Избрано идејното решение за меморијалниот комплекс на Проески
Одборот за подигнување на меморијалниот комплекс на Тоше Проески во Крушево го избра идејниот проект изработен од „Архитектоника“ ДООЕЛ Скопје.
Во меморијалниот комплекс ќе се наоѓаат гробот на Тоше, негов споменик и црква. Споменикот ќе биде во вид на бронзена скулптура на Тоше, налик на фотографијата од албумот „Божилак“.
- Одборот за подигање на меморијалниот комплекс на Тодор Проески во Крушево го избра идејниот проект, кој во согласност со законските одредби јавно ќе биде изложен на официјалната страна на Собранието на Република Македонија - н` информираа од одборот.
Меморијалниот комплекс требаше да почне да се гради пред три години, но од повеќе причини не беше реализиран. Како што дознаваме, тој треба да почне да се гради по три месеци.
http://dnevnik.com.mk/?ItemID=20D0518307C9...DEC852CCD9FC5D0