Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeLatest imagesБарајРегистрирајте сеВлез

 

 Концерт во чест на Тоше - БУДВА 2010 - Песна на Медитеранот

Go down 
АвторПорака
batbayan
Модератор
Модератор
batbayan


Број на мислења : 1410
Age : 38
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
Концерт во чест на Тоше - БУДВА 2010 - Песна на Медитеранот Left_bar_bleue11 / 10011 / 100Концерт во чест на Тоше - БУДВА 2010 - Песна на Медитеранот Right_bar_bleue

Registration date : 2008-06-11

Концерт во чест на Тоше - БУДВА 2010 - Песна на Медитеранот Empty
20100606
ПишувањеКонцерт во чест на Тоше - БУДВА 2010 - Песна на Медитеранот

Балкански ѕвезди во чест на Тоше Проески во Будва

Бендот на Тоше Проески, Нина Бадриќ, Калиопи Букле, Гоца Тржан, Бојан Маровиќ, Јелена Томашевиќ, Елена Ристеска, Наум Петрески, Марко Возељ, „Форплеј“ се музичките имиња што ќе настапат на концертот „Ин мемориам Тоше Проески“, кој ќе се одржи на 5 јуни со почеток во 23 часот на плоштадот во Будва. Станува збор за настан што е дел од интернационалниот фестивал „Песна на Медитеранот“ со согласност и поддршка на Меѓународната фондација „Тоше Проески“.

- „Песна на Медитеранот“ е фестивал што исклучително ги цени големите уметници како Тоше Проески. Неговото учество на нашиот фестивал беше незаборавно доживување. Затоа решивме една од вечерите на годинашното издание да му ја посветиме на големиот уметник и легендата, која за жал не е веќе со нас - велат од организацијата на фестивалот.

На „Песна на Медитеранот“, кој ќе се одржи од 4 до 6 јуни во Будва, Црна Гора, ќе биде доделена награда за посебен развој и придонес во музиката наречена „Тоше Проески“.

Водител на концертот посветен на нашата легенда е Бошко Јаковљевиќ. На настанот ќе присуствува и композиторот на Проески од Англија, Енди Рајт, како и членови на меѓународната фондација „Тоше Проески“.

Пејачите што ќе настапат ќе изведуваат песни на Проески и нумери што самите ги испеаја на албумот „Још увјек сањам да смо заједно“, а ги компонира Проески.

Гоца Тржан ќе ги испее „Хилјаду и двеста милја“ и „Тајно моја“, Бојан Маровиќ, „Буди добра према себи“ и „Једина“, Елена Ристеска „А могли смо“ и „Срце није камен“, Марко Возељ, „Моја“ и „Ко ти то гризе образе“, Калиопи ќе настапи со „Заувјек“ и „Пратим те, „ Форплеј“, со Separet was и „Ледена“, Јелена Томашевиќ со „Где да одем да те не волим“ и „Чија си“, Наум Петрески со „Мајка на Марика думаше“ и „Зајди зајди“, а Нина Бадриќ со „Несаница“ и „Знам те ја“.

Бендот на Тоше ќе ги свири „Игра без границе“ и „Трешња“, а публиката ќе пее. Концертот ќе трае еден час и 40 минути, а на видеобим ќе се пушта монтиран материјал.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=303D99B6004C...E7E7D88F6CDF5ED
Вратете се на почетокот Go down
Share this post on: reddit

Концерт во чест на Тоше - БУДВА 2010 - Песна на Медитеранот :: Comments

Будванскиот фестивал во знакот на Тоше Проески

Во спомен на македонската музичка легенда, по завршувањето на втората полуфинална вечер, на „Песна на Медитеранот“ ќе се одржи специјална музичка програма „Ин Мемориам - Тоше Проески“, на која ќе настапат пејачи што соработувале со него

На интернационалниот музички фестивал „Песна на Медитеранот“, кој ќе се одржи од 4 до 6 јуни во Будва, Црна Гора, ќе биде доделена награда за посебен развој и придонес во музиката наречена „Тоше Проески“. Во спомен на македонската музичка легенда, по завршувањето на втората полуфинална вечер, ќе се одржи специјална музичка програма „Ин Мемориам - Тоше Проески“, на која ќе настапат пејачи што соработувале со него. Водител на програмата ќе биде Бошко Јаковљевиќ.

- Во договор со Фондацијата „Тоше Проески“ решивме да доделиме награда со неговото име и да му посветиме фестивалска вечер, со цел да го истакнеме уште еднаш ликот и делото на големата балканска ѕвезда за која не' врзуваат многу спомени. Нашата почит кон неговото дело е огромна, а тоа ќе го потврдиме и на годинашново фестивалско издание - ни изјави Александар Арменко, директор на фестивалот.

Од фондацијата „Тоше Проески“ истакнаа дека со задоволство ја прифатиле идејата на овој фестивал да се додели награда која ќе го носи името на мегаѕвездата, од повеќе причини.

- Будванската манифестација е со голема традиција и реноме. Во 2005 година Тоше се претстави пред тамошната публика со солистички концерт, кој беше одржан во рамките на фестивалската програма. Пред трагичниот настан тој веќе имаше склучено договор да пее во Будва за пречекот на 2008 година - велат од фондацијата.

Награда што го носи името „Тоше Проески“ беше доделена лани на Хрватскиот радиофестивал. Фондацијата планира во иднина ваква награда да се доделува и на еден од македонските музички фестивали.

- Веројатно, добар избор ќе биде националниот Евросонг. Тоше беше евровизиски претставник, па во контекст на тоа би споменале дека е убаво секој што ќе победи на националниот евровизиски избор да добие награда што ќе го носи неговото име. Евровизијата е манифестација што во изминатите години е најпопуларно телевизиско шоу.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=9031F1D8FEA9A04B8D659DF99DC0B508
Будва: Концерт во чест на Тоше Проески
[05.06.2010] Во Будва во тек е фестивалот „Песна на медитеранот“. Вечерва ќе се одржи концерт посветен на Тоше Проески. Ќе пеат голем број познати ѕвезди, а во организацијата учествуваше и Фондацијата Проески.

Интервју со Лиља и со Славен.
Клик на плеер !


http://a1.com.mk/vesti/video.asp?Video=10/izjav...mv&VestID=123935
Ето и дел од песните, изпеени вечерта:

Гоца Тржан с песните Тайно моя и 1200 мили

https://www.youtube.com/watch?v=t93kn1-awG4

Калиопи с песните Заувек и Пратим те

https://www.youtube.com/watch?v=wXHeaHZ0FI4

Наум Петрески- Майка на Марийка и Зайди зайди

https://www.youtube.com/watch?v=Laz8zy-92ME
Калиопи во Будва втора, Јоце Панов трет...

Меѓународната фондација Тоше Проески додели Специјална награда која го носи името на Тоше Проески, која секоја година ќе му се доделува на еден млад автор. Годинава честа да прими награда со името на Тоше и припадна на младата црногорска композиторка Алиса Полумента.

http://mmm.com.mk/?ItemID=336D379797CDAA40BBADA8749651A916
Песните на Тоше живеат на Медитеранот

На концертот „Ин меморијам - Тоше Проески“

песни од македонската музичка легенда испеаја Гоца Тржан, Бојан Маровиќ, Елена Ристеска, Марко Возељ, „Форплеј“, Јелена Томашевиќ, Наум Петрески, Нина Бадриќ и бендот на Проески

Во убава и емотивна атмосфера девет балкански музички ѕвезди завчера во Будва, на фестивалот „Песна на Медитеранот“, настапија на концертот „Ин меморијам - Тоше Проески“.

На седумнаесеттото издание на фестивалот во Будва му беше оддадена почит на трагично починатиот пејач,
а настанот потсети дека Неговите песни и Неговиот лик ќе продолжат да живеат уште долго време.

Посебна атмосфера на фестивалот, каде што публиката вообичаено седи, даде групата Македонци
што постојано скандираа „Македонија, Македонија“ и го повторуваа името на Тоше,
мавтајќи со знамиња и шалови со боите и името на нашата држава.

На концертот, кој беше организиран со голема поддршка од Меѓународната Фондација „Тоше Проески“,
покрај Неговите најголеми хитови, пејачите исполнија и неколку песни што се најдоа на албумот
„Тоше и пријателите - Још увјек сањам да смо заједно“.

Проески на фестивалот во Будва настапи во 2005.година во ревијалниот дел, оставајќи одличен впечаток пред црногорската публика.

- Благодарна сум им на фестивалот „Песна на Медитеранот“ и на Фондацијата „Тоше Проески“ што направија нешто вакво,
а мене ми е драго што бев дел од него, како што бев и дел од Тоше .

Благодарна сум им и на пејачите што дојдоа по само еден телефонски повик. Мислам дека вакви концерти треба да се случуваат барем еднаш годишно и дека и другите фестивали ќе бидат заинтересирани за ваков концерт,
бидејќи Тоше Го заслужува тоа.

Тој е ѕвезда што никогаш нема да згасне - изјави менаџерката Лилјана Петровиќ,
која за време на настапите не можеше да ги скрие солзите.

На крајот бендот на Тоше ја отсвири песната „Цреша“ и ја заврши вечерта посветена на најголемата македонска музичка ѕвезда.

( Димитар Петровски - специјален известувач од Будва )

Ѕвезда во Будва

Проески во 2005.година настапи на фестивалот во Будва со целовечерен концерт во ревијалниот дел.

- Тоше во Будва во 2005.година имаше концерт во ревијалниот дел. Тој дојде како ѕвезда и беше прифатен како ѕвезда.

Тука остави убав впечаток и затоа Црногорците сега му се оддолжуваат со концерт во Негова чест - кажа Петровиќ.

http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?Item...B3D0918DEB08EAE
 

Концерт во чест на Тоше - БУДВА 2010 - Песна на Медитеранот

Вратете се на почетокот 

Страна 1 of 1

 Similar topics

-
» Vasi tekstovi i pjesme o Tosi i za Tosu

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
 :: Форум :: Портал новости-
Отиди до: