Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeLatest imagesБарајРегистрирајте сеВлез

 

 Антониja Шола говори во интервjу за Тоше

Go down 
2 posters
АвторПорака
batbayan
Модератор
Модератор
batbayan


Број на мислења : 1410
Age : 38
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
Антониja Шола говори во интервjу за Тоше Left_bar_bleue11 / 10011 / 100Антониja Шола говори во интервjу за Тоше Right_bar_bleue

Registration date : 2008-06-11

Антониja Шола говори во интервjу за Тоше Empty
ПишувањеПредмет: Антониja Шола говори во интервjу за Тоше   Антониja Шола говори во интервjу за Тоше I_icon_minitimeПон Сеп 01, 2008 1:55 pm

АНТОНИЈА ШОЛА:


Она што ме привлече кон Македонија беше Тоше!


Секој од нас е единствен. Тоше беше посебен и нема таков што може да го замени. Може да се појави некој нов, но не како него. Треба да сме благодарни што го имаме и тој секогаш ќе живее меѓу нас...


Улогата на Тина во серијата "Забранета љубов", соработката со нашата најголема музичка ѕвезда Тоше Проески и неколкуте големи хита што таа ги направи за него, буквално, преку ноќ на Антонија Шола кај нас и донесоа статус на ѕвезда. Токму затоа и честопати вели: "Во Македонија го имам она што можеби го немам дома во Хрватска". Статусот на ѕвезда и песната посветена на човекот со кого ја врзува одлична соработка и период на убава дружба, пак, и ја донесоа победата на Охрид фест - Охридски трубадури. За соработката со Тоше, идните планови, новиот албум есклузивно за ВЕЧЕР... Одблизу со Антонија Шола...

Македонската публика Те запозна преку "Забранета љубов", следуваше соработката со Тоше Проески, а ете сега те има и на македонските фестивали. Како, всушност, се најде на Охрид фест!?
Антонија: Ме повикаа колегите со кои соработував, инаку ми е чест што сум тука бидејќи секогаш со задоволство доаѓам во Македонија. Секогаш кога имам прилика да дојдам ја користам.

Во една прилика изјави дека тука се чувствуваш убаво, можеш да црпиш енергија и се чувствуваш како дома, а ете немаш никаква врска со Македонија?
Антонија: Тоше беше најсилната врска, не можам да кажам дека нешто друго е во прашање. Моите родители во младоста поминувале доста денови во Охрид, татко ми бил тука во војска, но тоа не е главната причина. Она што најмногу ме привлече кон Македонија беше Тоше.

Дали можеби тоа што соработуваше со него придонесе публиката да те гледа поинаку, да те сфати посериозно?
Антонија: Сигурно на овие простори да, затоа што Тоше ми отвори голема врата. Колку јас можев за него во Хрватска, тој за мене можеше десетпати повеќе тука. А тука, да бидам искрена, мене ми е убаво. Драги ми се луѓето, јазикот, се ме потсетува на Тоше затоа и можеби сум малку субјективна кон се тука.

Да се вратиме на твојата работа, што се случува со македонскиот албум?
Антонија: Албумот е готов само не брзаме да го пласираме. Ми беше важно да го отпеам на македонски, а ќе видиме кога ќе се појави. Не сакам да најавувам големи работи додека не бидат. Паралелно во ноември треба да се појави и хрватскиот албум.

Чинам дека е снимена последната сезона од "Забранета љубов", дали е на повидок нов актерски ангажман?
Антонија: Засега не. Четири години бев дел од серијата која заврши пред почетокот на летово, па сега до некоја можеби посериозна улога не би сакала да одам во нова.

Колку Антонија е слична со Тина?
Антонија: Воопшто. Можеби кога бев помлада имав некои сличности, како и сите тинејџери и јас бев тврдоглава, но сега не.

Веќе подолго време во врска си со Лука, па со оглед на тоа дека и живеете под ист покрив дали можеби на повидок е озаконување на врската?
Антонија: Ха, ха, ха... Тоа ќе морате да го прашате Лука. Верувам дека мажот треба да биде главен и да ја донесе таа одлука. Се и препуштам на судбината. Иако мислам дека хартијата не е гаранција за среќа, сепак сум традиционална и би сакала еден ден врската да заврши со брак.

Лука наедно е и твој менаџер, колку ти помага во работата?
Антонија: Многу, непрегледно многу. Без него нема ништо да направам, тој е пресуден за мојата работа. Одлучува за многу нешта и без него сум изгубена и не знам како да го почнам или завршам денот. Тој ми прави распоред, па јас само пеам и пишувам песни.

По професија е адвокат како успева да се снајде во светот на музиката?
Антонија: Неговата мајка беше менаџерка и директорка на Концертната дирекција на Хрватска, па тој веројатно со оглед на тоа дека растел со таа нејзина професија добро се снајде. Да морам се сама да правам, веројатно, би плачела секој втор ден. Без него ме нема ниту мене.

Како се бориш против трачевите, озборувањата?
Антонија: Едноставно, најдов добар рецепт за тоа. Одбегнувам места на кои не сум потребна или не е неопходно да ме има, не доаѓам на фестивали на кои немам свои ангажмани или на промоции на кои не сум потребна и одбегнувам колку што можам жолт печат. Лука се филтрира.

Што мислиш за твоите колешки кои преферираат да ги покажуваат гаќичките, деколтеата?
Антонија: Па замислете да ги нема тие?! Убаво е да си види убава жена, ако е тоа до некаде сепак пристојно. Некојпат има комбинација од таленти, па се има смисла и во тој случај немам против. Секој има право на свој избор.

Добро ти си убава, талентирана и згодна актерка и пејачка, па би се сликала ли гола за одредена сума на пари?
Антонија: Баш гола не, не... Можеби нешто фино, онака во бикини и не предизвикувачко, туку убаво. Колку сум постара гледам дека младешката доза на хормони, поради која можеби некогаш сум правела малку провокативни сесии, сега ја нема.



http://www.vecer.com.mk/?ItemID=9962933ADDD0A14CB877C5C202B76459
Вратете се на почетокот Go down
bibe_tose
Член
Член
bibe_tose


Број на мислења : 614
Репутација :
Антониja Шола говори во интервjу за Тоше Left_bar_bleue5 / 1005 / 100Антониja Шола говори во интервjу за Тоше Right_bar_bleue

Registration date : 2008-04-20

Антониja Шола говори во интервjу за Тоше Empty
ПишувањеПредмет: Re: Антониja Шола говори во интервjу за Тоше   Антониja Шола говори во интервjу за Тоше I_icon_minitimeПон Сеп 01, 2008 10:33 pm

ti blagodaram batbayan za intevjuvo Антониja Шола говори во интервjу за Тоше 883360 Антониja Шола говори во интервjу за Тоше 93171
Вратете се на почетокот Go down
 
Антониja Шола говори во интервjу за Тоше
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1
 Similar topics
-

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
 :: Општо :: Се останато во врска со Тоше-
Отиди до: