HomeПрашања/ОдговориБарајЧленовиЧленски групиРегистрирајте сеВлез

Share | 
 

 Тоше Проески загинал по првиот удар на Туарегот во камионот

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down 
АвторПорака
batbayan
Модератор
Модератор
avatar

Број на мислења : 1410
Age : 31
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
11 / 10011 / 100

Registration date : 2008-06-11

20090810
ПишувањеТоше Проески загинал по првиот удар на Туарегот во камионот

Тоше Проески загинал по првиот удар на Туарегот во камионот


Сообраќајниот вештак Дарко Коњевиќ од Славонски Брод кој извршил увид на местото на несреќата во која загина Тоше Проески по две години од трагедијата опиша точно што се случувало кобниот 16 октомври 2007 година околу 6:30 часот на автопатот Загреб - Липовац кај Нова Градишка

"Предната страна на возилото во кое бил Тоше Проески поради јачината на ударот, буквално се провлекла во длабина од 2,2 метри под товарниот сандук на приколката која во таа ситуација почнала силно да го притиска столбот на кровот на Туарегот помеѓу вратата и ветробранот од десна страна на која Тоше бил во полулегната положба врзан со безбедносен појас. Од јачината на ударот неговото тело нагло се подигнало а кровот на возилото исстовремено со голема јачина се спуштил кон неговата глава. Неговата глава во своето движење нагло застанала, телото продолжило да се движи по што неговата смрт настапува поради повлекување на главата кон долниот дел од телото”, рекол Коњевиќ.
Проески не страдал од ударот во средишната одбојна ограда како што се зборувало туку при ударот во задниот дел од приколката.

“Целиот склоп на возила потоа заедно продолжил со движења уште 10 метри, а кога брзините на движења на камионот и Туарегот се изедначиле приколката од камионот го отфрла автомобилот на Тоше на страна, по што Туарегот заротирал на левата страна на автопатот за 180 степени, удрил со својата десна страна во средишната одбojна ограда и запрел во спротивен правец”, навел Коњевиќ.

Тој го прокоментирал и фактот дека во Туарегот не се активирале ниту едно од седумте воздушни перничиња. Непосредно по несреќата ја тестиравме управувачката единица
која ги координира сите воздушни преничиња и се зачудивме зашто тој механизам воопште не знаел и не добил информација дека сударот се случил. Тоа е уште почудно ако се има предвид дека уште при првиот контакт со приколката на Туарегот буквално му одпаднало десното тркало бидејќи го пресекла страничната метална летва на приколката. Во својот извештај напишав дека причината за тоа е недоволното растојание. Имено, Туарегот можел да вози и 200 км на час и да се држел до левата коловозна страна, ништо не би се случило. Клучна е и основната карика на целиот случај дека пред судирот Туарегот претходно бил на десната страна, почнал да престига пред себе поспори возила но на време не започнал да ги поминува возилата пред себе.

Според извештајот објавен на суд во Скопје од страна на вештаците од Техничкиот факултет во Битола кои извршија повторно вештачење на Туарегот, за смртта на Тоше не е крива брзината туку невниманието на возачот Ѓорги Георгиевски.

“Тој можеби заспал, правел нешто друго, слушал музика или разговарал на мобиелен”, изјавил вештакот Стоилко Златковски професот на Техничкиот факултет во Битола. Според наодите на вештаците во Хрватска, Георгиевски возел со 171 км на час, додека македонските вештаци тврдат дека брзината е помала и е од 140 до 158 км на час. Според нив и да била помала брзината последиците би биле исти.
Туарегот според нив удрил со својот најосетлив дел во камионот, по што се уништени деловите на возилото кои ја предизвикале и смртта на Тоше во пределот на главата кој би бил смртоносен и при помала брзина. Македонските вештаци тврдат дека ниедна функција на возилтото не откажала а воздушните преничиња не се отвориле бидејќи успорувањето на возилото било помало од она потребното за нивно активирање.

_________________


Тој е горе во височините каде што и секогаш беше. Се наоѓа во темнина. Темнината сме ние, фановите кои чуваме една голема темнина во срцата, бидејќи него повеќе го нема. А на небото има само една сјајна звезда - Тоше, единствена сјајна ѕвезда која секогаш ќе остане да сјае
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
Share this post on: diggdeliciousredditstumbleuponslashdotyahoogooglelive

Тоше Проески загинал по првиот удар на Туарегот во камионот :: Comments

Cao Makedonci!!!Fanovi na nasega Tose,javite se.Moj mail 0643341836@gm.telekom.yu
Ceca POZDRAV IZ SRBIJE!!!
За загинувањето на Проески, односно за сообраќајната несреќа, според скопското јавно обвинителство е осомничен Ѓорѓиевски, кој го управувал „туарегот“.
Рочиштата за судењата веќе неколкупати се презакажува бидејќи, како што тврди Силвија Џилвиџиева, адвокатка на возачот на џипот, неопходно било да се сослуша и возачот на камионот. - Неговиот вербален доказ е битен за утврдување на фактичката состојба “ тврдеше Џилвиџиева на последното рочиште. Од Судот објаснија дека и покрај поканите што македонското и српското Министерство за правда ги испратило до Кузмановиќ, од кои едната на почетокот на април годинава, а другата кон крајот на мај, тој не се одѕвал.
Судот наредниот претрес го презакажа за 19 октомври, со цел да се обезбедат информации за Кузмановиќ, кој, според одбраната на Ѓорѓиевски, треба да разјасни многу работи за сообраќајната несреќа. На претходните рочишта тој се бранеше дека немал време да маневрира со џипот, со оглед на тоа дека се се случило за миг. Пред судот изјави дека возилото го управувал со брзина од околу 100 километри на час, но и дека и покрај тоа што му сигнализирал на возачот, тој не реагирал. Изјавата на Ѓорѓиевски е спротивна на исказите на хрватските вештаци, кои констатирале дека возилото било управувано со брзина од 171 километар на час, а вештаците во Македонија утврдиле брзина од 150 километри на час и дека со престигнувањето почнал предоцна. Тешката сообраќајна несреќа се случи на 16 октомври 2007 година, на автопатот кај хрватска Нова Градишка. „Туарегот“ се судри со камион со приколка, кој го возел Кузмановиќ.

http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=1&EditionID=1781&ArticleID=119356
Зар уште со ова ке замараат? што е важно кога веќе Тоше го нема... или ке се натпреваруваат кој повеќе ке дознае...
СМРТТА НА ТОШЕ ПРОЕСКИ УШТЕ ТРЕБА ДА СЕ ИСТРАЖУВА
Брзината на камионот тајна
Никој досега не обелодени со колкава брзина се движел италијанскиот камион во моментот кога „туарегот“ удрил во него, при што загина поп-пејачот Тоше Проески. Тоа не го спомнува ниту хрватскиот вештак Дарко Коњевиќ, кој пред една недела изнесе нови моменти од истрагата. Според него, Проески загинал во моментот кога џипот удрил во камионот, а предната десна страна навлегла под него во должина од 2, 2 метри по што силно го притиснала делот меѓу вратата и ветробранското стакло, кои го усмртиле пејачот. Две години по несреќата никој во јавноста не ја ни споменува брзината со која Србинот Славиша Кузмановиќ го управувал камионот, ниту дали тахографската лента на која се бележи како е управувано возилото е прегледана. Силвија Џилвиџиева, адвокатката на возачот на џипот Ѓорѓи Ѓорѓевски, на неколкуте судски рочишта инсистира како главен сведок да се појави камионџијата за да биде испрашан за ситуацијата. Откако „Време“ пред неколку дена објави дека Џилвиџиева се сомнева во вештачењето на џипот, македонски сообраќаен вештак, кој сакаше да остане анонимен, во писмо до нашата редакција пишува дека хрватските вештаци направиле огромен пропуст. Според него, интересно е што во интервјуто ниту хрватскиот вештак, ниту, пак, вештите лица од скопскиот Машински факултет и од битолскиот Сообраќаен факултет во своите извештаи не наведуваат со која брзина се движел камионот непосредно пред незгодата, за време на судирот и по него. - Која била излезната брзина на „туарегот“, а посебно на камионот, што лесно може да се отчита доколку се погледне тахографската лента, ако воопшто била земена од камионот. Тоа е правило и обврска на увидната група “ вели вештакот. Според него, тахографската лента е многу битна за објективната анализа на текот, динамиката и околностите под кои се случила незгодата. Вештакот посочува дека преку тахографската лента може да се отчита дали камионот непосредно пред судирот се движел со константна брзина или, пак, нагло ја намалувал брзината на движењето, без притоа да остава видливи траги на сопирање на коловозот. - Мислам дека не е извршена морфолошка анализа на трагите од сопирањето најдени на самото место. Не се одземени задните светилки од задните леви стоп-светла од полуприколката на камионот од каде со лабораториско испитување ќе се изврши вештачење дали биле технички исправни или не, дали во момент на судирот биле под напон или не “ вели тој. Вештакот тврди дека тоа е битно ако се утврдело дека левите светилки од задното лево стоп-светло биле под напон тогаш требало вештаците да ги испитаат околноста дали камионот нагло ја намалил брзината на движењето. - Дали камионџијата го изненадил возачот на џипот до степен и мера да не може навреме да воспостави безбедно растојание од камионот или, пак, да се престрои на другата коловозна лента “ смета сообраќајниот стручњак. Вештакот испровоциран од, според него, досегашни коментари како од хрватскиот вештак, така и од вештаците од земјава, вели дека тие се недоречени, конфузни и контрадикторни. - Во погледа на активната заштита на џипот, затајувањето на системот на воздушните перничиња е очигледен и морало да биде активиран. Изјавите на вештаците вклучени во истрагата повеќе се во сфера на веројатност и на претпоставки отколку засновани на научно утврдени факти “ објаснува тој.

http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=12&tabid=1&EditionID=1784&ArticleID=119589
Както секој пат само празни зборови и ништо конкретно. Колку ли време ќе трае изтражуването ? Не се ли заморија сите да роват, а ништо да не најдат ? Истината треба да се знае, ама штом толку време не се дозна ништо, мислам дека и во иднина нема да се дознае.
Съгласна съм с мнението на batbayan "Както секој пат само празни зборови и ништо конкретно".. никой незнае какво и как ТОЧНО се е случило освен Горги,Лиляна и самият Бог. ..Аз невярвам Горги да е желал смъртта на Тоше,защото все пак са били добри приятели..но след всичко случило се Горги си заслужава да е в затвора.
..това мисля аз-ако не сте съгласни с мен-критикувайте :)
СКОПСКИОТ КРИВИЧЕН СУД СО НОВ ДЕТАЉ ЗА СООБРАЌАЈКАТА НА ТОШЕ
Камионџијата возел со 85 километри на час
Хрватски и македонски сообраќајни вештаци ја вештачеле тахографската лента од италијанскиот камион, кој учествуваше во тешката сообраќајна несреќа кај Нова Градишка во Хрватска, во која загина пејачот Тоше Проески, тврдат од Основниот суд Скопје 1. Оттаму велат дека камионот бил вештачен, а од него била извадена и тахографската лента на која се покажало дека во моментот на ударот тој се движел со брзина од 85 километри на час. Од Судот не кажуваат колкава била брзината на движење пред и по ударот и дали возачот на камионот, српскиот државјанин Славиша Кузмановиќ, почнал нагло да ја намалува брзината, поради што пријателот на Тоше, Ѓорѓи Ѓорѓевски, кој го управувал „туарегот“, немал доволно време да реагира, по што се случила несреќата. Обожавателите на Проески се прашуваат дали постојат уште детали кои не се обелоденети во јавноста, а предизвикуваат голем сомнеж за нелогичности во истрагата за неговата смртта. Ниту на адвокатката на возачот, Силвија Џилвиџиева, не и е јасно како можело вработени во хрватскиот сервис на „Фолксваген“ први да го испитуваат џипот, а не вештаците. Таа неколку пати барала во скопскиот Кривичен суд да се појави возачот на камионот, кој за неа претставува важен сведок за отворање на претресот. За сообраќајната несреќа и за смртта на Проески Кривичниот суд го товари возачот Ѓеорѓиевски, а по неколкуте одложени судења, наредниот претрес е презакажан за 19 октомври. Адвокатката на Ѓорѓевски бара судот да обезбеди информации за Кузмановиќ, кој, според неа, треба да разјасни многу работи за сообраќајната несреќа.


http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=5&tabid=1&EditionID=1787&ArticleID=119778
Во среда пресуда за сообраќајката на Тоше

Судскиот процес за сообраќајната несреќа во која загина македонската музичка ѕвезда Тоше Проески продолжи денеска во скопскиот кривичен суд

Во среда обвинителството и одбраната ќе дадат завршните зборови и во истиот ден се очекува да биде објавена пресудата.

Последното рочиште од судењето што почна пред една година, во кое како обвинет е Ѓорги Ѓорѓиески, возачот на џипот на Тоше, беше одложено пред пет месеци затоа што пред судот не се појави Славиша Кузмановиќ, возач на камионот во кој се удри џипот.

Кузмановиќ не дојде ниту денес па судот одлучи воопшто и да не го бара бидејќи е невозможно да го обезбеди.

Министерство за правда, пак, со објаснување дека возач на камионот и да ја прими поканата, сам решава дали ќе ја прифати и ќе дојде на судење.

Иако претходно адвокатот на обвинетиот Ѓорѓиески, Силвија Џилвиџиева, изјави дека само со непосреден распит на возачот на камионот ќе се расчистат многу дилеми што се однесуваат на несреќата.

http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=115172
Две години затвор за возачот на Тоше


Две години затвор за Ѓорѓи Ѓорѓиевски, возачот на џипот во кој загина Тоше Проески. На Изречената пресуда и претходеше емотивна исповед на Ѓорѓиевски во завршните зборови на судскиот процес.

Ѓорѓиевски на заминување од судот изрече само два збора - „Тоше си е Тоше“. Неговата бранителка кажа дека ќе ја обжалат одлуката на скопскиот кривичен суд.

Казната е изречена за предизвикување на сообраќајната несреќа во која загина македонската поп-икона Тоше Проески.

Во главно емотивен амбиент протекоа завршните зборови и на јавната обвинителка, а исто така и на бранителката на Ѓорѓи Ѓорѓиевски.

Во завршните зборови на Ѓорѓиевски, кога тој не можеше да ги скрие своите солзи, кажа само дека Тоше бил негов другар, а пред се, и негов брат. „Јас сум веќе казнет“, рече Ѓорѓиевски.

На крајот од изречената пресуда, неговата бранителка изјави дека не е задоволна од одлуката на судот. Рече дека ќе се изјасни подоцна за тоа како ќе ја обжали обвинителната пресуда на Апелациониот суд.

„Не сме задоволни од пресудата, не можам да давам изјави, премногу сме исцрпени денеска од овој напорен ден, се што имаме ќе кажеме во жалбата до Апелациониот суд. Жално е ова што се случи, македонското судство и денес покажа дека треба да се реформира“, рече Силвија Џилвиџиева, адвокат.

„И покрај се, Тоше е Тоше“, изјави Ѓорѓиевски.

Немаше повеќе сили да зборува пред новинарските екипи. Кривичното дело за кое му е изречена затворската казна е загрозување на животот и безбедноста во сообраќајот.

Според одлуката на судот, Ѓорѓиевски на 16. октомври пред две години во 6 часот и 25 минути ја предизвикал сообраќајната несреќа на автопатот Белград-Загреб, близу Нова Градишка.

Тој се движел со брзина од 152 километри на час, не се придржувал со сообраќајните знаци и прописи, со тоа што дозволил моќниот теренец „Туарег“ да удри со предниот десен дел во левиот заден дел на камионот кој одел пред него, не држел доволно растојание, со тоа што во сообраќајната несреќа настрадал неговиот сопатник, Тоше Проески, а вториот патник во џипот, којшто се возел на задното седиште, Лилјана Петровиќ, се здобила со полесни телесни повреди.

ВИДЕО

http://a1.com.mk/vesti/video.asp?Video=09/link-keti-21-10.wmv&VestID=115241
Апелација ќе расправа за пресудата на возачот на Тоше

Деновиве жалбата ќе биде доставена до Јавното обвинителство од каде се очекува нивно мислење. Потоа судскиот совет во Апелација ќе одлучи дали ќе ја прифати жалбата на Ѓоргевски или ќе ја потврди пресудата на првостепениот суд, по што за возачот на туарегот ќе оди на издржување на затворската казна

Апелациониот суд ја доби жалбата на возачот на Тоше Проески, Ѓорги Ѓоргевски кој беше осуден на двегодишна казна затвор за сообраќајката во која загина македонската легенда. Деновиве жалбата ќе биде доставена до Јавното обвинителство од каде се очекува нивно мислење. Потоа судскиот совет во Апелација ќе одлучи дали ќе ја прифати жалбата на Ѓоргевски или ќе ја потврди пресудата на првостепениот суд, по што за возачот на туарегот ќе оди на издржување на затворската казна.
Основниот суд Скопје 1 во октомври минатата година го осуди Ѓоргевски на две години за сообраќакката на 16. октомври 2007 година, во близина на Нова Градишка, кога загина балканската пејачка ѕвезда Тоше Проески.

Судијката Милка Ангеловска-Василевска посочи дека судот ги прифатил доказите според кои во моментот кога се случила несреќата во која загина Проески, возачот Ѓорги Ѓоргевски го управувал возилото „фолксваген туарег“ со брзина од 152 километри на час и дека не се држел на прописно растојание.

Блискиот пријател и другар на Проески, Ѓорге Ѓоргевски, тогаш со солзи во очите ја ислуша одлуката на судот, а во завршниот збор само кажа: „Не заспав! Изгубив брат и пријател. Јас сум веќе казнет. Тој е со мене засекогаш“!

За Јавната обвинителка Вера Илиевска недвосмислено се потврдило дека било сторено делото за кое се товари обвинетиот, дека камионот во кој удрил „туарегот“ се движел со брзина од 85 километри на час.

- Непобитен е и фактот дека Ѓоргевски го управувал џипот со брзина од 152 километра на час, а возачот на товарното возило Славиша Кузмановиќ не можел да преземе ништо. Станува збор за делница на автопатот каде што максималната дозволена брзина е 130 километри на час. Според секциониот протокол смртта на Тоше Проески настапила по насилен пат, односно по здобиен удар по носот и устата со што дошло до прекин и на функционирањето на ’рбетниот мозок и до смрт.„Загинувањето на Тоше Проески можеби е судбинско, но не можеме да ги затвориме очите пред небрежноста на обвинетиот Ѓорги Ѓоргевски“, рече тогаш јавната обвинителка Илиевска, која побара од судот при одмерувањето на казната да бидат земени предвид не само отежнителните околности, туку и олеснителните, односно блискоста меѓу сега покојниот и Ѓоргевски, неговата младост, неосудуваност, како и повредите и траумите од сообраќајката.

http://kirilica.com.mk/vest.asp?id=44774
Жалбата на возачот на туарегот во кој загина Тоше Проески, Ѓорѓи Ѓоргиевски, не е разгледана



Одложена е јавната седница закажана за денес, на која требаше да се разгледа првостепената пресуда на скопскиот суд донесена на 21 октомври минатата година со која Ѓоргиевски беше осуден на две години

Седницата е одложена за среднината на мај, бидејќи во судницата не се јавија ниту осудениот ниту неговиот бранител.

Судот констатираше дека Ѓорѓи Ѓоргиевски бил болен и хоспитализиран во болница, за што Судот бил писмено известен. Судот се соочи и со недостиг на судии, поради суспендирањето на петмина апелациони судии од страна на Судскиот Совет.
Со првостепената пресуда Ѓоргиевски во Кривичниот суд Скопје 1 беше прогласен за виновен, бидејќи судот констатира дека тој возел над дозволената брзина, а при претекнување на камионот со приколка што го управуваше српскиот државјанин Славиша Кузмановиќ, Ѓоргиевски не држел соодветно растојание.



http://kirilica.com.mk/vest.asp?id=47176
Апелација пак го одложи судењето на возачот на Тоше

Судењето на Ѓорги Ѓорѓиевски, кое по жалба треба да се одржи во Апелациониот суд во Скопје, доживеа уште едно одложување. Во овој судски предмет требаше да постапува судијата Исмаил Лимани, но поради неговото суспендирање и на уште четворица негови колеги, случајот му беше одземен и привремено му беше предаден на друг Судски совет. Сега, кога судијата Лимани е вратен на своето работно место, предметот повторно е во неговите раце и Јавна седница ќе се одржи во почетокот на јули.

Судски кривичен совет на Основниот суд Скопје 1 го осуди Ѓорги Ѓоргиевски на две години затвор за сообраќајната несреќа, која се случи на 16 октомври 2007 година, во близина на Нова Градишка, во која загина пејачот Тоше Проески. Критичниот ден Ѓоргиевски го управувал џипот „туарег“ што удрил во приколка на камион што го управувал српскиот државјанин Славиша Кузмановиќ. На судењето во скопскиот Кривичен суд целиот тек на постапката, Ѓоргиевски негираше дека заспал зад воланот. Изразувајќи жал и каење за трагичниот настап, тој рече дека со заминувањето на Тоше Проески изгубил брат и пријател и со тоа веќе е казнет.

Пресудата за овој трагичен настан дојде по точно две години од настанот што се случи кај Нова Градишка. По само неколку месеци од објавувањето на првостепената пресуда, Ѓоргиевски, преку својот бранител, адвокатката Силвија Џилвиџиева поднесе жалба до повисокиот суд. Во жалбата, адвокатката останува на тврдењето дека одлуката на Кривичниот суд била донесена исклучиво врз основа на погрешна и нецелосна утврдена фактичка состојба, односно само врз база на сообраќајно-техничко вештачење. Со жалбата е оспорен и тахографот на камионот што го управувал сведокот Славиша Кузмановиќ, бидејќи не е во оригинал, туку во фотокопија. Адвокатката го потсетува повисокиот суд дека првостепениот суд најнапред го прифатил предлогот за непосреден распит на возачот на камионот, а потоа беше одбиен овој предлог.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=5E05E09...036DF284C9AB7B7
 

Тоше Проески загинал по првиот удар на Туарегот во камионот

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот 

Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
 :: Форум :: Портал новости-
Отиди до: