HomeПрашања/ОдговориБарајЧленовиЧленски групиРегистрирајте сеВлез

Share | 
 

 Втори концерт во чест на Тоше - 25.01.2010г.

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down 
Отиди на страна : Previous  1, 2
АвторПорака
batbayan
Модератор
Модератор
avatar

Број на мислења : 1410
Age : 31
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
11 / 10011 / 100

Registration date : 2008-06-11

20091128
ПишувањеВтори концерт во чест на Тоше - 25.01.2010г.

Новите балади на Тоше пред скопската публика

Најголемите бивши ЈУ-ѕвезди ќе допатуваат на концерт во Скопје за да отпеат песни напишани од перото на Проески

„Тоше и пријателите“ е работната верзија на новиот постхумен албум на најголемата македонска пејачка ѕвезда што ќе биде промовиран на денот на неговиот роденден, 25 јануари 2010 год., за кога е предвидено да се одржи голем хуманитарен концерт во чест на нашата икона.

Според најавите, во Скопје се очекува да пристигнат неколку големи ѕвезди од бившите ЈУ-простори, блиски пријатели и соработници на македонскиот пејач, кои ќе настапат со песни напишани од перото на Тоше Проески. Станува збор за композиции, околу осум, што се создавани во последните две години од животот на Тоше, во периодот од 2005 до 2007 година, од кои најголемиот дел се балади.

„Осумдесет отсто од песните се балади што ги компонирал Тоше. Според сатницата на записите, сите се правени по полноќ, очигледно тогаш Тоше имал најголема инспирација“, ни откри Славен Ристески, зет на Тоше и дел од организацијата на претстојниот концерт. Тој додаде дека дел од песните се веќе снимени.

„Деталите се' уште не можам да ги откријам, зашто моментално се работи на нив и воопшто, на целокупното сценарио. Во игра се две-три варијанти околу тоа како ќе изгледа концертот, но можам да кажам дека на него ќе бидат изведени седум или осум песни компонирани од Тоше, а меѓу нив ќе се најде и песната, отпеана од Тоше, „Још увијек сањам да смо заједно“ на Мирослав Рус. Тоа е една од најубавите песни што воопшто сум ја слушнал. На неа е работено речиси една година, а сите инструменти се снимени во живо, квалитетот е на највисоко ниво. Но, кога станува збор за пеењето... Е тука навистина немам зборови со кои би можел да го опишам“, додава Ристески.

Конечниот список на пејачи што ќе ги пеат песните, напишани од Тоше се' уште не може официјално да се потврди. Моментално сите работи и подготовки се одвиваат на релација Скопје – Белград - Загреб - Сараево и секојдневно се одвиваат контактите со останатите автори кои на музиката на Тоше создаваат текстови, аранжмани, продукција...

„Тоа се луѓето што соработуваа со Тоше до последниот ден од неговиот живот, луѓе што бескомпромисно и веднаш се согласија да бидат дел од проектот што ќе го одбележи концертот. Меѓу нив се: Мирослав Рус, Никша Братош, Миро Буљан, Марина Туцаковиќ, па авторот што ја напиша „Несаница“... Одбрана екипа автори кои добро го познаваа Тоше и неговиот менталитет, размислувањата, душата. Кога Никша Братош и Миро Буљан ги преслушаа беа премногу изненадени од тоа колку Тоше бил голем композитор и особено им беше драго што тие треба да ги довршат, доаранжираат, иако некои од нив имаа дури и свој аранжман што го направил Тоше“, вели Ристески.

Сите песни ќе бидат ставени и издадени на носач на звук, а албумот ќе се продава во земјава, но и надвор од неа, во регионов, и ќе биде подзасилен со неколку видеоспотови кои би требало да го промовираат уште подобро.

Меѓу другото се очекува да се затвори и прашањето околу дефинитивната локација на одржувањето на концертот во чест на Тоше. Арената „Филип Втори“ или втората варијанта - затворен простор (во зависност од капацитетот ќе се избира меѓу салата „Борис Трајковски“ и „Метрополис арена“ на Скопски саем) се веројатните локации на кои е предвидено да се одржи големиот настан. Многу прашања и дилеми се појавија по презакажувањето на терминот, кој наместо на 5 октомври, се префрли на 25 јануари, а можната локација, арената „Филип Втори“ отвори дополнителни прашања, особено ако се има предвид дека предвидениот термин е во зима кога временските услови се променливи, а ниските температури доминантни.

„Ако може плоштадот во Скопје да биде полн за дочекот на Нова година, зарем луѓето не би можеле да издржат два часа на Градски стадион?“, вели Ристески.

Во меѓувреме, додека да се договори точната локација за одржување на концертот, подготовките за претстојниот концерт во чест на Тоше продолжуваат со полна пареа. Измешани емоции, неизвесност, трепет и очекувања се мешаат пред 25 јануари. Отстапки од терминот овојпат нема да има, а деновиве ќе се знае и конкретно дали концертот ќе се одржи точно на роденденот, ден што се паѓа на почеток од работната недела - понеделник или ќе биде организиран ден порано, на 24 јануари за да се искористи викендот кога најголемиот дел од луѓето не се на работа.

Патем, концертот ќе се одвива исклучиво во живо, онака како што Тоше ги организираше своите настапи на кои никогаш не пееше на плејбек. Како организатор и овојпат се јавува интернационалната фондација „Тоше Проески“, а покровител е повторно Владата на РМ.

„Средствата што ќе се соберат од овој хуманитарен концерт ќе бидат наменети за манастирот „Св. Преображение“ во Крушево, каде што градежните работи се во полн ек, но со оглед на тоа што манастирот е оддалечен 7 км од Крушево, во место што е надвор од јавната електрична мрежа, потребна е поголема инвестиција за електрификација и комплетно осветлување на манастирскиот комплекс“, истакна директорот на фондацијата „Тоше Проески“, Андреј Николоски во своето последно соопштение до јавноста.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=D03B3B766D1...8644C4397D82BD3

_________________


Тој е горе во височините каде што и секогаш беше. Се наоѓа во темнина. Темнината сме ние, фановите кои чуваме една голема темнина во срцата, бидејќи него повеќе го нема. А на небото има само една сјајна звезда - Тоше, единствена сјајна ѕвезда која секогаш ќе остане да сјае
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
Share this post on: Excite BookmarksDiggRedditDel.icio.usGoogleLiveSlashdotNetscapeTechnoratiStumbleUponNewsvineFurlYahooSmarking

Втори концерт во чест на Тоше - 25.01.2010г. :: Comments

Хуманитарен концерт во чест на Тоше

http://kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&egId=13&eventId=57066

Клик на плеер !
Одекна творештвото на Тоше



Тоше ни остави уште една утеха - албум во кој секоја нота е вградена како резба, која ќе им пркоси и на судбината и на времето. Албум што како нов божилак го постави да свети на ѕвезденото небо. Албум што потврдува дека Тоше беше и талентиран композитор

Денеска Тоше Проески требаше да го слави својот 29. роденден. Неговите најблиски велат дека мајка му ќе ја направи неговата омилена торта и ќе стави 29 свеќи, кои ќе ги дувнат неговите два внука. Тагата е голема во неговиот дом, но и во срцата на обожавателите. Но, и во овие тешки мигови ни остави уште една утеха - албум во кој секоја нота е вградена како резба во дело, кој ќе им пркоси и на судбината и на времето. Албум што како нов божилак го постави да свети на ѕвезденото небо. Албум што потврдува дека Тоше беше и талентиран композитор.

Албумот „Тоше и пријателите“ претставува пресек на страсната љубов на македонската легенда кон музиката и неговиот раскошен талент како композитор. Во осумте песни на проектот, кои неговите обожаватели ги слушнаа на синоќешниот концерт, видлива е неговата посебност во длабочината и пред се' во сериозниот пристап кон музиката.

- Не ми е непознато неговото творештво. Во текот на неговиот живот често знаеше да ми каже: „Дојди кај мене да слушнеш што сум создал“. Многупати му се лутев зашто не пее свои, туку туѓи песни. Верував во него како автор. А неговата посебност беше во широчината, длабочината и светлата визија, што е типично за една личност која во хороскопски знак е водолија. Тој гледал многу понапред од она што сме ние сега - истакна Калиопи, која ја пее нумерата „Засекогаш“.

ЗБОРУВАШЕ СО ГИТАРАТА

Многумина негови колеги и соработници знаат да кажат дека денес им е многу жал што не успеале да поразговараат со него за некои обични, секојдневни работи. Да дознаат повеќе за тоа што тој чувствува кога ќе згаснат сите рефлектори. Но, тој беше таков - единствен и незаменлив во многу нешта. Никогаш не ве оптоваруваше со своите грижи. Напротив, ширеше оптимизам со својата безгрижна насмевка и умееше со часови да зборува за песните, за стиховите, за хармониите што го чекаат да ги открие. Во тоа се уверивме и ние, екипа на „Дневник“, кога во доцните часови го посетивме во неговиот дом за интервју. Го начекавме со гитара во рацете, како потпевнува некоја нумера, за нас непозната. Не ја испушти гитарата од рацете и додека одговараше на нашите прашања. Истовремено со зборовите од неговата уста, низ прстите излегуваа и нотите од гитарата. Свиреше на гитара дури и додека даваше изјава во хотелот „Хајат“ во Белград, во текот на промоцијата на еден негов проект.

- Тоше како автор комплетно ме воодушеви. Знаев само дека е прекрасен вокал. Слушајќи го новото цеде сфаќам дека бил и сериозен и одличен композитор. Отсекогаш посакував да снимам дует со него. Сметав дека гласовите убаво ни се сложуваат. Плачев кога ја слушнав демо-верзијата на песната со неговиот глас. „Где да одем да те не волим“ влијае оптимистички, иако е тажна. Во неа има сила и љубов - вели Јелена Томашевиќ.

Колку тој човек живееше за музиката станува јасно дури денес, кога сме свесни дека има оставено стотина песни во своите компјутери. По сите свои проби, концерти, интервјуа, емисии, настапи, делења автограми, тој успеал и тоа малку слободно време што го имал да и' го посвети на музиката и да создаде нови композиции.

- Често на нашите пријателски средби ќе ми откриеше дека создал уште некоја нова композиција. Си ветивме тој да ми напише песна, а јас нему текст. Со мојот ангажман во новиот проект со песни што ги создаде Тоше го исполнив нашиот заеднички аманет - вели Елена Ристеска.

Пееше секогаш и секаде. Музика слушаше секогаш кога не пееше.

- Ќе го паметам по неговите очи и насмевка, од кои бликаше радост. Тој беше човекот што направи мост на љубов на Балканот. Љубовта и големите емоции се видливи и во песните што ги создаде- појаснува Нина Бадриќ.

КОМПЛЕТЕН МУЗИЧАР

Знаеше да свири на многу инструменти. Многу музичари од Македонија и од Балканот раскажуваат колку малку време му требало за да научи да свири некое соло-парче или некоја песна. Еднакво виртуозно знаеше да свири и на пијано, и на гитара, дури и на бас-гитара... Навлегуваше и во тајните на аранжирањето и продуцирањето на песните. Сакаше да учи, да истражува, да ги открие сите технички можности што ќе му дадат крилја на неговиот талент за компонирање. Дури и за време на долгите патувања тој постојано слушаше музика, речиси никогаш не го исклучуваше вокменот.



- Тоше го доживував како грандиозен и концертен пејач. Во таа насока ги работев аранжманите за песните „Где да одем да те не волим“ во изведба на Јелена Томашевиќ и „Буди добра према себи“, која ја пее Бојан Маровиќ. Сакав да постигнам ефект тие да звучат грандиозно на сцена. Верувам дека ги направив така како што тој би сакал. И овој пат се потврди дека на големите пејачи им е полесно да компонираат, бидејќи тие можат се' да отпеат - вели српскиот аранжер Алекс Алексов.

Тоше живееше за музиката. Во секоја секунда од своето постоење тој дишеше заедно со нотите. Ги сакаше сите песни. Ја сакаше секоја музика. Од вонвременските дела на мајсторите на класичната музика, преку рокенрол-стандардите, се' до народните и новосоздадените мелодии. Тој со еднаков жар ги пееше и своите и туѓите песни. Знаеше да му се восхитува на Павароти, на Стинг, но и на „Парни ваљак“ или на Наум Петрески. Ги почитуваше сите уметници, сите артисти што искрено ја сакаат музиката. Знаеше со часови да ги слуша своите поискусни колеги и истовремено да им покаже почит. Тој знаеше да им се јави на своите пријатели-музичари кога најмалку очекуваат, да ги повика заедно да зборуваат за музиката.

Скромен и тивок, воспитуван да ги почитува повозрасните и поискусните, тој ретко се осмелуваше да вклучи некоја своја композиција на носачите на звук. Секогаш сметаше дека има време за него како композитор, дека треба да ги пее туѓите композиции и да расте и да созрева како композитор. Уште како голобрадо момче во 1998 година тој на акустична гитара создаде две интересни демо-снимки. Музички беа многу свежи и необични. Во студиото на Валентино Скендеровски тие две нумери беа малку дотерани и така се родија големите хитови „Ех да сум злато“ и „Руски рулет“. Подоцна, ја создаде и музиката на прекрасната балада „Има ли ден за нас“, а антологиската „Муза“ несебично му ја подари на својот колега Мартин Вучиќ. Секако, целиот свој раскошен талент како композитор Тоше го покажа и во темата „Полско цвеќе“, предвесникот на големата трагедија која физички не' раздели од него.


Изложба во чест на ѕвездата

Со изложбата „Тоше има само ден на раѓање“ детското ликовно студио „Св. Кирил и Методиј“ денес, во 10 часот, во Битола ќе го одбележи роденденот на поп-иконата Тоше Проески. Раководителот на студиото, Коста Хаџиантовски, вели дека на изложбата ќе бидат поставени 40 ликовни дела од меѓународната детска ликовна колонија „Мал битолски Монмартр“. Во духот на големиот хуманист, по завршувањето на изложбата, делата ќе бидат подарени на Музејот во Крушево, а дел од сликите ќе бидат одвоени и за конаците во манастирот „Свето Преображение“. Изложбата ќе биде поставена во националната детска галерија во битолска Стара чаршија. Делегација на детското ликовно студио ќе го посети Крушево и ќе положи свежо цвеќе на гробот на Проески.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=06132455C2CA67419831C5FC81BE6DF6
Тоше

Пишува: Лејла Сабит

И по две и пол години:
Нe расплака.
Нe растажи.
Нe израдува.
Нe потсети на хуманоста.
Нe почести со нови песни.
Нe почести со нови спотови.
Преполни сала.
Распродаде билети.
Направи ВИП спектакл.
Донесе струја во црквата "Св. Преображение".
Го оживеа Крушево.
Го обели образот на Македонија.
Го обедини Балканот.
Ги собра ЈУ-ѕвездите.
Ги замисли нашите пејачи.
Ги собра топ-водителите.
Ги собра фановите.
Ги собра пријателите.
Ги собра новинарите.
Ги собра композиторите.
Ги собра текстописците.
Ги собра спонзорите.
Граѓаните пред ТВ и на Плоштад.
Ја ангажира Владата.
Остана идол на децата.
Засјаи на небото.
Му ја остваривме желбата.
Почивај во мир, наш ангелу!

l.sabit@vest.com.mk


Последната промена е направена од batbayan на Саб Јан 30, 2010 1:57 pm. Мислењето е променето 1 пати
Балади за душа

(Кон албумот "Сè уште сонувам дека сме заедно" на Тоше и пријателите...Пишува Милица Џаровска)

Насловната песна од цедето на Тоше и пријателите "Сè уште сонувам дека сме заедно", (Још увијек сањам да смо заједно) издадено постхумно две години по неговата смрт, очекувано е најдобрата и највпечатлива на албумот. Јасно се забележува дека во една од своите последни снимени песни, Тоше до перфекција созреал во интерпретацијата, но и во пеењето на хрватски јазик. Делото на композиторот Мирослав Рус со аранжман на Никша Братош, уште еднаш докажуваат дека Тоше беше мајстор за силно емотивни, трогателни балади, и во тој домен му нема рамен.
Слично било расположението на Проески како автор, баладично и меланхолично. На цедето ја имаме ретката можност да слушнеме како тој компонирал, а песните ги пејат големите балкански ѕвезди. Тажни песни, со смирени воведи и кулминација во рефрените. Браво за аранжерите, текстописците и за продуцентите што секоја песна ја доближиле до начинот на изведбата на пејачите.
Најсилен впечаток оставаат првите две, на Аки Рахимовски и на Калиопи. Текстот на песната "Засекогаш" која ја пее Калиопи е наменски направен како посвета за Тоше. Голем хит сигурно ќе стане и песната "Те знам јас", која со својот глас ја збогатила Нина Бадриќ. Иако Нина како интерпретатор може многу повеќе од тоа, го извлекла максимумот. Најромантичната песна ја пее Јелена Томашевиќ. Алтот на Томашевиќ украсен со придружните вокали во рефренот ќе ја направат оваа песна хит на српската пејачка.
"Биди добра спрема себе", Тоше како да ја пишувал токму за Бојан Маровиќ. На почетокот многу потсетува на "Здраво" (Хелло) од Лајонел Ричи. Борис Новковиќ ја доработил музиката од Тоше, така што песната "Се враќам", направил да личи на сите негови до сега. Ова песна не е ништо особено. Она што веќе ги освојува радио станиците е модерната "А можевме", која ја пее Елена Ристеска. Убава и певлива мелодија и текст, но по малку утнат аранжман поради пренегласениот ритам. Оваа песна ќе била подобра како побавна, позабележлив ќе бил вокалот на Елена. Песната "Заедно"што ја пее Тони Цетински не е авторска на Тоше, туку на Миро Буљан. Побрза и по малку рокерска, личи како и секоја друга песна на хрватскиот пејач.
Речиси целиот материјал Тоше го напишал во мир, додека одмарал дома во Крушево. Жално е што нема да дознаеме како би звучеле ако песните ги испејал самиот тој. Несомнено би биле уште поголеми хитови.

http://vest.com.mk/?ItemID=FC2AB10B4B031447B4C6976FF6960F53
ОЖИВУВАЊЕ НА КАРИЕРАТА НА ТУЃА СМЕТКА
Оливер Мандиќ провален?!

На големиот хуманитарен концерт посветен на Тоше Проески по 24 години музичка пауза на сцената се качи и Оливер Мандиќ. Во чест на нашата најголема ѕвезда Мандиќ заедно со Беби Дол, браќата Тавитјан и сопственикот на ТВ Пинк, Жељко Митровиќ, ја отпеа "Пробуди се на час". Песната, барем како што се најавуваше, не требаше да значи негово враќање на сцената, туку само гест со кој посакал да му оддаде почит на Проески. Но, по се изгледа не е така, затоа што српските медиуми деновиве носат една сосема поинаква информација - песната е само вовед во албумот на Мандиќ, што се појавува на пазарот 25 години по "Доѓе ми да вриснем твоје име" од 1985 година. Ваквата информација ја фрла во вода патетиката со која Мандиќ се појави на сцената и изливите на љубов, зашто очигледно појавувањето на концертот го искористи како добар маркетиншки потег и можност за враќање на симпатиите кај публиката која малку го подзаборавила. Зашто веќе наголемо се најавуваат концерти низ цела екс Југославија.

http://vecer.com.mk/?ItemID=778CFBBF83860140AC2E9EB2ADD4D636
Да се биде Новковиќ е гордост, но и одговорност

Хрватскиот пејач Борис Новковиќ наредната година со концертна турнеја ќе го прослави своето 25-годишно опстојување на балканската сцена

Вели дека секогаш се чувствува убаво кога е во Македонија и дека многу убави моменти од неговата кариера доживеал токму во нашата земја. Овој пат посетата беше тажна, но истовремено и среќна бидејќи со другите пријатели на Тоше Проески ја претставија музиката што ја напишал, а не стигна да ја испее.

Новковиќ ја отпеа нумерата „Враќам се“, за која го напиша текстот. Вели дека воопшто не му било тешко да ја доживее.

- Имавме насока, мелодиска линија што ја оставил Тоше. Се' понатаму е навистина лично, зависи како човек ќе ја доживее емоцијата, како ќе се обиде да го дополни тоа што тој го оставил зад себе. Ја доживеав песната уште од првиот момент. Напишав текст што има некоја симболика, не е тоа само љубовна песна, туку и духовна. Во него се зборува за некој живот по животот, нешто што сите не' интересира. Се надевам дека ќе и' се допадне на публиката, а е најискреното нешто што го почувствував додека ја работевме песната - вели Новковиќ.

ТРАЈНА ВРСКА СО СЕМЕЈСТВОТО ПРОЕСКИ

Борис тврди дека постоела некоја длабока врска меѓу семејствата Проески и Новковиќ. За него концертот е продолжување на хуманата мисија на Тоше и е среќен што беше дел од таа приказна.

- Меѓу семејствата Проески и Новковиќ постои навистина голема и тајна врска. Мојот покоен татко беше одушевен од Тоше. Го почитуваше неговиот вокал и тоа што го работеше, и насекаде го фалеше. Драго ми е што дојде до оваа соработка. Го нема ниту мојот татко, а ни Тоше, но семејствата остануваат поврзани. Почестен сум што пеам негова песна и што сум дел од приказната што се продолжува, иако главниот актер веќе го нема - вели тој.


http://dnevnik.com.mk/?ItemID=6218C8A65E29...9C92BCF8F6E1DA3
 

Втори концерт во чест на Тоше - 25.01.2010г.

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот 

Страна 2 of 2Отиди на страна : Previous  1, 2

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
 :: Форум :: Портал новости-
Отиди до: