Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeLatest imagesБарајРегистрирајте сеВлез

 

 Конечна разврска на дилемата-"Дали Андријана му беше девојка на Тоше?"

Go down 
АвторПорака
KarolinaXP
Нов Член
Нов Член
KarolinaXP


Број на мислења : 21
Репутација :
Конечна разврска на дилемата-"Дали Андријана му беше девојка на Тоше?" Left_bar_bleue0 / 1000 / 100Конечна разврска на дилемата-"Дали Андријана му беше девојка на Тоше?" Right_bar_bleue

Registration date : 2009-02-14

Конечна разврска на дилемата-"Дали Андријана му беше девојка на Тоше?" Empty
ПишувањеПредмет: Конечна разврска на дилемата-"Дали Андријана му беше девојка на Тоше?"   Конечна разврска на дилемата-"Дали Андријана му беше девојка на Тоше?" I_icon_minitimeСре Мар 25, 2009 9:26 pm

Љиља лажела - ќе и плати 5.000 евра на Будимир
Коментари (0)


25.03.2009 17:33
Андријана Будимир


Менаџерката Лиљана Петровиќ треба да и исплати 300.000 денари отштета на ракометарката Андријана Будимир за нарушена чест и углед.

Судот реши дека тврдењето на Лилјана дека Тоше не контактирал со Будимир пред несреќата, е лага и пресуди во корист на ракометарката, пишува денешно „Време“.

„Според пресудата, Лиљана Петровиќ на Будимир треба да и исплати 300.000 денари и уште 25.000 судски трошоци“, вели за „Време“ Добрила Кацарска, претседателка на Основен суд 1.

Изјава даде и Ненад Јанакиевиќ, адвокатот на Будимир.

„Задоволен сум од одлуката бидејќи јавно се покажа дека Лиљана пренесувала лаги. Поентата не ни беше Будимир да добие пари, туку вистината да излезе на виделина“, рече тој.

Ракометарката Андријана Будимир, девојка на прерано починатата ѕвезда Тоше Проески, се судеше со менаџерката Лиљана Петровиќ поради изјавата на Петровиќ за хрватските портали „24 Часа“ и „Индекс“ дека е лага тоа што Будимир го кажала дека Тоше своите последни СМС и ги испратил токму неа.

Според листинзите што ги извадила Петровиќ, Тоше последните денови од својот живот не бил во врска со Будимир и не контактирал со неа.

Спротивно на ова, во текот на судењето Будимир до судот го достави и својот мобилен телефон во кој се наоѓаат околу 200 СМС, кои откриваат во каков однос била таа со Тоше Проески.

Ракометарката ја тужеше менаџерката за клевета. Таа прво бараше од Лилјана јавно извинување и отштета од 150.000 евра за нарушен јавен углед, но потоа остави на судот да ја одреди сумата, која планира да ја донира за деца без родители, пишува „Време“.

„Не ја тужев Лиљана Петровиќ заради парите, туку за да докажам дека лаже. Таа жена ми го уништи животот, па луѓето прашуваат дали јас, навистина, бев во врска со него, или не“, изјавуваше во изминатиов период Андријана, која тврди и дека поради таа изјава на Петровиќ имала и дополнителни тешкотии и морала да посети и психијатар.

Будимир беше во љубовна врска со Тоше и во летото 2007 година заедно го посетија и Ерусалим.

Погледнете ги изјавите на Андријана Будимир во видеото.
****************************************************************
Vesti prezemeni od A1 televizija
Вратете се на почетокот Go down
 
Конечна разврска на дилемата-"Дали Андријана му беше девојка на Тоше?"
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1
 Similar topics
-

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
 :: Пишани и Електронски медиуми :: Новости :: Македонија-
Отиди до: