HomeПрашања/ОдговориБарајЧленовиЧленски групиРегистрирајте сеВлез

Share | 
 

 Концерт во чест на Тоше

Go down 
Отиди на страна : Previous  1, 2, 3, 4, 5, 6 ... 9, 10, 11  Next
АвторПорака
Tanja
Член
Член
avatar

Број на мислења : 593
Age : 30
Локација : Skopje, Makedonija
опис: : TOSE TE SAKAME I KE TE SAKAME ZASEKOGAS!
Репутација :
2 / 1002 / 100

Registration date : 2008-06-06

ПишувањеПредмет: Re: Концерт во чест на Тоше   Пон Сеп 22, 2008 1:08 pm

Концерт во чест на Тоше – најисчекуван есенски настан!

Во исчекување на есенска офанзива, посетителите на МММ најмногу му се радуваат на претстојниот концерт во чест на легендарниот Тоше Проески. Имено, така се изјасниле 78 проценти од нашите посетители, кои гласаа на анкетното прашање...


http://www.mmm.com.mk/?ItemID=B47391A1B2103F4392E396AD4763A51F
www.mmm.com.mk
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://www.tose-mk.forumakers.com
Tvojata senka
Модератор
Модератор
avatar

Број на мислења : 1001
Age : 30
Локација : РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
опис: : ОПАСНО ПО ЖИВОТ
Репутација :
9 / 1009 / 100

Registration date : 2008-04-15

ПишувањеПредмет: Re: Концерт во чест на Тоше   Пон Сеп 22, 2008 2:09 pm

баш ме интересира што се случува со картите...кога ли ќе бидат пуштени во продажба?!?!?

_________________
I kept you, my love
Within a blink of an eye
Kept you forever
Heroes never die
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
Tvojata senka
Модератор
Модератор
avatar

Број на мислења : 1001
Age : 30
Локација : РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
опис: : ОПАСНО ПО ЖИВОТ
Репутација :
9 / 1009 / 100

Registration date : 2008-04-15

ПишувањеПредмет: Re: Концерт во чест на Тоше   Вто Сеп 23, 2008 3:46 pm

Нови детали за концертот во чест на Тоше
Во исчекување на конференција за печат по повод големиот хуманитарен концерт во чест на Тоше Проески, белградски Блиц донесува нови детали, кои им ги откри менаџерката Љиљана Петровиќ

http://www.mmm.com.mk/?ItemID=A87009D138802E48B72106E654D7048A

_________________
I kept you, my love
Within a blink of an eye
Kept you forever
Heroes never die
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
ElizaBeta
Член
Член
avatar

Број на мислења : 342
Age : 31
Локација : Skopje
Репутација :
4 / 1004 / 100

Registration date : 2008-04-16

ПишувањеПредмет: Re: Концерт во чест на Тоше   Вто Сеп 23, 2008 6:49 pm

го чекаме најтажниот концерт во нашите животи..

Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
Tanja
Член
Член
avatar

Број на мислења : 593
Age : 30
Локација : Skopje, Makedonija
опис: : TOSE TE SAKAME I KE TE SAKAME ZASEKOGAS!
Репутација :
2 / 1002 / 100

Registration date : 2008-06-06

ПишувањеПредмет: Re: Концерт во чест на Тоше   Вто Сеп 23, 2008 8:53 pm

ElizaBeta напиша:
го чекаме најтажниот концерт во нашите животи..


Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://www.tose-mk.forumakers.com
batbayan
Модератор
Модератор
avatar

Број на мислења : 1410
Age : 32
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
11 / 10011 / 100

Registration date : 2008-06-11

ПишувањеПредмет: Re: Концерт во чест на Тоше   Сре Сеп 24, 2008 6:27 am

Продолжува хуманата мисија на Тоше – Најнови детали за концертот во чест на нашиот ангел!

Во пресрет на големиот хуманитарен концерт со наслов Те сакаме сите, во чест на музиката и хуманоста на ангелот со големо срце – Тоше Проески, денес (среда, 24. септември 2008-ма), во просториите на Националната галерија – Мала станица, со почеток во 12.30 часот, ќе се одржи конференција за печат на која на јавноста ќе и бидат презентирани најновите информации врзани за овој настан.

На прес-конференцијата ќе учествуваат претставници на Меѓународната Фондација Тоше Проески – во својство на организатор на концертот, и претставници на Министерството за култура на Република Македонија.

Хуманитарниот концерт во чест на Тоше е под покровителство на Владата на Република Македонија и Министерството за култура.

Еве неколку интересни детали за настанот...

Концертот ќе се одржи на Градскиот стадион во Скопје, на 5. октомври, со почеток во 19.30 часот. Освен пријателите и бендот на Тоше, учествува и Оркестарот на македонска опера и балет со диригентот Саша Николовски – Ѓумар.

Билетите по симболична цена од 200 денари се во продажба ширум Македонија, како во музичките продавници, така и долж продажната мрежа на Космофон, Германос и Импулс.

Дека со овој концерт продолжува хуманата мисија на ангелот Тоше Проески укажува податокот дека веќе започна да функционира хуманиот број: 143-100 (со повик донирате 100 денари + ДДВ), а собраните средства ќе бидат донирани во хуманитарни цели!

Руслана на Градски ќе пее за Тоше

Украинската евровизиска победничка Руслана, на големиот концерт наречен „Те сакаме сите, Тоше, што на 5. октомври на Градскиот стадион во Скопје ќе се одржи во чест на Тоше Проески, ќе ја пее песната Лајф, со која Тоше ја претставуваше Македонија на Евросонг во Турција во 2004 година. Специјални гости ќе бидат соработниците и авторите со кои Тоше го работеше англискиот албум. Тие ќе соопштат дека на 25 јануари - роденденот на Тоше, на пазарот ќе се појави долгоочекуваниот албум на англиски јазик, а премиерно на публиката ќе и подарат уште еден необјавен сингл како негова најава. Овие две информации за Дневник ги потврди менаџерката на Проески, Љиљана Петровиќ.

Тоше на секој концерт велеше Ве сакам сите и затоа овој ќе се одржи под мотото Те сакаме сите, Тоше, како наш одговор на неговите пораки - вели Петровиќ. Од Македонија, гости на концертот ќе бидат Калиопи, Синтезис, Наум Петревски - кој ќе ја пее омилената композиција на Тоше Има ли песна и Симон Трпчевски - кој на пијано ќе ја свири Љубена, нумера што ја напиша за Проески, а тој не забораваше да му се заблагодари за тоа на ниту еден концерт.

Концертот ќе прерасне во традиција

Освен Руслана, со која Тоше се запозна во Турција и со неа разви топло пријателство, на концертот ќе гостуваат повеќе ѕвезди од балканската музичка сцена. Од Хрватска ќе дојдат Тони Цетински и Нина Бадриќ, од Словенија Аленка Готар, а од Србија Леонтина Вукомановиќ, која ќе ја пее Чија си, Жељко Самарџиќ, кој ќе ја исполни Цреша, Биља Крстиќ, која ќе се претстави со Јовано Јованке и Гоца Тржан, а ќе настапи и црногорскиот изведувач Бојан Маровиќ. Повеќе од 20 пејачи околу три часа ќе ги пеат песните на Тоше.

Своето присуство го потврдија и Енди Рајт, Вејн Хектор и Брајан Тејлор од Пипл ин моушн, кои ќе дојдат за да го објават датумот на излегувањето на англискиот албум на Тоше. Тоа ќе биде 25. јануари - денот на неговиот роденден, ден кој на сите нас посебно ни значи - вели Петровиќ. Концертот ќе го пренесуваат седум телевизии од повеќе земји, меѓу кои и Бугарија и Албанија. Македонската телевизија ќе врши директен пренос, а преку Сателитскиот канал атмосферата од концертот ќе му биде достапна на целиот свет...



http://www.mmm.com.mk/?ItemID=CF282DAC5B60BE4495860F0E5CA8E86A

_________________


Тој е горе во височините каде што и секогаш беше. Се наоѓа во темнина. Темнината сме ние, фановите кои чуваме една голема темнина во срцата, бидејќи него повеќе го нема. А на небото има само една сјајна звезда - Тоше, единствена сјајна ѕвезда која секогаш ќе остане да сјае
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
Tanja
Член
Член
avatar

Број на мислења : 593
Age : 30
Локација : Skopje, Makedonija
опис: : TOSE TE SAKAME I KE TE SAKAME ZASEKOGAS!
Репутација :
2 / 1002 / 100

Registration date : 2008-06-06

ПишувањеПредмет: Re: Концерт во чест на Тоше   Сре Сеп 24, 2008 11:04 am

НОВИ ДЕТАЛИ ЗА КОНЦЕРТОТ НА 5 ОКТОМВРИ

Руслана на Градски ќе пее за Тоше

Менаџерката на Проески ни откри дека Руслана на концертот „Те сакаме сите, Тоше“ ќе ја пее песната со која тој настапи на Евровизија во Истанбул во 2004 година


Руслана и Тоше се запозна на Евровизија во Турција и веднаш развија топло пријателство

Украинската евровизиска победничка Руслана, на големиот концерт наречен „Те сакаме сите, Тоше“, што на 5 октомври на Градскиот стадион во Скопје ќе се одржи во чест на Тоше Проески, ќе ја пее песната „Лајф“, со која Тоше ја претставуваше Македонија на Евросонг во Турција во 2004 година. Специјални гости ќе бидат соработниците и авторите со кои Тоше го работеше англискиот албум. Тие ќе соопштат дека на 25 јануари - роденденот на Тоше, на пазарот ќе се појави долгоочекуваниот албум на англиски јазик, а премиерно на публиката ќе и' подарат уште еден необјавен сингл како негова најава. Овие две информации ни ги потврди менаџерката на Проески, Лилјана Петровиќ.

НАСТАП НА ВИСТИНСКИТЕ ПРИЈАТЕЛИ

Петровиќ вели дека сите учесници на концертот се луѓе на кои Тоше нешто им ветил, со кои соработувал и планирал најразлични проекти.

- Сите пејачи што ќе настапат на овој концерт се драги луѓе на Тоше, кои го сакаа и ја почитуваа неговата работа. Со дел од нив Тоше планираше да прави најразлични проекти и хуманитарни дела, но не успеа да ги реализира. Ќе го наведам примерот на пејачката Нина Бадриќ, со која за ноември и декември 2007 година имаа договорено 10 заеднички концерти. Со хуманитарецот, пејач и новинар Иван Плавшиќ, кој е дел од фондацијата на принцезата „Катарина Караѓорѓевиќ“, исто така планираа многу хуманитарни акции и затоа и тој ќе биде дел од настанот. Тоше на секој концерт велеше „Ве сакам сите“ и затоа овој ќе се одржи под мотото „Те сакаме сите, Тоше“, како наш одговор на неговите пораки - вели Петровиќ. Од Македонија, гости на концертот ќе бидат Калиопи, „Синтезис“, Наум Петревски - кој ќе ја пее омилената композиција на Тоше „Има ли песна“ и Симон Трпчевски - кој на пијано ќе ја свири „Љубена“, нумера што ја напиша за Проески, а тој не забораваше да му се заблагодари за тоа на ниту еден концерт.

КОНЦЕРТОТ ЌЕ ПРЕРАСНЕ ВО ТРАДИЦИЈА

Освен Руслана, со која Тоше се запозна во Турција и со неа разви топло пријателство, на концертот ќе гостуваат повеќе ѕвезди од балканската музичка сцена. Од Хрватска ќе дојдат Тони Цетински и Нина Бадриќ, од Словенија Аленка Готар, а од Србија Леонтина Вукомановиќ, која ќе ја пее „Чија си“, Жељко Самарџиќ, кој ќе ја исполни „Цреша“, Билја Крстиќ, која ќе се претстави со „Јовано Јованке“ и Гоца Тржан, а ќе настапи и црногорскиот изведувач Бојан Маровиќ. Повеќе од 20 пејачи околу три часа ќе ги пеат песните на Тоше.

- Своето присуство го потврдија и Енди Рајт, Вејн Хектор и Брајан Тејлор од „Пипл ин моушн“, кои ќе дојдат за да го објават датумот на излегувањето на англискиот албум на Тоше. Тоа ќе биде 25 јануари - денот на неговиот роденден, ден кој на сите нас посебно ни значи - вели Петровиќ.Концертот ќе го пренесуваат седум телевизии од повеќе земји, меѓу кои и Бугарија и Албанија. Македонската телевизија ќе врши директен пренос, а преку Сателитскиот канал атмосферата од концертот ќе му биде достапна на целиот свет.

- На сцената, пејачите ќе ги придржува симфониски оркестар, како и бендот на Тоше. Ова е само првиот од низата концерти што секоја година на овој датум ќе се одржуваат на Градскиот стадион во чест на Тоше, дента кога пред една година го одржа својот последен концерт на оваа локација - ни изјави Петровиќ.

Манифестација со хуманитарна нишка

Тоше Проески беше голем хуманитарец и им помагаше на многу луѓе, а организаторите на концертот не заборавија да му дадат и хуманитарна нишка на концертот што во негова чест ќе се одржи на Градскиот стадион во Скопје. На сите телевизии што ќе го пренесуваат ќе се појават телефонски броеви на кои граѓаните ќе можат да донираат средства за фондацијата „Тоше Проески“, која потоа ќе ги пренамени за хуманитарни цели. Последниот концерт што Тоше го одржа на Градски стадион, исто така беше хуманитарен. Под мотото „Образованието е одговорност на сите“, Тоше пееше во името на сите ученици од нашата земја и за нив собра околу 150.000 долари.

Милена Атанасоска

http://www.dnevnik.com.mk/?itemID=08E0158E206ADC48B1C920A9A543BEF8&arc=1
www.dnevnik.com.mk


Последната промена е направена од Tanja на Чет Сеп 25, 2008 11:11 am. Мислењето е променето 1 пати
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://www.tose-mk.forumakers.com
Tanja
Член
Член
avatar

Број на мислења : 593
Age : 30
Локација : Skopje, Makedonija
опис: : TOSE TE SAKAME I KE TE SAKAME ZASEKOGAS!
Репутација :
2 / 1002 / 100

Registration date : 2008-06-06

ПишувањеПредмет: Re: Концерт во чест на Тоше   Сре Сеп 24, 2008 11:17 am

На концертот „Тоше, те сакаме сите“ се очекуваат над 50.000 посетители



Насловот е одговор на репликата на Проески: „Ве сакам сите“

„Тоше, те сакаме сите“ е мотото под кое ќе биде одржан големиот хуманитарен концерт во чест на Тоше Проески, најавен за 5 октомври на Градскиот стадион во Скопје.

„Тоше имаше обичај да ја поздравува публиката на концертите со зборовите ’Ве сакам сите‘ и затоа решивме овој концерт да го насловиме ’Тоше, те сакаме сите‘, како одговор на секоја негова таква порака. Ќе биде пуштен и сингл од англискиот албум, зашто негова желба беше да се заврши тој проект“, вели Лилјана Петровиќ во својата изјава за српски „Блиц“.

На концертот се очекува да настапат 20 изведувачи, меѓу кои се и Билја Крстиќ, Леонтина, Жељко Самарџиќ, Гоца Тржан, Иван Плавшиќ, Тони Цетински, Нина Бадриќ, „Синтезис“... „Ќе учествуваат пејачи кои соработуваа со Тоше, но и такви на кои Тоше им вети дуети, но не стигна да ги исполни желбите“, додава Петровиќ.

Сите ќе отпеат по една песна од репертоарот на Тоше: Самарџиќ ќе ја испее песната „Још и данас замирише трешња“, Леонтина ќе настапи со „Чија си“, Билја Крстиќ - „Јовано, Јованке“...

На концертот на кој се очекува да присуствуваат над 50.000 посетители изведувачите ќе настапат во придружба на симфониски оркестар и бендот на Тоше „Блу фанки индивидуалс“, ќе бидат поставени и 250 ЛЕД-екрани кои беа користени на овогодинешната Евровизија во Белград, а настанот ќе го пренесуваат повеќе ТВ-станици од регионот.

Тоше Проески го одржа својот последен и, според многумина, највеличествен концерт пред преполн Градски стадион на 5 октомври 2007 година.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=F4F3609BE192C543AA721D6B7123B479
www.utrinski.com.mk
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://www.tose-mk.forumakers.com
Tanja
Член
Член
avatar

Број на мислења : 593
Age : 30
Локација : Skopje, Makedonija
опис: : TOSE TE SAKAME I KE TE SAKAME ZASEKOGAS!
Репутација :
2 / 1002 / 100

Registration date : 2008-06-06

ПишувањеПредмет: Re: Концерт во чест на Тоше   Сре Сеп 24, 2008 11:28 am

Ѕвездите од регионот во чест на Тоше


Дваесетина звучни имиња од целиот регион на 5. октомври ќе се обединат во чест на легендарниот македонски пејач. На списокот со учесници се најдоа и Биља Крстиќ, Жељко Самарџиќ, Тони Цетински, Нина Бадриќ, Гоца Тржан, „Синтезис“...




„Те сакаме сите, Тоше“ е насловен големиот хуманитарен концерт кој во чест на Тоше Проески ќе се одржи на 5. октомври на Градскиот стадион во Скопје. Дваесетина звучни имиња од целиот регион ќе отпеат по една песна од легендарниот македонски пејач, а ќе биде најавен и неговиот албум на англиски јазик.



- Тоше имаше обичај на своите концерти да ја отпоздравува публиката со зборовите „Ве сакам сите“ и поради тоа и насловот на ивентот е одговор на неговата препознатлива порака. Ќе биде пуштен и сингл од неговиот албум на англиски, бидејќи негова желба беше тој проект да се заврши - открива Љиља Петровиќ, менаџерката на Проески, за српски „Блиц“.



Дваесетина звучни имиња од целиот регион на 5. октомври ќе се обединат во чест на легендарниот македонски пејач. Жељко Самарџиќ ќе го изведе големиот хит „Цреша“, Биља Крстиќ ќе нè потсети на антологиската „Јовано, Јованке“, а учеството го потврдија и хрватската ѕвезда Нина Бадриќ со која Проески требаше да сними дует, Тони Цетински, Гоца Тржан, Леонтина Вукомановиќ, „Синтезис“...



Познатиот новинар и музичар Иван Плавшиќ во име на секторот на УНИЦЕФ кој им помага на лицата со инвалидитет, на членовите на семејството Проески ќе им врачи златна статуетка, а публиката ќе ја потсети на баладата „Соба за тага“.



На манифестацијата, сите изведувачи ќе бидат придружувани од симфониски оркестар и од бендот на Тоше, а ќе бидат поставени дури 250 лед екрани кои беа користени на годинашниот „Евросонг“.



Неколку телевизии директно ќе го пренесуваат концертот, а на екраните ќе бидат испишани телефонски броеви за донации во хуманитарни цели.


http://www.kirilica.com.mk/vest.asp?id=16974
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://www.tose-mk.forumakers.com
Tanja
Член
Член
avatar

Број на мислења : 593
Age : 30
Локација : Skopje, Makedonija
опис: : TOSE TE SAKAME I KE TE SAKAME ZASEKOGAS!
Репутација :
2 / 1002 / 100

Registration date : 2008-06-06

ПишувањеПредмет: Re: Концерт во чест на Тоше   Сре Сеп 24, 2008 11:40 am

И овој пат преку МАССУМ ќе купиме влезници за концертот посветен на Toше !



МАССУМ (Младинската асоцијација на средните стручни училишта во Македонија) во соработка со Radiomk и оваа година по повод Концертот ,,Те сакаме сите`` во чест на прерано починатиот Тоше Проески. се вклучува во акција за продажба на билетите за концертот што ќе биде одржан на 5-ти октомври на Градскиот стадион во Скопје, со учество на 20-ина изведувачи од балканскиот регион ќе врши продажба на карти по цена од 200 денари во сите средни училишта.

Имено Radiomk открива дека на концертот ќе настапуваат : Бојан Маровиќ, Адријан Гаџа, Биља Крстиќ, Леонтина, Жељко Самарџиќ, Гоца Тржан, Иван Плавшиќ, Тони Цетински, Нина Бадриќ, Синтезис, Ана Рупел, Антонија Шола ...
Radiomk дознава дека на видео бимот што беше користен за последната ЕВРОВИЗИЈА во Белград ќе биде искористен за промоција на долго очекуваниот англиски албум од кои досега ни се познати 2 песни .

Зад концертот стои Фондацијата Тоше Проески под покровителсво на Министерсвото за култура и AWARD Entertaiment а МАССУМ како и лани се вклучи со продажба на карти во сите средни училишта. Стартот на продажбата на картите ќе биде соопштен наскоро.

http://www.radiomk.com/index.php?categoryid=1&p2_articleid=1118
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://www.tose-mk.forumakers.com
batbayan
Модератор
Модератор
avatar

Број на мислења : 1410
Age : 32
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
11 / 10011 / 100

Registration date : 2008-06-11

ПишувањеПредмет: Re: Концерт во чест на Тоше   Сре Сеп 24, 2008 6:56 pm

Концертот за Тоше - подарок за граѓаните на светот
среда, 24 септември 2008



На 5.октомври на Градскиот стадион во Скопје продолжува музичката и хуманата дејност на Ангелот со големо срце, потенцираат организаторите


„Посиромашни со сè што загубивме со него, побогати од сознанието за сè што имавме со него, ќе бидеме на трибините на Градскиот стадион, затоа што сакаме да живее музиката, сакаме да живеат хуманоста и вербата во добрите луѓе, затоа што сакаме да живее љубовта наша кон него и неговата кон нас... Затоа што сакаме да му одговориме: Те сакаме сите!“

Ова е интегралната порака, како најава за големиот хуманитарен концерт во чест на Тоше Проески кој на 5. октомври ќе се одржи на Градскиот стадион во Скопје. Ивентот го организира меѓународната фондација што го носи името на легендарниот македонски пејач, под покровителство на Владата на Република Македонија и Министерството за култура.

- Ликот на Тоше Проески беше модел за идентификација кај младите... Владата постхумно го прогласи за почесен граѓанин на Република Македонија за неговото афирмирање, негување и популаризирање на македонската култура - рече, меѓу другото, Елизабета Канческа - Милевска, министерката за култура, на денешниот прес со новинарите.

Дваесет и пет звучни имиња од целиот регион ќе се обединат во чест на музичката легенда. Учеството го потврдија Руслана, Наум Петрески, Аки Рахимовски, Аленка Готар, Марија Шестиќ, Симон Трпчевски, Калиопи, „Синтезис“, Адријан Гаџа, Жељко Самарџиќ, Биља Крстиќ, Нина Бадриќ, Тони Цетински, Гоца Тржан, Леонтина Вукомановиќ...

Познатиот новинар и музичар Иван Плавшиќ во име на секторот на УНИЦЕФ кој им помага на лицата со инвалидитет, на членовите на семејството Проески ќе им врачи златна статуетка.

На манифестацијата, сите изведувачи ќе бидат придружувани од симфониски оркестар и од бендот на Тоше, а ќе бидат поставени дури 250 лед екрани кои беа користени на годинашниот „Евросонг“.

Македонската телевизија директно ќе го пренесува концертот во Македонија, а сите заинтересирани медиуми ќе можат да го превземат преку сателитски сигнал. На екраните ќе биде испишан телефонскиот број 143 100 преку кој ќе се донираат сто денари. Веќе од утре картите ќе бидат пуштени во продажба по симболична цена од двесте денари, а ВИП - влезниците чинат 1.000 денари.

Водители на манифестацијата ќе бидат Ели Танаскова, Игор Џамбазов и Тони Михајловски.



http://kirilica.com.mk/vest.asp?id=17062




_________________


Тој е горе во височините каде што и секогаш беше. Се наоѓа во темнина. Темнината сме ние, фановите кои чуваме една голема темнина во срцата, бидејќи него повеќе го нема. А на небото има само една сјајна звезда - Тоше, единствена сјајна ѕвезда која секогаш ќе остане да сјае
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
ElizaBeta
Член
Член
avatar

Број на мислења : 342
Age : 31
Локација : Skopje
Репутација :
4 / 1004 / 100

Registration date : 2008-04-16

ПишувањеПредмет: Re: Концерт во чест на Тоше   Чет Сеп 25, 2008 2:14 am

25. септември 2008.

Во чест на Тоше ќе пее и Ањеза Шахини

Како што дознава МММ, учеството на Меѓународниот хуманитарен Концерт во чест на продолжување на музиката и хуманоста на Тоше Проески, го потврдила и албанската пејачка Ањеза Шахини.

Ањеза беше претствник на Албанија на евровизискиот фестивал 2004-та година во Истамбул, каде се дружеше со Тоше и станаа блиски пријатели, по што Тоше беше и нејзин гостин во Албанија.

Да потсетиме, на концертот во чест на Тоше Проески, закажан за 5. октомври 2008-ма на Градски стадион во Скопје ќе настапат следниве домашни и регионални пејачи: Наум Петрески, Калиопи, Аки Рахимовски, Руслана, Аленка Готар, Синтезис, Биља Крстиќ, Виталиј Козловски, Санди Ценов, Марија Шестиќ, Бојан Маровиќ, Нина Бадриќ, Тони Цетински, Иван Плавшиќ, Тифа, Симон Трпчески, Гоца Тржан, Адријан Гаџа, Маја Татиќ, Леонтина и Жељко Самарџиќ.

Водители на настанот кој има тенденција да прерасне во традиционален, ќе бидат Игор Џамбазов, Тони Михајловски и Ели Танаскова. Влезниците по цена од 200 денари во продажба ќе бидат пуштени од денеска и освен во музичките продавници ќе ги има и во салоните на Космофон и Германос.

Собраните средства од влезниците, како и телефонските броеви што ќе бидат ставени на располагање дополнително ќе се утврди за што ќе бидат наменети...




Извор: http://www.mmm.com.mk/?ItemID=F3DC2DEA0ADDAF4EA108FF273FBB4F74
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
cherry
Администратор
Администратор
avatar

Број на мислења : 1127
Age : 37
Локација : Далеку од тебе
Репутација :
6 / 1006 / 100

Registration date : 2008-05-02

ПишувањеПредмет: Re: Концерт во чест на Тоше   Чет Сеп 25, 2008 5:45 am

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=E70D3E80F3CF5349A76F27BAC91CE682
http://www.vecer.com.mk/?ItemID=1CFEAC43C87A614F91CBBD112778FFC4
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://tose-mk.forumakers.com
Tanja
Член
Член
avatar

Број на мислења : 593
Age : 30
Локација : Skopje, Makedonija
опис: : TOSE TE SAKAME I KE TE SAKAME ZASEKOGAS!
Репутација :
2 / 1002 / 100

Registration date : 2008-06-06

ПишувањеПредмет: Re: Концерт во чест на Тоше   Чет Сеп 25, 2008 10:36 am

Концерт во чест на Тоше Проески

Во чест на македонскиот легендарен пејач Тоше Проески на 5 октомври на Градскиот стадион во Скопје со почеток во 19 часот и 30 минути ќе се одржи голем хуманитарен меѓународен концерт под наслов „Те сакаме сите Тоше“.

Како што најавија на денешната прес - конференција од Меѓународната фондација Тоше Проески - Крушево, билетите за концертот ќе може да се купат ширум Македонија од утре, во специјализирани музички продавници и продажната мрежа на Космофон, Германос и Импулс по цена од 200 денари и ВИП влезници по цена од 1.000 денари.

Покровител на концертот е Владата на Република Македонија и Министерството за култура, а организатор е Меѓународната фондација Тоше Проески - Крушево.

На прес - конференцијата присуствуваше министерката за култура Елизабета Канческа - Милевска која рече дека Тоше Проески е личност која со своето постоење остави длабоки траги во поширокото соседство и во светски рамки.

- Несомнено е дека токму поради неговата хуманост и доброделата што ги правеше ликот на Проески уште долго време ќе биде пример и порака до сите генерации во земјата. Пласирајќи ги своите вонредно големи музички квалитети тој оствари досега незапаметена афирмација на македонската музичка култура. Целта на концертот, пред се, е да се даде соодветна почит кон ликот и делото на Тоше Проески, а истовремено низ неговата музика да се потсетиме на неговата хуманост, рече министерката Канческа - Милевска.

Таа додаде дека на денот на концертот сите надлежни и релевантни институции ќе им излезат во пресрет на организаторите.

На концертот, како што потврди Илија Ивановски од фондацијата „Тоше Проески“ ќе учествуваат 25 пејачи од земјава и странство меѓу кои Наум Петрески, Калиопи, Аки Ракимовски, Руслана, „Синтезис“, Биља Крстиќ, Марија Шестиќ, Бојан Маровиќ, Гоца Тржан, Тони Цетински, Жељко Самарџиќ, оркестарот на Македонската опера и балет под диригенство на Саша Николовски - Ѓумар, како и бендот на Тоше.

Извршниот директор на фондацијата Андреј Николоски подвлече дека не е едноставно да се земе обврска за продолжување на делото на Проески, но неговите дела, како што истакна, мора да продолжат да живеат.

Од фондацијата најавија дека концертот со меѓународна димензија ќе почне да се одржува секоја година на истиот датум - 5 октомври.

Од денеска се отворени и донаторски линии на кои заинтересираните веќе може преку бројот 143-100 од мрежата на Космофон, ВИП, T-Home и Македонски телекомуникации со или без префикс да донираат 100 денари. Средствата од билетите и хуманитарната линија по завршувањето на концертот фондацијата „Тоше Проески“ ќе одлучи каде да ги донира.

Водители на концертот под наслов „Те сакаме сите Тоше“ ќе бидат Ели Танаскова, Игор Џамбазов и Тони Михајловски.


http://www.idividi.com.mk/zabava/Showbiz/470609/index.html
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://www.tose-mk.forumakers.com
Tanja
Член
Член
avatar

Број на мислења : 593
Age : 30
Локација : Skopje, Makedonija
опис: : TOSE TE SAKAME I KE TE SAKAME ZASEKOGAS!
Репутација :
2 / 1002 / 100

Registration date : 2008-06-06

ПишувањеПредмет: Re: Концерт во чест на Тоше   Чет Сеп 25, 2008 10:49 am

ПОЗНАТИ СИТЕ ДЕТАЛИ од КОНЦЕРТОТ ЗА ПРОЕСКИ

Парите од концертот за Тоше во хумани цели



Телевизиите што ќе го емитуваат настанот ќе може да организираат донаторска активност во својата земја за цели што сами ќе ги одредат


Покровители на концертот се Владата и Министерство за култура на Македонија, а организатор е Меѓународната фондација „Тоше Проески“

Големиот меѓународен хуманитарен концертот под името „Те сакаме сите, Тоше“ ќе се одржи на 5 октомври на Градскиот стадион во Скопје, во 19.30 часот, соопштија организаторите на вчерашната прес-конференција во мултимедијалниот центар „Мала станица“ во Скопје. Меѓународната хуманитарна манифестација го задржува датумот на оддржување на минатогодишниот концерт на Проески, со што се испраќа порака дека продолжува да живее ликот и делото на Тоше, како во музиката така и во хуманоста. Покровител на концертот е Владата на Република Македонија и Министерство за култура. Организатор е Меѓународната фондација „Тоше Проески“, а медиумски покровител Македонската радио-телевизија. Водители на настанот се Ели Танасковска, Игор Џамбазов и Тони Михајловски.

- На иницијатива од премиерот Груевски, Владата донесе одлука да го поддржи организирањето голем хуманитарен концерт во чест на Тоше, со цел да се продолжи ликот и делото на Тоше и неговата голема хуманост. Тоше беше пример за луѓето, а во текот на својот живот направи многу за промоција на музиката и на македонската култура - истакна министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска. Хуманоста на Тоше беше меѓународна, затоа и овој концерт ќе ја има таа димензија, со настапот и на странски пејачи, кои на сцената ќе се појават заедно со македонските музички ѕвезди. Пред публиката ќе се претстават 25 изведувачи-пријатели на Тоше, придружувани од оркестарот на Македонската опера и балет, под палката на Саша Николовски-Ѓумар и од бендот на Тоше.
ДОЛГА ЛИСТА СО ПОЗНАТИ ГОСТИ

Списокот на пејачки имиња се' уште не е дефиниран, а се планираат настапи на: Наум Петрески, Калиопи, „Синтезис“, Адријан Гаџа, од земјава, Леонтина, Жељко Самарџиќ, Билја Крстиќ, Гоца Тржан и Иван Плавшиќ, од Србија. Од Хрватска, специјално за концертот ќе дојдат Тони Цетински, Санди Ценов и Нина Бадриќ, а од Босна, Маја Тадиќ, Марија Шестиќ. Како претставник на Црна Гора ќе пее Бојан Маровиќ, а од Словенија, Аленка Готар. Скопската публика ќе го проследи настапот и на Руслана и на Витали Козловски. А планирано е учеството и на пејачи од Бугарија и од Албанија. Сите изведувачи ќе отпеат нумери што му биле драги на Тоше или што ги извеле во дует со него.

- Упатуваме голема благодарност до Владата и Министерството за култура, до сите медиуми и учесници на овој концерт. Не е едноставно да се продолжи ликот и делото на Тоше, но тоа е наша обврска. Ќе го чуваме споменот на Тоше и ќе го продолжиме неговото хумано дело. Ќе бидеме присутни и ќе помагаме секаде, како што тоа го правеше тој - рече Андреј Николовски, извршен директор на меѓународната фондација „Тоше Проески“.

БИЛЕТИ ПО ЦЕНА ОД 200 ДЕНАРИ

Николовски нагласи дека досега Фондацијата донирала во „Мајчин дом“ од Битола, на Клиниката за детски болести во Скопје и во болницата за ортопедија и трауматологија во Скопје. Исто така, помогнала на многу семејства со донирање прехранбени продукти и средства за хигиена.

Билетите за концертот од денеска се во продажба низ Македонија, во специјализираните музички продавници и во продажната мрежа на „Космофон“, „Германос“ и „Импулс“, по цена од 200 денари. Граѓаните што сакаат да се придружат на хуманитарната акција, можат да донираат 100 денари преку бројот 143-100, со или без користење на префикс на матичниот оператор.Како ќе се искористат средствата собрани во Македонија, во зависност од вкупниот собран фонд од влезниците и од телефонските повици, ќе биде одлучено по настанот и јавно објавено од комисија сочинета од претставници на фондацијата „Тоше Проески“ и на Министерството за култура. Концертот ќе биде пуштен на сателитски сигнал за да можат, покрај членовите на Европската радиодифузна унија, да го преземат и да го емитуваат и другите земји. Телевизиските канали што ќе го емитуваат настанот ќе можат да организираат донаторска активност во својата земја за цели што сами ќе ги одредат, а во консултација со меѓународната фондација „Тоше Проески“.

Соња Алексоска Неделковска
Фото Бисера Станковска

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=2FFB8F21A12500439AC7AFF61CFE5BEA
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://www.tose-mk.forumakers.com
LudaMala
Супер Модератор
Супер Модератор
avatar

Број на мислења : 1483
Age : 36
Локација : Олимпијски град
опис: :
Репутација :
5 / 1005 / 100

Registration date : 2008-05-21

ПишувањеПредмет: Re: Концерт во чест на Тоше   Чет Сеп 25, 2008 1:44 pm

Тужно, брате претужно...
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
Tanja
Член
Член
avatar

Број на мислења : 593
Age : 30
Локација : Skopje, Makedonija
опис: : TOSE TE SAKAME I KE TE SAKAME ZASEKOGAS!
Репутација :
2 / 1002 / 100

Registration date : 2008-06-06

ПишувањеПредмет: Re: Концерт во чест на Тоше   Чет Сеп 25, 2008 3:27 pm

LudaMala напиша:
Тужно, брате претужно...

SE MISLAM DEKA OD NEKADE KE SE POJAVI AMA TOA E SAMO ILUZIJA!
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://www.tose-mk.forumakers.com
batbayan
Модератор
Модератор
avatar

Број на мислења : 1410
Age : 32
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
11 / 10011 / 100

Registration date : 2008-06-11

ПишувањеПредмет: Re: Концерт во чест на Тоше   Чет Сеп 25, 2008 3:50 pm

ХУМАНИТАРЕН КОНЦЕРТ ВО ЧЕСТ НА МЕГА SВЕЗДАТА
Те сакаме сите Тоше



Во пресрет на големиот хуманитарен концерт "Те сакаме сите Тоше" во чест на музиката и хуманоста Тоше Проески, на вчерашната прес конференција беа соопштени деталите околу големиот концерт што ќе се одржи на Градскиот стадион на 5 октомври со почеток во 19.30 часот. Освен пријателите и бендот на Тоше, ќе учествува и Оркестарот на македонска опера и балет со диригентот Саша Николовски- Ѓумар.
Билетите се по симболична цена од 200 денари и веќе се во продажба. Дека со овој концерт продолжува хуманата мисија Тоше Проески укажува фактот дека веќе започна да функционира хуманиот број 143-100. Со секој повик се донира по 100 денари, а собраните средства ќе бидат подарени во хуманитарни цели. Организатори на концертот се Меѓународната Фондација Тоше Проески заедно со менаџерката Љиљана Петровиќ. Покровител е Владата на Република Македонија и Министерството за култура. Концертот ќе го пренесуваат седум телевизии од неколку балкански земји. МТВ ќе врши директен пренос, преку Сателитскиот канал.
Лани на 5. октомври Тоше го одржа својот последен концерт, токму на Градски кога на стадионот немаше место буквално ни игла да се фрли. На 16 октомври е точно една година од трагичната смрт на мега sвездата.

***

Руслана ќе ја пее евровизиската "Лајф"

Во чест на трагично загината sвезда ќе настапат познати музички sвезди од домашмната сцена но и од од екс- ју републиките. Најавен е и настапот на украинската евровизиска победничка Руслана, која ќе ја испее песната "Лајф", со која Тоше ја претставуваше Македонија на Евросонг во Турција во 2004 година. На концертот ќе биде промовиран и англискиот албум на Тоше, "Најтешкото нешто", а специјални гости ќе бидат соработниците и авторите со кои Тоше работеше на овој албум, Енди Рајт, Вејн Хектор и Брајан Тејлор од "Пипл ин моушн", кои ќе дојдат за да го објават датумот на излегувањето на англискиот албум на пазарот, а тоа е на 25 јануари, на роденденот на Тоше.

***

Три часа концерт со домашни и балкански sвезди

Од домашната естрада, во чест на Тоше ќе настапи Калиопи со песната "Немаш ни благодарам", "Синтезис" со кого Тоше испеа во дует две песни, потоа Наум Петревски - кој ќе ја пее омилената композиција на Тоше "Има ли песна", Симон Трпчевски - кој на пијано ќе ја свири "Љубена", нумера што тој ја напиша за Проески и Адријан Гаџа.
Од балканските музички имиња најавено е дека ќе настапат хрватските sвезди Тони Цетински со кого Тоше ја испеа дуетската песна "Не лажеше малата" (Лагала нас мала) и Нина Бадриќ во чест на турнејата низ Хрватска што никогаш заедно со Тоше не ја довршија. Од Словенија ќе нестапи Аленка Готар. Од Србија Леонтина Вукомановиќ, која ќе ја пее "Чија си" песна со која Тоше победи на првата "Беовизија", како и Жељко Самарџиќ, со кого Тоше бил добар пријател и најчесто се среќавале во Белград. Самарџиќ ќе ја испее песната "Цреша". Ќе настапи и српската етно пејачка Биља Крстиќ со "Јовано Јованке", потоа Гоца Тржан со која поп- sвездата ја испеа "1200 милји". Гостин на концертот ќе биде и црногорскиот пејач Бојан Маровиќ. Концертот ќе тре три часа и организаторите се надеваат дека ќе пресрасне во традиција.




http://vest.com.mk/default.asp?id=157426&idg=8&idb=2483&rubrika=%40ivot

_________________


Тој е горе во височините каде што и секогаш беше. Се наоѓа во темнина. Темнината сме ние, фановите кои чуваме една голема темнина во срцата, бидејќи него повеќе го нема. А на небото има само една сјајна звезда - Тоше, единствена сјајна ѕвезда која секогаш ќе остане да сјае
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
batbayan
Модератор
Модератор
avatar

Број на мислења : 1410
Age : 32
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
11 / 10011 / 100

Registration date : 2008-06-11

ПишувањеПредмет: Re: Концерт во чест на Тоше   Чет Сеп 25, 2008 4:20 pm

И да врне и да студи - ќе бидеме на Градски



Автор: Б. В. Б.

Концертот во чест на мегаѕвездата Тоше Проески на 5 октомври ќе се одржи на Градски без оглед на временските услови. Тоа беше желба на Тоше, неговата публика да го наполни стадионот и годинава како минатата и затоа не баравме затворен простор како алтернатива, соопшти Елизабета Канчевска-Милевска, министерка за култура на Република Македонија. Концертот во организација на меѓународната фондација „Тоше Проески“, а под покровителство на Владата на РМ и на Министерството за култура, насловен „Сите те сакаме, Тоше“, треба да биде одговор на неговата прославена и често повторувана изјава „Ве сакам сите!“.

- Продолжување на делата значи продолжување на постоењето во име на хуманоста и на музиката. Токму од тие причини Владата, Министерството за култура и сите државни институции ја дадоа целата своја финансиска и логистичка поддршка за организирање на концертот. Меѓу другото, Градскиот стадион е изнајмен без надомест - рече Канчевска-Милевска на вчерашната прес-конференција.

Шоуто ќе го водат Ели Танасковска, Игор Џамбазов и Тони Михајловски. Како што веќе е познато, на концертот ќе настапат 25 музички имиња од земјава и од странство со кои Тоше соработуваше. Меѓу учесниците се и Наум Петрески, Калиопи, Симон Трпчевски, Аки Рахимовски, Украинците Руслана и Виталиј Козловски, како и голем број балкански ѕвезди. Пеејќи ги неговите големи хитови, придружувани од оркестарот на Македонската опера и балет, под диригентската палка на Саша Николовски-Ѓумар, тие ќе му оддадат почит на великанот, кој прерано трагично го заврши својот живот.

Во рамките на продолжувањето на ликот и делото на Тоше преку создавањето нова традиција вакви концерти да се одржуваат секоја година, најзначајната димензија на целиот настан е хуманитарната. Концертот во живо ќе го пренесува Македонската телевизија, а ќе биде пуштен на сателит за слободно да го преземат сите што ќе сакаат. Гледачите ќе може да донираат средства преку своите мобилни телефони на телефонскиот број 143 100, со или без префикс, од кој и да е мобилен оператор. Бројот веќе е оперативен преку „Космофон“ и „ВИП“, а деновиве ќе биде и преку „Те-мобајл“, така што донации може да пристигнуваат и пред концертот. Слични броеви ќе постојат во сите земји каде што ќе се пренесува големиот спектакл. Собраните средства во секоја земја ќе бидат распределени според процените на разграноците на фондацијата „Тоше Проески“.

- Да се преземе обврска за продолжување нечии лик и дело не е едноставно. Но немаме избор. Музиката и хуманото дело на Тоше мора да продолжат да живеат - рече Андреј Николовски, извршен директор на фондацијата.



http://novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=2&fCat=1&top=1&EditionID=192&ArticleID=7861

_________________


Тој е горе во височините каде што и секогаш беше. Се наоѓа во темнина. Темнината сме ние, фановите кои чуваме една голема темнина во срцата, бидејќи него повеќе го нема. А на небото има само една сјајна звезда - Тоше, единствена сјајна ѕвезда која секогаш ќе остане да сјае
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
Tvojata senka
Модератор
Модератор
avatar

Број на мислења : 1001
Age : 30
Локација : РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
опис: : ОПАСНО ПО ЖИВОТ
Репутација :
9 / 1009 / 100

Registration date : 2008-04-15

ПишувањеПредмет: Re: Концерт во чест на Тоше   Чет Сеп 25, 2008 5:12 pm

Баш така...што и да се случи МОРА да бидеме на Градски и да му докажеме колку го сакаме!!!!!!
Ќе биде тешко, но не смееме да бидеме себични ..затоа сите на Гратски!!!!!!!!!!!!!!!!...

_________________
I kept you, my love
Within a blink of an eye
Kept you forever
Heroes never die
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
aleksandra
Активен
Активен
avatar

Број на мислења : 1601
Age : 35
опис: : R.I.P. TOSE
Репутација :
18 / 10018 / 100

Registration date : 2008-05-23

ПишувањеПредмет: Re: Концерт во чест на Тоше   Чет Сеп 25, 2008 5:26 pm

дали јас грешам или слушнав сега на радио дека картите ќе бидат во продажба од утре?????.....лелееее....кажете дали знае некој пошто не сум баш најсигурна... ...ако слушнам пак за сигурно ќе пишам...аааааа....леллееее...како што се доближува датава срце ми се кине....
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
Tvojata senka
Модератор
Модератор
avatar

Број на мислења : 1001
Age : 30
Локација : РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
опис: : ОПАСНО ПО ЖИВОТ
Репутација :
9 / 1009 / 100

Registration date : 2008-04-15

ПишувањеПредмет: Re: Концерт во чест на Тоше   Чет Сеп 25, 2008 6:21 pm

aleksandra напиша:
дали јас грешам или слушнав сега на радио дека картите ќе бидат во продажба од утре?????.....лелееее....кажете дали знае некој пошто не сум баш најсигурна... ...ако слушнам пак за сигурно ќе пишам...аааааа....леллееее...како што се доближува датава срце ми се кине....
Хмммм абе нели од денес ќе беа???!?

_________________
I kept you, my love
Within a blink of an eye
Kept you forever
Heroes never die
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
aleksandra
Активен
Активен
avatar

Број на мислења : 1601
Age : 35
опис: : R.I.P. TOSE
Репутација :
18 / 10018 / 100

Registration date : 2008-05-23

ПишувањеПредмет: Re: Концерт во чест на Тоше   Чет Сеп 25, 2008 6:29 pm

Еве Тања ми кажа дека веќе биле во продажба во Cosmofon, Germanos i Impuls!....ух.... ...фала тања...
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
Tvojata senka
Модератор
Модератор
avatar

Број на мислења : 1001
Age : 30
Локација : РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
опис: : ОПАСНО ПО ЖИВОТ
Репутација :
9 / 1009 / 100

Registration date : 2008-04-15

ПишувањеПредмет: Re: Концерт во чест на Тоше   Чет Сеп 25, 2008 7:19 pm

Концертот за Тоше - подарок за граѓаните од целиот свет!

Телевизискиот и радио пренос од меѓународниот хуманитарен концерт под име Те сакаме сите, посветен на Тоше Проески, кој ќе се одржи на 5-ти октомври 2008. година, со почеток од 19.30 часот, Македонската радио телевизија, како негов ТВ продуцент и медиумски покровител го нуди слободно (free to air!).

Тоа значи дека сигналот ќе биде достапен без каква било надокнада, за било кој корисник на територијата на Република Македонија и во светот, преку сателит.

Електронските медиуми заинтересирани за пренос на концертот, дополнително ќе бидат известени за техничките податоци на сателитот од каде ќе може да го преземат сигналот и бесплатно да го користат емитувањето на концерот за свои програмски потреби.

На овој начин, концертот Те сакаме сите претставува подарок за граѓаните од светот. Локацијата на одржување на хуманитарниот концерт е Градскиот стадион во Скопје. Концертот е во организација на Меѓународната фондација Тоше Проески, под покровителство на Влада на Република Македонија и Министерство за култура на Република Македонија.

_________________
I kept you, my love
Within a blink of an eye
Kept you forever
Heroes never die
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
LudaMala
Супер Модератор
Супер Модератор
avatar

Број на мислења : 1483
Age : 36
Локација : Олимпијски град
опис: :
Репутација :
5 / 1005 / 100

Registration date : 2008-05-21

ПишувањеПредмет: Re: Концерт во чест на Тоше   Чет Сеп 25, 2008 8:35 pm

Ја не знам шта је са босанским медијима али мало спомињу концерт. Додуше ових дана не гледам телевизију, али је у новинама био тек мали чланак.

Ух...Људи...Не знам шта да кажем вама који ћете ићи. Желим вам да будете снажни и да вам барем мало буде лакше...Мада, прошла је скоро па година...А није лакше...
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
Sponsored content




ПишувањеПредмет: Re: Концерт во чест на Тоше   

Вратете се на почетокот Go down
 
Концерт во чест на Тоше
Вратете се на почетокот 
Страна 5 of 11Отиди на страна : Previous  1, 2, 3, 4, 5, 6 ... 9, 10, 11  Next

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
 :: Пишани и Електронски медиуми :: Настани-
Отиди до: