HomeПрашања/ОдговориБарајЧленовиЧленски групиРегистрирајте сеВлез

Share | 
 

 Плоштад Македонија, ФАН СОБИР 5 Октомври

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down 
АвторПорака
Chris
Администратор
Администратор
avatar

Број на мислења : 2179
Age : 28
Локација : СКОПЈЕ
опис: : RBD FAN
Репутација :
11 / 10011 / 100

Registration date : 2008-04-13

ПишувањеПредмет: Плоштад Македонија, ФАН СОБИР 5 Октомври   Вто Окт 06, 2009 2:06 am

Не можам да ви опишам колку беше убаво, тоа мора да се доживее еве неколку фотографии од атмосферата на плоштадот, уште еднаш се покажа дека заедно сме посилни од се

За тие што не беа еве неколку слики за да видите каква беше атмосферата на плоштад






























_________________
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://tose-mk.forumakers.com
KarolinaXP
Нов Член
Нов Член
avatar

Број на мислења : 21
Репутација :
0 / 1000 / 100

Registration date : 2009-02-14

ПишувањеПредмет: Re: Плоштад Македонија, ФАН СОБИР 5 Октомври   Вто Окт 06, 2009 4:42 pm

SLAVATA TVOJA STOTUKU POCNA!FOREVER TOSE!
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
Ane
Модератор
Модератор
avatar

Број на мислења : 711
Age : 26
Локација : Кичево, Македонија
опис: : Тоше фан
Репутација :
2 / 1002 / 100

Registration date : 2008-04-21

ПишувањеПредмет: Re: Плоштад Македонија, ФАН СОБИР 5 Октомври   Сре Окт 07, 2009 12:35 pm

Преубаво беше....

_________________
"Од небо нек' се спуштаат и громови на душа, само да Ти чујам Глас..."
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
bibi_pmk
Нов Член
Нов Член
avatar

Број на мислења : 14
Age : 43
Локација : Skopje - Makedonija
Репутација :
0 / 1000 / 100

Registration date : 2009-06-02

ПишувањеПредмет: Re: Плоштад Македонија, ФАН СОБИР 5 Октомври   Сре Окт 07, 2009 4:42 pm

I jas bev na nastanot. Premnogu e bolno shto ne e megju nas no sepak treba da se odrzuva sekoja godina koncert tokmu na 5-ti Oktomvri i toa na Stadion. Taka sakashe nashiot ANGEL TOSHE. Toj ni ostavi amanet i treba da go pochituvame toa. Barem nie fanovite ke ja prodolzime ovaa tradicija so ili bez pomosh na Fondacijata ili nekoja druga institucija.
Nie sme tuka sekogash za nego i nikogash nema da go izneverime.
NEMA UTEHA

Eve i slika.
A ako moze nekoj sakam da mi kaze kako mozam da stavam tuka snimka snimana so mobilen.

[img][/img]
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
bibi_pmk
Нов Член
Нов Член
avatar

Број на мислења : 14
Age : 43
Локација : Skopje - Makedonija
Репутација :
0 / 1000 / 100

Registration date : 2009-06-02

ПишувањеПредмет: Re: Плоштад Македонија, ФАН СОБИР 5 Октомври   Сре Окт 07, 2009 5:05 pm

Neznam zoshto ne mi uspea so slikata ama eve sega se nadevam deka ke uspeam


[img][/img]
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
batbayan
Модератор
Модератор
avatar

Број на мислења : 1410
Age : 31
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
11 / 10011 / 100

Registration date : 2008-06-11

ПишувањеПредмет: Re: Плоштад Македонија, ФАН СОБИР 5 Октомври   Сре Окт 07, 2009 9:44 pm

Фановите го наполнија плоштадот за Тоше

Снимки като слајд шоу во статијата


http://utrinski.com.mk/?ItemID=4F78C89FAA6...FEC9836F552C8AB

Со свеќи во рацете, постери и маички со ликот на Проески, фановите самоиницијативно го одбележаа 5 октомври, денот на неговиот последен концерт

Катерина Шекеровска


Невообичаен џагор во центарот на Скопје. Гужва. Турканици. На „Рекорд“, зборно место на повеќе генерации, нема игла каде да се фрли. Млади, но и возрасни луѓе итаат кон Градскиот плоштад.

„Оваа година е потопло. Се сеќавате ли колку беше студено лани?“, разговараат неколку пријателки кои самоиницијативно дојдоа да ја одбележат двегодишнината од последниот концерт на Тоше Проески на Градскиот стадион. Тие се само капка во неколкуилјадната публика, фанови на нашата најголема ѕвезда кои завчеравечер беа во центарот на Скопје за уште еднаш да ја почувствуваат енергијата и љубовта која ја делеа само на концертите на Тоше.

„Тоа е посебна магија. Она што тука го чувствуваме е бескрајна љубов, на која не научи нашиот ангел“, велат две средношколки од Скопје, додавајќи дека за ништо на светот не би пропуштиле да дојдат и да му оддадат почит на својот идол, исто како што направија и лани, на големиот концерт во негова чест, но и пред две години, кога без да знаат, беа сведоци на историја, последното обраќање на Тоше кон своите обожаватели.

„Добровечер Македонија! Дали сте расположени за уште едно дружење? Не можам да поверувам во колкав број не има вечерва!“, одекнува гласот на Тоше од два скромни видеобимови на кои „течат“ снимки од неговото последно дружење со публиката на Градски стадион на 5 октомври 2007 година. Малку потоа одат и првите рефрени „Да можам бар да се разбудам во свет на љубовта ...“ Морници. Солзи. Свеќи во рацете, пароли на маиците: „Тоше, те сакаме сите“. „Тоше, засекогаш во срце те носиме“.

Се слушаат и потпевнуваат познати рефрени, се потсетуваме на ланскиот концерт во негова чест, се зборува за ѕвезденото небо пред две години... „Тоше е жив, живее во сите нас“, коментираат фановите, чија заедничка констатација е дека нашата ѕвезда заслужува поорганизирано одбележување на годишнината од последниот концерт.

_________________


Тој е горе во височините каде што и секогаш беше. Се наоѓа во темнина. Темнината сме ние, фановите кои чуваме една голема темнина во срцата, бидејќи него повеќе го нема. А на небото има само една сјајна звезда - Тоше, единствена сјајна ѕвезда која секогаш ќе остане да сјае
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
batbayan
Модератор
Модератор
avatar

Број на мислења : 1410
Age : 31
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
11 / 10011 / 100

Registration date : 2008-06-11

ПишувањеПредмет: Re: Плоштад Македонија, ФАН СОБИР 5 Октомври   Сре Окт 07, 2009 9:50 pm


_________________


Тој е горе во височините каде што и секогаш беше. Се наоѓа во темнина. Темнината сме ние, фановите кои чуваме една голема темнина во срцата, бидејќи него повеќе го нема. А на небото има само една сјајна звезда - Тоше, единствена сјајна ѕвезда која секогаш ќе остане да сјае
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
*-*maruchi*-*
Нов Член
Нов Член
avatar

Број на мислења : 2
Репутација :
0 / 1000 / 100

Registration date : 2009-12-06

ПишувањеПредмет: Re: Плоштад Македонија, ФАН СОБИР 5 Октомври   Нед Дек 06, 2009 3:48 pm

Jas bev mnogu bese ubavo ama ne slikav imase mnogu guzva zapaliv sveka
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
Tanja
Член
Член
avatar

Број на мислења : 593
Age : 29
Локација : Skopje, Makedonija
опис: : TOSE TE SAKAME I KE TE SAKAME ZASEKOGAS!
Репутација :
2 / 1002 / 100

Registration date : 2008-06-06

ПишувањеПредмет: Re: Плоштад Македонија, ФАН СОБИР 5 Октомври   Вто Окт 04, 2011 12:11 pm

На петти октомври 2011-та...

Во чест на Тоше ќе биде отворена и Феудалната кула

Во чест на петти октомври кога легендата Тоше Проески во 2007 година на Градски стадион ја имаше последната средба со својата верна публика, фановите организираат концерт на Градскиот плоштад во Скопје. На концертот ќе бидат прикажани снимки од неговата пребогата кариера, а на крај ќе заврши со голем огномет.

Во меѓувреме, се известуваат фановите дека тогаш ќе биде отворена и Феудалната кула на Мајка Тереза, каде Тоше одеше се молеше на Мајка Тереза, и пишуваше пораки, остави кожна фотеља и радио.

Феудалната кула ќе биде отворена кој сака да си запали свеќа каде што има спомен плоча на Тоше, цреша во негова чест, летопис, параклис и чешма.

Овој свет храм се наоѓа веднаш зад Спомен куќата Мајка Тереза.



Тоше беше добитник на награда Мајка Тереза за хуманост, а последната награда што ја прими на последниот концерт беше токму Мајка Тереза, која тој и ја подари на својата мајка Доминика. Тоше е првиот човек кој два пати има добиено ваква награда. Една од пораките кој тој и ги опставаше на Блажената Мајка Тереза гласи:



Јас сум премногу среќен што велат дека одам по стапките твои. За да се биде како тебе треба да се има голема верба и љубов према луѓето.Ќе бидам среќен ако барем малку наликувам на твоите дела. Сега светице не барам многу сакам само да бидам помилуван од тебе и се молам љубовта и вербата да ми бидат се појаки и појаки. Тодор Проески - Тоше.

http://www.mmm.com.mk/?ItemID=748001026F05B8469FFACA024AF0FB7A
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://www.tose-mk.forumakers.com
batbayan
Модератор
Модератор
avatar

Број на мислења : 1410
Age : 31
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
11 / 10011 / 100

Registration date : 2008-06-11

ПишувањеПредмет: Re: Плоштад Македонија, ФАН СОБИР 5 Октомври   Вто Окт 11, 2011 6:57 pm

Фановите не го забораваат легендарниот музичар

Уште едно ѕвездено небо за Тоше

По повод четири години од последниот хуманитарен концерт на Тоше Проески, синоќа (среда, 5-ти октомври) на плоштадот Македонија во Скопје беше одржана третата манифестација Биди и ти дел од ѕвезденото небо на Тоше, организирана од членовите на Фан-клуб форумот на Тоше.

Еве накусо како беше на плоштадот, низ фотографиите на Јованка Грозданоска.






_________________


Тој е горе во височините каде што и секогаш беше. Се наоѓа во темнина. Темнината сме ние, фановите кои чуваме една голема темнина во срцата, бидејќи него повеќе го нема. А на небото има само една сјајна звезда - Тоше, единствена сјајна ѕвезда која секогаш ќе остане да сјае
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
batbayan
Модератор
Модератор
avatar

Број на мислења : 1410
Age : 31
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
11 / 10011 / 100

Registration date : 2008-06-11

ПишувањеПредмет: Re: Плоштад Македонија, ФАН СОБИР 5 Октомври   Вто Окт 11, 2011 6:59 pm

На 5-ти октомври...

Успешна крводарителна акција во чест на Тоше

Во холот на Домот на Армијата во Скопје, денес (среда, 5-ти октомври 2011-та) се одржа крводарителската акција во чест на Тоше Проески. До крајот на денот, кога акцијата беше завршена, крв дарувале околу 350 крводарувачи, почитувачи на ликот на делото на Тоше.

Минатата година преку оваа акција се собраа 224 крвни единици, но оваа дефинитивно е поставен нов рекорд.




_________________


Тој е горе во височините каде што и секогаш беше. Се наоѓа во темнина. Темнината сме ние, фановите кои чуваме една голема темнина во срцата, бидејќи него повеќе го нема. А на небото има само една сјајна звезда - Тоше, единствена сјајна ѕвезда која секогаш ќе остане да сјае
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
batbayan
Модератор
Модератор
avatar

Број на мислења : 1410
Age : 31
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
11 / 10011 / 100

Registration date : 2008-06-11

ПишувањеПредмет: Re: Плоштад Македонија, ФАН СОБИР 5 Октомври   Вто Окт 11, 2011 7:12 pm

Бројките кажуваат...

Студенти и ученици беа активни учесници во крводарителната акција во чест на Тоше Проески

Во рамки на вчерашната акција во Дом на АРМ, која беше организирана во чест на Тоше Проески од страна на Црвен крст на град Скопје и Интернационалниот Тоше Проески Фан Клуб Форум, учествуваа 350 дарители.

Според информациите од Црвениот крст, 129 од крводарителите биле студенти, а 19 ученици од средните училишта. Она што е значајно е дека за прв пат кон оваа крводарителска акција се приклучија 52 лица.



Неофицијален видео-спот за песната Крушево, изработен од Интернационален Тоше Проески Фан Клуб Форум го имате ТУКА!

Видео-поздрав и подршка за македонските фанови во форма на видео запис од Црна Гора - ТУКА!

***

Oфицијалното соопштение од Интернационален Тоше Проески Фан Клуб Форум

Имаме особена чест да Ве информираме дека крводарителската акција Јас штотуку спасив живот, а Вие? која во чест на легендата Тоше Проески успешно се изведе на 5 октомври во Домот на АРМ во Скопје и постави нов рекорд.

Се собраа 350 крвни единици кои ќе спасат нечиј живот, иако најголема желба ни е да нема потреба од тоа.

Во акцијата, која по трет пат ја организираше Интернационалниот фан клуб форум Тоше Проески и Црвениот крст на град Скопје, крв даруваа голем број негови почитувачи од различна возраст, а многумина поради лични здравствени проблеми не беа прифатени да даруваат.

Секоја дадена капка крв беше во чест на Тоше, блескавата музика мегаѕвезда, и наш духовен лидер. На чисто срце и совест сакаме да ве информираме дека со гордост го продолжуваме неговиот пат и аманетот кој ТОЈ ни го остави.

За нас, верните фанови на Тоше легитимно, исправно и човечно е само оние постулати кои тој ги постави со своето однесување. Ние го избравме НЕГО!.

Ние, кои учествувавме во акцијата и во концертот Биди и ти дел од ѕвезденото небо на Тоше вчера се потсетивме на НЕГО со болка и тага, но заспавме мирно.

Ние, штотуку спасивме животи - А вие? е единственото прашање кое им го упатуваме на поединци од медиумите кои сакаат да се препукуваат преку името и честа на Великанот на денешницата, ангелот и наш водич.
Но, ако светот останува на младите генерации, сметајте дека ќе имате кому да му го оставите светот. И една поубава, посветла, почесна иднина. Онаква кон каква не поведе ТОЈ- ТОШЕ ПРОЕСКИ!

Интернационален Тоше Проески Фан Клуб Форум

http://mmm.com.mk/?ItemID=5B0A31AB257FB44BBFB012C3F76E16DC

_________________


Тој е горе во височините каде што и секогаш беше. Се наоѓа во темнина. Темнината сме ние, фановите кои чуваме една голема темнина во срцата, бидејќи него повеќе го нема. А на небото има само една сјајна звезда - Тоше, единствена сјајна ѕвезда која секогаш ќе остане да сјае
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
Sponsored content




ПишувањеПредмет: Re: Плоштад Македонија, ФАН СОБИР 5 Октомври   

Вратете се на почетокот Go down
 
Плоштад Македонија, ФАН СОБИР 5 Октомври
Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
 :: Пишани и Електронски медиуми :: Новости :: Македонија-
Отиди до: