Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeLatest imagesБарајРегистрирајте сеВлез

 

 Најнови вести за Тоше

Go down 
2 posters
АвторПорака
KarolinaXP
Нов Член
Нов Член
KarolinaXP


Број на мислења : 21
Репутација :
Најнови вести за Тоше Left_bar_bleue0 / 1000 / 100Најнови вести за Тоше Right_bar_bleue

Registration date : 2009-02-14

Најнови вести за Тоше Empty
ПишувањеПредмет: Најнови вести за Тоше   Најнови вести за Тоше I_icon_minitimeПон Апр 06, 2009 11:38 am

РАЗГОВОР СО ДОРА РИСТЕСКА, СЕСТРАТА НА ТОШЕ ПРОЕСКИ

Ако е Божја волја,Кристијан нека оди по патот на Тоше

Немам сила повторно да се соочувам со сите успеси и разочарувања што брат ми ги помина во текот на својата кариера, но љубовта кон музиката кај син ми е преголема и ќе го поддржам во желбата да пее, вели Дора


Дора: Наша желба е да останеме сами со болката, но очигледно тоа е невозможно

Велат, со текот на времето човек учи да живее со болката предизвикана од голема трагедија и наоѓа начин да ги лекува раните. Но пораката на оваа стара изрека не може да се почувствува при посетата на семејството Проески. Се чини дека таму времето застанало на 16 октомври 2007 година, денот кога загина нивниот син. Се' е исто како и пред една и пол година. Тагата лебди во секој агол на домот, а тишината ја нарушува само детскиот џагор на Кристијан (11) и на Никола (5), децата на Дора, сестрата на Тоше. Видливо скршена од болка, додека зборува за него солзи и' се слеваат низ лицето. На моменти и' се губи гласот. Шест години постарата сестра на Тоше се' уште не може да поверува дека нејзиниот сакан брат повеќе го нема.

- Многу е тешко. Се трудиме да живееме, но никако не можеме да се помириме дека се случи таква трагедија во нашето семејство. Секогаш сме со мисла дека од некаде ќе се врати. Механички ги извршувам нештата. Одам на местото каде што е тој. Дури не можам да го наречам тоа место - негов гроб. По трагичниот настан не одам повеќе на работа. Не излегувам никаде, бидејќи секаде се слуша неговата музика. А јас не можам тоа да го издржам. На моите сега им требам најмногу. Затоа поголем дел од времето го минувам со нив.

* Како се твоите родители?

- Исто како и првиот ден кога се случи трагедијата. Одат двапати дневно на гробот на Тоше. Секоја вечер во 21 часот го палат кандилото во манастирот „Св. Преображение“, а потоа си доаѓаат дома. Сите денови се исти. А секој нов ден носи поголема тага.

ГО СУНУВААТ ВО ЦВЕЌЕ

* Во текот на изминативе една и пол година многу луѓе од Балканот и пошироко го посетуваа неговиот гроб, но доаѓаа и во вашиот дом. Како ги издржувавте тие мигови?

- Тоше ги сакаше луѓето, беше дружељубив и вратата на нашиот дом беше секогаш отворена за сите. Сакавме да ја продолжиме таа традиција и до пред извесно време ги пречекувавме сите што доаѓаа во домот на моите родители. Но, одеднаш ги изгубивме и последните атоми од силата, а здравјето на моите родители стана се' послабо. И денес доаѓаат луѓе на неговиот гроб, а потоа одат во манастирот „Св. Преображение“. Сите се тажни. Видливо е дека загубата на Тоше многу ги погодила.

* Што најчесто зборуваа за него?

- Некои од нив кои го познаваа се присетуваа на средбите со него. Други, пак, раскажуваа колку бил хуман и како им помогнал. Многу од нив зборуваа дека им се појавил на сон и ни ги раскажуваа соништата. До неодамна ги запишував во посебна тетратка речиси сите нивни соништа. Претежно го сонуваат во убава ливада со многу цвеќиња. Во два случаја, на луѓето што го сонувале им порачал дека неговото вечно живеалиште сака да биде во манастирот, каде што го пронаоѓал својот мир. Но, тоа се само соништа. Многу необична беше случката за која не' известија луѓето од околните села. На третиот и на деветтиот ден од смртта на Тоше тие виделе светлосен лак што се појавил над градот и по извесно време паднал точно на Гумење. Дури почнале да се јавуваат кај луѓето во Крушево да прашуваат што се случува во нашиот град. Ние не видовме ништо, затоа што таа вечер имаше магла и беше врнежливо. Но, луѓето тврдат дека тоа се случувало и дека го гледале со свои очи.

* Го сонуваш ли често?

- Секоја вечер се молам да ми дојде барем на сон да го видам. Но, тоа се случило само двапати. Беше облечен во белите тренерки што ги сакаше, ме прегрна, ме бакна и си замина.

* Во текот на неговата кариера, вие со семејството бевте настрана и никогаш медиумски не се експониравте. По неговата смрт сте во центарот на вниманието. Како ја доживеавте таа промена?


Кристијан, Никола и татко им Славе низ разговор за Тоше ги чуваат убавите спомени

- Многу тешко. Од сите страни буквално бевме медиумски бомбардирани. Ја разбирам и ја почитувам вашата работа. Затоа би сакала да ја разберете и нашата и ситуација и големата болка. Некогаш ќе прочитам некоја информација за брат ми, но често за пишувањата за него дознавам од мојот сопруг. Наша желба е да останеме сами со болката, но очигледно тоа е невозможно.

* Неодамна името на Тоше беше инволвирано во судскиот процес меѓу Андријана Будимир и Лилјана Петровиќ. Имате ли коментар за тој случај?

- Немам. Тоа е нивна работа. Беше тажно што името на мојот брат се споменува во таква конотација и во судски процес. Но ние, како семејство, во овој случај сме немоќни.

САМО БЛАГИЦА НИ ДОАЃА

* Зборуваше ли Тоше пред вас за својата интима?

- Да, многу бевме блиски. Знаев за сите негови вљубувања и разочарувања. Често бараше совет од мене. Некои од неговите девојки и пријателки ги носеше на гости во домот кај моите родители. И сите беа пречекани најпријателски и со многу љубов. Но знам дека приватноста не сакаше никогаш да ја експонира во јавноста. Беше тажен кога во некој медиум ќе прочиташе нешто поврзано за неговиот приватен живот.

* Дали некои од неговите пријателки доаѓаат и денес во домот на твоите родители?

- Само Благица од Неготино. Прекрасна девојка, која уште тагува по мојот брат и веројатно овде, во нашиот дом, бара утеха за својата болка.

* А Андријана?

- Последен пат беше кај моите родители на девет дена од смртта на Тоше. Не комуницираме со неа, но, ве молам, не би сакала да зборувам за тоа.

* Дали ги слушаше песните од англискиот албум на Тоше и дали го виде документарниот филм за него?

- Не. Не можам да го слушам неговиот глас, ниту да го гледам ликот на Тоше на телевизија. Ниту јас, ниту моите родители. Тоа за нас е преболно и претешко. Моите родители воопшто не го вклучуваат телевизорот, а кај мене, поради децата, се вклучени само каналите со цртани филмови.

* Песната „My little one“, што вашиот постар син Кристијан ја сними со Тоше, доживеа премиера на големиот хуманитарен концерт што се одржа лани на 5 октомври на Градскиот стадион. Како го испративте Кристијан на тој голем настан?

- Го испратив со солзи и со многу болка. Се присетив кога Тоше замина на својот прв настап. Додека се одржуваше тој концерт, бев дома кај моите родители и немавме сила да зборуваме, бидејќи само плачевме.

* Многумина во Кристијан го бараат наследникот на Тоше. Ќе го поддржите ли ако реши да гради музичка кариера?

- Тоше и Кристијан беа многу поврзани. Тој му ја всади љубовта кон музиката и постојано го учеше да свири и да пее. Но никогаш не сакаше да ги експонира своите внуци во јавноста. Се сеќавам кога го снимаше спотот за песната наменета за УНИЦЕФ, „Мојот свет“, во кој се појавуваат многу дечиња. Мајка ми тогаш го праша: „Зошто не ги зеде и нашите внучиња да се појават во спотот?“. Тој само се насмеа и и' одговори: „Кристијан е многу талентиран. Ќе дојде време кога ќе и' се претстави на јавноста. Засега сакам да го држам понастрана, бидејќи е тешко да бидеш дел од естрадата“. Навистина, патот на мојот брат беше многу тежок. Успеа да ги совлада сите разочарувања бидејќи премногу ја сакаше музиката. Затоа, немам сила повторно да се соочувам со сите тие нешта. Ќе ми биде тешко ако и Кристијан тргне по музичкиот пат. Сепак, ако има желба, а гледам дека и кај него љубовта кон музиката е преголема, ќе го поддржам. Мојот брат беше единствен и не би сакала да го споредувам со никого. Но ако е Божја волја, Кристијан нека го продолжи неговиот пат.

* Како тој и вашиот помал син Никола ја доживеаја смртта на Тоше?

- Кристијан беше како во шок и многу тешко го прифати тоа. А Никола, и денес често го бара и прашува: „Кога ќе си дојде мојот најмил вујче од пат?“


Местото на тага и спомени секогаш покриено со цвеќиња

МИ ОСТАВИ 26 ПЕСНИ

* Тоше остави многу песни зад себе, кои ги создаде сам и не се промовирани во јавноста. Знаете ли за какви нумери станува збор?

- Последен пат слушнав две негови нови песни, една недела пред трагедијата. Ме викна и ми рече: „Цеце, слушај што сум направил“. Тоа беа нумери во рок-стил, кој најмногу го сакаше. Потоа, го затвори синтисајзерот и ми се обрати со зборовите: „Овде имам 26 песни со музика и текст. Им недостигаат само аранжмани. Те молам, чувај ми ги“.

Тие композиции ќе се појават на нов, постхумен албум на Тоше. Но, не би знаела да ви кажам кога.

* Тоше често истакнуваше дека и ти многу ја сакаш музиката и дека убаво пееш. Дали е точно дека инсистирал да ги пееш придружните вокали за албумот „Игри без граници“?

- Да, тоа беше негова желба. Но не ја прифатив таа идеја бидејќи сум многу повлечена и срамежлива.

* Почна изградбата на Спомен-куќата, а наскоро и на меморијалниот центар. Ќе најдете ли таму барем мала утеха за вашата болка?

- Со Спомен-куќата ќе продолжи да живее споменот на Тоше, што тоа е мала утеха за нас. Но и' благодарам на Владата за се' што направи, им благодарам и на сите луѓе кои покажаа безрезервна почит кон ликот и делото на Тоше и кон нас како семејство.
Вратете се на почетокот Go down
KarolinaXP
Нов Член
Нов Член
KarolinaXP


Број на мислења : 21
Репутација :
Најнови вести за Тоше Left_bar_bleue0 / 1000 / 100Најнови вести за Тоше Right_bar_bleue

Registration date : 2009-02-14

Најнови вести за Тоше Empty
ПишувањеПредмет: Re: Најнови вести за Тоше   Најнови вести за Тоше I_icon_minitimeПон Апр 06, 2009 11:41 am

Тоше води на „Битката на вкусови“
среда, 01 април 2009




Песната „The Hardest Thing“ на Тоше Проески во предност пред останатите во украинската радио емисија „Битката на вкусови




Во популарната украинска радио емисија „Битка на вкусови“, во која секоја недела гостуваат по две личности од јавниот живот во Украина и предложуваат по еден свој фаворит - песна, Виталиј Козловски, нам добро познат по гостувањето на концертот на Тоше во Охрид во 2006-та година, како и по учеството на Големиот Хуманитарен концерт во чест на Тоше кој беше одржан на 5-ти октомври 2008-та година, за свој фаворит во битката на вкусовите ја предложи песната „The Hardest Thing“.
Во моментов песната на Тоше води во битката и доколку победи ќе стане хит на радио станицата за наредниот период. Инаку, гласањето може да се врши и преку интернет на веб страницата на радио станицата http://www.bitva.gala.net/.
Вратете се на почетокот Go down
batbayan
Модератор
Модератор
batbayan


Број на мислења : 1410
Age : 38
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
Најнови вести за Тоше Left_bar_bleue11 / 10011 / 100Најнови вести за Тоше Right_bar_bleue

Registration date : 2008-06-11

Најнови вести за Тоше Empty
ПишувањеПредмет: Re: Најнови вести за Тоше   Најнови вести за Тоше I_icon_minitimeПон Апр 06, 2009 12:21 pm

Теја новини веке ги има Во други новости во врска со Тоше и во Гласајте за нашиот Ангел !
Вратете се на почетокот Go down
KarolinaXP
Нов Член
Нов Член
KarolinaXP


Број на мислења : 21
Репутација :
Најнови вести за Тоше Left_bar_bleue0 / 1000 / 100Најнови вести за Тоше Right_bar_bleue

Registration date : 2009-02-14

Најнови вести за Тоше Empty
ПишувањеПредмет: Re: Најнови вести за Тоше   Најнови вести за Тоше I_icon_minitimeСре Апр 08, 2009 7:12 pm

DVD-то на Тоше од Скендерија во Југотон

Во музичката продавница Југотон во Скопје од неодамна се најдоа во продажба DVD-то од концерт на Тоше Проески во сараевска Скендерија, и аудио-CD, кое претставува звучна снимка од истиот материјал. Сите фанови можат да ги набават по цена од 300 денари (исто чини и DVD и CD). Двете изданија се во продукција на белградската издавачка куќа Хај-Фај центар.

На албумот се наоѓаат вкупно 24 теми снимени на концертот во Скендерија во 2006-та година. Аудио-цеде содржи 20 композиции. На DVD-то Тоше за прв пат ја отпеа Тако ти је мала моја..., од репертоарот на Бијело дугме, но и антологиските: Мој дилбере и Бацила је све низ ријеку, од легендарните Индекси.

Станува збор за изданија кои мора да ги има секој колекционер на делата на музичкиот великан Тоше Проески!
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





Најнови вести за Тоше Empty
ПишувањеПредмет: Re: Најнови вести за Тоше   Најнови вести за Тоше I_icon_minitime

Вратете се на почетокот Go down
 
Најнови вести за Тоше
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1
 Similar topics
-

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
 :: Пишани и Електронски медиуми :: Новости :: Македонија-
Отиди до: