HomeПрашања/ОдговориБарајЧленовиЧленски групиРегистрирајте сеВлез

Share | 
 

 Отбележување на Втората годишнина од 16.10.2007 г.

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down 
АвторПорака
batbayan
Модератор
Модератор
avatar

Број на мислења : 1410
Age : 31
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
11 / 10011 / 100

Registration date : 2008-06-11

ПишувањеПредмет: Отбележување на Втората годишнина од 16.10.2007 г.   Пон Сеп 28, 2009 9:53 pm

Кондиционен Тренер = Ултрамаратон за Тоше )

( Фото галерија 2008.г. => http://www.kondicionentrener.com/Galerii/Tose%20Maraton/ToseMaraton.html )

И на втората годишнина од смртта на нашата најголема естрадна ѕвезда Тоше Проески, македонските маратонци ќе се обидат по втор пат да го повторат ланскиот подвиг кога дваесет и шестмина од нив со штафетно трчање успеаа да ја претрчаат делницата од Нова Градишка во Република Хрватска до Крушево за 78 часа.

Оваа година се планира да се направи уште поголем подвиг. Составот на екипата ќе брои само 15 професионални маратонци кои се внимателно избрани и одговараат на таков вид на предизвик. Ќе ја истрчаат истата должина од минатата година од околу 1060 км и се надеваме дека ќе го подобрат резултатот за неколку часа.

Како и минатата година и оваа година главен организатор е Меѓународната Фондација “Тоше Проески“ од каде и произлезе оваа идеа. Техничката организација како и минатата година така и оваа година им е доделена на инструкторите од нашата спортска школа “Кондиционен Тренер“ - Крсте Војнески и Сашо Доневски, кои минатата година професионално ги извршија зададените цели и попатните предизвици.

Значи оваа година Ултрамаратонот за Тоше ќе се трча од 16. до 19.октоври 2009.година.



Трасата е иста како и минатата година.

Се тргнува од стадионот во Нова Градишка на 16.октомври во 06.20 часот, се трча по таканаречениот “стар автопат“ преку Старо Петрово Село, Нова Капела, Радовање. Горњи Андријевци, Бартоновци, Славонски Брод, Буковље, Врановци, Гарчин, Доњи Андријевци, Милошевци, Велика Копаница, Беравци, Грундинци, Бабина Греда, Штитар, Жупања, Бошњаци, граничниот премин Батровци помежу Р.Хрватска и Р.Србија.

Потоа во Република Србија продолжуваме преку Шид, Сремска Митровица, Рума, Стара Пазова, Нова Пазова, Батајница, белградска Арена на 17.октомври во 10.00 часот каде што Фан клубот на Тоше ќе организира официјален пречек, Смедеревски Пут, Смедерево, Велика Плана, Лапово, Јагодина, Ќуприја, Параќин, Алексинац, Ниш, Лесковац, Владичин Хан, Врање, Бујановац, до нашиот граничен премин Табановце.

Во Македонија ќе трчаме до Скопје каде што исто така ќе има пречек од Фан клубот на Тоше на Плоштадот Македонија на 18.октомври во 18.00 часот. По кратка пауза продолжуваме за Крушево преку Велес и Прилеп. Официјално пристигнувањето во Крушево на месноста Гумење е закажано на 19.октомври во 12.00 часот.

Сите петнаесет маратонци континуирано се спремаа за овој ултрамаратон и слободно можеме да кажеме дека се психо-физички спремни за овој предизвик. Од технички аспект работите се при крај.

До почетокот на “Ултрамаратонот за Тоше“ се надеваме дека навремено ќе ве информираме за сите активности...

...на нашата ВЕБ страна => http://www.kondicionentrener.com/ultramaraton%20za%20tose.html

_________________


Тој е горе во височините каде што и секогаш беше. Се наоѓа во темнина. Темнината сме ние, фановите кои чуваме една голема темнина во срцата, бидејќи него повеќе го нема. А на небото има само една сјајна звезда - Тоше, единствена сјајна ѕвезда која секогаш ќе остане да сјае
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
batbayan
Модератор
Модератор
avatar

Број на мислења : 1410
Age : 31
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
11 / 10011 / 100

Registration date : 2008-06-11

ПишувањеПредмет: Re: Отбележување на Втората годишнина од 16.10.2007 г.   Вто Сеп 29, 2009 10:40 pm

Фановите на Тоше ќе го одбележат 5-ти октомври!

Обожавателите на нашата музичка мегаѕвезда, легендарниот Тоше Проески, и тоа не само од Македонија, туку од целиот Балкан, планираат да го одбележат 5-ти октомври, денот кога нивниот миленик пред две години го имал својот последен и најуспешен концерт во Скопје – на Градскиот стадион.

Тогаш Тоше посака секоја година на таа дата да се среќаваат, да пеат и да се дружат. Со еден збор, да триумфира музиката и хуманоста. За жал, трагичната судбина не му дозволи на Тоше тој лани да биде дел од концертот, кој, пак, беше направен во негова чест, со цел традицијата да продолжи и понатаму, а Фондацијата која го носи неговото име, реши концертот да се помести на друга дата – 25-ти јануари, кога е роденденот на Тоше.

Место концерт на 5-ти октомври, Фондацијата најавува објавување DVD со снимка од 2007-ма, кога Тоше за последен пат во својот живот настапи во Скопје, на триумфален концерт на кој присуствуваа неколку десетици илјади фанови од целата земја, а и од соседството. МММ неофицијално дознава дека DVD-то, од технички причини, нема да стаса да биде во продажба на 5-ти октомври, туку, неколку дена покасно...

Со оваа одлука, да нема концерт на 5-ти октомври, не се согласуваат фановите на Тоше од целиот регион, бидејќи сметаат дека неговиот аманет не смее да се погази, и дека посебно треба да се одбележат и 5-ти октомври и 25-ти јануари.

Затоа фановите планираат на таа дата да се соберат на плоштадот Македонија во Скопје, од каде би се упатиле до Градскиот стадион, или националната арена Филип Втори, место каде во 2007-ма пееа и се радуваа со Тоше, славејќи ја музиката и хуманоста.

Сите фанови и почитувачи на Тоше, на 5-ти октомври 2009-та (понеделник), со почеток во 19.30 часот, на плоштадот во Скопје да го обележиме со ѕвездено небо и со многу љубов неговото вечно постоење и денот за паметење. Со љубов – Тоше фан-клуб Скопје – е само еден од стотици коментари под статиите за нашиот мегастар, оставени на нашата страница.

Останува да видиме дали и во колкав број фановите на Тоше ќе се соберат да го одбележат 5-ти октомври, слушајќи ја неговата музика и славејќи го неговото вечно име.

Но, тоа не е се!

Анализирајќи ги резултатите од последната анкета на МММ, со прашање: Кога треба да биде концертот во чест на Тоше, дојдовме до резултати кои сами по себе доволно говорат. Имено, 66% од анкетираните сметаат дека традицијата треба да остане на 5-ти октомври, 10% се со мислење дека концерт треба да има на 25-ти јануари, додека за 23 отсто од испитаниците - не е битна дата, важно е да се пее во негова чест!

На анкетата гласаа над 1.300 посетители на МММ!

http://www.mmm.com.mk/?ItemID=560C9B7887ACD8448FB69E4EF5F0E9C0

_________________


Тој е горе во височините каде што и секогаш беше. Се наоѓа во темнина. Темнината сме ние, фановите кои чуваме една голема темнина во срцата, бидејќи него повеќе го нема. А на небото има само една сјајна звезда - Тоше, единствена сјајна ѕвезда која секогаш ќе остане да сјае
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
batbayan
Модератор
Модератор
avatar

Број на мислења : 1410
Age : 31
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
11 / 10011 / 100

Registration date : 2008-06-11

ПишувањеПредмет: Re: Отбележување на Втората годишнина од 16.10.2007 г.   Чет Окт 08, 2009 3:15 pm

Утре Крушево ќе пее за Тоше



„Крушевска солза недосолзена, песна недопеана“ е насловот на концертот со кој родното Крушево ќе ја одбележи двегодишнината од смртта на Тоше

„Крушевска солза недосолзена, песна недопеана“ е насловот на концертот со кој родното Крушево утре ќе ја одбележи двегодишнината од смртта на трагично починатата македонска ѕвезда Тоше Проески. Почетокот на концертот е закажан точно напладне во спортската сала во Крушево, а добредојдени се сите почитувачи на ликот и делото на Тоше. „Последниот натпревар во одбојка Тоше го одигра во оваа сала, на 13 октомври пред точно две години. Токму затоа одлучивме концертот да се одржи тука“, ни рече Штерјо Николовски од Домот за култура „Наум Наумовски-Борче“, кој се јавува како организатор на манифестацијата. „Музичкиот дел на настанот ќе го води бендот „Крушево 903“, кој ќе исполни дел од хитовите на Тоше. Овој состав не е случајно избран, зашто токму со неговите членови Тоше многу се дружеше, а во неколку наврати настапуваа заедно“, додава Николовски.

Манифестацијата ќе почне со песната „Игри без граници“, а потоа ќе следува и реферат „Две години без Тоше“. Наум Петрески ќе ги отпее „Зајди, зајди“ и „Има ли песна“, а поетска нитка на целата манифестација ќе и' дадат поетесите Елена Христовска и Цветанче Костовска, кои ќе претстават песни напишани за нашата најголема ѕвезда. Во Крушево се очекува да пристигнат и Калиопи и Вања Лазарова, а меѓу специјалните гости ќе биде и Ранко Петровиќ-Бубамара, кој, како и другите гости, ќе зборува за своето дружење со Тоше. (К.Ш

http://utrinski.com.mk/?ItemID=F014DE05990...EA53139F403F06D

_________________


Тој е горе во височините каде што и секогаш беше. Се наоѓа во темнина. Темнината сме ние, фановите кои чуваме една голема темнина во срцата, бидејќи него повеќе го нема. А на небото има само една сјајна звезда - Тоше, единствена сјајна ѕвезда која секогаш ќе остане да сјае
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
batbayan
Модератор
Модератор
avatar

Број на мислења : 1410
Age : 31
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
11 / 10011 / 100

Registration date : 2008-06-11

ПишувањеПредмет: Re: Отбележување на Втората годишнина од 16.10.2007 г.   Чет Окт 08, 2009 3:32 pm

За Хрватите Тоше поголем од енциклопедијата

И годинава на денот на неговото загинување, 16 октомври, на местото каде што се случи немилиот настан, Нова Градишка, ќе се соберат обожавателите на Тоше, почитувачите на неговото дело да му оддадат почит за сето она што го стори за време на својот краток живот


„Каква енциклопедија? Тоше е поголем од двата тома. За нас Хрватите Тоше не е само култ, Тоше е легенда што живее“ – вели Бисерка Јурлека, дипломиран филолог од Загреб.

Обожавателите на Тоше, почитувачите на неговото дело од Хрватска, кои ги има навистина многу, и годинава на денот на неговото загинување во Хрватска на местото каде што се случи трагедијата, на 16 октомври ќе се соберат да му оддадат почит за сето она што го стори за време на својот краток живот. Во Нова Градишка, во организација на Амбасадата на Република Македонија, а заедно со црковната општина од Загреб и локалната власт од Градишка, ќе биде реализирана програма посветена на нашата мега ѕвезда. Ќе бидат поставени венци со цвеќе, ќе се палат свеќи, кои во лак ќе се сплотат во форма на големо срце, бидејќи срцето на нашиот Тоше беше огромно и во него имаше место за секого.

- И годинава сакаме да се одбележи денот кога Тоше си замина од овој свет. Сакаме тоа да биде достојно, токму така како што тој заслужува. Покренавме иницијатива во училишниот центар во непосредна близина на стадионот од каде што беа испратени неговите посмртни останки во Македонија, да се постави спомен плоча во знак на сеќавање на Тоше. Идејното решение е испратено во Скопје, па да видиме како таму ќе одлучат да биде изработена плочата - ни изјави Данчо Марковски, амбасадор на Република Македонија во Хрватска.

Истиот ден во 17 часот во Загреб, претседателот на црковната општина во хрватскиот главен град, Невен Сухаровски, во црквата Св. Климент најавува дека ќе се одржи богослужба за Тоше, каде што можат сите заинтересирани да се помолат за душата на нашиот ангел.

На тажниот помен најавени се и високи личности од хрватската јавност, а дознаваме дека ќе присуствува и градоначалникот на Загреб, Милан Бандиќ.

Како што нé информира амбасадорот Марковски, со поддршка од градоначалникот на Нова Градишка, Јосип Вуковиќ, планира да покрене иницијатива за економско, културно и спортско зближување на родниот град на Тоше, Крушево и градот каде што тој го загуби животот, хрватската Нова Градишка.

http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=10891023305&id=50&setIzdanie=21807

_________________


Тој е горе во височините каде што и секогаш беше. Се наоѓа во темнина. Темнината сме ние, фановите кои чуваме една голема темнина во срцата, бидејќи него повеќе го нема. А на небото има само една сјајна звезда - Тоше, единствена сјајна ѕвезда која секогаш ќе остане да сјае
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
batbayan
Модератор
Модератор
avatar

Број на мислења : 1410
Age : 31
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
11 / 10011 / 100

Registration date : 2008-06-11

ПишувањеПредмет: Re: Отбележување на Втората годишнина од 16.10.2007 г.   Пет Окт 09, 2009 10:16 pm

Крушево се подготвува за двегодишнината од смртта на Тоше Проески
http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&eventId=54154

Клик на плејер !

_________________


Тој е горе во височините каде што и секогаш беше. Се наоѓа во темнина. Темнината сме ние, фановите кои чуваме една голема темнина во срцата, бидејќи него повеќе го нема. А на небото има само една сјајна звезда - Тоше, единствена сјајна ѕвезда која секогаш ќе остане да сјае


Последната промена е направена од batbayan на Нед Окт 11, 2009 4:45 pm. Мислењето е променето 1 пати
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
batbayan
Модератор
Модератор
avatar

Број на мислења : 1410
Age : 31
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
11 / 10011 / 100

Registration date : 2008-06-11

ПишувањеПредмет: Re: Отбележување на Втората годишнина од 16.10.2007 г.   Саб Окт 10, 2009 8:19 pm

Маратон од Нова Градишка до Крушево

На 16-ти октомври, по повод две години од трагична смрт на Тоше Проески, во чест на балканскиот ангел и спомен на него, 15 професионални маратонци ќе трчаат маратон од Нова Градишка до Крушево.

Маратонот стартува симболично на 16-ти октомври во 6.20 часот, од местото и според сатницата кога се случи собраќајната несреќа, а по 78 истрчани часови, на 19-ти октомври се очекува пристигнувањето на маратонците во Крушево.

Според планот – на 17-ти октомври во 10 часот маратонците пристигнуваат во Белград, каде во Белградска Арена фановите од Интернационалниот фан-клуб на Тоше организираат пречек.

Во Скопје маратонците пристигнуваат на 18-ти октомври во 18 часот, каде исто така ќе бидат пречекани од фановите, додека во Крушево финишира маратонот на 19-ти октомври точно на пладне.

Еве ги имињата на маратонците кои ќе трчаат во чест на Тоше: Мики Петровски, Наум Капричевски, Душко Величкоски, Сашо Даневски, Трпе Мартиновски, Иван Ристов, Томе Спасовски, Игор Јакимовски, Виктор Толевски, Трајче Михов, Борис Данески, Ѓорѓи Трендафилов, Маријан Стојков, Срѓан Милошески и Благе Тасевски.

Поканети се сите фанови и почитувачи на делото на Тоше да излезат на улици и да ги поздрават маратонците во нивната за почит голема мисија

http://mmm.com.mk/?ItemID=BCF323EE16E66640888F8FB1AFEA8D62

_________________


Тој е горе во височините каде што и секогаш беше. Се наоѓа во темнина. Темнината сме ние, фановите кои чуваме една голема темнина во срцата, бидејќи него повеќе го нема. А на небото има само една сјајна звезда - Тоше, единствена сјајна ѕвезда која секогаш ќе остане да сјае
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
Chris
Администратор
Администратор
avatar

Број на мислења : 2179
Age : 28
Локација : СКОПЈЕ
опис: : RBD FAN
Репутација :
11 / 10011 / 100

Registration date : 2008-04-13

ПишувањеПредмет: Re: Отбележување на Втората годишнина од 16.10.2007 г.   Нед Окт 11, 2009 4:12 pm

Браво, алал да им е

_________________
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://tose-mk.forumakers.com
KarolinaXP
Нов Член
Нов Член
avatar

Број на мислења : 21
Репутација :
0 / 1000 / 100

Registration date : 2009-02-14

ПишувањеПредмет: Re: Отбележување на Втората годишнина од 16.10.2007 г.   Пон Окт 12, 2009 9:56 am

Jas go sonuvav Tose lani pred koncertot eden mesec neposredno...Toj nemozese da pee i imase marance na ustata , a jas so uste dve devojcinja ja peevme Jovano,Jovanke...bevme kleknati na kolena ,kako da se molime...se sekavam deka peevme kako angeli mnogu ubavo,poubavo od site peaci na negoviot koncert:(lani ...NIKOJ NE E KAKO TOSE!!!... no, ne poubavo od samiot Tose i od Pjetr Eftimov"Polsko cveke"Belorusinotna MTV1,... koj ostana fantasticen i mozete da go pustite pak vo emisijata sto ja planirate....Go sonuvav i doma kaj nas bese dojden i bese opkruzen so mnogu deca okolu nego...a najsvezo go sonuvav povtorno pred koncertot i mi deluvase nekako razdvizeno , so mnogu luge okolu nego...ovoj posledniot son ne go zapomniv bas najdobro :(...jas sum od dijasporata i nemozam da prisustvuvam inaku so Tose se imame videno licno dva pati ednas vo Krusevo i ednas vo Skopje....

Tose go sretnav licno dva pati i si napravivme kratok ama ubav muabet,a sum se slikala samo ednas so nego vo Krusevo...tolku mil,prijaten,pa duri i edno buketce od cvetcinja margaritki drzese vo rakata ,sto mu go dade edno devojcence ...taka se slikase so nas spontano ,strplivo,poln so ljubov i nasmevki,poln so vreme,...a bese unikaten vo crna koza... Прочитај повеќе... Прочитај повеќе oblecen so marama na glavata ,naocari i motorot,ni svirna na Meckin Kamen i posle go sretnavme na Gumenje...jas ednostavno izripav od kolata so koja trgnavme kon Manastirot Sveto Preobrazenie(togas voopsto neznaev deka e negov amanet,a gore bese Raj so neboto i Manastirot,go cuknavme crkovnoto zvono nekolkupati :)))Tose ni dozvoli da se iznaslikame so nego i da go snimime so video kamera...PREKRASNO DOZIVUVANJE STO ME OSTAVI BEZ SON...


...A POSLE EDNA GODINA JAS I SIN MI POVTORNO GO SRETNAVME TOSE vo negovoto maalo vo Skopje pred negoviot vlez od zgradata kaj MVR.Izleze od negovata kola i gledame ...TOSEEEE...se pozdravivme i go podsetivme na krusevo i slikite ,ni gi pobara da gi imal za spomen ,jas mu gi snimiv na CD ama taa demek sto mu bese prijatelka kojznae dali mu gi dade;((( ne e vazno veke...toj zamina i ni ostavi GOLEMA LJUBOV I SLAVA ZA VEK I VEKOV.AMIN.
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
Chris
Администратор
Администратор
avatar

Број на мислења : 2179
Age : 28
Локација : СКОПЈЕ
опис: : RBD FAN
Репутација :
11 / 10011 / 100

Registration date : 2008-04-13

ПишувањеПредмет: Re: Отбележување на Втората годишнина од 16.10.2007 г.   Пон Окт 12, 2009 5:46 pm

Прекрасни спомени имаш, штета што не си од овде за да им го пренесеш се ова на граѓаните

_________________
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://tose-mk.forumakers.com
batbayan
Модератор
Модератор
avatar

Број на мислења : 1410
Age : 31
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
11 / 10011 / 100

Registration date : 2008-06-11

ПишувањеПредмет: Re: Отбележување на Втората годишнина од 16.10.2007 г.   Чет Окт 15, 2009 5:27 pm

„Тајно моја“ песна за првата љубов Останати вести

Во спомен на Тоше Проески

„.......Мими сечка срценца и мечиња, кине лист од тетратка и сече една од најнасмеаните естрадни слики на Тоше, ја лепи и под неа пишува со црвен фломастер:

„Верувам во љубовта - љубовта кон сите што со љубов ме опкружуваат! Се согласувам со она што го рекол Моцарт дека музиката секогаш била храна на љубовта!“

Тоше се обидува секое расположение да го претвори во песна. Во мигови на вљубеност создал песни со многу емоции, песни исполнети со љубов, среќа, но и тага откако љубовта ќе изгасне.

„Тајно моја“ е песна за мојата прва љубов“ - вели Тоше. - Бев трето одделение кога се вљубив во едно девојче со прекрасна црна коса. Ама никогаш немав можност да и се доближам. Никогаш не и ги покажав чувствата. Често и со задоволство се сеќавам на неа. Таа остана мојата тајна“.

Мими се смешка, значи и Тоше се навраќа на најраното детство, а кога ја пее „Тајно моја“ толку е супер, како да пее за некоја девојка на негова возраст. Колку искрено ја открил сопствената тајна.

- Вистинската среќа е во срцето и не може да се замени со никаква материјална добивка! Тоше е среќен затоа што постојано е во контакт со музиката и со младите кои ја сакаат неговата песна исполнета со љубов, а таа претставува подарок за секој кој сака да ја слуша.

- Особено сакам да ме слушаат децата, затоа што се уште силно го чувам детството во мене и порачувам: останете деца колку што можете подолго и детството нека ви е среќно, радосно, исполнето со љубов!
Мими го препрочита составот. Задоволна е. До насмеаната слика од Тоше таа залепи едно големо срце. Ја изгасна столната ламба и легна спокојна. Мама и тато не ја сетија и не ја опоменаа дека е веќе доцна и оти е време да се спие.

И низ темнината Мими го гледаше постерот со Тоше....“

(Извадок од книгата „Цвеќе на мирот“, што писателката за деца Бистрица Миркуловска ја
издаде 2007 година)

http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp...etIzdanie=21812

_________________


Тој е горе во височините каде што и секогаш беше. Се наоѓа во темнина. Темнината сме ние, фановите кои чуваме една голема темнина во срцата, бидејќи него повеќе го нема. А на небото има само една сјајна звезда - Тоше, единствена сјајна ѕвезда која секогаш ќе остане да сјае
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
batbayan
Модератор
Модератор
avatar

Број на мислења : 1410
Age : 31
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
11 / 10011 / 100

Registration date : 2008-06-11

ПишувањеПредмет: Re: Отбележување на Втората годишнина од 16.10.2007 г.   Чет Окт 15, 2009 9:04 pm

Две години без Тоше Проески

Ништо не може да ја пополни празнината која остана по заминувањето на ангелот

Во спомен на тажниот ден 16-ти октомври, на кој пред две години засекогаш останавме без Тоше Проески, ги евоцираме сеќавањата на овој легендарен музичар, заедно со негови соработници, познати и непознати, со кои тој имаше заеднички проекти, реализирани и неостварени амбиции и планови, мигови за сеќавање... – режисерот Дарко Митревски, директорката на дискографската куќа Хит рекордс - Кристина Крајна, која за територија на Хрватска ги објавува албумите на Тоше, и српскиот актер Иван Босиљчиќ...


Фразата дека времето лекува се, дефинитивно не важи во случајот на Тоше Проески, оти и две години од неговото заминување од овој свет, се уште силно ја чувствуваме тагата по овој вонсериски музичар и човек. Тоа минатиот понеделник го докажа спонтаниот собир на неговите фанови од земјава, но и од регионот, кои се собраа на плоштадот Македонија во Скопје, почитувајќи го неговиот аманет од концертот одржан пред две години, па на 5-ти октомври палеа свеќи за покој на неговата душа и пее негови песни. Ни приближно толку народ не може да се собере на поголемиот дел од најкомерцијалните настани и концерти во државата, со се реклама на телевизија, радио, по весниците... А, фановите целата работа ја завршија едноставно - преку фејсбук и неколку интернет-портали кои ја подржаа иницијативата.

Точно е – Тоше Проески ни недостасува онолку колку што во срцата по неговото заминување остана празно место. А празнината е голема како вечност. И боли! Неа не можат да ја пополнат ниту дисковите кои се објавени меѓу првата и втората годишнина од смртта, телевизиските емисии и написи по весниците, песни испеани во негова чест... Англиското цеде The Hardest Thing, ланскиот трибјут-концерт Те сакаме сите, Тоше и актуелново DVD од последниот концерт на Градскиот стадион, само подлабоко ја поткопуваат раната на срцето, таа вечна лузна што ја носат неговите многубројни фанови.

И понатаму ништо нема да се смени дури и ако наскоро се реализира проектот каде песните кои самиот ги компонирал, ги отпеат најголемите балкански ѕвезди. Ништо нема да може да ја пополни празнината која остана по заминувањето на ангелот...

Во спомен на Тоше Проески, на тажниот ден – 16-ти октомври, на него се сеќаваат неговите соработници и пријатели, кои до сега јавно не зборувале на оваа тема – режисерот Дарко Митревски, кој освен спотот за евровизиската песна на Тоше, работел и на видео-записот на групата Нокаут, во кој Проески беше специјален гостин, Кристина Крајна, директор на хрватската дискографска куќа Хит рекордс, и еден од најдобрите млади актери од Србија – Иван Босиљчиќ, познат кај нас по хит-серијата Рањени орао (Ранет орел). Босиљчиќ, иако лично не се познавал со Тоше Проески, е голем почитувач не неговиот лик и дело, а судбината сакаше во неколку наврати да бидат дел од истите емисии, фестивали, сцени и проекти...
Дарко Митревски, режисер

Играчките не се заиграа онака како што сонувавме

Македонскиот режисер Дарко Митревски, кој последниве години живее во Соединетите Американски Држави, каде го подготвува својот најнов филм, во својата кариера два пати професионално соработуваше со Тоше Проески. Првиот пат на почетокот на овој милениум, кога во видео-спотот за песната Телефонскиот број не постои на групата Нокаут, Тоше се појави како специјален гостин, а вториот пат во 2004-та година, реализирајќи го видео-записот за темата Life, со која легендарниот пејач настапи на Евросонг во Истанбул. Евоцирајќи ги спомените, Митревски се сеќава на својата прва соработка со Тоше...

- Таа зима сите ние бевме млади, весели, ентузијастични. Дечките од Нокаут за кои снимавме спот, филмската екипа која што тоа го снимаше, ѕвездите од Авалон кои што во тој спот гостуваа…
Телефонскиот број не постои имаше амбиција да стане прв во низата на амбициозни македонски видео спотови.

Снимавме акциони сцени во кои сите направивме нешто необично, нешто неочекувано, нешто над своите сили: јас го достигнав својот рекорд на снимени кадри во еден ден (и тој рекорд до ден-денес не го урнав), снимателот Мац падна од кат на кат со се камера и преживеа (рака на срце, не преживеа камерата), членовите на Нокаут научија да изведуваат боречки вештини, Каролина лежеше разголена и вооружена глумејќи шаолинска крими-принцеза, а Тоше бриљираше во својата нинџа-нунчаки сцена.

Како што реков, бевме млади, весели и ентузијастични.
Немавме поим дека тоа ќе биде последен спот за Нокаут, по што бендот ќе се распадне.
Немавме поим дека тој спот ќе биде не само прв, туку и последен во нашата серија амбициозни спотови.
Немавме поим дека веќе наредната година оружјето од нашиот спот ќе заигра по улиците на македонските села и градови.
Немавме поим дека Тоше ќе загине подеднакво крваво како што одглуми дека гине пред нашите камери.
Некој би рекол: играчка-плачка.
А мене ми е само плачка.
Плачка што играчките не се заиграа онака како што сонувавме.
Кристина Крајна, директор на Хит рекордс од Загреб

Тоше навистина беше и остана нашиот заштитник

Директорката на дискографската куќа Хит рекордс од Загреб – Кристина Крајна, со тага зборува за Тоше Проески, балканската мегаѕвезда, чија промоција во Хрватска (континуирано, неколку години пред трагичниот настан од 16-ти октомври 2007-ма), се одвиваше под закрилата на оваа продукција. Во издание на Хит рекордс за територија на Хрватска, се неколку аудио и видео објави од богатиот каталог на Тоше Проески, а со оглед дека интересот за песните на легендарниот пејач во Хрватска не престанува, тоа само потврдува колку голема ѕвезда беше тој...

- Многу ми е тешко да зборувам за Тоше Проески. Тешко е без него, оти тој беше личност која на сите нас во Хит рекордс ни го смени животот, отворајќи ни некои нови погледи кои важат за цел свет. Тоше беше човек кој не научи толку работи..., а сега го нема. Несомнено, по Тоше остана голема празнина... Сепак...

Во Хрватска и понатаму постои цела армија фанови на Тоше, кои го слават неговото име во цел свет. Песните и спотовите на Тоше се уште се многу присатни во хрватскиот етер, како да е се уште со нас. Песната Игра без граница во 2008-ма година беше најизведуваната композиција во Хрватска, а неговите албуми и понатаму добро се продаваат. Но, тоа не е заради тоа што него веќе го нема, како што некои сакаат да наметнат, туку неговите албуми и претходно бележеа високи тиражи, оти луѓето едноставно го сакаа Тоше. Тоа пред се се должи на фактот дека Тоше беше вонсериски квалитетна личност. И како човек, и како музичар... Несомнено, квалитетот беше забележлив и кај неговите песни и кај неговите настапи, на кои максимално и се даваше на публиката. Затоа и го сакаа...

Од истите причини публиката го сака последниот албум The Hardest Thing, кој одлично поминува во Хрватска, всушност како и сите претходни во издание на Хит рекордс – Игра без граница и Ако ме погледаш у очи, како и две дивиди-изданија од концертите на Градскиот стадион во Скопје, на кои сме максимално горди.

Секако, мораме да имаме в предвид дека тој албум пред се беше наменет за светскиот пазар, и дека не звучат исто песните на англиски и на хрватски јазик. Освен тоа, во Хрватска и понатаму има многу луѓе кои не го знаат англискиот...

Нам во Хит рекордс не ни е цел да заработиме пари од албумите на Тоше, туку тие песни да им ги доближиме на неговите многубројни фанови. Ете, и последното дивиди од концертот во Скопје одржан на 5-ти октомври 2007-ма, исто така ќе биде во наше издание за територија на Хрватска...
Ние сакаме и понатаму грижливо да го чуваме споменот на Тоше, и да го пренесеме на сите кои не знаеа доволно каков човек и музичар беше тој.
Веќе на самиот влез во Хит рекордс ќе ве пречекаат две негови големи фотографии, а и во мојата канцеларија има слика од Тоше. Ние, кога велиме дека Тоше е нашиот заштитник – тоа и го мислиме, а се трудиме и на другите пејачи да им укажеме дека тој треба да им биде репер, и дека треба да одат по неговите стапки.

И, не само тие, туку и сите ние треба да одиме по патеките по кои чекореше Тоше Проески!

Иван Босиљчиќ, актер од Србија

Чест ми е што бев современик на Тоше Проески

Младиот актер Иван Босиљчиќ, еден од најдобрите кои последниве години станаа незаменлив дел од српската театарска, телевизиска и филмска сцена, не може да прежали што никогаш во животот се нема запознаено со Тоше Проески, иако во неколку наврати толку блиску беа до реализација на заеднички проекти, за кои јавноста во Македонија многу малку знае...

- На моја голема жалост, никогаш лично се немам запознаено со Тоше Проески. Иако многупати учествувавме во исти емисии, или бевме дел од исти фестивали, патиштата секогаш ни се рзадвојуваа. Првата можност да се запознаеме се случи на Охридско лето 2007-ма, кога Тоше беше гостин на концерот на Синтезис, а јас претходната вечер бев дел од ансамблот на мјузиклот Циганите летаат во небо. За жал, по претставата јас морав да отпатувам, па не успеавме да се видиме...

Роден сум 1979 година, две години пред да се роди Тоше, а тоа ми дава за право да кажам дека ми е чест што бев современик на еден таков уметник, каков што беше тој. Тоа посакував да му го кажам лично, но, ете не успеавме да се запознаеме, иако тоа се уште го мислам.
Сепак, ситуацијата која многу ме врза за целата таа приказна околу Тоше потекнува од иницијативата на театарот Мадленијанум од Белград, каде се работеше рок-операта, според познатото дело на Виктор Иго – Јадници. Со оглед дека Тоше во Италија веќе имаше работено на сличен проект, управата на театарот го повика со цел тој да ја толкува една од главните улоги, и тоа како специјален гостин. Но, заради неговите големи обврски во Загреб и промоцијата на новиот албум, таа соработка не се случи. Како втора опција за оваа улога ме повикаа мене. Лично, тоа го доживеав како голема чест, затоа што требав да го заземам местото кое претходно беше планирано за Тоше Проески.

Посакував Тоше да го повикам да ми биде гостин на мојата премиера, да позборуваме за тоа како денес опстојуваат уметниците, како еден човек кој толку многу го сака Господ, опстојува во еден безбожен свет на естрадата и шоу-бизнисот...
Во деновите околу премиерата, пристигна вест за неговото трагично загинување. Веднаш помислив колку малку на светот има чесни луѓе, кои во својата мисија комплетно и се даваа на работата. Верувајте ми – делото на Тоше засекогаш ќе остане инспирација во мојот живот.

Со моето мало друштво, моите пријатели етнолози, знаевме со сати да уживаме во песните кои Тоше ги отпеа на албумот Божилак. Мене се што е поврзано со традицијата ми е мошне блиско, со оглед дека долги години бев играорец... Заедно мечтаевме дека некогаш ќе имаме прилика да го имаме Тоше во тоа наше друштво, па со вино, гитара и музика, ќе можеме поблиску да се запознаеме...

Никој од нас не се познаваше лично со Тоше, но тоа не ни пречи и денес да го паметиме и да го спомнуваме. За мене тој секогаш ќе остане инспирација, и секогаш помислувам на Тоше во тешките мигови. Она што, според мене, секогаш го издвојува од другите пејачи е што во неговиот глас, во сите песни и снимки што ни ги остави, се чувствува безгранична добрина.

Има луѓе кои велат дека добрината може да се види. Другите, пак, велат дека можат да ја почувствуваат, а јас, преку песните на Тоше Проески знам дека добрината може да се слушне.

Летово, кога бев во Ерусалим, а и Тоше беше во тој град во годината кога трагично загина, сфатив дека постојат работи во животот на кои ние, обични луѓе, не можеме да влијаеме. Пред гробот на Христ помислив на Тоше, и сигурен сум дека со сета своја добрина и со сиот свој душевен мир, кои ги носеше во себе, тој беше подготвен да отиде подалеку.
Во Божјите работи ние не треба да се мешаме, ма колку тие да се тажни или тешки за прифаќање.
И, без оглед на се, знам дека Господ секогаш ги зама најдобрите


http://www.mmm.com.mk/?ItemID=840ACD52B086CC488C2D8C26B55D584A

_________________


Тој е горе во височините каде што и секогаш беше. Се наоѓа во темнина. Темнината сме ние, фановите кои чуваме една голема темнина во срцата, бидејќи него повеќе го нема. А на небото има само една сјајна звезда - Тоше, единствена сјајна ѕвезда која секогаш ќе остане да сјае
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
batbayan
Модератор
Модератор
avatar

Број на мислења : 1410
Age : 31
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
11 / 10011 / 100

Registration date : 2008-06-11

ПишувањеПредмет: Re: Отбележување на Втората годишнина од 16.10.2007 г.   Чет Окт 15, 2009 9:09 pm

Тошевиот мост на љубовта со 24-та донација!

Во склоп на акциите Тошевиот мост на љубовта, Меѓународниот Фан Клуб Тоше Проески вчера (14-ти октомври) на Музичкото училиште Ватрослав Лисински од Загреб му подари кларинет Buffet Crampon B12. Станува збор за 24-та донација на фановите на Тоше, кои хуманата мисија на легендарниот пејач ја продолжуваат веќе втората година. Кларинетот му беше предаден на директорот на училиштето - господинот Владимир Мутак.


Во името на фановите на Тоше, госпоѓата Стела Присла Фујс меѓу другото кажа: Нашата желба е и понатаму да го чуваме името на Тоше од заборав, а нашата најважна задача е да продолжиме со неговата хуманитарна работа.

На кларинетот, како заштитен знак на фановите, е оставен потписот на Тоше, за да сите кои свират на него бидат мотивирани од харизмата и талентот кои ги имаше овој вонсериски музичар.




http://www.mmm.com.mk/default.asp?ItemID=D329A90F6369024FA06FD3BEE6FF3429

_________________


Тој е горе во височините каде што и секогаш беше. Се наоѓа во темнина. Темнината сме ние, фановите кои чуваме една голема темнина во срцата, бидејќи него повеќе го нема. А на небото има само една сјајна звезда - Тоше, единствена сјајна ѕвезда која секогаш ќе остане да сјае
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
batbayan
Модератор
Модератор
avatar

Број на мислења : 1410
Age : 31
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
11 / 10011 / 100

Registration date : 2008-06-11

ПишувањеПредмет: Re: Отбележување на Втората годишнина од 16.10.2007 г.   Чет Окт 15, 2009 9:23 pm

Анкета на http://mmm.com.mk/ вляво

Кој најдобро го чува споменот на Тоше Проески?

Резултати
Државата 4%

Фондацијата 6%

Фановите 91%

_________________


Тој е горе во височините каде што и секогаш беше. Се наоѓа во темнина. Темнината сме ние, фановите кои чуваме една голема темнина во срцата, бидејќи него повеќе го нема. А на небото има само една сјајна звезда - Тоше, единствена сјајна ѕвезда која секогаш ќе остане да сјае
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
batbayan
Модератор
Модератор
avatar

Број на мислења : 1410
Age : 31
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
11 / 10011 / 100

Registration date : 2008-06-11

ПишувањеПредмет: Re: Отбележување на Втората годишнина од 16.10.2007 г.   Пет Окт 16, 2009 10:44 am

Заборавена песна на Тоше

Angel’s Face во сопственост на семејството Проески

По повод двегодишнината од трагичната смрт на Тоше Проески, продукцијата Дел Рио Филмс реши да ги отстапи сите комерцијални, издавачки и авторски права од проектите кои ги имаа со легендарниот музичар, на неговото семејство и на Фондацијата.
Еве за што станува збор...

Дел Рио Филмс и големиот уметник Тоше Проески соработуваа и беа идејни творци на неколку заеднички проекти, од кои како најзначајни се спотот за песната Ако ме погледнеш во очи, идејата за заштитно лице на Синалко, како и Супер Тоше - стрипот со што беше единствената ѕвезда во светот која во 2005-та година покрај Роналдињо и Нелсон Мендела имаше свој стрип.

Од овие соработки со Тоше носиме прекрасни спомени за извонредно меѓусебно разбирање и заедничка работа – велат од Дел Рио Филмс.

Оттаму, Дел Рио Филмс одлучи сите комерцијални, издавачки и авторски права на стрипот Супер Тоше (чии мастери како уметнички дела се чуваат во сеф од моментот на тажниот настан на 16-ти октомври 2007 година), да ги подарат на семејството на Проески и на Фондацијата, која се грижи за неговиот лик и дело. Со овој чин ќе му оддадеме почит на големото дело на Проески, но и на незаборавните мигови поминати заедно.

Исто така, за да може семејството и Фондацијата на Проески да продолжат да му даруваат на светот нови песни и со нив Тоше да биде присутен во нашите срца, неговите соработници Бранко Попчевски и Оливер Ромевски, како автори на етно-поп нумерата Angel’s Face, одлучија истата да ја подарат на семејството и Фондацијата на Тоше Проески.

Оваа песна е создадена во 2003-та година како насловна нумера за филмскиот проект Ловец на души. Музиката и аранжманот се на Бранко Попчевски, а текстот на англиски јазик е на Оливер Ромевски.

Темата е снимена во студиото на Бранко Попчевски и беше испеана на задоволство на Тоше, кој уште во тоа време заедно со својот менаџерски тим размислуваше за англиски албум. Песната ќе биде предадена на семејството и на Фондацијата, со сите издавачки и комерцијални права, и тие ќе одлучуваат за нејзина евентуална доработка и издавање.

Со овие дејанија сакаме да допринесеме ликот и делото на Тоше да останат вечно во колективната меморија на Македонците, но и на Балканот и светот. Исто така, тоа е и наша обврска како на луѓе кои поминуваа прекрасни моменти со обичната личност на Тодор Проески, големиот другар, пријател и соработник – подвлекува Оливер Ромевски, во името на Дел Рио Филмс.

http://mmm.com.mk/?ItemID=672C7C6CE45DD64E8D32A323566B6BF9

_________________


Тој е горе во височините каде што и секогаш беше. Се наоѓа во темнина. Темнината сме ние, фановите кои чуваме една голема темнина во срцата, бидејќи него повеќе го нема. А на небото има само една сјајна звезда - Тоше, единствена сјајна ѕвезда која секогаш ќе остане да сјае
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
batbayan
Модератор
Модератор
avatar

Број на мислења : 1410
Age : 31
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
11 / 10011 / 100

Registration date : 2008-06-11

ПишувањеПредмет: Re: Отбележување на Втората годишнина од 16.10.2007 г.   Пет Окт 16, 2009 10:51 am

Две години без легендата - Тоше Проески


16 октомври. Две години без Тоше Проески. Две години исполнети со тага, солзи, болка... Неверица. Фановите со солзи во очите и болка во душата и понатаму не можат да ја прифатат суровата реалност - Тоше веќе го нема! Но, не го препуштаат на заборавот. Неговата музика и песните и понатаму го обединуваат целиот Балкан, кој сплотен во тагата не ја заборава годишнината од смртта. Најтажниот ден во годината, денот кога се навршуваат точно две години откако во сообраќајна незгода кај Нова Градишка во Хрватска нашата најголема музичка ѕвезда трагично го загуби животот.

Болката и понатаму не стивнува, а ниту се намалува празнината која остана по заминувањето на Тоше. Кобното утро, според веста на хрватските медиуми која за рекордно време стигна до секое ќоше на цела поранешна Југославија, околу 6 часот и 25 минути на два километри од клучката кај Нова Градишка, дојде до судир на возилото на Проески "фолксваген туарег" и камион. Во возилото освен Проески, кој спиел на совозачкото седиште, беа и менаџерката Лилјана Петровиќ (1958) и Ѓорѓе Ѓорѓески (1975) од Скопје, кој седел зад управувачот. Причините за несреќата до денес останаа неразјаснети, а се претпоставува дека до неа дошло поради недоволна оддалеченост меѓу возилата. Според хрватската полицијата, 26-годишниот Тоше загинал на лице место, а возачот на Туарегот, Ѓорѓески и менаџерката Петровиќ, која беше полесно повредена, беа превезени во болницата во Нова Градишка. Тоше во Хрватска патуваше поради претходно договорени ангажмани, а на само десетина дена по спектакуларниот концерт на Градски, настан каков што во Македонија, веројатно, нема да се повтори, а кој заврши со зборовите на Тоше: "Се гледаме догодина, на истото место".

Наместо ветеното, фановите љубовта кон својот омилен пејач продолжија ја искажуваат оставајќи илјадници пораки на неговото вечно почивалиште покрај кое наскоро треба да почне изградбата на црква каква што сакал Тоше, слушајќи ја и понатаму неговата музика и продолжувајќи го патот кој го трасираше тој. Наспроти вечниот дом на Тоше на Гумење, во родното му Крушево, веќе наголемо се гради и спомен-куќата во која ќе бидат сместени сите негови работи, а во завршна фаза е и манастирот Свето Преображение и неговите конаците. (А.Т.)

http://vecer.com.mk/?ItemID=A44FF168409B804794AA5A28FD4C913C

_________________


Тој е горе во височините каде што и секогаш беше. Се наоѓа во темнина. Темнината сме ние, фановите кои чуваме една голема темнина во срцата, бидејќи него повеќе го нема. А на небото има само една сјајна звезда - Тоше, единствена сјајна ѕвезда која секогаш ќе остане да сјае
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
batbayan
Модератор
Модератор
avatar

Број на мислења : 1410
Age : 31
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
11 / 10011 / 100

Registration date : 2008-06-11

ПишувањеПредмет: Re: Отбележување на Втората годишнина од 16.10.2007 г.   Пет Окт 16, 2009 10:59 am

Две години без Тоше

Семејството, пријателите, фановите од Македонија и Балканот денеска ќе одбележат две години од трагичната смрт на македонската музичка икона Тоше Проески. Поп ѕвездата го загуби животот во сообраќајна несреќа на 16 октомври 2007 година кај Нова Градишка - Хрватска на пат кон Загреб.

Во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во неговото родно Крушево утринава ќе се одржи света литургија за упокоение.

Во 6 часот и 20 минути, моментот во кој пред две години се случи фаталната сообраќајна несреќа, од Нова Градишка, во спомен на големата ѕвезда тргнаа 15 македонски маратонци на пат кон неговото родно Крушево и до вечното почивалиште на Гумење.

Маратонците ќе трчаат три дена - утре наутро треба да стигнат пред белградска „Арена“, во која не многу одамна ечеше од ангелскиот глас што никого не остави рамнодушен. Таму фановите ќе ги пречекаат маратонците и ќе ги испратат во Македонија.

Планирано е на плоштадот во Скопје да дојдат в недела во 18 часот, а на неговиот вечен дом треба да стигнат точно напладне во понеделник, 19 октомври.

16.10.2008, Крушево

На Гумење денеска ќе бидат и планинарите од Пробиштип, а попладне, како што информира Фондацијата „Тоше Проески“, ќе биде одржан меморијален турнир во одбојка.

Фановите на Тоше од Македонија и од Балканот пред десет дена организираа „Ѕвездено небо“ во центарот на Скопје во спомен на неговиот последен концерт на Градскиот стадион, на 5 октомври 2007. Фондацијата „Тоше Проески“ реши меморијалниот концерт, кој лани се одржа на тој датум, да го помести на 25 јануари, денот на неговото раѓање.

Тоше Проески загина на 16 октомври 2007 година во близина на Нова Градишка, на пат кон Загреб. Несреќата на џипот „Туарег“ ја преживеаја возачот Ѓорѓи Ѓорѓевски и менаџерката на Тоше Љиљана Петровиќ.

Проески е роден на 25 јануари 1981 година како второ дете во семејството Доминика и Никола. Учел во ОУ „Никола Карев“ во својот роден град. Како петтоодделенец првпат настапува јавно на „Златно славејче“ и на влашки јазик ја пее „Јас и дедо ми“. Љубовта кон музиката го носи во клупите на средното музичко училиште во Битола, а подоцна на Факултетот за музичка уметност во Скопје.

http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=115036

_________________


Тој е горе во височините каде што и секогаш беше. Се наоѓа во темнина. Темнината сме ние, фановите кои чуваме една голема темнина во срцата, бидејќи него повеќе го нема. А на небото има само една сјајна звезда - Тоше, единствена сјајна ѕвезда која секогаш ќе остане да сјае
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
batbayan
Модератор
Модератор
avatar

Број на мислења : 1410
Age : 31
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
11 / 10011 / 100

Registration date : 2008-06-11

ПишувањеПредмет: Re: Отбележување на Втората годишнина од 16.10.2007 г.   Пет Окт 16, 2009 11:05 am

Две години без Тоше Проески
Утре навршуваат точно две години од кобното утро кога зората со себе зеде еден прерано згаснат млад живот. Тоа утро на 16 октомври луѓето се будеа со оваа вест – Тоше загинал.. Шок и неверување.. Реки народ се слеваа на плоштадите, во неговото родно Крушево, во малото гратче Нова Градишка... И две години подоцна се чини ништо не е сменето, ниту тагата е намалена, ниту болката е исчезната.. Утре на две годишнината најзавиени во болка секако повторно ќе бидат неговите најблиски – родителите, сестрата, внуците.. По барање на семејството, од 7 часот изутрината до 10 во црквата Успение на Пресвета Богородица во Крушево во која е крстен Тоше ќе се одржи црковна литургија, а веднаш потоа и богослужба на неговото вечно почивалиште на Гумење.. Неговото семејство инсистирало на почитување на православните обичаи и од Фондацијата која го носи името на Тоше велат веќе се подготвени околу 3500-тини сендвичи кои ќе бидат поделени за задушница на сите негови обожаватели, соработници, блиски кои се очекува утре да дојдат на Гумење.. Исто како и пред две години обединет во тага по момчето со ангелски глас е целиот Балкан. Веќе се најавени пристигнувањата на неговите обожаватели и соработници од Словенија, Хрватска, Босна.. Од Фондацијата велат целиот ден ќе биде одбележан со настани за човекот кој секој го чувствуваше како свој.. Ќе пристигнат планинари кој се тргнати од Пробиштип, ќе се одржи меморијален турнир во одбојка.. Од ова место на автопатот Загреб - Липковац каде пред две години во сообраќајна несреќа живото го загуби македонската поп ѕвезда повторно во 6,20 изутрината ќе тргнат македонските маратонци. Од Градишка до Крушево.. В недела ќе поминат пред Белградската арена, каде Тоше го одржа својот најспектакуларен меѓународен концерт. Планирано е дружење со фановите и слушање на неговите хитови.. Овој викенд во чест на Тоше ќе финишира со доаѓањето на маратонците в недела во 18 часот на плоштадот Скопје и в понеделник нивната крајна цел родното Крушево на вечното почивалиште.


Klik na plejer
http://kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&eventId=54396&tip=video

_________________


Тој е горе во височините каде што и секогаш беше. Се наоѓа во темнина. Темнината сме ние, фановите кои чуваме една голема темнина во срцата, бидејќи него повеќе го нема. А на небото има само една сјајна звезда - Тоше, единствена сјајна ѕвезда која секогаш ќе остане да сјае
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
batbayan
Модератор
Модератор
avatar

Број на мислења : 1410
Age : 31
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
11 / 10011 / 100

Registration date : 2008-06-11

ПишувањеПредмет: Re: Отбележување на Втората годишнина од 16.10.2007 г.   Пет Окт 16, 2009 12:04 pm

Две години без Тоше



Кога љубовта би можела да се измери, планетата Земја би натежнала од копнеж по него

Валентина Тодоровска

На широкото ѕвездено небо, во ноќите што следуваат, онаа што најсилно свети е ѕвездата на Тоше Проески. Напиена од љубов, надоена од солзи и тага, ама со најдобрата мисла од сите нас, оти спомените за него раѓаат само добрина, регистрирана е ѕвездата со името на најголемата македонска музичка ѕвезда. И така сме повторно заедно. Ние, Тоше и љубов.

Колку и да се спомнува, што и да се пишува, сите асоцијации и сите спомени врзани за Тоше можат да се соберат токму во пет букви, а еден збор. Љубов. И како што би кажала големата познавачка на емоциите и на срцето, француската писателка Франсоаз Саган – „...со текот на времето раните стануваат лузни кои на допир потсеќаат на болката. Ама болката не исчезнува и на спомнувањето на драгото име, во прошетка по спомените... “

Да се пишува за Тоше е интересна работа. Секогаш се борите со наплив на чувства што на неверни Томовци им изгледа патетично и со реалноста врзана за Проески, а тоа се концерти, обожаватели, хуманоста...

Денес е 16 октомври. Да постоеше некој ред во универзумот, логиката на нештата, случки што, велат идеалистите, се редат според заслуженото, Тоше и физички ќе беше меѓу нас. Вака, со интерни и општи приказни испишани за да му пркосат на времето, со она препознатливо белканто, лириката во гласот што разнежува и очовечува, останува да живееме од сеќавањата, ама и од инспирација.

Најактивни за тоа прашање се неговите фанови. Меѓународниот фан-клуб „Тоше Проески форум“ работи, твори, исто како што и тој би правел.

Ние останатите сме инспиративни во препознавањето на љубовта. Рака на срце, за овие две години изникнаа персони кои на секој начин се потрудија да заработат на името на Тоше... Колку луѓе, толку карактери, би кажал тој. И верувајте, не би им се налутил.

Тоше ги сакаше луѓето. Најсреќен ако може да ги усреќи другите. А, можеби уште посреќен во мисијата што ја имаше, да го направи светот поубав со песна. Затоа се' уште му се прераскажуваат концертите.

Со последниот, направен на 5 октомври 2007 година, тој влезе во историјата, а приказните се повторуваа и надвор од границите.

Музичар за кој концертите беа светилиште - на нив се даваше без воздршка, до последен атом. Интересна и возбудлива хемија – Проески на секој концерт му пристапуваше со сериозност како да му е прв и одговорност како да е последен.

Тој беше вистински амбасадор на македонската музика. Сите музички забави надвор од татковината значеа неговото етаблирање и уште поголемо екипирање на обожаватели, денеска членови на многубројни клубови во Европа.

Големите уметници и нивната особеност се врзуваат за искреноста. Тоше беше голем уметник, а неговата автентичност значеше тоа што го има во себе, она нешто по што го препозна и го одбра публиката. Искреноста е прашање на срцето. Ја имаш или ја немаш.

Во својата куса, ама активна кариера, Тоше навистина блесна низ Балканот. И не само таму. Од „Усни на усни“, „Синот божји“, „Заведи ме“, „По тебе“, „Рани на усните“, „Полско цвеќе“ „Тајно моја“ до „Игри без граници, „Цреша“... неповторливо се создаде огромен штит со кој се одбранивме од епизодисти, лажговци и среброљупци. Имавме со што да споредуваме.

И затоа повторно- Тоше требаше да го имаме уште. За да балансира со неправедноста. Бело наспроти црно, вистина наспроти лага, убавина наспроти грдотија.

Последниот постхумен албум The Hardest thing, на кој од обвивката, инаку, решение на неговите обожаватели, треперливо светка родното Крушево, зад Тоше стои ѕвездено небо.

Додека беше жив, многумина не признаваа дека е ѕвезда.

Сега го нема и сите се едногласни - неговата ѕвезда од небо, сепак, свети најсилно.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=82EB2F48377D224F8013D9A6C6BE4DE1

_________________


Тој е горе во височините каде што и секогаш беше. Се наоѓа во темнина. Темнината сме ние, фановите кои чуваме една голема темнина во срцата, бидејќи него повеќе го нема. А на небото има само една сјајна звезда - Тоше, единствена сјајна ѕвезда која секогаш ќе остане да сјае
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
Ane
Модератор
Модератор
avatar

Број на мислења : 711
Age : 26
Локација : Кичево, Македонија
опис: : Тоше фан
Репутација :
2 / 1002 / 100

Registration date : 2008-04-21

ПишувањеПредмет: Re: Отбележување на Втората годишнина од 16.10.2007 г.   Пет Окт 16, 2009 6:37 pm

Те сакаме Тоше....

_________________
"Од небо нек' се спуштаат и громови на душа, само да Ти чујам Глас..."
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
batbayan
Модератор
Модератор
avatar

Број на мислења : 1410
Age : 31
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
11 / 10011 / 100

Registration date : 2008-06-11

ПишувањеПредмет: Re: Отбележување на Втората годишнина од 16.10.2007 г.   Саб Окт 17, 2009 8:10 am

Утрово стартуваше маратонот во чест на Тоше!

Втората годишнина од трагедијата во која загина Тоше Проески утрово беше одбележана со стартување маратон во негова чест, кој опфаќа маршута од Нова Градишка до Крушево.

Маратонот, во кој учествуваат 16 професионални маратонци, стартуваше симболично во 6.20 часот, време кога се случи стравичната сообраќајка.

Според планот, утре (сабота, 17-ти октомври) во 10 часот наутро, маратонците пристигнуваат пред Белградска Арена, каде членовите на Меѓународниот Фан Клуб Тоше Проески им организираат пречек, а следниот ден – недела, 18-ти октомври, во 18 часот ќе бидат во Скопје, каде исто така ќе бидат пречекани од фановите на Тоше.

Пристигнувањето во Крушево е предвидено за понеделник, 19-ти октомври, точно на пладне.

На почесниот маратон му се придружи и хрватскиот радио и ТВ-новинар Далибор Петко, кој ја истрча делницата од Старо Петрово село до Нова Капела.

***

Света упокоена литургија утрово беше отслужена во црквата Успение на Пресвета Богородица во Крушево, за две години од трагичната смрт на музичката икона Тоше Проески.

Тага и болка во сеќавањата и утеха во спомените за Тоше бараат неговите најблиски, крушевчани и сите почитувачи, кои денеска се собраа на неговото вечно почивалиште на Гумење. Низ пламенот од свеќите, околу гробот на Тоше не се добројуваат пораките, желбите, сеќавањата и солзите за Тоше.

На поклонение се и осуммина планинари од друштвото Бел камен од Радовиш. Втора година тие поминуваат меморијален марш до Крушево, изминувајќи 150 километри.

Тоше беше голем човек. Неговото дело е капка в море од она што ние го правиме. Овој меморијален марш му го посветуваме нему, зашто неговата добрина е бескрајна. Овој марш е голема желба, изјави планинарот Љупчо Јованов.

Андреј Николоски од Фондацијата Тоше Проески рече дека дојдени се фанови од сите балкански земји.

Очигледна е нивната болка денеска. Во овие две години Крушево не е исто место без Тоше иако, на некој начин, Крушево се почесто се спомнува и е посетено токму поради Тоше, изјави Николоски.

Фондацијата Тоше Проески денеска попладне организира меморијален турнир во одбојка со четири екипи, меѓу кои е и екипата Синалко која ја формираше Тоше.

Николоски информираше за активностите на Фондацијата за продолжување на ликот и делото на Тоше. - Почнавме со подготовките за одржување на големиот, веќе традиционален концерт, кој годинава ќе се одржи на 25 јануари - на роденденот на Тоше. Концептот е направен и ќе биде еден од најголемите настани на посторот на поранешна Југославија, рече Николоски.

До крајот на годинава ќе заврши изградабата на Спомен-куќата за Тоше на Гумење, а догодина таа ќе биде отворена за посетителите, најави Каљопи Бојческа, директорка на Историскиот музеј во Крушево.

Спомен-куќата се гради на местото каде што Тоше имаше желба да направи музичко студио.

Работите одат според предвидените рокови и се очекува веќе следната година да биде отворена за посетителите. Таа го претставува сето она што тој беше - цврстина, вера и љубов. Секој посетител кој ќе ја посети, ќе го почувствува духот, ќе го почувствува сето она што беше Тодор Проески, додаде Бојческа.

Градоначалникот на Крушево Василчо Дамчески рече дека Крушево тагува без Тоше и оти општината заедно со државата работи на неколку проекти.

Изминаа две години од тажниот миг кога останавме без нашата икона и без нашиот сограѓанин Тоше Проески. Во изминаттов период државата и општината направија неколку работи кои достојно треба да го одбележат неговите лик и дело и да останат во трајно сеќавање на сите граѓани, истакна Дамчески.

Тој потсети на пуштањето на патот до манастирот Свето Преображение, како и патот до месноста Вршник каде што треба да се извишува крст од 33 метри. Во завршна фаза е и спомен-куќата, а и реконструкцијата на улицата Тоше Проески. По желба на семејството на Тоше, предвидено е да се уреди гробното место и да се изгради црквата. Задолжен за проектот и изградбата е Собранието на Република Македонија.

http://mmm.com.mk/?ItemID=D9E6D406068A664BAF2CF7096C223FF8#

_________________


Тој е горе во височините каде што и секогаш беше. Се наоѓа во темнина. Темнината сме ние, фановите кои чуваме една голема темнина во срцата, бидејќи него повеќе го нема. А на небото има само една сјајна звезда - Тоше, единствена сјајна ѕвезда која секогаш ќе остане да сјае
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
Chris
Администратор
Администратор
avatar

Број на мислења : 2179
Age : 28
Локација : СКОПЈЕ
опис: : RBD FAN
Репутација :
11 / 10011 / 100

Registration date : 2008-04-13

ПишувањеПредмет: Re: Отбележување на Втората годишнина од 16.10.2007 г.   Саб Окт 17, 2009 3:49 pm

Секоја чест до луге кој толку работи направија за него

_________________
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://tose-mk.forumakers.com
batbayan
Модератор
Модератор
avatar

Број на мислења : 1410
Age : 31
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
11 / 10011 / 100

Registration date : 2008-06-11

ПишувањеПредмет: Re: Отбележување на Втората годишнина од 16.10.2007 г.   Пон Окт 19, 2009 9:14 pm

Маратонците пристигнаа на Гумење

Заврши херојскиот подвиг на 16-те маратонци кои од нова градишка трчаа до Крушево. Три денови без спиење, поминати над 1.060 километри, за само 78 часа

Денеска тие пристигнаа во Крушево за да му оддадат почит на Тоше.

„Штафетно трчавме, еден трча другите одмараат, се менувавме на секои половина час до 20 минути, целата траса ја поминавме во најдобар ред“, изјави Крсте Војнески, техничка организација на маратонот.

Испомешани чувства на радост, тага и солзи. Иако маратонот бил многу напорен поради дождот и студот, сепак ги бодрела мислата за човекот кој имаше најголемо срце на светот.

„Во Србија постојано бевме следени од дожд, цели 15 часа, но кога станува збор за Тоше мислам дека може да се премине преку се, преку сите болки, преку целиот замор“, вели Сашо Даневски, учесник на маратонот.

Преку целата маршута низ Хрватска, Србија и Македонија константно биле поддржувани од фановите на Тоше.

„На 16-ти октомври, во 6.20 часот утрото дојдоа сите фанови на Тоше од Хрватска да не испратат од местото каде што го почнавме маратонот, па се до излезот на Нова Градишка“, истакна Наум Капричевски, учесник на маратонот.

Маратонците беа пречекани од голем број крушевчани, а освен гробот го посетија и манастирот кој го градеше Тоше.

video => http://www.a1.com.mk/video-home.asp?VideoID=1087

_________________


Тој е горе во височините каде што и секогаш беше. Се наоѓа во темнина. Темнината сме ние, фановите кои чуваме една голема темнина во срцата, бидејќи него повеќе го нема. А на небото има само една сјајна звезда - Тоше, единствена сјајна ѕвезда која секогаш ќе остане да сјае
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
Sponsored content




ПишувањеПредмет: Re: Отбележување на Втората годишнина од 16.10.2007 г.   

Вратете се на почетокот Go down
 
Отбележување на Втората годишнина од 16.10.2007 г.
Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
 :: Форум :: Околу форумот-
Отиди до: