Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeLatest imagesБарајРегистрирајте сеВлез

 

 Колумните на Тоше во Утрински

Go down 
+7
*srcka****
bibe_tose
zorana
aleksandra
Tanja
batbayan
cherry
11 posters
АвторПорака
cherry
Администратор
Администратор
cherry


Број на мислења : 1127
Age : 42
Локација : Далеку од тебе
Репутација :
Колумните на Тоше во Утрински Left_bar_bleue6 / 1006 / 100Колумните на Тоше во Утрински Right_bar_bleue

Registration date : 2008-05-02

Колумните на Тоше во Утрински Empty
ПишувањеПредмет: Колумните на Тоше во Утрински   Колумните на Тоше во Утрински I_icon_minitimeСре Aвг 06, 2008 5:59 am

Тоше Проески, специјално за "Магазин +"

Се ежам од странци кои не слушнале за Македонија


Драги мои, ќе бидам искрен и ќе признам дека се навикнав со вас да ги делам сите работи што ми се случуваат , и приватно и професионално, и одвај чекам да дојде петок за да си "помуабетиме", а потоа и да ги слушнам вашите коментари. Пишувањето за Магазин +" е нешто како мој дневник.

Многу сум уморен. И кога ќе ви кажам дека неделата што е зад нас ми беше напорна и бурна, веројатно нема да ви откријам ништо ново. Бев во Холандија заедно со браќата Масевски, ја направивме промоцијата на спотот и песната во "Александар палас", а во средата се врати и Лилја од Истанбул, каде што се одржа ждрепката за редоследот по кој ќе настапуваат евровизиските учесници. Задоволен сум и ми се допаѓа "петнаесетката", тоа е позиција која ја посакува секој пејач, средина каде што увото е изострено за вистинските звуци.. Ќе биде навистина интересно, зашто по мене настапува и мојот пријател Жељко Јоксимовиќ, а кон крајот се и Словенците, Хрватите, Босанците... Југославија во мало...

Во Холандија си поминав прекрасно, работев со луѓе кои се огромни професионалци, а истовремено толку обични и нормални луѓе... Ми беше огромна чест да снимам во студио каде што снимал Стинг, Роберт Палмер, Мик Џегер, Мајкл Џексон... Можев да ги насетам овие големи имиња во секое ќоше од студиото...

По двата дена престој во Амстердам (интересен град каде што велосипедите го имаат главниот збор) се вратив во Скопје и веднаш заминав за Крушево. Ретки се моментите кога сме заедно со семејството, со мајка ми Доминика, татко ми Никола, сестрата, зетот, внучето, шарпланинците..., но затоа, пак, се толку драгоцени, вистинско богатство кое многу ми недостига... А овој пат навистина ги изненадив - отидов во Крушево со новиот мотор! Убаво е да се возиш по тие тесни сокачиња во кои е втиснато моето детство, живот, првата љубов... Убаво е да се биде во Крушево во пролет. Сe почнува да се раздвижува, да се раззеленува. Убавина. Сето тоа ми недостасува многу...

Честопати кога сум дома, одам во блискиот манастир. Е, тоа место има навистина интересна приказна во себе: еден другар на татко ми го сонувал местото, каде што подоцна нашле темели од стар манастир и оттогаш почнала неговата изградба, тешко се собирале средства, но, некако, по 13 години успеале да го направат манастирот. И мислам дека од моментот кога татко ми почна да ја гради црквата со другарите, се промени целата ситуација во моето семејство, пред сe, егзистенционална. Самото споменување на тоа ме потресува до ден-денешен, а татко ми е секој ден таму и се грижи за сите тие работи. Никогаш нема да заборавам ниту на Македонија, ниту на Крушево, ниту на манастирот, зашто целата моја слава, здравје и среќни ситуации што ми се случуваат секојдневно, ги должам токму на тој празник - Св. Преображение. Постојано мислам на Бога и благодарен сум му што ми дава сила да ги надминам сите тешкотии и препреки во мојот живот.

Ја спомнав промоцијата на спотот во "Александар палас". Многу драги луѓе, пријатели, новинари, соработници... Имаше многу позитивна енергија, а тоа уште еднаш ми покажа дека сето ова што го работам не е за џабе. Напротив, тоа што го добивам од публиката како повратна реакција, ме исполнува сосема, а ќе бидам уште посреќен кога на 12 мај, во Истанбул, ќе се спомене моето име, а до него ќе стои Македонија. Тоа ќе ми биде најубавото чувство, зашто се ежам од странци кои не знаат каде е и не слушнале за Македонија!

Ве сака, Тоше


(Март 2004)
Вратете се на почетокот Go down
https://tose-mk.forumakers.com
cherry
Администратор
Администратор
cherry


Број на мислења : 1127
Age : 42
Локација : Далеку од тебе
Репутација :
Колумните на Тоше во Утрински Left_bar_bleue6 / 1006 / 100Колумните на Тоше во Утрински Right_bar_bleue

Registration date : 2008-05-02

Колумните на Тоше во Утрински Empty
ПишувањеПредмет: Re: Колумните на Тоше во Утрински   Колумните на Тоше во Утрински I_icon_minitimeСре Aвг 06, 2008 6:10 am

Останатите колумни можете да ги прочитате овде:

(Април 2004)
http://star.utrinski.com.mk/?pBroj=1438&stID=11739&pR=21
http://star.utrinski.com.mk/?pBroj=1444&stID=12254&pR=20
http://star.utrinski.com.mk/?pBroj=1449&stID=12620&pR=15
http://star.utrinski.com.mk/?pBroj=1455&stID=13164&pR=18
http://star.utrinski.com.mk/?pBroj=1461&stID=13776&pR=20

(Maj 2004)
http://star.utrinski.com.mk/?pBroj=1466&stID=14154&pR=13
http://star.utrinski.com.mk/?pBroj=1484&stID=15770&pR=21


(Jyни 2004)
http://star.utrinski.com.mk/?pBroj=1490&stID=16304&pR=15
Вратете се на почетокот Go down
https://tose-mk.forumakers.com
batbayan
Модератор
Модератор
batbayan


Број на мислења : 1410
Age : 38
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
Колумните на Тоше во Утрински Left_bar_bleue11 / 10011 / 100Колумните на Тоше во Утрински Right_bar_bleue

Registration date : 2008-06-11

Колумните на Тоше во Утрински Empty
ПишувањеПредмет: Re: Колумните на Тоше во Утрински   Колумните на Тоше во Утрински I_icon_minitimeСре Aвг 06, 2008 10:13 am

Bravo za temata Колумните на Тоше во Утрински 189203
Вратете се на почетокот Go down
Tanja
Член
Член
Tanja


Број на мислења : 593
Age : 36
Локација : Skopje, Makedonija
опис: : TOSE TE SAKAME I KE TE SAKAME ZASEKOGAS!
Репутација :
Колумните на Тоше во Утрински Left_bar_bleue2 / 1002 / 100Колумните на Тоше во Утрински Right_bar_bleue

Registration date : 2008-06-06

Колумните на Тоше во Утрински Empty
ПишувањеПредмет: Re: Колумните на Тоше во Утрински   Колумните на Тоше во Утрински I_icon_minitimeСре Aвг 06, 2008 10:40 pm

Колумните на Тоше во Утрински 883360 SUPER TEMA GI IMAM CITANO EHHHH TOSE KOLKU NI NEDOSTIGAS SAMO DA ZNAES ZLATO MOE Колумните на Тоше во Утрински 776885 Колумните на Тоше во Утрински 39121 Колумните на Тоше во Утрински 825168 Колумните на Тоше во Утрински 825168 Колумните на Тоше во Утрински 825168 Колумните на Тоше во Утрински 825168 Колумните на Тоше во Утрински 825168
Вратете се на почетокот Go down
http://www.tose-mk.forumakers.com
aleksandra
Активен
Активен
aleksandra


Број на мислења : 1601
Age : 41
опис: : R.I.P. TOSE
Репутација :
Колумните на Тоше во Утрински Left_bar_bleue18 / 10018 / 100Колумните на Тоше во Утрински Right_bar_bleue

Registration date : 2008-05-23

Колумните на Тоше во Утрински Empty
ПишувањеПредмет: Re: Колумните на Тоше во Утрински   Колумните на Тоше во Утрински I_icon_minitimeЧет Aвг 07, 2008 3:03 pm

Колумните на Тоше во Утрински 189203 cherry.... Колумните на Тоше во Утрински 758867 .... Колумните на Тоше во Утрински 203686
Вратете се на почетокот Go down
zorana
Член
Член
zorana


Број на мислења : 780
Age : 31
Локација : РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
опис: : TOSEMANKA
Репутација :
Колумните на Тоше во Утрински Left_bar_bleue6 / 1006 / 100Колумните на Тоше во Утрински Right_bar_bleue

Registration date : 2008-06-24

Колумните на Тоше во Утрински Empty
ПишувањеПредмет: Re: Колумните на Тоше во Утрински   Колумните на Тоше во Утрински I_icon_minitimeЧет Aвг 07, 2008 3:40 pm

Tanja напиша:
Колумните на Тоше во Утрински 883360 SUPER TEMA GI IMAM CITANO EHHHH TOSE KOLKU NI NEDOSTIGAS SAMO DA ZNAES ZLATO MOE Колумните на Тоше во Утрински 776885 Колумните на Тоше во Утрински 39121 Колумните на Тоше во Утрински 825168 Колумните на Тоше во Утрински 825168 Колумните на Тоше во Утрински 825168 Колумните на Тоше во Утрински 825168 Колумните на Тоше во Утрински 825168

да супер теме и јас ги имам читано али сепак добро е да ги има тука Колумните на Тоше во Утрински 883360
Вратете се на почетокот Go down
bibe_tose
Член
Член
bibe_tose


Број на мислења : 614
Репутација :
Колумните на Тоше во Утрински Left_bar_bleue5 / 1005 / 100Колумните на Тоше во Утрински Right_bar_bleue

Registration date : 2008-04-20

Колумните на Тоше во Утрински Empty
ПишувањеПредмет: Re: Колумните на Тоше во Утрински   Колумните на Тоше во Утрински I_icon_minitimeЧет Aвг 14, 2008 1:04 pm

temata e odlicna i jas gi imam citano ovie kolumni Колумните на Тоше во Утрински 825168
Вратете се на почетокот Go down
*srcka****
Нов Член
Нов Член
*srcka****


Број на мислења : 9
Репутација :
Колумните на Тоше во Утрински Left_bar_bleue1 / 1001 / 100Колумните на Тоше во Утрински Right_bar_bleue

Registration date : 2008-08-15

Колумните на Тоше во Утрински Empty
ПишувањеПредмет: Re: Колумните на Тоше во Утрински   Колумните на Тоше во Утрински I_icon_minitimeПет Aвг 22, 2008 10:00 pm

Колумните на Тоше во Утрински 819107 Колумните на Тоше во Утрински 825168
Вратете се на почетокот Go down
LudaMala
Супер Модератор
Супер Модератор
LudaMala


Број на мислења : 1483
Age : 42
Локација : Олимпијски град
опис: : Колумните на Тоше во Утрински Bosnia-herzegovina505
Репутација :
Колумните на Тоше во Утрински Left_bar_bleue5 / 1005 / 100Колумните на Тоше во Утрински Right_bar_bleue

Registration date : 2008-05-21

Колумните на Тоше во Утрински Empty
ПишувањеПредмет: Re: Колумните на Тоше во Утрински   Колумните на Тоше во Утрински I_icon_minitimeПет Aвг 22, 2008 10:14 pm

Hvala cherry mnogo. Eto, ja sada volim svoju alergiju. Колумните на Тоше во Утрински 39121

Деновиве, покрај тоа што ме ?фати" мала настинка која ја ?решив" набрзина, бев и чест ?гостин" во Државна болница, каде што вршевме испитувања за мојата алергија, која редовно се јавува во ова време од годината. Го знаете она - ви солзат очите, кивате... Не станува збор за некој посериозен проблем, но сепак, мораше добро да се испита. Сега е сў во ред - испитувањата се завршени, а вакцините што треба да ги примам се веќе порачани.
Вратете се на почетокот Go down
bibe_tose
Член
Член
bibe_tose


Број на мислења : 614
Репутација :
Колумните на Тоше во Утрински Left_bar_bleue5 / 1005 / 100Колумните на Тоше во Утрински Right_bar_bleue

Registration date : 2008-04-20

Колумните на Тоше во Утрински Empty
ПишувањеПредмет: Re: Колумните на Тоше во Утрински   Колумните на Тоше во Утрински I_icon_minitimeСаб Aвг 23, 2008 12:39 am

mislam deka bese alergicen na polen Колумните на Тоше во Утрински 39121 Колумните на Тоше во Утрински 39121 Колумните на Тоше во Утрински 39121
Вратете се на почетокот Go down
marice
Член
Член
marice


Број на мислења : 215
Репутација :
Колумните на Тоше во Утрински Left_bar_bleue2 / 1002 / 100Колумните на Тоше во Утрински Right_bar_bleue

Registration date : 2008-05-22

Колумните на Тоше во Утрински Empty
ПишувањеПредмет: Re: Колумните на Тоше во Утрински   Колумните на Тоше во Утрински I_icon_minitimeСаб Aвг 23, 2008 4:07 am

NEMOJ DA MISLIS VO PRAVO SI BIBE
Колумните на Тоше во Утрински 100435
Вратете се на почетокот Go down
LudaMala
Супер Модератор
Супер Модератор
LudaMala


Број на мислења : 1483
Age : 42
Локација : Олимпијски град
опис: : Колумните на Тоше во Утрински Bosnia-herzegovina505
Репутација :
Колумните на Тоше во Утрински Left_bar_bleue5 / 1005 / 100Колумните на Тоше во Утрински Right_bar_bleue

Registration date : 2008-05-21

Колумните на Тоше во Утрински Empty
ПишувањеПредмет: Re: Колумните на Тоше во Утрински   Колумните на Тоше во Утрински I_icon_minitimeСаб Aвг 23, 2008 11:02 pm

Eh...više neću da kukam na polen i na kihanje...
Вратете се на почетокот Go down
marice
Член
Член
marice


Број на мислења : 215
Репутација :
Колумните на Тоше во Утрински Left_bar_bleue2 / 1002 / 100Колумните на Тоше во Утрински Right_bar_bleue

Registration date : 2008-05-22

Колумните на Тоше во Утрински Empty
ПишувањеПредмет: Re: Колумните на Тоше во Утрински   Колумните на Тоше во Утрински I_icon_minitimeНед Aвг 24, 2008 5:35 am

Колумните на Тоше во Утрински 9334 Колумните на Тоше во Утрински 9334 Колумните на Тоше во Утрински 9334 Колумните на Тоше во Утрински 883767
Вратете се на почетокот Go down
Tanjuska
Нов Член
Нов Член
Tanjuska


Број на мислења : 34
Age : 48
Репутација :
Колумните на Тоше во Утрински Left_bar_bleue1 / 1001 / 100Колумните на Тоше во Утрински Right_bar_bleue

Registration date : 2008-08-25

Колумните на Тоше во Утрински Empty
ПишувањеПредмет: Re: Колумните на Тоше во Утрински   Колумните на Тоше во Утрински I_icon_minitimeСре Aвг 27, 2008 12:30 pm

Колумните на Тоше во Утрински 585719 Колумните на Тоше во Утрински 819107 Колумните на Тоше во Утрински 825168 Колумните на Тоше во Утрински 5690 Колумните на Тоше во Утрински 819107
Вратете се на почетокот Go down
Eli
Модератор
Модератор
Eli


Број на мислења : 416
Локација : Skopje, Makedonija
опис: : СЛУШАЈ МЕ МЕНЕ
Репутација :
Колумните на Тоше во Утрински Left_bar_bleue6 / 1006 / 100Колумните на Тоше во Утрински Right_bar_bleue

Registration date : 2008-04-14

Колумните на Тоше во Утрински Empty
ПишувањеПредмет: Re: Колумните на Тоше во Утрински   Колумните на Тоше во Утрински I_icon_minitimeСре Aвг 27, 2008 2:31 pm

a jas i Emi ednas ko sto ne dal Gospod taka pametni mu odnesovme zumbuli Колумните на Тоше во Утрински 969969 Колумните на Тоше во Утрински 969969 Колумните на Тоше во Утрински 969969 Колумните на Тоше во Утрински 969969 i togas ni kaza deka e alergicen
Вратете се на почетокот Go down
marice
Член
Член
marice


Број на мислења : 215
Репутација :
Колумните на Тоше во Утрински Left_bar_bleue2 / 1002 / 100Колумните на Тоше во Утрински Right_bar_bleue

Registration date : 2008-05-22

Колумните на Тоше во Утрински Empty
ПишувањеПредмет: Re: Колумните на Тоше во Утрински   Колумните на Тоше во Утрински I_icon_minitimeСре Aвг 27, 2008 4:35 pm

Eli напиша:
a jas i Emi ednas ko sto ne dal Gospod taka pametni mu odnesovme zumbuli Колумните на Тоше во Утрински 969969 Колумните на Тоше во Утрински 969969 Колумните на Тоше во Утрински 969969 Колумните на Тоше во Утрински 969969 i togas ni kaza deka e alergicen

Колумните на Тоше во Утрински 9334 Колумните на Тоше во Утрински 9334 Колумните на Тоше во Утрински 9334 Колумните на Тоше во Утрински 9334 Колумните на Тоше во Утрински 9334
ZAKON...MOZAM SAMO DA ZAMISLAM FACA... Колумните на Тоше во Утрински 9334
Вратете се на почетокот Go down
Eli
Модератор
Модератор
Eli


Број на мислења : 416
Локација : Skopje, Makedonija
опис: : СЛУШАЈ МЕ МЕНЕ
Репутација :
Колумните на Тоше во Утрински Left_bar_bleue6 / 1006 / 100Колумните на Тоше во Утрински Right_bar_bleue

Registration date : 2008-04-14

Колумните на Тоше во Утрински Empty
ПишувањеПредмет: Re: Колумните на Тоше во Утрински   Колумните на Тоше во Утрински I_icon_minitimeСре Aвг 27, 2008 5:42 pm

enda tuzna faca koa naprai ... Колумните на Тоше во Утрински 969969
Вратете се на почетокот Go down
batbayan
Модератор
Модератор
batbayan


Број на мислења : 1410
Age : 38
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
Колумните на Тоше во Утрински Left_bar_bleue11 / 10011 / 100Колумните на Тоше во Утрински Right_bar_bleue

Registration date : 2008-06-11

Колумните на Тоше во Утрински Empty
ПишувањеПредмет: Re: Колумните на Тоше во Утрински   Колумните на Тоше во Утрински I_icon_minitimeПет Јун 19, 2009 10:52 am

МАГАЗИН

Растевме заедно



Тоше Проески остави траги во „Утрински весник“ - пишуваше колумни, почнуваше кога и ние...

ВАЛЕНТИНА ТОДОРОВСКА

Почетоците во кариерата на Тоше Проески речиси се совпаѓаат со стартот на „Утрински весник“, кој деновиве ја има првата десетка. Попрецизно, кога почнувавме ние, Тоше зад себе ги имаше „Пушти ме“, „Остани до крај“, „Усни на усни“, „Сонце во твоите руси коси“... Беше вистинско сончево дете - млад а стар, раскошен во талентот а скромен во табиетот. Флексибилен, со километарско трпение за се' и секого што сака да го праша, да се слика и уште толкаво сочувство за сите болки на светот.

Како што некои се зависни од материјални или духовни нешта, така тој, најмалиот од Проески, не можеше да не пее. Кога пееше Тоше, се' некако се радуваше со него и тоа беше видливо од прва - како дел од филмскиот кадар што сме го запаметиле од детството.

Тоше и пред и по полнолетството беше вистински виртуоз во мајсторската игра со нотите. Од песните правеше ремек-дела, ги обликуваше со перфектна музикалност и препознатливо „белканто“. На толку многу композиции им даде живот со единствена лирско драматична боја на гласот и беспрекорно точна емоција. Беше гласник на љубовта и дете на радоста.

Првиот албум „Некаде во ноќта“ неговите фанови го разграбаа преку ноќ и тој беше предизвик за прв солистички концерт на лизгалиште. Врнеше непредвидено. Или станува збор за метеоролошки - и кармички тест? Концертот не се прекина, напротив. Романтично пеење на дожд. И Тоше и публиката накиснати до коска, со затворени чадори и отворени срца. Тоше имаше само девет песни кои ги отпеа двапати и огромна желба да пее цела ноќ. Додека не остари. Додека не зарипне. Да не престане никогаш. И така почна тоа чудо наречено концертна мисија на Тоше - еден огромен метеор од чувства, чиста енергија што може да ги мрдне планетите. Без напудрени монолози, следејќи го јазикот на срцето, тој експресно стана прва љубов на нежните женски срца. Направи концерт по кој се знаеше дека момчето не е случајно тука.

Утредента, по дождливата распеана ноќ, го повикавме на интервју. Дојде со своите продуценти од „Авалон“ и беше пресреќен. Очите му светкаа како да е бескрајно вљубен, правеше шеги, атмосфера и беше апсолутно заразен од потребата сите да ги види насмеани.

На 24 јануари 2001, „Утрински“ ја имаше манифестацијата „Ѕвезда на годината“, на која се бираа најдобрите во најразлични категории. Се разбира, и поп-пејач, вокал на годината. „Утрински“ буквално беше пренатрупан со купони на кои стоеше едно и единствено име. Тоше. Доаѓаа девојчиња кај нас во редакција, носеа розови писма ,со уште порозови срца и прашуваа дали ќе победи.


„Утрински весник“ му беше омилен - имавме ексклузивна фотосесија пред самото заминување во Истанбул на евровизискиот фестивал во 2004

И една единствена слика од тој период врежана во сеќавањата - Тоше не зборуваше, ама зрачеше со бескрајна благодарност што е тука, што постои и тој, и ние и сите на планетата. Не му беше тешко ниту да пее, не се штедеше во ништо, секогаш во расчекор меѓу желбите, потребите и реалното траење на времето. Многубројните интервјуа што ги правеше Забавна рубрика со него беа на обострано задоволство. Знаевме дека сака „непрашани - непотрошени“ прашања и тој секогаш се смееше откако ќе му ги поставевме. „Од каде па сега тоа?“, прашуваше и зајдуваше од смеење.

Врската меѓу „Утрински“ и Тоше е уникатна и по тоа што половина година пишуваше колумни за додатокот „Магазин“. Кога му ја предложивме идејата, направи фаца како да е на лизгав терен, а треба да ја брани мрежата. Главен проблем му беше времето, но затоа сите колумни ги праќаше однапред. Ги почнуваше со поздрав до читателите и нив, и знајните и незнајните, ги поздравуваше со „драги мои“.

Патем, Тоше беше еден од ретките кои го кажуваат она што го мислат и обратно. Пред Евровизија, во 2004 година, додека и со кореографија ја подготвуваа „Ангел си ти“, сакаше тоа и да се фотографира. Евровизија му беше многу голем стрес. Толку многу сакаше да ги усреќи сите, да го издигне името на Македонија, а преголем му беше товарот од очекувањата. Додека сите одеа по забави, Тоше се концентрираше на настапот, толку многу беше одговорен што никој од нас што бевме присутни таму не успеа да го убеди да се олабави барем малку. Да го разгледа Истанбул едно попладне... По враќањето во Македонија изјави дека Руслана победи, ама не знае да пее. Притиснат од огромна грижа на совест, за два дена во колумната јавно се извини за кажаното велејќи дека воопшто не постапил џентлменски.

Од многуте интервјуа што ги даде Тоше за „Магазин“ најинтересен му беше списокот на жените кои на некаков начин му го обележиле животот. Се израдува на темата, но и тоа го сфати пресериозно, се преслушуваше по неколку пати. Тој текст за жените - херои во животот на Тоше ви го пренесуваме делумно.

Од Тоше секогаш имавме многу фотографии, ама по концертот на стадион во 2007 година, кога направи чудо и внесе магија за 40.000 срца што таа ноќ чукаа само за него, првпат не прифати да се слика. „Ја сакам многу есента, ама како да ја сликаме пред самото умирање? Ајде да ја почекаме пролетта, се' расцутено и живо, јас ќе најдам цреша и ќе направиме убави фотки. Те молам“.

Десетина дена потоа Тоше загина. За „Утрински“ тој беше и остана најголемата работа што се случила во музиката. Емотивно, сите многу го сакавме, не' освои со непосредност и она детското што не го загуби и кога беше само на чекор до светската кариера. Сето она поврзано со трагедијата понатаму ги смени нештата и ја потврди теоријата дека никој и ништо не може да го замени.

Тоше Проески,

Жени - херои на мојот живот,

(Магазин, 2005)

Тоше со големо внимание ја правеше топ-листата на жени-херои oти за него тие, на око нежни суштества, го вртат светот. Тие светилници, жени-икони, жени од кои учел да почитува и да сака, секогаш го имале приоритетот - и во животот и во мислите.

Тоше беше слаб кон понежниот пол и беше вистински џентлмен, како да доаѓа од некое минато време. Патем, одамна на нашата сцена никој, наместо „чао“, не бакнувал во рака како Проески.

„Не сакам кога целта ги оправдува средствата, не сакам нечесни игри и не верувам дека во љубовта, како и во војната, се' е дозволено. Веројатно поради тоа покрај себе ја немам вистинската“, ни рече Тоше.



Домника, мајка ми

„За мене најголема жена на светот е мојата мајка. Што да кажам без да звучи изветвено и кои зборови не се излишни? Ќе се сетам на неа и ако не можам да скокнам до Крушево да ја видам, ќе ме преплави бран на милост. Мајка ми ме научи да почитувам, да сакам, да им верувам на луѓето... Ме вооружа со љубов. Домника има поглед кој во себе има толку топлина што луѓето во нејзината близина како по правило зборуваат потивко. Предадена му е на семејството и со многу разбирање за ситните глупости на луѓето“.



Мајка Тереза

„Оваа особена личност сакам да се најде во моите жени-херои оти нејзината духовност често ме инспирира. Велат, го жртвуваше својот живот за да им помогне на другите. Јас би кажал - кај Мајка Тереза не постоеше зборот жртва, туку љубов. А тоа го може само големо срце“.





Лилјана Петровиќ

„Се појави во мојот живот во момент кога си го барав загубениот компас. Кога ми стана менаџер, отворив ново поглавје во животот - црпев сила од нејзината сила и навистина се чудев каква енергија излегува од оваа ситничка жена - во непредвидени ситуации се однесува како да има волшебно стапче и едноставно заразува со оптимизам. Покрај тоа што ми е менаџер, Лилја ми е и голем пријател, нешто како постара сестра. Способна е како десет мажи и е вистинска среќа што работиме заедно“.



Елизабет Тејлор

„Џебна Венера што ќе ја забележите и на прв, и на втор, и на трет поглед. Грациозна, женствена, убавица за сите времиња... Елизабет имаше класична убавина и јас уште како голобрадо момченце се вљубив во неа. Читав дека имала незгоден карактер: за време на снимањето на филмот ’Клеопатра‘ без причина ги нервирала соработниците и често знаела да кидне. Тоа е толку нежно - убавите жени да си дозволат каприциозност!

Пред некој ден ја гледав во „Mачка на жежок лимен покрив“ - со поглед што разоружува, целата лелеава и женствена, и така го потврдив ставот дека и' нема рамна.



http://utrinski.com.mk/?ItemID=7F8432825D53FF47A6A2B0F2EF10D3F2
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





Колумните на Тоше во Утрински Empty
ПишувањеПредмет: Re: Колумните на Тоше во Утрински   Колумните на Тоше во Утрински I_icon_minitime

Вратете се на почетокот Go down
 
Колумните на Тоше во Утрински
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1
 Similar topics
-

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
 :: Архива :: Кариерата на Тоше низ медиумите-
Отиди до: