Концертот што во чест на легендата Тоше Проески се одржа минатата година на 5 октомври, на Градски ќе стане традиционален.
Според најавите, таков ист треба да се случи и годинава, а собраните
средства повторно ќе бидат искористени во хуманитарни цели. Годинава
родителите на Тоше, кои ја продолжуваат хуманитарната мисија започната
од нивниот трагично починат син на болницата во Крушево и подарија
кардиоваскуларен ехо-апарат вреден 25.000 евра.
На годинешниот концерт на Градски меѓудругото премиерно ќе бидат
пуштени и две песни на Тоше. Едната со наслов "Крушево" е правена по
негова нарачка, а дел од текстот иако, за жал, не успеа да ја сними, е
коригиран по негова иницијатива. Песната, впрочем тоа може да се насети
и по насловот, има одличен текст посветен на неговиот роден град и Тоше
сакал да ја стави на својот последен албум "Игри без граници", но во
последен момент било решено истата подоцна да биде пуштена во етерот.
Другата, пак, се вика "Се уште сонувам дека сме заедно".
извор: Вечер