HomeПрашања/ОдговориБарајЧленовиЧленски групиРегистрирајте сеВлез

Share | 
 

 4 години без Тоше - 16.10.11 година

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down 
АвторПорака
batbayan
Модератор
Модератор
avatar

Број на мислења : 1410
Age : 31
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
11 / 10011 / 100

Registration date : 2008-06-11

ПишувањеПредмет: 4 години без Тоше - 16.10.11 година   Сре Окт 19, 2011 7:31 pm

[SIZE="5"]Магијата што се вика Тоше ќе живее вечно[/SIZE]

Крушево беше претесно да ги прими сите што дојдоа за да и' оддадат почит на македонската ѕвезда и да ја одбележат четиригодишнината од неговата смрт

Со солзи во очите и со свеќа во рацете, неколку илјади обожаватели на Тоше од земјава и од Балканот, и покрај ниските температури и студот, вчера, на четиригодишнината од неговата трагична смрт во редици, трпеливо, му оддаваа почит за неговото големо музичко и хумано дело. Ги палеа свеќите и се поклонуваа пред неговото вечно почивалиште, каде што од рано изутрина се одржа парастос за упокој на душата на македонската поп-икона.

Со својот ангелски глас, секавично брзо чекореше по ѕвездените патеки кон врвот на светската слава, со својата прекрасна насмевка и харизма, со своето огромни срце, големо како галаксија, хумано, со прегратки кои чиниш дека ќе го прегрнат целиот свет, со огромната љубов кон семејството, Крушево и Македонија, со огромната верба во Бога, ги сруши сите граници и бариери и ги спои луѓето од сите страни на светот. Вака го опишуваа обожавателите македонскиот амбасадор на мирот и на добрата волја, и по кого ќе не препознаваат во светот.


„Тоше го доживувам како идол, затоа што беше сјаен човек и пејач, често доаѓам овде да го посетам неговиот гроб и родното место Крушево“, изјави Андреј Дориќ, кој вчера допатува од Нови Сад за да запали свеќа на гробот на македонската музичка легенда.

А, Слаѓана Поповиќ, со своите пријателки од Белград, доаѓа два пати во годината за да му оддаде почит на Тоше.

„За нас беше голем човек, првенствено човек, потоа пејач, хуманист... просто идеално битие и не знам дали има зборови со кои можам да го опишам тоа што всушност беше Тоше“, не криејќи ги солзите рече Поповиќ.

Неговата пријателка од Македонија, Лидија Аневска, верува дека Тошевата енергија е присутна на неговото вечно почивалиште. Вели Тоше и' бил како дете, го познавала од неговата 15. година, па затоа смртта на Тоше за неа е преголема загуба. Болката и солзите не пресушуваат ни по 4 години од неговото заминување.

„Четири години без него, тага, бол, неподнослива тага. Многу често сум овде, некогаш се случува и двапати месечно. Но, не само јас, овде доаѓаат луѓе од целиот свет, Тоше е како магија што ги спојува луѓето без оглед на националната и верската припадност, доаѓаат овде и чекаат трпеливо да му се поклонат“, зборува, задушувајќи се во грч од солзи Аневска.

Силни се спомените и на крушевчанката Лилјана Атанасоска.

„Ми беше како мое дете, со мајка му заедно работевме од 15 години, не можеме да го преболиме, вечно ќе ни остане во сеќавање“, вели Атанасоска.

Точно, во 11,15 часот, во мигот на неговото раѓање, во непосредна близина на гробот беа испукани 4 плутони кои симболично ги означуваат годините по неговата трагична смрт.


На гробот на Тоше со венци во рацете, плачејќи силно, се поклонија и 18. македонски спортисти што учествуваа на годинешниот ултрамаратон.

„Тргнавме на 13 октомври во 6,20 часот од Нова Градишка, од местото каде што пред четири години полета хеликоптерот со посмртните останки на нашиот Тоше. По 78 часа штафетно трчање. 18. македонски спортистки пристигнаа на неговото вечно почивалиште за да му оддадат почит“, изјави Наум Капричовски, еден од маратонците.

Сите бришејќи ги солзите, со тешки воздишки, но во спортски дух, онака како што тој ги бодреше македонските спортисти, бидејќи и самиот беше спортист, извикувајќи го трипати неговото име, се поклонија пред неговиот гроб, молејќи се за упокој на неговата душа.




Во чест на Тоше, од Скопје допатуваа и членовите на Секцијата на каменоресци, поставувајќи ја нивната донација, вазна на која е гравиран ликот на Тоше, а под него испишана е пораката „Со љубов и почит, за тебе Тоше“.

„Дваесетина каменоресци два месеца ја работевме вазната на која е изгравиран ликот на Тоше. Таа е изработена од црн гранит, а тешка е околу 220 килограми“, изјави Мурат Муратовски, претседателот на Секцијата.

За упокој на Тошевата душа илјадници граѓани палеа свеќи и во манастирот „Свето Преображение„ што се наоѓа на неколку километри од Крушево. Таму, во организација на Асоцијацијата „Вешта жена“ над 1.000 жени од 15 града ја изложија својата донација. Колачи, погачи, палачинки, питулици и многубројни специјалитети им се продаваа на посетителите и на обожавателите, а парите од продадената храна ќе бидат подарени за натамошна изградба на манастирот.


http://utrinski.com.mk/?ItemID=E4A8B1DE938E2944BE20A4C65B5B390D

_________________


Тој е горе во височините каде што и секогаш беше. Се наоѓа во темнина. Темнината сме ние, фановите кои чуваме една голема темнина во срцата, бидејќи него повеќе го нема. А на небото има само една сјајна звезда - Тоше, единствена сјајна ѕвезда која секогаш ќе остане да сјае
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
batbayan
Модератор
Модератор
avatar

Број на мислења : 1410
Age : 31
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
11 / 10011 / 100

Registration date : 2008-06-11

ПишувањеПредмет: Re: 4 години без Тоше - 16.10.11 година   Сре Окт 19, 2011 7:33 pm

Балканот се сеќава на Тоше

Меѓу големиот број случувања во чест на балканскиот славеј, македонските ракометни ветерани, предводени од Пепи Манасков, одиграа ревијален меч со колегите од Хрватска. Радио-телевизија Србија, пак, му посвети двочасовна емисија во која ја собра естрадната елита од поранешна Југославија. На Гумење во Крушево пристигнаа ултрамаратонците од Нова Градишка

Споменот за Тоше продолжува да живее

Обожавателите на балканскиот славеј Тоше Проески вчера одбележаа четири години од неговата трагична смрт во фаталната сообраќајна несреќа кај Нова Градишка, Хрватска, што се случи утрото на 16 октомври 2007 година. Четирите години без нашата поп-икона вчера беа одбележени со богослужби во повеќето градови на Балканот, но и со концерти, спортски настани и ТВ-програма.

На гробот на Тоше на Гумење во Крушево вчера пристигнаа осумнаесетте маратонци што го трчаа ултрамаратонот во негова чест, долг 960 километри, од Нова Градишка до неговото почивалиште. Со оглед на тоа што балканската музичка легенда широкоградо го поддржуваше спортот, во земјава, но и низ целиот Балкан беа организирани повеќе меморијални турнири и ревијални натпревари во фудбал, одбојка и во ракомет.

Едно од поинтересните случувања беше завчерашниот ревијален натпревар на македонските ракометни ветерани, предводени од Пепи Манасков во улога на селектор, против нивните колеги од Хрватска. Тоше всушност е причината поради која ветераните првпат се собраа да одиграат натпревар. Во чест на големата ѕвезда, освен Манасков, настапија Зоран Петковски, Стефче Стефановски, Стефанчо Коруновски, Тони Николовски, Драги Деловски, Ристо Деловски, Зоран Кузмановски, Томче Петрески, Александар Зарков, Аце Станковски, Златко Димитровски, Драган Сукара, Живко Стојановски и Никола Бисинов.

Фудбалски турнир, пак, организираше Советот на млади Власи на Македонија, во кој учествуваа тимови од повеќе македонски градови и еден од Корча, Албанија.


Освен спортистите, Тоше го славеа и неговите колеги од естрадата. Српскиот национален радиодифузен сервис му посвети специјална емисија, насловена „Балкан - сеќавање на Тоше“, каде што успеа да собере голем дел од естрадната елита од поранешна Југославија. Во двочасовната емисија неговите пријатели и колеги зборуваа за неговиот живот и ги пееја неговите песни, придружувани од гудачите и дувачите на Големиот симфониски оркестар. Во емисијата учествуваа Калиопи, Аки Рахимовски, Хари Варешановиќ, Тони Цетински, Александра Радовиќ, Марија Шерифовиќ..., но и другари на Тоше од училиште, професори и голем број други соработници. Од РТС велат дека на проектот работеле четири месеци.

Активности во чест на Тоше се одржуваа во изминативе две недели, од 5 октомври, датумот на последниот концерт на музичарот што прерано ја заврши кариерата. Клубот на обожаватели организираше концерт на плоштадот „Македонија“ во Скопје, на кој повторно блесна ѕвезденото небо од мобилните телефони, како и крводарителска акција, за да се продолжи неговото хумано дело.
Фондацијата „Тоше Проески“ и Одбојкарската федерација на Македонија, пак, во Крушево организираа Меморијален меѓународен одбојкарски турнир.


Тоше Проески нй напушти прерано кога неговиот џип „туарег“ удри во камион кај Нова Градишка, патувајќи кон Загреб, а потоа се одби во заштитната бетонска ограда на патот. Тоше почина на самото место, а неговиот возач и пријател Ѓорѓи Ѓорѓиевски и менаџерката Лилјана Петровиќ беа повредени.

http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=1017111044422&id=49&prilog=0&setIzdanie=22407

_________________


Тој е горе во височините каде што и секогаш беше. Се наоѓа во темнина. Темнината сме ние, фановите кои чуваме една голема темнина во срцата, бидејќи него повеќе го нема. А на небото има само една сјајна звезда - Тоше, единствена сјајна ѕвезда која секогаш ќе остане да сјае
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
batbayan
Модератор
Модератор
avatar

Број на мислења : 1410
Age : 31
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
11 / 10011 / 100

Registration date : 2008-06-11

ПишувањеПредмет: Re: 4 години без Тоше - 16.10.11 година   Сре Окт 19, 2011 7:37 pm

ОДБЕЛЕЖАНИ ЧЕТИРИ ГОДИНИ ОД СМРТТА НА ТОШЕ

Славните го заборавија, народот го слави
Без присуство на естрадните уметници од домашната музичка сцена помина одбележувањето на четиригодишнината од смртта на легендарниот македонски пејач Тоше Проески во Kрушево. Од македонските уметници гробот на Тоше го посетија само актерката Весна Петрушевска, пејачката Kаролина Гочева и бендот на Тоше. Меѓу присутните што дојдоа да ~ оддадат почит на македонската поп-икона беше и неговата поранешна менаџерка Лилјана Петровиќ. Во отсуство на славните, Kрушево, родното место на легендата, неговото почивалиште на Гумење, Спомен-куќата и манастирот „Свето Преображение“ беа преплавени од граѓаните.


Маратон од 1.100 километри за ѕвездата

Со испукувања на четири пултони, кои потсетија колку години Тоше не е меѓу нас, беа пречекани македонските маратонци.

По 78 часа трчање од Нова Градишка, Хрватска, пристигнаа на неговиот гроб. Осумнаесеттемина маратонци на Гумење се појавија со факели во рацете, маички со Тоше на градите и со солзи во очите. Иако преморени, со цела сила извикуваа: „За кого трчавте - за Тоше“. Меѓу спортистите имаше млади момчиња од по дваесет години, но и пензионери, кои и покрај лошите временски услови, го претрчаа растојанието од 1.100 километри.

- Тоше беше ѕвезда на земјата, а сега е ѕвезда на небото. Трчањето не ни беше тешко, туку тешко ни доаѓаше од помислата дека овој прекрасен човек не е веќе меѓу нас. Тој успеа да н` научи што значи верба, солидарност. Покажа дека и во Македонија имаме прекрасни луѓе - изјави највозрасниот учесник на маратонот, Аце Јакимовски, пензиониран потполковник од Kуманово.

Маратонот почна пред пет дена од Нова Градишка, во чија близина Проески почина пред четири години во тешка сообраќајна несреќа. Маратонците го почнаа походот од пред споменикот на Тоше.

- Се трчаше штафетно, секој од нас по 30 минути. Трчавме без запирање с` до „Београдска арена“, каде што Проески во 2007 година го направи најспектакуларниот концерт на Балканот. Таму н` пречекаа обожаватели на Тоше, кои ни приредија коктел и слушавме негова музика. Негови фанови н` пречекаа и кога пристигнавме во Скопје - изјави Наум Kапричиевски од Охрид.



[SIZE="4"]Свеќи и молитви од илјадници граѓани[/SIZE]

И по четири години од смртта не се намалува тагата по македонската поп-икона. Народот, ако некогаш го доживуваше како вонсериски пејач, денес го доживува како ангел, а неговото почивалиште како светилиште. Таму вчера свеќи запалија и се помолија за него илјадници граѓани од Македонија.

- Секое утро пред да излезам од дома прво неговата слика ја погледнувам. Ја чувам на витрина и мислам дека нема куќа во Македонија и пошироко да нема негова слика. Тој е и во нашите молитви - вели Зорица Наковска од Скопје.


[SIZE="4"]Вештите жени направија трпеза за душа на Тоше[/SIZE]

Рекордна посетеност беше забележана на манастирот „Свето Преображение“ на четиригодишнината од смртта на крушевскиот ангел. Досега не се случило манастирот во еден ден да го посетат над 3.000 верници. Пристигнаа жени од 15 града во државата и во трпезаријата организираа досега најубавата македонска трпеза за душа на Тоше.

- Минатата година, лицето задолжено за одржување на манастирот ни рече дека на 16 октомври, денот кога е загинат Тоше, тука не се случува ништо. Затоа одлучивме да подготвиме храна која се продава по симболична цена, а на крај парите ќе останат за манастирот. Тука изложуваат Македонки, Турчинки, Албанки, Ромки, што значи дека Тоше н` спои сите - изјави Снежана Стојановска, претседател на „Вешта жена“.


[SIZE="4"]Вазна тешка 230 килограми ќе го крепи цвеќето на гробот[/SIZE]

Вазна изработена од црн гранит, тешка над 230 килограми, донираа каменоресците од Скопје. Вазната со врежан лик на Проески и изгравирани зборови: „Со љубов за тебе Тоше“, беше поставена до неговиот гроб.

- Си дадовме аманет дека ќе ја изработиме вазната по повод годишнината од смртта на Тоше, како и за Денот на занаетчиите. Работевме макотрпно дваесетина каменореци цели два месеца - изјави Мурат Муратовски, претседател на Секцијата на каменоресци од Скопје.

_________________


Тој е горе во височините каде што и секогаш беше. Се наоѓа во темнина. Темнината сме ние, фановите кои чуваме една голема темнина во срцата, бидејќи него повеќе го нема. А на небото има само една сјајна звезда - Тоше, единствена сјајна ѕвезда која секогаш ќе остане да сјае
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
batbayan
Модератор
Модератор
avatar

Број на мислења : 1410
Age : 31
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
11 / 10011 / 100

Registration date : 2008-06-11

ПишувањеПредмет: Re: 4 години без Тоше - 16.10.11 година   Сре Окт 19, 2011 7:41 pm

Balkan ~ Sećanje na TOŠETA ~ 16.10.2011 Целата емисиja

http://www.youtube.com/watch?v=dlSvGJSPESM&feature=player_embedded


_________________


Тој е горе во височините каде што и секогаш беше. Се наоѓа во темнина. Темнината сме ние, фановите кои чуваме една голема темнина во срцата, бидејќи него повеќе го нема. А на небото има само една сјајна звезда - Тоше, единствена сјајна ѕвезда која секогаш ќе остане да сјае
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
Sponsored content




ПишувањеПредмет: Re: 4 години без Тоше - 16.10.11 година   

Вратете се на почетокот Go down
 
4 години без Тоше - 16.10.11 година
Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
 :: Пишани и Електронски медиуми :: Новости-
Отиди до: