HomeПрашања/ОдговориБарајЧленовиЧленски групиРегистрирајте сеВлез

Share | 
 

 Други новости во врска со Тоше

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down 
Отиди на страна : Previous  1, 2, 3, 4 ... 11 ... 20  Next
АвторПорака
Tanjuska
Нов Член
Нов Член
avatar

Број на мислења : 34
Age : 42
Репутација :
1 / 1001 / 100

Registration date : 2008-08-25

ПишувањеПредмет: Re: Други новости во врска со Тоше   Вто Сеп 16, 2008 2:21 pm

Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
LudaMala
Супер Модератор
Супер Модератор
avatar

Број на мислења : 1483
Age : 35
Локација : Олимпијски град
опис: :
Репутација :
5 / 1005 / 100

Registration date : 2008-05-21

ПишувањеПредмет: Re: Други новости во врска со Тоше   Пет Сеп 19, 2008 8:56 pm

Интервју Леонтина Вукомановић

Sa decom je najlepše!

Leontinu Vukomanović su svojevremeno zvali čeličnom ledi naše estrade. Sada radi uglavnom sa decom, a o vezi sa Mikijem Perićem ne želi da kaže ni reč...

Pa, dobro, gde ste nestali sa muzičke scene?

- I dalje se bavim muzikom, samo na malo drugačiji način. Primaran mi je autorski rad, kao i rad sa decom, otvaraju mi se nove mogućnosti za posao koji volim, tako da mi scena nimalo ne nedostaje. Nedavno sam sa Ivanom Negativ objavila CD sa dečjim pesmama za „City Records“, u toku je treći muzički dečji festival Čarolija, sve ide svojim tokom. Dok sam pevala svoje pesme, stres je bio sastavni deo mog posla, sada toga više nema. Moje pesme sada pevaju drugi izvođači, a ja imam i moralnu i materijalnu satisfakciju.

Jeste li stroga „nastavnica“ i da li imate neku šašavu anegdotu da nam ispričate?

- Sa decom ništa nije teško, svaki izazov donosi zadovoljstvo i radost. Anegdota ima mnogo, uglavnom vezanih za dečje „bisere“. Ovih dana održana je audicija za nove članove hora, a dešavalo se da mi se deca predstavljaju „umetničkim“ imenima. Jedan mališan predstavio se kao Atom, tri puta sam ga pitala kako se zove, i na kraju upisala to ime. Malo mi je bilo čudno, ali sam pomislila da je dete stranac, a onda je usledilo iznenađenje. Na pomen prezimena rekao je MRAV?! Atom Mrav! Šta dalje reći...

Svojevremeno ste se bavili fotografijom, pevali, komponovali, sada vodite hor, a odskora i kreirate?

- Moja kuma Irena Grahovac poznati je dizajner, a moji prijatelji iz Šapca jedni su od najuspešnijih proizvođača garderobe kod nas. U nekim našim prijateljskim kontaktima došli smo na ideju da Irena i Boško Jakovljević pokrenu svoje linije garderobe u okviru njihovog brenda PNJL. Tako sam došla na ideju da napravim i nešto opušteno za sebe, trenerke, dukserice i polo majice. Kako su reakcije na tih nekoliko stvari bile fantastične, nagovorili su me da moja „mini kolekcija“ uđe u proizvodnju, a ja sam rešila da svemu tome dam naziv „Love Large“. Jedina osobenost te kolekcije je što se pravi samo u L i DžL veličini - da se zna da u ovoj zemlji nema samo vitkih i zgodnih manekenki, već i „standardnih“ balkanskih žena, koje nemaju priliku da nađu mladalačku garderobu u svojoj veličini. Otud i taj naziv, što nikako ne treba poistovetiti sa modom za puniji stas. U pitanju je samo veličina.

Primetili smo da ste u poslednje vreme veoma nasmejani i da je ona strogoća po kojoj ste ranije bili poznati uglavnom nestala. Da li je Miki Perić zaslužan za to?

- Svako ko me zna, rekao bi vam da sam stroga u poslu, odgovorna, profesionalna, i otud ta moja crta, koja postaje negativna za one koji nemaju sve te osobine. Stres, koji je bio sastavni deo mog posla, sada ne postoji, i otud opušteniji stav. O privatnom životu ne volim da pričam i neću ni sada graditi karijeru na bombastičnim naslovima i intrigiranju ljudi jer to jednostavno nisam ja.

Kako vam danas izgleda naša muzička scena?

- Posle smrti Tošeta Proeskog nastala je velika praznina. Lepu muziku mora da reprezentuje osoba koja je lepa i iznutra i spolja, a u današnjem svetu to je teško uskladiti. Nekoliko pevača i autora kod nas dokaz su da pop muzika sve više odoleva novokomponovanim zvucima, i drago mi je što, pored zabavne muzike, danas postoji i čist pop zvuk.

Imate li neostvarenih želja?

- Sve što sam naumila, ostvarujem.


Преузето са http://www.kurir-info.rs/
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
batbayan
Модератор
Модератор
avatar

Број на мислења : 1410
Age : 31
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
11 / 10011 / 100

Registration date : 2008-06-11

ПишувањеПредмет: Re: Други новости во врска со Тоше   Саб Окт 04, 2008 11:05 am

Тоше не го заборави Музичкото училиште во Битола



Автор: Марија Таушанска


Музичкото училиште во Битола ќе се вика „Тодор Тоше Проески“. Ваква одлука донесе Советот на општината по иницијатива на Здружението на граѓани. По добивањето согласност од фондацијата „Тоше Проески“ сега се чека Министерството за образование да ја потврди одлуката, за таа официјално да стапи во сила.

- Утредента по трагичното загинување на Тоше Проески на влезната врата беше поставен плакат на кој стоеше дека ова е музичко училиште „Тодор Тоше Проески“. Го закачија потписниците на Здружението на граѓани, кои веднаш до Советот на општината Битола поднесоа иницијатива Музичкото училиште да се преименува и да го носи името на нашата голема музичка ѕвезда, која своето образование го почна токму тука - вели Панде Тунтевски, директор на училиштето.

Работниот колектив, иако не беше директно консултиран за промената на името, нормално, ја поддржува одлуката. По иницијатива на директорот Тунтевски и на целиот колектив се планира отворање истурена паралелка на училиштето во Крушево.

- Сè уште не се направени договори со претставници на фондацијата „Тоше Проески“. Откако одлуката за преименување на училиштето во „Тодор Тоше Проески“ ќе стапи во сила, ќе поставиме и негова биста пред училиштето, а ќе организираме и низа други активности во спомен на нашиот најпознат ученик - вели Тунтевски.


СЕЌАВАЊА НА ПОЧЕТОЦИТЕ НА ТОШЕ


Музичкото училиште во Битола постои од 1962 година. Во него сега учат 333 ученици од прва до шеста година во нижите паралелки, а во средното училиште има по една паралелка во сите четири години, односно вкупно 120 ученици. Пред 14 години тука Тоше ги доби првите знаења и искуства поврзани со музиката и никогаш не заборави каде почнал. Неговиот талент прв го открил сега веќе покојниот професор Пеце Митревски.

- Уште во почетокот на школувањето беше очигледно дека Тоше има големи предиспозиции да стане голем уметник и добар и хуман човек, како што и се случи. Континуирано работеше, а со талентот што го имаше не требаше да вложи многу за да дојде до фантастични резултати бидејќи самата природа му дала прекрасен глас. Тоше учеше соло-пеење, свиреше клавир и ги учеше сите други предмети во рамките на четиригодишното школување. За жал, јас како директор не му предавав, но знам дека беше одличен ученик, имаше голема поддршка од целиот колектив уште од првата година, бидејќи имаше навистина огромен талент, но и мила ѕвезда, и сите ги освојуваше со својата насмевка и секогаш ведро расположение - со тага се сеќава Тунтевски.

Сите во училиштето за Тоше имаат само најубави зборови. Секогаш кога имал можност Тоше доаѓал во училиштето.

- Секогаш нè поздравуваше, често доаѓаше да нè посети и секаде го споменуваше училиштето, на сите концерти, особено кога ќе дојдеше во Битола. А сакаше и да ни помогне. Така беше и со средствата од неговиот последен концерт кој се случи минатата година на 5 октомври на Градскиот стадион во Скопје, во соработка со УСАИД. Од собраните хуманитарни средства наменети за подобрување на условите во училиштата во цела Македонија, на нас ни беше доделена донација што ја наменивме за подобрување на условите за хорско пеење.


ТАЛЕНТОТ ПРЕРАСНА ВО ЅВЕЗДА


Професорите со тага зборуваат за својот некогашен ученик, но неговата професорка Људмила Божиновска, која четири години му беше корепетитор на Тоше Проески, не можеше да ја скрие насмевката, кога се сеќаваше на неговите мали итрини со кои се служел кога нешто не стигнувал навреме да направи поради големата презафатеност.

- Кога Тоше учеше во Средното музичко училиште, јас му бев корепетитор, го придружував на клавир додека учеше соло-пеење во сите четири години. Тоше беше пријатно и мило дете, многу талентиран. Брзо учеше, имаше апсолутен слух и силен глас и добри гласовни можности. Имаше способност веднаш да ги пее песните на јазикот на кој се напишани, како да е негов мајчин. Јас сум Русинка по потекло и кога Тоше пееше руски романси и соло-песни не требаше два пати да му се кажува - нагласокот и изговорот му беа како да е роден во Русија - вели Божиновска.

Кон крајот на своето учење Тоше почнува да се занимава со забавна музика, а неговата професорка, иако целиот свој живот ѝ била посветена на класичната, била среќна поради него.

- Тој се пронајде себеси во тоа, луѓето ги прифатија неговите песни и начинот на пеење - додава таа.

Божиновска го придружувала Тоше и на Државниот натпревар по соло пеење, каде што освоил втора награда. Таа била со него и на приемниот испит на Факултетот за музичка уметност.

- Кога беше втора година, Тоше првпат отиде на Државен натпревар по пеење. Се одржуваше тука, во Битола. И тогаш јас го придружував. Освои втора награда, пееше прекрасно и ѝ остави голем впечаток на публиката. Кога го полагаше приемниот испит на факултетот веќе беше познат и цела сала се собра околу него - се сеќава Божиновска.

Како и многумина други, и таа го памети по големата харизма, како многу воспитано дете, кое имало прекрасен однос со сите, и со другарите и со професорите.

- Во четврта година беше преморен, беше растргнат меѓу настапите и учењето, па знаеше некогаш и да излаже, да се снајде кога немаше да стигне нешто да подготви. За тоа мило дете може да се зборува многу и јас имам прекрасни спомени врзани со Тоше и искрено жалам поради неговиот трагичен крај - раскажува топло, но и тажно професорката за својот ученик Тоше.

Овие зборови со широко отворени очи ги слушаше нејзината ученичка

Марија Атанасовска, за која професорката вели дека е многу музикална и способна.

- Сега сум петта година и свирам клавир. Бев голема обожавателка на Тоше. Имам и слики со него. Од мала го сакав и ги знам сите негови песни. Почнав да ги пеам уште кога не знаев убаво ни да одам - вели Марија.

Исчезнала матурската слика на Тоше

Веднаш по смртта на Тоше Проески неговата фотографија исчезнала од матурското табло на неговата генерација, изложено во холот на Средното музичко училиште. Останало празно место под името Тодор Проески. Вработените се сигурни дека фотографијата на нивниот некогашен ученик ја земал некој голем обожавател на нашата најголема музичка ѕвезда.



http://novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=2&fCat=1&top=1&EditionID=198&ArticleID=8327

_________________


Тој е горе во височините каде што и секогаш беше. Се наоѓа во темнина. Темнината сме ние, фановите кои чуваме една голема темнина во срцата, бидејќи него повеќе го нема. А на небото има само една сјајна звезда - Тоше, единствена сјајна ѕвезда која секогаш ќе остане да сјае
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
batbayan
Модератор
Модератор
avatar

Број на мислења : 1410
Age : 31
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
11 / 10011 / 100

Registration date : 2008-06-11

ПишувањеПредмет: Re: Други новости во врска со Тоше   Пет Окт 10, 2008 9:42 am

Од првиот хонорар Тоше му купи матурски костум на Марјан Стојановски



Вчерашната емисија „Проверено“ на хрватската ТВ Нова беше посветена на македонската поп-икона

Ексклузивна снимка од средношколските денови (трета година) на Тоше Проески вчеравечер беше емитувана во рамките на емисијата „Проверено“, која се емитува на хрватската ТВ Нова. Гледачите во Хрватска, а преку кабелските оператори и во земјава и останатите држави имаа можност да проследат емисија целосно посветена на македонската поп-икона. Екипата на „Проверено“ беше во Средното музичко училиште во Битола, кое овие денови ќе биде именувано „Тоше Проески“, каде што младиот пејач ја запозна и својата прва љубов, разговараше со негови другари од класот, како и пријатели од детството. Како македонската ѕвезда го минуваше слободното време, кои му беа најомилени места и до каде е изградбата на крушевскиот манастир беа темите на вчерашната емисија.

„За една недела Македонија повторно ќе запали свеќа. Една година од прераната смрт на младиот пејач. Тоше Проески имаше само 26 години“, се вели во воведот, чии автори напоменуваат дека македонскиот пејач половина од животот го минал во родното Крушево, а потоа се отселил во Битола каде што учел во Средното музичко училиште.

„Веста за смртта на Тоше овде сите не' потресе. Ние, професорите, во него отсекогаш гледавме пример за децата“, изјави Вилма Костовска, наставничка на Тоше по македонски јазик.

Тоше ги минал средношколските денови во ученички дом, делејќи ја собата со Марјан Стојановски. Нивниот воспитувач се потсетува на многу настани на средношколците од собата со број 11. „Тоше со своите први заработени пари од награда на локален фестивал, на крај на третата учебна година ги намири трошоците за престој на Марјан во домот. Иако и самиот потекнуваше од скромно семејство, сепак, на сиромашниот цимер му купи и костум за матурската прослава“, се вели во емисијата.

Соговорниците се потсетуваат и на приемниот испит на Тоше на Музичката академија во Скопје. „Салата беше полна со луѓе кои дојдоа да го слушаат. Секогаш уживаше во пеењето. Младиот пејач ја мина првата година во средното училиште учејќи кларинет, но со оглед на тоа дека родителите му беа сиромашни и не можеа да си дозволат да му купат инструмент, Тоше се префрли на соло-пеење во класата на Пеце Митревски. Тој почина неколку месеци по смртта на својот омилен ученик. Трагедијата на Тоше многу го погоди.“

Со тага се потсетува и професорката Људмила Божиновска, која го придружувала Тоше на клавир од втора година средно до приемниот испит на ФМУ во Скопје. „Сакаше да пее дела на Чајковски, а изговорот му беше многу добар. Јас сум Русинка и доволно беше само еднаш да му прочитам за убаво и правилно да ги изговара стиховите. Иако беше многу популарен, не беше ни малку препотентен. Беше многу добро дете“, се сеќава професорката


http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=68B9083DC93A0442863996F3C052E82C

_________________


Тој е горе во височините каде што и секогаш беше. Се наоѓа во темнина. Темнината сме ние, фановите кои чуваме една голема темнина во срцата, бидејќи него повеќе го нема. А на небото има само една сјајна звезда - Тоше, единствена сјајна ѕвезда која секогаш ќе остане да сјае
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
batbayan
Модератор
Модератор
avatar

Број на мислења : 1410
Age : 31
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
11 / 10011 / 100

Registration date : 2008-06-11

ПишувањеПредмет: Re: Други новости во врска со Тоше   Пет Окт 10, 2008 9:42 am

Не му се изнарадувавме на нашето дете додека беше живо



Животот на Тоше Проески беше како комета - се вивна кон небото, блесна и осветли и отиде да сонува

ВАЛЕНТИНА ТОДОРОВСКА

Дваесет и шест години е многу кусо време. Уште не си тргнал, а треба да застанеш и да не се вртиш наназад. Со 26 в џеб се' уште си дете, поради младоста ти се прогледува низ прсти, џепарлакот е од дома, од прегратките на мама и тато. Станува збор за само 26 лета и исто толку зими.

Малку време човек да му се изнарадува на сонцето, да направи куп слики од облаците зумирани низ крошните на дрвјата, трошка за одмор, ронка за работа.... Кога е Тоше во прашање, ништо нема логично објаснување. Нема космички ред, нема чуда, нема враќање. Тоше Проески, нашиот најдраг човек, син, брат, пријател, идол, соработник, наше дете на кое не му се израдувавме додека беше живо, со помислата дека го нема повторно заклучувавме – неговиот живот беше како блесок, комета, нешто што огреа, стопли, даде надеж. И згасна.

Тоше ништо не бараше, а се' даде. И затоа по него тагуваме како по најблизок. Тој најдрагиот имаше уште толку многу да живее, да испее, да сака.

Тоше беше роден за музика. Откако пее, оттогаш е во центар на вниманието. Како да не го запаметите крушевското белканто, лирика со која им даде живот на емоциите?! Чиста енергија, публика, еуфорија, награди, љубов... Не се фолираше, затоа ние, премачкани со сите бои, тоа неговото „ве сакам сите“ не го разбравме. Пееше исто како што дишеше - дење, ноќе, постојано. „Усни на усни“, „Твоите бакнежи“, „Излажи ме“, „Соба за тага“, „Иконо моја“, „Ледена“, „Рузвелтова 3“, „Крајње време је“, „Арија“. Никој така не ја испеа „Зајди, зајди“, „Јовано“, речиси невозможно и застрашувачки е сега да се слушаат „Игри без граници“, а уште потрогателна е приказната со „My little one“.

Тоа е песна настаната непосредно по враќањето на Тоше од Ерусалим минатата година. Ја испеа со Кристијан, внукот што Тоше си го викаше нагалено „малиот пејач“. Таму Тоше пее повисоко за да му парира на гласот на својот внук. Зборовите се тие и тогаш и сега. Текстот претрпел минимални корекции и тоа поради реченици кои на Тоше му беа пренападни и кои сакал да ги смени... Застрашувачки звучи песната исто како и верувањето дека времето ги лекува раните. Кое време?



Тоше ни ги врати насмевките и романтиката во секојдневјето. Токму кога блиндирани чувства во „кул“ време ни ги преплавија фајловите во глава. Тивко, нежно пееше тој за бакнежи, за рака во рака, гушкање. За погледи што се како отворени книги. Го сакаа и богатите и сиромавите, и болните и здравите, и убавите и грдите. Не ги двоеше Тоше луѓето – ги гушкаше сите, бескрајно долго ги слушаше и им зборуваше... Помагаше. Беше мал, а голем. Млад, а стар. Патем, одамна на нашата сцена никој наместо „чао“ не бакнувал во рака како Проески. Гласник на љубовта, оти музиката е измислена за да сведочи за осаменоста на луѓето. Со Тоше имавме чувство дека некому припаѓаме.

Утре Крушево ќе жали. Една година без Тоше е најтрагичен помен во поновата македонска историја. Сакан и љубен – 40.000 срца чукаа само за Тоше на неодамнешниот концерт на стадион.

Зборовите се мали и тесни како завиени сокачиња, а со нив треба да го опишеме неможното.

Наша солза и насмевка. Нашиот пркос да и' се инаетиме на судбината и на тој одозгора, оти ни го зеде без најава и предупредување. Тоше не е спомен, ниту кога било ќе биде.

Песните што ги остави, сите тие имаат понекое молекулче од душата на Тоше. А кога се пее толку гласно, до небо, па и подалеку, пошироко и повисоко, кога ви се мешаат солзите и насмевките, немоќ и тага, тогаш се бришат границите на умот, космосот, универзумот. И тогаш верувам дека Тоше не' слуша.

Тој е пожив од сите нас.

Биографија



Тоше е роден на 25 јануари (во знакот на Водолија) 1981 година во Прилеп, како второ дете во семејството Проески. Талентот за пеење беше изразен уште од најраното детство - така, првиот јавен настап го има на „Златно славејче“ како 12-годишно момче, пеејќи ја „Јас и мојот дедо“. Беше сосема логично Тоше својата иднина да ја поврзе со музиката и да се запише во Средното музичко училиште во Битола. Нешто како официјален старт на музичката кариера значи победата на Фестивалот за млади таленти „Мелфест“ во 1997 година, а неговата изведба на „Yesterday“ на „Битлси“ долго се прераскажуваше. Истата година го има меѓу учесниците на „Макфест“, каде што ја пее композицијата „Пушти ме“. Неколку месеци подоцна ја пее „Остани до крај“ од Хари Котларовски и од Кристијан Габровски, со што го сврте вниманието кон себе меѓу скопски фестивалски фанови. Испеа прекрасни балади од периодот на соработката со композиторот Григор Копров, што во комбинација со текстописецот Огнен Неделковски му ги носи најголемите хитови „Усни на усни“, „Сонце во твоите руси коси“, „Твоите бакнежи на моите бели кошули“.... Во периодот на работата со „Авалон продукција“, во 1999 година го издава деби-албумот „Некаде во ноќта“, а летото истата година Тоше го има својот прв концерт на скопското лизгалиште, кој и покрај дождот и лошото време, беше настан на годината.

Во 2000 година, Тоше учествува на „Скопје фест“ со „Солзи прават златен прстен“ која, и покрај тоа што победува на телевоутингот, не успеа да му го донесе посакуваното евровизиско патување. Во овој период почнува активност врзана со песните за вториот албум „Синот Божји“, кој е промовиран во јуни 2000 година. Албумот беше апсолутно хитовски – се' уште се мегапопуларни „Немир“ (дует со Каролина Гочева), „Во коси да ти спијам“, „Излажи ме“, „Илузија“, „Тајно моја“... Во 2001 година Тоше, заедно со неколку други македонски пејачи, ја има турнејата низ Австралија, а потоа почнува соработката со менаџерката Лилјана Петровиќ. Првиот чекор во новото животно поглавје е снимањето во студио во Атина, Грција. Така настана третиот албум „Ако ме погледнеш во очи“ на македонски и на српски јазик, интензивна промоција на бившите ЈУ-простори и во Бугарија. Во април 2003 година, на Тоше му се случува уште една победа - на фестивалот „Беовизија“ со песната „Чија си“, која станува голем хит на балканските простори. Следува период на усовршување на гласот, на англискиот јазик и часови кај прочуениот професор Вилијам Рајли во Њујорк. Успешен концертен период го назначува периодот потоа - а хуманитарните концерти низ Македонија беа причина за добивање на наградата „Мајка Тереза“, а во 2003 година станува регионален амбасадор на УНИЦЕФ. Следната година МРТВ и нацијата го избираат Тоше за претставник на евровизискиот настап, кој се одржува во Турција. Во февруари, со помош на телевоутинг, жири и лично мислење, избрана е песната „Ангел си ти“. Во април Тоше го издава албумот „Ден за нас“, двојно цеде на кое се сместени осумте песни изведени на Изборот за песна на Евровизија. Следниот месец, Тоше го освојува 14. место со песната „Life“, англиската верзија на „Ангел си ти“. Истата 2004 година, именуван е за амбасадор на добрата волја на УНИЦЕФ. По тој повод, ја снима песната „За овој свет“, во англиска верзија „This World“, која станува химна на УНИЦЕФ. Тоше потпишува договор со „Dallas Records“ за издавање на неговиот следен албум во Хрватска и во Словенија. Го снима дуетот со Ања Рупел „Крајње време“, а во 2005 година неговиот петти албум „По тебе“ е издаден низ целата територија на поранешна Југославија. Ги снима и дуетите со Антонија Шола, Тони Цетински и песната „Арија“, што инспиративно ја изведе со Џана Нанини.

Неговиот следен албум „Божилак“ е компилација на 14 избрани македонски народни песни придружени од симфониски оркестар. Во 2007 година, Тоше го издава и „Игри без граници“ - неговиот последен албум, а на 5 октомври ланската година прави концерт на Градскиот стадион во Скопје, чии средства беа наменети за ревитализација на македонското школство.

На 16 октомври минатата година требаше да снима спот во Хрватска, имаше закажано шоу, телевизиски интервјуа. Смртта го затече на совозачкото место на истиот датум . Тоше загина во трагична сообраќајна несреќа на автопатот Загреб - Липовац, кај местото Нова Градишка во Република Хрватска, на возраст од 26 години. (В.Т


http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=9C54B22B5B24EA458CD49A90A67671FD

_________________


Тој е горе во височините каде што и секогаш беше. Се наоѓа во темнина. Темнината сме ние, фановите кои чуваме една голема темнина во срцата, бидејќи него повеќе го нема. А на небото има само една сјајна звезда - Тоше, единствена сјајна ѕвезда која секогаш ќе остане да сјае
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
rozeta193
Успешен Член
Успешен Член
avatar

Број на мислења : 1334
Локација : МАКЕДОНИЈА
опис: : ТОШЕ ФАН
Репутација :
3 / 1003 / 100

Registration date : 2008-05-17

ПишувањеПредмет: Re: Други новости во врска со Тоше   Пет Окт 10, 2008 2:35 pm

Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
batbayan
Модератор
Модератор
avatar

Број на мислења : 1410
Age : 31
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
11 / 10011 / 100

Registration date : 2008-06-11

ПишувањеПредмет: Re: Други новости во врска со Тоше   Саб Окт 11, 2008 9:10 am

Хуманитарен спортски натпревар за Тоше Проески



Во чест нашата ѕвезда ќе се игра одбојка и мал фудбал викендот во Крушево

В недела во 12 часот во спортската сала во Крушево ќе се одржи хуманитарен спортски натпревар во мал фудбал и одбојка меѓу спортски легенди и пријатели на големата македонска музичка ѕвезда, Тоше Проески, кој трагично го загуби животот лани во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка, Хрватска.

Во тимот на спортските легенди, во мечот против одбојкарскиот Синалко, чиј член беше Тоше Проески, ќе настапат: Драган Мутибариќ (фудбал), Владимир Богоевски (одбојка), Пепи Манасков (ракомет), Благоја Георгиевски (кошарка), Зоран Докузовски (одбојка), Јошко Миленковски (одбојка), Горан Србиновски (одбојка), Шабан Сејдиу (борење), Индира Кастратовиќ (ракомет), Кочо Димитровски (фудбал), Тони Насковски (бокс), Лазе Поповски (кајак), Илија Најдоски (фудбал)и Назим Куртовиќ (карате).

На одбојкарскиот натпревар ќе претходи и меч во мал фудбал меѓу спортските легенди и ветераните на фудбалскиот клуб „Питу Гули“ од Крушево.

По спортскиот дел македонските легенди ќе го посетат манастирот „Св. Преображение“, чија изградба ја започна Тоше Проески, како и неговиот вечен дом. (С.Д.)


http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=1BC346F5F88A3E478A5E530598016B50

_________________


Тој е горе во височините каде што и секогаш беше. Се наоѓа во темнина. Темнината сме ние, фановите кои чуваме една голема темнина во срцата, бидејќи него повеќе го нема. А на небото има само една сјајна звезда - Тоше, единствена сјајна ѕвезда која секогаш ќе остане да сјае
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
rozeta193
Успешен Член
Успешен Член
avatar

Број на мислења : 1334
Локација : МАКЕДОНИЈА
опис: : ТОШЕ ФАН
Репутација :
3 / 1003 / 100

Registration date : 2008-05-17

ПишувањеПредмет: Re: Други новости во врска со Тоше   Саб Окт 11, 2008 12:01 pm

ЕДНА ГОДИНА БЕЗ ТОШЕ!
http://www.idividi.com.mk/tose/474773/index.html
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
rozeta193
Успешен Член
Успешен Член
avatar

Број на мислења : 1334
Локација : МАКЕДОНИЈА
опис: : ТОШЕ ФАН
Репутација :
3 / 1003 / 100

Registration date : 2008-05-17

ПишувањеПредмет: Re: Други новости во врска со Тоше   Саб Окт 11, 2008 12:05 pm

30 milioni gledači go prosledija umanitarniot koncert širum Balkanot i svetot

BALKANOT MU SE POKLONI NA MAKEDONSKIOT ANGEL!


Vo nedelata, na 5 oktomvri, na Gradskiot stadion vo Skopje se sluči vistinski balkanski spektakl na koj prisustvuvaa okolu 50 iljadi lu?e vo čest na večniot Toše Proeski. Reka od narod ušte od šesnaeset časot se slevaše kon stadionot, a slikata koja ne dočeka pred vratite ne ne iznenadi: ogromna masa lu?e dojdeni samo so edna cel, da mu kažat na angelot - “i nie te sakame Toše“, no i da go održat svoeto vetuvanje deka slednata godina na istoto mesto ?e dojdat vo ušte pogolem broj. Pogledi vpereni kon binata i oči polni so isčekuvanje. Tišinata ja prekinaa voditelite Eli Tanaskova i Toni Miajlovski, a vernata publika vo eden glas skandiraše: “Toše, Toše, Toše...“. Emociite ne možat da se kontroliraat koga e navistina teško. Vo prvite redovi bea smesteni decata od Domot za deca bez roditeli, rodninite, prijatelite i drugarite na Toše, a i golem broj kolegi, počituvači na negoviot lik i delo. Koncertot go otvori Naum Petreski so legendarnata “Ima li pesna“, edna od omilenite pesni na Toše, pa ponatamu sledea “Sintezis“, Bilja Krsti?, Simon Trpčevski, Adrijan Gadža, Marija Šesti?, Goca Tržan, Kaliopi, Nina Badri?, Sandi, Aki Raimovski, Leontina, Bojan Marovi?, evroviziskata ?vezda od Ukraina Ruslana i nejziniot sonarodnik Vitalij Kozlovski i ušte mnogu kolegi i prijateli na Toše. Publikata ni za moment ne prestana da gi pee itovite na nejziniot milenik i vo nekolku navrati so pomoš na zapalki i mobilni telefoni, go formiraše ?vezdenoto nebo koe Toše tolku go sakaše. Pred krajot se promoviraše noviot duet i spot na Toše so vnukot Kristijan nasloven “My little“ ili na makedonski “Moe malečko“. Koncertot završi so legendarnata “Igri bez granici“, a na scenata se pojavija i ja pozdravija prekrasnata publika site učesnici na ovoj spektakl. Pokraj pedeset iljadnata publika na Gradski, ovoj koncert go sledea i nekolku desetici milioni gledači vo Evropa i svetot. Me?u televiziite koi go prezedoa besplatniot signal na “MTV“ bea: TV “Pink“ od Srbija, “Balkanika“ od Bugarija, “ajat“ od Bosna i ercegovina, i drugi televizii od Slovenija, Crna Gora...
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
zorana
Член
Член
avatar

Број на мислења : 780
Age : 25
Локација : РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
опис: : TOSEMANKA
Репутација :
6 / 1006 / 100

Registration date : 2008-06-24

ПишувањеПредмет: Re: Други новости во врска со Тоше   Саб Окт 11, 2008 3:57 pm

лелееее
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
Tanja
Член
Член
avatar

Број на мислења : 593
Age : 29
Локација : Skopje, Makedonija
опис: : TOSE TE SAKAME I KE TE SAKAME ZASEKOGAS!
Репутација :
2 / 1002 / 100

Registration date : 2008-06-06

ПишувањеПредмет: Re: Други новости во врска со Тоше   Саб Окт 11, 2008 4:43 pm

I SEKOGAS KE TE SAKAME!
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://www.tose-mk.forumakers.com
aleksandra
Активен
Активен
avatar

Број на мислења : 1601
Age : 34
опис: : R.I.P. TOSE
Репутација :
18 / 10018 / 100

Registration date : 2008-05-23

ПишувањеПредмет: Re: Други новости во врска со Тоше   Саб Окт 11, 2008 5:26 pm

ТОШЕЕЕЕЕЕ...
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
cherry
Администратор
Администратор
avatar

Број на мислења : 1127
Age : 36
Локација : Далеку од тебе
Репутација :
6 / 1006 / 100

Registration date : 2008-05-02

ПишувањеПредмет: Re: Други новости во врска со Тоше   Саб Окт 11, 2008 9:07 pm

Спортските легенди во чест на Тоше

*** Тоше го поддржуваше спортот и го основа одбојкарскиот клуб „Синалко“ од Крушево

Во чест на Тоше Проески в недела, во 12 часот, во спортската сала во Крушево ќе се одржат два хуманитарно-спортски натпревара во кои ќе учествуваат многу домашни спортски легенди. Пепи Манасков, Индира Кастратовиќ, Шабан Сејдиу, Илија Најдовски, Кочо Димитровски, Тони Насковски, Јошко Миленковски и Благоја Георгиевски-Буштур се само дел од познатите спортските имиња што ќе заиграат во чест на Тоше. Спортскиот менаџер Драган Томовски вели дека ќе се одигра еден одбојкарски натпревар против клубот „Синалко“ од Крушево, што го основа Тоше, како и еден фудбалски натпревар против ветераните од „Питу Гули“ од Крушево.

- Спортистите потоа ќе се упатат кон манастирот „Св. Преображение“ и ќе донираат парични средства што ќе се искористат за хуманитарни цели. Ќе го посетат и гробот на Тоше и ќе му се поклонат. Ова е само мал придонес од спортските легенди, кои сакаат да му се заблагодарат на Тоше за се' што правеше за Македонија. Тој неизмерно ги почитуваше спортистите и го сакаше спортот - вели Томовски.

www.dnevnik.com.mk
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://tose-mk.forumakers.com
batbayan
Модератор
Модератор
avatar

Број на мислења : 1410
Age : 31
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
11 / 10011 / 100

Registration date : 2008-06-11

ПишувањеПредмет: Re: Други новости во врска со Тоше   Нед Окт 12, 2008 8:23 am


_________________


Тој е горе во височините каде што и секогаш беше. Се наоѓа во темнина. Темнината сме ние, фановите кои чуваме една голема темнина во срцата, бидејќи него повеќе го нема. А на небото има само една сјајна звезда - Тоше, единствена сјајна ѕвезда која секогаш ќе остане да сјае
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
rozeta193
Успешен Член
Успешен Член
avatar

Број на мислења : 1334
Локација : МАКЕДОНИЈА
опис: : ТОШЕ ФАН
Репутација :
3 / 1003 / 100

Registration date : 2008-05-17

ПишувањеПредмет: Re: Други новости во врска со Тоше   Нед Окт 12, 2008 10:34 am

Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
LudaMala
Супер Модератор
Супер Модератор
avatar

Број на мислења : 1483
Age : 35
Локација : Олимпијски град
опис: :
Репутација :
5 / 1005 / 100

Registration date : 2008-05-21

ПишувањеПредмет: Re: Други новости во врска со Тоше   Нед Окт 12, 2008 11:07 am

Хуманитарен спортски натпревар за Тоше Проески

Во чест нашата ѕвезда ќе се игра одбојка и мал фудбал викендот во Крушево

В недела во 12 часот во спортската сала во Крушево ќе се одржи хуманитарен спортски натпревар во мал фудбал и одбојка меѓу спортски легенди и пријатели на големата македонска музичка ѕвезда, Тоше Проески, кој трагично го загуби животот лани во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка, Хрватска.

Во тимот на спортските легенди, во мечот против одбојкарскиот Синалко, чиј член беше Тоше Проески, ќе настапат: Драган Мутибариќ (фудбал), Владимир Богоевски (одбојка), Пепи Манасков (ракомет), Благоја Георгиевски (кошарка), Зоран Докузовски (одбојка), Јошко Миленковски (одбојка), Горан Србиновски (одбојка), Шабан Сејдиу (борење), Индира Кастратовиќ (ракомет), Кочо Димитровски (фудбал), Тони Насковски (бокс), Лазе Поповски (кајак), Илија Најдоски (фудбал)и Назим Куртовиќ (карате).

На одбојкарскиот натпревар ќе претходи и меч во мал фудбал меѓу спортските легенди и ветераните на фудбалскиот клуб „Питу Гули“ од Крушево.


По спортскиот дел македонските легенди ќе го посетат манастирот „Св. Преображение“, чија изградба ја започна Тоше Проески, како и неговиот вечен дом.

Преузето са http://www.utrinski.com.mk

_________________
Dynamic Glitter Text Generator at TextSpace.net
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
Tanja
Член
Член
avatar

Број на мислења : 593
Age : 29
Локација : Skopje, Makedonija
опис: : TOSE TE SAKAME I KE TE SAKAME ZASEKOGAS!
Репутација :
2 / 1002 / 100

Registration date : 2008-06-06

ПишувањеПредмет: Re: Други новости во врска со Тоше   Пон Окт 13, 2008 11:39 am

Две песни од Тоше на новото CD на City records

Белградската дискографска куќа City records, која е дел од моќниот гигант Пинк телевизија, неодамна овјави нова музичка компилација, на која се вметнати и две песни од Тоше Проески.

Имено, CD-то Супер хитови 2008 содржи вкупно 19 песни, меѓу кои и антологиската Игра без граница и Срце није камен, на прерано згаснатата македонска мега-ѕвезда.

На албумот се и хитовите на Дино Мерлин (Да шутиш и Птица бијела), Сергеј Ќетковиќ (Ако те није пронашла љубав и Кад би хтјела ти), Марија Шерифовиќ (Нисам анѓео), Колонија (Под сретном звијездом), Гоца Тржан (Плави рам), Јелена Карлеуша (Тихи убица и Тестамент), Борис Новковиќ (Записан у теби), Жељко Самарџиќ (Ја кунем се у љубав), Џогани (Нема више циле-миле)...

Ова не е првото вметнување на песните на Тоше на некое компилативно CD на City records, дискографската куќа која ги објави и два негови последни албуми – Игра без граница и Божилак, како и двојната компилација составена од најголемите хитови.


http://www.mmm.com.mk/?ItemID=89D9B2EC7285BB40A5F7DF99E302B1AB
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://www.tose-mk.forumakers.com
Tanja
Член
Член
avatar

Број на мислења : 593
Age : 29
Локација : Skopje, Makedonija
опис: : TOSE TE SAKAME I KE TE SAKAME ZASEKOGAS!
Репутација :
2 / 1002 / 100

Registration date : 2008-06-06

ПишувањеПредмет: Re: Други новости во врска со Тоше   Пон Окт 13, 2008 11:44 am

Анкета: Никој не може да го замени Тоше!



На минатонеделната анкета која го носеше прашањето: Како го доживеавте концертот во чест на Тоше?, на која гласаа над 1.200 луѓе, во огромен процент – 65% триумфираше опцијата Никој не може да го замени!

Повеќе од двојно помалку (30%), се изјаснија дека концертот го доживееа Емотивно, а само 5 отсто Помирно, оти гледаа на ТВ.

http://www.mmm.com.mk/?ItemID=16486A491E3C294C809B985C06F0845A
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://www.tose-mk.forumakers.com
Tanja
Член
Член
avatar

Број на мислења : 593
Age : 29
Локација : Skopje, Makedonija
опис: : TOSE TE SAKAME I KE TE SAKAME ZASEKOGAS!
Репутација :
2 / 1002 / 100

Registration date : 2008-06-06

ПишувањеПредмет: Re: Други новости во врска со Тоше   Пон Окт 13, 2008 12:08 pm

Одбојка во Крушево во чест на Тоше



Одбојкарскиот клуб Синалко од Крушево одигра 1-1 против легендите на македонскиот спорт во меморијалниот натпревар по повод годишнината од смртта на трагично загинатата музичка ѕвезда Тоше Проески.Салата „Ѓорѓи Стојанов“ во родниот град на Проески беше преполна. Во првиот сет Синалко победи со 25-11, а вториот сет со 25-16 го добија легендите Богоевски, Миленкоски, Докузовски, Манасков, Наскоски, Србиновски, Поповски, Најдоски, Сејдиу, Мутибариќ и други.

- Одлучивме овој натпревар да се игра само во два сета. Во вториот игравме со помлади сили, па легендите успеаја да ни израмнат. Тоше Проески, како љубител на одбојката и на борачките спортови, го помагаше овој клуб и ние мораме да продолжиме - изјави Јовче Талески, тренерот на Синалко.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=301A54B7841326498F75FC0CE74B8460
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://www.tose-mk.forumakers.com
rozeta193
Успешен Член
Успешен Член
avatar

Број на мислења : 1334
Локација : МАКЕДОНИЈА
опис: : ТОШЕ ФАН
Репутација :
3 / 1003 / 100

Registration date : 2008-05-17

ПишувањеПредмет: Re: Други новости во врска со Тоше   Пон Окт 13, 2008 5:08 pm

Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
rozeta193
Успешен Член
Успешен Член
avatar

Број на мислења : 1334
Локација : МАКЕДОНИЈА
опис: : ТОШЕ ФАН
Репутација :
3 / 1003 / 100

Registration date : 2008-05-17

ПишувањеПредмет: Re: Други новости во врска со Тоше   Пон Окт 13, 2008 5:12 pm

Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
Tvojata senka
Модератор
Модератор
avatar

Број на мислења : 1001
Age : 29
Локација : РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
опис: : ОПАСНО ПО ЖИВОТ
Репутација :
9 / 1009 / 100

Registration date : 2008-04-15

ПишувањеПредмет: Re: Други новости во врска со Тоше   Пон Окт 13, 2008 5:59 pm

rozeta193 напиша:
http://www.gloria.com.hr/metropolis/showpage.php?id=6176
Абе ова е обична глорија..или... :-С…РјРј-:

_________________
I kept you, my love
Within a blink of an eye
Kept you forever
Heroes never die
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
LudaMala
Супер Модератор
Супер Модератор
avatar

Број на мислења : 1483
Age : 35
Локација : Олимпијски град
опис: :
Репутација :
5 / 1005 / 100

Registration date : 2008-05-21

ПишувањеПредмет: Re: Други новости во врска со Тоше   Пон Окт 13, 2008 6:13 pm

Ја мислим да је то хрватска Глорија. Мада нисам примјетила на насловној страни да имају ишта о Тоши. Сутра ћу да прошврљам по граду па да видим па ћу да пролистам.

_________________
Dynamic Glitter Text Generator at TextSpace.net
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
LudaMala
Супер Модератор
Супер Модератор
avatar

Број на мислења : 1483
Age : 35
Локација : Олимпијски град
опис: :
Репутација :
5 / 1005 / 100

Registration date : 2008-05-21

ПишувањеПредмет: Re: Други новости во врска со Тоше   Пон Окт 13, 2008 10:47 pm


_________________
Dynamic Glitter Text Generator at TextSpace.net
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
aleksandra
Активен
Активен
avatar

Број на мислења : 1601
Age : 34
опис: : R.I.P. TOSE
Репутација :
18 / 10018 / 100

Registration date : 2008-05-23

ПишувањеПредмет: Re: Други новости во врска со Тоше   Пон Окт 13, 2008 10:49 pm

ауууу... прекрасно...
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
Sponsored content




ПишувањеПредмет: Re: Други новости во врска со Тоше   

Вратете се на почетокот Go down
 
Други новости во врска со Тоше
Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот 
Страна 3 of 20Отиди на страна : Previous  1, 2, 3, 4 ... 11 ... 20  Next

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
 :: Пишани и Електронски медиуми :: Новости-
Отиди до: