Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeLatest imagesБарајРегистрирајте сеВлез

 

 Годинава ќе нема концерт во чест на Тоше!?

Go down 
АвторПорака
batbayan
Модератор
Модератор
batbayan


Број на мислења : 1410
Age : 38
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
Годинава ќе нема концерт во чест на Тоше!? Left_bar_bleue11 / 10011 / 100Годинава ќе нема концерт во чест на Тоше!? Right_bar_bleue

Registration date : 2008-06-11

Годинава ќе нема концерт во чест на Тоше!? Empty
20090918
ПишувањеГодинава ќе нема концерт во чест на Тоше!?

Годинава ќе нема концерт во чест на Тоше!?

Концерт во чест на најголемата балканска ѕвезда Тоше Проески, со наслов – Тоше, те сакаме сите, нема да се одржи на традиционалниот датум 5-ти октомври 2009-та – потврди за интернет-сајт Tose.bloger.hr близок соработник на починатиот пејач.

Концерт требаше да биде традиционален, бидејќи на оваа дата, 11 дена пред трагичното загинување 2007-та година, Тоше имаше последен настап во родната Македонија –
стои во статијата на web-страната на неговите верни фанови.

Со оваа вест, стои во статијата, се погодени сите обожаватели на нашиот Тоше, а особено оние кои тогаш планираа да патуваат во Скопје и во неговото Крушево.

Лани, на Градскиот стадион во Скопје неколку десетини илјади обожаватели на 5-ти октомври беше одржан концерт во чест на Тоше, а од тоа место беше ветено дека настанот ќе стане традиционален. Тогаш, неговите балкански колеги пееа песни во негова чест...

Според некои извори, високите претставници на власта во Македонија изјавија дека концертот ќе се случи на неговиот роденден – 25-ти јануари 2010 година.
http://mmm.com.mk/?ItemID=9D24F79C0E6BFF4EBEC852B050371E65
Вратете се на почетокот Go down
Share this post on: reddit

Годинава ќе нема концерт во чест на Тоше!? :: Comments

Зоштооо!!?? Годинава ќе нема концерт во чест на Тоше!? 308271 Годинава ќе нема концерт во чест на Тоше!? 768299 Годинава ќе нема концерт во чест на Тоше!? 561172
Хуманитарниот концерт ќе се одржи на 25 јануари



Наместо на 5 октомври, термин кој стана традиција во последните две години, големиот хуманитарен концерт, посветен на Тоше Проески, ќе се одржи на денот на неговиот роденден, 25 јануари 2010 година. Ова е последната информација што ја објави Меѓународната фондација „Тоше Проески“, со што се стави крај на многубројните шпекулации поврзани со терминот на одржување на концертот кој фановите со нетрпение го очекуваат. „Размислувавме дека понатамошната организација на концерт за Тоше, наместо на датумот на одржувањето на неговиот последен концерт, 5 октомври, треба да го поместиме на датумот на неговото раѓање со што ќе ја славиме и понатаму радоста од неговото раѓање. За нас, членовите на семејството, а веруваме и за сите на кои Тоше им е во срцата, 25 јануари е денот што треба да се слави и да се исполни со музика и љубов“, се вели во соопштението испратено од Фондацијата.

Средствата што ќе се соберат од концертот ќе бидат наменети за манастирот „Св. Преображение“ во Крушево. „Градителските работи се во полн ек, но со оглед на тоа што манастирот е оддалечен 7 км од Крушево, во место кое е надвор од јавната електрична мрежа, потребна е поголема инвестиција за електрификација и комплетно осветлување на манастирскиот комплекс“, додаде Андреј Николоски, директор на Фондацијата „Тоше Проески“. (К.Ш.)

http://utrinski.com.mk/?ItemID=89AEB85B1E5ED0469C890A6F05382DE7
Се повлеков од се, но некому ни тоа не му е доста

За интернет-сајтот Tose.bloger.hr, менаџерката на нашата легенда Тоше Проески – Љиљана Петровиќ, даде ексклузивна изјава, со цел спречување на непроверени и лажни изјави на нејзината сметка.

Во изјавата до фановите Љиљана вели дека не е член на фондацијата Тоше Проески, ниту за нешто одлучува. Ланскиот концерт го помагаше волонтерски, заради љубовта кон Тоше. Посакуваше тој да стане традиција... Сепак, не ја исклучува можноста повторно да помогне, ако ја побараат...

Петровиќ вели дека се откажа од сите нејзини права во корист на родителите на Тоше, без оглед што некои луѓе се уште ја отповикуваат заради таа работа.

Се повлеков од се, ама некому ни тоа не му е доста! Зарем морам на крајот и да се правдам, иако и самата изминативе две години минав низ пекол? – се прашува менаџерката Петровиќ.

http://mmm.com.mk/default.asp?ItemID=E7C2E...5BF26E59C552E25
 

Годинава ќе нема концерт во чест на Тоше!?

Вратете се на почетокот 

Страна 1 of 1

 Similar topics

-

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
 :: Форум :: Портал новости-
Отиди до: