Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeLatest imagesБарајРегистрирајте сеВлез

 

 Други новости во врска со Тоше

Go down 
+22
poli_lee
Ane
stefi_18
emi
lovetose
LudaMala
Tanjuska
Sophia_2061
AlmostAnAngel
marice
zorana
Eli
batbayan
Chris
ElizaBeta
cherry
rozeta193
Tanja
Tvojata senka
bibe_tose
grkovicvanja
aleksandra
26 posters
Отиди на страна : Previous  1 ... 9 ... 15, 16, 17, 18, 19, 20  Next
АвторПорака
batbayan
Модератор
Модератор
batbayan


Број на мислења : 1410
Age : 38
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
Други новости во врска со Тоше - Page 16 Left_bar_bleue11 / 10011 / 100Други новости во врска со Тоше - Page 16 Right_bar_bleue

Registration date : 2008-06-11

Други новости во врска со Тоше - Page 16 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Други новости во врска со Тоше   Други новости во врска со Тоше - Page 16 I_icon_minitimeПон Jул 27, 2009 1:40 pm

Традицијата во чест на Тоше продолжува


Концертот што во чест на легендата Тоше Проески се одржа минатата година на 5 октомври, на Градски ќе стане традиционален. Според најавите, таков ист треба да се случи и годинава, а собраните средства повторно ќе бидат искористени во хуманитарни цели. Годинава родителите на Тоше, кои ја продолжуваат хуманитарната мисија започната од нивниот трагично починат син на болницата во Крушево и подарија кардиоваскуларен ехо-апарат вреден 25.000 евра.

На годинешниот концерт на Градски меѓудругото премиерно ќе бидат пуштени и две песни на Тоше. Едната со наслов "Крушево" е правена по негова нарачка, а дел од текстот иако, за жал, не успеа да ја сними, е коригиран по негова иницијатива. Песната, впрочем тоа може да се насети и по насловот, има одличен текст посветен на неговиот роден град и Тоше сакал да ја стави на својот последен албум "Игри без граници", но во последен момент било решено истата подоцна да биде пуштена во етерот. Другата, пак, се вика "Се уште сонувам дека сме заедно".


http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=DBF74E94B7BD804086F773DC2969C5C0
Вратете се на почетокот Go down
Chris
Администратор
Администратор
Chris


Број на мислења : 2179
Age : 34
Локација : СКОПЈЕ
опис: : RBD FAN
Репутација :
Други новости во врска со Тоше - Page 16 Left_bar_bleue11 / 10011 / 100Други новости во врска со Тоше - Page 16 Right_bar_bleue

Registration date : 2008-04-13

Други новости во врска со Тоше - Page 16 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Други новости во врска со Тоше   Други новости во врска со Тоше - Page 16 I_icon_minitimeПон Jул 27, 2009 1:44 pm

Чекај сега, СЕПАК ке се одржи на Градски? ако е така супер, а инаку за прашањето каде на друго место би можело, па најверојатно во салата Борис Трајковски која е огромна и може да собере многу публика, но сепак нема да биде како што е на стадионот

Други новости во врска со Тоше - Page 16 800px-TrajkovskiSportsArenaSkopjeMacedonia

Други новости во врска со Тоше - Page 16 %D0%A1%D0%B0%D0%BB%D0%B0_%D0%91%D0%BE%D1%80%D0%B8%D1%81_%D0%A2%D1%80%D0%B0%D1%98%D0%BA%D0%BE%D0%B2%D1%81%D0%BA%D0%B8
Вратете се на почетокот Go down
https://tose-mk.forumakers.com
batbayan
Модератор
Модератор
batbayan


Број на мислења : 1410
Age : 38
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
Други новости во врска со Тоше - Page 16 Left_bar_bleue11 / 10011 / 100Други новости во врска со Тоше - Page 16 Right_bar_bleue

Registration date : 2008-06-11

Други новости во врска со Тоше - Page 16 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Други новости во врска со Тоше   Други новости во врска со Тоше - Page 16 I_icon_minitimeПон Jул 27, 2009 4:01 pm

Благодарам за одговорот. Супер изгледа салата !
Вратете се на почетокот Go down
batbayan
Модератор
Модератор
batbayan


Број на мислења : 1410
Age : 38
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
Други новости во врска со Тоше - Page 16 Left_bar_bleue11 / 10011 / 100Други новости во врска со Тоше - Page 16 Right_bar_bleue

Registration date : 2008-06-11

Други новости во врска со Тоше - Page 16 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Други новости во врска со Тоше   Други новости во врска со Тоше - Page 16 I_icon_minitimeСре Jул 29, 2009 7:26 pm

Во продажба DVD Те сакаме сите, Тоше

Меѓународната фондација Тоше Проески го објави долгонајавуваното DVD - Те сакаме сите, Тоше, снимено на ланскиот хуманитарен концерт во Скопје, во чест на великанот Тоше Проески. Да потсетиме, концертот пред неколку десетини илјади посетители се одржал на 5-ти октомври, на Градскиот стадион во Скопје, а во чест на Тоше, неговите песни ги пееа најеминентните домашни, балкански и европски музичари: Наум Петрески, Синтезис, Биља Крстиќ, Гоца Тржан, Бојан Маровиќ, Нина Бадриќ, Тони Цетински, Адријан Гаџа, Калиопи, Леонтина, Аки Рахимовски, Жељко Самарџиќ, Руслана...

DVD-то за 300 денари може да се купи насекаде во Македонија, а за дистрибуцијата е задолжена Носталгија рекордс (ТЦ Беверли Хилс, телефон: 02/ 31-32-010).

Но тоа не е се! Фондацијата подготвува нов албум на Проески, на кој ќе има пет теми. Три од нив се стари хитови, со нов аранжман за кој се погрижи хрватскиот продуцент и аранжер Никша Братош. Двете нови композиции се песните Још увек сањам да смо заједно, на Мирослав Рус, и Крушево, за која музиката ја напиша трагично починатата ѕвезда. Во подготовка е и дивидито со филмот Најтешкото и серијата Пет години Балкан.


http://mmm.com.mk/?ItemID=DD0B93B29A13F24C9B9A7C7164FC53CD
Вратете се на почетокот Go down
Tanja
Член
Член
Tanja


Број на мислења : 593
Age : 36
Локација : Skopje, Makedonija
опис: : TOSE TE SAKAME I KE TE SAKAME ZASEKOGAS!
Репутација :
Други новости во врска со Тоше - Page 16 Left_bar_bleue2 / 1002 / 100Други новости во врска со Тоше - Page 16 Right_bar_bleue

Registration date : 2008-06-06

Други новости во врска со Тоше - Page 16 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Други новости во врска со Тоше   Други новости во врска со Тоше - Page 16 I_icon_minitimeЧет Jул 30, 2009 3:51 pm

Нови материјали за сите фанови на Тоше

http://www.radiomk.com/index.php?categoryid=1&p2_articleid=1789
Вратете се на почетокот Go down
http://www.tose-mk.forumakers.com
Chris
Администратор
Администратор
Chris


Број на мислења : 2179
Age : 34
Локација : СКОПЈЕ
опис: : RBD FAN
Репутација :
Други новости во врска со Тоше - Page 16 Left_bar_bleue11 / 10011 / 100Други новости во врска со Тоше - Page 16 Right_bar_bleue

Registration date : 2008-04-13

Други новости во врска со Тоше - Page 16 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Други новости во врска со Тоше   Други новости во врска со Тоше - Page 16 I_icon_minitimeЧет Jул 30, 2009 5:34 pm

Леле супер ке си го купам ова DVD
Вратете се на почетокот Go down
https://tose-mk.forumakers.com
batbayan
Модератор
Модератор
batbayan


Број на мислења : 1410
Age : 38
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
Други новости во врска со Тоше - Page 16 Left_bar_bleue11 / 10011 / 100Други новости во врска со Тоше - Page 16 Right_bar_bleue

Registration date : 2008-06-11

Други новости во врска со Тоше - Page 16 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Други новости во врска со Тоше   Други новости во врска со Тоше - Page 16 I_icon_minitimeПон Aвг 03, 2009 5:23 pm

Анкета: Концертот во чест на Тоше треба да биде на Градски стадион!

Поттикнати од најавите дека хуманитарниот традиционален концерт во чест на Тоше Проески, закажан за 5-ти октомври 2009-та, нема да се одржи на Градски стадиот во Скопје (или Националната арена Филип втори, по ново), спроведовме анкета, преку која побаравме Ваше мислење за тоа: Каде треба да биде концерт во чест на Тоше!

Еве ги добиените резултати: Од вкупно регистрирани 1.018 гласови, најмногу: 857 (или 84%) се за опцијата Градски стадион. За Плоштад Македонија се определија 96 анкетирани (9%), за салата Борис Трајковски 3% (30 гласови), додека Метрополис арена и Универзална сала се решение за 20, односно 15 анкетирани, што изнесува минимални 2 и 1%.

Резултатите сами по себе доволно говорат, па секој коментар е сувишен!

http://www.mmm.com.mk/?ItemID=A1689279AD497D4694457BB944AE8408
Вратете се на почетокот Go down
batbayan
Модератор
Модератор
batbayan


Број на мислења : 1410
Age : 38
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
Други новости во врска со Тоше - Page 16 Left_bar_bleue11 / 10011 / 100Други новости во врска со Тоше - Page 16 Right_bar_bleue

Registration date : 2008-06-11

Други новости во врска со Тоше - Page 16 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Други новости во врска со Тоше   Други новости во врска со Тоше - Page 16 I_icon_minitimeПет Aвг 28, 2009 1:31 pm

СТУДЕНТИТЕ ОД МУЗИЧКА АКАДЕМИЈА ДЕНЕСКА ВО КРУШЕВО
Дипломата на Тоше стигнува во неговото родно место
Студентите на Музичка академија од Скопје, заедно со неколку нивни професори, денеска ќе ја однесат дипломата на Тоше Проески во Крушево. Дипломата деновиве беше благословена од световни лица. Направена е од метал и на неа е испишано - Република Македонија, Универзитет „Св. Кирил и Методи“ и Факултет за музичка уметност - Скопје му доделува Диплома на Тодор Проески за посебни заслуги во афирмацијата на македонската
вокална интерпретација, 28.8.2009 година, професор декан м-р. Евуша Елезовиќ. Во оваа група се застапени студентите од прва до четврта година на факултетот, од сите четири класи по соло-пеење, од катедрата на Билјана Јакимовска- Јовановска, професорката на Тоше, како и од катедрите на професорите Марија Муратовска- Наумовска, Весна Гиновска- Илкова и Славица Галиќ- Петровска. Во Крушево на групата ќе и се приклучи и професорот Велко Тодевски. Студентите овој чин ќе го изведат најдостоинствено и најкултурно. Нивната посета ќе го опфати оддавање почит на неговиот вечен дом и посета на манастирот „Свето Преображение“. Посетата е во организација на ФМУ и продеканот за настава при Академијата и вонреден професор, Снежана Димчевска, која соработуваше со Тоше за време на неговото подготвување на операта професор „Деспина и мистер Догс“ на професорот Димитрие Бужаровски.

http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=1&EditionID=1799&ArticleID=120729
Вратете се на почетокот Go down
batbayan
Модератор
Модератор
batbayan


Број на мислења : 1410
Age : 38
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
Други новости во врска со Тоше - Page 16 Left_bar_bleue11 / 10011 / 100Други новости во врска со Тоше - Page 16 Right_bar_bleue

Registration date : 2008-06-11

Други новости во врска со Тоше - Page 16 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Други новости во врска со Тоше   Други новости во врска со Тоше - Page 16 I_icon_minitimeСаб Aвг 29, 2009 6:00 pm

Дипломата на Тоше студентите на ФМУ ја однесоа во неговото родно место

Студентите на Музичка академија од Скопје, заедно со неколку нивни професори, вчера ја однесоа дипломата на Тоше Проески во Крушево. Дипломата деновиве беше благословена од световни лица.

Направена е од метал и на неа е испишано: Република Македонија, Универзитет Св. Кирил и Методи и Факултет за музичка уметност - Скопје му доделува Диплома на Тодор Проески за посебни заслуги во афирмацијата на македонската вокална интерпретација, 28.8.2009 година, професор декан м-р. Евуша Елезовиќ. Направени се две скапоцени копии, од кои едната му е предадена на семејството Проески, а другата е однесена на вечното почивалиште на Тоше.

Во оваа група студенти, кои беа во Крушево, се застапени лица од прва до четврта година на факултетот, од сите четири класи по соло-пеење, од катедрата на Билјана Јакимовска - Јовановска, професорката на Тоше, како и од катедрите на професорите Марија Муратовска - Наумовска, Весна Гиновска - Илкова и Славица Галиќ - Петровска. Во Крушево на групата и се приклучи и професорот Велко Тодевски.

Студентите овој чин го изведоа најдостоинствено и најкултурно. Нивната посета опфати оддавање почит на неговиот вечен дом и посета на манастирот Свето Преображение. На неколку локации – на спортското игралиште, на крстот, во манастирот, и на игралиштето на Тоше кое градските власти го урнаа, тивко беа испеани химната на Република Македонија, навивачката химна Македонија навива за вас и Цреша.

Посетата беше во организација на ФМУ и продеканот за настава при Академијата и вонреден професор, Снежана Димчевска, која соработуваше со Тоше за време на неговото подготвување на операта професор Деспина и мистер Докс на професорот Димитрие Бужаровски.

Меѓу присутните беше и поп-пејачот Ламбе Алабаковски, како и уметникот Ставре Димитровски - Страдин, кој на семејството Проески му подари портретот на Тоше со апостолите...


http://www.mmm.com.mk/?ItemID=037F4A9B2A7E6347990D3F5C26E76D95
Вратете се на почетокот Go down
batbayan
Модератор
Модератор
batbayan


Број на мислења : 1410
Age : 38
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
Други новости во врска со Тоше - Page 16 Left_bar_bleue11 / 10011 / 100Други новости во врска со Тоше - Page 16 Right_bar_bleue

Registration date : 2008-06-11

Други новости во врска со Тоше - Page 16 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Други новости во врска со Тоше   Други новости во врска со Тоше - Page 16 I_icon_minitimeВто Сеп 01, 2009 9:57 am

Љиља лажела, ќе и плати на Будимир 300.000 денари

- Драго ни е и единствена сатисфакција ни е што и второстепениот суд докажа дека Љиљана Петровиќ сторила кривично дело клевета, односно не ја зборувала вистината. Износот кој таа треба да го плати е секундарен. Најважно на Будимир и беше да докаже дека Љиља се служела со невистини - вели Јаниќевиќ


Љиља Петровиќ во наредните петнаесетина дена ќе треба да исплати 300.000 денари на сметка на Андријана Будимир и 500 евра на сметка на државниот буџет. Апелациониот суд ја одби нејзината жалба на пресудата на Основниот суд Скопје 1, со која менаџерката на македонската поп-икона Тоше Проески е осудена за сторено кривично дело клевета. Второстепениот суд во целост ја потврди пресудата на најнискиот суд. Адвокатот на некогашната ракометарка на македонскиот клуб "Ѓорче Петров", и блиска пријателка на Проески, Ненад Јаниќевиќ вчера ни потврди дека во неговата канцеларија пристигнала одлуката на второстепениот суд. Според него најголема сатисфаксија на Будимир и е што судските институции докажале дека Љиља не ја зборувала вистината.
- Драго ни е и единствена сатисфакција ни е што и второстепениот суд докажа дека Љиљана Петровиќ сторила кривично дело клевета, односно не ја зборувала вистината. Износот кој таа треба да го плати е секундарен. Најважно на Будимир и беше да докаже дека Љиља се служела со невистини - вели Јаниќевиќ.
Доколку Љиља не ја исплати пресудената парична казна, ќе бидат ангажирани извршители. Таа има рок од 15 дена од приемот на одлуката на Апелациониот суд да ги подмири долговите. Во спротивно ќе бидат ангажирани извршители кои ќе ја извршат наплатата. Вчера не добивме информација дали Љиља ја примила одлуката со која се одбива нејзината жалба. Таа има уште една можност, да се обрати до Врховниот суд, но сепак тоа не го одложува извршувањето на пресудата.
Будимир сметаше дека и се нарушени честа и угледот, откако Љиља за медиумите изјавуваше дека Тоше не контактирал со Будимир пред несреќата во која тој го загуби животот. Менаџерката на Тоше за хрватските портали "24 Часа" и "Индекс" тврдеше дека е лага тоа што Будимир го кажала дека Тоше своите последни СМС и ги испратил токму неа. На суд извади листинзи од телефонската сметка на Тоше обидувајќи се да докаже дека последните денови од својот живот не бил во врска со Будимир и не контактирал со неа.
Спротивно на ова, во текот на судењето Будимир до судот го достави и својот мобилен телефон во кој се наоѓаат околу 200 СМС пораки, кои откриваат во каков однос била таа со Тоше Проески. Будимир бараше извинување и отштета од 150.000 евра за нарушен јавен углед.

http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=59088EF7CA0A994AB0CD6046676CF3D0
Вратете се на почетокот Go down
stefi_18
Член
Член
stefi_18


Број на мислења : 628
Age : 33
Локација : Makedonija
Репутација :
Други новости во врска со Тоше - Page 16 Left_bar_bleue0 / 1000 / 100Други новости во врска со Тоше - Page 16 Right_bar_bleue

Registration date : 2008-10-20

Други новости во врска со Тоше - Page 16 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Други новости во врска со Тоше   Други новости во врска со Тоше - Page 16 I_icon_minitimeПет Сеп 04, 2009 3:14 pm

Песна посветена на Тоше ќе се испеее во Кипар


Други новости во врска со Тоше - Page 16 848FD10F18861E45BB42C954436CC800


Песната со наслов Анѓеле, која кипарскиот композитор Михалис Антониу ја напиша инспириран од Тоше Проески, вечерва за прв пат јавно ќе биде испеана на концерт, кој ќе се одржи по повод роденденот на композиторот и 15 години музичка дејност.

Имено, на концертот во Ларнака, оваа песна на крај ќе ја испее босанската оперска дива Жељка Катавиќ - Пиљ. Песната има три верзии, босанска под наслов Анѓеле, англиска, со наслов Fallen angel и грчка. Ова е концерт од затворен тип, на кој песни од Михалис ќе пеат познати пејачи од Кипар, со кои има соработувано, како и Деби Шери од Малта и Босанката Жељка Катавиќ - Пиљ.

Познанството и другарувањето на Тоше и Михалис почна летото во 2003 година, кога допатува од Кипар да го следи неговиот концерт на Билјанини извори, и оттогаш често зборуваа за музика.

Михалис е чест гостин на музичките и фестивалските случувања во Македонија, неговата омилена земја.


http://www.mmm.com.mk/?ItemID=9BB62C2457F56B4B84560C7A5E6A89DC
Вратете се на почетокот Go down
batbayan
Модератор
Модератор
batbayan


Број на мислења : 1410
Age : 38
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
Други новости во врска со Тоше - Page 16 Left_bar_bleue11 / 10011 / 100Други новости во врска со Тоше - Page 16 Right_bar_bleue

Registration date : 2008-06-11

Други новости во врска со Тоше - Page 16 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Други новости во врска со Тоше   Други новости во врска со Тоше - Page 16 I_icon_minitimeСаб Сеп 12, 2009 2:07 pm

Диплома на новинар посветена на Тоше

Дека Тоше не е силна испирација само за уметниците туку и за луѓето со други професии, зборува и следниов пример - пред два дена 21 годишната скопјанката Силвана Јовановска дипломата по новинарство му ја посвети нему.

Таа по завршување на последниот испит во четвртокот попладнето запиша на својот фејсбук профил - Од денес сум е дипломиран новинар.Да не беше ти којзнае што ќе бев. Дипломата ти ја посветувам Тебе и Ти благодарам што ме убеди да го следам својот сон. Ми вети дека секогаш ќе дознавам прва, но... За Тоше.

http://www.mmm.com.mk/?ItemID=6D1B8D8BC17F2149B5DD19BA64BAB4C4
Вратете се на почетокот Go down
batbayan
Модератор
Модератор
batbayan


Број на мислења : 1410
Age : 38
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
Други новости во врска со Тоше - Page 16 Left_bar_bleue11 / 10011 / 100Други новости во врска со Тоше - Page 16 Right_bar_bleue

Registration date : 2008-06-11

Други новости во врска со Тоше - Page 16 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Други новости во врска со Тоше   Други новости во врска со Тоше - Page 16 I_icon_minitimeНед Сеп 20, 2009 10:31 am

Педесет деца од Македонија ќе го посетат Ерусалим


Детската амбасада за сите деца во светот организира посета на светиот град Ерусалим за група од 50 деца од Македонија. Целта на оваа посета е уште една потврда на пријателските односи меѓу Република Македонија и Израел, од која се очекува да произлезе размена на децата од двете држави. Посетата има религиозен, но и државен карактер. Децата ќе посетат поголем број културно- историски знаменитости карактеристични за оваа земја, како и Витлеем, Мртво Море, реката Јордан и стариот град Јафа кај Тел Авив.

„И овој пат децата ќе патуваат под мотото ’Каде што почнува светот со граници, таму завршува нашето детство‘, преминувајќи ги границите со членски карти од амбасадата“, рече генералниот секретар на Детската амбасада, Дамјан Стојановски.

Групата ќе замине до 5 март, а целна група се децата на загинатите бранители, деца без родители, од богословското училиште, студенти на Теолошкиот факултет и членови на Детската амбасада. Групата ќе биде испратена со благослов на неговото блаженство, г.г. Стефан. Со одобрение на семејството Проески, децата на гробот на Исус Христос ќе положат маички со ликот на Тоше и осветени ќе си ги земат. По враќањето, делегацијата ќе го посети домот на Проески и вечното почивалиште на Тоше. Проектот е финансиски поддржан од Агенцијата за млади и спорт, како генерален спонзор, Стопанска банка А.Д. Скопје, „Фени индустри“ - Кавадарци и „Кјуби Македонија“. (В.Д.)
Вратете се на почетокот Go down
batbayan
Модератор
Модератор
batbayan


Број на мислења : 1410
Age : 38
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
Други новости во врска со Тоше - Page 16 Left_bar_bleue11 / 10011 / 100Други новости во врска со Тоше - Page 16 Right_bar_bleue

Registration date : 2008-06-11

Други новости во врска со Тоше - Page 16 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Други новости во врска со Тоше   Други новости во врска со Тоше - Page 16 I_icon_minitimeЧет Сеп 24, 2009 7:12 pm

Интервју со председателот на фондацијата „Тоше Проески“

Достојно и оддаваме почит на музичката легенда Останати вести


Имајќи предвид дека концертот во чест на Тоше ќе се одржи на неговиот роденден, 25 јануари, одлучивме сепак да го обележиме и 5 октомври со објавување дивиди од концертот на Тоше од 2007 година одржан на Градскиот стадион

По речиси две години од прераната трагична смрт на Тоше Проески, тагата и неверувањето дека го загубивме сé уште не заминуваат од илјадници срца. Истовремено, неговите обожаватели и поклоници на сите можни начини се заложуваат за продолжување на неговото хумано дело. Сите активности поврзани со името на македонската музичка легенда ги координира меѓународната фондација „Тоше Проески“, која има задача и да ги заштити неговите лик и дело од злоупотреба од многубројни ликови и продукции, мршојадци што преку него се самопромовираат и, се разбира, да ја продолжи неговата хумана мисија.

Деновиве фондацијата реши да го смени датумот за одржување на концертот во чест на Тоше. Минатата година тоа беше 5 октомври, денот на кој македонската и балканска мегаѕвезда последен пат се сретна со армијата обожаватели на Градскиот стадион, сега национална арена „Филип Втори“. Отсега музичкиот хепенинг во негова чест ќе се одржува на денот на неговиот роденден, 25 јануари. Андреј Николоски, извршниот директор на фондацијата, на сите овие теми зборува за „Нова Македонија“.


Што сé направи фондацијата за да ги заштити ликот и делото на Тоше од злоупотреба од нејзиното основање досега?

- Основна програма, цел и задача на фондацијата се заштита и продолжување на ликот и делото на Тоше Проески. Преземени се сите чекори во смисла на законска заштита пред надлежните институции во Македонија и во странство. Нашите активности во овој момент повеќе се сконцентрирани на продолжување на делото на Тоше, а со оглед на хуманитарниот карактер на фондацијата, одејќи по стапките на нашиот хуманитарец, тоа би значело излегување во пресрет и помагање на сите луѓе на кои нашата помош им е потребна за спасување на она што е најдрагоцено, а тоа е животот.


Имате ли контрола над пиратеријата и увид што се случува на црниот пазар?

- По трагичната несреќа на пазарот беа присутни голем број пиратски цедиња, дивидија, меѓутоа во соработка со надлежните институции мислам дека до некаде ситуацијата е подобрена. Морам да споменам дека во овој случај голема улога одигра и свеста на луѓето, кои од почит кон нашиот ангел не ги купуваат тие пиратски носачи на звук и слика.


Дали сте задоволни од својата досегашна работа?

- На адресата на фондацијата секојдневно пристигнуваат разни барања од различни продукции, кои најчесто сакаат да оддадат почит кон нашата најголема музичка ѕвезда преку разни награди, благодарници итн. Нашата цел е на некој начин да ги одделиме оние што се добронамерни и кои немаат некоја заднина за себепромоција и остварување некаква корист. Мислам дека, во најмала рака, успеавме да им излеземе во пресрет на сите добронамерници, иако во некои случаи моравме да интервенираме со помалку популарни мерки пред надлежните институции. Фондацијата ги разгледува со големо внимание и одговара во најкраток можен рок на сите барања и идеи што се поврзани со ликот и делото на Тоше.


Во изминатиов период беа објавени неколку носачи на звук во балканските земји, чија легалност беше спорна. Планирате ли официјално објавување на необјавениот материјал или на дивиди од некој концерт или можеби печатење нови тиражи од распродадените албуми?

- Точно е дека во некои балкански земји во продажба излегоа некои спорни носачи на звук, но, според наше мислење, ќе беше голема штета да се уништи големиот тираж и им беше дозволено да ги дистрибуираат низ музичките продавници. Имајќи предвид дека концертот во чест на Тоше ќе се одржи на неговиот роденден, 25 јануари, одлучивме сепак да го обележиме и 5 октомври со објавување дивиди од концертот на Тоше од 2007 година одржан на Градскиот стадион. Исто така, планирано е официјално објавување нови материјали во наредниот период.


Ќе го смените ли годинава концептот на концертот, со оглед на тоа што илјадниците луѓе што доаѓаат да му оддадат почест на Тоше повеќе би сакале да ги слушаат неговите песни во изведба на неговите колеги, отколку да слушаат долги непотребни говори на луѓе што немаат право да зборуваат за него?

- Искрено, и кај нас постои истата дилема. Се надевам дека во наредниот период слушајќи ги сугестиите на сите добронамерници ќе успееме повторно да го најдеме вистинскиот пат и достојно да и оддадеме почит на нашата ѕвезда Тоше.


Имате ли информации за продажбата на албумот на англиски јазик во европските земји? Се преземаат ли конкретни чекори за неговата тамошна промоција (со оглед дека многу тешко се промовира албум без пејачот)?

- Сé уште немаме точни информации за продажбата на англискиот албум, бидејќи тој е во сопственост на продукциската кука „Аворд“.


http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp...etIzdanie=21795
Вратете се на почетокот Go down
batbayan
Модератор
Модератор
batbayan


Број на мислења : 1410
Age : 38
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
Други новости во врска со Тоше - Page 16 Left_bar_bleue11 / 10011 / 100Други новости во врска со Тоше - Page 16 Right_bar_bleue

Registration date : 2008-06-11

Други новости во врска со Тоше - Page 16 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Други новости во врска со Тоше   Други новости во врска со Тоше - Page 16 I_icon_minitimeВто Окт 13, 2009 11:40 am

СЕКОЈА ПЕСНА ИМА СВОЈА ПРИКАЗНА: КИРЕ КОСТОВ ЗА „КОГА ТЕ НЕМА“ И „ТАЈНО МОЈА“

„Тајно моја“ за малку ќе беше „Кучето мое“

Тоше се договорил со Игор Џамбазов да напише текст во кој ќе се пее за неговото куче, кое го пречекувало кога ќе си дојдел во Крушево, но мелодијата не одговарала на овие стихови

Многу музички ремек-дела за кои времето покажало дека се вистински евергрини се дел од опусот на маестро Кире Костов. Песните се како негови деца, а ако го принудите да избере една што најмногу му лежи на душа, може да му ги повредите чувствата. Сепак, Костов со задоволство прифати да открие како настанале и какви спомени се кријат во нотите на „Кога те нема“ и „Тајно моја“.

Големиот хит што Тоше го пееше на секој концерт и секогаш будеше морници кај публиката, за малку ќе била песна посветена на кучето на Проески. Текстот за „Кучето мое“ го напишал Игор Џамбазов.

- За таа песна сите ме прашуваа што значи „Шушка молика“, особено странците. Во тоа време Тоше учеше во Битола, а моликата расте само на Пелистер и затоа Огнен Неделковски ја стави во текстот. Тоа е песна за неговото детство - открива Костов.

ПЕСНА ЗА ДЕТСТВОТО НА ПРОЕСКИ

Кога Тоше дошол првпат во куќата на Костов тој почнал да му ги свири своите песни. Кога ја отсвирел „Тајно моја“, Тоше скокнал од столот и му рекол дека оваа композиција мора да биде негова.

- Му реков да се смири оти во песната има и фолк елементи, да видиме дали може да испее нешто такво. Се покажа оти е неприкосновен и за македонска народна музика. Кога се договоривме, ме замоли текстот да го направи Игор Џамбазов и се согласив - вели Костов.

Но, Тоше се договорил со Џамбазов да му напише текст во кој ќе се пее за неговото куче, кое го пречекувало кога ќе си дојдел во Крушево.

- Тоше многу ги сакаше кучињата и на Џамбазов му го опишал своето, како го чекало, како му се радувало, како ноќе спиеле заедно, а мајка му не му дозволувала. Нешто во стилот на Балашевиќ беше текстот и навистина испадна одличен. Но, мелодијата воопшто не одговараше на текстот и му кажав на Игор. И денес ме претставува како единствен човек што му одбил текст за песна - се сеќава Костов и додава оти извесно време „Тајно моја“ останала без стихови, но тогаш се сетил на Огнен Неделковски, кој веќе пишувал за Проески.

Со Тоше снимавме цела ноќ

Костов се сеќава дека „Тајно моја“ се снимала цела ноќ во неколку верзии.

- Почнавме околу 23 часот, студиото беше полно со вокалната група и многу инструменти. Беше доцна и му предложив да снимаме утредента. Никако не прифаќаше, беше решен да продолжиме цела ноќ. Снимивме можеби 30 варијанти и утрото си заминавме. Кога се одморивме и ги чувме, ја избравме првата верзија зашто навистина беше најубавата.

Кога со Костов привршувавме со разговорот за Тоше, му заѕвони мобилниот телефон со нотите на Тоше. Во заднина на радио почна да свири „Цреша“. Костов со голема воздишка само рече:

- Ете го Тоше! Да, тој е насекаде околу нас.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=7AEE426C5B3C...F2656FFDBEFD3AD
Вратете се на почетокот Go down
batbayan
Модератор
Модератор
batbayan


Број на мислења : 1410
Age : 38
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
Други новости во врска со Тоше - Page 16 Left_bar_bleue11 / 10011 / 100Други новости во врска со Тоше - Page 16 Right_bar_bleue

Registration date : 2008-06-11

Други новости во врска со Тоше - Page 16 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Други новости во врска со Тоше   Други новости во врска со Тоше - Page 16 I_icon_minitimeСре Окт 14, 2009 2:59 pm

Будимир ќе и прати извршители на Љиља

- Деновиве ќе побараме извршител да ја изврши наплатата. Оставивме простор Љиљана Петровиќ тоа да го направи доброволно, но парите се уште не се уплатени - вели Ненад Јаниќевиќ, адвокат на Будимир

Андријана Будимир деновиве ќе ангажира извршители за да ги наплати 300 000 денари кои Љиљана Петровиќ и ги должи по судска пресуда. Откако после месец и половина, менаџерката на починатиот македонски пејач Тоше Проески, на сметка на Будимир не ги уплати парите, таа најавува дека она што и следува ќе го наплати ангажирајќи извршител.
- Деновиве ќе побараме извршител да ја изврши наплатата. Оставивме простор Љиљана Петровиќ тоа да го направи доброволно, но парите се уште не се уплатени - вели Ненад Јаниќевиќ, адвокат на Будимир.

Со пресудата на Основниот суд Скопје 1, менаџерката на македонската поп-икона Тоше Проески е осудена за сторено кривично дело клевета. На 30 август годинава Апелациониот суд ја одби нејзината жалба, со што до 15 септември таа требаше да исплати 300.000 денари на сметка на Будимир и 500 евра на сметка на државниот буџет. Некогашната ракометарка на македонскиот клуб Ѓорче Петров и блиска пријателка на Тоше, сметаше дека и се нарушени честа и угледот, откако Љиља за медиумите изјавуваше дека Тоше не контактирал со Будимир пред несреќата во која тој го загуби животот. Менаџерката на Тоше за хрватските портали "24 Часа" и "Индекс" тврдеше дека е лага тоа што Будимир го кажала дека Тоше своите последни СМС и ги испратил токму неа. На суд извади листинзи од телефонската сметка на Тоше обидувајќи се да докаже дека последните денови од својот живот не бил во врска со Будимир и не контактирал со неа.

Спротивно на ова, во текот на судењето Будимир до судот го достави и својот мобилен телефон во кој се наоѓаат околу 200 СМС пораки, кои откриваат во каков однос била таа со Тоше Проески. Будимир бараше извинување и отштета од 150.000 евра за нарушен јавен углед.
Откако второстепениот суд во целост ја потврди пресудата на најнискиот суд, адвокатот на Будимир, Јаниќевиќ, посочи дека најголема сатисфаксија за неговиот клиент е што судските институции докажале дека Љиља не ја зборувала вистината.
- Драго ни е и единствена сатисфакција ни е што и второстепениот суд докажа дека Љиљана Петровиќ сторила кривично дело клевета, односно не ја зборувала вистината. Износот кој таа треба да го плати е секундарен. Најважно на Будимир и беше да докаже дека Љиља се служела со невистини - изјави тогаш Јаниќевиќ.

http://vecer.com.mk/?ItemID=8C3C1E6A3F1C06478A51D2F43D2CDBEE
Вратете се на почетокот Go down
Chris
Администратор
Администратор
Chris


Број на мислења : 2179
Age : 34
Локација : СКОПЈЕ
опис: : RBD FAN
Репутација :
Други новости во врска со Тоше - Page 16 Left_bar_bleue11 / 10011 / 100Други новости во врска со Тоше - Page 16 Right_bar_bleue

Registration date : 2008-04-13

Други новости во врска со Тоше - Page 16 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Други новости во врска со Тоше   Други новости во врска со Тоше - Page 16 I_icon_minitimeСаб Окт 17, 2009 3:50 pm

Гопод гледа, и ке и наплати убаво се на Андријана за секој срам кој го нанесе на името на Тоше
Вратете се на почетокот Go down
https://tose-mk.forumakers.com
emi
Член
Член
emi


Број на мислења : 86
Локација : skopje
Репутација :
Други новости во врска со Тоше - Page 16 Left_bar_bleue0 / 1000 / 100Други новости во врска со Тоше - Page 16 Right_bar_bleue

Registration date : 2008-06-21

Други новости во врска со Тоше - Page 16 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Други новости во врска со Тоше   Други новости во врска со Тоше - Page 16 I_icon_minitimeСаб Окт 17, 2009 6:28 pm

se slagam so tebe Chris
Вратете се на почетокот Go down
batbayan
Модератор
Модератор
batbayan


Број на мислења : 1410
Age : 38
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
Други новости во врска со Тоше - Page 16 Left_bar_bleue11 / 10011 / 100Други новости во врска со Тоше - Page 16 Right_bar_bleue

Registration date : 2008-06-11

Други новости во врска со Тоше - Page 16 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Други новости во врска со Тоше   Други новости во врска со Тоше - Page 16 I_icon_minitimeВто Окт 20, 2009 5:48 pm

Љиља Петровиќ пишува биографија за Тоше


За времето од својот живот поминато со Тоше Проески, менаџерката Љиљана Петровиќ пишува автобиографија. Нејзините блиски пријатели велат дека наводно се изолирала во семејната куќа во Ниш, каде што се присетува и го запишува сето она што се случуваше во тој мошне набиен период со настани. Приходи за егзистенција вади од земјоделството и заедно со екипа работници одгледува земјоделски култури.
Љиљана досега не се огласила во однос на ова. По организирањето на меморијалниот концерт предвиден за претстојниот 25 јануари, за датумот на раѓањето на легендата, најави целосно повлекување од јавниот живот.
Два години поминаа без, но и со Тоше. И две години по трагичното загинување на музичката мегаѕвезда Тоше Проески, Македонија и Балканот се во тага по него.
Реки луѓе го посетуваат неговото вечно почивалиште во Крушево. Тие бараат од Црквата дури да ги прекрши каноните и што побргу да го прогласи за светец, поради неговата духовност, верба во Бога, исправните дела што ги направи во својот живот, за хуманоста, за огромната љубов и милосрдие што ја покажа кон секого.

Фановите ја водат битката со времето

Додека за медиумите девојките на Тоше Андријана Будимир и Благица Мицова како и тужбата од Будимир за менаџерката Петровиќ беа главна тема, за фановите на мегаѕвездата, пак, единствено од важност се зборовите што тој ги кажал и песните што им ги отпеа. Нивниот часовник е навиен да го мери времето пред и по Тоше и не даваат покривката на заборавот да падне врз него. Не сакаат да ја прифатат вистината. Тоа за нив би било пораз.
Магијата меѓу нив и Ангелот продолжува во една нова димензија на дружење. Тоа е врска посилна од се, тоа е чиста љубов.
- Ти си тука, се смееш, пееш, ти живееш. Не можам да се помирам со загубата, не сакам. Сепак, времето не лечело се - изјави негова обожавателка.
Фановите направија и еден исклучителен музички преседан каков што никогаш не се случил во светот. На петти октомври, на денот кога тој го имаше последниот концерт во Скопје, сами се собраа спонтано и го исполнија скопскиот плоштад, ги слушаа и ги пееја неговите песни. Му светеа со мобилни телефони, му направија ѕвездено небо. Потоа единствената ѕвезда која таа вечер со красеше небото ја крстија по него, а сертификатот со координатите им ги однесоа на родителите.
Од друга страна, ги револтира недоаѓањето на неговите колеги на плоштадот. Остри се нивните критики по најавата дека необјавени песни кои ги компонирал Тоше ќе бидат дадени на изведба на повеќе пејачи.
- На петти октомври се виде што сакаме ние, а тоа се неговите песни и ништо друго. Дајте ни ја да ја слушаме музиката што ја компонирал. За нас само таа има бесценета вредност. Никој не заслужува да испее негова песна - пишуваат на своите форуми.
И минатата година, на Градскиот стадион во негова чест владата направи скап музички спектакл, на кој настапија пејачи од Балканот и пошироко, а непланирано на сцена излета и една водителка. На овој концерт со хуманитарен карактер се оствари нов рекорд во собрани средства од телефонски јавувања. Ама, се зборува дека поголем број од присутните министри ветиле, а не ги платиле своите билети. Околу педесетилјадна публика тогаш го исвирка и премиерот зашто излезе да земе награда за хуманост што му ја додели фондацијата „Тоше Проески“, веројатно сметајќи дека таква награда со полно право заслужува само нивниот идол.

Инспирација за добри дела

Луѓето од сите страни на светот донираат пари за доизградба на манастирот „Свето Преображение“ во кој вложуваше Тоше и за кој изјави дека и по се тој ќе заврши таму. Празникот на манастирот, 18 август, веќе го слават и како ден на Тоше.
Добрината на Тоше е инспирација за многу хумани дела на членовите на неговиот фан-клуб. И во Сиднеј, на 28 август годинава македонските иселеници организираа хуманитарен бал.
Од собраните 12.000 долари, половина сума ја определија за потребите на Мајчин дом во Битола, а половина за Детската клиника во Скопје. Овој бал осум месеци волонтерски го подготвуваа Венера Стојановски и Сузан Лајмановски, а Сузан пред тоа дури допатувала кај семејството за да побара дозвола за одржување на балот. Песни од Тоше пееја групата „Деспина“ и пејачите Благојче Стојановски, Зоки Стаменкоски, Баге и Љупчо Ангелевски од Мелбурн, а Љупчо со сопругата Сузи донираа средства за изградба на нова кујна во „Свето Преображение“ .

Се за љубовта

Пред неколку дена, околу црквичето и црешата во близина на неговото почивалиште, негови пријателки од Скопје засадија 420 темјанушки. Истите тие во Скопје поставија билборд, кој една недела ќе биде изложен кај кружното паркче на градскиот плоштад, каде што фановите вечерва ќе палат свеќи.
Многу уметнички дела се направија инспирирани од Тоше, а голем дел од нив уметниците ги однесоа во неговиот дом.
На крушевско Гумење, во тек е изградбата на меморијален центар во кој ќе бидат изложени негови предмети, а во близина на почивалиштето ќе се гради црква каква што сакаше Тоше.
Владата го асфалтира неколкукилометарскиот пат што води до манастирот. Единствена црна дамка беа локалните власти и градоначалникот на Крушево, кој само неколку дена откако дојде на власт, без јасна визија за иднината го сруши одбојкарското игралиште каде што играа Тоше и крушевчани, место кое за многумина е свето.


Медиумите не стивнуваат


Откако Балканот го изгуби својот миленик, тој сруши рекорди во слушаност, во освојување први места на топ-листите насекаде
На почивалиштето на Тоше на неговите помени беа присутни и новинарски екипи, а често доаѓаа и колеги од естрадата. Некои од нив брза да фатат место пред камерите, а на некои дури и менаџерите им договараа со новинарите да даваат изјави на почивалиштето, сметајќи дека на тој начин ќе ги придобијат фановите на Тоше. Но...


Возачот го мачи преголема болка


Тоше загина во сообраќајка под се уште неразјаснети околности. Како виновен се посочува возачот Ѓорѓе Ѓорѓиевски, кој со голема брзина удрил во камионот пред него и ја предизвикал трагедијата. Во џипот „туарег“ со нив беше и менаџерката Љиља Петровиќ.
-Ѓорги има многу што да каже, но неговата здравствена и психо-физичка состојба се уште е многу лоша. Секојдневно се соочува со преголема болка од оваа голема лична загуба и не е во состојба да проговори, вели неговата адвокатка Силвија Џилвиџиева.
Денеска во 17 часот, во Соборниот храм во Скопје ќе се одржи молитва за Тоше, како и во многу други цркви на Балканот и пошироко. Од Нова Градишка, во Хрватска, местото каде што Тоше на 16 октомври 2007 во 6.20 часот го изгуби животот, и оваа година, како и минатата, токму во тоа време тргнаа маратонци на почесен маратон, а маршрутата ќе заврши утре во Крушево.
- Само ако Бог ми вети дека ќе те врати, и јас би трчала најмило мое и до Месечината за тебе - вели една млада девојка, почитувачка на неговото дело.

http://www.radiomk.com/index.php?categoryid=1&p2_articleid=1918
Вратете се на почетокот Go down
batbayan
Модератор
Модератор
batbayan


Број на мислења : 1410
Age : 38
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
Други новости во врска со Тоше - Page 16 Left_bar_bleue11 / 10011 / 100Други новости во врска со Тоше - Page 16 Right_bar_bleue

Registration date : 2008-06-11

Други новости во врска со Тоше - Page 16 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Други новости во врска со Тоше   Други новости во врска со Тоше - Page 16 I_icon_minitimeСре Ное 11, 2009 9:35 pm

http://www.exclusive.com.mk/article_item.asp?artid=24382

Клик на плејер и глеј !
Вратете се на почетокот Go down
batbayan
Модератор
Модератор
batbayan


Број на мислења : 1410
Age : 38
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
Други новости во врска со Тоше - Page 16 Left_bar_bleue11 / 10011 / 100Други новости во врска со Тоше - Page 16 Right_bar_bleue

Registration date : 2008-06-11

Други новости во врска со Тоше - Page 16 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Други новости во врска со Тоше   Други новости во врска со Тоше - Page 16 I_icon_minitimeВто Ное 17, 2009 5:31 pm

Зоран Фаци: Ерик Фокс ми вети ексклузивни материјали


Авторот и водител на „Фаци“ Зоран Василевски ни открива дека радиоводителот Ерик Фокс од Антена 5 му ветил ексклузивни снимки од Тоше.

- Нашиот Тоше беше едноставен, полн со позитивна енергија, искрен и побожен. Многу ја сакав соработката со него. Ако Бог даде, ќе ги пуштам во етер ексклузивните материјали што ми ги вети Фокс - открива Зоран.

За Тоше го врзуваат многу спомени и два ексклузивни подароци -бројаницата со крст, која му ја донел од Ерусалим и очилата за сонце „Долче и Габана“.

- На белите очила ми се скрши рачката и, за жал, во оптиките никој не се нафати да ми ја направи, а бројаницата ја чувам закачена на ѕидот од мојот дом. Се сеќавам кога заминуваше за Ерусалим му земав телефонска изјава и на шега му реков да ми купи крст бидејќи собирам крстови и во мојата колекција имам некаде околу 80. На промоцијата на албумот „Игри без граници“ во „Александар палас“ Тоше ми ја тутна во раце. Останав збунет. Таа бројаница ретко ја носам - со тага во гласот зборува Василевски.

Со Тоше, а и со неговата менаџерка Љиљана Петровиќ имале одлична соработка. Првото кое ги зближило било љубовта кон животните, а почнале да соработуваат кога Тоше го купил првиот миленик - сибирски самојед.

-Секогаш беше искрен со нас новинарите. Тој ја разбираше професијата новинар и комуникацијата пејач - естраден новинар.

Зоран се сеќава јасно и на патувањата со Тоше. Пред очи му излегува концертот во Белградска арена и неговиот невиден триумф на Хвар.

- Во суштина јас тогаш сфатив колку Тоше е голема ѕвезда надвор од границите на Македонија. Додека го чекавме траектот во Сплит на пат за островот Хвар река обожаватели чекаа за автограм. Јас дури и го прашав како има нерви за сето тоа. Но тој едноставно живееше за неговите фанови. На Хвар имаше прес-конференција со педесетина новинари од повеќе медиуми од Балканот. Тоше ги замоли присутните да дадат аплауз за нас македонските новинари, кои отидовме таму само за него, се потсетува Зоран.


Многу се израдувал кога видел дека е дел од документарецот „Најтешкото нешто“, со снимката во која на Тоше на Хвар му правел интервју.

- Се сеќавам на неговата изјава: „Јас сум Македонец и тоа ќе останам“. За мене е голема чест што на некој начин влегов во историјата на толку голема ѕвезда - вели водителот и додава дека песната „Игри без граници“ ќе го следи во текот на целиот живот. Се пронашол себеси во оваа песна, во стиховите, во секоја нота.
Вратете се на почетокот Go down
batbayan
Модератор
Модератор
batbayan


Број на мислења : 1410
Age : 38
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
Други новости во врска со Тоше - Page 16 Left_bar_bleue11 / 10011 / 100Други новости во врска со Тоше - Page 16 Right_bar_bleue

Registration date : 2008-06-11

Други новости во врска со Тоше - Page 16 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Други новости во врска со Тоше   Други новости во врска со Тоше - Page 16 I_icon_minitimeСре Ное 18, 2009 10:42 am

Охрид ќе засади 26 цреши во чест на Тоше Проески

Општина Охрид во паркот пред хотелот „Милениум“ ќе оформи хортикултурна целина на која ќе бидат засадени 26 садници јапонска цреша, во спомен на Тоше Проески. Со овој потфат градот Охрид ќе се вброи меѓу неколку градови во Македонија кои ја прифатија идејата на ЈП „Македонски шуми “ за засадување на ова украсно дрво во чест на легендарната македонска ѕвезда.

- Оваа идеја ја прифати градоначалникот Петрески, а конкретно ке биде реализирана од ЈП „Охридски Комуналец“ во наредниов период, поточно во време кога ке бидат поволни условите за засадување садници. Оваа иницијатива има за цел легендарниот Тоше и неговата прекрасна музика да остане за навек во сеќавањето на охриѓани. Бројот на засадените цреши симболично ќе го искаже бројот на години што ги имаше Тоше кога загина во сообраќајната несреќа во Хрватска. –се вели во соопштението на Општина Охрид.

Изборот за засадување на цреша, има за цел симболично да ги овековекови незаборавни стихови на Тоше во песната Цреша.
http://ohridnews.com/index.php?mod=1&kat=4&id=16986
Вратете се на почетокот Go down
batbayan
Модератор
Модератор
batbayan


Број на мислења : 1410
Age : 38
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
Други новости во врска со Тоше - Page 16 Left_bar_bleue11 / 10011 / 100Други новости во врска со Тоше - Page 16 Right_bar_bleue

Registration date : 2008-06-11

Други новости во врска со Тоше - Page 16 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Други новости во врска со Тоше   Други новости во врска со Тоше - Page 16 I_icon_minitimeСре Ное 25, 2009 10:10 pm

(ШПИЦ - Ѕвезди / среда, 25.ноември 2009. / Валентина Ѓоргиевска)


Името на Тоше го краси и Паркот на пензионерите

Амблем со името на Тоше од мирисни каранфили, во Паркот на пензионерите насадија петмина пензионери.

Овој парк се простира на 1.500 квадратни метри, до тениското игралиште во Аеродром,
од левата страна на реката Вардар. Формиран е во 2002. година.

- Во знак на почит кон Тоше засадивме бели каранфили со четирите букви од Неговото име.

Тие изгледаат прекрасно кога ќе расцутат напролет - ни објаснува Александар Стојанов, единствениот од петмината пензионери кој остана да го одржува паркот.

Од деветти мај оваа година средувањето на цвеќињата и целата ботаника овде е во негови раце, а сега се вика Парк на доброволци и донатори.

- Паркот, од Град Скопје, се закити со награда за најдобро уреден - ни раскажа Јован Мазгански, официјален претставник, кој бил во жири-комисијата што ја доделила наградата.


http://www.spic.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=1&EditionID=1007&ArticleID=39045


(ПС : амблем на Паркот е „2002 ТОШЕ“, ја означува годината кога неколку активисти започнаа да го уредуват просторот и пиетет кон прерано згаснатата ѕвезда...
Вратете се на почетокот Go down
batbayan
Модератор
Модератор
batbayan


Број на мислења : 1410
Age : 38
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
Други новости во врска со Тоше - Page 16 Left_bar_bleue11 / 10011 / 100Други новости во врска со Тоше - Page 16 Right_bar_bleue

Registration date : 2008-06-11

Други новости во врска со Тоше - Page 16 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Други новости во врска со Тоше   Други новости во врска со Тоше - Page 16 I_icon_minitimeПет Ное 27, 2009 4:09 pm

Јапонски цреши во чест на Тоше Проески

На иницијатива на ЈП „Македонски шуми“ денеска напладне во 32 града на Република Македонија, во чест на прерано загинатата македонска и балканска ѕвезда Тоше Проески, ќе бидат засадени по 26 садници од јапонска цреша, како симбол на неговите 26 години живот, на неговата младост, ентузијазам и убавина

Во дописот кој јавното претпријатие го проследи до Заедницата на единиците на локална самоуправа препорака е садниците да се засадат во градските паркови и да формираат хортикултурна целост.
Генералниот директор на ЈП „Македонски шуми“ Жарко Караџоски, претставници на јавното претпријатие, градоначалникот на Крушево Василчо Дамчевски, претставници на Фондацијата „Тоше Проески“, вработени во ПШС „Липа“ Крушево, во рамките на акцијата „Засади цреша за Тоше“ ќе засадат 26 цреши во Крушево, кај манастирот „Св. Преображение“.


http://kirilica.com.mk/vest.asp?id=37673
Вратете се на почетокот Go down
batbayan
Модератор
Модератор
batbayan


Број на мислења : 1410
Age : 38
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
Други новости во врска со Тоше - Page 16 Left_bar_bleue11 / 10011 / 100Други новости во врска со Тоше - Page 16 Right_bar_bleue

Registration date : 2008-06-11

Други новости во врска со Тоше - Page 16 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Други новости во врска со Тоше   Други новости во врска со Тоше - Page 16 I_icon_minitimeСре Дек 02, 2009 12:26 am

Во продажба Best of албум на Тоше Проески

Дискографската куќа Хит рекордс од Загреб, во пресрет на божикните и новогодишните празници, деновиве го објавува новото CD на балканската мега-ѕвезда Тоше Проески. Станува збор за Best of колекција, која содржи 16 хитови, како Чија си, Дан за нас, Пратим те, Још и данас замириши трешња, Једина, Лагала нас мала (дует со Тони Цетински)..., како и две традиционални теми: Зајди, зајди и Јовано Јованке.

За хрватскиот дискографски пазар Хит рекордс ги објави следниве албуми на Тоше Проески: Ако ме погледаш у очи, Игра без граница и The Hardest Thing, како и актуелново live DVD од последниот концерт на Градскиот стадион во Скопје.

Ова посебно издание, всушност е и прва компилација на Тоше Проески во вистинска смисла на зборот, бидејќи претходните на Хај-Фај центар и Сити рекордс од Белград, или беа оспорувани, или не беа на ниво какво го заслужува Тоше.

Освен во сите подобро опремени продавници за носачи на звук во Хрватска, Best of Тоше Проески може да се најде и во ДМ маркетите, како и во дуќаните на Хит рекордс...

http://mmm.com.mk/?ItemID=B41194C7FD24DE4A90EF9DDA5ED7D8FC
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





Други новости во врска со Тоше - Page 16 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Други новости во врска со Тоше   Други новости во врска со Тоше - Page 16 I_icon_minitime

Вратете се на почетокот Go down
 
Други новости во врска со Тоше
Вратете се на почетокот 
Страна 16 of 20Отиди на страна : Previous  1 ... 9 ... 15, 16, 17, 18, 19, 20  Next
 Similar topics
-
» The Hardest Thing --- PROMOCIJA

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
 :: Пишани и Електронски медиуми :: Новости-
Отиди до: