HomeПрашања/ОдговориБарајЧленовиЧленски групиРегистрирајте сеВлез

Share | 
 

 Други новости во врска со Тоше

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down 
Отиди на страна : Previous  1 ... 11 ... 18, 19, 20
АвторПорака
batbayan
Модератор
Модератор
avatar

Број на мислења : 1410
Age : 31
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
11 / 10011 / 100

Registration date : 2008-06-11

ПишувањеПредмет: Re: Други новости во врска со Тоше   Вто Фед 22, 2011 7:57 pm

СПОРЕД WHOPOPULAR.COM

Само Тоше може да му парира на Мајкл Џексон!

Тоше Проески е една од најпопуларните личности во светот, ако може да се суди според анкетите на интернетската страница whopopular.com, која има за цел до крајот на годината да ги избере најпознатите ѕвезди во светот од различни области. Според оваа листа на починатиот крал на поп музиката Мајкл Џексон може да му парира само Тоше. До вчера за Мајкл гласале 295.548 посетители, додека за нашиот Тоше својот глас го подариле 264.374 посетители на страницата.

Интересно е дека за Џексон гласале само фановите, додека Тоше добил само 1.074 поени од луѓе кои се претставиле како поклоници на неговата музика. На страницата во категоријата музичари од нашата земја на второ место се Некст тајм со само 1.976 поени, а трет Александар Белов со 403 поени.


http://vecer.com.mk/?ItemID=33DD863047A6144A8EF9A4C0E9EC2707

_________________


Тој е горе во височините каде што и секогаш беше. Се наоѓа во темнина. Темнината сме ние, фановите кои чуваме една голема темнина во срцата, бидејќи него повеќе го нема. А на небото има само една сјајна звезда - Тоше, единствена сјајна ѕвезда која секогаш ќе остане да сјае
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
batbayan
Модератор
Модератор
avatar

Број на мислења : 1410
Age : 31
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
11 / 10011 / 100

Registration date : 2008-06-11

ПишувањеПредмет: Re: Други новости во врска со Тоше   Вто Мај 31, 2011 6:34 pm

Ако ме погледнеш во очи во ново руво

Реиздадено уште едно CD на Тоше Проески

Во издание на Енџел мјузик, по многу години пауза, на музичкиот пазар се најде албумот Ако ме погледнеш во очи, на легендарниот Тоше Проески. CD-то е реализирано во Грција во периодот лето-есен 2002-та година, и означуваше стартот на соработката меѓу Тоше и менаџерката Љиљана Петровиќ.

Првично, за македонскиот пазар, овој албум беше објавен под етикета на Фајнал Кат продукција и Продукцијата на Македонската Радио Телевизија, која некое време потоа престана да функционира. Во тоа време многу малку примероци беа дистрибуирани во продажба, па на некој начин овој албум претставува своевиден раритет. По распадот на Продукцијата, во депоата на МРТВ остана одредено количество од овој албум, и одвреме-навреме во продажба можеа да се најдат примероци од дисковите.

Сега, безмалку девет години потоа, Енџел мјузик, продукција која функционира под закрилата на Меѓународната фондација Тоше Проески, ја исправи историската неправда, и на пазарот повторно го лансира албумот, во едно ново, поинакво руво.

Како дигипак издание, по цена од 450 денари, Ако ме погледнеш во очи претставува колекција од 10 песни на Тоше, меѓу кои се и незаборавните балади Немаш ни благодарам, Соба за тага, Уште една скала, Место на злосторот..., а тука е и дуетот Магија, со Есма Реџепова.

Да потсетиме, од овој албум, за кој текстовите ги напиша позната Марина Туцаковиќ (освен Немаш ни благодарам, која е на Гага Росиќ), е објавена и балканска верзија, со препеви на српско-хрватски јазик, а материјалот беше објавен насекаде во регионот. За препевите на македонски беа адолжени Миодраг Врчаковски, Огнен Неделковски, Маја Павловска и Владимир Крстевски - Франц.

Музички, песните ги потпиша Фоивос, еден од најплодните грчки композитори (освен темата Hold Me Tight, која ја компонираше Никола Перевски), додека за продукцијата и аранжманите се погрижи Манолис Влахос.

http://mmm.com.mk/?ItemID=67C6CEBCEE8E684FA7293BE04234AEF4

_________________


Тој е горе во височините каде што и секогаш беше. Се наоѓа во темнина. Темнината сме ние, фановите кои чуваме една голема темнина во срцата, бидејќи него повеќе го нема. А на небото има само една сјајна звезда - Тоше, единствена сјајна ѕвезда која секогаш ќе остане да сјае
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
batbayan
Модератор
Модератор
avatar

Број на мислења : 1410
Age : 31
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
11 / 10011 / 100

Registration date : 2008-06-11

ПишувањеПредмет: Re: Други новости во врска со Тоше   Саб Јун 11, 2011 11:32 am

Легендата живее

Дрво за сеќавање на Тоше Проески во Љубљана


Интернационален Тоше Проески Фан Клуб Форум информира дека минатата седмица во Љубљана, во Лавиринтот на уметноста каде што на 25.1.2011 е посадено дрво за сеќавање на уметникот и хуманитарец Тоше Проески, официјално е поставена и плоча со посвета.



Чувари на дрвото, како се нарекуваат тие што го негуваат и внимаваат на дрвото канадска чунга, се членовите на Интернационалниот Тоше Проески Фан Клуб Форум.




Како што претходно ја известивме македонската јавност, Лавиринтот на уметноста е голем уметнички урбан проект во кој се одржуваат разни уметнички престави, читање на поезија, а посетителите секојдневно шетајќи се низ паркот, докажуваат дека природата е тесно поврзана со уметноста и секако со нашите животи.



Многу познати личности од Словенија се чувари на некои од 287-те дрва, а членовите на форумот најмногу се задржуваат во крошните на дрвото на Тоше под кое сега стои плоча на која пишува за кого е посветено дрвото за сеќавање и незаборав.



Членовите на Форумот сакаат на македонската јавност да и ја испратат следната порака: Никогаш не го заборавајте Вашиот и наш Тоше, ние сигурно никогаш нема да го заборавиме.

http://mmm.com.mk/?ItemID=459BDCD65A6DBB49BE6DEAB19629405B

_________________


Тој е горе во височините каде што и секогаш беше. Се наоѓа во темнина. Темнината сме ние, фановите кои чуваме една голема темнина во срцата, бидејќи него повеќе го нема. А на небото има само една сјајна звезда - Тоше, единствена сјајна ѕвезда која секогаш ќе остане да сјае
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
batbayan
Модератор
Модератор
avatar

Број на мислења : 1410
Age : 31
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
11 / 10011 / 100

Registration date : 2008-06-11

ПишувањеПредмет: Re: Други новости во врска со Тоше   Пон Јун 20, 2011 12:01 pm

Недостижен

Тоше се уште рекордер

Според последниот преглед, Тoше Проески има најмногу Фејсбук фанови од сите пејачи, групи и уметници на целиот Балкан. Ова е објавено на Фејсбук. И три и пол години по неговото заминување, тој суверено царува и со срцата на обожаваталите, и со топ листите и со фан страниците.

Со статусот Македонци, Хрвати, Босанци, Срби, Словенци, Црногорци, Албанци, Бугари, Грци, Роми... 292.357 души на едно место и ЗА ЕДЕН ЧОВЕК - ТОШЕ ПРОЕСКИ...ЉУБОВТА НЕМА ГРАНИЦИ!!!, деновиве на една од бројните Фејсбук фан-страници се објавено дека страницата пораснала до една завидна бројна, каква што немаат ни некои од најголемите светски ѕвезди.

А на страницата In Memoriam Tose Fan Radio деновиве е објавено новото видео кое го направи Марјан со Антонија и Шола, за песната Громови на душа.

На сите страници за Тоше, и на било кој начин поврзани со него, секојдневно се апдејтуваат песни, спотови, фотографии, исто како Тоше да е тука.

Некои од фа групите ви ги пренесуваме како што се напишани оригинално - UNITED FOR TOSE PROESKI ¦, In Memoriam Tose Fan Club & Forum, Тоше-синот Божји Проески, Иконо наша - Тоше Проески, Тодор Проески <3, TE Sakam TOSE Proeski, Dali Tose Proeski moze da sobere poveke fanovi od Elvis Presley? (113.351 приврзаници), 500.000 Македонци за да ни се врати, za site onie koi bi go dale zivotot za TOSE PROESKI, I moite deca ke rasnat so pesnite na Tose Proeski!, Сите кои до крајот на својот живот ке го сакаат ТОШЕ ПРОЕСКИ, на која е пренесена изјавата на Тоше" Да имам голема моќ бар на кратко би направил да исчезнат омразата и злото и луѓето меѓусебно да си делат љубов - ТОШЕ ПРОЕСКИ.

На Фејсбук е формирана и оваква група Milcho Manchevski da go rezira filmot za Toshe, со цел да се искористи славата на режисерот и светоста на Тоше и тоа да допре до цел свет.

Нема разделба од Тоше. Нема разделба од неповторливата и најбеската македонска легенда, кој ќе остане славен и сакан за вечни времиња!

http://mmm.com.mk/?ItemID=45552A09ED35E542BBA29243D8873E73

_________________


Тој е горе во височините каде што и секогаш беше. Се наоѓа во темнина. Темнината сме ние, фановите кои чуваме една голема темнина во срцата, бидејќи него повеќе го нема. А на небото има само една сјајна звезда - Тоше, единствена сјајна ѕвезда која секогаш ќе остане да сјае
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
batbayan
Модератор
Модератор
avatar

Број на мислења : 1410
Age : 31
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
11 / 10011 / 100

Registration date : 2008-06-11

ПишувањеПредмет: Re: Други новости во врска со Тоше   Саб Jул 02, 2011 12:18 pm

Во пресрет на уште една тажна годишнина

Напиши песна или приказна за Тоше Проески



Фан-клубот чија мисија е да го зачува името, ликот и делото на легендарниот Тоше Проески од заборав, од 1-ви јули започна со нов проект.

Имено, фановите традиционално стартуваа со јавен кон***с за напишана приказна (песна или фељтон) за Тоше Проески, врзана за уште една тажна годишнина - четири години без Тоше.


Кон***сот е отворен од 1-ви јули до 1-ви октомври 2011-та година.

Имате три месеци да напишете нешто за непрежалената музичка ѕвезда, а вашето дело да го видат илјадници фанови, а најдобрите ќе освојат награда - изненадување - напоменуваат од Клубот.


Со напомена: Za javni natjecaj, своите твори испраќајте ги на: imtfanclub@gmail.com.

Повеќе за кон***сот имате на официјалната web-страница на Фан-клубот.
http://www.tose.bloger.hr/post/javni-natjecaj-imtfc-f--rtv--a/11138873.aspx

_________________


Тој е горе во височините каде што и секогаш беше. Се наоѓа во темнина. Темнината сме ние, фановите кои чуваме една голема темнина во срцата, бидејќи него повеќе го нема. А на небото има само една сјајна звезда - Тоше, единствена сјајна ѕвезда која секогаш ќе остане да сјае
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
batbayan
Модератор
Модератор
avatar

Број на мислења : 1410
Age : 31
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
11 / 10011 / 100

Registration date : 2008-06-11

ПишувањеПредмет: Re: Други новости во врска со Тоше   Пет Aвг 05, 2011 4:47 pm

Во издание на City Records

Објавени најубавите балади на Тоше Проески

Белградската дискографска куќа City Records на музичкиот пазар ја лансираше новата компилација на легендарниот Тоше Проески. Со наслов Тоше Проески - Најубавите балади, цедето содржи вкупно 18 теми.

Започнува со Још увијек сањам да смо заједно, а завршува со Зајди, зајди.

Меѓу нив се и незаборавните: Игре без граница, Још и данас замириши трешња, Остала си увијек иста, The Hardest Thing, Соба за тугу, Мени хвала ниједно, Мала, Једина, Пољско цвеќе...

Е, колку нам во Македонија ни фали еден вистински The best of Тоше Проески, со најубавите негови песни на македонски јазик.

Додека тоа не биде објавено, Баладите од City Records можете да ги нарачате преку Интернет.




http://mmm.com.mk/?ItemID=C28922F9B14D57418E6116A69847B617

_________________


Тој е горе во височините каде што и секогаш беше. Се наоѓа во темнина. Темнината сме ние, фановите кои чуваме една голема темнина во срцата, бидејќи него повеќе го нема. А на небото има само една сјајна звезда - Тоше, единствена сјајна ѕвезда која секогаш ќе остане да сјае
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
batbayan
Модератор
Модератор
avatar

Број на мислења : 1410
Age : 31
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
11 / 10011 / 100

Registration date : 2008-06-11

ПишувањеПредмет: Re: Други новости во врска со Тоше   Нед Aвг 21, 2011 9:19 am

На 20-ти август на полноќ

Заврши гласањето за проектот Најдоброто од Македонија!

Гласањето е завршено. По спојувањето и проверката на гласовите, резултатите ќе бидат официјално објавени во вторник 23.8.2011 во 12 часот - пишува на страната Најдоброто од Македонија, каде во чест на 20 години независна Македонија се избираат по 20 најдобри забавни, народни и детски песни.

Она што се забележува од пресекот е дека трите најдобро пласирани песни се од Тоше Проески - Тајно моја, Игри без граници и Цреша

http://mmm.com.mk/?ItemID=D9AD8A41DDB7A94BBB26275272A73FB1

_________________


Тој е горе во височините каде што и секогаш беше. Се наоѓа во темнина. Темнината сме ние, фановите кои чуваме една голема темнина во срцата, бидејќи него повеќе го нема. А на небото има само една сјајна звезда - Тоше, единствена сјајна ѕвезда која секогаш ќе остане да сјае
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
batbayan
Модератор
Модератор
avatar

Број на мислења : 1410
Age : 31
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
11 / 10011 / 100

Registration date : 2008-06-11

ПишувањеПредмет: Re: Други новости во врска со Тоше   Пет Aвг 26, 2011 10:02 pm

Фонтаната на Тоше во Аеродром доби нов лик

Деновиве на барање на граѓаните, Општина Аеродром ја замени со нова фотографијата на фонтаната „Тоше Проески“, така што со новиот разубавен амбиент паркот доби нов поубав и освежен лик.





Меморијалната фонтана со ликот на македонската музичка ѕвезда Тоше Просеки пред околу една година беше пуштена во употреба на Детската улица во населбата Ново Лисиче во скопската општина Аеродром.

Таа е изработена од мермер со кружна форма со дијаметар од седум метри, а навечер ја осветлува Детската улица во повеќе бои.

http://kurir.mk/republika/skopje/40434-Fon...om-dobi-nov-lik

_________________


Тој е горе во височините каде што и секогаш беше. Се наоѓа во темнина. Темнината сме ние, фановите кои чуваме една голема темнина во срцата, бидејќи него повеќе го нема. А на небото има само една сјајна звезда - Тоше, единствена сјајна ѕвезда која секогаш ќе остане да сјае
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
batbayan
Модератор
Модератор
avatar

Број на мислења : 1410
Age : 31
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
11 / 10011 / 100

Registration date : 2008-06-11

ПишувањеПредмет: Re: Други новости во врска со Тоше   Пон Сеп 05, 2011 6:08 pm

Марјан Томазиниќ за МММ

Тоше живее преку моите видеа!

Многубројни импровизирани, но прекрасни спотови за песни на нашата легенда Тоше Проески, снимки од концерти, радио и ТВ настапи, емисии на ЈуТјуб поставува Марјан Томазиниќ. Овој млад човек (38) од Сисак, Хрватска, работи во ИНА Рафинерија Нафта Сисак, а во слободно време целосно е посветен на создавање видео спотови за песни од Тоше.

Сите оние кои ме познаваат знаат колку труд, добра волја, време и љубов вложив, а и натаму продолжувам за да го негувам споменот на нашиот голем, единствен и неповторливиот ангел Тоше Проески, вели Марјан.

На фејсбук ги основа и води страниците In Memoriam Tose Fan Club & Forum на која е администратор, In Memoriam Tose Fan Radio, а се ангажира и на In Memoriam Fan Club & Forum (www.tose.bloger.hr, www.toseproeski.tk).

Од мали нозе музиката и видеото беа моја опсесија. Се се вртеше околу тоа. И Тоше ми беше еден од мотивите што ме покренува, а и понатаму ми е. Што се однесува до видеоспотовите кои ги правев на самиот почеток тие беа обично слајдшоу, додека со тек на време не прерасна во нешто подобро. Секоја година, за годишнината од смртта, но и за роденденот на Тоше правев по едно видео. Можат да се пронајдат и погледаат на ЈуТјуб, како и на dailmotion и на metacafe. Немам професионална опрема, немам ништо, но од себе го давав максимумот, користејќи го она што ми беше при рака. Моите бројни пријатели можат да потврдат дека никогаш не бев задоволен, така што често правев и по повеќе верзии од едно видео. Во секое видео ставав по нешто ново, што му ја даваше таа тежина на видеото и самата смисла на тоа што сакав да го кажам и што сум чувствувал во тој момент, додека го работев. Сите ние на некој начин сакаме да ги искажеме своите чувства. Јас го пронајдов, вака, преку видеа - вели Марјан.



Тој е многу горд што неговото видео за песната Крушево е најдобро оценето видео на ЈуТјуб, за таа песна.

Тоа видео го носи насловот неофицијално, но мислам дека може да се носи рамо со рамо со официјалните видеоспотови кои се направени. Неодамна направив видео и за инструменталната верзија за таа песна, зошто сепак сакам повеќе да ги слушам инструменталите на Тоше, отколку неговите песни да ги пеат други. Во овој момент инструменталната верзија Крушево е на прво место, но сепак она што виртуозот Влатко Стефановски со својата гитара и искуство го направи на отворањето на спомен куќата, мислам дека не може да се мери со ништо друго. Ах, уште само наместо Раде Шербеџија да го имавме вокалот на Тоше, со носталгија констатира Марјан.

Нему му е посебно драго што секое видео од оние што ги изработил во себе го има она нешто. Преку неговото залагање на Интернет успешно е спроведена акцијата за гласање Тоше да добие восочна фигура во музејот во Јагодина. Марјан е ангажиран и во хуманитарната акција ToseFansAngel forum, како и ToseFanClub&Foruma&Rtv.

Жално ќе биде ако на некој начин Тоше денес е заборавен од многумина, но од моја страна нема да биде никогаш, дополнува Марјан.

Меѓудругото, Марјан организатор е на гласањето за Тоше на whopopular.com (whopopular.com/Todor-Toshe-Proeski), исто така и на најновото за спомен куќата на страницата openbuildings.com (http://openbuildings.com/peoples_choice/waf/leaderboard).

Јелена: Марјан е посветен на Тоше

Со должно почитување на сите, Тоше со магијата која ја оставаше зад себе со својата насмевка, поглед, зборови, песна, гестови и се она што го правеше така посебен, се издигна далеку над сите други, а Марјан работи со цела своја посветеност и со цело свое срце на зачувување на споменот, вели неговата пријателка Јелена Јауковиќ. Таа додава - Она што беше Тоше никого не остава рамнодушен. Но, не може никого да остави рамнодушен ни се она што тој Марјан прави, и сигурно уште долго ќе го прави во чест на Тоше. Тоше имаше безгранично почитување, љубов и препознавање на сите вредности, квалитет и магија што Тоше ја носеше со себе и нес***чно ја ширеше околу себе. Марјан преку видеата го чува споменот на него и постојано не потсетува кој беше Тоше, еден толку посебен човек, додава пријателката.

Доволно е да впишете Тоше на Гугл, меѓу првите три линкови ќе ви излезе најдобар блог, форум и фан клуб IN MEMORIAM Tose Fan Club, Forum & RTV, кој веќе неколку години го средува Марјан со неколку свои истомисленици. Покрај овој форум го покрена и IN MEMORIAM Tose fan radio, кој и покрај сите потешкотии што го има како обичен непрофитабилен проект, од кој нема никаква заработка, успеа да ја прослави својата прва годишнина во јуни.

Форумот, Радиото и ТВ секако ги следат бројни страници и групи на ФБ кои ги осмисли и оформи, и кои заедно со администраторите ги уредува секојдневно а секој ден има се повеќе членови.


http://mmm.com.mk/?ItemID=3231CFF3475C4440BBE8B5ECD14F3645

_________________


Тој е горе во височините каде што и секогаш беше. Се наоѓа во темнина. Темнината сме ние, фановите кои чуваме една голема темнина во срцата, бидејќи него повеќе го нема. А на небото има само една сјајна звезда - Тоше, единствена сјајна ѕвезда која секогаш ќе остане да сјае
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
batbayan
Модератор
Модератор
avatar

Број на мислења : 1410
Age : 31
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
11 / 10011 / 100

Registration date : 2008-06-11

ПишувањеПредмет: Re: Други новости во врска со Тоше   Вто Сеп 27, 2011 7:03 pm

Дарувај капка крв, дарувај живот!

Фановите на Тоше во нова хуманитарна акција...

Ние фановите на Тоше го продолжуваме неговиот хуман пат и во негова чест повторно организираме крводарителска акција. Бидете и Вие дел од неа - стои во дописот до МММ.

Организатор: Интернационален Тоше Проески Фан Клуб Форум
Цревен Крст на град Скопје

Подржано од: Сити Радио
Фондација Тодор Проески

Време: среда, 5. Октомври: 10:00 - 18:00

Локација: Фоаје во дом на АРМ - Скопје

http://mmm.com.mk/?ItemID=41FEF3C382B256488090F0D08C321FBC

_________________


Тој е горе во височините каде што и секогаш беше. Се наоѓа во темнина. Темнината сме ние, фановите кои чуваме една голема темнина во срцата, бидејќи него повеќе го нема. А на небото има само една сјајна звезда - Тоше, единствена сјајна ѕвезда која секогаш ќе остане да сјае
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
batbayan
Модератор
Модератор
avatar

Број на мислења : 1410
Age : 31
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
11 / 10011 / 100

Registration date : 2008-06-11

ПишувањеПредмет: Re: Други новости во врска со Тоше   Вто Окт 11, 2011 7:28 pm

Во пресрет на 16-ти октомври

Балканот се сеќава на Тоше

Првата програма на српскиот национален ТВ сервис РТС, како и нивниот сателитски канал, на 16-ти октомври 2011-та, во 21 часот, ќе ја емитуваат двочасовната емисија Балкан - сеќавање на Тоше.

Во емисијата, која се поклопува со четиригодишнината од трагичната смрт на Тоше, неговите пријатели ќе зборуваат за неговиот живот и ќе ги пеат неговите песни.

Од РТС велат дека станува збор за единствениот проект на кој се работеше четири месеци, во чест на балканскиот принц на поп-музиката, за кого зборуваат големите имиња од Србија, Македонија, Хрватска, Словенија, Босна и Херцеговина и Црна Гора.

Песните на Тоше во студиото на РТС, во придружба на гудачите и дувачите на Големиот симфониски оркестар, ќе ги исполнат неговите колеги и пријатели, меѓу кои: Аки Рахимовски, Kалиопи, Хари Варешановиќ, Тони Цетински, Сергеј Ќетковиќ, Александра Радовиќ, Марија Шерифовиќ, Јелена Томашевиќ, Ања Рупел, Антонија Шола, Бора Дугиќ, Нина Радојчиќ, Саша Ковачевиќ, Борис Режак, Мари Мари...



Од РТС напомнуваат дека станува збор за целосно некомерцијален проект, единствен по своите барања, и затоа единствено тие можеа да го реализираат, а сите учесници во него со голем антузијазам и ангажман го прифатија учеството.

Во рамките на двочасовната програма ќе биде емитуван и документарниот материјал, снимен во септември во Македонија, а пред се во Крушево, родното место на Тоше.

http://mmm.com.mk/?ItemID=0493777404C1DB498816BA47625D06D4

_________________


Тој е горе во височините каде што и секогаш беше. Се наоѓа во темнина. Темнината сме ние, фановите кои чуваме една голема темнина во срцата, бидејќи него повеќе го нема. А на небото има само една сјајна звезда - Тоше, единствена сјајна ѕвезда која секогаш ќе остане да сјае
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
batbayan
Модератор
Модератор
avatar

Број на мислења : 1410
Age : 31
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
11 / 10011 / 100

Registration date : 2008-06-11

ПишувањеПредмет: Re: Други новости во врска со Тоше   Вто Окт 25, 2011 7:12 pm

Наскоро нови песни од Тоше!

Семејството на трагично починатиот Тоше Проески наскоро ќе ги објави песните кои ги пронашле во неговиот компјутер. Неговата сестра Дора Ристеска открила дека нејзиниот маж Славен, кој бил вклучен во кариерата на нејзиниот брат, со месеци барал и го анализирал неговиот компјутер и студиските снимки.

-Вложуваме во новите песни и спотови, бидејќи најважно за мене е тоа што мојот брат живее низ старите песни, а и новите, изјавила Дора.

Таа додава дека нивните родители сеуште се борат со болката за неговата загуба која се случи пред 4 години, тие секое утро и попладне одат на неговиот гроб.

-Тато секој ден оди во манастирот Свето Преображение. Здравствено малце се подобри, но од тага и загуба никогаш нема да се опорават, изјавила Дора, чиј син како што веќе знаете е доволно талентиран за да ги продолжи неговите стапки.

-Пред очи често ми поминуваат слики како Тоше си игра со моите синови и како го учи Кристијан са свири. Тој е талентиран на вујко му, но болката не ми дозволува да го пуштам да се занимава со музика, изјавила Дора.

http://www.radiomk.info/mk/zabava/muzickivesti/172-2011-10-23-23-37-00

_________________


Тој е горе во височините каде што и секогаш беше. Се наоѓа во темнина. Темнината сме ние, фановите кои чуваме една голема темнина во срцата, бидејќи него повеќе го нема. А на небото има само една сјајна звезда - Тоше, единствена сјајна ѕвезда која секогаш ќе остане да сјае
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
Sponsored content




ПишувањеПредмет: Re: Други новости во врска со Тоше   

Вратете се на почетокот Go down
 
Други новости во врска со Тоше
Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот 
Страна 20 of 20Отиди на страна : Previous  1 ... 11 ... 18, 19, 20

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
 :: Пишани и Електронски медиуми :: Новости-
Отиди до: