Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeLatest imagesБарајРегистрирајте сеВлез

 

 Концертот за Тоше на „Филип Втори“

Go down 
АвторПорака
batbayan
Модератор
Модератор
batbayan


Број на мислења : 1410
Age : 38
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
Концертот за Тоше на „Филип Втори“ Left_bar_bleue11 / 10011 / 100Концертот за Тоше на „Филип Втори“ Right_bar_bleue

Registration date : 2008-06-11

Концертот за Тоше на „Филип Втори“ Empty
20090813
ПишувањеКонцертот за Тоше на „Филип Втори“

ТРАДИЦИЈАТА ПРОДОЛЖУВА И ГОДИНАВА

Концертот за Тоше на „Филип Втори“



Подготовките за вториот хуманитарен концерт во спомен на Тоше Проески се во тек и иако локац-ијата на неговото одржување не е конечно дефинирана, неофицијално дознаваме дека концертот ќе се случи на 5 октомври во Националната арена „Филип Втори“. Потврда за ова се очекува на 19 август, кога премиерот Никола Груевски и министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска ќе ги посетат манастирот „Свети Преображение“ во Крушево и семејството Проески.

- Се размислува за програмата на концертот во кој ќе бидат вклучени неколку луѓе задолжени за сценариото. Годинава би сакале таа да има поинаква, уметничка, димензија и се надеваме дека ќе успееме во тоа. Не би можеле дефинитивно да потврдиме каде ќе се одржи концертот, но ќе се обидеме да ја продолжиме традицијата и местото на настанот да биде Арената „Филип Втори“ - истакнуваат од Фондацијата „Тоше Проески“, носителот на проектот.

Извесен период фановите на Тоше полемизираат за местото на одржување на хуманитарниот концерт и најголем дел од нив сметаат дека поранешниот Градски стадион во Скопје е вистинското решение. Истото размислување го дели и министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска.

- Сметам оти концертот треба да се одржи во арената и да се продолжи традицијата - вели таа. По иницијатива на Фондацијата пред одржувањето на концертот ќе се појави дивиди со документарниот филм „Пет години Балкан“, во кој ќе бидат додадени материјали што беа снимени, но не влегоа во серијата со ист наслов што се снимаше во почетокот на 2007 година. Продуцент на серијата е „Аворд продукција“, а за сценариото и режијата повторно е задолжен Огнен Неделковски.

Во минатата година, концертот „Те сакаме сите, Тоше“, кој се одржа на „Филип Втори и беше под покровителство на Владата на Република Македонија и Министерството за култура, покажа дека музичката легенда и големиот амбасадор на земјава останува вечно во срцата на сите граѓани. И годинава проектот ќе го поддржи Министерството за култура.

- Фондацијата „Тоше Проески“ аплицира на конкурсот за проекти во рамките на Годишната програма за култура, а ние го поддржавме. И годинава очекуваме масовно присуство на големиот настан со што ќе докажеме дека хуманоста, чесноста и љубовта кон сите луѓе се дел од наследството што на нашата земја и' го остави Тоше. Министерството за култура, со финансирањето на Спомен-домот на Тоше Проески на Гумење во Крушево, покажува дека името на нашиот ангел достојно ќе биде зачувано од забот на времето - велат од Министерството.


http://dnevnik.com.mk/?ItemID=2F359DAE4C7A...E66C94A7EE1C69B
Вратете се на почетокот Go down
Share this post on: reddit

Концертот за Тоше на „Филип Втори“ :: Comments

No Comment.
 

Концертот за Тоше на „Филип Втори“

Вратете се на почетокот 

Страна 1 of 1

 Similar topics

-

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
 :: Форум :: Портал новости-
Отиди до: