Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeLatest imagesБарајРегистрирајте сеВлез

 

 Music Idol - Бугариja

Go down 
2 posters
Отиди на страна : 1, 2  Next
АвторПорака
batbayan
Модератор
Модератор
batbayan


Број на мислења : 1410
Age : 38
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
Music Idol - Бугариja Left_bar_bleue11 / 10011 / 100Music Idol - Бугариja Right_bar_bleue

Registration date : 2008-06-11

Music Idol - Бугариja Empty
ПишувањеПредмет: Music Idol - Бугариja   Music Idol - Бугариja I_icon_minitimeСре Мар 18, 2009 8:46 pm

Сакам да ви прашам дали гледате Music Idol и дали имате свои фаворит. Jaс сум за Александар Таабунов Music Idol - Бугариja 867319 .
Много сажалjавам дека толку рано зрителите ja изгониа Наталиja !

Ето и неколку статии от вестници:

Со бугарскиот „Идол“ самите си пукаме во нога



Автор: Бисерка Велковска-Блажева

Телевизијата А1 реагираше до бугарските продуценти на интернационалното музичко шоу „Идол“ откако во два наврата од одделни натпреварувачи, односно од нивни родители, беше речено дека немало проблем за разбирање меѓу бугарските и македонските учесници зашто Македонците и Бугарите биле еден народ, кој случајно живее во две држави.

- Реагиравме кај бугарските продуценти и сега засилено ги мониторираме прилозите, така што нема да дозволиме да се провлече некоја слична изјава. Тие ја прифатија реакцијата. На крајот на краиштата, станува збор за злоупотреба на изјави од одделни учесници, а не за став на продукцијата или на бугарската телевизија што стои зад проектот. Не очекуваме ескалација на инцидентот - вели Дарко Перушевски, директор на програмата во А1.

Претходно на инцидентот реагираше и радиото Супер, во чие писмо се вели дека повторно самите себеси си пукаме во нога, дозволувајќи прилог со таква содржина да биде емитуван на една национална телевизија, и тоа во клучни моменти, кога Македонците по којзнае кој пат се борат за своите правдини.

- Ако веќе младите луѓе желни за афирмација и за дел од неостварениот сон за брз успех и слава мора да примаат навреди од жирито, кое се изживува врз нив, да го зачуваме барем малку достоинството. Дали е ова државата на Бадев, Сариевски, Верица Ристевска, Славе Димитров, Драган Мијалковски, Тоше Проески или е ова некоја банана-државичка, која ќе голтне сè што ќе и се сервира - се вели во реакцијата на радиото Супер.

Перушевски наведува дека причината поради која А1 се вклучи во проектот „Музички идол“ е уривањето на ѕидовите и обидот да се излезе од приказната дека Македонците мора со некого да се мразат.

- Сакаме да се обидеме да ги затоплиме односите со Бугарите, зашто ова е шоу, забава и нема место за политика. Ѕидовите тешко се уриваат и ако не успееме, барем се обидовме - објаснува Перушевски.

Според него, застапеноста на Македонија во бугарскиот „Музички идол“ е поголема отколку што беше во проектот „Операција триумф“, во кој, освен нашата земја, беа вклучени и Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Хрватска.

- Во „Операција триумф“ имавме само македонски кандидати, немавме водители ниту претставници на жирито. Во „Музички идол“ ќе имаме наша водителка - Сања Николиќ, и повремено гости-членови на жирито. Доколку соработката продолжи и идната година, ќе имаме и постојан член на жирито - додава Перушевски.

Судејќи според бројот на вакви шоу-програми, домашни или интернационални во кои учествуваат македонски кандидати, во споредба со бројот на жители на земјава, штурците ги победија мравките. Сè поголем број млади луѓе сонуваат да станат големи музички и ТВ-ѕвезди, веројатно мислејќи дека тоа е наједноставниот пат до удобен живот и до пари. „Идол“ во Белград или „Музички идол“ во Софија, „Операција триумф“, „М2 потрага по ѕвезди“ или „Мак ѕвезди“ - не е важно под чија капа е шоуто и како се реализира, сè додека нуди можност барем пет минути да се биде под „блескавите“ светла на сцените и пред камерите. Сеедно е дури и тоа што победниците на ваквите „гламурозни“ шоуа набргу паѓаат во заборав, најмногу за година-две (секоја чест на исклучоците).


http://www.novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=13&tabid=2&fCat=1&top=1&EditionID=343&ArticleID=20497
Вратете се на почетокот Go down
batbayan
Модератор
Модератор
batbayan


Број на мислења : 1410
Age : 38
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
Music Idol - Бугариja Left_bar_bleue11 / 10011 / 100Music Idol - Бугариja Right_bar_bleue

Registration date : 2008-06-11

Music Idol - Бугариja Empty
ПишувањеПредмет: Re: Music Idol - Бугариja   Music Idol - Бугариja I_icon_minitimeСре Мар 18, 2009 8:47 pm

Македонска телевизия се ядоса на Иван и Андрей
18 март 2009 /
Прокуратурата чака Виктория да пусне жалба, за да започне работа.
Македонската телевизия А1, която също излъчва българския формат, изрази недоволство от твърденията на финалистите в Music Idol 3 и техните родители, че българите и македонците са един народ в две държави, съобщиха от avtora.com. "Предупредихме българските продуценти и сега водим усилен мониторинг на предаванията", каза директорът на телевизията Дарко Парушевски, цитиран от вестник Нова Македония. "Продуцентите се съгласиха с нашата реакция. В крайна сметка обаче става дума за изказвания на отделни участници, а не официални твърдения на самата продукция", допълни Парушевски. В началото на третия сезон на Music Idol Иван и Андрей проведоха кастинг и в Скопие. В крайна сметка до малките концерти стигнаха и няколко участника от Македония. Двамата продуценти дори взеха и трети водещ - Мис Македония 2000 Саня Николич. Междувременно стана ясно, че Софийската градска прокуратура ще се сезира по случая с участничката в Music Idol, която след жесток побой губи зрението си. Виктория обаче съобщи, че разчита на самосезирането на прокуратурата, тъй като е загубила надежда, защото първата й жалба не е стигнала до никъде. Момичето направи своята изповед още по време на кастинга за шоуто. Оказа се, че тя е загубила зрението в следствие на системен побой от бившия си приятел – Димитър Симеонов – един от барабанистите на група Сленг. Въпреки тежката си съдба Виктория сподели, че има сили да се бори за място сред финалистите в Music Idol 3, а по-късно доказа сериозността на намеренията си с блестящо изпълнение на един от най-големите хитове на Шакира.

http://life.dir.bg/2009/03/18/news4154710.html
Вратете се на почетокот Go down
batbayan
Модератор
Модератор
batbayan


Број на мислења : 1410
Age : 38
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
Music Idol - Бугариja Left_bar_bleue11 / 10011 / 100Music Idol - Бугариja Right_bar_bleue

Registration date : 2008-06-11

Music Idol - Бугариja Empty
ПишувањеПредмет: Re: Music Idol - Бугариja   Music Idol - Бугариja I_icon_minitimeСре Мар 18, 2009 8:48 pm

На Идол: Еден народ во две држави?!?

Со несфатлива леснотија и тоа на два пати во последното издание на музичкото шоу Идол во кое се бараат млади таленти во прилогот беше спомнато дека со Бугарите сме биле еден народ кој случајно живее во две држави, реагира Супер радио

Едноставно е неверојатно како успеваме секогаш самите да си пукаме во нога. Некој тој прилог кој беше емитуван на една национална телевизија во Република Македонија го прегледал и го одобрил за да се емитува. И сето тоа во клучните моменти кога по којзнае кој пат Македонците се борат за своите правдини.

Родителите на девојчето (таа Бугарка тој Србин ли беше), со совршена леснотија објаснија онака стручно дека немало проблем со јазикот затоа што сме биле еден народ кој живеел во две држави.

Ако веќе младите луѓе желни за афирмација и за дел од неостварениот сон за брз успех и слава мораат да примаат навреди од жирито кое за нивно добро се изживува врз нив, барем да го сочуваме барем малку достоинството.

Ликовите кои во моментов се одговорни за македонската музика и чиј глас е пресуден во издавањето на CD-а и на фестивалите мора да разберат дека во оваа држава музиката е нешто за што не се зборува туку нешто што се подразбира и што е кодирано во сите Нас.

Музика имало и пред нив и ќе има и далеку после нив. Со отворени раце примаме се што ни се сервира од страна во кое секогаш има подметнато по некое вакво кукавичко јајце. Копираме што ќе стигнеме и кого ќе стигнеме без да размислиме колку сме смешни притоа. Токму и затоа и ни се случува ова секојдневно.

Се до оној момент додека не направиме индустрија од музиката (а ако некој има со што да се пофали, барем во минатото тоа дефинитивно сме ние), додека пазарот не си одбере што сака и во кој правец ќе се движи понатаму овој бизнис, се додека не се појават специјализирани медиуми кои ќе го разберат потенцијалот (погледнете каква империја направи Пинк во Србија и пошироко) и влијанието кое го има музиката врз широките народни маси, е се дотогаш музичкиот вкус ќе ни биде штиман од некои голобради дечиња кои ќе си ги форсираат другарчињата од тајфата која ја направиле и ќе ни ја нудат како единствен избор.

Дали е ова државата на Бадев, Сариевски, Верица Ристевска, Славе Димитров, Драган Мијалковски, Тоше Проески, или е ова некоја банана државичка која ќе голтне се што ќе и се сервира.

А што се однесува до шоуто... Тоа си е супер и исфрли многу ѕвезди на светско ниво, но се додека претходно кажаново не се исполни, и ние не влеземе во тој нормален колосек и тие правила по кои функционира шоу бизнисот во светот не ги прифатиме како свои и единствено исправни, сите одбрани Идоли само ќе ја имаат славата на Бабајиќ и сите кои победиле на нешто и потоа останале заборавени.


http://mmm.com.mk/?ItemID=FF0015790294D94182B3F4E609E3E3D2
Вратете се на почетокот Go down
_maja_
Нов Член
Нов Член
_maja_


Број на мислења : 13
Репутација :
Music Idol - Бугариja Left_bar_bleue0 / 1000 / 100Music Idol - Бугариja Right_bar_bleue

Registration date : 2008-11-24

Music Idol - Бугариja Empty
ПишувањеПредмет: Re: Music Idol - Бугариja   Music Idol - Бугариja I_icon_minitimeЧет Мар 19, 2009 12:21 pm

ne go gledam bas mnogu
inaku aleksandar e supeer :)
Вратете се на почетокот Go down
batbayan
Модератор
Модератор
batbayan


Број на мислења : 1410
Age : 38
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
Music Idol - Бугариja Left_bar_bleue11 / 10011 / 100Music Idol - Бугариja Right_bar_bleue

Registration date : 2008-06-11

Music Idol - Бугариja Empty
ПишувањеПредмет: Re: Music Idol - Бугариja   Music Idol - Бугариja I_icon_minitimeПет Мар 20, 2009 2:32 pm

Дарко Илиевски пее Боже Чувај ја от зло:

http://musicidol.btv.bg/bg/videos/view/409

Дали да има концерт во памет на Тоше:

http://musicidol.btv.bg/forum/index.php?showtopic=13181&st=0&#entry474194

http://musicidol.btv.bg/forum/index.php?showtopic=12819&st=100&#entry473149

http://musicidol.btv.bg/forum/index.php?showtopic=12929

http://musicidol.btv.bg/forum/index.php?showtopic=13086
Вратете се на почетокот Go down
batbayan
Модератор
Модератор
batbayan


Број на мислења : 1410
Age : 38
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
Music Idol - Бугариja Left_bar_bleue11 / 10011 / 100Music Idol - Бугариja Right_bar_bleue

Registration date : 2008-06-11

Music Idol - Бугариja Empty
ПишувањеПредмет: Re: Music Idol - Бугариja   Music Idol - Бугариja I_icon_minitimeСаб Мар 21, 2009 1:10 pm

РЕАЛНОТО ШОУ ВЕЌЕ ИМА ОБОЖАВАТЕЛИ
Млади таленти на „Музички идол“и“224;
Реалното шоу „Музички идол“, кое се емитува на програмите на телевизиите „А1“ и „А2“, веќе привлече голем број редовни гледачи кои навиваат за омилените натпреварувачи. На првиот мини-концерт, што се одржа во понеделникот, настапија 20 кандидати, од кои четворица беа Македонци. Беа исфрлени петмина, а на вчерашниот мини-концерт, 15 натпреварувачи се бореа за влез во големото финале. Изборот за тоа кој ќе продолжи станува, навистина, тежок, со оглед на тоа што веќе се работи за вистински музички таленти, кои веќе ги имаат покажано своите сценски способности. Организаторите на „Музичкиот идол“ најавија гостувања на повеќе познати музички ѕвезди, од кои веќе настапи бугарската икона Глорија. Атмосферата во шоуто ја развеселуваат и коментарите на членовите на дуо „М“ - Марин и Мустафа, кои често знаат да ја изнудат најсилната смеа кај публиката, која шоуто го следи во живо. Инаку, водители на бугарското издание на „Музички идол“ се Иван и Андреј, кои станаа вистински телевизиски ѕвезди за помладите генерации. Оваа интересна двојка е придружувана и од македонската водителка Сања Николиќ. Натпреварувачите што влегоа во потесниот избор ги одбра жирито во состав Марија, Фанки и Дони. Потоа, сите конци се во рацете на публиката, додека жирито има право само да дава свои коментари за изведбата на кандидатите. Гласањето за „Идол“ се врши по пат на СМС

http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=5&tabid=1&EditionID=1654&ArticleID=110114
Вратете се на почетокот Go down
batbayan
Модератор
Модератор
batbayan


Број на мислења : 1410
Age : 38
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
Music Idol - Бугариja Left_bar_bleue11 / 10011 / 100Music Idol - Бугариja Right_bar_bleue

Registration date : 2008-06-11

Music Idol - Бугариja Empty
ПишувањеПредмет: Re: Music Idol - Бугариja   Music Idol - Бугариja I_icon_minitimeНед Мар 22, 2009 6:51 pm

Саня Николич: Няма политическа драма в Music Idol

Бившата Мис Македония 2000 Саня Николич се озовава в праймтайма на bTV след дебюта на шоуто в А 1, една от най-гледаните национални телевизии в югозападната ни съседка. Трансферът й осигурява приемственост между местната аудитория и кандидатите за слава, потеглили от Скопие към София.

"Старая се да не ги оставям да ми се качват на главата. Колкото мога - толкова (смее се). Има го и момента, че шоуто вече си е с традиции в България и колкото и да е започнало да се гледа в Македония, колкото и да са ни близки езиците, вашата публика на този етап е по-важната, по-гладната за информация", споделя брюнетката пред "Монитор". Единствената представа на Саня за родния Music Idol изникнала след световния фурор, който предизвика Валентина Хасан с нейното "Кен ли". Смята, че обвиненията към предаването в българска пропаганда са много шум за нищо. "Това беше недоразбиране от самото начало. Навсякъде го има този първичен страх от новото - то носи много неизвестни, а хората не са наясно как ще се впишат, дали искат въобще да го правят. Погрешно беше схващането, че в шоуто ще влязат македонци, които ще се представят за българи. Няма нищо такова и в момента го доказваме. Всички знаем кои сме, от къде идваме, какъв ни е коренът, но по-важното е, че музиката няма граници. Тя е универсален език за комуникация и в нея не може да се търси политическа драма."


http://life.dir.bg/2009/03/22/news4176443.html
Вратете се на почетокот Go down
batbayan
Модератор
Модератор
batbayan


Број на мислења : 1410
Age : 38
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
Music Idol - Бугариja Left_bar_bleue11 / 10011 / 100Music Idol - Бугариja Right_bar_bleue

Registration date : 2008-06-11

Music Idol - Бугариja Empty
ПишувањеПредмет: Re: Music Idol - Бугариja   Music Idol - Бугариja I_icon_minitimeПон Мар 23, 2009 3:54 pm

Отпадналите от Music Idol се борят за втори шанс
23 март 2009 /
Утре вечер част от отпадналите таланти в Music Idol ще получат втори шанс и ще се завърнат в шоуто.
За разлика от предходните издания на музикалното риалити тази година решението за връщането на участниците ще бъде взето само от членовете на журито. Преди това да стане отпадналите до момента 11 таланта ще изпълнят по една песен, за да се опитат за последен път да впечатлят Дони, Мария и Фънки. Специален гост на шоуто ще бъде мегазвездата на сръбската фолк сцена Лепа Брена. Фолк иконата идва в България специално за Music Idol. Освен нея зрителите на bTV ще видят и изпълнението на Николай Георгиев – водещ на предаването “Ясновидци”.

http://life.dir.bg/2009/03/23/news4181582.html
Вратете се на почетокот Go down
batbayan
Модератор
Модератор
batbayan


Број на мислења : 1410
Age : 38
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
Music Idol - Бугариja Left_bar_bleue11 / 10011 / 100Music Idol - Бугариja Right_bar_bleue

Registration date : 2008-06-11

Music Idol - Бугариja Empty
ПишувањеПредмет: Re: Music Idol - Бугариja   Music Idol - Бугариja I_icon_minitimeВто Мар 24, 2009 1:34 pm

„ИДОЛ“ Е КВАЛИТЕТНО ШОУ
Александар е еден од фаворитите на публиката
Македонскиот претставник на „Музички идол“, Александар Тарабунов, е еден од фаворитите на публиката на ова реално шоу. На форумите на официјалниот сајт на „Музички идол“, Александар има најголем број обожаватели во споредба со другите натпреварувачи од Македонија, Бојан и Дарко. За него има создадено и клуб на обожаватели, каде што се веќе вклучија и голем број Бугари. На форумите беа отворени и други интересни теми, како, на пример, како би се чувствувале бугарските гледачи ако титулата „Идол“ ја добие претставник од Македонија. Иако, можеби, се очекуваа провокативни изјави, најголем дел од учесниците на форум тврдат дека сакаат да победи најдобриот, без разлика на неговата национална припадност. Исто така, многумина се согласуваат дека „Музички идол“ е квалитетно реално шоу бидејќи низ него дефилираат големи таленти за кои постои реална шанса да се издигнат во вистински музички ѕвезди.


http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=5&tabid=1&EditionID=1656&ArticleID=110260
Вратете се на почетокот Go down
batbayan
Модератор
Модератор
batbayan


Број на мислења : 1410
Age : 38
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
Music Idol - Бугариja Left_bar_bleue11 / 10011 / 100Music Idol - Бугариja Right_bar_bleue

Registration date : 2008-06-11

Music Idol - Бугариja Empty
ПишувањеПредмет: Re: Music Idol - Бугариja   Music Idol - Бугариja I_icon_minitimeСре Мар 25, 2009 2:50 pm

АЛЕКСАНДАР, БОЈАН И ДАРКО ПРОДОЛЖУВААТ
Тројца Македонци се сигурни финалисти на „Идол“
Тројца претставници од Македонија, Александар Тарабунов, Бојан Стојков и Дарко Илиевски влегоа меѓу десетте сигурните финалисти на реалното шоу „Музички идол“. Бугарските кандидати Магдалена, Александра и Васил во понеделникот вечерта ја напуштија сцената на шоуто. Тоа предизвика драматични реакции меѓу другите таленти бидејќи, според многумина, Магдалена имаше најдобар настап таа вечер, а и Александра беше една од фаворитките. Една од разочараните бугарски натпреварувачки дури истакна: - Сега кога Магдалена излезе, јас веќе немам што да правам овде. Незадоволството од гласањето на гледачите го изрази и македонскиот претставник Александар Тарабунов. - Се надевам дека бугарските и македонските гледачи ќе најдат начин да ја вратат во шоуто “ рече тој. Со излегувањето на последните тројца кандидати, останаа десет сигурни финалисти, кои ќе се борат за титулата „Идол“. Тие од 30 март (понеделник) ќе почнат да настапуваат на големите концерти што ќе се одржуваат на нова и поголема сцена. Вчера вечер требаше да пеат 11 излезени натпреварувачи, а денес жирито ќе реши кои двајца од нив ќе добијат втора шанса и ќе се вратат во шоуто. Двајцата повратници ќе им се придружат на десетте веќе одбрани финалисти, што ќе имаат можност своите музички таленти да ги покажуваат на гала-вечерите што ќе се одржуваат секој понеделник на нова, многу поголема сцена.

„Идол“ во понеделник, во вторник и во среда на „А1“

Телевизија „А1“ во понеделник, во вторник и во среда ќе ги пренесува случувањата од „Музички идол“. Во понеделник ќе биде емитуван големиот концерт. Во вторник ќе се организира говорно шоу, а секоја среда ќе се открива кој натпреварувач ќе излезе од трката за „Идол“.


Гледачите одлучуваат


За судбината на натпреварувачите отсега ќе решава само публиката по пат на праќање СМС. Жирито, кое досега играше клучна улога, од понеделник само ќе може да го изразува своето мислење за настапите. Секоја недела ќе излегува по еден натпреварувач, и тоа тој со најмал број гласови од гледачите.


http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=1657&ArticleID=110346
Вратете се на почетокот Go down
batbayan
Модератор
Модератор
batbayan


Број на мислења : 1410
Age : 38
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
Music Idol - Бугариja Left_bar_bleue11 / 10011 / 100Music Idol - Бугариja Right_bar_bleue

Registration date : 2008-06-11

Music Idol - Бугариja Empty
ПишувањеПредмет: Re: Music Idol - Бугариja   Music Idol - Бугариja I_icon_minitimeПет Мар 27, 2009 3:25 pm

ПРЕД ГОЛЕМИОТ ХРИСТИЈАНСКИ ПРАЗНИК ВЕЛИГДЕН
Идолите ќе се дружат со познатиот диџеј Пол ван Дајк
Еден ден пред големиот верски празник Велигден финалистите од “Музички идол“ ќе имаат можност да го запознаат популарниот диџеј Пол ван Дајк. На 18 април тие ќе бидат гости на голема забава во Зимскиот дворец, а неколку часа пред почетокот на забавата ќе имаат можност да се дружат со најдобриот диџеј на светот за 2005 година и за 2006 година. Инаку, Александра Жекова, Магдалена Џанаварова и Пламен Петков се последните тројца таленти што заедно со десетте, претходно одредени финалисти, ќе настапуваат секој понеделник на големите концерти во шоуто “Музички идол“. Секој вторник, пак, ќе се одржува специјално шоу во кое ќе се објавуваат интересни моменти од животите на натпреварувачите на сцената и надвор од неа. Средите ќе бидат најтешки денови за учесниците бидејќи тоа се денови за елиминација, односно моменти кога некој ќе да го напушти шоуто. Првата задача на финалистите за големиот концерт во понеделник ќе биде изведување песни на бугарски јазик. Учесниците ќе можат да избираат песни независно од тоа во кој период биле изведувани, а не се ограничени ниту при изборот на стилот на музика. Големите концерти ќе се одржуваат секој понеделник во “Фестивал во сала“ во Софија, каде што досега беа организирани малите концерти, но на проширена сцена. Организаторите најавуваат голем број изненадувања, што, воедно, е и концептот на “Музички идол 3“.

Гостите задоволни од натпреварувачите

Лепа Брена, која неодамна се појави како гостинка во „Идол”“ изјави дека многу и се допаднале изведбите на финалистите и дека секој од нив се истакнал со уникатен стил, па, според тоа, не можела да издвои некој посебно.
Гостин во шоуто беше и бугарскиот водител Станимир Гамов, кој ја испеа песната „Леаве ѕоур хат он“ и го натера Фанки од жирито да заигра како стриптизета, па дури и да го фрли чевелот на сцената.


http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=1659&ArticleID=110521
Вратете се на почетокот Go down
batbayan
Модератор
Модератор
batbayan


Број на мислења : 1410
Age : 38
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
Music Idol - Бугариja Left_bar_bleue11 / 10011 / 100Music Idol - Бугариja Right_bar_bleue

Registration date : 2008-06-11

Music Idol - Бугариja Empty
ПишувањеПредмет: Re: Music Idol - Бугариja   Music Idol - Бугариja I_icon_minitimeПет Мар 27, 2009 3:33 pm

Сања Николиќ: Горда сум на македонските кандидати



Бившата мисица е дел од водителската екипа на бугарскиот „Музички идол“

ВАЛЕНТИНА ТОДОРОВСКА

Сања Николиќ, бивша мисица, девојка со манекенски багаж и иста таква (манекенска) висина, моментално е ангажирана во бугарскиот „Музички идол“, мегапопуларно шоу што стана екстра гледано и кај нас. Интервјуто со Сања го правевме при една од нејзините куси посети на Скопје - иако уморна, беше полна со енергија, радосна и полетна, а ѕвездите во очите само ни потврдија дека е вљубена. Но, за тоа - потоа. Со Сања разговаравме за новиот ангажман, новите пријатели и за интересните професионални предизвици.



Како дојде до соработка со „Музички идол“? Раскажи ни се' - од каде поканата, имаше ли некакви предрасуди, двоумења...

- Ми понудија од А1 телевизија да се приклучам во овој проект, да ја претставувам Македонија како водител на шоуто. Знам дека сакале третиот водител да биде девојка и дека водителскиот пар од Бугарија се согласил тоа да бидам јас. Како човек кој свесно знае од каде е и што е, немам никакви предрасуди за ова шоу, каде што македонските кандидати имаат можност да го покажат својот талент! Горда сум и на тројцата!



Твоите партнери Иван Христов и Андреј Арнаудов, воедно и продуценти на шоуто, изгледаат како природно духовити момци. Што се случува зад сцената, веројатно убаво поминуваш и соработуваш со нив? Дали шоуто целосно е работа на сценариото или има импровизации?

- Тие се одлични водители, но и одлични пријатели. Како и кандидатите, и ние го живееме ова музичко шоу... Сите сме заедно, сместени во ист хотел, работиме напорно преку денот на сценариото, имаме по две проби на ден, подготвувања, јадеме заедно, нонстоп сме сите, па и кога ќе завршиме со вечерната емисија, знаеме да седнеме, да се шегуваме. Имаме сценарио што се работи он-лајн, што значи се надградува и менува од минута во минута... Шегите се природни, се забележува дека машките водители обожаваат да се шегуваат често.



Колку можеш и си професионална „на висина на задачата“ кога има натпреварувач од Македонија? Има ли местенки? И кои се твои фаворити?

- Моето појавување во „Музички идол“ значи претставување на нашите кандидати, јас сум нивна поддршка и на сцената и зад неа. Се трудам максимално да се сконцентрирам на работата и на случувањата, да се вклопам со веќе изверзираниот водителски пар на кој оваа сезона им е трета по ред. Фаворити имам, тоа се нашите тројца претставници, како и Магдалена.



Што ќе ни кажеш за жирито и за неговата непосредност се' да плесне в лице за разлика од многумина наши кои комуницираат во ракавици?

- Жирито е по сечиј вкус. Тројцата се одлични во својата работа, доста различни и многу реални. Таму се да го кажат само своето мислење и тоа го прават без влакно на јазикот. Нашите медиумски личности никогаш нема да се отворат како луѓето тука, затоа што нашите се грижат за мислењето на јавноста, затоа што ние не знаеме да пофалиме, само се критикуваме.



За работата во „Музички идол“ веројатно добиваш комплименти поради спонтаноста и компатибилноста. Што мислиш, што беше пресудно за твојата надградба како водител?

- Благодарам. Навистина се трудам да се претставам добро, затоа што тука ми се обраќаат со „Македонката“, што значи имам на некој начин „товар“ да го оправдам моето македонско потекло. Големо искуство за мене е секој ден да се претставам пред осуммилионската публика.



Колку си популарна таму, те препознаваат ли во Софија?

- „Музички идол“ е емисија со највисок рејтинг. Тука добро поминувам во продавници, во ресторани ме честат десерт, а на граница викаат: „Пуштете ја македонската водителка да помине пред сите“. Прават да се чувствувам убаво.



Како оди снимањето - правите ли паузи, со каков интензитет се тие и до кога ќе трае ова музичко шоу?

- Снимаме трипати неделно, цел ден ми е зафатен со интервјуа за други телевизии, весници, радија... „Идолот“ ќе трае до 8 јуни, кога и завршува целото шоу. Немам никакви прогнози, многу работи и мене ме изненадуваат и ме дочекуваат неподготвена. Да сме живи и здрави, па да видиме!



Кога веќе доста време минуваш во Бугарија, тогаш ќе можеш да направиш разлика меѓу овдешните и младите во Софија - во желби, амбиции, реализираност?

- Запознав многу млади луѓе тука, меѓутоа сите во работна атмосфера, така што не можам да направам споредба. Сепак, во едно сум сигурна – никаде нема луѓе како нашиот народ. За желби, амбиции и реализираност - не знам, ама можам да кажам дека најдобро се чувствувам дома, меѓу своите.



Што е со Сања приватно. Љубиш ли некого?

- Љубам! Иако сега немам многу време да се посветам на мојот приватен живот и на луѓето што ги сакам, сепак, живеам за убавите моменти со нив, кои чекам да зачестат.



За многумина е интересен податокот дека пишуваш текстови, стихови. Колку е романтично својот текст да го чуеш облечен во музика, испеан во песна? Што беше главен мотив за да пишуваш?

- Не ги доживувам така, а сосема спонтано пробав и продолжив да пишувам текстови по иницијатива на Роберт Билбилов. Како мала многу пишував поезија, сега имам можност некои од моите чувства да ги испишам во песните испеани од наши естрадни ликови.



Кој ќе биде твојот иден постојан ангажман? До каде си со факултетот? Или сметаш дека човек треба постојано да се проверува и да е отворен за соработка?

- Немојте и вие да ме прашувате за факултетот, доста ми е притисокот од дома. Ми стои на глава, ама со толку ангажмани, за жал, го оставам на последно место... Во многу работи се пробав, а најмногу се задржав како водител. Ми се допаѓа оваа работа, се надевам ќе ја работам почесто, меѓутоа не и предолго. Човек како мене кој сака да сознава работи, дефинитивно, не треба да се затвори.



Соништа, желби. Што сметаш дека е најважно да ти се случи?

- Сакам да сум среќна, здрава и жива заедно со луѓето што ги сакам. На сите им го посакувам тоа, а другото што треба и кога ќе треба - ќе си дојде...



Кога ќе се сетиш на периодот на твојот влез во шоу-бизнисот на голема врата - како мис, има ли нешто што би го направила поинаку?

- Има многу работи кои би ги сменила, како што би го сменила и црниот кадифен фустан што го носев пред седум години! Кога созреваш, го менуваш мислењето, на многу работи гледаш поинаку, тоа е нормално, само никогаш нема да се покаам за ништо. Многу нешта сум научила од грешките што ги направив!



Бидејќи постојано си на релација Софија - Скопје, која е првата работа што ја правиш кога си тука?

- Се гушкам и се фаќам за работа! Шоуто мора да продолжи...


http://utrinski.com.mk/?ItemID=A16A9CCD7A8A364CAC1DEA0543922E9A
Вратете се на почетокот Go down
batbayan
Модератор
Модератор
batbayan


Број на мислења : 1410
Age : 38
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
Music Idol - Бугариja Left_bar_bleue11 / 10011 / 100Music Idol - Бугариja Right_bar_bleue

Registration date : 2008-06-11

Music Idol - Бугариja Empty
ПишувањеПредмет: Re: Music Idol - Бугариja   Music Idol - Бугариja I_icon_minitimeСаб Мар 28, 2009 11:02 am

Македонците пеят "Сонце во твоите руси коси" :

https://www.youtube.com/watch?v=SxRRic4FVOc
Вратете се на почетокот Go down
batbayan
Модератор
Модератор
batbayan


Број на мислења : 1410
Age : 38
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
Music Idol - Бугариja Left_bar_bleue11 / 10011 / 100Music Idol - Бугариja Right_bar_bleue

Registration date : 2008-06-11

Music Idol - Бугариja Empty
ПишувањеПредмет: Re: Music Idol - Бугариja   Music Idol - Бугариja I_icon_minitimeЧет Апр 16, 2009 3:39 pm

СПОРЕД ОБЛОЖИЛНИЦА
Александар Тарабунов има најголеми шанси за победа
Според првичните резултати од обложилниците во Бугарија, Александар Тарабунов има најголеми шанси да стане новиот музички идол, а по него се Димитар, Соња и Симона. Македонските претставници, Александар и Бојан Стојков, уште од почетокот се одлично прифатени од нашата и бугарската публика и со секој настап покажуваат дека се работи за музички надарени млади луѓе. А шоуто „Музички идол“ продолжува со селекцијата на кандидатите. Ели Раданова и Магдалена Џанаварова се двете учеснички што беа спасени од страна на гласачите во вторничното разговорно шоу. Загрозените таленти настапија со песни што беа нивни личен избор. Така, Маги ја испеа „Раининг ман“, Вики „Њхен а ман ловес а њоман“, Александра ја изведе „Хот стуфф“, Соња имаше прекрасен настап со песната „И‘м со еџцитед“, а Ели си заработи доволно гласови за останување во шоуто откако го испеа големиот хит на Тина Тарнер „Стеамѕ њиндоњс“. За петте девојки на кои им се закануваше излегување од шоуто се залагаа пет познати личности од Бугарија, кои се трудеа да влијаат добро врз публиката и да ја поттикнат да гласа за нивниот штитеник. Заштитничката на Вики, Наталија Симеонова, кажа дека нејзината штитеничка треба да остане во шоуто поради силната волја и големата енергија што ја има и покрај големата трагедија што и се случила. - Вики е исклучително талентирана и пее како ангел, таа е морален идол на Бугарија “ додаде Симеонова. - Соња е нежна како маченце, а истовремено жестока жена, која плени со својот сценски настап “ изјави Милена, туторот на Соња и додаде дека таа е единствена кандидатка што ги има сите потребни елементи за успех. Пред да бидат објавени резултатите од гласањето, од гостинот во емисијата, Џемс Гарфанкел, беше побарано да даде коментар за настапите на учесничките. - Бугарскиот „Идол“ е подобар од тој во САД, проблемот на американските учесници е тоа што не зборуваат добро англиски “ се пошегува Гарфанкел и откри дека најмногу му се допаѓаат Александра и Ели. Откако беа сумирани гласовите, Маги и Ели беа спасени, а на жешките столчиња останаа Викторија, Александра и Соња. „Музички идол“ не престанува да изненадува со новини. Гледачите што гласаат за нивниот фаворит на официјалниот сајт мусицидол.бтв.бг, ќе имаат шанса да бидат гости во нивното омилено шоу. Секој петок ќе бидат наградувани шест гласачи, двајца ќе присуствуваат на големиот концерт в понеделник, двајца ќе гостуваат на говорното шоу во вторник, а двајца ќе имаат шанса во живо да ги гледаат елиминациите.


http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=1679&ArticleID=111980
Вратете се на почетокот Go down
batbayan
Модератор
Модератор
batbayan


Број на мислења : 1410
Age : 38
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
Music Idol - Бугариja Left_bar_bleue11 / 10011 / 100Music Idol - Бугариja Right_bar_bleue

Registration date : 2008-06-11

Music Idol - Бугариja Empty
ПишувањеПредмет: Re: Music Idol - Бугариja   Music Idol - Бугариja I_icon_minitimeЧет Апр 23, 2009 1:16 pm

И ПОКРАЈ РЕЗУЛТАТИТЕ ОД АНКЕТИТЕ
Симона и Вики остануваат во „Идол“
Двете учеснички, кои според анкетите на официјалниот сајт на „Идол“ треба да го напуштат шоуто, повторно беа спасени од елиминации. Викторија Димитрова и Симона Статева ги избегнаа жешките столчиња на кои останаа Ели Раданова, Русина Катарџиева, а за големо изненадување на публиката и на гостите во студиото и Магдалена Џанаварова. Петте девојки направија мини-концерт на кој се претставија со нови песни по нивни избор. Прва настапи Ели, која одлично ја изведе „Сон оф а преацхер ман“, потоа Маги ги остави сите без здив со „Иреплацеабле“ од Бијонсе, Симона ги покажа гласовните способности со „Цхаин оф фоолс“, Русина настапи со „Белиеве“ од Шер, а Вики ја имаше, според многумина. најдобрата изведба до сега кога ја испеа „Њхеневер њхеревер“ од Шакира. Заштитникот на Ели беше остро нападнат од присутните во студиото бидејќи рече дека Вики треба да го напушти шоуто поради проблемите со видот, а Симона поради годините. - Симона пропушта да си го живее детството, оставете ја да си ги решава задачите по математика “ рече тој. Вики, која многу се растажи и дури се расплака побара од сите да ги имаат предвид само нејзините пејачки квалитети, а не нејзините лични случувања. - Можам уште сега да си заминам од „Идол“, но ќе продолжам да пеам “ рече Вики, а публиката ја награди со огромен аплауз. За време на емисијата беше прикажан извадок од посетата на Вики на доктор, кој изјави дека шансите за враќање на видот на Вики се многу мали, на што водителите рекоа дека таа не треба да се обесхрабрува и дека ќе биде побарано мислење од друг доктор.

Дарко интензивно се дружи со Ели Раданова

По големиот концерт во понеделникот талентите имаа забава на која го прославија роденденот на Дарко. Тој поминува многу време со својата поранешна колешка Ели Раданова, а симпатиите меѓу нив ги забележале сите учесници. По забавата, Дарко ја поминал вечерта во собата на Ели.

http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=7&tabid=1&EditionID=1684&ArticleID=112325
Вратете се на почетокот Go down
batbayan
Модератор
Модератор
batbayan


Број на мислења : 1410
Age : 38
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
Music Idol - Бугариja Left_bar_bleue11 / 10011 / 100Music Idol - Бугариja Right_bar_bleue

Registration date : 2008-06-11

Music Idol - Бугариja Empty
ПишувањеПредмет: Re: Music Idol - Бугариja   Music Idol - Бугариja I_icon_minitimeЧет Апр 30, 2009 12:43 pm

СО НАЈГОЛЕМ БРОЈ ГЛАСОВИ ОД НИВНАТА ПУБЛИКА
Бојан и Александра се спасени
Бојан и Александра со своите настапи на мини-концертот во вторникот, заедно со уште тројцата номинирани кандидати, освоија најголем број гласови од публиката, со што беше загарантирано нивното останување во „Музички идол“ барем во наредните седум дена. Како и на големиот концерт, прв настапи Бојан со „Аре ѕоу гонна го мѕ њаѕ“ од Лени Кравиц, Преслава ја испеа „Рехаб“ од Ејми Вајнхаус, следен беше Димитар со „Енјоѕ тхе силендсе“ од „Депеш мод“, Александра одлично се претстави со „Ит‘с мѕ лифе“ од Бон Џови, а малата Симона беше последна со „Лет‘с гет лоуд“ од Џенифер Лопез. Како што се предвидуваше, Викторија Димитрова се повеќе попушта под огромниот притисок и дури се двоуми предвреме да го напушти шоуто. - Премногу се зборува за мојот проблем, јас само сакам да пеам, а овде веќе се губи целата етика. Задоволна сум што си докажав дека сум силна, ги сакам моите колеги, но постојано чувствувам доза на сожалување. Им благодарам на сите што гласаа за мене, се уште не сум сто проценти сигурна, но можно е да го напуштам „Идол“ “ кажа таа, а гостите и водителите ја разубедуваа велејќи дека луѓето не гласаат за неа од сожалување, како што се тврди. Специјални гости во шоуто беа Краси Аврамов и Петја Бујуклиева, кои ја изведоа песната со која Бугарија ќе се претстави на Евровизија оваа година. На крајот по затворање на линиите за гласање, беа кажани имињата на спасените финалисти “ Александра и Бојан, а Симона, Димитар и Преслава останаа на жешките столчиња.


http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=1691&ArticleID=112847
Вратете се на почетокот Go down
batbayan
Модератор
Модератор
batbayan


Број на мислења : 1410
Age : 38
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
Music Idol - Бугариja Left_bar_bleue11 / 10011 / 100Music Idol - Бугариja Right_bar_bleue

Registration date : 2008-06-11

Music Idol - Бугариja Empty
ПишувањеПредмет: Re: Music Idol - Бугариja   Music Idol - Бугариja I_icon_minitimeСре Мај 06, 2009 9:31 pm

СЕ НАЈАВУВА ОДЛИЧЕН КОНЦЕРТ
Забава со „идолите“ во „Колосеум“
Во скопската дискотека „Колосеум“ утревечер ќе се одржи тричасовен концерт на „Музичкиот идол“, на кој ќе пеат седум бугарски учесници во шоуто “ Викторија Димитрова, Симона Статева, Александра Зекова, Русина Катарџиева, Магдалена Џанаварова, Преслава Мрвкова, Димитар Атанасов, како и македонските претставници Бојан Стојков и Александар Тарабунов. На забавата ќе се појави и Дарко, кој излезе од трката за титулата „Идол“. Како специјални музички гости ќе настапат Ноне, Тамара, ДНК и Врчак, Роберт Билбилов и Влатко Лозановски. Водители на оваа голема забава ќе бидат Сања, Иван и Андреј. Концертот почнува во 21 часот. Русина Катарџиева, Александра Жекова, малата Симона Статева, Преслава Мрвкова и Александар Тарабунов се петте номинирани кандидати што ќе се борат за опстанок во „Идол“. Со тоа меѓу „идолите“ веќе нема кандидат што не бил номиниран за излегување. На големиот концерт на евергрини што се одржа во понеделникот, осумте финалисти и приредија добра забава на публиката во студиото, како и пред малите екрани. Прв настапи Александар со песната „Ливинг ин Америца“ од Џемс Браун и беше пофален од жирито за комплетното изведување и за одличниот настап. Четирите номинирани кандидатки изведуваа песни од групата „Кул анд д генг“, Александра ја испеа „Гет доњн он ит“, Симона „Ладѕ‘с нигхт“, Преслава настапи со „Селебратион“, а Русина ја разнежни публиката со „Цхерисх“. Димитар не доби многу добри критики за изведбата на „Септембер“ од групата „Ерт винд енд фајр“, а со песна од истата група се претстави и Маги, која ја испеа „Лет‘с гроове“. Концертот го затвори Бојан и ја крена публиката на нозе со „И феел гоод“ од Џемс Браун. - Почна бавно, како подморница, потоа се претвори во локомотива и на крајот заврши како авион “ беше интересниот коментар на Дони, а Марија кажа дека е целосно збркана по неговиот настап. Инаку, бугарската телевизија „БТВ“ ќе ги донира паричните средства што ќе бидат добиени од СМС овие три дена за специјализација на Вики во некој од светски познатите факултети за пеење. На крајот кандидатите добија новата задача, в понеделник ќе треба да изведуваат песни на италијански јазик, како и познати италијански хитови.


http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=1&EditionID=1695&ArticleID=113151
Вратете се на почетокот Go down
batbayan
Модератор
Модератор
batbayan


Број на мислења : 1410
Age : 38
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
Music Idol - Бугариja Left_bar_bleue11 / 10011 / 100Music Idol - Бугариja Right_bar_bleue

Registration date : 2008-06-11

Music Idol - Бугариja Empty
ПишувањеПредмет: Re: Music Idol - Бугариja   Music Idol - Бугариja I_icon_minitimeСаб Мај 09, 2009 12:24 pm

ПО ГОСТУВАЊЕТО ВО СКОПЈЕ
„Идолите“ одушевени од посетата на Македонија
Преполна сала, одлична атмосфера и музика, како и вистински таленти на сцената, беа главните впечатоци од завчерашниот концерт што во скопскиот клуб „Колосеум“ го приредија учесниците на популарното музичко шоу „Идол“. Но, од ова шоу не беше одушевена само скопската публика. Сите гости од Бугарија што присуствуваа на забавата беа пријатно изненадени од пречекот, како и од ентериерот во дискотеката. - Очекував да настапуваме во некое мало, зачадено и темно место, а не во толку убава дискотека “ рече Русина по пристигнувањето на тонската проба, а своето одушевување го изрази и Димитар: - Изненаден сум од техничката подготвеност, како и од поставеноста на сцената и на огромните видеобимови, не ми се верува дека ќе пееме овде “ рече тој. На прашањето колку учеството во „Идол“ им влијае на приватниот живот, финалистите беа едногласни дека тоа е настан што им донел многу промени во животот. Така, Русина ни откри дека поради отсуството од дома морала да ја раскине врската со момчето. - Ние не сме толку сменети колку што се луѓето околу нас, те гледаат со други очи, како да си некој друг. Едноставно, не можат да го прифатат фактот дека телефонот ти ѕвони почесто од вообичаено, а не сфаќаат дека тоа е дел од работата “ вели таа. Најголемата рокерка меѓу учесниците, Александра, пак, ни откри дека нема проблем со момчето со кое има петгодишна врска. - Тој е во Софија и постојано сме заедно, освен кога имам проба или настап, што е нормално. Тој има разбирање за моите желби и обврски и целосно ме поддржува “ вели таа. СИМОНА РАЗОЧАРАНА ШТО СИ ЗАМИНАМалата Симона беше забележливо разочарана од напуштањето на „Идол“. Таа по големиот концерт в понеделник ќе се врати во Разград, каде што ќе го продолжи своето школување, ученичка е во седмо одделение. - Имам многу заостанат материјал, ќе има на што да се посветам, сигурно нема да ми биде здодевно дома “ се пошегува таа и ни откри дека по завршување на основното училиште планира да се запише на музичка академија. Инаку, нејзиниот талент за пеење нејзините родители го забележале уште кога таа имала само три години и оттогаш песната е постојано присутна во нејзиниот живот. Симона е среќна што ќе остане запаметена како најмладиот учесник во историјата на „Музички идол“. Концертот во „Колосеум“ беше последен за Симона во рамките на „Идол“, а истото важи и за Вики, која в понеделник ќе дознае колку средства се собрани за нејзината специјализација во некој од светски познатите универзитети. На прашањето зошто реши да си замине од натпреварот и кој е нејзиниот фаворит, таа одговори: - Едноставно, почувствував дека треба да го напуштам „Идол“, сите зборуваа за моите приватни проблеми и, едноставно, тоа не беше тоа. А, за победник, навистина, не можам да кажам, сите имаат специфични гласови и посебни се на свој начин, сите еднакво заслужуваат да победат. Сепак, ако морам да издвојам, мои фаворити се Бојан и Преслава. БОЈАН ЈА ПОСЕТИ БИТОЛАМакедонскиот претставник на „Идол“, Бојан ни кажа дека е среќен што по цели два месеца ќе ја посети родната Битола. - Моите родители доаѓаат на големите концерти секој понеделник, но сега ќе се видам со пријателите, многу сум возбуден поради тоа. Тој вели дека се чувствува добро во врската со Соња, но дека не знае што ќе се случи понатаму и колку долго ќе остане во Бугарија. Вчера „идолите“ одржаа малку порелаксиран концерт во Охрид, во дискотеката „Ликвид“. Дента тие го посетија и прекрасниот манастир „Свети Наум“. Иако Софија е позната по одличните забави, учесниците на „Идол“ признаа дека, и покрај многубројните ангажмани и напорните проби, од оваа посета на Македонија ќе останат со одлични впечатоци.

На концертот гостуваа повеќе македонски ѕвезди

Ноне Неделковска, како и ексклузивците на продукција „Република“, Роберт Билбилов, Тамара, Влатко Лозаноски, ДНК и Врчак, беа гости на концертот во „Колосеум“. Во двочасовното шоу тие се претставија со некои свои хитови и, барем за момент, успеаја да им „ја украдат“ сцената на „Идолите“.


http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=1&EditionID=1698&ArticleID=113412
Вратете се на почетокот Go down
batbayan
Модератор
Модератор
batbayan


Број на мислења : 1410
Age : 38
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
Music Idol - Бугариja Left_bar_bleue11 / 10011 / 100Music Idol - Бугариja Right_bar_bleue

Registration date : 2008-06-11

Music Idol - Бугариja Empty
ПишувањеПредмет: Re: Music Idol - Бугариja   Music Idol - Бугариja I_icon_minitimeСаб Мај 16, 2009 2:55 pm

ШЕСТ КАНДИДАТИ ОСТАНУВААТ ВО БОРБАТА
Новиот „идол“ ќе биде избран на осми јуни
Димитар Атанасов, Магдалена Џанаварова, Александар Тарабунов, Преслава Мрвкова, Русина Катарџиева и Бојан Стојков се шесттемина финалисти што остануваат во борбата за големата награда на „Идол“. Името на победникот што ќе потпише професионален договор со продукциската куќа „Вирџинија рекордс“ ќе се дознае на финалето, кое ќе се одржи на осми јуни. На следниот голем концерт в понеделник „идолите“ повторно ќе имаат две задачи. Првата се состои во исполнување популарни песни од светски познати пејачи како Роби Вилијамс, Ријана, Пинк и други, додека за исполнување на втората финалистите повторно ќе треба да настапуваат во дует. Нашите Бојан и Александар ќе се претстават со песна од македонската поп-сцена, а другите четворица ќе исполнуваат песни на бугарски јазик. Деновиве повеќе од 500 песни беа изведени во „Сити центар“ во Софија, каде што сите пријавени за учество во изборот на „Караоке идол на Бугарија“ добија снимка за спомен од сцената на „Музички идол“. Песните беа снимани во периодот од 8 до 14 мај, а вистинските „идоли“ секој ден по неколку часа делеа автограми за своите обожаватели. Притоа, повеќе од 3.000 посетители имаа шанса да се фотографираат со своите миленици од третата сезона на „Музички идол“. Гласањето за изборот на „Караоке идол“ ќе трае до понеделник, на официјалниот сајт на ова музичко шоу, кога исполнувачите со највисок рејтинг ќе добијат награда во вид на МП4 плеер и титулата „Караоке идол на Бугарија“. Викендов натпреварувачите од „Музички идол“ ќе го посетат градот Габрово во северна Бугарија.

http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=4&tabid=1&EditionID=1704&ArticleID=113851
Вратете се на почетокот Go down
batbayan
Модератор
Модератор
batbayan


Број на мислења : 1410
Age : 38
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
Music Idol - Бугариja Left_bar_bleue11 / 10011 / 100Music Idol - Бугариja Right_bar_bleue

Registration date : 2008-06-11

Music Idol - Бугариja Empty
ПишувањеПредмет: Re: Music Idol - Бугариja   Music Idol - Бугариja I_icon_minitimeСаб Мај 23, 2009 2:03 pm

СПОРЕД ФОРУМОТ НА „ИДОЛ“
Бојан, Александар и Магдалена во финале
Александар Тарабунов, Бојан Стојков, Преслава Мрвкова, Русина Катарџиева и Магдалена Џанаварова се петте финалисти кои се уште се во игра за големата награда на „Музички идол“. Тие в понеделник ќе настапат на концертот „Најдоброто од најдобрите“, кога ќе треба да исполнуваат хитови на некои од најголемите светски музички ѕвезди, како Мадона, Кристина Агилера, Мајкл Џексон, Елвис Присли, Мараја Кери и други. На речиси две недели пред крајот на големиот натпревар, шансите за победа на сите учесници им се приближно еднакви. Сепак, фановите на форумите веќе го искажуваат својот став, ги издвојуваат фаворитите, а неизбежно е да се забележи и дека нашите двајца претставници често добиваат голема поддршка од публиката. Така, според официјалниот форум на „Идол“, 44 проценти од гласачите сметаат дека до финалето треба да стигнат Александар, Бојан и Магдалена, 23 проценти гласаат за Бојан, Преслава и за Магдалена, 19 проценти се за Русина, Преслава и за Бојан, осум за Бојан, Магдалена и за Русина, а само шест проценти од гласачите во финалето сакаат да ги видат Александар, Магдалена и Русина.

Поп-хитови од големи ѕвезди


На следниот голем концерт в понеделник Бојан ќе ја изведе „Блуе суеде схоес“ од Елвис Присли, Преслава ќе настапи со „Аин’т но отхер ман“ од Кристина Агилера, Магдалена ќе ја пее „Емотионс“ од Мараја Кери, Русина ќе се претстави со „Схоњ муст го оне“ од групата „Квин“, а Александар ќе ја изведе „Соррѕ сеемс то бе тхе хардест њорд“ од Елтон Џон. Нашите претставници во дует ќе ја испеат „Хит тхе роад јацк“ од Реј Чарлс, а бугарските учесници заедно ќе настапат со „Лике а праѕер“ од Мадона.


http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=1&EditionID=1713&ArticleID=114477
Вратете се на почетокот Go down
batbayan
Модератор
Модератор
batbayan


Број на мислења : 1410
Age : 38
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
Music Idol - Бугариja Left_bar_bleue11 / 10011 / 100Music Idol - Бугариja Right_bar_bleue

Registration date : 2008-06-11

Music Idol - Бугариja Empty
ПишувањеПредмет: Re: Music Idol - Бугариja   Music Idol - Бугариja I_icon_minitimeСаб Мај 30, 2009 3:52 pm

ЕДЕН МАКЕДОНСКИ ПРЕТСТАВНИК ВО ФИНАЛЕ
Бојан успеа да остане до крај
Магдалена Џанаварова, Преслава Мрвкова, Бојан Стојков и Русина Катарџиева се четворицата кандидати што ќе учествуваат во финалето на „Музички идол 3“, кое ќе се одржи на 8 јуни. На големиот концерт в понеделник тие ќе пеат песни од „Битлси“, чијшто аранжман го направи бугарскиот композитор Вели Казасјан, но веќе никој нема да биде елиминиран. На финалето ќе настапуваат четворица, а не тројца кандидати, како што беше предвидено. Последниот учесник што излезе од шоуто беше македонскиот натпреварувач Александар Тарабунов. Во форумот на официјалниот сајт на „Идол“ неговите обожаватели имаа можност да му постават прашања и да му покажат дека го поддржуваат и покрај тоа што не победи. Тој откри дека ќе снима албум во Македонија и во Бугарија, додавајќи дека особено му е мило што ќе сними песна со бугарската пејачка Глорија. Александар смета дека сите имаат еднаква шанса да победат и нема особен фаворит, а во врска со тоа што си замина на само десетина дена пред големото финале, вели дека не е многу разочаран. Всушност, неговата девиза гласи: „Секое лошо за добро е“.

Обожавателите сакаа Александар да победи

Според анкетата на официјалниот сајт, 66 проценти од гласачите сметаат дека Александар треба да победи, 20 се задоволни што беше елиминиран, а 14 проценти сакаат победникот да биде Бугарин.


http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=10&tabid=1&EditionID=1718&ArticleID=114857
Вратете се на почетокот Go down
batbayan
Модератор
Модератор
batbayan


Број на мислења : 1410
Age : 38
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
Music Idol - Бугариja Left_bar_bleue11 / 10011 / 100Music Idol - Бугариja Right_bar_bleue

Registration date : 2008-06-11

Music Idol - Бугариja Empty
ПишувањеПредмет: Re: Music Idol - Бугариja   Music Idol - Бугариja I_icon_minitimeВто Јун 02, 2009 10:37 pm

zajdi zajdi jasno sonce - Aleksandar Tarabunov & Darko Ilievski LIVE ( Music Idol Bulgaria 3) toshe proevski Bulgaria+Macedonia = LOVE

https://www.youtube.com/watch?v=llkh5ToFT_s
Вратете се на почетокот Go down
batbayan
Модератор
Модератор
batbayan


Број на мислења : 1410
Age : 38
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
Music Idol - Бугариja Left_bar_bleue11 / 10011 / 100Music Idol - Бугариja Right_bar_bleue

Registration date : 2008-06-11

Music Idol - Бугариja Empty
ПишувањеПредмет: Re: Music Idol - Бугариja   Music Idol - Бугариja I_icon_minitimeПон Јун 08, 2009 8:31 pm

КРАЈ НА ТРЕТАТА СЕЗОНА НА „МУЗИЧКИ ИДОЛ“
Финален концерт од три дела
Вечерва ќе се одржи големото финале од третата сезона на „Музички идол“. Магдалена Џанаварова, Бојан Стојков, Русина Катарџиева и Преслава Мрвкова за последен пат ќе си ги измерат силите и ќе ги истакнат своите гласовни можности во борбата за престижната награда. Големиот концерт ќе трае три часа и ќе се состои од три дела. Во првиот дел финалистите ќе пеат своја омилена песна, во вториот ќе изведуваат песни со аранжман поинаков од оригиналот, а во третиот дел тие ќе влечат ждрепка за исполнување машка или женска песна. После секој круг ќе излегува по еден финалист и по последниот ќе се знае името на новиот „музички идол“. Од продукциската куќа „Вирџинија рекордс“ открија дека веќе е готова песната за победникот и дека тоа ќе биде балада, во стилот на Џемс Блант. Според анкетата на официјалниот сајт на „Идол“ фаворит е нашиот Бојан со 34 проценти од гласовите, а Русина и Магдалена имаат приближно ист број на гласови. Русина го зазема второто место со 24 проценти, а на Магдалена и припаѓаат 23 проценти од гласовите. Зад нив не заостанува многу ни Преслава, за која гласале 19 проценти од гласачите. Од ова се гледа дека борбата ќе биде тешка, со оглед на тоа што сите останати кандидати можат да се пофалат со извонредни гласовни квалитети, но и со голема самоувереност. Со сигурност може да се каже дека претстои возбудлив финален концерт со многу изненадувања и емоции.


http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=1&EditionID=1725&ArticleID=115305
Вратете се на почетокот Go down
batbayan
Модератор
Модератор
batbayan


Број на мислења : 1410
Age : 38
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
Music Idol - Бугариja Left_bar_bleue11 / 10011 / 100Music Idol - Бугариja Right_bar_bleue

Registration date : 2008-06-11

Music Idol - Бугариja Empty
ПишувањеПредмет: Re: Music Idol - Бугариja   Music Idol - Бугариja I_icon_minitimeСре Jул 15, 2009 4:40 pm

Бојан -"Идол" во "ФХ" во Битола

Ѕвездата на "Идол", Бојан Стојков, утре вечер ќе настапи во битолскиот нокен клуб "ФХ". Бојан по настапот на "Идол", каде го освои второ место е омилен пејач низ домашните дискотеки, па по минатонеделниот настап во Охрид, овој викенд на ред е неговата Битола.
Минатиот четврток во овој клуб настапуваше Верче Пандиловска, а за следниот е закажан настап на Адријан Гаџа. (В.М.)

http://vest.com.mk/?ItemID=FE3F12BB6E51F34B8406AC7B43E7A7F1
Вратете се на почетокот Go down
batbayan
Модератор
Модератор
batbayan


Број на мислења : 1410
Age : 38
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
Music Idol - Бугариja Left_bar_bleue11 / 10011 / 100Music Idol - Бугариja Right_bar_bleue

Registration date : 2008-06-11

Music Idol - Бугариja Empty
ПишувањеПредмет: Re: Music Idol - Бугариja   Music Idol - Бугариja I_icon_minitimeВто Сеп 15, 2009 11:08 am

Сите фанови на Дарко Илиевски на едно место

Од вчера е пуштен во работа единствениот форум на кој можат да се соберат сите фанови на Дарко Илиевски. Момчето кое за краток период успеа да влезе во сите срца – велат обожавателите, и дополнуваат:

Придружете ни се и вие, бидете тие кои први ке ги дознаат сите новости за Дарко и неговата кариера – велат фановите.

Фан Клубот можете да го најдете на оваа следнава адреса: www.darkoilievski.forummk.com.

http://mmm.com.mk/?ItemID=5D4AF04F8BEB684C98DBC26DD8ED0006
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





Music Idol - Бугариja Empty
ПишувањеПредмет: Re: Music Idol - Бугариja   Music Idol - Бугариja I_icon_minitime

Вратете се на почетокот Go down
 
Music Idol - Бугариja
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 2Отиди на страна : 1, 2  Next
 Similar topics
-

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
 :: Забава :: Музика-
Отиди до: