HomeПрашања/ОдговориБарајЧленовиЧленски групиРегистрирајте сеВлез

Share | 
 

 Други новости во врска со Тоше

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down 
Отиди на страна : Previous  1 ... 11 ... 18, 19, 20  Next
АвторПорака
batbayan
Модератор
Модератор
avatar

Број на мислења : 1410
Age : 31
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
11 / 10011 / 100

Registration date : 2008-06-11

ПишувањеПредмет: Re: Други новости во врска со Тоше   Сре Aвг 25, 2010 5:33 pm

Ново на YouTube

За сите кои искрено го сакаат Тоше...

Љубовта која фановите на Тоше Проески ја имаат кон легендарниот пејач не стивнува. Напротив, секојдневно таа е се поголема и поголема, а една од последните творби посветени на Тоше е од Марија З.Видиќ од Торонто.

Со оваа песна Марија ги поздравува сите крушевчани и сите луѓе кои искрено го сакаат Тоше.

Еве ја песната:

http://www.youtube.com/watch?v=G_3x3fS25Jg...layer_embedded#!


_________________


Тој е горе во височините каде што и секогаш беше. Се наоѓа во темнина. Темнината сме ние, фановите кои чуваме една голема темнина во срцата, бидејќи него повеќе го нема. А на небото има само една сјајна звезда - Тоше, единствена сјајна ѕвезда која секогаш ќе остане да сјае
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
batbayan
Модератор
Модератор
avatar

Број на мислења : 1410
Age : 31
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
11 / 10011 / 100

Registration date : 2008-06-11

ПишувањеПредмет: Re: Други новости во врска со Тоше   Чет Aвг 26, 2010 11:03 am

Фонтаната на Тоше го краси Ново Лисиче

В сабота официјално ќе биде означен завршетокот на изградбата на меморијалната фонтана посветена на Тоше Проески на детската уличка во Ново Лисиче. Точно напладне, со симболично пресекување црвена лента и откривање на платното од фотографијата на Тоше, која се наоѓа во централниот дел на фонтаната, колеги на нашата најголема музичка ѕвезда ќе го пуштат во употреба мини-паркот изграден во негова чест. Вчера се вршеа последните тестирања на илуминацијата и водните ефекти на фонтаната, проект, кој целосно е реализиран од страна на Општина Аеродром. Според градоначалникот Ивица Коневски, ова катче ќе биде најубавото не само во Аеродром туку воопшто во Скопје. Се очекува тоа да стане култно место за дружење на младите и на фановите на Тоше.

„Колку проектот е значаен не само за Аеродром туку и цела Македонија, говори фактот дека многу странски здруженија, општини и други субјекти почитувачи на ликот и на делото на Тоше се интересираат за начинот на кој можат да придонесат за негово проширување и разубавување. Иако општината целосно, во секој поглед го ‘покри‘ проектот, ние сме отворени за соработка каков што беше духот на Тоше“, вели Коневски, кој потврди дека со Градот Белград наскоро ќе го дефинираат начинот на соработка откако се откажале од донација на садници и клупи за паркот поради несигурен транспорт.

Освен фонтаната, катчето во чест на Тоше е разубавено со урбана опрема и со зеленило, осветлено е со канделабри и со неонски светилки. (Дс.Т.)

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=6327C09...B68A38678CDD09E


_________________


Тој е горе во височините каде што и секогаш беше. Се наоѓа во темнина. Темнината сме ние, фановите кои чуваме една голема темнина во срцата, бидејќи него повеќе го нема. А на небото има само една сјајна звезда - Тоше, единствена сјајна ѕвезда која секогаш ќе остане да сјае
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
batbayan
Модератор
Модератор
avatar

Број на мислења : 1410
Age : 31
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
11 / 10011 / 100

Registration date : 2008-06-11

ПишувањеПредмет: Re: Други новости во врска со Тоше   Саб Aвг 28, 2010 9:56 pm

На Детската улица во Ново Лисиче

Свечено пуштање во употреба на меморијалната фонтана со ликот на Тоше Проески

Во сабота, 28.8.2010 година, на Детската улица во Ново Лисиче со почеток во 12 часот на свечен начин со сечење лента официјално ќе биде пуштена во употреба модерната меморијална фонтана со ликот на Тоше Проески.



На свеченото пуштање во употреба на меморијалната фонтана покрај градоначалникот на Општина Аеродром, Ивица Коневски, ќе присуствуваат и голем број претставници на македонската политичка и естрадна елита, кои истовремено ќе ја пресечат лентата околу фонтаната, по што ќе следуваат изјави за медиумите.

Меѓу гостите кои ќе учествуваат на свеченоста во чест на македонската музичка легенда Тоше Проески, се министерката за култура, Елизабета Канческа - Милевска, претседателот на Советот на Општина Аеродром Виктор Камиловски, државниот секретар за труд и социјална политика Марјанчо Тодоровски, претставникот на семејството на Тоше, Славен Ристески, внукот на Тоше - Кристијан, естрадните ѕвезди Елена Ристевска, Зоран Џорлев, Влатко Илиевски, Јован Јованов, Марко Слаткаристика, Елвир Мекиќ, Next Time, Мартина Димоска…, како и голем број граѓани.

Информацијата ни ја испрати еден ТОШЕдонец од Канада, додека фотографиите направени на 27-ми август се дело на еден Тоше фан од Аеродром.




_________________


Тој е горе во височините каде што и секогаш беше. Се наоѓа во темнина. Темнината сме ние, фановите кои чуваме една голема темнина во срцата, бидејќи него повеќе го нема. А на небото има само една сјајна звезда - Тоше, единствена сјајна ѕвезда која секогаш ќе остане да сјае
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
batbayan
Модератор
Модератор
avatar

Број на мислења : 1410
Age : 31
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
11 / 10011 / 100

Registration date : 2008-06-11

ПишувањеПредмет: Re: Други новости во врска со Тоше   Нед Сеп 05, 2010 6:49 pm

Интервю с Лиляна Петрович

Мирот го пронајдов во лавандите

Три години живеам во викендичката на моите родители близу Ниш. Одгледувам лаванда и ароматични растенија. Мојот живот е со побавен ритам и не сум под стрес. Се дружам со старите пријатели и се будам рано со цвркотот на птиците. Имам многу мирен живот, со оглед на тоа каков ми беше, вели Лилјана Петровиќ, менаџерката на Тоше Проески

Немирот го влече човекот напред. Го тера да открива нови пространства, да истражува, да бара нешто ново и непознато, да го буди авантуристот во себе. И никогаш да не биде задоволен - постојано да мисли и да се прашува што има зад следниот свиок. Животот на Лилјана Петровиќ до пред три години беше токму таков. Во еден ден и' се случуваа толку нешта, колку што другите луѓе не доживуваа ни за една година.

Таа правеше се' што не се гледа со око, а е потребно да се организира околу една ѕвезда каква што беше Тоше Проески за да бидат задоволни публиката, авторите, новинарите и самиот пејач. Патувања, снимање песни и спотови, интервјуа, концерти, прес-конференции. Динамичен живот што траеше се' до кобниот 16 октомври, кога големата трагедија му го одзеде животот на највредното нешто што го имаше Македонија.

Денес, речиси три години по тоа октомвриско утро, Лилјана Петровиќ е сосема друга жена. Естрадата ја замени со земјоделство, концертите со агросаеми, а занесот од издавањето ново цеде со задоволство од успешниот род. Денес, биоритамот и' е сосема поинаков, а нејзиниот немир е скриен во мирисот на лавандите.

- Три години живеам во викендичката на моите родители близу Ниш. Одгледувам лаванда и некои ароматични растенија што почнав да ги пласирам на пазарот. Мојот живот е со побавен ритам и не сум под стрес. Се дружам со старите пријатели и често свратувам во семејната куќа во Ниш. Се будам рано со цвркотот на птиците. Имам многу мирен живот, со оглед на тоа каков ми беше - вели Петровиќ, која живее во село близу Ниш, чие име инсистира да не биде објавено во медиумите заради заштита на нејзината приватност.



Плантажите на лаванда со површина од 27 хектари се опкружени со три национални парка. Некогашните руинирани полиња сега со мирисот му го привлекуваат вниманието на секој минувач.

- Викендичката се наоѓа на местото на мојата дедовина и имав можност да ги гледам уништените и распаднати полиња на кои никој не работеше. Често зборував дека кога ќе одам во пензија ќе направам камена куќа на тие полиња и ќе посеам ароматични растенија што се користат за убави нешта. Но, ниту во сон не очекував дека тоа ќе се случи толку брзо, на мои 52 години. Мислев дека одгледувањето ароматични растенија во подоцнежните години ќе ми биде хоби. Не ни претпоставував дека ќе ја променам професијата и ќе се занимавам со земјоделство, што ќе ми овозможува и егзистенција. На оваа возраст не сонував дека ќе почнам се' од почеток - открива бившата менаџерка.

Петровиќ вели дека успеала да се снајде во новата професија на најбезболен начин.

- Со мојата нова професија почнав да се занимавам пред две години. Дваесет хектари зедов под закуп од државата на 20 години, а седум ги докупив и се во моја сопственост. Случајно мои пријатели од детството откупуваат лековити растенија и ми помогнаа со совети при изборот на растенија и околу тоа што е најдобро да се работи. Тие имаа расади од лаванди увезено од Франија, но ми ги препуштија мене. Се снајдов на најбезболен начин. Кога ги садевме расадите, што е најтешкиот дел од работата, дојде цело село да помогне. Тоа беше акција што траеше еден и пол месец.

Лавандата е медитеранско растение и за да успее, потребна му е медитеранска клима. Движејќи се по патот низ планини и кањони за да се стигне до селото каде што се плантажите, се наметнува прашањето: Како на толку високо место успеваат лаванди?

- Имам среќа да потекнувам од место именувано според винова лоза и се наоѓа меѓу три национални парка. Во распон од 15 км се чувствува медитеранската клима, а токму тука се и плантажите. На нив е засадена оригиналната француска „лаванда лувера“ што се користи како подлога за сите парфеми и во медицината.

Плантажата на Петровиќ ја одржуваат четири луѓе од селото, но нејзина идеја е во одгледувањето на лаванди и на ароматични растенија да ги инволвира и останатите жители.

- Идејата ми беше да ги вклучам сите, особено младите. И мило ми е што тоа се случи. Дел од нив почнаа да се занимаваат со тоа, така што заеднички се поддржуваме и се грижиме еден за друг. Тој круг полека се шири и мислам дека овој крај ќе стане оаза на ароматични растенија.

Библиотеката во собата на Петровиќ има литература поврзана со земјоделството. Како страстен читач и сопственик на многу книги, таа вели дека секој во својата професија треба постојано да се надградува. Неодамна беше и на земјоделскиот саем во Словенија.

- Отидов таму за да го видам комбајнот за берење лаванди, кој ми е потребен бидејќи имам голема површина. А лавандите ќе стигнат за берба идната година, кога ќе расцветаат. Годинава можевме да береме рачно оти количината беше мала. Кон***ирав во фондот за развој во Србија. Се надевам дека ќе ми одобрат средства за да можам да го купам тој комбајн од повеќе причини. Имам плантажа која е единствена и најголема во Србија за одгледување лаванди, а и поради фактот што се вклучија голем број млади луѓе. Наидов на добар прием од луѓето, кои покажаа разбирање и сакаат да помогнат. Планирам во еден дел од плантажите да одгледувам пчели. А во друг да изградам етнокуќа - вели Петровиќ.

И покрај постојаниот ангажман на плантажата, минатото, сепак, често се спојува со нејзината сегашност. Кога ќе се сети на старите пријатели, тргнува за Белград, Загреб, Љубљана, Скопје или за Крушево.

- Одржувам врска со сите луѓе со кои бев блиска. Во Скопје не доаѓам често. Се гледам со пријателите на враќање од Крушево. Уште не можам да се соочам со фактот дека него го нема. А Скопје, иако го чувам во мене како нешто најмило, ми носи тага. Особено кога ќе ја поминам границата ми се навраќаат спомените и тоа многу ме растажува. Сепак, преиспитувајќи се себеси, знам само една работа - својата болка да ја носам достоинствено и својата тага да ја втопам во некој мир. Тоа е она што го сакам. Да можам себеси да си овозможам мигови да и' се препуштам на тагата и на достоинствената болка. Се обидувам да го најдам одговорот во духовна смисла - од која причина некои од нас одат прерано горе. Веројатно да ги поштеди од нешто. Гледајќи го овој свет, сигурна сум дека се наоѓаме во пекол, а некаде горе е многу подобро - завршува Петровиќ.


Одбив да менаџирам млади светски ѕвезди



Петровиќ вели дека во изминатите три години добила понуди да биде менаџерка на пејачи од Балканот и од европските земји, но ги одбила.

- Добив понуди и од Италија и од Англија да бидам менаџерка на млади ѕвезди во подем. Реков дека нема да се занимавам со менаџерство и на никој нема да му бидам менаџер. Никој не ме сфати сериозно. Мож*** е глупаво да се одречеш од професијата во која си бил добар. Но за мене, не е. Од емотивни причини ми беше лесно да се одречам од сето тоа. Се јавуваат млади пејачи, менаџери и нивни пријатели да прашаат за совет или да ми побараат некој контакт. Се трудам на сите да им помогнам колку што можам со совети и со контакти. Никого не одбивам. Повеќето од нив се од Србија и од Хрватска, помалку ги има од Македонија - вели Петровиќ.


Фондацијата достоинствено го продолжува делото на Тоше

Петровиќ истакнува дека Фондацијата „Тоше Проески“ достоинствено работи на одржување на неговиот лик и дело и секој нејзин потег е таков каков што би сакал да биде и самиот Тоше.

- Не е лесно и едноставно по таква загуба да собереш сила и да ја продолжиш постхумно кариерата на Тоше во вистински правец. Не разбирам никој што може да критикува такво нешто. Тешко е да се работи со тага, болка и тензија. Но, нека продолжат така, најдостоинствено да го одржуваат неговиот лик.

Таа и' е благодарна на фондацијата, а и на сите што организираат настани поврзани со името на Тоше, кои во знак на внимание и' упатуваат покана за присуство.

- Мене ми значат тие покани бидејќи се мигови за кои живеам. Ако ме повикаат, ќе бидам присутна секаде каде што се прави нешто што е во вистински контекст достоинствено да се зачува неговото име и дело. Во сето она што нема врска со логика, а го прават луѓе што може да си припишат секакви заслуги, а не го познавале, ниту знаеле што и колку работи, не сакам да се впуштам - вели Петровиќ.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=DC78A4C76524924591993606FD8D4D33

_________________


Тој е горе во височините каде што и секогаш беше. Се наоѓа во темнина. Темнината сме ние, фановите кои чуваме една голема темнина во срцата, бидејќи него повеќе го нема. А на небото има само една сјајна звезда - Тоше, единствена сјајна ѕвезда која секогаш ќе остане да сјае
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
batbayan
Модератор
Модератор
avatar

Број на мислења : 1410
Age : 31
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
11 / 10011 / 100

Registration date : 2008-06-11

ПишувањеПредмет: Re: Други новости во врска со Тоше   Пон Сеп 06, 2010 9:01 pm

Споменик на Тоше во Нова Градишка

Обележјето треба да биде готово на 16. октомври, кога се навршуваат три години од кобната сообраќајна несреќа. Ќе биде поставена централна плоча висока два метри на која ќе биде поставена фотографијата од Тоше со белиот гулаб

Македонската легенда, Тоше Проески, ќе добие спомен плоча во Нова Градишка. Плочата ќе биде поставена до стадионот од каде полета хеликоптерот со посмртните останки балканската ѕвезда.

Обележјето треба да биде готово на 16. октомври, кога се навршуваат три години од кобната сообраќајна несреќа. Ќе биде поставена централна плоча висока два метри на која ќе биде поставена фотографијата од Тоше со белиот гулаб. Тоа е онаа фотографија која е ставена на поштенските марки. Финансиите за изградба на одбележјето ги обезбедуваат локалната самоуправа во Нова Градишка, Фондацијата Тоше Проески и издавачката куќа Хит рекордс.

Се очекува деновиве во Хрватска да заминат претставници од Фондацијата кои треба да дадат согласност за материјалот од кој ќе биде направена плочата. Теренот е веќе уреден, направена е патека до местото каде ќе се најде овој споменик.

Две години по ред маратонци во октомври трчаат од родното Крушево до Нова Градишка, до местото каде што настрада Тоше. За годинава се најавува поголема манифестација.

Тоше Проески загина на 16. октомври 2007 во трагична сообраќајна несреќа на автопатот Загреб - Липовац, кај Нова Градишка. Возачот Ѓорѓе Георгиевски помина со потешки, додека неговата менаџерка Лилјана Петровиќ со полесни повреди. Георгиевски е осуден на казна затвор за несрќата во која прерано заврши животот на Тоше.

http://kirilica.com.mk/vest.asp?id=55740


_________________


Тој е горе во височините каде што и секогаш беше. Се наоѓа во темнина. Темнината сме ние, фановите кои чуваме една голема темнина во срцата, бидејќи него повеќе го нема. А на небото има само една сјајна звезда - Тоше, единствена сјајна ѕвезда која секогаш ќе остане да сјае
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
batbayan
Модератор
Модератор
avatar

Број на мислења : 1410
Age : 31
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
11 / 10011 / 100

Registration date : 2008-06-11

ПишувањеПредмет: Re: Други новости во врска со Тоше   Вто Сеп 07, 2010 2:40 pm

МИХАИЛО БОШКОВСКИ НА СЕБЕ ГО ЧУВА СПОМЕНОТ НА ИДОЛОТ

Ми се наполни душата кога го истетовирав ликот на Тоше над срцето

Дека армијата фанови на легендата Тоше Проески е подготвена да направи се за да го сочува споменот на неговиот лик и дело доказ е и 18-годишниот Михаило Бошковски од Скопје, кој веќе три месеци на градите ја носи тетоважата со ликот на македонската мегаѕвезда.

"Тоше го запознав пред неколку години, доаѓаше во мојата населба и не беше како останатите ѕвезди. Сите познати што поминувале низ моето маало, не одминувале, а тој секогаш седеше со нас си правеше муабет, дури и не качи во автомобилот да не повози. Ни го направи детскиот мерак. Тој доаѓаше во Карпош затоа што тука живееше мајката на Андријана Будимир. Немаше ден да дојде, а да не застане со нас да седи. Ми беше поим за човек и цел живот ќе ми биде. Кога ќе кажам човек, ми текнува прво на него. Гледам многумина се обидуваат да го имитираат, но не им успева", вели Михаило.

Откако се случи несреќата во која загина Тоше, Михаило веднаш почнал да размислува да го истетовира неговиот лик, но вели дека му требало време добро да размисли затоа што не знаел како другите ќе го прифатат. "Кога ја нацртав, знаев дека ја ставам само за себе, а не за експонирање. Не сакам на туѓа слава да правам слава, туку сакав да направам нешто трајно за своја душа. Имаше различни реакции, посебно летово во Охрид на плажа некои викаа дека е супер, а други леле, срамота, види што направил", имаше дури и коментари види го, ненормален што истетовирал", но бев подготвен да ги прифатам сите реакции", вели Михаило.

Кога им кажал на неговите родители што планира да направи, во прв момент биле збунети, но не се противеле.

"Се решив да ја одберам токму оваа слика затоа што тука со микрофонот во рака е всушност Тоше каков што сите го знаеа. Разгледав над 5.000 слики и изборот падна на оваа. Не познавам лично некој што има тетоважа со ликот на Тоше, но на интернет имам видено и мислам дека има некој во Хрватска", објаснува 18-годишниот фан на мегаѕвездата.

Тој иако е голем вљубеник во тетовирањето, вели дека по оваа не планира да стави нова слика на телото за да не излезе дека се направил како сликовница и дека го навцртал Тоште само колку да се рече.

"Неговиот лик ми е точно над срцето, а таму се чуваат само драгите личности. Тоше како мој идол многу ми има помогнато да ја формирам мојата личност. Мислам дека никогаш нема да зажалам што го направив ова, сега ми е некако исполнета душата. Чест ми е што го носам ова на себе. Тоше е Тоше, не е кој било. Трпев четири и полчасовна болка, но мислам дека не ја чувствував ни болката од возбуда и посебно бев исполнет додека ме црташе тату-мајсторот", додава Михаило

http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID...77E757638FE6E5A


_________________


Тој е горе во височините каде што и секогаш беше. Се наоѓа во темнина. Темнината сме ние, фановите кои чуваме една голема темнина во срцата, бидејќи него повеќе го нема. А на небото има само една сјајна звезда - Тоше, единствена сјајна ѕвезда која секогаш ќе остане да сјае
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
batbayan
Модератор
Модератор
avatar

Број на мислења : 1410
Age : 31
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
11 / 10011 / 100

Registration date : 2008-06-11

ПишувањеПредмет: Re: Други новости во врска со Тоше   Вто Сеп 07, 2010 2:51 pm

МАКЕДОНСКАТА АМБАСАДА, ЛОКАЛНАТА САМОУПРАВА, ФАНОВИТЕ И ФОНДАЦИЈАТА "ТОШЕ ПРОЕСКИ" СО НОВА ИНИЦИЈАТИВА


Ликот на Тоше на спомен-обележје во Нова Градишка

Централната плоча ќе биде висока два метри, а на неа ќе биде поставена фотографијата од Тоше со белиот гулаб, која Фондацијата ја користи како заштитен знак


Споменик во чест на македонската легенда, Тоше Проески, ќе биде изграден до стадионот во Нова Градишка од каде полета хеликоптерот со посмртните останки на поп-пејачот. Во Македонската амбасада во Хрватска велат дека оваа иницијатива постои од пред две години, за време на годишнината од смртта на Тоше. Нивната идеја е обележјето да биде готово на 16. октомври, кога се навршуваат три години од кобната сообраќајна незгода.
- Ова е иницијатива стара две години. Се појави идеја на местото каде што Хрватска го испрати Тоше, по онаа сообраќајна незгода во која тој го изгуби животот, да биде направено спомен-обележје. Во соработка со локалната самоуправа, Фондацијата "Тоше Проески" и Фан-клубот на Тоше во Хрватска, одлучивме спомен-плочата да биде поставена до самото игралиште од каде полета хеликоптерот. Веднаш до стадионот се наоѓа средношколски училишен центар за технички струки, што за нас има некаква симболика - младост, љубов, однос кон младите - нешто што Тоше го имаше во себе. Тука се додава и љубовта кон спортот. Фан-клубот на Тоше сега брои околу 15 000 членови - вели македонскиот амбасадор во Хрватска, Данчо Марковски.

Според него локацијата која е избрана одговара за поставување на такво обележје. Се работи за централна плоча висока два метри на која ќе биде поставена фотографијата од Тоше со белиот гулаб, која Фондацијата ја користи како заштитен знак. Околината веќе била уредена. Се очекува деновиве во Хрватска да заминат претставници од Фондацијата кои треба да дадат согласност за материјалот од кој ќе биде направена плочата.
- Улогата на Амбасадата беше пред се да ги заврши оние административни работи за да може на тригодишнината од смртта на нашиот Тоше да му се оддаде почит пред новото обележје. Се надевам дека ќе стигнеме до средината на октомври да завршиме со сите работи. Очекуваме претставниците од Фондацијата да пристигнат до крајот на неделава, да се пресече од каков материјал ќе биде направено и да се почне со поставувањето - додава амбасадорот Марковски.
Финансиите за изградба на обележјето ги обезбедуваат локалната самоуправа во Нова Градишка, Фондацијата "Тоше Проески" и издавачката куќа "Хит рекордс".

Две години по ред маратонци на овој ден трчаат од родното Крушево до Нова Градишка, до местото каде што настрада Тоше. Годинава градоначалникот на Нова Градишка побарал да се даде поголемо значење. Покрај маратонот се најавува поголема манифестација.
- Тоа би бил еден хепенинг во чест на Тоше. Понатаму има идеја да се збратимат Крушево, родното место на Тоше, и Нова Градишка, со што би имало економска, културна и спортска соработка - додава Марковски.

http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=1AC162510E594240BCE826BCE4C155B8

_________________


Тој е горе во височините каде што и секогаш беше. Се наоѓа во темнина. Темнината сме ние, фановите кои чуваме една голема темнина во срцата, бидејќи него повеќе го нема. А на небото има само една сјајна звезда - Тоше, единствена сјајна ѕвезда која секогаш ќе остане да сјае
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
batbayan
Модератор
Модератор
avatar

Број на мислења : 1410
Age : 31
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
11 / 10011 / 100

Registration date : 2008-06-11

ПишувањеПредмет: Re: Други новости во врска со Тоше   Вто Сеп 07, 2010 2:58 pm

29 октомври 2007

Кај Тоше фасцинираше огромната енергија

Разговор со британскиот фотограф кој ги направи фотографиите на Тоше наменети за светскиот пазар


Британскиот фотограф Џејсон Џојс е добро познато и етаблирано име во светскиот шоубизнис. За него се врзуваат фотографиите на најпознатите музички ѕвезди, меѓу кои се вбројуваат и сер Елтон Џон, „Оејзис“, „Ол Сеинтс“, Ашанти, Боно Вокс, „Ауткаст“, „Сизор систерс“, Крис Мартин, Ник Кејв, Џамелија, Дајдо... Доволно е само да се фрли еден поглед врз неговото пребогато портфолио (www.jasonjoyce.com) и веднаш ќе добиете вистинска слика за каков тип фотограф станува збор.

Покрај фотосесиите со познати и славни личности, Џојс работел и на многу рекламни кампањи, патописни репортажи. Важи за еден од најскапите и најквалитетни фотографски имиња во Англија, човек до чиј термин за снимање тешко се доаѓа. Не толку одамна, Џојс соработуваше и со Тоше Проески. Тој беше задолжен за фотографиите кои требаше да се појават на неговиот нов албум на англиски јазик. Дел од нив јавноста виде и на обвивката на последното цеде на Проески, „Игри без граници“.

Македонија минува низ тежок период, се соочуваме со трагичната загуба на нашата и балканска поп-икона Тоше Проески. Вие имавте можност да соработувате со него. Каков беше Вашиот впечаток?

- Тоше беше фантастичен. Првата средба ја имавме во мојата канцеларија, неколку дена пред почетокот на снимањето за да направиме генерален план, а потоа и да ги утврдиме деталите, насоките во кои требаше да се движат фотографиите и целокупниот стајлинг. Тој покажа огромна страст и желба за креирање на одлични фотографии.

Колку долго траеше сесијата и каква беше сликата што ја продуциравте за Тоше преку Вашиот фотообјектив?

- Снимањето траеше буквално цел ден. Почнавме во 9 часот наутро, а завршивме во 18 часот попладне. Тоа беше прекрасен и многу успешен работен ден. На крајот завршивме со околу 10 различни изгледи, а имајќи го предвид моето досегашно искуство, направивме навистина многу за сесија од еден ден. Но, морам да напомнам дека Тоше беше вистински професионалец и по завршувањето сакаше уште да продолжиме со работа. Сакаше да снимаме уште и уште...

Фотографиите беа наменети за новото цеде на Тоше Проески и за прес-материјалот што требаше да го придружува излегувањето на албумот. Не сум сигурен дали дел од нив се објавени.

Снимавте во една стара, уникатна куќа во близината на Лондон, „The Perch“. Како реагираше Тоше во моментот кога првпат го здогледа тоа импозантно здание?

- Местото, студиото во кое снимавме се нарекува „The Roost“ и тоа е сестринска локација на „The Perch“. Идејата да снимаме таму беше моја од едноставна причина што тоа место нуди огромен избор на опции за креирање на различни изгледи. Исто така, и храната која ја подготвуваат и служат таму е одлична и секогаш расположува и го става умот во добра состојба.

Дел од Вашето портфолио се соработките со многу познати и славни личности, меѓу кои се сер Елтон Џон, „Оејзис“, Крис Мартин, Дајдо, Брајан Фери... Може ли да направите една паралела, споредба во работата со најголемите светски ѕвезди од една, и од друга страна, искуството што го имавте со еден, за Вас, анонимен пејач Тоше Проески?

- Никогаш не сум вреднувал некого според скалата на слава, популарност и мислам дека е голема грешка да се прави тоа. Ако секого што фотографирам е третиран на истиот начин, тогаш крајниот резултат, без исклучок, е вадење на најдоброто од артистите без голем напор.

Но, ако морам, ќе кажам дека Тоше Проески беше максимално професионален во пристапот кон снимањето, исто колку и секоја друга голема ѕвезда со која сум имал задоволство да работам.

Што најмногу Ве импресионираше кај Тоше?

- Неговата енергија. Тоше имаше многу високо ниво на енергија и тоа е веројатно причината зошто за една сесија и толку кратко време направивме толку многу различни имиџи.

Според Ваше мислење, имаше ли Тоше шанса да успее во светот, онака како што тоа го направи на овие простори?

- Навистина ми е многу тешко да ви одговорам на ова прашање. Како професионален фотограф мојата работа беше да го „фатам“ моментот и да направам да изгледа добро. Тоа и го сторив. Работата е завршена. А што се однесува до кариерата, сепак, мислам дека за тоа треба да одлучат други луѓе и фанови.

Имавте ли планови за нови фотосесии во наредниот период?

- Колку што знам, немаше нови договори во план. Како што реков, направивме толку многу фотографии за време на фотосесијата што се сомневам дека ќе ни требаше ново снимање подолг период.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=A886E61775E85D4E92E7D88A3B8FF0DB

_________________


Тој е горе во височините каде што и секогаш беше. Се наоѓа во темнина. Темнината сме ние, фановите кои чуваме една голема темнина во срцата, бидејќи него повеќе го нема. А на небото има само една сјајна звезда - Тоше, единствена сјајна ѕвезда која секогаш ќе остане да сјае
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
batbayan
Модератор
Модератор
avatar

Број на мислења : 1410
Age : 31
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
11 / 10011 / 100

Registration date : 2008-06-11

ПишувањеПредмет: Re: Други новости во врска со Тоше   Пон Сеп 13, 2010 10:06 pm

На 5-ти октомври 2010-та, повторно...

Биди и ти дел од ѕвезденото небо на Тоше!

Фановите на Тоше Проески повторно организираат собир по повод 5-ти октомври. Настан под мотото Биди и ти дел од ѕвезденото небо на Тоше, ќе се одржи на 5-ти октомври 2010-та, во организација на Internacionalen Tose Fan Club Forum - Фанови и почитувачи на Ликот и делото на Тоше од Скопје, со помош на City radio.

Настанот ќе се одржи пред Платото на домот на АРМ со почеток во 20 часот. Главните детали со кусо видео веќе се поставени на YouTube.

http://www.youtube.com/watch?v=Ryuon9rgz58

Планираме и да направиме хуманитарна (крводарителска) акција во сорабортка со Црвениот крст, за што дополнително ќе ве доинформираме - велат фановите за МММ.

За овој важен настан веќе е формирана и Фејсбук група.

http://www.facebook.com/event.php?eid=126180904098796

http://www.mmm.com.mk/default.asp?ItemID=D...CCE59315BD08416

_________________


Тој е горе во височините каде што и секогаш беше. Се наоѓа во темнина. Темнината сме ние, фановите кои чуваме една голема темнина во срцата, бидејќи него повеќе го нема. А на небото има само една сјајна звезда - Тоше, единствена сјајна ѕвезда која секогаш ќе остане да сјае
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
batbayan
Модератор
Модератор
avatar

Број на мислења : 1410
Age : 31
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
11 / 10011 / 100

Registration date : 2008-06-11

ПишувањеПредмет: Re: Други новости во врска со Тоше   Чет Сеп 16, 2010 6:40 pm

Бугаринот Бoјан Михајлов пееше во чест на Тоше

Полско цвеќе наградена на фестивалот Пирин фолк

Бугарскиот пејач Бoјан Михајлов со песната Полско цвеќе, од репертоарот на легендарниот Тоше Проески, неодамна, на интернационалниот фестивал Пирин фолк во Сандански/ Бугарија освои две престижни награди – Прва награда од меѓународното жири и награда од публика.

Освен изведувачи од Бугарија, на фестивалот настапија и пејачите од Македониja, Србиjа и Црна гора.

За успехот, Бојан и се заблагодари на Меѓународната фондација Тоше Проески, од која побара и доби дозвола за да ја обработи оваа антологиска песна. Својата интерпретација, Бојан му ја посветил на Тоше Проески.

По фестивалот, во едно од своите интервјуа Бојан кажал дека воопшто не размислувал за наградата: Духот на великаните, кои остават траг во нашиот живот, додека се во рајот, продолжува да ни помага, за да можеме да издржиме...

Дел од текстот на Полско цвеќе е преведен на бугарски.
Ево го преводот:


Честно в себе си и в Бога ще се закълна,
любовта си няма да предам.
Женски плач до небесата може да ехти,
но се помнят мъжките сълзи!

Полско цвете млад нека ме покрие,
душата ми да я любят облаци,
щом не искаш ти.

Нека мигом ми угаснат очите,
видя ли те в прегръдките на друг,
да те целува.

Бojaн е син на големата бугарска пејачка Вања Костова. Важи за пејач зад кој е сериозна музичка кариера...

Оваа убава информација ни ја испрати нашата бугарска посетителка Галабина Јосифова.

Тоше не беше премногу познат во Бугарија, но и овде има многу фанови кои ќе бидат среќни да се чуе дека и во нивната земја се прави нешто за него и за зачување на споменот за неговото дело. Ние фановите на Тоше имаме бугарски форум за Тоше Проески

http://bglovetose.18.forumer.com/

и учествуваме во многу хуманитарни акции. Се трудиме неговото дело да стане популарно кај што повеќе луѓе – вели Галабина за МММ. Искрено и благодариме!


Еве ја изведбата на Полско цвеќе на Бојан Михајлов!


http://www.youtube.com/watch?v=JEOYYORRY0E

http://mmm.com.mk/?ItemID=4FDC574F4F662144AC01A8EC2B94F563

_________________


Тој е горе во височините каде што и секогаш беше. Се наоѓа во темнина. Темнината сме ние, фановите кои чуваме една голема темнина во срцата, бидејќи него повеќе го нема. А на небото има само една сјајна звезда - Тоше, единствена сјајна ѕвезда која секогаш ќе остане да сјае
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
batbayan
Модератор
Модератор
avatar

Број на мислења : 1410
Age : 31
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
11 / 10011 / 100

Registration date : 2008-06-11

ПишувањеПредмет: Re: Други новости во врска со Тоше   Чет Сеп 23, 2010 2:52 pm

ПОСЛЕДНАТА СНИМЕНА ПЕСНА НА ЛЕГЕНДАТА НА ДЕТСКИ ФЕСТИВАЛ

Најмладите ќе пеат во чест на Тоше

Еден од најголемите детски музички фестивали во соседството, Медела чаролија, годинава го слави петтиот роденден, и тоа токму на 26 декември во Сава центар. Манифестацијата се најавува како празник за очите и ушите, како за најмладите така и за оние малку повозрасните.

Интересно е што фестивалот ќе биде отворен со песната "Падобранец" на трагично загинатиот пејач Тоше Проески. Тоа, во најавниот текст за фетсивалот објавен во медиумите во соседството, е последната песна што Тоше ја снимил во студио, и тоа на само неколку дена пред неговата трагична смрт на 16 октомври 2007 година. Песната ќе ја отпее хорот "Чаролија" под диригентска палка на Леонитина Пат, која всушност и беше една од соработничките на Тоше.


http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID...19B95B609D71AE4


_________________


Тој е горе во височините каде што и секогаш беше. Се наоѓа во темнина. Темнината сме ние, фановите кои чуваме една голема темнина во срцата, бидејќи него повеќе го нема. А на небото има само една сјајна звезда - Тоше, единствена сјајна ѕвезда која секогаш ќе остане да сјае
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
batbayan
Модератор
Модератор
avatar

Број на мислења : 1410
Age : 31
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
11 / 10011 / 100

Registration date : 2008-06-11

ПишувањеПредмет: Re: Други новости во врска со Тоше   Вто Сеп 28, 2010 12:51 pm

По стапките на Тоше

Јас штотуку спасив живот, а Вие?

Сакајќи споменот на Тоше што подолго да живее, неговите дела да се помнат, а сјајот на неговата ѕвезда да не згасне, во организација на Интернационалниот Тоше Проески Фан Клуб Форум и Црвениот Крст на Град Скопје, а со подршка од Сити Радио и Фондацијата Тодор Проески на ден 5-ти октомври со траење од 10-16 h, во просториите на Фоајето на Дом на АРМ ќе се одржи крводарителска акција под мотото: Јас штотуку спасив живот, а Вие?
Акцијата името го доби според една предходна во која учесник и дарител беше нашиот најмил Тоше.

Со ова крводарителска акција фановите го продолжуваат хуманиот пат на Тоше Проески, а исто така ги повикуваат и сите останати кои можат и сакаат да им се придружат во хуманиот чин на спасување живот.

Да ве подсетиме дека истата вечер со почеток во 20h, пред платото на Дом на АРМ ќе се одржи настанот Биди и ти дел од ѕвезденото небо на Тоше.

http://mmm.com.mk/?ItemID=E8C3A3C3DC5D8C42AAF2BE856B0AB2EC

_________________


Тој е горе во височините каде што и секогаш беше. Се наоѓа во темнина. Темнината сме ние, фановите кои чуваме една голема темнина во срцата, бидејќи него повеќе го нема. А на небото има само една сјајна звезда - Тоше, единствена сјајна ѕвезда која секогаш ќе остане да сјае
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
batbayan
Модератор
Модератор
avatar

Број на мислења : 1410
Age : 31
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
11 / 10011 / 100

Registration date : 2008-06-11

ПишувањеПредмет: Re: Други новости во врска со Тоше   Сре Окт 13, 2010 10:06 pm

ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА ТРИГОДИШНИНА ОД СМРТТА
Крушево во исчекување на крстот на Тоше

Крушево и сите почитувачи на Тоше Проески се подготвуваат за големиот настан на кој ќе биде осветен челичниот крст, висок 33 метри, со што ќе биде одбележана тригодишнината од смртта на нашата најголема ѕвезда. Поставувањето на големиот крст во чест на Тоше ќе се одржи в сабота, во близина на манастирот „Свето Преображение“. - Ги повикуваме неговите обожаватели, кои се во можност да дојдат во Крушево и сите заедно да му оддадеме чест со едно убаво дело. Сакам заедно да ја исполниме и таа желба на нашиот Тоше - рече зетот на Проески, Славен Ристоски, кој е дел од сегашната фондација. Ристоски додаде дека на овој ден ќе се одржи и помен на погребното место на познатиот пејач. Интернационалниот „Тоше Проески фан клуб форум“ ги повикаа сите за да ја одбележат тригодишнината од трагичната смрт на пејачот. „Ја имаме и таа чест, во името на најблиските на Тоше, неговото најблиско семејство и меѓународната фондација „Тодор Проески“, заедно да ги поканиме сите обожаватели и почитувачи на Тоше да бидат дел од помен-одбележувањето во Крушево“, пишуваат обожавателите во соопштение до медиумите. Одбележувањето ќе почне во црквата „Св. Богородица“, а потоа ќе се посети вечниот дом на Тоше. Откако ќе се одржи осветувањето на крстот кај манастирот, ќе има ручек за сите присутни гости, во конакот на манастирот „Св. Преображение“ во Крушево. Додека во Крушево ќе се одржи осветување на крстот, низ другите градови во земјава, како и низ Балканот, обожавателите организираа литургии и миси во чест на Тоше. Литургиите во Скопје ќе бидат во 15 часот, во соборниот храм „Свети Климент Охридски“ и во 18 часот, во католичката црква „Пресвето срце Исусово“. Литургиите се организираат под мотото „Милион срца, една молитва“. „Интернационалниот фан клуб“, пак, во Белград почнува акција за засадување на дрва платани. - Знаејќи колку Тоше ја сакаше природата и беше свесен за потребата да се зачува, одлучивме во негово име да бидеме еден од донаторите за садење на 483 дрвца, платани, кои ќе бидат поставени на булеварот на Крал Александар во Белград - велат обожавателите. Идејата е насловена „Дар за Булевар - знак да волимо Београд“, а обожавателите на Тоше објаснија дека секое стебло ќе биде обележано со плочка, со име на донаторот: „Платанот е столетно дрво и тоа наместо нас по многу години, ќе биде чувар на споменот за Тоше Проески“. Свеченото отворање на улицата ќе биде по завршувањето на сите работи околу садењето на платаните, кој ќе трае до половината на ноември. - Членовите на нашиот форум од сите поранешни југословенски републики и Бугарија ќе присуствуваат на свеченото отворање на булеварот, како и сите останати донатори на 483 платани - пишуваат обожавателите во соопштението до медиумите. Членовите на форумот организирано ќе ги испраќаат и ќе го следат патот на Маратонците, кои на 16 октомври од Нова Градишка ќе тргнат кон Крушево.


Новиот видеоспот како роденденски подарок


Најновиот видеоспот за необјавената песна „Наслони главу“, на кој работеа загрепските продукциски студија „Урбан звук“ и „Инлустро дизајн“, ќе биде премиерно прикажан на 25 јануари, на роденденот на пејачот.
Тогаш треба да се одржи и концертот по повод роденденот на Тоше Проески.
Овој видеоспот се наоѓа во завршна фаза од снимањето и беше изработен во висока ХД-резолуција како видеоспотот за песната „Гуилтѕ“. Песната „Наслони главу“ е балада, а видеоспотот ќе биде анимиран филм со компјутерска графика.


http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?ta...rticleID=150018


_________________


Тој е горе во височините каде што и секогаш беше. Се наоѓа во темнина. Темнината сме ние, фановите кои чуваме една голема темнина во срцата, бидејќи него повеќе го нема. А на небото има само една сјајна звезда - Тоше, единствена сјајна ѕвезда која секогаш ќе остане да сјае
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
batbayan
Модератор
Модератор
avatar

Број на мислења : 1410
Age : 31
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
11 / 10011 / 100

Registration date : 2008-06-11

ПишувањеПредмет: Re: Други новости во врска со Тоше   Сре Окт 13, 2010 10:08 pm

Мозаик со ликот на Тоше

Тој овој мозаик го изработувал три години со голема верба кон Бога, и на мозаикот јасно е претставен ликот на нашата поп икона Тоше Проески

Мозаик со ликот на Тоше Проески е дело на наставникот Ристо Тошевски од основното училиште „Гоце Делчев“ во Прилеп, кој огромната љубов кон ликот и делото славниот пејач ја искажал преку ваквиот проект.

Тој овој мозаик го изработувал три години со голема верба кон Бога, и на мозаикот јасно е претставен ликот на нашата поп икона Тоше Проески. Тој преку медиумите се обидува да го промовира неговиот изработен труд и се надева дека ова дело ќе најде место како дел од споменот за Тоше.

http://kirilica.com.mk/vest.asp?id=57982


_________________


Тој е горе во височините каде што и секогаш беше. Се наоѓа во темнина. Темнината сме ние, фановите кои чуваме една голема темнина во срцата, бидејќи него повеќе го нема. А на небото има само една сјајна звезда - Тоше, единствена сјајна ѕвезда која секогаш ќе остане да сјае
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
batbayan
Модератор
Модератор
avatar

Број на мислења : 1410
Age : 31
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
11 / 10011 / 100

Registration date : 2008-06-11

ПишувањеПредмет: Re: Други новости во врска со Тоше   Сре Окт 13, 2010 10:08 pm

Засекогаш во срцата на своите обожаватели

5 октомври 2007 година ќе остане запаметен како датум кога се одржа последниот величествен концерт на Тоше Проески на Градскиот стадион во Скопје, на кој присуствуваа над 25.000 обожаватели

Петти октомври 2007 година. Над 25.000 обожаватели од целата земја (меѓу кои и авторот на овие редови) беа сведоци на една неповторлива вечер на Градскиот стадион на кој Тоше Проески заедно со своите гости Антонија Шола, Бојан Маровиќ, Марија Шестиќ и Адријан Гаџа одржа незаборавен хуманитарен концерт.

Три години потоа - се' уште се свежи сеќавањата на спектакуларната и длабоко емотивна набиена вечер. На 5 октомври секоја година фановите на Тоше го одбележуваат денот на неговиот последен концерт исполнувајќи му го ветувањето и последната порака „Да ве видам в година тука во уште поголем број. Ве сакам сите!“

Веројатно, звучи како клише и е депласирано, но за сите вистински фанови на Тоше во земјава и надвор од неа времето минува, но болката не исчезнува. „Тоше, те сакаме сите“ одѕвонува при секоја помисла на големиот пејач... На истиот тој ден, но само три години подоцна, се потсетуваме на неповторлива вечер преку нејзините директни учесници - бендот, гостите - пејачи, претставниците на Министерството за образование и асоцијацијата „Скопјанката Мајка Тереза“.

Бакнеж на сцена

„Љубов во воздухот, ѕвездено небо, неговата насмевка, блескавите очи и нашата последна прегратка...- тоа е она што прво ми паѓа наум кога ќе помислам на последниот концерт на Тоше. Никогаш нема да ја заборавам таа вечер, тоа беше една од највеличествените вечери во мојот живот. Тогаш прв пат дојдов во Македонија“, се потсетува хрватска поп-пејачка Антонија Шола.

Таа ни раскажа дека Тоше чувствувал голема одговорност кон својата публика и цел ден пред концертот го повторувал тоа. Трема имала и Антонија. „Што поради огромната публика, што поради него. Беше прекрасно да се биде покрај него, да се почувствува таа топлина и неговата поврзаност со публиката. Никогаш нема да го заборавам оној бакнеж на сцената пред сите, како и неговата благодарност и прекрасните зборови што ми ги упати пред толкав аудиториум... Му благодарам за тоа засекогаш...“

Пред концертот зборувале за пеењето, за операта, за тоа како тој ја подготвува одбраната на дипломската... Таа ни откри и дека тогаш Тоше ја научил и на првите зборови на македонски јазик. „Ме гледаше како невешто ја пеам „Громови на душа“ и ме исправаше... Тогаш ми ја објасни и разликата меѓу „Те сакам“ и „Сакам да...“ А кога се' заврши, по концертот уште некое време беше во транс по толкава размена на енергија со публиката... Пред да заминам на спиење, ме прегрна подолго од вообичаено и ме праша дали сум среќна, а јас му одговорив „Да, сега сум среќна...“

Како во холивудски филм

„Тукушто се вративме од турнејата низ Австралија (каде што имавме незапамтена атмосфера и посетеност на концертите), а пред тоа безброј настапи низ Балканот и низ Европа, така што целиот тим беше во топ-форма. Бидејќи ретко настапувавме концертно пред домашната публика (мож*** еднаш-двапати во годината), сакавме да го презентираме она што го работиме во најдобро можно светло“, раскажува Драган Ѓуроски-Роки од бендот на Тоше, „Блу фанки индидуалс“. Тој се потсетува дека тремата почнала да ги фаќа во моментот кога дознале дека билетите се продаваат со рекордно темпо и дека е надминат бројот од 30.000 посетители! „Атмосферата на концертот беше неверојатна! Од почетокот публиката ги пееше сите песни од почеток до крај и беа толку гласни што одвај ги слушавме засилувачи на бината. Мислам дека дури беа погласни и од целото озвучување.

Сите бевме многу возбудени по концертот. Ги надмина сите наши очекувања и според посетеноста и според атмосферата. Се шегувавме дека в година ќе треба да ја наместиме бината веднаш до северната трибина за да ги собере сите. Мислам дека на сите ни беше јасно дека ова беше историски концерт за Македонија и дека ќе треба да помине многу време за некој да го достигне овој успех на Тоше. Се сеќавам дека и луѓето од тимот од Лондон беа присутни и беа крајно импресионирани и возбудени од она што го видоа.

Сите оние илјадници километри поминати со комбето, пиење кафиња среде ноќ на некоја бензинска пумпа, смешките и заморот, илјадниците фанови, кои ги пееја песните од почеток до крај, авионскиот лет што го пропуштивме од Амстердам кога преморени се успавме ама баш сите, коментарите на неуморната Лилја, која знаеше до солзи да не' насмее (така што и' скандиравме – Лилја е наша - ние сме лилјаци), изведбите на Тоше од кои ни се ежеше кожата, радоста што им ја носеше на своите фанови на многубројните настапи, брзината со која Тоше стана голема балканска ѕвезда, сето тоа личеше на сцени од некој холивудски филм. Авантура каква што нема да ни се повтори уште еднаш во животот.

Денес по три години, кога случајно ќе видам некоја снимка на телевизија, ми се чини како да не ми случуваше сето тоа мене - или како што кажа нашиот басист Таци - како да беше убав сон... Да, и тоа колку ни недостасува Тоше!, додава Роки.

Говор околу ангели како претчувство

„Со задоволство присуствував на концертот како морална поддршка на неговата желба да помогне. Тоше беше уметник во вистинската смисла на зборот. Надарен не само со исклучителен вокал и музички талент туку и со нес***чна хуманост и човекољубивост. Всушност, и последниот настап е еден од доказите за тоа. Се надевам дека неговиот живот и дело ќе продолжат да придонесуваат кон неговата хумана цел“, вели Сулејман Рушити, ексминистер за образование и наука. „Паметам кога го држев говорот, ја поздравував публиката на албански, на македонски и на англиски. И имаше страшна реакција во почетокот. Свирење. Но, потоа добив и аплаузи. Не знам зошто, мож*** како претчувство, но говорот ми беше околу ангели и така натаму...“

Трепет во стомакот

„Ми беше голема чест да бидам меѓу гостите на концертот и од друга страна, моја среќа што имав таков пријател зашто можев многу да научам од него. Секогаш имавме заеднички теми зашто, сепак, тогаш и двајцата бевме на Музичка академија, па секоја музика ја коментиравме преку убавината, која навистина ја носи со себе... Без некоја лажна скромност, толку пораснав во тој момент на сцената што во еден миг на таа иста сцена добив крилја и бев дел од една негова песна, која го направи поинаков неговиот живот, а тој ја сакаше мојата музика...“, се потсетува црногорскиот пејач Бојан Маровиќ, кој вели дека и при самата помисла на таа вечер, и три години потоа, го има истото чувство - трепет во стомакот... „Таа вечер особено се сеќавам на врисокот и на задоволството на неговото лице... Знам дека само ја погледнав мајка ми и и' реков дека и јас го посакувам истото, а по завршувањето на концертот, му пријдов на Тоше и му реков: „Ти благодарам што ми даде чест да го почувствувам сето тоа“. Тој секогаш зборуваше со насмевка... „Мене ми е чест што дојде“, ми одговори...

И сега сакам да го гледам ДВД-то од концертот, зашто се' уште некако сум убеден дека постои нешто што не' опкружува, а тоа е нешто повеќе од музика, нешто повеќе од нас самите и затоа нема никогаш да се предадам... Тој концерт е добра лекција, добра школа за секој нов почеток...“

Како во сон

„Јас бев негов фан уште од првиот негов настап на фестивал и се' до ден денес сум негов обожавател, па можете да замислете колку ми било мило да бидам специјален гостин на неговиот најголем и последен концерт!“, раскажува поп-пејачот Адријан Гаџа. „Искрено, имав доста трема, но уште од самиот старт кога излегов на сцена, Тоше ме пречека и ме прегрна како брат и некако ме наполни со огромна позитивна енергија, па настапот ми беше лесен, без никаков проблем... Многу слики ми се вртат во глава од тој ден кога беше концертот. Но, најмногу ми остана во сеќавање крајот на концертот кога излеговме сите што настапивме - Тоше беше на едната страна, а до него имаше неколку девојчиња облечени како ангели, кои го придружуваа на крајот и требаше со него да заминат од сцена, а јас бев на другата и го гледав... Тоа навистина беше посебна слика што никогаш нема да ја заборавам... Едноставно, се' ми е како да било сон и сум се разбудил...“, додава Гаџа.

Верификација за светец

„Моја желба беше Тоше да присуствува еден месец порано на свеченото доделување што се одржа во септември 2007 година во МАНУ, но тој не беше во земјата за да ја прими статуетата Мајка Тереза, па се договоривме да го направиме тоа на неговиот хуманитарен концерт“, се потсеќа Стојан Тренчевски, претседател на граѓанската асоцијација „Скопјанката Мајка Тереза“. „Негова желба, како вистински следбеник на Мајка Тереза, беше со врачувањето на статуетите да заврши хуманитарниот концерт. Долго го убедував тоа да не биде на крајот, не бев ни свесен колкава чест ми прави. Кога се појавив пред 30.000 луѓе, ми надојдоа силни емоции, солзи, му кажав дека сите го сакаме, дека е еден и единствен... Не се опишуваат чувствата со зборови во моментот кога тој скокна во прегратки на мајка си и им ја посвети статуата на своите родители велејќи дека тие му ја вградиле хуманоста... Тоше беше најголемиот ангел на Мајка Тереза и искрено се надевам дека наскоро ќе започне процесот за негова верификација за светец...“

http://utrinski.com.mk/?ItemID=F5E3602073E...7A5A46E930E84F9

_________________


Тој е горе во височините каде што и секогаш беше. Се наоѓа во темнина. Темнината сме ние, фановите кои чуваме една голема темнина во срцата, бидејќи него повеќе го нема. А на небото има само една сјајна звезда - Тоше, единствена сјајна ѕвезда која секогаш ќе остане да сјае
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
batbayan
Модератор
Модератор
avatar

Број на мислења : 1410
Age : 31
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
11 / 10011 / 100

Registration date : 2008-06-11

ПишувањеПредмет: Re: Други новости во врска со Тоше   Пет Окт 15, 2010 4:17 pm

Три години без Тоше Проески: Приказна за фановите

Се уште сонуваме дека сме заедно...

Три години по она 16-то октомвриско утро, кога Тоше ја премина онаа тенка граница меѓу животот и вечноста, едно е јасно – Никој, не само од Македонија, туку од целиот регион, а и пошироко, не го продолжува и не слави неговото хумано и благородно дело, како неговата армија верни фанови.

Ова е приказна за тие млади луѓе, кои почитувајќи го аманетот од својот идол, безрезервно шират љубов и добрина, не барајќи ништо за возврат. Всушност, како што тоа на само нему својствен начин, го правеше и самиот Тоше...

Тажни се утрата во октомври. Мирисаат на дожд и носат тага. Потсетуваат на Тоше Проески, на 16-ти октомври 2007-ма, кога од Хрватска пристигна неверојатна вест дека миленикот на нацијата и момче кое го обедини Балканот, не ја преживеа фаталната сообраќајна несреќа кај Нова Градишка. Од таа болка Македонија се уште не ја исправи главата, не се насмевна... И не само Македонија... Песните на Тоше Проески и понатаму се први на топ-листите. Концертните снимки на кои среќен, со својата публика ги пее хитовите, само ја освежуваат меморијата. Неговите балкански колеги пеат во негова чест. Акции и манифестации кои го продолжуваат неговото дело - и понатаму се почитувани и посетувани.

Тоше Проески физички го нема цели три години, но неговата мисија продолжува, пред се благодарение на илјадници верни фанови од Македонија и од соседството, заради чија максимална посветеност во правење хумани дела, знаеме дека човечката добрина не ја има загубено својата смисла.



Минатиот вторник, 5-ти октомври, стотици луѓе ја подржаа крводарителна акција која ја организираше Тоше Фан-клуб форум, со што спасија нечиј живот. Истата вечер илјадници собрани пред Домот на АРМ во Скопје, беа дел од ѕвезденото небо, исто како пред три години, кога на 5-ти октомври 2007-ма, македонската публика на грандиозен концерт на Градскиот стадион, се прости од својот миленик. Никој не знаеше дека за последен пат пее со Тоше...

Кои се тие млади луѓе чии мобилни телефони ѕвонат со некоја мелодија од многуте кои ги испеа Тоше, кои со маички со ликот на поп-ѕвездата го преплавуваат градот...? Зошто се толку добри и хумани, полни со љубов и подготвени на големи дела? Најпосле, како функционираат тие виртуелни пријатели, чии проекти и активности стануваат ударни вести во македонските и регионалните медиуми?

Тоше Фан-клуб форум постои од 14-ти јануари 2007-ма година и е единствениот кој е оформен пред трагичниот настан, во кој останавме без Тоше. Иако не постојат членски карти, оваа интернет-дружина брои над 10.000 фанови од целиот свет. Барем 3.000 се постојано активни. Функционираат виртуелно... Отворени се за дружење, за сите кои сакаат да дознаат нешто повеќе за Тоше Проески. Форумот на едно место ги обединува старите и новите фанови на легендарниот музичар, се едно дали се од Македонија, Балканот, од Португалија, Австралија, Кореа, Либија...



Ние го следевме Тоше на сите концерти, ја следевме неговата кариера не само во Македонија, туку и регионално. Заедно со него се радувавме на успесите, се дружевме... – вели Марина Костова, една од најактивните членки во фан-клубот. На нејзините зборови се надоврзува Мeри Узуновска:

Тоше за нас значи светост. Од тие причини сакаме неговото дело да продолжи и да биде вечно... Тоше беше феноменална личност, вистински човекољубец. Единствениот на светот кој толку многу ги почитуваше и ги сакаше луѓето и знаеше како да се однесува со сите. Тоше едноставно знаеше да пренесе добрина на сите. Кон тоа тежнеам и јас – да бидам подобар човек за моите најблиски, за моите пријатели, а преку акциите што ги правиме – да им помогнеме на сите на кои им треба помошта!

Иако Марина Костова ги координира сите проекти (крводарителната акција беше нејзина замисла, која сите ја подржаа!), таа ја истакнува важноста и на останатите членови, а посебно на Босанката Нина, која го основа форумот. Нина живее во Осло, а Тоше прв пат го забележа на Евросонг во Истанбул. Вториот администратор е Лејла Миројевиќ, која живее во Сараево. Иако девојките никогаш се немаат запознаено во живо, одлично функционираат...



За активностите кои фановите на Тоше ги имаа на 5-ти октомври, особено придонесоа вработените во Сити радио, но и Меѓународната фондација, која го носи името на легендарниот пејач...

Оваа година за прв пат до сега воспоставивме контакт со Меѓународната фондација Тоше Проески. Ги запознавме со нашите желби и активности, а тие ни излегоа в пресрет со тоа што за првите 100 крводарители обезбедија картички и маици со ликот на Тоше - вели Мери Узуновска.

Петра Шашак е од хрватскиот град Лабин, а од неодамна живее во Скопје, каде се запиша на постдипломски студии. Со многу емоции зборува за Тоше, кој во Хрватска беше голема ѕвезда, безмалку како во својата Македонија.

Тоше знаеше да каже дека Хрватска е неговиот втор дом, а ние го чувствувавме како да е наш. Освен тоа, некои од најубавите песни на Тоше ги напишаа хрватските композитори: Мирослав Рус, Никша Братош, Антонија Шола... Ме прашувате за сеќавањата за Тоше, иако јас немам сеќавања. За мене ништо од тоа не поминало. Се уште треа... За жал, никогаш не го имам запознаено и никогаш не бев на негов концерт. Доколку постојат работи кои се случајни, тогаш и јас за него дознав случајно. Еден ден на радио одеше Чија си, која опасно ми се допадна. На интернет побарав информации за него, и се тргна... Последниве две години сум активна на форумот. Во Македонија ми е прекрасно, а кога сум во Крушево – како да сум дома.



За фановите на Тоше Проески, изминативе три години не се години поминати без легендарниот пејач. Напротив, тие длабоко во себе го чувствуваат неговото присуство...

Би сакале неговата музика и неговото дело да продолжи да живее преку нас. Со неговата хуманост и добрина, дефинитивно, овој свет станал поубаво место за живеење... – потенцира Марина Костова.

Се ќе беше поинаку доколку денес Тоше е меѓу нас. Вака, продолжувајќи ја неговата мисија на почетокот наидовме на одредени тешкотии, бидејќи калкулациите на некои институции не се поклопуваа со нашата безрезервна желба за помош, бидејќи ние, како и Тоше на времето, за возврат не баравме ништо – истакнува Мери Узуновска, подвлекувајќи дека и е мило што со помош на Сити радио и Фондацијата Тоше Проески некои нешта станаа возможни.

Зборувајќи за важните дати за фановите, Ена Абјаниќ пред сите го истакнува 5-ти октомври, кога во 2007-ма, Тоше за последен пат пееше со неговите обожаватели...

Тој ден го чувствуваме како аманет од Тоше, како должност дека мораме да продолжиме да одиме по тој пат. Тажниот 16-ти октомври го одбележуваме со литрургија во соборниот храм Свети Климент Охридски во Скопје, која ќе започне во 15 часот. Истиот ден и во Католичката црква во 18 часот ќе има миса. За сите оние кои ќе го посетат неговото вечно почивалиште во Крушево, претходно ќе има литрургија во црквата Света Богородица, по што се оди на Гумење. Потоа е осветувањето на крстот, што претставува уште еден аманет на Тоше, а на крај ручекот во конаците на манастирот Свето Преображение. Симболично го одбележуваме и датумот кога е роден – 25-ти јануари...



Лани, на 16-ти октомври, во 17 часот во 26 земји во светот се одржаа литрургии за спокојот на душата на Тоше, што ќе продолжи и оваа година, во многу градови на Балканот, но и пошироко. Со тоа армија верни фанови на Тоше од целиот свет ќе имаат можност на денот на трагедијата да се помолат за својот идол.

Тоше Фан-клуб форум од Македонија на некој начин претставува база за слични ограноци во светот. Од тука се почнува... Под слоганот Тошев мост на љубовта во сите екс-Ју републики, плус Бугарија, се одржуваат хуманитарни акции. До сега имаше 30-тина успешни активности, во кои фановите на Тоше ги посетија домовите за деца без родители, домови за стари лица, домови за деца со посебни потр***, сигурни куќи во кои живеат самохрани мајки и нивните деца..., нес***чно давајќи им ја својата помош.

Првата акција се случи во декември 2007-ма година, кога го посетивме Домот за деца вез родители 11 Октомври. Имавме акција – собирање кадифени мечиња, кои ги одбележаа сите концерти на Тоше – потсетува Марина Костова.



Во овој период и во Хрватска ќе има хуманитарна акција, во која ќе и се помогне на една млада девојка која боледува од леукемија.

Сосема случајно дознавме за нејзината судбина, не знаејќи дека и таа е голем фан на Тоше. За неа се собираат средства од целиот регион, од форумашите од сите екс-ЈУ републики – открива Петра Шашак. Таа смета дека токму љубовта и гордоста која ја имаше Тоше, ги спои сите луѓе од овие простори, без оглед на нација и вера.

Секогаш се ежам кога зборувам за ова. Еве што мене посебно ме допре... Тој во Хрватска беше како дома, бидејќи често доаѓаше. Но, ниту еден момент Тоше не забораваше кој е, што е, и од каде доаѓа. Тој со гордост зборуваше за своите корени, но, не учеше дека секој за да сака некого, најпрво мора да ги сака своите најблиски. Тоа е нешто совршено, нешто што не можам да го опишам со зборови...

За Мери Узуновска нема дилеми дека Тоше ја знаеше суштината и ја пренесуваше на сите. И тоа како...

На нас младите на најдобар можен начин ни ги покажа основните вредности на животот. Пред се беше човек, а после музичар и се друго. А во се што беше – беше врвен, недостижен – смета Ена Абјаниќ.



Младите сметаат дека благодарение на Тоше и македонската традиционална музика последниве години ја доживеа својата ренесанса.

Па, по кој друг би ја паметеле Мајка на Марика думаше, ако не ја отпеа Тоше?! – се прашуваат фановите. Нив не им се допаѓа што некои дискографски компании по смртта на Тоше објавуваат секакви компилации, претпочитајќи ја комерцијалната страна. Тие сметаат дека најдоброто од Тоше го имаат во оригинална верзија. Секако, постхумно објавениот англиски албум The Hardest Thing, како и последното цеде Тоше и пријателите, ги сметаат за нешто посебно.

Гладни сме за музика на Тоше, и веруваме дека и во иднина ќе излезат уште многу необјавени песни. Имаме информација дека во план е уште еден албум на англиски јазик. Но за тоа со повеќе информации веројатно треба официјално да излезе Фондацијата. Ние знаеме дека во план е и објавување на песната Наслони главу на моје раме, која всушност е преработка од Тути-фрути бенд – откриваат фановите. Тие се најсреќни кога го слушаат неговиот глас, неговата музика.

Интерпретација од други пејачи не ја доживуваме исто како кога Тоше ги пееше песните, иако дефинитивно и понатаму треба да се пеат неговите песни. Сепак, ништо не може да се спореди со Тоше... – смета Мери Узуновска.



За Марина Костова, последниот хит на Тоше – Још увијек сањам да смо заједно е онаа тајната нитка која сите ги поврзува...

Како да е направена за нас – фановите, за семејството, за пријателите. Тоа се зборовите кои, всушност, ние постојано ги упатуваме до него...

Иван Ѓоргиевски не е единственото момче кое е дел од фан-клубот на Тоше, но, дефинитивно – совршен е пример дека и мажите знаат да бидат емотивни. Тој смета дека Тоше имаше мисија да им го покаже вистинскиот пат на луѓето. За Ивана Таневска – Тоше беше премногу добар за да биде дел од овој расипан свет, особено во едно вакво време...

Нешто не наведува да мислиме дека Тоше воопшто не бил обичен човек. Тој за нас е светец, и ние времето го делиме пред и после Тоше – децидна е Мери Узуновска.

Фановите на Тоше сметаат дека неговото отсуство силно го чувствуваат, но, во истовреме, некоја чудна сила ги врзува и ги тера да продолжат. Меѓу фановите има млади луѓе, кои се активни членови на форумот, како 15-годишната Мартина Јанеска. Од друга страна, Тања од Загреб, која има 67 години, е најстариот форумаш. Таа многу често доаѓа во Крушево...

И – секој од нив има своја приказна, некоја специфична поврзаност со легендарниот Тоше Проески. Но, од друга страна, заедно ги споија песните и човечките доблести, по кои Тоше беше на далеку прочуен...

Се што направивме, направивме од срце и од душа, без надомест. Без калкулации и без маркетинг, обидувајќи се да ја зачуваме традицијата и сеќавање на човекот кој не научи по кој пат треба да чекориме – велат фановите, и ветуваат дека и понатаму ќе продолжат да ја шират мисијата на Тоше Проески.


http://mmm.com.mk/?ItemID=7FC6D6D07C5B2946B952A746B78C0ACF

_________________


Тој е горе во височините каде што и секогаш беше. Се наоѓа во темнина. Темнината сме ние, фановите кои чуваме една голема темнина во срцата, бидејќи него повеќе го нема. А на небото има само една сјајна звезда - Тоше, единствена сјајна ѕвезда која секогаш ќе остане да сјае
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
batbayan
Модератор
Модератор
avatar

Број на мислења : 1410
Age : 31
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
11 / 10011 / 100

Registration date : 2008-06-11

ПишувањеПредмет: Re: Други новости во врска со Тоше   Пет Окт 15, 2010 4:41 pm

Мозаик со ликот на Тоше Проески
петок, 15 октомври 2010


Прилепчанецот Ристо Тошески од почит и чест за Тоше Проески работи на пет метри голем мозаик со повеќе симболики во облик на солза, изработен со каменчиња. Останува во долниот дел да се изработи она што Тоше постојано го велеше: „Ве сакам сите”

Мозаикот е со димензии 5 метри на 2,70 метри и е во форма на солза. Во долниот дел на мозаикот се 26 свеќи и едно мече- подарокот што најчесто го добиваше, но и го добива и денес на вечното почивалиште од обожувателите. Над тоа е портретот на Тоше во профил и зафаќа околу 1,70 метри од мозаикот. Наспроти него, на мозаикот е ангелот, најпознатиот во Европа и светот - Ангелот од Курбиново. Над тоа е музичката скала и виолински клуч. Пишува „Тоше” и втиснати се годините на раѓање и на неговата смрт. На врвот на солзата има две цреши, меѓу нив свеќа. Тоа значи дека приказната треба да продолжиме да ја раскажуваме, го опишува мозаикот авторот Тошески .
За идејата како почнал, Тошески објаснува дека таа постои пред смртта на Тоше.


- Мозаикот е од различни по боја камчиња. Набавувани се од сите работилници во прилеп- од Мермерскиот комбинат, од работилниците каде се прават споменици, скулптури. -Кога слушаа за што се, веднаш нес***чно ми ги даваа за мозаикот, вели Тошески.

Идеата на Тошески е мозаикот да биде поставен во манастирот „Свето преображение” во Крушево.

Тошески е наставник по физичко воспитување, но со голема љубов кон уметноста. Со години се изразува преку дела користејќи различни материјали. Тошески раскажува дека со Тоше имал само две - три средби, но впечатокот што Тоше го оставил врз него е неизбришлив.

- Не се познавав многу со Тоше. Двапати се имавме сретнато и толку имав контакт со него. Едната средба беше во Крушево пред околу седум години. Ми остави посебен впечаток на голем човек со бескрајно широка душа. Тогаш со сопругата работевме во Крушево, го видовме и посакавме да ни потпише негов постер за мојот син. Го прашав што е тоа што сите го обожаваат. Тоше се насмевна и рече: Господ е тоа, раскажува прилепскиот наставник Тошески.

Помина време, а јас посакав да го викнеме Тоше во нашето маало зашто направивме црквичка, посветена на “Злата Мегленска”, додава тој. Денот е сега, на 26 ти октомври.

- Сакав Тоше да дојде, да постои со нас пред црквичката за “магијата да продолжи”. Сакав да остави и свој отпечаток со дланката. Никој не веруваше дека ќе дојде зашто е зафатен и славен. Нашата следна средба беше случајна, речиси на улица во Прилеп, пред повеќе од седум години. Му кажав што сакаме ние во маалото. Со насмевка ми рече дека нема проблем и праша: - Дали го заслужувам тоа внимание? Јас бев зачуден од неговата скромност. Но, за жал, до новата средба пред малската црквичка не дојде. Тоше загина. Се собра една болка, немир, бесно но и љубов за големиот човек. Тоа морав да го преточам во нешто. Мислата за мозаикот тогаш беше силна и намерата да го направам цврста, вели Тошески.

http://kirilica.com.mk/vest.asp?id=58135

_________________


Тој е горе во височините каде што и секогаш беше. Се наоѓа во темнина. Темнината сме ние, фановите кои чуваме една голема темнина во срцата, бидејќи него повеќе го нема. А на небото има само една сјајна звезда - Тоше, единствена сјајна ѕвезда која секогаш ќе остане да сјае
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
batbayan
Модератор
Модератор
avatar

Број на мислења : 1410
Age : 31
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
11 / 10011 / 100

Registration date : 2008-06-11

ПишувањеПредмет: Re: Други новости во врска со Тоше   Пет Окт 15, 2010 5:04 pm

Тоше Проески

Никој не успеа да го замени


Тоше Проески стана синоним на убави нешта - на романтично љубовни песни, на искреност и добрина, достојно за големите верници

Валентина Тодоровска

Се' застана на 16 октомври пред три години. Неверување, страв, тага и сознание дека за лошите работи треба помалку од миг за да се смени сликата за логичните и за праведните нешта. Тоше замина без поздрав, во сон, и тоа е единственото предавство што ни го направи. Замина пред да му се изнарадува на животот, пред да ги оствари своите сништа и да стане светски препознатливо име. Сознанието е вистинско и искрено излегува од под градите - никој не успеа да го замени.

И колку и да се спомнува Тоше, што и да се пишува, сите асоцијации и сите спомени врзани за него можат да се соберат во еден единствен збор, мал по габарит, а голем по значање. Љубов. И тој галопирачки неспокој не исчезнува и на спомнувањето на драгото име, во прошетка по спомените, песните...

Нашиот музички гениј најдобро го пееше јазикот на човечноста, направи пресврт во нашиот етички систем, ни стана заеднички именител, истраен кон сите. Особено кон оние од кои и општеството го криеше погледот.

Да се пишува за Тоше - е најубавата работа на светот. Некако останувате чисти и искрени наспроти неправдите и неусгласеноста на надворешниот свет. Многу често се борите со напливот на чувства што на ситните души им изгледа патетично, а се реалност врзана за Проески - концерти, обожаватели, хуманост...

Тоше беше голем уметник, а неговата автентичност значеше тоа што го има во себе, она по што публиката го препозна и го одбра. Искреноста е прашање на постоење - ти си онаков какво што ти е срцето.

Еден од менаџерите што требаше да му ја води светската кариера, Брајан Тејлор од агенцијата „Пипл ин моушн“, напиша: „Светот остана покус за еден фантастичен глас“. Му прогнозираше светска кариера, дует со неколку светски ѕвездени имиња, музиката во новиот филм на Мартин Скорцезе...

Поради чесната мисла и детското срце, Тоше навистина не можеме да го наречеме мит, зашто да беше жив, ќе му беше непријатно. А празнината некогаш се меша со гнев, некогаш со тага, ама секогаш останува големо чувство на неспокој. На лошо поделените карти на животот, на неправда, на...

Популарниот Харуки Мураками вели: „Смртта не постои како спротивност на животот, туку како негов дел “. Ете така се учиме да живееме без Тоше.

Навистина тоа сознание не' натера побргу да созрееме, да пораснеме, да сфатиме дека постои нешто - и повеќе од живот.

Тоше беше вистински амбасадор на македонската музика. Сите музички фешти надвор од татковината значеа негово етаблирање и уште поголемо екипирање обожаватели, денес членови на многубројни клубови во Европа.

Тоа најдобро го знаат неговите обожаватели низ целиот Балкан. Најревносните се младите луѓе од Меѓународниот фан-клуб „Тоше Проески форум“, кои работат и творат исто како што и тој би правел.

Тоше беше и остана голем, а и самото сеќавање на него не' прави подобри луѓе.

Мирослав Рус - Тихување

„Годишнината од смртта на Тоше Проески ќе ја одбележам тивко, како што и прилега, ќе се сетам на мојот пријател. Ќе одам во Македонската православна црква во Загреб, ќе се помолам, ќе запалам свеќа и ќе му посакам вечен спокој. За мое големо задоволство, во таа црква имам и драг пријател, кој знам, ми го остави Тоше за да ми биде полесно, а тоа е протојерејот Кирко Велински“.
Извадоци од Книгата на жалост


„Не верувавме дека копнежот по тебе ќе не' донесе до „Преображение’. Тука е спокојот, тука сме поблиску до тебе“

Обожаватели од Белград


„И секогаш кога ќе ти го слушам гласот, мислам дека пее ангел“

Марија, Сараево


„Животот е само поминување. Таму каде што си, таму е почетокот на добрината. Чувај ни место“

Софче, Сиднеј


„Ни остави стотици пораки на љубов . Ти благодарам“

Дорис


„Ангелу, синоќа стадионот беше полн, а празен, вечерва манастирот е празен без икона, а полн зашто душата ти го осветлила“

Ангела, Ана


„Господе, фала ти што ме донесе до патот на Преображението“

Девојче


„Беше и остана моја ѕвезда“

Сања


„На врвот на планината сите сме за тебе и секогаш ќе бидеме како што ти беше за нас“

Теодора

„Наша светлина“

Маја, Битола


„Вистинските легенди никогаш не умираат“

Кратово


„Никогаш нема да ми излезеш од душата“

Радојка, Загреб


„Кога солзите би биле зборови, книгата на љубов што ти ја пишувам секој ден никогаш не би имала крај“

Ивона, Ниш

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=1BBBE2A199AF8D419F9D3E9F66004B68

_________________


Тој е горе во височините каде што и секогаш беше. Се наоѓа во темнина. Темнината сме ние, фановите кои чуваме една голема темнина во срцата, бидејќи него повеќе го нема. А на небото има само една сјајна звезда - Тоше, единствена сјајна ѕвезда која секогаш ќе остане да сјае
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
batbayan
Модератор
Модератор
avatar

Број на мислења : 1410
Age : 31
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
11 / 10011 / 100

Registration date : 2008-06-11

ПишувањеПредмет: Re: Други новости во врска со Тоше   Саб Окт 23, 2010 10:27 pm

На концертот во арената Борис Трајковски

Жељко Самарџиќ ја испеа Анѓеле мој за Тоше

Кон средина на вториот блок ја запеа песната Анѓеле мој и се доближи до видеобимот на кој се прикажуваа фотографии од Тоше, нивни заеднички фотографии, а потоа ја запеа и познатата Цреша на српски јазик (Још и данас замирише трешња). Ја испеа само до половина, за да веднаш се префрли на своите песни...

Тоше беше еден и единствен рече Жељко, кој својот хонорар од овој концерт ќе го намени за Фондацијата Тоше Проески.

http://mmm.com.mk/?ItemID=C23163E880DFD74DBB24BFB2DD66957B

_________________


Тој е горе во височините каде што и секогаш беше. Се наоѓа во темнина. Темнината сме ние, фановите кои чуваме една голема темнина во срцата, бидејќи него повеќе го нема. А на небото има само една сјајна звезда - Тоше, единствена сјајна ѕвезда која секогаш ќе остане да сјае
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
batbayan
Модератор
Модератор
avatar

Број на мислења : 1410
Age : 31
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
11 / 10011 / 100

Registration date : 2008-06-11

ПишувањеПредмет: Re: Други новости во врска со Тоше   Чет Ное 11, 2010 10:38 pm

Мозаик за Тоше од мермер и гранит

Прилепчанецот Ристо Тошески грижливо собира камчиња за грандиозниот мозаик „Солза“

ПРИЛЕП - Грандиозен мозаик „Солза“, посветен на ликот и делото на македонската поп-икона Тоше Проески, изработува прилепчанецот Ристо Тошески. Овој 46-годишен професор по физичко образование и мултиталентиран човек полн со ентузијазам три години грижливо собира камчиња од мермер и гранит. Тошески трпеливо и со многу љубов низ колоритот на многу бои го плете своето најголемо дело. Вели дека две случајни средби со харизматичниот Тоше биле пресудни. Затоа кусо по трагичната смрт на поп-иконата, професорот се зафатил со реализација на овој проект. Има денови кога тој со часови, од утро до вечер во дворот зад својата куќа живее со ликот и делото на најголемиот хуманист и промотор на Македонија, Тоше Проески.

„Поради својата младост, не остави потомство. Но, со нес***чноста и хуманоста остави вечно дело. За него има место во сечие срце. Тој факт беше мојот мотив да се зафатам со сериозна творечка активност“, зборува вдахновено Тошески. Мозаикот има височина од 5 метри и широчина од 2,7 метри, а само ликот на Тоше зафаќа простор од 1,7 метри. „Овој споменик е полн со симболи за животот и делото на Тоше. Долу има мече, најчестиот подарок што го добиваше тој од своите фанови. Ликот на Тоше, кој се наоѓа во центарот на мозаикот, се претопува во ликот на ангелот од Курбиново, а врз нив се наоѓа музичка скала со виолински клуч, на кој се испишани годините на раѓањето и на смртта. А, на врвот на мозаикот има две цреши, меѓу кои вечно ќе гори пламенот на свеќата за нашиот Тоше“, објаснува Тошески.

Притоа најавува дека има намера да го прошири проектот. На некои од блиските пријатели на Тоше од Балканот ќе им достави покани да му испратат по едно камче на кое ќе биде испишано нивното име и текст што ќе го изрази нивното лично чувство за заедничкиот пријател.

„Сите ситни камчиња што ќе бликаат со љубов за македонската поп-икона ќе ги ставам на долниот дел од мозаик, така што солзите за Тоше нема да пресушат. Тие ќе бидат израз на нашата љубов и почит кон неговото дело, на загубата што тој не е меѓу нас, но и на божествената радост што во еден кус период телесно беше тука, а остана вечно дел од сите нас“, нагласува Тошески.

Мозаикот не е завршен, но не е ниту целосно заштитен од надворешните влијанија. Тошески вели дека му е потребен половина час за да го открие и да продолжи со работа и исто толку време за да почне со работа. Се надева дека за една година ќе го заокружи. Засега не може да каже каде ќе биде изложен мозаикот.

„Одев неколку пати во црквата во Крушево и со чекори го мерев просторот. Не знам каде би бил поставен, но за да се заштити овој труд, мора да се излие со цврста основа. Финансиски не сум моќен натаму да го реализирам проектот“, додава Тошески. Тој ги замолува сите граѓани да му дадат поддршка за да го заврши единствениот мозаик што досега е изработен со ликот на Тоше.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=5404AF3BB1E533469DB7892422D14CF4

_________________


Тој е горе во височините каде што и секогаш беше. Се наоѓа во темнина. Темнината сме ние, фановите кои чуваме една голема темнина во срцата, бидејќи него повеќе го нема. А на небото има само една сјајна звезда - Тоше, единствена сјајна ѕвезда која секогаш ќе остане да сјае
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
batbayan
Модератор
Модератор
avatar

Број на мислења : 1410
Age : 31
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
11 / 10011 / 100

Registration date : 2008-06-11

ПишувањеПредмет: Re: Други новости во врска со Тоше   Саб Ное 13, 2010 7:01 pm

Песна на Тоше - џингл на Радио Москва

Хитот на Тоше Проески со Гоца Тржан „1.200 милји“ се користи за џингл во програмата „Глас на Русија“ од Радио Москва

Земен е инструменталниот дел, почетните тактови од песната во траење од десетина секунди. Се емитува по двапати во секои вести, за најава и одјава на рубриката „Денеска на Балканот“. Програмата наменета за балканските простори се емитува на српски јазик. Се проценува дека ја слушаат милиони слушатели.



novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest...amp;setIzdanie=22132

_________________


Тој е горе во височините каде што и секогаш беше. Се наоѓа во темнина. Темнината сме ние, фановите кои чуваме една голема темнина во срцата, бидејќи него повеќе го нема. А на небото има само една сјајна звезда - Тоше, единствена сјајна ѕвезда која секогаш ќе остане да сјае
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
batbayan
Модератор
Модератор
avatar

Број на мислења : 1410
Age : 31
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
11 / 10011 / 100

Registration date : 2008-06-11

ПишувањеПредмет: Re: Други новости во врска со Тоше   Саб Ное 27, 2010 12:55 am

На Македонскиoт Радиски Фестивал – МАРС

ФМ Хит на годината е песната А можевме, која ја испеа Елена Ристеска. Станува збор за тема која ја компонираше Тоше Проески, а е дел од проектот Тоше и пријателите – Се уште сонувам дека сме заедно. Оваа песна 43-те домашни радио-станици ја прогласија за највртена во Македонија, додека Елена Ристеска наградата му ја посвети на Тоше Проески.

МАРС 2010 не ги заборави ниту пејачите од Србија, па меѓу наградените се најдоа и перспективниот Жељко Васиќ и Жељко Самарџиќ, кој е најслушан српски пејач во Македонија. Заради гестот да се откаже од делот од средствата од својот солистички концерт во Скопје во корист на Меѓународната фондација Тоше Проески, Самарџиќ ја доби и наградата за хуманитарец на годината...


mmm.com.mk/?ItemID=8C1805BF67C967418D8E7EF7FF647D10

_________________


Тој е горе во височините каде што и секогаш беше. Се наоѓа во темнина. Темнината сме ние, фановите кои чуваме една голема темнина во срцата, бидејќи него повеќе го нема. А на небото има само една сјајна звезда - Тоше, единствена сјајна ѕвезда која секогаш ќе остане да сјае
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
batbayan
Модератор
Модератор
avatar

Број на мислења : 1410
Age : 31
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
11 / 10011 / 100

Registration date : 2008-06-11

ПишувањеПредмет: Re: Други новости во врска со Тоше   Пет Дек 10, 2010 1:54 pm

Концерт на класична музика во чест на Тоше

Во чест на македонската поп-ѕвезда Тоше Проески вечер од 20 часот во големата сала на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп ќе се одржи концерт на класична музика, информираат од Центарот за култура

На концертот ќе настапат Марјан Николоски - тенор, Ирена Крстеска - сопран, Теодора Божиноска - мецосопран и пијанистите Аљоша Симјаноски и Андреј Наунов.

Организатори на концертот се „АРТ 10 продукција“ и меѓународната фондација „Тоше Проески“ со поддршка на Министерството за култура и на општина Прилеп.

На крајот на концертот предвидено е да бидат емитувани видео снимки од Тоше Проески со негови изведби на класични композиции.

На сите што помогнале да се организира концертот ќе им бидат доделени благодарници.

Намерата на организаторите е концертот да стане традиционален со настап на големи ѕвезди и имиња од светската класична сцена, а ќе се одржува и во амфитеатарот, во спомен куќата на Тоше во Крушево.

Тоше Проески својата блескава музичка кариера ја почна во Прилеп во 1996 година со настап на Интернационалниот музички фестивал „МЕЛ ФЕСТ” кога ја забележа првата победа. На овој фестивал Тоше победи и наредната 1997 година.

http://kirilica.com.mk/vest.asp?id=60812

_________________


Тој е горе во височините каде што и секогаш беше. Се наоѓа во темнина. Темнината сме ние, фановите кои чуваме една голема темнина во срцата, бидејќи него повеќе го нема. А на небото има само една сјајна звезда - Тоше, единствена сјајна ѕвезда која секогаш ќе остане да сјае
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
batbayan
Модератор
Модератор
avatar

Број на мислења : 1410
Age : 31
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
11 / 10011 / 100

Registration date : 2008-06-11

ПишувањеПредмет: Re: Други новости во врска со Тоше   Пон Фед 21, 2011 2:47 pm

Александар Хамбов, Претседател на друштвото Билјана

Како Претседател на друштвото Билјана кое функционира при Сојузот на слепи, се обидува друштвото секогаш да ги постигнува максималните резултати во музиката. Ги посетивме во нивните простории, таму во витрината се наредени освоените пехари, а на ѕидовите се закачени дипломите и признанијата и една фотографија од Тоше Проески. Поразговаравме со Хамбов, и со неговата асистентка Јанка Туарковска.

Тоше од уста не го вадат, а никој не сака да го следи!


Самите имаат изработено кукла Билјана, нивното најголемо признание, кое ќе го доделат за врвениот хуманист и хуманитарец Тоше Проески. Единствена пречка е што досега не стапиле во контакт со Фондацијата.

Тоше, Тоше, сите го спомнуваат, од уста не го вадат. А никој не сака да ги следи неговите дела. Тоше доаѓаше, не посетуваше и химна сними со хендикепираните, за УНИЦЕФ.

Ни подари инструменти. За жал, судбината прерано ни го зема, а се повеќе ќе соработувавме. Ние изработивме една голема кукла со порака и посвета која сакаме да ја доделиме за Тоше. Имавме концерт на едногодишнината од неговото заминување, на 16 октомври, иако светскиот ден на слепите, наречен Светскиот ден на белиот стап, е на 15 октомври и во негова чест Даниел Тошевски ја испеа Мајка на Марика думаше. Се обративме до Фондацијата Тоше Проески со желба да настапиме на концертите за Тоше, да ја доделиме куклата и да ги посетиме неговите родители, неговото почивалиште, неговиот манастир, местата на Тоше. Ако не добиеме одговор сами ќе организираме одење во Крушево и да му оддадеме почит на човекот кој искрено не почитуваше!


http://www.mmm.com.mk/?ItemID=C9E117E04EE2...4B892CA741165CB

_________________


Тој е горе во височините каде што и секогаш беше. Се наоѓа во темнина. Темнината сме ние, фановите кои чуваме една голема темнина во срцата, бидејќи него повеќе го нема. А на небото има само една сјајна звезда - Тоше, единствена сјајна ѕвезда која секогаш ќе остане да сјае
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
batbayan
Модератор
Модератор
avatar

Број на мислења : 1410
Age : 31
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
11 / 10011 / 100

Registration date : 2008-06-11

ПишувањеПредмет: Re: Други новости во врска со Тоше   Вто Фед 22, 2011 2:15 pm

Петок, 25-ти февруари

Тоше караоке вечер по втор пат во Скопје

На големо задоволство на обожавателите на ликот и делото на Тоше Проески, по втор пат се организира караоке забава, овој пат во New York Cafe (ГТЦ Kеј 13 Ноември, петок, 25-ти февруари). Многу песни, музика и изненадувања за гостите кои ќе бидат храбри и заедно ќе ги пеат преубавите хитови на нашиот ангел.

Повелете да се уверите што значи да се биде на забава во чест на нашиот еден и единствен Тоше! А за оние најсреќните - специјални изненадувања! Ве покануваат фановите на Тоше! (Kликни ТУКА!)

Наградна игра Најсреќен пејач!

За да учествувате во оваа наградна игра, потребно е само да бидете доволно храбри и да пеете. За најсреќните тројца ќе следуваат НАГРАДИ!

http://www.youtube.com/watch?v=m7NNZSlhQ9o

http://mmm.com.mk/?ItemID=B91EE780FF93004084A21A9401CEC434

_________________


Тој е горе во височините каде што и секогаш беше. Се наоѓа во темнина. Темнината сме ние, фановите кои чуваме една голема темнина во срцата, бидејќи него повеќе го нема. А на небото има само една сјајна звезда - Тоше, единствена сјајна ѕвезда која секогаш ќе остане да сјае
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
Sponsored content




ПишувањеПредмет: Re: Други новости во врска со Тоше   

Вратете се на почетокот Go down
 
Други новости во врска со Тоше
Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот 
Страна 19 of 20Отиди на страна : Previous  1 ... 11 ... 18, 19, 20  Next

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
 :: Пишани и Електронски медиуми :: Новости-
Отиди до: