HomeПрашања/ОдговориБарајЧленовиЧленски групиРегистрирајте сеВлез

Share | 
 

 Наслони главу - необјавен сингл на Тоше

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down 
АвторПорака
batbayan
Модератор
Модератор
avatar

Број на мислења : 1410
Age : 31
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
11 / 10011 / 100

Registration date : 2008-06-11

20100812
ПишувањеНаслони главу - необјавен сингл на Тоше

Уште една песна наскоро во етерот

Наслони главу - необјавен сингл на Тоше

За необјавената песна од Проески, Наслони главу, загрепските продукциски студија Урбан звук и Инлустро дизајн неодамна почнаа да изработуваат видеоспот во висока резолуција – јави Дневник, наведувајќи дека тоа ќе биде комбинација од компјутерска графика и анимација, а ќе ја нагласува хуманата страна и активности на македонскиот поп-пејач.

Автор на синглот Наслони главу е Ненад Нинчевиќ, фронтмен на популарниот бенд од поранешна Југославија, Тути фрути. Нинчевиќ е потписник и на дует-темата Лагала нас мала, што Проески ја изведе со Тони Цетински.

Бевме поканети на голема јубилејна прослава на Ненад Нинчевиќ, на која хрватските ѕвезди пееја негови песни. Тоше, кој беше дел од изведувачката екипа, пред публиката ја отпеа темата Ствари лагане, за која постои и снимка. Во таа пригода го замоли Нинчевиќ да испее една песна од неговото творештво, која многу му се допадна, а тоа беше Наслони главу. Тоа и го стори, влезе во студио и ја сними. Но, никогаш и никаде не ја отпеа во живо, затоа што ја чуваше за својот нов албум – изјави за Дневник Љиљана Петровиќ.

http://mmm.com.mk/?ItemID=F0F8401CB3DA004CA41317D89E249ED9

_________________


Тој е горе во височините каде што и секогаш беше. Се наоѓа во темнина. Темнината сме ние, фановите кои чуваме една голема темнина во срцата, бидејќи него повеќе го нема. А на небото има само една сјајна звезда - Тоше, единствена сјајна ѕвезда која секогаш ќе остане да сјае
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
Share this post on: Excite BookmarksDiggRedditDel.icio.usGoogleLiveSlashdotNetscapeTechnoratiStumbleUponNewsvineFurlYahooSmarking

Наслони главу - необјавен сингл на Тоше :: Comments

Еве го и оригиналот на песната:

http://www.youtube.com/watch?v=KkVBD-iaDkU
Подарок од Фондацијата Тоше Проески

Наслони главу на моје раме - оригинална снимка, само на МММ...

На барање од Фановите, а со дозвола од Фондацијата Тоше Проески, МММ ви ја подарува оригиналната снимка од актуелниот спот на легендарниот Тоше Проески, за песната Наслони главу на моје раме.

Единствено што треба да направите е да се линкате до нашата видео-галерија!

На ваков чекор Фондацијата се реши бидејќи од 25-ти јануари, кога беше промовиран спотот, на YouTube се појавија мал милион канали со видеото за Наслони главу..., но ниту еден ја немаше оригиналната снимка.

Во некои беше искористена ТВ-снимката кога на концертот за Тоше се емитуваше спотот, а другите, пак, беа аматерски видео-записи, реализирани со камера на самиот концерт. Камерата го снимаше видео-бимот на кој се емитуваше спотот...

Како и да е, ова е единствената оригинална снимка на спотот Наслони главу на моје раме, која им се подарува на фановите на Тоше, но и на почитувачите на неговиот лик и дело, од Македонија и од целиот свет.

Да потсетиме - Наслони главу на моје раме е песна која го отвора најновото цеде на Тоше - Со љубов д Тоше, кое претставува компилација од неговите омилени светски рок балади, реализирани во домашно студио, на многубјните концерти, настапи во ТВ емисии...

Албумот е веќе во продажната мрежа и може да се купи за 350 денари!


http://mmm.com.mk/default.asp?ItemID=CDF28...BC1AF4BDE976CE6
 

Наслони главу - необјавен сингл на Тоше

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот 

Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
 :: Форум :: Портал новости-
Отиди до: