HomeПрашања/ОдговориБарајЧленовиЧленски групиРегистрирајте сеВлез

Share | 
 

 3 години без Тоше

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down 
АвторПорака
batbayan
Модератор
Модератор
avatar

Број на мислења : 1410
Age : 31
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
11 / 10011 / 100

Registration date : 2008-06-11

20101017
Пишување3 години без Тоше

Тоше има само датум на раѓање


Да замислиме - и веројатно ќе ја погодиме реалноста каква што можеше да биде: октомври 2010, Тоше 29-годишен. Нови стихови звучат од фреквенција на друг континент, најнов хит не се симнува од топ-листата на музичкиот МТВ, гостува кај Опра...Светот ја запознава новата ѕвезда, со кратко и симпатично име. Со совршен талент и харизма што зрачи.

Ќе беше така, да беше 16 октомври 2007 обичен ден, како и претходниот, како и денот пред тој... Не заслужува да биде важен датум, иако е „нумеричка“ асоцијација за Тоше, како 25. 01.1981 или 5.10.2007. Ден кога се брои времето од националната трагедија. Три години.

Датумот ќе не сепнува и секој секогаш, и оној кој не ги слушал неговите песни, ќе памти и ќе прераскажува од кого и како дознал, каде го затекнала несреќната вест што одекна тоа утро.

Датумите ќе се чуваат во меморијата, исто како и опипливите чувари на сеќавањето на момчето со ангелски глас - манастирот Св. Преображение, Спомен-куќата што ќе биде на Гумење, фонтаната на улицата со негово име во Скопје, црешата во училишниот двор во Крушево и илјадниците дискови со обвивки на кои се чита Синот божји, или Божилак, или Игри без граници.

Неговото почивалиште ќе го посетуваат редица фанови од Балканот. Нив ќе ги има. Ќе има и „Ѕвездено небо“ за последниот концерт, и ѕвезда „Тоше“ на астролошката мапа. Естрада, нови имиња, фестивали...

А Тоше ќе има само датум на раѓање - како што гласно порачаа со своите ведри бои малите сликари од битолскиот Монмартр


http://www.idividi.com.mk/zabava/Showbiz/633201/index.html

_________________


Тој е горе во височините каде што и секогаш беше. Се наоѓа во темнина. Темнината сме ние, фановите кои чуваме една голема темнина во срцата, бидејќи него повеќе го нема. А на небото има само една сјајна звезда - Тоше, единствена сјајна ѕвезда која секогаш ќе остане да сјае
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
Share this post on: Excite BookmarksDiggRedditDel.icio.usGoogleLiveSlashdotNetscapeTechnoratiStumbleUponNewsvineFurlYahooSmarking

3 години без Тоше :: Comments

avatar
Re: 3 години без Тоше
Пишување on Нед Окт 17, 2010 12:05 pm by batbayan
На концертот во Белград

Парни Ваљак му посвети песна на Тоше

На 16-ти октомври 2010-та, три години од смртта на легендарниот Тоше Проески,
загребскиот состав Парни Ваљак ~ по повеќе од две децении пауза ~
настапи на спектакуларен концерт во Белградска Арена, која патем беше преполна.

Cо првите тактови на песната Јесен у мени,
Аки Рахимовски ја посвети антологиската тема на балканскиот славеј
Тоше Проески,
што предизвика силни емоции кај девојките во публиката
– пренесува белградскиот дневен весник Блиц...

www.mmm.com.mk/?ItemID=E58315586665574396AA9AFEF5AEB771
avatar
Re: 3 години без Тоше
Пишување on Нед Окт 17, 2010 12:12 pm by batbayan
Toše Proeski Hit vikend

Človek je toliko živ, kolikor se govori o njemu. "Toše, radi te imamo," tudi po treh letih še vedno odmeva med oboževalci, ob misli na velikega pevca. Dan, ko je ugasnilo njegovo življenje, je bil eden najbolj žalostnih v njegovi Makedoniji. Tudi drugod po državah bivše Jugoslavije so ga imeli enako radi in ga vedno enako toplo sprejeli. Pesmi, ki jih je pel, četudi v makedonskem jeziku, so z lahkoto podirale vse meje.

Toše Proeski je bil za časa življenja gotovo najboljši moški vokal Balkana, najmlajši Unicefov ambasador dobre volje, pevec, h kateremu so med nastopi na odru, oboževalke zmetale nešteto plišastih medvedkov. V šali je, vedno dobrovoljen, nekoč dejal, da ne razume, zakaj mu na oder ne mečejo spodnjega perila!
S svojim delom v glasbi, nešteto nesebičnimi humanitarnimi akcijami za ljudi, ki so pomoč potrebovali, odnosom do slehernega človeka, ki ga je srečal, je Toše najverjetneje že zasedel mesto v aleji nesmrtnih.
Fantu, ki je pel kot angel, bil enako priljubljen pri mladih in starejših poslušalcih in vedno nasmejan, posvečamo tokratno oddajo Hit vikend. Bodite z nami in prisluhnite njegovim pesmim, ki ste jih vedno radi slišali in zgodbi o človeku, ki nas je zapustil veliko prezgodaj. Kdo bi lahko bolje in lepše povedal zgodbo kot ta, ki mu je bil blizu! Za vas sem pred mikrofon povabila Nino Sever, uspešno producentko, managerko, ki je bila Tošetova vez s Slovenijo, kamor je vedno rad prihajal in njegova zelo dobra, osebna prijateljica. Hvala Nini, ker se je odzvala in delila z nami spomine.

ЗА АУДИО КЛИК НА http://www.radiohit.si/tose-proeski-hit-vikend
avatar
Re: 3 години без Тоше
Пишување on Нед Окт 17, 2010 12:16 pm by batbayan
ТОШЕ ПРОЕСКИ - ПОМЕН В КРУШЕВО - СНИМКИ

http://www.makfax.com.mk/_fotostory/103/9
avatar
Re: 3 години без Тоше
Пишување on Нед Окт 17, 2010 10:19 pm by batbayan
Ќе се пишува роман за Тоше



Реномиран балкански писател ќе го опише животот на Тоше Проески во роман, а паралелно ќе се работи и на книга наменета само на неговата музичка кариера

Животот на македонската музичка легенда Тоше Проески, од неговото раѓање до трагичната смрт пред три години, ќе биде опишан во роман, потпишан од реномиран балкански писател. Паралелно ќе се пишува и книга само за неговата музичка кариера, а како автори ќе се појават новинари и соработници што ја познаваа, следеа и беа инволвирани во сите нејзини сегменти.

- Преговараме со неколку издавачки куќи и реномирани балкански писатели. Наша цел е да ги одбереме најдобрите, бидејќи би сакале романот за Тоше да ги исполнува сите критериуми за квалитетно литературно дело. Не би сакале да калкулираме или да ги откриваме имињата со кои преговараме, од причина што конечното решение се' уште не е донесено. Намерата на фондацијата и на семејството е во книгата веродостојно и со многу факти да се опишат сите периоди од животот на Тоше, со цел тој да им стане уште поблизок на своите обожаватели и на целокупната јавност - велат од фондацијата „Тоше Проески“.

Книгата посветена на кариерата, пак, ќе го опфати целокупното музичко творештво на Проески. Во неа ќе бидат презентирани неговите почетоци, афирмацијата на македонската и на балканската естрада, концертите, албумите и сите случувања не само на сцената, туку и зад неа.

- Оваа книга ќе биде релевантен показател за музичкиот пат на Тоше. Во неа ќе бидат опфатени сите битни и клучни моменти поврзани за неговата кариера. Луѓето што беа поврзани со него од почеток до крај, го следеа секој негов чекор на сцената, компетентни се да се појават како автори на книгата. Дали тоа ќе бидат само еден или повеќе автори, наскоро ќе решиме - откриваат од фондацијата.

Изминатиов период фондацијата го стави акцентот на музичкото творештво што Тоше го остави зад себе. Спотот за темата „Наслони главу“ што Проески ја отпеа пред смртта е готов, а потписници на продукцијата се „Инлустро дизајн“ и „Урбан звук“ од Хрватска. Клипот е изработен во најмодерна технологија со висока резолуција и е комбинација на компјутерска графика и анимација.

Според најавите, во него Тоше се појавува како анимиран лик, а приказната ќе ги отсликува неговата личност и неговата животната порака - хуманоста. Промоцијата за спотот на „Наслони главу“ се планира за 25 јануари идната година, на денот на раѓањето на Проески.

- Планираме да промовираме и неколку нови песни отпеани на англиски јазик што се дел од неговото необјавено творештво. Тие се обработуваат во еминентни музички и продуцентски студија во Лондон, Шведска и во Загреб. Како продуцент на две теми се јавува светски познатиот Мишел Хансен. Тој ги продуцира песните на „Шкорпионс“, група што Тоше ја обожаваше - вели Славен Ристески, зетот на пејачот.

Соња Алексоска-Неделковска

Младиот Велко по стапките на идолот

Една од целите на Фондацијата „Тоше Проески“ е да им помогне на младите музички таленти. Таа поддржа една студентка на Музичката академија, за која плаќа партиципација. Фондацијата ќе му помогне во кариерата и на младиот крушевчанец Велко Николовски, кој вчера замина за Загреб каде што ќе ја сними својата прва песна, за која музиката ја напиша Тоше Проески.

- Со Тоше се запознавме пред пет години на денот на празникот Св. Преображение. Во манастирот што го носи името на тој празник настапивме заедно во забавниот дел од програмата. Го замолив да ми напише песна и да ми помогне да се пробијам на сцената. Тој ми рече дека со задоволство ќе ми направи песна за да го остварам својот сон. По еден месец ми се јави, ми рече дека е во Крушево и дека сака да се сретнеме. Ме викна во неговата „буба“ и ми ја пушти темата, која навистина беше фантастична. Но, не ми ја даде тогаш, бидејќи беше демо-снимка, а тој сакаше комплетно да ја доработи. Потоа замина за Лондон и на турнеја низ балканските земји. За жал, се случи трагичната несреќа и не се видовме повеќе - вели Николовски.

Дваесетгодишниот крушевчанец му ја раскажал оваа приказна на Славен Ристески, зетот на Проески, кој си ветил дека мора да го исполни аманетот на Тоше. Тој со месеци ја барал песната во музичкото богатство што македонската легенда го остави зад себе, но не успеал да ја најде.

- Тоше има оставено многу материјал, затоа неговиот зет реши да ми подари друга песна. Нумерата е навистина прекрасна, во поп-рок стил. Ќе ја отпеам на македонски и на хрватски. Во дообработката на темата учествува и загрепскиот музичар и продуцент Дарко Јурановиќ - Д Нок, а текстот на македонски го напиша Огнен Неделковски. Планираме нејзината промоција да се случи на некој од фестивалите каде што настапуваат младите пејачи.

Николоски свири на гитара осум години и има свој бенд, со кој настапува во локалите низ Крушево, Прилеп и во Битола. Оваа песна ќе му биде прв обид за пробив на сцената и остварување на долгогодишниот сон.


Споменик во Нова Градишка

Тригодишнината од смртта на Тоше ќе се одбележи со откривање на спомен-обележје во Нова Градишка, градот во Хрватска во чија близина пејачот загина во 2007 година. Споменикот е висок 2 метра, а ликот на Тоше е направен од пескарно стакло. Идејата за спомен-обележје беше предложена лани од македонската амбасада во Хрватска, во согласност со „Меѓународната фондација Тоше Проески“, од една страна и г-ѓа Тереза Гргиќ, како претставник на Бродско-посавската жупанија и градоначалникот на Нова Градишка.

- Основна цел од која се раководевме беше достоинствено обележување на тој трагичен настан, но и создавање обележје што ќе ги обединува младите луѓе од Македонија и Хрватска. Спомен-обележјето е поставено пред Електротехничкото средно училиште, во непосредна близина на стадионот, местото од каде што пред три години беше пренесено телото на Тоше. На овој начин успеавме да ја вградиме симболиката на спортот, образованието и младоста, таму каде што припаѓаше и нашиот Тоше - вели Данчо Марковски, македонскиот амбасадор во Хрватска.

Тој нагласува дека односот на хрватската јавност кон Тоше може да се согледа преку секојдневното емитување на неговите хитови на радио и на ТВ-станиците, но и по пригодните коментари на водителите на емисиите при нивните најави.

- Амбасадата посветува особено внимание на соработката со фан-клубовите на Тоше, кои се организирани во повеќе градови, а чиј број е над 15.000 члена. Токму текстовите на неговите песни им го приближија македонскиот јазик на Хрватите, а кај некои од нив создадоа и интерес за негово изучување - вели Марковски.

Крстот Христов во чест на ѕвездата

Во месноста Вршник денеска ќе биде осветен 33-метарскиот челичен крст наречен Крст Христов. Тоа е местото што Тоше најмногу го посетуваше и каде што го наоѓаше својот духовен мир.

- Првпат ова место го посети кога имаше 15 години. Бидејќи патот до манастирот Св. Преображение не беше прооден, дотаму одевме пеш и поминавме низ тоа место. Еден ден додека работевме на манастирот дојде со голема возбуда и му се обрати на својот татко со зборовите: „Тоа место е навистина прекрасно. Оттаму се гледаат цело Крушево и околината и глетката е фантастична. Мора тука да направиме крст, висок колку што живеел Христос.“ Кога ја посака оваа желба Тоше имаше 18 години. Честопати одеше на ова место, велејќи дека таму си го пронаоѓа својот духовен мир - открива Славен Ристески.

Донатор на крстот е познатиот македонски бизнисмен Минчо Јорданов, а изведувачи се компаниите АД „Факом“ и АДГ „Бетон“.

http://tose-mk.forumakers.com/forum-f23/topic-t465.htm
avatar
Re: 3 години без Тоше
Пишување on Нед Окт 17, 2010 10:26 pm by batbayan
Ликот и делото на Тоше Проески низ призмата на македонската естрада

Александар Белов

- Да, Тоше дефинитивно недостасува меѓу сите нас. Тој ни беше идол, пораснавме со неговите песни. Делото што го остави зад себе секогаш ќе не потсетува на тоа кој беше Тоше и што тој направи за нас и за нашата држава. Мене лично навистина многу ми фали Тоше. Сите ние учевме од него. Тоше е насекаде околу мене, се што се случува мене ме потсетува на него. Државата прави напори но не треба да се одбележуваат само неколку датуми како што се неговиот роденден и денот на неговата трагична смрт. Моментално тоше се уште е предводник во македонската музика и не верувам дека некој во скоро време ќе успее да го замени. Тоше беше еден и единствен и нема да се роди друг таков човек.

Ламбе Алабаковски

- Најголема празнина чувствува неговото семејство, и секако македонската публика. Неговите песни можеме да ги слушаме насекаде околу нас и со тоа тој е постојано со нас. Остави многу песни зад себе но секако доколку беше жив ќе правеше уште многу, многу песни. Тој беше единствен музичар кој знаеше да ги пренесе песните со толку многу љубов и емоции. Во моментов се уште нема таков предводник во музиката но не значи дека нема да има затоа што публиката е таа која го одбира својот правец. Но секако Тоше ќе остане незаменлив.

Не сакам да коментирам многу на ова прашање, но мислам дека државата како и за сите други творци кои ја претставуваат надвор во светот, па и за Тоше не се залага многу.



Викторија Лоба

- Изминативе денови разговаравме со колегите токму на оваа тема и навистина дојдовме до заклучок дека на сите премногу ни недостасува... Нема да се роди ваков човек уште еднаш. Тоше беше еден и единствен. Толку многу емоции, толку многу енергија, толку многу љубов собрани на едно место тешко дека повторно ќе се соберат во еден човек. Тој беше голема хумана личност. Ни малку с***чен, секогаш расположен да разговара со секого, секогаш расположен да даде автограм, да ги изгушка сите оние деца и се разбира, пред се, да им помогне.

Мислам дека сега тешко е да се зборува дали повторно ќе се појави предводник како Тоше, зашто, пак ќе речам дека, Тоше беше единствен.
Мислам дека државата не прави доволно, но сепак според мене, треба да се одреди еден ден на кој навистина сите ќе можат да му оддадат почит на тој холем хуманист и на тој ден да ја покажат целата своја љубов што ја чувствуваат кон него.


Ноне Неделковска

- Па да, се чувствува голема празнина. Со самиот факт дека не излегуваат нови песни од него, не го гледаме често по медиумите, а сето тоа што го гледаме се само постари снимки, зборува дека него веќе го нема меѓу нас и тоа буди голема тага. Јас лично не се знаев многу со Тоше, само еднаш се сретнав со него на хуманитарен концерт во Универзална Сала и малку поразговаравме, но сепак тоа не ми недостигаше многу, затоа што неговиот начин на пренесување на песните, неговата енергија и целата таа љубов со која зрачеше, правеше секогаш да се чувствувам како да сум негов најголем пријател и како секогаш да е до мене. Предводник секако дека нема, еве нешто се обидуваа со Влатко Лозановски, но не успеа.

Државата секако дека треба повеќе да се залага, но сето ова што го гледаме се залагања на неговите фанови и мислам дека и така треба да биде, неговите фанови треба да бидат истрајни и сега да покажат дека биле вистински.


Бени Шаќири

- Го ценам Тоше и се она што тој го направи, но мислам дека нема потреба да се прави толкава галама и да се глорифицира Тоше, дури и да се споредува со бог. Лично јас не го гледам како предводник во музиката. Не може да го ставиме пред „Леб и сол“ и некои други слични имиња. Едноставно треба да го оставиме да си почива во мир, коментира Бени и додава дека многу го нервира што многумина го користат неговото име и лик за да профитираат.

http://kirilica.com.mk/vest.asp?id=58163

avatar
Re: 3 години без Тоше
Пишување on Нед Окт 17, 2010 10:41 pm by batbayan
In Memoriam Toše Proeski ~ Nova Gradiška 16.10.2010.

Naum Petreski ~ IMA LI PESNA

http://www.youtube.com/watch?v=76QD1IXyuT8&feature=player_embedded#!

Naum Petreski ~ ZAJDI, ZAJDI ~ In Memoriam Toše Proeski Nova Gradiška 16.10.2010.

http://www.youtube.com/watch?v=g3E-xZFzwbc&feature=player_embedded
avatar
Re: 3 години без Тоше
Пишување on Пон Окт 18, 2010 4:44 pm by batbayan
Трајановски ќе ги пречека маратонците што трчаат во чест на Тоше
понеделник, 18 октомври 2010

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, вечер на плоштадот „Македонија“ ќе ги пречека 16-те македонски маратонци, учесници во традиционалниот Ултрамаратон во чест на Тоше Проески

Третиот маратон во чест на Тоше, секоја година почнува на 16-ти Октомви во Нова Градишка, Република Хрватска, од местото на трагичната несреќа, а и годинава традиционално ќе заврши на 19-ти октомври во Крушево, родното место на Тоше.
Вечер маратонците, во знак на благодарност за поддршката што им ја дава Градот Скопје на сите оние што учествуваат во оваа спортска манифестација, на Градоначалникот Трајановски ќе му врачат плакета со ликот на Тоше.

http://kirilica.com.mk/vest.asp?id=58280
Re: 3 години без Тоше
Пишување  by Sponsored content
 

3 години без Тоше

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот 

Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
 :: Форум :: Портал новости-
Отиди до: