HomeПрашања/ОдговориБарајЧленовиЧленски групиРегистрирајте сеВлез

Share | 
 

 The Hardest Thing --- PROMOCIJA

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down 
Отиди на страна : Previous  1, 2, 3, 4  Next
АвторПорака
stefi_18
Член
Член
avatar

Број на мислења : 628
Age : 27
Локација : Makedonija
Репутација :
0 / 1000 / 100

Registration date : 2008-10-20

ПишувањеПредмет: Re: The Hardest Thing --- PROMOCIJA   Вто Дек 30, 2008 3:44 pm

За петте албуми на Тоше ќе одлучува семејството!


Продуцентската куќа Аворд Ентертејмент и менаџерката на легендарниот Тоше Проески – Љиљана Петровиќ, од 1. јануари 2009-та година ги отстапуваат издавачките права за албумите: Ако ме погледнеш во очи (2002), Ден за нас (2004), По тебе (2005), Божилак (2006) и Игри без граници (2007) - на семејството Проески.

Тоа значи дека веќе од задутре сите ингеренции врз петте албуми на Тоше ќе ги има семејството, кое ќе може понатаму да ги издава, реиздава, отстапува, продава на другите издавачки куќи во регионот и подалеку...

Со ова не се прекинати контактите со семејството – велат од продукцијата Аворд, и напомнуваат дека единствено што во новонастанатата ситуација е направено е дадена согласност семејството Проески само да решава за судбината на споменативе материјали, оти се тие единствените наследници на делото на Тоше.

Би сакала семејството да оформи нова издавачка куќа, која би се викала Angels music, под чии закрила би биле повторно реиздавани албумите на Тоше, кои толку многу ги сакаат фановите – вели менаџерката Петровиќ.

Дали по стапките на продукцијата Аворд Ентертејмент и менаџерката Петровиќ, кои се максимално коректни и пред се човечки, ќе тргне и продукцијата Авалон, која ги објави првите албуми на Тоше – Некаде во ноќта (1999) и Синот Божји (2000 година), и ќе им ги отстапи издавачките права на семејството, останува да видиме?!
Ова е, секако, пример кој треба да се следи!

На средба со новинарите, на која беше присатен и зетот на Тоше - Славен, како и внукот Кристијан, беше истакнато дека вчера, на роденденот на Кристијан, како подарок од Лондон му пристигна конечната снимка на тема My Little One, која тој ја отпеал со својот легендарен вујко. Композиторот Енди Рајт, кој на оваа тема работел заедно со Тоше, а го напишал и аранжманот, му ја подарува снимката на Кристијан, и му ги отстапува правата да располага со неа.

Англискиот албум на Тоше Проески – The Hardest Thing, како што беше најавено, ќе биде објавен на неговиот роденден – 25. јануари 2009-та година.

И, уште нешто. Фановите на Тоше, кои исто така беа дел од оваа прес-конференција, ја претставија посветата која своерачно ја напишал хрватскиот пејач Оливер Драгојевиќ. Таа, врамена, ќе биде однесена во Крушево, на вечното почивалиште на Тоше.

Се уште се сеќавам на еден прекрасен ручек, на кој со мене и со Тоше беше и Оливер Драгојевиќ со неговото семејство. Оливер многу го почитуваше Тоше, и обратно, а во план беше да снимат и дует - објасни Љиљана Петровиќ.


mmm.com.mk
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
batbayan
Модератор
Модератор
avatar

Број на мислења : 1410
Age : 31
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
11 / 10011 / 100

Registration date : 2008-06-11

ПишувањеПредмет: Re: The Hardest Thing --- PROMOCIJA   Сре Дек 31, 2008 5:40 pm

ПРАВАТА ЗА ИЗДАВАЊЕ НА АЛБУМИТЕ НА МЕГАSВЕЗДАТА ГИ ИМА СЕМЕЈСТВОТО ПРОЕСКИ
Внукот на Тоше за роденден доби песна од англиски продуцент
Англискот продуцент Енди Рајт, на внукот на Тоше, Кристијан за 11-тиот роденден му подари песна. "Оваа песна ја напиша твојот вујко, а аранжманот го направив јас. За жал, песната нема текст и Тоше никогаш не ја испеја. Се надевам дека ти тоа ќе го ст



Англискот продуцент Енди Рајт, на внукот на Тоше, Кристијан за 11-тиот роденден му подари песна. "Оваа песна ја напиша твојот вујко, а аранжманот го направив јас. За жал, песната нема текст и Тоше никогаш не ја испеја. Се надевам дека ти тоа ќе го сториш место него кога ќе бидеш доволно возрасен", вели продуцентот во писмото што му го пратил на Кристијан од Лондон завчера.
И "Аворд продукција", тимот кој работеше со трагично загинатата поп-sвезда се надева дека внукот ќе ја наследи работата на вујкото. На вчерашната прес конференција и Новогодишен коктел во продукцијата, менаџерката Љиљана Петровиќ и "Аворд" објавија дека правата за издавање на англискиот албум на Тоше "Најтешкото тешко" ("Тхе хардест тхинг") целосно му ги препуштаат на семејството Проески. Семејството на Тоше ги добива правата и за реиздавање на петте последни албуми на Проески: "Ако ме погледнеш во очи", "По тебе", "Божилак", "Игри без граници" како и ДВД изданието "Тоше во живо во белградската Арена".
- Јас предлагам семејството да основа нова продуцентска куќа, која би се викала "Ејнџл мјузик" , за тоа што музиката секогаш ја поврзувам со ангелите. Ова не значи дека јас и "Аворд продукција" се откажуваме од ликот и делото на Тоше. Ние секогаш ќе бидеме тука морално и на секој друг начин да му помогнеме на семејството", рече Љиљана Петровиќ. Таа додаде дека од сите издавачки куќи во поранешна Југославија за кои Тоше снимал добила телеграми со подршка за идејата.
Зетот на Тоше, Славен Ристоски го прифати предлогот на Петровиќ и се заблагодари во името на најблиското семејство.
Англискиот албум на Тоше ќе биде прмовиран на 25 јануари, денот кога е родена поп-sвездата, во хотелот "Александар палас" со многу гости.
(М.Џ.)
Фото: Г.Чочков

***

Оливер Драгоевиќ жали што не снимил песна со Тоше

Три девојки од фан клубот на Тоше од Сплит, дојдоа во Македонија за да ја пречекаат Новата година во Крушево. Обожавателките на музиката на Проески на вчерашниот прес донесоа порака од хрватскиот легендарен кантавтор Оливер Драгоевиќ.
- Тоше, жал ми е што никогаш не снимивме дует. Оливер", пишува на сликата на која е измонтирана заедничка фотографија на Тоше и на Оливер. Обожавателките открија дека 10 дена го барале Драгоевиќ низ целиот Сплит, и на крајот го начекале на вечера во еден ресторан. Љиљана Петровиќ додаде дека Тоше и Оливер договориле дует кој за жал никогаш не го снимиле.


http://vest.com.mk/default.asp?id=161593&idg=8&idb=2563&rubrika=Revija

_________________


Тој е горе во височините каде што и секогаш беше. Се наоѓа во темнина. Темнината сме ние, фановите кои чуваме една голема темнина во срцата, бидејќи него повеќе го нема. А на небото има само една сјајна звезда - Тоше, единствена сјајна ѕвезда која секогаш ќе остане да сјае
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
batbayan
Модератор
Модератор
avatar

Број на мислења : 1410
Age : 31
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
11 / 10011 / 100

Registration date : 2008-06-11

ПишувањеПредмет: Re: The Hardest Thing --- PROMOCIJA   Чет Јан 01, 2009 10:59 pm

„АВОРД“ ГИ ПРЕНЕСЕ ИЗДАВАЧКИТЕ ПРАВА

Семејството Проески целосен заштитник на делото на Тоше

Од продукцијата велат дека гестот не значи оти се откажуваат од ликот и делото на Тоше и дека и во иднина ќе му помагаат на семејството


На семејството му се предаваат правата за албумите „Ако ме погледнеш во очи“, „Ден за нас“, „По тебе“, „Игри без граници“, „Божилак“

Продуцентската куќа „Аворд ентертејмент“ се откажа од издавачките права што ги имаше на албумите на Тоше Проески и комплетно ги предаде на семејството на Тоше. На вчерашната прес-конференција, генералниот директор Сашо Митков и менаџерката Лилјана Петровиќ и официјално му ги предадоа документите на Славен Ристевски, зетот на Тоше. Семејството понатаму ќе има можност на свој начин, како што мислат дека е најдобро, да ги преиздаваат албумите - изјави Сашо Митков.

ИСПОЛНЕТА УШТЕ ЕДНА ЖЕЛБА

Лилјана Петровиќ, која своевремено се одрече од некои издавачки права во името на светската кариера на Тоше, вели дека ова е одличен гест на „Аворд“. На семејството Проески му се предаваат правата за сите пет албуми, „Ако ме погледнеш во очи“, „Ден за нас“, „По тебе“, „Игри без граници“, „Божилак“. Моето мислење е дека еден ден кога Кристијан ќе порасне, тој ќе го одржува сето ова, како и ликот и делото на Тоше Проески. Би сакала да додадам дека добивме телеграми со поддршка од сите наши издавачки куќи со кои соработувавме и со кои имаме договори. Тие ни даваат поддршка и истакнуваат дека ќе продолжат да соработуваат со семејството на начин на кој досега го правеле со „Аворд“.Од „Аворд“ истакнаа дека овој гест не значи дека тие се откажуваат од ликот и делото на Тоше и дека и во иднина ќе продолжат да му помагаат на семејството Проески, кога ќе треба.

- Не сметајте дека со ова сме се откажале од Тоше, ние и понатаму ќе се бориме достоинствено да се одржува неговиот лик и дело. На Кристијан сите ќе му помагаме и јас сум убедена дека еден ден тој ќе го наследи сето ова и дека најдобро ќе го работи. Тоше го обожаваше своето семејство, живееше за нив и за Крушево, со ова сметам дека му исполнуваме уште една желба - вели Петровиќ.

НА 25 ЈАНУАРИ ЌЕ ГО ОБЈАВАТ АЛБУМОТ

Од „Аворд“ објаснија дека кога во 2010 година ќе излезе албумот на Тоше на странскиот пазар, како што стои во договорот со англиската продуцентска куќа, тогаш авторските права исто така ќе се пренесат на семејството Проески. Славен Ристевски, зетот на Тоше, изјави дека од „Аворд“ го одржале ветувањето, и дека е во план семејството да отвори своја издавачка куќа.

- Се надеваме дека ќе направиме продукција и издавачка куќа што ќе се грижи за авторските права на албумите и на сите следни проекти.Лилјана на Славен му сугерираше таа продукција да се вика „Ејнџел мјузик“, бидејќи музиката секогаш е поврзана со ангелите и дека таа секогаш ќе биде тука да им помага. На 25 јануари 2009 година, на роденденот на Проески, во хотелот „Александар палас“ ќе се случи официјална промоција на албумот The Hardest Thing. Тогаш ќе биде прикажан и документарен филм за животот и кариерата на Тоше. Промоција на албумот ќе има и во сите бивши југословенски републики, а во текот на 2010 година ќе доживее и светска промоција.

Кристијан доби песна од Тоше и од Енди Рајт

Внукот на Тоше, Кристијан, кој на 29 декември го прослави 11. роденден, доби специјален подарок од англискиот композитор Енди Рајт, со кого Тоше го работеше англискиот албум. Се работи за песна што Енди и Тоше ја работеле заедно, а не е објавена и тој сега му ја испратил на Кристијан, за еден ден тој да ја отпее. Автор на музиката е Тоше, а аранжманот го работел Енди. За жал, Тоше не успеа да ја испее оваа песна, која нема текст, но е прекрасна и се надевам дека Кристијан ќе ја испее еден ден - вели Петровиќ.

_________________


Тој е горе во височините каде што и секогаш беше. Се наоѓа во темнина. Темнината сме ние, фановите кои чуваме една голема темнина во срцата, бидејќи него повеќе го нема. А на небото има само една сјајна звезда - Тоше, единствена сјајна ѕвезда која секогаш ќе остане да сјае
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
batbayan
Модератор
Модератор
avatar

Број на мислења : 1410
Age : 31
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
11 / 10011 / 100

Registration date : 2008-06-11

ПишувањеПредмет: Re: The Hardest Thing --- PROMOCIJA   Саб Јан 10, 2009 11:42 am

Англискиот албум на Тоше во 150.000 примероци

Првиот тираж од долгоочекуваниот англиски албум на Тоше Проески, The Hardest Thing, за пазарите во Македонија, Србија, Хрватска, Словенија и во Босна и Херцеговина ќе се испечати во околу 150.000 примероци. Истиот во Македонија ќе биде промовирана на 25 јануари, роденденот на Тоше, во хотелот Александар палас, а за датумите на промоциите во останатите земји се уште се одлучува.

Славен Ристевски, зетот на Тоше, истакнува дека семејството се уште размислува за начинот на кој ќе се организира целиот настан, како и за тоа дали во сите земји ќе биде промовиран на ист датум. Засега е сигурен само датумот за промоцијата во Македонија, пренесува Дневник.

Точна бројка за тиражот на he Hardest Thing од сите издавачки куќи што ќе го објават во останатите земји ќе имаме за една недела. Но, тоа сигурно ќе биде околу 150.000 примероци, што се однесува до првичното печатење. Наскоро ќе се знаат сите детали околу промоциите - вели Ристевски.

Песните од албумот со кој планираше да го освојува светскиот пазар, Тоше ги снимаше во Јамајка, Лондон, Ирска и во Стокхолм, а ги работеше со англискиот композитор Енди Рајт. Албумот ќе ги содржи насловната нумера, дуетот со неговиот внук Кристијан, My Little One, како и дуетот со италијанската дива Џана Нанини, Арија, што веќе и се добро познати на јавноста, заедно со необјавените песни.

Хрватскиот Т-портал вчера објави информација дека тиражот на англискиот албум на Тоше ќе се испечати во 120.000 примероци.

Албумот Игра без граница во Хрватска и во 2008. година одлично се продаваше, а според тиражот се најде на 7-то место на топ-листа за лиценцни изданија.


http://mmm.com.mk/?ItemID=FAAFB3E9C509494BB79871C4BBD12D71

_________________


Тој е горе во височините каде што и секогаш беше. Се наоѓа во темнина. Темнината сме ние, фановите кои чуваме една голема темнина во срцата, бидејќи него повеќе го нема. А на небото има само една сјајна звезда - Тоше, единствена сјајна ѕвезда која секогаш ќе остане да сјае
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
Tanja
Член
Член
avatar

Број на мислења : 593
Age : 29
Локација : Skopje, Makedonija
опис: : TOSE TE SAKAME I KE TE SAKAME ZASEKOGAS!
Репутација :
2 / 1002 / 100

Registration date : 2008-06-06

ПишувањеПредмет: Re: The Hardest Thing --- PROMOCIJA   Пон Јан 12, 2009 2:24 pm

ПРВ ТИРАЖ ОД ОЧЕКУВАНИОТ ДИСК
Англискиот албум на Тоше во повеќе од 100.000 примероци

Првиот тираж од долгоочекуваниот англиски албум на Тоше Проески, „Тхе хардест тхинг“, за пазарите во Македонија, Србија, Хрватска, Словенија и во Босна и Херцеговина ќе се испечати во околу 150.000 примероци. Истиот во Македонија ќе биде промовиран на 25 јануари, на роденденот на Тоше, во хотелот „Александар палас“, а за датумите на промоциите во другите земји се уште се одлучува. Славен Ристевски, зетот на Тоше, истакнува дека семејството се уште размислува за начинот на кој ќе се организира целиот настан, како и за тоа дали во сите земји ќе биде промовиран на ист датум. Засега е сигурен само датумот за промоцијата во Македонија. - Точната бројка за тиражот на „Тхе хардест тхинг“ од сите издавачки куќи што ќе го објават во другите земји ќе биде објавена за околу една недела. Но, тоа најверојатно ќе биде околу 150.000 примероци, што се однесува до првичното печатење. Наскоро ќе бидат познати сите детали во врска со промоциите - вели Ристевски. Песните од албумот со кој планираше да го освојува светскиот пазар, Тоше ги снимаше во Јамајка, Лондон, Ирска и во Стокхолм, а ги работеше со англискиот композитор Енди Рајт. Албумот ќе ги содржи насловната нумера, дуетот со неговиот внук Кристијан, „Мѕ литтле оне“, како и дуетот со италијанската дива Џана Нанини, „Ариа“, што веќе и се добро познати на јавноста, заедно со необјавените песни.

http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=7&tabid=1&EditionID=1595&ArticleID=105411
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://www.tose-mk.forumakers.com
Tanja
Член
Член
avatar

Број на мислења : 593
Age : 29
Локација : Skopje, Makedonija
опис: : TOSE TE SAKAME I KE TE SAKAME ZASEKOGAS!
Репутација :
2 / 1002 / 100

Registration date : 2008-06-06

ПишувањеПредмет: Re: The Hardest Thing --- PROMOCIJA   Пон Јан 12, 2009 2:33 pm

Пристигнува англискиот албум на Тоше


Англискиот албум на Тоше Проески, насловен „Тхе хардест тхинг“, ќе биде со првичен тираж од 150.000 примероци, а ќе излезе на неговиот роденден, на 25 јануари, пренесува порталот „Македонска музичка мрежа“.
Албумот е за пазарите во Македонија, Србија, Хрватска, Словенија и во Босна и Херцеговина. Во земјава ќе биде промовиран во хотелот „Александар палас“.
Српскиот весник „Блиц“ објави дека цедето ќе се најде во продажба во земјите во регионов на ист датум, додека во Европа ќе биде објавен до летово. Заедно со излегувањето на албумот, премиерно ќе биде емитуван и документарен филм, кој ќе прикажува како се снимале песните во студија во Ирска, Лондон, Стокхолм, Јамајка.
„Блиц“ пренесува и за одлуката на менаџерката на Тоше, Лилјана Петровиќ, која неодамна сите права за албумите и за дивидијата на пејачот ги пренесе на неговите родители.
- Сите издавачки куќи ја поддржаа иницијативата на Петровиќ, но засега ниту една не се одрече од својот дел од заработката во корист на семејството на Проески - пишува „Блиц“.
Песните од албумот со кој планираше да го освојува светскиот пазар, Тоше ги работеше со англискиот композитор Енди Рајт. Албумот ќе ги содржи насловната нумера, дуетот со неговиот внук Кристијан, „Мѕ Литтле Оне“, како и дуетот со италијанската дива Џана Нанини, „Ариа“, кои веќе и се добро познати на јавноста, заедно со необјавените песни.
Обвивката на новото цеде ја избраа фановите на Тоше од шест републики од регионов, а беа понудени четири решенија. Фановите ја избраа фотографијата во сини тонови, со ликот на пејачот во преден план, а во заднина се гледа Крушево ноќе, од каде што симболично се истакнува една најсјајна ѕвезда.

http://www.spic.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=4&tabid=1&EditionID=747&ArticleID=29402
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://www.tose-mk.forumakers.com
stefi_18
Член
Член
avatar

Број на мислења : 628
Age : 27
Локација : Makedonija
Репутација :
0 / 1000 / 100

Registration date : 2008-10-20

ПишувањеПредмет: Re: The Hardest Thing --- PROMOCIJA   Сре Јан 14, 2009 4:17 pm

14. јануари 2009.


Од CD-то Тоше Проески – Хитови, средствата од продажбата одат за семејството






Деновиве, долж продажната мрежа на Македонија, по цена од 120 денари, се појави CD-то Тоше Проески – Хитови, во издание на белградската дискографска куќа Хај-Фај центар. Се работи за колекција составена од 20 песни снимени во живо, на концертот на Тоше во сараевска Скендерија, одржан во 2006-та година.

Всушност, концертот оригинално беше објавен на DVD во издание на продукцијата при националната телевизија на Босна и Херцеговина, а целиот приход беше наменет за хуманитарни цели.

Останува енигма дали српската продукција Хај-Фај центар ги откупи правата за концертот од Босанците, дали Босанците можеа некому легално да продадат право за издавање на материјалот, и дали воопшто Хај-Фај има валидни издавачки права за ова издање?

Како и да е, со оглед дека во кариерата на Тоше не фигурираше ниту еден албум снимен во живо, објавен официјално, продукцијата Аворд Ентертејмент, за која Тоше сними пет албуми, денес испрати допис врзан за споменатово издание:

Во врска со изданието на Hi-fi centar Тоше Проески - Хитови, би сакале да ви појасниме неколку работи како не би дошло до забуна:

Аворд доо и Hi-fi centar се договорија проблемот во врска со предметното издание да го решат во вон судска постапка. Заедно со семејството Проески, договорено е поради емотивни причини веќе испечатената количина да не се уништува, а средствата кои припаѓаат се пренасочени кон семејството Проески – стои во соопштението.

http://www.mmm.com.mk/?ItemID=218E620E8F121F4EA1979B65273FE680
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
cherry
Администратор
Администратор
avatar

Број на мислења : 1127
Age : 36
Локација : Далеку од тебе
Репутација :
6 / 1006 / 100

Registration date : 2008-05-02

ПишувањеПредмет: Re: The Hardest Thing --- PROMOCIJA   Вто Јан 20, 2009 6:29 am

ВО ПРЕСРЕТ НА ПРОМОЦИЈАТА НА "THE HARDEST THING"

Мирослав Рус открива уште еден хит на Тоше

25 јануари - денот кога Тоше Проески требаше да го прослави својот 28. роденден е резервиран за промоцијата на постхумното издание "The Hardest thing" или материјалот кој требаше да му го овозможи посакуваниот пробив на светскиот музички пазар. Уште најавена е и промоција на документарниот филм посветен токму на снимањето на албумот. Хрватската промоција, според информациите од тамошните издавачи на Проески Хит рекордс, ќе се случи два дена по скопската на 27-ми, додека, пак, на 26 февруари е онаа во Белград.

За рекордерот по однос на бројот на продадени албуми во Хрватска, освен датумот за промоција еден од првите луѓе на Хит рекордс Мирослав Рус открива уште една тајна. Авторот на темата "Игри без граници" од истоимениот албум на Тоше открива дека во својот сеф има уште една негова песна. Темата со наслов "Се уште сонувам дека сме заедно" според косопственикот на Хит рекордс е потенцијален хит и не е ниту грам послаба од "Игри без граници". Рус открил и дека се уште не знае што ќе прави со песната, бидејќи го чека вистинскиот момент. Музиката и текстот се негови, а аранжманот е дело на Никша Братош. Рус верува дека песната ќе биде најголем постхумно издаден хит на хрватски јазик на Тоше.


ЕНДИ РАЈТ ЗА ТОШЕ И НОВИОТ АЛБУМ:
Тоше имаше и глас и стас!

Дел од екипата задолжена за реализацијата на албумот беше и продуцентот Енди Рајт кој за Тоше вели: "Имаше харизма поради која луѓето и го сакаа. Беше квалитетна личност, на која не и најдов маани. Имаше прекрасен глас и стас, имаше се", рекол Рајт со жалење што Тоше никогаш нема да може концертно да го промовира албумот. Тоше и Рајт се запознале преку британскиот композитор и продуцент Брајан Тејлор, а заедно на Јамајка снимија четири од песните сместени на албумот - Beautiful For Me, Glide, Separate Way и Forever.

www.vecer.com.mk
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://tose-mk.forumakers.com
cherry
Администратор
Администратор
avatar

Број на мислења : 1127
Age : 36
Локација : Далеку од тебе
Репутација :
6 / 1006 / 100

Registration date : 2008-05-02

ПишувањеПредмет: Re: The Hardest Thing --- PROMOCIJA   Вто Јан 20, 2009 6:31 am

Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://tose-mk.forumakers.com
Tanja
Член
Член
avatar

Број на мислења : 593
Age : 29
Локација : Skopje, Makedonija
опис: : TOSE TE SAKAME I KE TE SAKAME ZASEKOGAS!
Репутација :
2 / 1002 / 100

Registration date : 2008-06-06

ПишувањеПредмет: Re: The Hardest Thing --- PROMOCIJA   Вто Јан 20, 2009 2:28 pm

ВО КИНОСАЛИТЕ НИЗ ПОРАНЕШНА ЈУГОСЛАВИЈА
Пет промоции на англискиот албум и на документарецот за Тоше

http://www.vest.com.mk/default.asp?id=162288&idg=9&idb=2577&rubrika=%40ivot

http://www.mmm.com.mk/?ItemID=85725026AA0ABB4AB2E637F8EC97CD8A


Последната промена е направена од Tanja на Вто Јан 20, 2009 3:01 pm. Мислењето е променето 1 пати
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://www.tose-mk.forumakers.com
Tanja
Член
Член
avatar

Број на мислења : 593
Age : 29
Локација : Skopje, Makedonija
опис: : TOSE TE SAKAME I KE TE SAKAME ZASEKOGAS!
Репутација :
2 / 1002 / 100

Registration date : 2008-06-06

ПишувањеПредмет: Re: The Hardest Thing --- PROMOCIJA   Вто Јан 20, 2009 2:51 pm

Енди Рајт: Тоше немаше маана

Тоше имаше харизма поради која сите го сакаа. Тој беше извонреден уметник, но и исклучително квалитетна личност, совршен глас и става. И колку некој да се обидуваше, не можеше да му најде маана. Имаше с?, вели британскиот продуцент Енди Рајт за нашата музичка легенда Тоше Проески во интервју за „Слободна Далмација“. Неговиот албум на англиски јазик, насловен „The Hardest Thing“, кој го продуцира Рајт, во продажба ќе се појави за пет дена, на 25 јануари, односно на роденденот на трагично загинатиот пејач.

Енди Рајт во својата успешна кариера соработувал со големи светски ѕвезди, меѓу кои и „Симпли ред“, Ени Ленокс, Лучијано Павароти, Бритни Спирс и Том Џоунс. Познатиот продуцент во интервјуто се присетува на почетоците на соработката со македонската мегаѕвезда Тоше, употребувајќи само суперлативи за него. Меѓутоа, Рајт изразува и страв во врска со промоцијата на албумот на светскиот пазар, зашто таа секако би била подобра кога Тоше би можел во живо да ги изведе своите песни.

- Со сиот страв да не се изразам погрешно, морам да кажам дека најголемиот проблем во поглед на промоцијата на албумот е токму неговата трагична смрт. Албумот „The Hardest Thing“ е фантастичен и сигурен сум дека луѓето ќе го обожаваат, но без живиот глас на Тоше, с? ќе биде многу потешко. Кога тој би бил жив, албумот без сомнение ќе беше вистински хит во светот, но и во оваа ситуација му предвидувам голем успех. Проески ќе продолжи да живее низ своите песни - вели Рајт.

Тој неодамна најави и можност за снимање уште еден албум во чест на Тоше со неговите недовршени песни, на кој би требало да гостуваат големите музички имиња со кои соработувал.

Тоше и Рајт првпат се сретнаа во 2006 година во Лондон, преку британскиот композитор и продуцент Брајан Тајлер, кој ги покани во куќата на својот татко на Јамајка, за да се обидат да остварат соработка. Веќе во почетокот на 2007 година нашата ѕвезда допатува во Кингстон. Резултат на таа соработка се четири песни „Beautiful For Me“, „Separate Way“, „Glide“ и „Forever“, за кои и двајцата ги потпишуваат и музиката и стиховите.

http://www.novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=12&tabid=2&fCat=1&top=1&EditionID=294&ArticleID=16055
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://www.tose-mk.forumakers.com
stefi_18
Член
Член
avatar

Број на мислења : 628
Age : 27
Локација : Makedonija
Репутација :
0 / 1000 / 100

Registration date : 2008-10-20

ПишувањеПредмет: Re: The Hardest Thing --- PROMOCIJA   Вто Јан 20, 2009 3:26 pm

Најавен нов албум за Тоше Проески






Британскиот продуцент Енди Рајт, кој соработуваше со Тоше Проески на англискиот албум „The Hardest Thing” , најави смимање на трибјут албум во чест на прерано загинатата балканска ѕвезда. Како што дознава српскиот весник „Blic“ на албумот би требало да гостуваат големи свестски музички ѕвезди кои соработувале со Рајт, како Ени Ленокс, Натали Имбрулија. Дејвид Боуви, Том Џонс, Simply Red.

Долгоочекуваниот англиски албум на Тоше ќе излезе во продажба на 25 јануари, на денот кога тој требаше да наполни 28 години, а ќе се продава во сите земји од поранешна Југославија.






Неколку песни од албумот беа снимани и во Јамајка, каде пред две години Тоше и Енди Рајт поминаа работно лето и снимија пет песни, „Beautiful For Me”, „Glide”, „Separate Way”, „The Hardest Thing“ и „Forever”.

- Мене лично најмногу ми се допаѓа песната „Beautiful For Me” бидејќи заедно со Тоше ја напишавме дента кога се запознавме. Таа на некој начин го означи почетокот на нашето пријателство, па поради тоа сум посебно врзан за таа песна, изјави Рајт.

Рајт е потполно сигурен дека Тоше ќе беше светска ѕвезда, бидејќи имал потенцијал и харизма.

- Тоше го имаше „она нешто“, кое не може да се опише. Тој беше врвен уметник, едноставно кај него сите коцки беа поклопени. Беше само прашање на време кога тој ќе ја добиеше среќната шанса за пробив на светскиот пазар. Тоше имаше харизма заради која луѓето го сакаа, колку и да се трудеа некои да му најдат мана, не успеаја во тоа. Имаше се за да биде голема светска ѕвезда, заклучи Рајт.

Познатиот продуцент смета дека албумот „The Hardest Thing“ ќе стекне голема популарност, а Тоше постхумно ќе стане интернационална ѕвезда.












- Постојат големи шанси за тоа. Неговата приказна треба убаво да се раскаже. Заради тоа контактирав со двајца пријатели кои работат во британските весници да направат приказна со која ќе го доближат до луѓето од Европа. Планирам да направам и трибјут албум во чест на Проески на кој недовршените негови песни ќе ги отпеат познати светски музичари, додаде Рајт.


http://www.idividi.com.mk/zabava/Showbiz/498643/index.html
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
batbayan
Модератор
Модератор
avatar

Број на мислења : 1410
Age : 31
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
11 / 10011 / 100

Registration date : 2008-06-11

ПишувањеПредмет: Re: The Hardest Thing --- PROMOCIJA   Вто Јан 20, 2009 5:01 pm


_________________


Тој е горе во височините каде што и секогаш беше. Се наоѓа во темнина. Темнината сме ние, фановите кои чуваме една голема темнина во срцата, бидејќи него повеќе го нема. А на небото има само една сјајна звезда - Тоше, единствена сјајна ѕвезда која секогаш ќе остане да сјае
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
emi
Член
Член
avatar

Број на мислења : 86
Локација : skopje
Репутација :
0 / 1000 / 100

Registration date : 2008-06-21

ПишувањеПредмет: Re: The Hardest Thing --- PROMOCIJA   Вто Јан 20, 2009 11:52 pm

dali go gledavte videoto za tose na tocka.com.mk
soncenceeeeeeeeeeee kolku ubavo zbori
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
batbayan
Модератор
Модератор
avatar

Број на мислења : 1410
Age : 31
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
11 / 10011 / 100

Registration date : 2008-06-11

ПишувањеПредмет: Re: The Hardest Thing --- PROMOCIJA   Сре Јан 21, 2009 11:59 am

Благодарам за бдителността. Ке се постараа да гледам по - внимателно

_________________


Тој е горе во височините каде што и секогаш беше. Се наоѓа во темнина. Темнината сме ние, фановите кои чуваме една голема темнина во срцата, бидејќи него повеќе го нема. А на небото има само една сјајна звезда - Тоше, единствена сјајна ѕвезда која секогаш ќе остане да сјае


Последната промена е направена од batbayan на Сре Јан 21, 2009 4:54 pm. Мислењето е променето 1 пати
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
Tanja
Член
Член
avatar

Број на мислења : 593
Age : 29
Локација : Skopje, Makedonija
опис: : TOSE TE SAKAME I KE TE SAKAME ZASEKOGAS!
Репутација :
2 / 1002 / 100

Registration date : 2008-06-06

ПишувањеПредмет: Re: The Hardest Thing --- PROMOCIJA   Сре Јан 21, 2009 2:08 pm

НА 25 ЈАНУАРИ, СО ПРОМОЦИЈАТА НА АНГЛИСКИОТ АЛБУМ

Документарецот за Тоше премиерно во Домот на АРМ

По скопската премиера, албумот The hardest thing и филмот ќе бидат презентирани во сите поранешни ју-републики


Дел од документарецот е снимен за време на престојот на Тоше во Јамајка и во Лондон, каде што го снимаше англискиот албум

Новиот документарен филм за прерано загинатата музичка ѕвезда Тоше Проески, наречен Tose - The hardest thing, премиерно ќе биде прикажан на 25 јануари, во Домот на АРМ во Скопје во 19 часот. Ќе биде промовиран и англискиот албум The hardest thing. Документарецот, снимен за време на подготовката на албум на Проески во Јамајка и во Лондон, како и по неговата трагична смрт, од 12 февруари ќе се прикажува во повеќе киносали во поранешните ју-републики.

Филмот и албумот во Белград ќе бидат промовирани на 26 јануари, во Загреб на 27 јануари, во Љубљана на 28 и во Сараево - на 29 јануари. Иако првичната идеја беше овие промоции да се направат во ист ден - роденденот на нашата мегаѕвезда, менаџерката Лилјана Петровиќ објаснува дека сите негови блиски соработници сакаат да присуствуваат во сите земји.

- Овие промоции, пред се', ги правиме за блиските соработници на Тоше, медиумите и за неговите најблиски. Пошироката публика ќе има можност документарниот филм, кој трае 84 минути, да го види од 12 февруари. На промоциите ќе присуствуваат и Енди Рајт и многу други соработници. Затоа се решивме сите промоции да ги направиме во различни денови и сите да бидат во киносали. Промоциите нема да бидат класични како што досега правевме бидејќи Тоше не е со нас. Сакаме само да го обележиме излегувањето на новиот албум и документарецот на достоен начин, како што заслужува Тоше - ни изјави Петровиќ.Половина од документарецот се снимки од престојот на Тоше во Јамајка и во Лондон, каде го снимаше англискиот албум, а материјалот од вториот дел, кој е снимен по неговата смрт во Лондон, Дубровник, Скопје, Крушево, Дубаи главно се изјави од неговите блиски соработници. Продуценти на филмот се Словенците Нина Север и Игор Педичек, а режисер е Боштјан Слатеншек.

Делови од овој документарен филм објавува хрватскиот портал index.hr. Менаџерот на Тоше за странскиот пазар, Ричард Енглер, кој соработувал со големи музички ѕвезди како Бритни Спирс, во изјавата за документарниот филм вели дека Тоше го потсетува на принцезата Дајана. Тој изјавил дека и двајцата имаат слична харизма. Токму поради таа посебна харизма Тоше успеал да се издвои помеѓу 30-те илјади млади музичари што секоја година доаѓаат во Англија во потрага по среќата. Малкумина успеваат да станат светски ѕвезди.

Англискиот албум со кој Тоше требаше да го освојува светскиот пазар ќе ги содржи насловната нумера The hardest thing, дуетот со неговиот внук Кристијан, My little one и дуетот со италијанската дива Џана Нанини, „Арија“, кои веќе и' се добро познати на јавноста, и необјавените песни. Семејството Проески издавачките права на овој албум треба да ги добие во септември 2010 година, за кога е планирана и негова светска промоција. Неодамна, издавачката куќа „Аворд“ сите издавачки права од пет албуми на Тоше, кои се нивни изданија, им ги пренесе на семејството Проески.

ИНФО-Промоција во ексју републиките

На 25 јануари во 19 часот, во Домот на АРМ во Скопје премиерно ќе биде прикажан документарниот филм за прерано загинатата музичка ѕвезда, Тоше Проески, наречен Tose - The hardest thing. Во истиот ден ќе биде промовиран англискиот албум The hardest thing. Ќе следуваат промоциите во Белград - на 26 јануари, во Загреб - на 27 јануари, Љубљана - на 28, а Сараево на 29 јануари. Документарецот, кој трае 84 минути, публиката ќе има можност да го гледа од 12 февруари.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=B18C9C61A071E24D9E429455D33EEA3E
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://www.tose-mk.forumakers.com
Tanja
Член
Член
avatar

Број на мислења : 593
Age : 29
Локација : Skopje, Makedonija
опис: : TOSE TE SAKAME I KE TE SAKAME ZASEKOGAS!
Репутација :
2 / 1002 / 100

Registration date : 2008-06-06

ПишувањеПредмет: Re: The Hardest Thing --- PROMOCIJA   Сре Јан 21, 2009 2:18 pm

ЕКСКЛУЗИВНИ МАТЕРИЈАЛИ НА „ИНДЕКС“
Снимки од документарецот за Тоше на интернет

http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=4&tabid=1&EditionID=1602&ArticleID=105980
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://www.tose-mk.forumakers.com
stefi_18
Член
Член
avatar

Број на мислења : 628
Age : 27
Локација : Makedonija
Репутација :
0 / 1000 / 100

Registration date : 2008-10-20

ПишувањеПредмет: Re: The Hardest Thing --- PROMOCIJA   Сре Јан 21, 2009 3:18 pm

20. јануари 2009.


Документарецот за Тоше во балканските кино-сали






Паралелно со промоцијата на албумот The Hardest Thing, на легендарниот Тоше Проески, закажана за 25-ти јануари 2009-та, на неговиот 28-ми роденден, ќе биде промовиран и документарниот филм, за тоа како се раѓаше албумот со кој Тоше требаше да го освои светот.

МММ ексклузивно ви го подарува трајлерот од овој врвен документарец, кој го имате во нашата видео-галерија.

Кадрите од филмот се снимени на сите места на кои се работеше албумот The Hardest Thing – од Јамајка, преку Ирска, Шведска, Англија, Македонија... Филмот е во режија на Боштјан Слатеншек, а го продуцираше Нина Север.

За поширокиот аудиториум ширум Балканот, кино-премиерата на филмот е закажана за 12-ти февруари 2009-та.

Важно!!!

Хрватската промоција на албумот The Hardest Thing, според информациите од тамошните издавачи на Проески Хит рекордс, ќе се случи два дена по скопската, поточно на 27-ми јануари, додека, пак, на 26. февруари е онаа во Белград.



http://www.mmm.com.mk/?ItemID=85725026AA0ABB4AB2E637F8EC97CD8A
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
Tanja
Член
Член
avatar

Број на мислења : 593
Age : 29
Локација : Skopje, Makedonija
опис: : TOSE TE SAKAME I KE TE SAKAME ZASEKOGAS!
Репутација :
2 / 1002 / 100

Registration date : 2008-06-06

ПишувањеПредмет: Re: The Hardest Thing --- PROMOCIJA   Сре Јан 21, 2009 9:58 pm

Stefi statijata veke ja ima na strana 35
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://www.tose-mk.forumakers.com
Tanja
Член
Член
avatar

Број на мислења : 593
Age : 29
Локација : Skopje, Makedonija
опис: : TOSE TE SAKAME I KE TE SAKAME ZASEKOGAS!
Репутација :
2 / 1002 / 100

Registration date : 2008-06-06

ПишувањеПредмет: Re: The Hardest Thing --- PROMOCIJA   Чет Јан 22, 2009 2:07 pm

Документарецот за Тоше во балканските киносали

http://www.novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=13&tabid=2&fCat=1&top=1&EditionID=295&ArticleID=16152
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://www.tose-mk.forumakers.com
aleksandra
Активен
Активен
avatar

Број на мислења : 1601
Age : 34
опис: : R.I.P. TOSE
Репутација :
18 / 10018 / 100

Registration date : 2008-05-23

ПишувањеПредмет: Re: The Hardest Thing --- PROMOCIJA   Пет Јан 23, 2009 12:53 am

Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
batbayan
Модератор
Модератор
avatar

Број на мислења : 1410
Age : 31
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
11 / 10011 / 100

Registration date : 2008-06-11

ПишувањеПредмет: Re: The Hardest Thing --- PROMOCIJA   Пет Јан 23, 2009 12:43 pm

„The Hardest thing“, последниот сон на Тоше



В недела, на неговиот 28. роденден, ќе излезе англискиот албум на Проески

ВАЛЕНТИНА ТОДОРОВСКА

В недела, 25 јануари, на 28. роденден на Тоше Проески, постхумно ќе биде промовиран албумот „The Hardest thing“. Тоа е официјалната вест врзана за англискиот албум на нашата најголема пејачка ѕвезда. Она што го носиме во себе, нешто како чувство, кревко распослано низ целата душа е дека и ангелите пеат.

Тажно, трогателно и свечено - ќе ги чуеме песните што му беа преокупација, опсесија и несоница во последниот период на Тоше . И, којзнае, можеби ќе бидеме поблиску до него... Следејќи ги судбинските патешествија, „The hardest thing“ е исполнување на последниот сон на Тоше. Во тоа име вреди да му се пркоси на „напишаното“.

Насловната нумера - „The Hardest thing“ наедно е една од омилените теми на Тоше, која веќе можевме да ја чуеме и видиме. Обвивката на албумот е решение на неговите обожаватели - станува збор за портрет на Тоше, во чија заднина е Крушево. Секогаш до него треперливо светка родениот град, а во средината на небото е најсилна една ѕвезда.

Менаџерката на Тоше, Лилјана Петровиќ, и неговата продуцентска куќа „Аворд“ неодамна се откажаа од сите права врзани за продажбата на неговите албуми и сите права се пренесени на семејството Проески. Така, се' си дојде таму од каде што потекнува. Од почетокот. Со овој текст се обидовме да се потсетиме на целата приказна врзана за последниот албум.

Во 2006 година, во периодот кога го потпиша договорот со англиската продуцентска куќа „Пипл ин моушн“, Тоше се запозна и со британскиот композитор и продуцент Енди Рајт (48), во чија кариера се наведува работата со „Симпли ред“, Бритни Спирс, Бочели, Павароти, Џана Нанини...

„Пее блескаво, изгледа супер и не можам да верувам дека човекот нема мана“, беше првиот впечаток на Енди. Минатиот октомври, по концертот во чест на Тоше, се надополни. „Тоше беше многу харизматичен, просто пленеше каде и да се појави. Силно светкаше неговата ѕвезда - ќе засвири клавир и сите како хипнотизирани гледаат во него. Сигурен сум дека пред него стоеше светска кариера. Всушност, кога првпат го видов на концерт на стадион во Скопје, во 2006 година, се' ми беше јасно... Цврсто верувам дека овој албум ќе постигне голем успех“.



По работата и дружењето во Лондон, подоцна и на Јамајка, договорот беше следната станица на Тоше, на неговата менаџерка Лилјана и на Енди да биде Дубровник. Поради убавината, сонцето, Јадранот... Летово беа во Дубровник, без Тоше, зашто ветување си е ветување. Средбата на менаџерката и англискиот продуцент беше многу тажна, и во прекрасниот Дубровник Тоше постојано беше присутен во мислите. Така се случи договорот за доработката на песните за англискиот албум. Енди наполно и целосно се посвети на работата... Тоа беше неговиот долг кон чесното момче од Балканот.

Но, да се вратиме на периодот пред, сега веќе, три години. Потпишувањето на неколкугодишниот договор со англиските продуценти значеше соработка со признати музичари, снимање во најдобри студија и три албуми со кои и светот би слушнал за македонскиот славеј. Странците беа презадоволни кога го слушнаа Тоше. Покрај тоа, првиот човек на „Пипл ин моушн“, Брајан Тејлор, „падна“ на природноста на нашето момче, на неговата детска љубопитност и чистота и веднаш заклучи дека македонската поп-икона е нетипична ѕвезда. Чист и искрен. Непорочен. Далеку од она што го има на Запад.

„Многу сум среќен поради се' што ми се случува“, кажуваше Тоше. „Знам дека е многу тешко да се направи интернационална кариера и дека, покрај квалитетот, се важни и други нешта. Сега, кога имам сигурност од мојата матична куќа, ќе го дадам најдоброто“.

Во интервју за „Утрински весник“, Тоше за убавите нешта по кои ќе ја памети 2006 го спомнува договорот со продуцентската куќа од Англија „Пипл ин моушн“. „Тие ќе се грижат за кариерата надвор од Балканот, а првиот човек Брајан Тејлор е многу задоволен и од мојот глас и од материјалот што го подготвуваме за англискиот пазар. Преку оваа работа видов како е да се работи со врвни професионалци и затоа - со Господ напред! Не сакам многу да зборувам предвреме, подобро е да почекаме да излезе албумот, па потоа да коментираме. Композициите се феноменални и сите се направени по моја мерка. Тоа е резултат на работата на извонреден тим. Посебно сум среќен со мојата песна што ја снимивме во Шведска со Норт Јенсен. Се вика ’ Тhe Hardest Thing“ и звучи прекрасно“.



Тоше снимаше и во татковината на регето, Јамајка, во куќата на Боб Марли, каде што работеше со неговите синови - Стивен, Џулијан и Зиги. Автентичната атмосфера, за која ни раскажа неговата менаџерка Лилјана Петровиќ, неоптовареноста со материјални нешта и музиката, сосема го понесоа. Многуте кадри овековечени и снимени во Јамајка, каде што е направен и спотот за „Hardest thing“, ја опишуваат предаденоста на Тоше кон музиката. Нежната македонска душа се растажи од она што го слушна - дека музичарите на Јамајка пееле кога сакале да и' се „скријат“ на сиромаштијата.

Лилјана се сеќава дека тимот со кој Тоше го подготвуваше своето ново цеде за светскиот пазар ги имаа најдобрите музичари од Англија, Шведска, Ирска. Со тие луѓе во 2006 година темелно се избираа песните, а пет се снимени во престижното лондонско студио „Олимпик“. Се работеше и во Шведска.

„Иако цело време одевме чекор по чекор, нашите очекувања беа огромни. Кога дојдов во Македонија во 2002 година и кога го издадовме албумот ’Ако ме погледнеш во очи‘, кажав дека Тоше ќе биде балканска ѕвезда, а пред три години јавно изјавив дека му претстои светски успех“.

Албумот се работеше две години, а авторите се различни - го има Енди Рајт, музичкиот тандем „Пампкин долс“, Вејн Хектор... Мразот го проби „Арија“, дуетот со Џана Нанини, што беше промовирана на концертот во „Белградска арена“. Енди Рајт долго време работел со оваа италијанска примадона и идејата за успешниот дует беа токму емоциите. И двајцата уметници со неверојатна харизма ја интерпретираа композицијата.

„My litle one“ е уште еден дует на Тоше, со внукот Кристијан. „Мое малечко, длабоко во своето срце знај дека никогаш нема да се разделиме“ е дел од пораката на оваа песна која е снимена во студиото во Крушево. Тоше сакаше песната на следниот концерт на стадион да ја изведе токму со својот внук. Замислата за оваа композиција која Тоше му ја пренел на својот продуцент Енди беше музиката во старт да звучи како да е цртан филм за подоцна да се надградува и да порасне во поп-рок мелодија. Песната е доработувана по трагичното загинување на Тоше, во студиото „Олимпик“, каде што е правен поголемиот дел од песните. Енди го направи комплетниот микс, аранжман и мастеринг на композицијата.

Тоше беше голем уметник, а неговата особеност значеше тоа што го носи во себе, тоа нешто по што публиката го препозна и одбра. Искреноста е прашање на срцето. Ја имаш или ја немаш.

Албумот за почеток ќе биде отпечатен во 150 илјади примероци и тоа низ пазарите во Хрватска, Србија, Босна и во Словенија. Понатаму нештата самите ќе се кажат. За нас е важно што се исполни големиот сон на Тоше.



Статијата е прочитана 517 пати.

Испрати коментар



Од: Valentina
Датум: 23.01.2009 01:53:27

Utre od 06.do 22 h na radio Zagreb ekskluzivno ke se promovira noviot album,sekoj cas po edna pesna.Eve link: http://www.antenazagreb.hr/


http://utrinski.com.mk/?ItemID=3C8886244BEB7C49A175BE5FB6682912

_________________


Тој е горе во височините каде што и секогаш беше. Се наоѓа во темнина. Темнината сме ние, фановите кои чуваме една голема темнина во срцата, бидејќи него повеќе го нема. А на небото има само една сјајна звезда - Тоше, единствена сјајна ѕвезда која секогаш ќе остане да сјае
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
batbayan
Модератор
Модератор
avatar

Број на мислења : 1410
Age : 31
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
11 / 10011 / 100

Registration date : 2008-06-11

ПишувањеПредмет: Re: The Hardest Thing --- PROMOCIJA   Саб Јан 24, 2009 11:53 am


_________________


Тој е горе во височините каде што и секогаш беше. Се наоѓа во темнина. Темнината сме ние, фановите кои чуваме една голема темнина во срцата, бидејќи него повеќе го нема. А на небото има само една сјајна звезда - Тоше, единствена сјајна ѕвезда која секогаш ќе остане да сјае
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
batbayan
Модератор
Модератор
avatar

Број на мислења : 1410
Age : 31
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
11 / 10011 / 100

Registration date : 2008-06-11

ПишувањеПредмет: Re: The Hardest Thing --- PROMOCIJA   Саб Јан 24, 2009 12:05 pm


_________________


Тој е горе во височините каде што и секогаш беше. Се наоѓа во темнина. Темнината сме ние, фановите кои чуваме една голема темнина во срцата, бидејќи него повеќе го нема. А на небото има само една сјајна звезда - Тоше, единствена сјајна ѕвезда која секогаш ќе остане да сјае
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
batbayan
Модератор
Модератор
avatar

Број на мислења : 1410
Age : 31
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
11 / 10011 / 100

Registration date : 2008-06-11

ПишувањеПредмет: Re: The Hardest Thing --- PROMOCIJA   Саб Јан 24, 2009 2:58 pm


_________________


Тој е горе во височините каде што и секогаш беше. Се наоѓа во темнина. Темнината сме ние, фановите кои чуваме една голема темнина во срцата, бидејќи него повеќе го нема. А на небото има само една сјајна звезда - Тоше, единствена сјајна ѕвезда која секогаш ќе остане да сјае
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
Sponsored content




ПишувањеПредмет: Re: The Hardest Thing --- PROMOCIJA   

Вратете се на почетокот Go down
 
The Hardest Thing --- PROMOCIJA
Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот 
Страна 2 of 4Отиди на страна : Previous  1, 2, 3, 4  Next

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
 :: Форум :: Околу форумот-
Отиди до: