Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeLatest imagesБарајРегистрирајте сеВлез

 

 Крушево - сите новости околу омилениот град на Тоше

Go down 
3 posters
Отиди на страна : Previous  1, 2, 3  Next
АвторПорака
batbayan
Модератор
Модератор
batbayan


Број на мислења : 1410
Age : 38
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
Крушево - сите новости околу омилениот град на Тоше - Page 2 Left_bar_bleue11 / 10011 / 100Крушево - сите новости околу омилениот град на Тоше - Page 2 Right_bar_bleue

Registration date : 2008-06-11

Крушево - сите новости околу омилениот град на Тоше - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Крушево - сите новости околу омилениот град на Тоше   Крушево - сите новости околу омилениот град на Тоше - Page 2 I_icon_minitimeСре Сеп 30, 2009 11:41 am

„Крушево-етноград“ првпат се појави и победи Останати вести


За најуспешни туристички настани годинава се прогласени и „Охридско лето“, „Струшките вечери на поезијата“, Вевчанскиот карневал, промоцијата на Македонија на Си-ен-ен травелер и посетата на британските туроператори


Фестивалот „Охридско лето“, „Струшките вечери на поезијата“, Вевчанскиот карневал, манифестацијата „Крушево–етноград“, како и промоцијата на Македонија на Си-ен-ен травелер и посетата на британските туроператори, се најуспешните туристички настани во Македонија за 2009 година.

Освен „Крушево-етноград“ сите други настани се традиционални и веќе етаблирани манифестации, кои секоја година се одржуваат во земјата.

Наградата годинава првпат ја доделува Министерството за економија во соработка со Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот. За изборот биле номинирани вкупно девет настани. „Крушево-етноград“, како што вели нејзиниот организатор Ранко Петровиќ, годинава е добитник на награда и од Хрватска за најдобар туристички настан.

- Иако туризмот во Македонија има скромно учество во бруто-домашниот производ од 1,8 процент, тоа е сепак значајно, особено од аспект на платниот биланс. Годинава се остварени 80 милиони долари нето-прилив на девизи од туризмот, со што и во период на глобална криза тој се одржал на стабилно ниво. Порастот на приходи од 0,3 проценти во првите седум месеци од годинава во однос на 2008 година се должи токму на порастот на бројот на странски туристи - изјави министерот за економија Фатмир Бесими.

Директорот на фестивалот „Охридско лето“, Тони Симоновски, од име на наградените се заблагодари за признанието, кое, како што рече, се должи на големиот труд и е поттик уште повеќе да вложат за развојот на оваа економска гранка, која е во почетна фаза.

Горан Самоиловски од „Тетрагон“, фирма професионално ангажирана за организација на Вевчанскиот карневал, вели дека на овој традиционален настан му дале посебен шмек со низа придружни активности и вклученост на месното население.

- Од 500 куќи во Вевчани, околу 80 куќи со професионални договори ги оспособивме за примање гости, со што првпат посетителите, наместо да шетаат по другите места, можеа да останат и да преноќат во Вевчани. Со тоа добивме околу 300 легла - вели Самоиловски.

Директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот Зоран Стрезовски смета дека изминатиов период Владата вложила многу за промоција на Македонија како туристички бренд.

- Ако пред една година нé критикуваа дека Македонија не е толку позната и не правиме ништо за нејзина промоција, сега сите негативности се сведуваат на барање за подобрување на инфраструктурата и инвестициите - рече Стрезовски.


http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp...etIzdanie=21799
Вратете се на почетокот Go down
batbayan
Модератор
Модератор
batbayan


Број на мислења : 1410
Age : 38
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
Крушево - сите новости околу омилениот град на Тоше - Page 2 Left_bar_bleue11 / 10011 / 100Крушево - сите новости околу омилениот град на Тоше - Page 2 Right_bar_bleue

Registration date : 2008-06-11

Крушево - сите новости околу омилениот град на Тоше - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Крушево - сите новости околу омилениот град на Тоше   Крушево - сите новости околу омилениот град на Тоше - Page 2 I_icon_minitimeСаб Окт 17, 2009 2:13 pm

Почина работникот што падна од спомен куќата на Тоше

По­чи­на Томе Коцевски (29) од Куманово, градежен работник кој пред 10 де­на тешко се повреди при изградбата на спомен-куќата на Тоше Про­е­ски во Крушево. Несреќата се случила додека Томе работел на ске­ле и паднал од 6 метри височина. Со тешки повреди на главата и на те­ло­то, во коматозна состојба беше пренесен на Клиниките во Скопје.
Ра­бот­ни­кот од Куманово, преку велешката фирма "Делта - пром", бил ан­га­жи­ран да работи по основа на договор на дело.
"Ле­ка­ри­те ни кажаа дека се минимални шансите Томе да преживее, но се­пак не губевме надеж и мислевме дека ќе ја победи смртта. За жал, пред четири дена го изгубивме засекогаш", плаче и раскажува, скршена од болка, неговата сопруга Сузана.
Во скромна куќичка во населбата Перо Чичо, семејството Коцевски жи­ве­е­ло од заработувачката на Томе. Сега, покрај тоа што останала без тат­кото, тригодишната Анастасија, сопругата Сузана и дедото не­ма­ат пари ни за основна егзистенција. Сопственикот на фирмата каде што работел Томе ги покрил трошоците за болничкото лекување и пог­ре­бот и оттогаш не се јавил. Помош од 6.000 денари им пратил и Му­зе­јот од Крушево, а им ветил и градоначалникот на Куманово. (На фотографијата - Дедото на починатиот работник)

http://vest.com.mk/?ItemID=22A801B633C1BC478EB21CEEED57A50E
Вратете се на почетокот Go down
batbayan
Модератор
Модератор
batbayan


Број на мислења : 1410
Age : 38
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
Крушево - сите новости околу омилениот град на Тоше - Page 2 Left_bar_bleue11 / 10011 / 100Крушево - сите новости околу омилениот град на Тоше - Page 2 Right_bar_bleue

Registration date : 2008-06-11

Крушево - сите новости околу омилениот град на Тоше - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Крушево - сите новости околу омилениот град на Тоше   Крушево - сите новости околу омилениот град на Тоше - Page 2 I_icon_minitimeСаб Окт 17, 2009 2:14 pm

Ќе се гради црква до гробот на Тоше

Та­га­та, болката и солзите не запираат и две години по трагичната смрт на ма­ке­дон­ска­та поп-икона Тоше Проески. Вчера пред гробот на Тоше на Гу­ме­ње во Крушево се поклонија неговите најблиски, бројни фанови и пријатели. На вечното почивалиште на мегаѕвездата, на одбележувањето на двего­диш­ни­на­та од неговата смрт пристигнаа и планинари од Радовиш, кои за пет дена про­пе­ша­чи­ја 150 километри до Крушево.
Жел­ба­та на родителите на Тоше да се уреди гробното место и да се изгради црк­ва во близина ќе биде испочитувана.
"За тоа е задолжено Собранието на РМ и ова е втор проект кој ќе го гради Соб­ра­ни­е­то, по изградбата на 'Македониумот' во Крушево во 1974 година", из­ја­ви вчера на Гумење градоначалникот на Крушево Василчо Дамчески.
За зачувување на ликот и делото на Тоше се гради и спомен-куќата, која тре­ба да биде готова в година и која, според директорката на Историскиот му­зеј во Крушево Каљопи Бојчиноска, го претставува сето она што беше То­ше - цврстина, вера и љубов.
Ма­ке­дон­ска­та и балканска поп-икона Тоше загина на 16 октомври 2007 го­ди­на во тешка сообраќајна несреќа на автопатот кај Нова Градишка.

http://vest.com.mk/?ItemID=8CB9B95A6678D8488C7F3E604CBCDB08
Вратете се на почетокот Go down
Chris
Администратор
Администратор
Chris


Број на мислења : 2179
Age : 34
Локација : СКОПЈЕ
опис: : RBD FAN
Репутација :
Крушево - сите новости околу омилениот град на Тоше - Page 2 Left_bar_bleue11 / 10011 / 100Крушево - сите новости околу омилениот град на Тоше - Page 2 Right_bar_bleue

Registration date : 2008-04-13

Крушево - сите новости околу омилениот град на Тоше - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Крушево - сите новости околу омилениот град на Тоше   Крушево - сите новости околу омилениот град на Тоше - Page 2 I_icon_minitimeСаб Окт 17, 2009 3:47 pm

Добра идеја е ова за црквата, а баш ми е жал за работникот кој починал
Вратете се на почетокот Go down
https://tose-mk.forumakers.com
batbayan
Модератор
Модератор
batbayan


Број на мислења : 1410
Age : 38
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
Крушево - сите новости околу омилениот град на Тоше - Page 2 Left_bar_bleue11 / 10011 / 100Крушево - сите новости околу омилениот град на Тоше - Page 2 Right_bar_bleue

Registration date : 2008-06-11

Крушево - сите новости околу омилениот град на Тоше - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Крушево - сите новости околу омилениот град на Тоше   Крушево - сите новости околу омилениот град на Тоше - Page 2 I_icon_minitimeЧет Ное 05, 2009 7:20 pm

PESNATA "KRUSEVO" JA NARACA DVA MESECA PRED SMRTTA


Golema zelba na TOSE bila da otpe pesna za svoeto rodno KRUSEVO. Otkako mu se doveril na Miroslav Rus, toj se resil da mu go napise tekstot i mu go predal 2 meseca pred negovata smrt.
-Po negoviot koncert vo Zagreb sednavme da go gledame dokumentarniot film"5 godini balkan".


kolku li samo toplina ima vo ovaa slika...


Koga dojde na red scenata vo koja Tose go baknuva manastirot se svrte kon mene i mi rece:
-"Dolgo vreme barav nekoj da mi ja napise pesnata za Krusevo, no ne uspeav da najdam, sega znam koj toa ke go stori. Rus toa ke bides ti"
Taa pesna vsusnost e spoj od moeto tvorestvo i toa sto na nekoj nacin toj sakase da go kaze preku nea-rece Rus.
Koga mu go predal tekstot TOSE bil vooduseven i go zamolil sam da ja napise muzikata.
-Iako to ne bes pravilo vo nasata rabota, sepak se soglasiv.Vo tekstot sto go napisav po zelba i ideja na TOSE se zboruva za vremeto sto doaga po edna kariera po koja covekot se vraka vo svoeto rodno mesto i ostanuva tamu ZASEKOGAS-veli Rus
Tose vsusnost, sakase toa da go napisam, sto i go napraviv.
No, pisuvajki ja pesnata, veruvav deka toa vreme ke dojde mnogu podocna vo negoviot zivot. Za zal se sluci mnogu brzo.Duri togas mi stana dokraj jasno koja bese negovata poraka do site nas vo negovata zelba da se napravi edna takva pesna.
Negoviot zet Slaven mi rece deka TOSE napravil i muzika na toj tekst, no se uste ja nemam slusnato-zavrsuva Rus.

Stih od pesnata "krusevo"

NEK ME KADA DODZE VREME,
SAMO MOJA PJESMA PRATI.
SREST CEMO SE JEDNOM TAMO,
U TISINI VJECNOG MIRA
GDE ME TAKLA BOZJA RUKA
KRUSEVSKOG MANASTIRA

(Miroslav Rus)


dnevnik, cetvrtok, 16 oktomvri 2008
Вратете се на почетокот Go down
batbayan
Модератор
Модератор
batbayan


Број на мислења : 1410
Age : 38
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
Крушево - сите новости околу омилениот град на Тоше - Page 2 Left_bar_bleue11 / 10011 / 100Крушево - сите новости околу омилениот град на Тоше - Page 2 Right_bar_bleue

Registration date : 2008-06-11

Крушево - сите новости околу омилениот град на Тоше - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Крушево - сите новости околу омилениот град на Тоше   Крушево - сите новости околу омилениот град на Тоше - Page 2 I_icon_minitimeВто Фед 09, 2010 5:34 pm

Пешачка улица со името на Тоше

КРУШЕВО - Пешачка улица во Крушево го доби името на легендарниот Тоше Проески. Нови елементи на улицата се неколку канделабри, метални држачи и месингана плоча заградена со синџир, на која се напишани зборовите на Тоше: „Ве сакам сите“. Реконструираната улица, која порано се викаше „Маршал Тито“ вчера ја пушти во употреба вицепремиерот Зоран Ставрески. Во центарот на Крушево, на местото каде што се наоѓаше одбојкарското игралиште на Тоше, за кое фановите бараа да се зачува во негов спомен, вчера беше ставен камен-темелник на нов градски пазар.

Крушево - сите новости околу омилениот град на Тоше - Page 2 Ulicap10

www.utrinski.com.mk/?ItemID=0D350BBBD1BEC24283789A89089FA9D1
Вратете се на почетокот Go down
batbayan
Модератор
Модератор
batbayan


Број на мислења : 1410
Age : 38
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
Крушево - сите новости околу омилениот град на Тоше - Page 2 Left_bar_bleue11 / 10011 / 100Крушево - сите новости околу омилениот град на Тоше - Page 2 Right_bar_bleue

Registration date : 2008-06-11

Крушево - сите новости околу омилениот град на Тоше - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Крушево - сите новости околу омилениот град на Тоше   Крушево - сите новости околу омилениот град на Тоше - Page 2 I_icon_minitimeСре Фед 10, 2010 12:25 pm

Крушево гради нов пазар

Камен-темелник на нов пазар завчера беше поставен во Крушево и беше предадена во употреба реконструираната пешачка скалеста улица во центарот, која ќе го носи името на Тоше Проески. Улицата е обновена со гранитни плочки, а променети се водоводната и канализациската мрежа.


Градоначалникот Василчо Дамчески и вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески завчера го поставија камен-темелникот на комплексот „Градски пазар“, за кој Владата одвои 250.000 евра. Комплексот ќе содржи десетина дуќани и покриен продажбен простор од 700 квадратни метри, а замислен е како староградска крушевска куќа.

Според Дамчески, со пазарот, инфраструктурното средување на центарот и новиот лик на плоштадот Никола Мартиноски, за кој се одвоени 2,5 милиона денари, Крушево ќе стане привлечна туристичка дестинација.

Министерот Ставревски рече дека за добра туристичка понуда потребна е добра инфраструктура.

- Владата и понатаму ќе вложува во нашиот туристички бисер Крушево за подобрување на условите за живот на неговите жители - рече Ставревски.


Во Крушево беше ставен во функција и интернет-клуб, дел од проектот на Владата за клубови со бесплатни услуги.
Вратете се на почетокот Go down
batbayan
Модератор
Модератор
batbayan


Број на мислења : 1410
Age : 38
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
Крушево - сите новости околу омилениот град на Тоше - Page 2 Left_bar_bleue11 / 10011 / 100Крушево - сите новости околу омилениот град на Тоше - Page 2 Right_bar_bleue

Registration date : 2008-06-11

Крушево - сите новости околу омилениот град на Тоше - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Крушево - сите новости околу омилениот град на Тоше   Крушево - сите новости околу омилениот град на Тоше - Page 2 I_icon_minitimeВто Фед 23, 2010 11:43 am

https://www.youtube.com/watch?v=IaYFOVM3cCs
Вратете се на почетокот Go down
batbayan
Модератор
Модератор
batbayan


Број на мислења : 1410
Age : 38
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
Крушево - сите новости околу омилениот град на Тоше - Page 2 Left_bar_bleue11 / 10011 / 100Крушево - сите новости околу омилениот град на Тоше - Page 2 Right_bar_bleue

Registration date : 2008-06-11

Крушево - сите новости околу омилениот град на Тоше - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Крушево - сите новости околу омилениот град на Тоше   Крушево - сите новости околу омилениот град на Тоше - Page 2 I_icon_minitimeЧет Апр 01, 2010 10:41 am

УНЕСКО ја поддржа обновата на Бигорски

Од Организацијата на ОН за образование, наука и култура, освен обновата на опожарениот манастир Св. Јован Бигорски, финансиски се поддржани уште два проекта - "Крушево - етно-град" и втората Светска конференција за меѓурелигиски дијалог што ќе се одржи во Охрид

Министерката Канческа-Милевска исто така информираше дека УНЕСКО со 36.000 евра ќе го поддржи и проектот "Крушево - етно-град" со кој аплицираше Националната комисија на УНЕСКО. Пред да бидат одобрени средства за овој проект мисија на претставници на УНЕСКО го посетија Крушево и се запознаа со условите што ги нуди градот како и со проектот за него.
- Оваа помош е од особено значење за градот, за локалниот развој, за привлекување странски и домашни туристи, а со тоа и за зајакнување на економските капацитети на Крушево, посочи министерката за култура.

http://vecer.com.mk/?ItemID=3DF011673527384BA32F262E7675522F
Вратете се на почетокот Go down
batbayan
Модератор
Модератор
batbayan


Број на мислења : 1410
Age : 38
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
Крушево - сите новости околу омилениот град на Тоше - Page 2 Left_bar_bleue11 / 10011 / 100Крушево - сите новости околу омилениот град на Тоше - Page 2 Right_bar_bleue

Registration date : 2008-06-11

Крушево - сите новости околу омилениот град на Тоше - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Крушево - сите новости околу омилениот град на Тоше   Крушево - сите новости околу омилениот град на Тоше - Page 2 I_icon_minitimeНед Апр 25, 2010 8:24 pm

Почна осветлувањето на манастирот „Св. Преображение“

Со поставување камен-темелник на трафостаницата од страна на премиерот Никола Груевски, извршните директори на ЕВН Гинтер Офнер и на Фондацијата „Тоше Проески“ Андреј Николовски на Гумење, во близина на Спомен-домот на македонската поп-икона, денеска и официјално започна изградбата на мрежата за обезбедување електрична енергија за манастирот „Св. Преображение“ во Крушево

Мрежата, чија вредност е околу 300.000 евра, е донација на „ЕВН Македонија“ за осветлување на манастирот, една од најголемите желби на македонската поп-икона Тоше Проески. Таа ќе биде долга 7,6 километри од кои три километри ќе бидат надземен, а остатокот подземен вод долж новоизградениот пат кој води кон манастирот.

- Следејќи го примерот на Тоше Проески во изминатиот период ја помогнавме изградбата на манастирот, го изградивме патот до таму, а еве веќе денеска токму од тука во непосредна близина на неговото вечно почивалиште и неговата Спомен-куќа отпочнува изградбата на мрежата за обезбедување на електрична енергија за манастирот „Св. Преображение“, рече премиерот Груевски, нагласувајќи дека тоа беше една од најголемите желби на Проески.

Премиерот истакна дека во близина на манастирот наскоро се планира да се гради викенд-населба со 800 куќи и додаде дека мрежата за напојување со електрична енергија ќе биде искористена и за таа намена. Покрај тоа, како што кажа, со мали измени и засилување на трансформаторот ќе може да се користи и за зимскиот центар Мусица што се планира да се гради наскоро.

Времето на реализација на проектот, како што посочи, е 50-ина дена и веќе кон крајот на јуни се очекува да блесне најголемото духовно светилиште на македонската поп-икона.

http://kirilica.com.mk/vest.asp?id=46977
Вратете се на почетокот Go down
batbayan
Модератор
Модератор
batbayan


Број на мислења : 1410
Age : 38
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
Крушево - сите новости околу омилениот град на Тоше - Page 2 Left_bar_bleue11 / 10011 / 100Крушево - сите новости околу омилениот град на Тоше - Page 2 Right_bar_bleue

Registration date : 2008-06-11

Крушево - сите новости околу омилениот град на Тоше - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Крушево - сите новости околу омилениот град на Тоше   Крушево - сите новости околу омилениот град на Тоше - Page 2 I_icon_minitimeПон Апр 26, 2010 9:22 am

Манастирот на Тоше ќе добие струја

видео

http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&eventId=59847
Вратете се на почетокот Go down
batbayan
Модератор
Модератор
batbayan


Број на мислења : 1410
Age : 38
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
Крушево - сите новости околу омилениот град на Тоше - Page 2 Left_bar_bleue11 / 10011 / 100Крушево - сите новости околу омилениот град на Тоше - Page 2 Right_bar_bleue

Registration date : 2008-06-11

Крушево - сите новости околу омилениот град на Тоше - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Крушево - сите новости околу омилениот град на Тоше   Крушево - сите новости околу омилениот град на Тоше - Page 2 I_icon_minitimeПон Мај 24, 2010 3:43 pm

По долгогодишната зачмаеност, Крушево почнува да живнува

Со почетокот на реализацијата на бројните проекти за заживување на со децении замреното Крушево, градот како полека да си го враќа животот.


Градоначалникот Василчо Дамески, вели дека иако има многу работа, сепак предизвикот е многу поголем, оти веќе и граѓаните, забележуваат дека во Крушево, конечно почна нешто да се случува.

Според него, во последно време, особено станува атрактивно купувањето недвижности, заради што и цената по метар квадратен е многу зголемена.

И крушевчани задоволни од промените. Велат, може полека, ама, важно е дека почна нешто да се работи, што, пак, не било случај во изминатите неколку децении.

Инаку, во моментов ЛС од Крушево е ангажирана на средување на централното градско подрачје, како и на сместувачките капацитети. Ова од причини што градот се подготвува за големата манифестација “Крушево- етно град”, која за прв пат беше организирана лани.


Klik na link i na pleer

http://sitel.com.mk/dnevnik/makedonija/po-dolgogodishnata-zachmaenost-krushevo-pochnuva-da-zivnuva
Вратете се на почетокот Go down
batbayan
Модератор
Модератор
batbayan


Број на мислења : 1410
Age : 38
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
Крушево - сите новости околу омилениот град на Тоше - Page 2 Left_bar_bleue11 / 10011 / 100Крушево - сите новости околу омилениот град на Тоше - Page 2 Right_bar_bleue

Registration date : 2008-06-11

Крушево - сите новости околу омилениот град на Тоше - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Крушево - сите новости околу омилениот град на Тоше   Крушево - сите новости околу омилениот град на Тоше - Page 2 I_icon_minitimeСре Мај 26, 2010 9:59 pm

Крушево - сите новости околу омилениот град на Тоше - Page 2 2mmbp88

Струјата е пробно пуштена во манастирот и конакот. Значи покрај тоа што е целосно линијата спроведена, направени се и два трансформатора. Едниот е на Гумење а другиот во кругот на манастирот. После пробната работа следува и официјално пуштање во употреба.
Вратете се на почетокот Go down
batbayan
Модератор
Модератор
batbayan


Број на мислења : 1410
Age : 38
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
Крушево - сите новости околу омилениот град на Тоше - Page 2 Left_bar_bleue11 / 10011 / 100Крушево - сите новости околу омилениот град на Тоше - Page 2 Right_bar_bleue

Registration date : 2008-06-11

Крушево - сите новости околу омилениот град на Тоше - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Крушево - сите новости околу омилениот град на Тоше   Крушево - сите новости околу омилениот град на Тоше - Page 2 I_icon_minitimeСре Јун 02, 2010 10:35 am

Томашевиќ сними спот за песната на Проески

Српската поп-пејачка Јелена Томашевиќ наскоро ќе го промовира спотот за темата „Где да одем, да те неволим“, која е дело на македонската музичка легенда Тоше Проески. Оваа композиција се наоѓа на изданието „Још увјек сањам да смо заједно - Тоше и пријателите“.

- Мојот тим стапи во контакт со агент од лондонска агенција кој ги гледал моите спотови на „Јутјуб“ и на кој многу сум му се допаднала. Неговиот коментар бил дека му наликувам на Џенифер Лопез, а пеам како Мараја Кери, што многу ми беше драго. Не' покани да бидеме гости во неговиот хотел на Ибица. Таму останавме пет дена.

Видеоклипот во реализација на белградскиот режисер Милош Надежда изобилува со кадри во кои се претставени убавините на островот - вели таа.

Јелена нагласува дека во него се чувствува атмосферата што Проески ја направил во својата композиција.

- Многу сум горда што бев една од изведувачите што отпеаја песна создадена од Тоше. Тој беше исклучително талентиран пејач и музичар. Сметав дека за толку убава и емотивна композиција потребен е и романтичен видеоклип. Тоа го постигнавме со кадрите во кои беа претставени убавините на Ибица и на морето.


dnevnik.com.mk/?ItemID=1BCFA241756E7E429B1E77D53D5D6E01


Последната промена е направена од batbayan на Саб Jул 17, 2010 9:32 pm. Мислењето е променето 1 пати
Вратете се на почетокот Go down
batbayan
Модератор
Модератор
batbayan


Број на мислења : 1410
Age : 38
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
Крушево - сите новости околу омилениот град на Тоше - Page 2 Left_bar_bleue11 / 10011 / 100Крушево - сите новости околу омилениот град на Тоше - Page 2 Right_bar_bleue

Registration date : 2008-06-11

Крушево - сите новости околу омилениот град на Тоше - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Крушево - сите новости околу омилениот град на Тоше   Крушево - сите новости околу омилениот град на Тоше - Page 2 I_icon_minitimeВто Jул 13, 2010 4:52 pm

Историјата повторно чекори во Крушево, етно град подготвен и за фановите на Тоше

Клик на плеер !

http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=...d=62646&egId=13




Вратете се на почетокот Go down
batbayan
Модератор
Модератор
batbayan


Број на мислења : 1410
Age : 38
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
Крушево - сите новости околу омилениот град на Тоше - Page 2 Left_bar_bleue11 / 10011 / 100Крушево - сите новости околу омилениот град на Тоше - Page 2 Right_bar_bleue

Registration date : 2008-06-11

Крушево - сите новости околу омилениот град на Тоше - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Крушево - сите новости околу омилениот град на Тоше   Крушево - сите новости околу омилениот град на Тоше - Page 2 I_icon_minitimeСаб Jул 17, 2010 9:32 pm

Воскреснување на Илинден со „Крушево етноград“

На отворањето се очекува да присуствуваат над 5000 лица, а свое учество како костимирани востаници ќе земат познати личности од јавниот живот, политиката и амбасадори, како и 20 културно- уметнички друштва од целиот регион

Од денеска до 10 август крушевчани ќе се вратат во времето од пред еден век, во деновите на Илинденското востание. Низ тесните улички ќе можат да се сретнат комитите и аскерот, чорбаџии, заптии и војводи. Сето тоа е дел од манифестацијата „Крушево етноград“, што втора година се реализира со подршка на УНЕСКО, италијанското Министерство за надворешни работи, Министерството за култура и општината Крушево. На свеченото отворање на манифестацијата што ќе се одржи во 18 часот пред споменикот Илинден, се очекува да присуствуваат над 5000 граѓани, а свое учество како костимирани востаници ќе земат познати личности од јавниот живот, политиката и амбасадори, како и 20 културно-уметнички друштва од целиот регион, кои ќе бидат облечени во народни носии од цела Македонија.

- Сé е подготвено за почетокот на „Крушево етноград“. Граѓаните ќе облечат комитски, турски и чорбаџиски носии. Сменети се и рекламите на дуќаните со рачно испишани, нови имиња, слични на оние во 1903 година - велат вработените во Музејот.

За утре е планирано комитите да дадат заклетва и да се пејат серенади. Програмата предвидува и враќање на старите детски игри, а ќе има изложба на фрески и на икони од Љубе Неделкоски - Бобек. Вредните крушевчанки ќе го веат востаничкото знаме, а крушевската пејачка група ќе ги пее староградските народни песни.

На 23 јули стартуваат „Деновите на крушевската чаршија“ со одржување на народна веселба, разни натпревари и организирање на комитска олимпијада. Четири дена подоцна, на 27 јули, ќе се одржат и спортски натпревари при што доминантно место ќе има етнофудбалскиот меч, а потоа јунаците и најсилните крушевчани и нивните гости ќе се натпреваруваат во влечење јаже.

На 2 август, ќе има прослава на победата и прогласувањето на првата балканска република во Крушево. Притоа е планирано да има и избор на Влада и прокламација на Крушевскиот манифест, а на шести август, пак, според Гоцевата дека „Светот го разбира како поле за културен натпревар меѓу народите“ е предвидено да се одржи и турска културна вечер.

„Етноград Крушево“ ќе се затвори со изборот на најубавите народни носии.

Од локалната самоуправа сметаат дека оваа манифестација е одлична за развој на туризмот во нивниот град.

- Крушево станува посакувана туристичка дестинација, а неспорно е дека оваа манифестацијата придонесува за развојот на туризмот - велат од општината.

Минатата година оваа манифестација беше многу позитивно прифатена во јавноста, освои многу европски награди за развој на туризмот, а Би-би-си сними репортажа за „новото“ културно востание на Балканот и случувањата во крушевската културна република.

http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=71610158248&id=49&prilog=0&setIzdanie=22036
Вратете се на почетокот Go down
batbayan
Модератор
Модератор
batbayan


Број на мислења : 1410
Age : 38
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
Крушево - сите новости околу омилениот град на Тоше - Page 2 Left_bar_bleue11 / 10011 / 100Крушево - сите новости околу омилениот град на Тоше - Page 2 Right_bar_bleue

Registration date : 2008-06-11

Крушево - сите новости околу омилениот град на Тоше - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Крушево - сите новости околу омилениот град на Тоше   Крушево - сите новости околу омилениот град на Тоше - Page 2 I_icon_minitimeВто Jул 27, 2010 8:19 pm

ВО КРУШЕВО
Улицата „Тодор Проески“ со ново обележје
Улицата што го носи името на македонската икона Тодор Проески во Крушево од неодамна има ново обележје. Место старата табла обесена на канделабра, која била привремено решение, сега има ново обележје високо дури три метри. - Постаментот е обложен со црн мермер на кој со месингани парчиња се изгравирани ноти и пишува - Улица Тодор Проески. Над тоа се наоѓа потписот на Тоше и, исто така, од месинг има изработено музичка лира. Целото обележје е високо околу три метри и е поставено според идеја на семејството на Тоше и на Фондацијата - објаснува Никола Јованоски, претседателот на Советот на Општина Крушево. Според локалната самоуправа, останувало уште да се уреди просторот околу спомен-обележјето, односно да се загради просторот со ограда во форма на петолиние. Новото улично обележје со името на улицата на македонската музичка икона, откако било поставено пред 10-15 дена, било многу посетувано од намерници во Крушево, кои не пропуштале можност да се сликаат пред него. Инаку, преименувањето на улицата следуваше со одлука на Советот веднаш по кобната несреќа кога Крушево и Македонија засекогаш го загубија Тоше


vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabinde...amp;ArticleID=145356
Вратете се на почетокот Go down
batbayan
Модератор
Модератор
batbayan


Број на мислења : 1410
Age : 38
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
Крушево - сите новости околу омилениот град на Тоше - Page 2 Left_bar_bleue11 / 10011 / 100Крушево - сите новости околу омилениот град на Тоше - Page 2 Right_bar_bleue

Registration date : 2008-06-11

Крушево - сите новости околу омилениот град на Тоше - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Крушево - сите новости околу омилениот град на Тоше   Крушево - сите новости околу омилениот град на Тоше - Page 2 I_icon_minitimeВто Jул 27, 2010 8:19 pm

ИЛИНДЕН БЕЗ „ПРОХОР ПЧИЊСКИ“
Груевски во Крушево, Иванов во Пелинце
Премиерот Никола Груевски на втори август ќе присуствува на прославата на Илинден во Крушево.
Премиерот Никола Груевски ќе присуствува на прославата во Крушево, а за граѓаните од целата земја што сакаат да присуствуваат на одбележувањето на Илинден на Мечкин камен ќе се организира и бесплатен превоз со автобуси. На Македонската телевизија веќе се емитуваат известувања за пријавување на заинтересираните граѓани што сакаат да одат во Крушево, а трошоците за превозот ќе ги плати Владата. Во Крушево е најавена и делегација на ДУИ, која, најверојатно, ќе биде предводена од пратеникот Рафиз Алити. Претседателот на Советот на научнокултурните средби „Десет дена Крушевска Република“ најавува дека има неколку новини во одбележувањето на Илинден, кои се организираат во соработка со локалната власт во Крушево. - Целата манифестација се сели од Гумење во градот на новиот градски плоштад. Предвидена е церемонија со кревање на знамето на Крушевската република на јарбол, со пропратна церемонија на полноќ на 1 август. Очекуваме на церемонијата да присуствува и премиерот Груевски - вели Панде Лазаревски, претседател на „Десет дена Крушевска Република“. Предвидени се и низа културни манифестации, а ќе биде одбележана и годишнината од раѓањето на Мајка Тереза. Говорите на политичарите, традиционално, на 2 август се на Мечкин камен.
Вратете се на почетокот Go down
batbayan
Модератор
Модератор
batbayan


Број на мислења : 1410
Age : 38
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
Крушево - сите новости околу омилениот град на Тоше - Page 2 Left_bar_bleue11 / 10011 / 100Крушево - сите новости околу омилениот град на Тоше - Page 2 Right_bar_bleue

Registration date : 2008-06-11

Крушево - сите новости околу омилениот град на Тоше - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Крушево - сите новости околу омилениот град на Тоше   Крушево - сите новости околу омилениот град на Тоше - Page 2 I_icon_minitimeЧет Jул 29, 2010 8:20 pm

Владата со 600 автобуси на Мечкин Камен

Масовен народен собир во Крушево, на Мечкин Камен, на Илинден ќе организира Владата по повод одбележувањето на 107-годишнината од Илинденското востание, на кое ќе се обрати премиерот Никола Груевски. Најмалку 600 автобуси, утрото на 2 август, од 66 општини во Македонија ќе се упатат кон Крушево и бесплатно ќе ги превезат сите што сакаат да учествуваат на прославата на Илинден. Во неколку електронски и печатени медиуми има платени огласи со кои се информираат граѓаните од каде и во колку часот ќе тргнат автобусите кон Крушево.

Одговор „од прва“ немаа ни на прашањето зошто во медиумите нема информација од каде и во колку часот ќе тргнат автобусите, како што веќе неколку дена има за Крушево.

Повик за масовна посетеност на Мечкин Камен деновиве почна да кружи и на социјалната мрежа „Фејсбук“. Општинскиот комитет на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ од Гостивар отвориле профил на „Фејсбук“ на кој повикуваат „100. 000 народ на Мечкин Камен годинава“. Меѓу пријателите на профилот има и актуелни пратеници од владејачката партија. (Т.П.)

Източник:
http://www.dnevnik.com.mk
Вратете се на почетокот Go down
batbayan
Модератор
Модератор
batbayan


Број на мислења : 1410
Age : 38
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
Крушево - сите новости околу омилениот град на Тоше - Page 2 Left_bar_bleue11 / 10011 / 100Крушево - сите новости околу омилениот град на Тоше - Page 2 Right_bar_bleue

Registration date : 2008-06-11

Крушево - сите новости околу омилениот град на Тоше - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Крушево - сите новости околу омилениот град на Тоше   Крушево - сите новости околу омилениот град на Тоше - Page 2 I_icon_minitimeПет Jул 30, 2010 9:18 pm

За Крушево од Бигорски тргна црешово топче

Облечени во комитска одежда, петмина коњаници со благослов на архимандритот Партениј, игумен на Бигорскиот манастир, тргнаа со црешево топче кон Крушево. Коњаниците, кои тргнаа на маршот преку Бистра, беа испратени од повеќе жители на долреканскиот крај што присуствуваа на богослужбата во манастирската црква. Игуменот Партениј потсети дека за одбраната на Крушевската Република, монасите направиле две црешови топчиња и им ги испратиле на востаниците во Крушево. Макетата на црешовото топче ја изработи Тодор Динговски, сопственик на пилана во Маврово. Маршот со коњи „Илинден 2010“ од Гостивар го организира Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ. Коњаниците, преку селата Јанче, Галичник, Лазарополе и Цер за Илинден ќе стасаат на Мечкин Камен, каде што се одбележува Илинденското востание

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=46933B665E7D084A9E0BAF7FD8141354
Вратете се на почетокот Go down
batbayan
Модератор
Модератор
batbayan


Број на мислења : 1410
Age : 38
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
Крушево - сите новости околу омилениот град на Тоше - Page 2 Left_bar_bleue11 / 10011 / 100Крушево - сите новости околу омилениот град на Тоше - Page 2 Right_bar_bleue

Registration date : 2008-06-11

Крушево - сите новости околу омилениот град на Тоше - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Крушево - сите новости околу омилениот град на Тоше   Крушево - сите новости околу омилениот град на Тоше - Page 2 I_icon_minitimeПет Jул 30, 2010 9:57 pm

Крушево: сите се во филмот на 1903-та

Ако генерацијата од 1903-та се борела за слобода, сегашната генерација се бори за заживување на Крушево, неоправдано заборавениот град со огромни потенцијали

Како и пред секој Илинден, низ крушевските улици раздвиженост, на крушевските куќи знамиња. Сите се концентрирани на подготовките за претстојното одбележување на големиот празник. И во општината, и во музејот, и по хотелите, и во дуќаните.

Крушевчани веќе шетаат низ улиците во комитски, турски или староградски алишта, со задоволство вклучувајќи се во манифестацијата „Крушево-етноград“, која веќе втора година ги раздвижува туристичките потенцијали на овој неправедно заборавен град.

На само два дена пред празникот, во општината сите се максимално ангажирани. Велат, не спијат додека не завршат со сé.

Го уредуваме централното градско подрачје. Ги реновиравме фасадите на старите куќи, кои блеснаа во сиот сјај. Изградивме нов парк со фонтана и нов плоштад во автентичен стил. Плоштадот свечено ќе биде пуштен спроти празникот, на 1 август. Уредена е комплетно, во стар стил, улицата што го носи името на Тоше Проески. Направивме максимални напори да го дотераме градот, да биде поубав и почист за празникот - вели градоначалникот Василчо Дамчевски, кого го најдовме пред новиот плоштад, кој се доуредува.

Тој најавува паралелно одвивање и на други инфраструктурни зафати.

- Се гради градски пазар, модерен, затворен, со површина од 750 квадратни метри на два ката. Во тек се градежните работи на фудбалско игралиште, а набргу ќе почне и уредувањето на крајбрежјето на езерото, кое ќе добие трим-патека, со осветлување и со урбана опрема. Ќе се гради и игралиште за одбојка на спортскиот центар „Гумење“. Освен црква, кај гробот на Тоше ќе се градат и четири нови тениски игралишта - најавува Дамчевски.

Каде ќе се паркираат сите автомобили што по сите патишта што на 2 август ќе водат во Крушево ќе пристигнат во градот?

- Подготвен е посебен режим на сообраќај, бидејќи очекуваме повеќе посетители. Дел улици ќе бидат затворени за сообраќај, а централното подрачје ќе биде слободно за шетање. На Гумење ќе се паркираат сите возила. За 2 август на Мечкин Камен оспособивме простор на кој ќе можат да се сместат околу 800 автобуси. Проблем за паркирање ќе нема. Секој ќе може да дојде на Мечкин Камен - ветува градоначалникот.

Претседателот на општинскиот совет вели дека посветуваат многу внимание на автентичноста.

- Секој посетител што ќе дојде во градот ако не го проба прочуениот крушевски локум исто како да не бил во Крушево. И рестораните приготвуваат јадења според рецепти од нашите баби, како крушевска пита или чомлек - вели Никола Јованоски, претседател на советот на општината.


СИЛАТА НА ЕТНОПРОЕКТОТ


Етнопроектот „Крушево-етноград“ ги раздвижи крушевчани, кои без оглед на возраста безрезервно се вклучија во иницијативата за туристичко раздвижување на градот. Облекоа комитски, турски и староградски носии, шетаат низ градот и ја раскажуваат историјата од 1903-та. Градот е пред ново востание, пред нова битка. И овој пат илинденска, само што годината е 2010-та. Низ улиците на градот одекнуваат нивните поздрави „Нека е со среќа, јунаци, за многу години да е туристичкото востание“.

Сите се војници на туризмот, на пријателството, на гостопримството. Сите многу очекуваат. Затоа се насмеани, расположени. Горди се што и самите стануваат историја во градот во кој сите доаѓаат - барем на 2 август.

Чевларот Ѓорѓи Гаврилоски, кој од осумгодишна возраст се занимава со овој занает, вели дека убаво се живее во Крушево. Единствено што младите не сакале да работат занает.

- Сполај му на Бога, добро живееме. Добро е што со програмата „Етноград“ се прават напори градот да заживее. Доаѓаат повеќе гости. Но младите не сакаат да учат занает. Еве, уште малку ќе заминам во пензија, а нема кој да ме наследи - вели Ѓорѓи.

Подготвени се и угостителите, хотелиерите. Во меаната кај Маја Танка (баба Танка) велат дека постојано има гости.

- Многу сме задоволни од посетата. За празникот очекуваме многу гости. Интересно е што сите влегуваат во филмот од 1903-та. Втори август е многу значаен за нас, крушевчани. Центар на светот сме - вели Мики Костоски, сопственик на меаната.

Од хотелот „Монтана“ посочуваат дека сé уште имаат слободни места за гостите. Цените на услугите се од 1.000 денари нагоре. На гостите на располагање им е и приватното сместување.


ДЕСЕТ ДЕНА КРУШЕВСКА РЕПУБЛИКА


Привршуваат последните подготовки за почнувањето на манифестацијата „Десет дена Крушевска република“, која ќе трае до 10 август. Годинава се предвидени измени за отворањето - наместо на Гумење, сé ќе се случува во центарот на градот, на новиот плоштад.

- Имаме сосема ново сценарио. Од една од соседните куќи ќе се читаат Манифестот и повелбата на Илинденското востание, по што ќе следува културна програма со учество на естрадни уметници. Гардиската единица на полноќ ќе го крене знамето пред столбот на Крушевската република, а потоа ќе следува огномет. На 2 август ќе има полагање цвеќиња на гробот на Карев и на споменикот „Илинден“, ќе се одржи панихида во црквата „Св. Никола“, а големиот собир на кој ќе зборува премиерот Никола Груевски ќе се одржи на Мечкин Камен - најавува градоначалникот Дамчевски.

Подготвени се и во Музејот, каде што очекуваат повеќе посетители.

- Галеријата на Никола Мартиновски, Музејот на Илинденското востание, музејот „Леарница“, споменикот „Илинден“, Музејот на НОБ ќе работат цел ден. Ќе ја раскажуваме историјата, а ќе одржиме и свадбата како од 1903-та. Ќе ги одживееме и настаните од 1903 година. Туристите ќе го доживеат Крушево на автентичен начин - вели Калиопи Бојчиновска, директорка на музејот.

Крушево е подготвено. Ако генерацијата од 1903-та се борела за слобода, сегашната генерација се бори за заживување на Крушево, неоправдано заборавениот град со огромни потенцијали.

http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=73010102149&id=9&prilog=0&setIzdanie=22047
Вратете се на почетокот Go down
batbayan
Модератор
Модератор
batbayan


Број на мислења : 1410
Age : 38
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
Крушево - сите новости околу омилениот град на Тоше - Page 2 Left_bar_bleue11 / 10011 / 100Крушево - сите новости околу омилениот град на Тоше - Page 2 Right_bar_bleue

Registration date : 2008-06-11

Крушево - сите новости околу омилениот град на Тоше - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Крушево - сите новости околу омилениот град на Тоше   Крушево - сите новости околу омилениот град на Тоше - Page 2 I_icon_minitimeСре Апр 20, 2011 6:17 pm

Песна од Тоше ја пее Раде Шербеџија

Синглот Крушево наменет за хуманитарни цели

Песната Крушево, за која музиката ја напиша Toше Проески, а текстот Мирослав Рус (по идеја на македонската музичка легенда), премиерно ќе ја изведе познатиот актер Раде Шербеџија на 25. април, денот на отворањето на Спомен-куќата на Тоше.

Овој раритетен сингл, во изведба на светската актерска ѕвезда Раде Шербеџија, ќе може да се купи единствено во Спомен-куќата на Тоше Проески и во манастирот на Тоше - Свето Преображение, а собраните средства ќе бидат наменети за довршување на манастирот... - изјави за МММ Славен Ристовски, зетот на Тоше Проески, појаснувајќи дека ваквата одлука е донесена заедно со Мирослав Рус и Раде Шербеџија.

Гитарските делници во песната Крушево ги сними Влатко Стефановски, со што и тој се приклучи во реализација на проектот.


Музиката за тема Крушево Тоше Проески ја напиша неколку дена пред трагичниот настан на 16-ти октомври 2007-ма. За композицијата ќе се снима и видеозапис, во кој главната улога ќе ја толкува Шербеџија.

Со реализација на темата Крушево и спотот за неа ја исполнивме големата желба на Тоше. Тој имаше намера да отпее песна за својот град, а тоа го откри и во документарецот Пет години Балкан. На последната средба со Мирослав Рус во Загреб, Тоше ја споделил идејата за темата со него и почнал да му кажува свои мисли и зборови кои хрватскиот автор ги срочил во текст - изјавија неодамна од Фондацијата Тоше Проески.

Идејата на фондацијата била оваа песна да се сними со црковен или детски хор. Но, по долго размислување решиле дека најдобар избор е Раде Шербеџија, кој како врвен актер најдобро може да ги пренесе емоциите од текстот. Популарниот актер веднаш ја прифатил нивната понуда.

При еден мој престој во Македонија, со Игор Џамбазов решивме да го посетиме Крушево. Отидовме во хотелот Монтана, каде што наидовме на една група која ги забавуваше гостите. Веднаш го забележав 16-годишното момче со прекрасен глас. Кога ја запеа Јовано, Јованке му се придруживме со Игор и заедно ја изведовме песната. Подоцна, кога стана ѕвезда, сфатив дека Тоше е токму тоа момче што ми остави голем впечаток со својата маестрална интерпретација. Многу го сакав и ја чувствувам трагедијата на неговото семејство како да сум дел од него - изјави Шербеџија за Дневник.

Композицијата Крушево популарниот актер ја сними на хрватски и на македонски јазик. Препевот на македонски го направи Огнен Неделковски. Според најавите, на денот на отворањето на Спомен-куќата ќе биде присутен и Раде Шербеџија, кој премиерно, во живо, ќе ја изведе песната.

Дел од Крушево

Горе кај што има рој од ѕвезди
Кај што спијат луѓе драги,
Мајка ми, татко ми... да ги видат
Сите мои песни како траги...

Таму еднаш ќе ве сретнам,
Во тишината на вечниот мир,
Кај што ме допре Божјата рака
Од небото над мојот сакан манастир!

http://mmm.com.mk/?ItemID=55A684015F5BBA458F89E80DB07D08DE

Вратете се на почетокот Go down
batbayan
Модератор
Модератор
batbayan


Број на мислења : 1410
Age : 38
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
Крушево - сите новости околу омилениот град на Тоше - Page 2 Left_bar_bleue11 / 10011 / 100Крушево - сите новости околу омилениот град на Тоше - Page 2 Right_bar_bleue

Registration date : 2008-06-11

Крушево - сите новости околу омилениот град на Тоше - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Крушево - сите новости околу омилениот град на Тоше   Крушево - сите новости околу омилениот град на Тоше - Page 2 I_icon_minitimeПет Jул 08, 2011 7:47 pm

ВО СПОМЕН-КУЌАТА И МАНАСТИРОТ

Песната Крушево на Тоше на цеде

Цедето со песната "Крушево" обожавателите на Тоше Проески ќе може да го купат во спомен-куќата на трагично починатата ѕвезда и во манастирот "Свето Преображение". Цената е 150 денари, а собраните средства ќе бидат наменети за доизградба на манастирот. На изданието се наоѓаат македонската и хрватската верзија на темата "Крушево", за која музиката ја направи Тоше, текстот Мирослав Рус, а Никша Братош се погрижи за аранжманот. Песната ја интерпретира легендарниот Раде Шербеџија. Препевот на македонски го напиша Огнен Неделковски.

Крушево - сите новости околу омилениот град на Тоше - Page 2 E57d7ac4078bc7419eafbad.th



http://vecer.com.mk/?ItemID=626A7DD6321F8F45A1D44E3E7A72D70A
Вратете се на почетокот Go down
batbayan
Модератор
Модератор
batbayan


Број на мислења : 1410
Age : 38
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
Крушево - сите новости околу омилениот град на Тоше - Page 2 Left_bar_bleue11 / 10011 / 100Крушево - сите новости околу омилениот град на Тоше - Page 2 Right_bar_bleue

Registration date : 2008-06-11

Крушево - сите новости околу омилениот град на Тоше - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Крушево - сите новости околу омилениот град на Тоше   Крушево - сите новости околу омилениот град на Тоше - Page 2 I_icon_minitimeСре Jул 20, 2011 2:33 pm

Ранко Петровиќ - Бубамара - војвода од „Крушево етноград“

Туристичкото востание во Крушево не запира


Поздрав Ранко! Ќе има ли летово туристичко востание во Крушево?

- Востанието е кренато пред три години. Борбата продолжува секој ден за поубав и подобар живот на крушевчани, за облагородување на духот и развој на историско Крушево. Годинава вратите на живиот историски времеплов, или „Крушево етноград“ се отвораат в недела, на 24 јули, во 18 часот, пред споменикот „Илинден“. За величественоста на овој миг ќе придонесе присуството на 3.000 граѓани и туристи.

Што покажа тригодишното искуство на „Крушево етноград“, дали ова костимирано востание (за туристички развој) се случи навреме?

- Секогаш сме пред сите. За востание никогаш не треба да се чека. Особено не за вакво, какво што се случува на отворањето на „Крушево етноград“, пред споменикот „Илинден“. Таму се случува најголемата модна ревија на народни носии, автентично оживеани од културно-уметничките друштва, се случуваат моменти за паметење и се прават најубавите фотографии за спомен и долго сеќавање. Таму се покажува дека традицијата и новите идеи за развој на туризмот можат да донесат голем успех.

Каква е програмата за годинешново востание?

- Манифестацијата ќе трае 15-20 дена, од 24јули, па до средината на август. Заеднички ја покриваат Општина Крушево и Историскиот музеј. Музејот има подготвено околу 200 носии за учесниците, но неколку и за фотографирање, а и за секоја вечер по една тематска програма, како што се: турска вечер, чорбаџиска, вечер на серенади... Очекуваме многу јавни личности и туристи да дојдат повторно во Крушево и да ја почувствуваат атмосферата од Илинденското востание, да дишат чист воздух и да доживеат една убава летна ноќ во реновираниот хотел „Монтана“.

За овие три-четири години ангажман со „Крушево етноград“, заслужи ли да те нарекуваат Ранко војвода?

- Денешните востаници на трудот, добрата мисла и човечноста ги победуваат апатијата и скептичноста. Успехот во будењето и насочувањето на граѓаните кон подобра иднина дава резултати и помошта доаѓа од сите страни. Војводството веќе не е важно, важен е успехот на идејата.
Вратете се на почетокот Go down
batbayan
Модератор
Модератор
batbayan


Број на мислења : 1410
Age : 38
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
Крушево - сите новости околу омилениот град на Тоше - Page 2 Left_bar_bleue11 / 10011 / 100Крушево - сите новости околу омилениот град на Тоше - Page 2 Right_bar_bleue

Registration date : 2008-06-11

Крушево - сите новости околу омилениот град на Тоше - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Крушево - сите новости околу омилениот град на Тоше   Крушево - сите новости околу омилениот град на Тоше - Page 2 I_icon_minitimeСре Jул 20, 2011 2:39 pm

TOSE - Крушево привлекува туристи и во лето (10-07-2011)

https://www.youtube.com/watch?v=sD41a5jXS-s&feature=player_embedded
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





Крушево - сите новости околу омилениот град на Тоше - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Крушево - сите новости околу омилениот град на Тоше   Крушево - сите новости околу омилениот град на Тоше - Page 2 I_icon_minitime

Вратете се на почетокот Go down
 
Крушево - сите новости околу омилениот град на Тоше
Вратете се на почетокот 
Страна 2 of 3Отиди на страна : Previous  1, 2, 3  Next
 Similar topics
-
» The Hardest Thing --- PROMOCIJA

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
 :: Пишани и Електронски медиуми :: Новости-
Отиди до: