осветлувањето на објектот, но сметаат дека треба да се забрза изградбата и на другите планирани објекти во градот.

_________________


Тој е горе во височините каде што и секогаш беше. Се наоѓа во темнина. Темнината сме ние, фановите кои чуваме една голема темнина во срцата, бидејќи него повеќе го нема. А на небото има само една сјајна звезда - Тоше, единствена сјајна ѕвезда која секогаш ќе остане да сјае
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
batbayan
Модератор
Модератор
avatar

Број на мислења : 1410
Age : 31
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
11 / 10011 / 100

Registration date : 2008-06-11

ПишувањеПредмет: Re: Други новости во врска со Тоше   Пет Jул 09, 2010 9:22 pm

Sunčane skale 2010. - Hit godine - TOŠE PROESKI - Još uvijek sanjam da smo zajedno

http://www.youtube.com/watch?v=tTIixc_Tj1g

_________________


Тој е горе во височините каде што и секогаш беше. Се наоѓа во темнина. Темнината сме ние, фановите кои чуваме една голема темнина во срцата, бидејќи него повеќе го нема. А на небото има само една сјајна звезда - Тоше, единствена сјајна ѕвезда која секогаш ќе остане да сјае
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
batbayan
Модератор
Модератор
avatar

Број на мислења : 1410
Age : 31
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
11 / 10011 / 100

Registration date : 2008-06-11

ПишувањеПредмет: Re: Други новости во врска со Тоше   Пон Jул 12, 2010 5:30 pm

Фан-клубот на Тоше Проески бара мала помош од сите читатели на МММ

Во видеото кое следи може да се забележи еден прекрасен момент, уште еден доказ дека нашиот ангел навистина ги сакаше и почитуваше своите најмали обожаватели.



Од вас бараме доколку сте во можност да ни дадете повеќе информации за девојчето кое е на сцена со Тоше. Вашите информации испратете ги на мејлот: tpfanclub@yahoo.com.

Ние сме ви однапред благодарни, а за малечката убавица имаме едно прекрасно изненадување - стои во дописот кој фановите го испратија до МММ.

http://www.youtube.com/watch?v=KIGYLzSFniw&feature=player_embedded#!

http://mmm.com.mk/?ItemID=33E5789EB80F3B41A9CEE8F1D9983E43

_________________


Тој е горе во височините каде што и секогаш беше. Се наоѓа во темнина. Темнината сме ние, фановите кои чуваме една голема темнина во срцата, бидејќи него повеќе го нема. А на небото има само една сјајна звезда - Тоше, единствена сјајна ѕвезда која секогаш ќе остане да сјае
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
stefi_18
Член
Член
avatar

Број на мислења : 628
Age : 27
Локација : Makedonija
Репутација :
0 / 1000 / 100

Registration date : 2008-10-20

ПишувањеПредмет: Re: Други новости во врска со Тоше   Вто Jул 20, 2010 8:51 pm

Во Детската улица

Скопјаните ја чекаат фонтаната на Тоше





Со посебен интерес Балканот ги следи сите активности врзани за зачувувањето на ликот и делото на единствениот Тоше Проески, а балканските медиуми редовно известуваат за нив.

Во актуелното издание белградски Блиц јавува дека во Детската улица во Скопје во моментов се гради фонтана посветена на Тоше.






Фонтаната ќе биде готова до есен, а кога ќе започне да го живее својот живот, дефинитивно ќе стане култно место, не само за македонските фанови, туку и за обожавателите од регионот.

Тркалезната фонтана на Тоше ќе има пречник од 7 метри, а базенот во неа ќе биде длабок 1,2 метра. Централниот, квадратен дел ќе биде висок 1,45 метри.

Детската улица во Скопје се наоѓа во населбата Ново Лисиче, а целиот проект го финансира општината Аеродром.



http://www.mmm.com.mk/?ItemID=059C9C4033D22E40A2363150FDC344C9
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
batbayan
Модератор
Модератор
avatar

Број на мислења : 1410
Age : 31
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
11 / 10011 / 100

Registration date : 2008-06-11

ПишувањеПредмет: Re: Други новости во врска со Тоше   Саб Jул 31, 2010 9:48 pm

Интервју со Кристијан Ристески, внукот на Тоше Проески

Не са­кам да ста­нам по­пу­ла­рен

До­а­ѓав­ме на ма­нас­тир уш­те ко­га бев мал. Се имам ка­чу­ва­но и пеш со вуј­ко ми. Ги слу­шав тат­ко ми, вуј­ко ми и де­до ми ка­ко пла­ни­ра­ат да го дог­ра­дат ма­нас­ти­рот и да до­не­сат стру­ја. Еве се­га, со­нот им се ос­тва­ри. Над ма­нас­ти­рот ќе нап­ра­ви­ме и го­лем ми­ле­ни­ум­ски крст, од та­му се гле­да це­ло Кру­ше­во

Крис­ти­јан Рис­те­ски (12), вну­кот на То­ше Про­е­ски, со ро­ди­те­ли­те, и оваа го­ди­на за Илин­ден ќе ја ис­по­чи­ту­ва се­меј­на­та тра­ди­ци­ја. Со мај­ка му и тат­ко му, со род­ни­ни­те и дру­га­ри­те ќе за­ми­нат на из­лет во ма­нас­ти­рот "Све­то Пре­об­ра­же­ние" над Кру­ше­во. Ќе за­па­лат све­ќа за ду­ша на вуј­ко му, ќе ужи­ва­ат во нај­у­ба­ва­та па­но­рам­ска глет­ка и ќе ево­ци­ра­ат спо­ме­ни од вре­ме­то ко­га це­ло­то се­меј­ство пра­ве­ло пла­но­ви да го до­из­гра­ди ма­нас­ти­рот.
"До­а­ѓав­ме на ма­нас­тир уш­те ко­га бев мал. Се имам ка­чу­ва­но и пеш со вуј­ко ми. Ги слу­шав тат­ко ми, вуј­ко ми и де­до ми ка­ко пла­ни­ра­ат да го дог­ра­дат ма­нас­ти­рот и да до­не­сат стру­ја. Еве се­га, со­нот им се ос­тва­ри. Над ма­нас­ти­рот ќе нап­ра­ви­ме и го­лем ми­ле­ни­ум­ски крст, од та­му се гле­да це­ло Кру­ше­во. Ве­ќе поч­на да се гра­ди крс­тот и до­та­му од ман­сти­рот мо­же да се оди пеш, не е да­ле­ку. Та­ка ќе му ис­пол­ни­ме уш­те ед­на жел­ба на вуј­ко ми, но и на мно­гу кру­шев­ча­ни", ни от­кри Крис­ти­јан.
Со вну­кот на тра­гич­но по­чи­на­та­та ме­гаѕ­вез­да се срет­нав­ме на не­го­во­то оми­ле­но мес­то во род­но­то Кру­ше­во - фуд­бал­ско­то иг­ра­лиш­те кое се на­о­ѓа на три­е­се­ти­на мет­ри од Спо­мен-ку­ќа­та на То­ше Про­е­ски, ко­ја е во из­град­ба. Од иг­ра­лиш­те­то се гле­да езе­ро­то, за кое Крис­ти­јан ве­ли де­ка е нај­чис­то на све­тот, па чес­то со не­го­ви­те дру­га­ри оди на ка­пе­ње. На­ша­та еки­па прис­тиг­на на иг­ра­лиш­те­то ток­му ко­га не­го­ви­от тим "Пи­ту Гу­ли" во­де­ше 3:0 про­тив мла­да­та еки­па од бли­ско при­леп­ско се­ло. Крис­ти­јан иг­ра фуд­бал од пет­го­диш­на воз­раст. За де­вој­ки­те соб­ра­ни на иг­ра­лиш­те­то ко­га тој иг­ра фуд­бал, кру­шев­ча­ни ве­лат де­ка до­а­ѓа­ат са­мо за­ра­ди Крис­ти­јан.

"Не до­а­ѓа­ат за ме­не, си на­ви­ва­ат за сво­јот тим", ве­ли мла­ди­от кру­шев­ча­нец, кој е мно­гу ло­ја­лен на сво­јот клуб. Сра­меж­лив и скро­мен, тој по­ве­ќе са­ка­ше да збо­ру­ва за фуд­ба­лот и за му­зи­ка­та от­кол­ку за вуј­ко му. Тат­ко му Сла­вен Рис­те­ски ве­ли де­ка Крис­ти­јан во ка­рак­те­рот пот­се­ту­ва на вуј­ко му. Ка­ко и се­кој хо­рос­коп­ски ја­рец, мно­гу е емо­ти­вен, но е сра­меж­лив и емо­ци­и­те ги крие во се­бе. Со мај­ка му рет­ко раз­го­ва­ра­ат за То­ше пред це­ло­то се­меј­ство. Тоа по­ве­ќе го пра­ват ко­га се двај­ца­та са­ми.

Вест: До­а­ѓав­те ли на ова иг­ра­лиш­те со вуј­ко ти?
Крис­ти­јан: До­а­ѓав­ме мно­гу па­ти, ама не иг­рав­ме фуд­бал. Тр­чав­ме и се ше­тав­ме, по­тоа се сим­ну­вав­ме до езе­ро­то да се ка­пи­ме. Езе­ро­во е нај­чис­то на све­тот. Ко­га бев мал, по це­ло ле­то се ка­пев­ме со не­го и со не­го­ви­те дру­га­ри. Се­га се ка­пам со мо­и­те дру­га­ри.

Вест: Што по­ве­ќе са­каш, фуд­бал или му­зи­ка?
Крис­ти­јан: И две­те. Ко­га не иг­рам фуд­бал, слу­шам му­зи­ка или сви­рам ги­та­ра. Си­гур­но де­ка ќе сни­мам уш­те пес­ни, ама ни­ту фуд­бал не­ма да прес­та­нам да иг­рам.

Вест: За ко­го на­ви­ва­ше на Свет­ско­то пр­вен­ство, зас­лу­жи ли Шпа­ни­ја да би­де свет­ски пр­вак?
Крис­ти­јан: Не, јас ја мра­зам Шпа­ни­ја. На­ви­вав за Бра­зил. Оми­лен фуд­ба­лер ми е Крис­ти­ја­но Ро­нал­до. Тој ми е идол. Мно­гу ми е ми­ло што на мо­јот тим "Пи­ту Гу­ли" су­пер му оди. Еве, гле­да­те, во­ди­ме три ну­ла, ова е лет­но Мла­дин­ско пр­вен­ство.

Вест: Имаш ли му­зич­ки идол?
Крис­ти­јан: Не­мам, ос­вен вуј­ко ми. Слу­шам рок-му­зи­ка нај­мно­гу. Слу­шам и ста­ра на­род­на му­зи­ка, се­как­ва. Се­га нај­мно­гу ги слу­шам пес­ни­те на вуј­ко ми. Тие што уш­те не се об­ја­ве­ни. Има мно­гу, ќе ги слуш­не­те, мно­гу се уба­ви.

Вест: Ги слу­шаш на слу­шал­ки или на глас пред це­ло­то се­меј­ство?
Крис­ти­јан: Пред си­те, до да­ска ги пуш­там. И кај тат­ко ми во ав­то­мо­бил. Знам си­те да ги пе­ам, ги учам и на ги­та­ра.



Вест: Ко­ја пес­на од вуј­ко ти пр­ва на­у­чи да ја сви­риш?
Крис­ти­јан: "Илу­зи­ја". Тој ме на­у­чи. Таа пес­на е мно­гу уба­ва. Јас ги са­кам ба­ла­ди­те. По­тоа ја пе­ев­ме за­ед­но во ду­ет, ко­га То­ше има­ше кон­церт на Плош­та­дот во Кру­ше­во. Јас бев мно­гу мал, ама таа пес­на и се­га са­кам да си ја сви­рам.

Вест: Ќе учес­тву­ваш ли на след­ни­от кон­церт пос­ве­тен на То­ше на 25 ја­ну­а­ри след­на­та го­ди­на?
Крис­ти­јан: Да, за­дол­жи­тел­но, са­мо уш­те не знам со што ќе нас­та­пам. На ми­на­ти­от кон­церт нас­та­пив со мо­јот про­фе­сор по ги­та­ра и со дру­га­ри­те, ја сви­рев­ме "Цре­ша". Има уш­те мно­гу пес­ни од вуј­ко ми кои не сум ги сви­рел јав­но на ги­та­ра. Мо­же­би пак ќе сви­рам, не­ма да пе­ам, ќе ви­ди­ме. Важ­но е низ му­зи­ка­та да се се­ќа­ва­ме на То­ше. И да пра­ви­ме ху­ма­ни де­ла ка­ко што пра­ве­ше тој.

Вест: Са­каш ли да ста­неш по­пу­ла­рен пе­јач?
Крис­ти­јан: Јас мно­гу ги са­кам му­зи­ка­та и фуд­ба­лот. Не са­кам да би­дам мно­гу по­пу­ла­рен. Са­кам да пе­ам, да сви­рам и да спор­ту­вам. Тоа ми е до­вол­но за­се­га.

Вест: Имаш ли де­вој­ка?
Крис­ти­јан: Не­мам.

Вест: Слуш­нав­ме де­ка си мно­гу по­пу­ла­рен ме­ѓу де­вој­ки­те ту­ка, и оти до­би­ваш пис­ма од обо­жа­ва­тел­ки.
Крис­ти­јан. До­би­вам, ама не ка­жу­вам ни­ко­му за тоа. Не збо­ру­вам со мај­ка ми и тат­ко ми за де­вој­ки.

Вест: Да­ли не­ко­гаш би се пре­се­лил од Кру­ше­во?
Крис­ти­јан. Не, не раз­мис­лу­вам за так­во неш­то. Ту­ка ми се си­те дру­га­ри, ту­ка е мо­јот клуб "Пи­ту Гу­ли", нај­у­ба­во­то езе­ро, нај­чис­ти­от воз­дух, мо­ја­та ку­ќа. Ка­де и да па­ту­вам, во Кру­ше­во се­ко­гаш со ра­дост ќе се вра­ќам.

http://www.vest.com.mk/?ItemID=18F388DAC7D...6B7DD8307E548A6

_________________


Тој е горе во височините каде што и секогаш беше. Се наоѓа во темнина. Темнината сме ние, фановите кои чуваме една голема темнина во срцата, бидејќи него повеќе го нема. А на небото има само една сјајна звезда - Тоше, единствена сјајна ѕвезда која секогаш ќе остане да сјае
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
batbayan
Модератор
Модератор
avatar

Број на мислења : 1410
Age : 31
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
11 / 10011 / 100

Registration date : 2008-06-11

ПишувањеПредмет: Re: Други новости во врска со Тоше   Чет Aвг 19, 2010 10:33 am

На Свето Преображение

Фановите на Тоше со бурни реакции против ЕМА MTV

Со силни реакции и најгруби коментари и критики армија на фанови на легендата Тоше Проески од цел Балкан ја напаѓаат одлуката на ЕМА MTV Тоше да не влезе меѓу номинираните.

Тие својот револт го искажуваат на неколку Фејсбук групи ЕМА MTV Срамота је то што радите Тошета Проеског, Тоше Проески анѓео којег Балкан никада неќе заборавити,И после Тошета Тоше, Тоше Проески је био и остао највеча ѕвезда Балкана, Тодор Тоше Проески, Да гласаме за Тодор Тоше Проески да биде прв музичар на светот.

Фановите на мегаѕвездата предлагаат тој да биде номиниран за ЕМА MTV каде до неодамна бил во првите пет, а сега не е ни меѓу првите триесет.

Меѓу 30 изведувачи од регионов, кои ќе се натпреваруваат за престижни признанија, на MTV European Music Awards, на седми ноември во Мадрид од Македонија се само Беј д фиш и Кирил Џајковски.

На страниците се повикуваат фановите да запишат коментар и критика на http://mtv.rs/register/

Имаше гласање за MTV Србија, реагионални балкански награди. И Тоше по гласовите беше меѓу првите пет на листата, но со измама, безобразлук е тргнат од листата и го нема ни во дури ни во триесетте, па така му е одземена шансата да се бори за награда. Ние сите знаеме кој беше Тоше и дека наградата ништо не значи, затоа што Голем и и без награда. Но мислам дека не смееме да молчиме и да пуштиме секој да си игра со неговото име како ќе му текне и толку да се трудиме и гласаме а некој да не избрише како никогаш да не сме постоеле. Ве повикувам на страницата на MTV SERBIA да ја напушете својата критика и да им ставиме до знаење дека не има нас, кои се бориме за него и барем да им кажеме дека се измамници, напишале неговите фанови кои апелираат ова да се најде и во српските дневни весници.

На ФБ старницата Тоше Проески пишува: Сите ние знаеме кој е Тоше и каде се наоѓа (во нашите срца) ама сепак тоа не е доволно... Мора да се престане со преварантски игри према него и ако толку го сакаме мораме да реагираме, не смеат така да го валкаат името и делото на Тоше.

Извесен Александар Алек Џаковиш искоментирал: Mногумина не го сакаат Тоше. Беше многу добар и побожен човек. Го слушам од кога почна да пее, тој е пејач на мојата младост, а неговите песни се дел од мојот живот, а се надевам и на вашиот...

Жељка Симиќ: Анѓелот Тоше е прв во нашите срца и тука ќе остане засекогаш. Злобниците никогаш не можат да го избришат - те сакаме Тоше наш!

За популарноста на Тоше се гласа и на http://www.whopopular.com/Todor-Toshe-Proeski.

Инаку, вечерва (среда, 18-ти август 2010) и утре (четврток) во манастирот на Тоше во Крушево се слави празникот Свето Преображение.

http://mmm.com.mk/?ItemID=A6720C8EEBC8DE42ACF9F7824AE65AB7


_________________


Тој е горе во височините каде што и секогаш беше. Се наоѓа во темнина. Темнината сме ние, фановите кои чуваме една голема темнина во срцата, бидејќи него повеќе го нема. А на небото има само една сјајна звезда - Тоше, единствена сјајна ѕвезда која секогаш ќе остане да сјае
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
batbayan
Модератор
Модератор
avatar

Број на мислења : 1410
Age : 31
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
11 / 10011 / 100

Registration date : 2008-06-11

ПишувањеПредмет: Re: Други новости во врска со Тоше   Пет Aвг 20, 2010 11:39 am

Официјалната реакција од фановите на Тоше Проески

Се кренавме против скандалозната постапка на MTV!

Откако МММ излезе со статија поврзана со номинацијата на Тоше Проески на актуелтите ЕМА MTV награди, официјално се огласи фан-клубот на легендарниот музичар. Нивната реакција ја пренесуваме во целост...

Од страна на MTV Србија е извршен погшреен збир на гласовите за регионалните музички награди. Поточно, на пејачот со најголем број гласови, Тоше Проески му е одземено правото да биде во топ 30 без воопшто да влезе на листата. Илјадници фанови се разочарани и се чувствуваат измамени. Тоа што се случи е навистина некоректно од страна на MTV Србија. Се надеваме дека некој од одговроните луѓе на MTV Србија ќе реагираат и ќе превземат мерки за тоа што се случи. MTV е доста гледана телевизиска станица, но со овој потег ја губат нашата почит и значењето за сите нас кои сакаме гласањето да биде регуларно и пејачот на најголем број гласови, Тоше Проески, да биде вратен во номинациите за наградата.

Многубројните ракции на обожавателите и медиумите се доказ дека овие настани се нерегуларни и за нив одлучиваат сите, само не публиката - стои во дописот до МММ.

http://mmm.com.mk/?ItemID=C8B749DF9D026D4CB9A554B6575DB9B3

_________________


Тој е горе во височините каде што и секогаш беше. Се наоѓа во темнина. Темнината сме ние, фановите кои чуваме една голема темнина во срцата, бидејќи него повеќе го нема. А на небото има само една сјајна звезда - Тоше, единствена сјајна ѕвезда која секогаш ќе остане да сјае
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
batbayan
Модератор
Модератор
avatar

Број на мислења : 1410
Age : 31
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
11 / 10011 / 100

Registration date : 2008-06-11

ПишувањеПредмет: Re: Други новости во врска со Тоше   Нед Aвг 22, 2010 9:21 pm

Пробно пуштање, или...

Фонтаната на Тоше веќе го разубавува Ново Лисиче

Фановите на Тоше Проески на ЈуТјуб поставија видео-снимка од (најверојатно) пробното пуштање на Фонтаната на Тоше, во скопската населба Ново Лисиче, на Детската улица. Снимката е реализирана во петокот навечер (20-ти август).

Неодамна јавивме дека Фонтаната на Тоше ќе биде готова до есен, а кога ќе започне да го живее својот живот, дефинитивно ќе стане култно место, не само за македонските фанови, туку и за обожавателите од регионот.

Тркалезната фонтана на Тоше има пречник од 7 метри, а базенот во неа е длабок 1,2 метра. Централниот, квадратен дел е висок 1,45 метри.

Детската улица во Скопје се наоѓа во населбата Ново Лисиче, а целиот проект го финансира општината Аеродром.

Доколку некој има повеќе информации околу овој настан, би го замолиле да не извести.

Дотогаш, еве ја снимката:

http://www.youtube.com/watch?v=6nwXWB4i3sQ&feature=player_embedded

_________________


Тој е горе во височините каде што и секогаш беше. Се наоѓа во темнина. Темнината сме ние, фановите кои чуваме една голема темнина во срцата, бидејќи него повеќе го нема. А на небото има само една сјајна звезда - Тоше, единствена сјајна ѕвезда која секогаш ќе остане да сјае
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
batbayan
Модератор
Модератор
avatar

Број на мислења : 1410
Age : 31
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
11 / 10011 / 100

Registration date : 2008-06-11

ПишувањеПредмет: Re: Други новости во врска со Тоше   Пон Aвг 23, 2010 6:27 pm

НЕПРАВДА ОД „ЕМ-ТИ-ВИ“
Обожавателите на Тошеостанаа разочарани
По реакциите на обожавателите на Тоше Проески, кои излегоа на повеќе интернет-странци и форуми, официјално се огласи и клубот на обожаватели на легендарниот пејач кој за музичката страна МММ изјави дека со ова е направена голем неправда. Во својата изјава за „Македонската музичка мрежа“ тие велат дека е извршен погрешен збир на гласови за регионалните музички награди. Според нив, Тоше имал најголем број на гласови, но, и покрај тоа, му било одземено правото да биде листата на 30 изведувачи од Балканот. - Илјадници обожаватели се разочарани и се чувствуваат измамени. Тоа што се случи е некоректно од стана на „Ем-Ти-Ви Србија“. Се надевам дека некој од одговорните луѓе на „Ем-Ти-Ви Србија“ ќе реагираат и ќе преземат мерки за тоа што се случи - стои во официјалната изјава на клубот на обожаватели. Клубот вели и дека иако смета дека оваа музичка телевизија е најгледана, сепак тие ја изгубиле почитта кон неа. За овој случај со номинациите за изборот на наградата за најдобар регионален изведувач поразговаравме и Славен Ристовски, кој е еден од одговорните на фондацијата „Тоше Проески“. - Навистина ни е жал што Тоше Проески не влезе во номинирани за наградата најдобар регионален изведувач на „Ем-Ти-Ви“, пред се затоа што не се почитувани гласовите на неговите обожаватели. Но, Тоше Проески е доволно голем и се знае кој е и што се направил и без да биде номиниран од „Ем-Ти-Ви“ - изјави Славен Ристовски и додаде дека, сепак, е добро да се даде една почесна награда на Тоше Проески бидејќи тој има соработувано со „Ем-Ти-Ви“. Оваа година беше промовирана најновата песна од Тоше Проески „Још увјек сањам да смо заједно“ која што излезе на албумот „Тоше и пријателите“. Во објавата на „Ем-Ти-Ви“ европските музички награди за триесетте номинирани изведувачи стоеше објаснувањето дека овој избор не е за песна, видеоспот, за најдобар пејач, туку за најдобар регионален изведувач. Во изборот на триесетте номинирани биле земени предвид различни фактори како што е целокупниот успех на изведувачот или на групата во претходната година, влијанието кое го оставиле на музичката сцена како во земјата од која доаѓаат, квалитетот кој изведувачот го поседува, квалитетот на видеопродукцијата, колкава е популарноста на изведувачот и така натаму. Обожавателите во меѓувреме на „јутјуб“ поставија видеоснимка од пробното пуштање на фонтаната на Тоше, во скопската населба „Ново Лисиче“, на „Детската улица“. Снимката е направена во петокот вечерта.


vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabinde...amp;ArticleID=147138

_________________


Тој е горе во височините каде што и секогаш беше. Се наоѓа во темнина. Темнината сме ние, фановите кои чуваме една голема темнина во срцата, бидејќи него повеќе го нема. А на небото има само една сјајна звезда - Тоше, единствена сјајна ѕвезда која секогаш ќе остане да сјае
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
batbayan
Модератор
Модератор
avatar

Број на мислења : 1410
Age : 31
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
11 / 10011 / 100

Registration date : 2008-06-11

ПишувањеПредмет: Re: Други новости во врска со Тоше   Сре Aвг 25, 2010 10:54 am

Ликот на Тоше Проески на гради



Дека фановите на големите ѕвезди се подготвени на се, зборува и фотографијата во прилог, а ако мислевте дека вакви работи се случуваат само по светот, сте се излажале. Инвентивни фанови има и на домашен терен. Еден таков фати и објективот на ВЕЧЕР. Момчето на фотографијата очигледно е голем фан на нашата музичка легенда Тоше Проески, а својата приврзаност кон идолот ја изразил, мора да се признае, на мошне оригинален начин. Очигледно за реализацијата на својата идеја го избрал и вистинскиот тату-мајстор. Затоа што нема збор дека тетоважата направена на градите е одлична, а ликот на Тоше симнат речиси без грешка. Ова е само уште еден доказ дека Тоше има армија фанови кои се обидуваат на секој можен начин да го сочуваат споменот на својот идол.
Незнајниот јунак на фотографијата на правена за време на кошаркарскиот натпревар меѓу Македонија и Велика Британија, се разбира, покрај нашите спортисти го прогласивме за јунак на вечерта. Поради оригиналната идеја штета би било да остане и понатаму незнаен, затоа може слободно да се јави во нашата редакција.

http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=060773CE64298245A9040E80B19D1611

_________________


Тој е горе во височините каде што и секогаш беше. Се наоѓа во темнина. Темнината сме ние, фановите кои чуваме една голема темнина во срцата, бидејќи него повеќе го нема. А на небото има само една сјајна звезда - Тоше, единствена сјајна ѕвезда која секогаш ќе остане да сјае
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
batbayan
Модератор
Модератор
avatar

Број на мислења : 1410
Age : 31
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
11 / 10011 / 100

Registration date : 2008-06-11

ПишувањеПредмет: Re: Други новости во врска со Тоше   Сре Aвг 25, 2010 10:59 am

ПРИ КРАЈ ИЗГРАДБАТА НА МЕМОРИЈАЛНИОТ ПАРК ВО ОПШТИНА АЕРОДРОМ

Белградско зеленило околу фонтаната на Тоше Проески

На Детската улица во населбата Ново Лисиче со полна пареа се гради меморијалната фонтана посветена на македонската поп-легенда Тоше Проески. Фонтаната се очекува да биде завршена за кратко време така што целиот парк посветен на Тоше, што ќе потсетува на њујоршкиот Централ парк, ќе прерасне во култно место на кое ќе се собираат фановите на трагично загинатиот млад пејач, којшто беше многу популарен на Балканот и во Европа.
Помош за хортикултурното уредување на околината ќе даде Градот Белград и јавното комунално претпријатие Зеленило Белград". Како што пишува српски Прес", местото ќе го красат 26 садници од белградскиот расадник на ЈКП Зеленило Белград", а ќе бидат поставени и неколку клупи на кои фановите на Тоше ќе се потсетуваат на неговите песни.
- Група млади од белградскиот фан-клуб на Тоше ме замоли и Белград да учествува во уредувањето на меморијалната фонтана во Скопје. Нивниот предлог му го претставив на градоначалникот Драган Ѓилас, кој веднаш се сложи главниот град на Србија да даде свој придонес. Бидејќи градежните работи на фонтаната се речиси завршени, се договоривме градот да придонесе околу уредувањето на нејзината околина, изјавил заа Прес" Мирослав Чучковиќ, член на градскиот совет.
Кружната фонтана со ликот на Тоше на Детската улица во скопската населба Ново Лисиче ќе биде со дијаметар од седум метри, длабочината на базенот ќе биде околу 1,2 метри, додека централниот квадратен дел ќе има височина од околу 1,45 метри. Околината ќе биде украсена со цветни жардињери, клупи и неонски светилки што ќе ја осветлуваат фонтаната со неговиот лик.
Изградбата на фонтаната ја врши фирмата "Промонтинг" додека средствата се обезбедени од Буџетот на Општина Аеродром за 2010 година.

http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=9ADC3814EC958C419149B3915242F2FD

_________________


Тој е горе во височините каде што и секогаш беше. Се наоѓа во темнина. Темнината сме ние, фановите кои чуваме една голема темнина во срцата, бидејќи него повеќе го нема. А на небото има само една сјајна звезда - Тоше, единствена сјајна ѕвезда која секогаш ќе остане да сјае
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
Sponsored content




ПишувањеПредмет: Re: Други новости во врска со Тоше   

Вратете се на почетокот Go down
 
Други новости во врска со Тоше
Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот 
Страна 18 of 20Отиди на страна : Previous  1 ... 10 ... 17, 18, 19, 20  Next

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
 :: Пишани и Електронски медиуми :: Новости-
Отиди до: