Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeLatest imagesБарајРегистрирајте сеВлез

 

 ХОЛИВУД ЌЕ СНИМА ФИЛМ ЗА ТОШЕ

Go down 
2 posters
АвторПорака
aleksandra
Активен
Активен
aleksandra


Број на мислења : 1601
Age : 41
опис: : R.I.P. TOSE
Репутација :
ХОЛИВУД ЌЕ СНИМА ФИЛМ ЗА ТОШЕ Left_bar_bleue18 / 10018 / 100ХОЛИВУД ЌЕ СНИМА ФИЛМ ЗА ТОШЕ Right_bar_bleue

Registration date : 2008-05-23

ХОЛИВУД ЌЕ СНИМА ФИЛМ ЗА ТОШЕ Empty
ПишувањеПредмет: ХОЛИВУД ЌЕ СНИМА ФИЛМ ЗА ТОШЕ   ХОЛИВУД ЌЕ СНИМА ФИЛМ ЗА ТОШЕ I_icon_minitimeЧет Jул 10, 2008 4:48 am

ХОЛИВУД ЌЕ СНИМА ФИЛМ ЗА ТОШЕ 32d17710
Ласто Николовски, копродуцент на англискиот албум на Проески говори за иднината на музиката на балканскиот музички крал

пишува: СИЛВАНА ЖЕЖОВА
s.zezova@globusmagazin.com.mk

Ласто Лаки Николовски е првиот човек на продукција "Аворд"и сопственик на "Лилја ателје" со седиште во Љубљана. Оваа словенечка фирма е главниот сопственик на правата за англискиот албум на Тоше. Продуцентската куќа "Пипл ин моушн", чиј сопственик е Брајан Тејлор, е претставник на англискиот проект за светско ниво. Ласто неделава повторно ќе замине во Лондон за да ги продолжи преговорите околу објавување на англискиот материјал на Тоше. Се' уште е неизвесно што ќе биде објавено: макси-сингл со дуетот со Џана Нанини на 25 јануари, албум кој ќе излезе во септември 2008 година на кој Стинг на англиски ќе ја препее "Игри без граници" или ќе се снима филм и со него ќе се објави албумот во 2009 година.

Неодамна бевте во Лондон, се сретнавте со Брајан Тејлор, сопственикот на продуцентската куќа "Пипл ин моушн" во чија копродукција е снимен англискиот албум на Тоше Проески. Конкретно, за што разговаравте?

-Јас и адвокатот на Тоше се сретнавме со Чарлс Ло, Брајан Тејлор, Енди Рајт разговаравме за албумот и што ќе се случува понатаму. Прво прашање кое ни го поставија беше зошто студиската снимка од Тоше и Џана Нанини се пушта во македонските медиуми. Со тоа практично го нарушивме договорот што го имавме. Испративме официјално писмо до медиумите и баравме да не ја пуштаат, бидејќи директно штетат на договорот. Нејсе, разговаравме за тоа како ќе одиме напред. Во моментов имаме осум мастер-песни, од нив четири се од Енди Рајт, кој е продуцент на "Симпли ред", "Квин" и некои други попознати пејачи од осумдесеттите, а другите се на Хектор Вејн, кој во неговата кариера, иако е млад, има направено педесетина светски хита. Но, исто така, има и четири демо-песни од Енди Рајт кои се компонираа кога бевме во Јамајка. Кога го немаме изведувачот, многу е тешко да се пенетрира на западниот пазар, па се бараа начини на функционирање. Првата опција е да се издаде макси-сингл што ќе го содржи аудио и видеодуетот со Џана Нанини. Овде би била сместена истата арија, но само во изведба на Тоше со тоа што дел од аранжаманот од оригиналниот дует со Џана би претрпел некои измени. Доколку се определиме за оваа опција, цедето треба да се пласира на италијанскиот и на балканскиот пазар и би требало да излезе на 25 јануари кога беше роденденот на Тоше. Во овој случај имаме нерешена ситуција затоа што Џана има потпишано договор со "Универзал" и, без разлика што не станува збор за цел проект туку половина, потребна е дозвола од нивниот менаџмент. Дури и да одобрат, времето е кратко за да се стигне до датумот што го спомнавме. Што се однесува до албумот, менаџментот од Англија предложи тој да се докомплетира, односно освен осумте мастери да се доработат уште четирите песни. Постои идеја која е прифатена и од Енди Рајт, а тоа е "Игри без граници" да се преведе на англиски, да претрпи мали измени и да одиме на состанок кај Стинг кого би го убедиле да ја изведе. Зошто го правиме ова? Затоа што Тоше ја сакаше таа песна, го почитуваше Стинг, но и сме доволно моќни за да седнеме на маса и да го убедиме. Доколку на тие дванаесет песни ја додадеме и оваа со Стинг, тогаш ни се отвораат можности албумот да го пласираме на англискиот и на американскиот пазар.Третата опција е, Пол и Стивен Брукс, кои се сопственици на холивудска фирма и се во филмската индустрија, во Америка да обезбедат доволно буџет за да снимаат филм за Тоше Проески, кој ќе биде наменет пошироко од Балканот. Во овој случај албумот нема да излезе, туку ќе оди во пакет со филмот. Морам да кажам дека сите овие варијанти висат во воздух, бидејќи сме во тек со преговорите. Што значи, имаме евентуален макси- сингл на 25 јануари, евентуален албум во септември-октомври 2008 или филм и албум во 2009 год. Лично навивам за втората опција, бидејќи на Тоше ќе му се направеше голем мерак.

ТОШЕ МОЖЕБИ ЌЕ СНИМАШЕ ДУЕТ СО БИЈОНСЕ

ХОЛИВУД ЌЕ СНИМА ФИЛМ ЗА ТОШЕ 744fc310
Дали фирмата "Лилја ателје" од Словенија го има ексклузивното право на англискиот албум?

- Да, сите финансиски трансфери за албумот одеа преку таа фирма.Тука се наметнува прашањето зошто не "Аворд", зошто словенечка фирма? Затоа што во Словенија, која е европска земја, постојат други правила на игра.Таму заштитата на авторските права е на високо ниво и се надевам дека Македонија како држава ќе го достигне нивото трудот на уметниците да биде заштитен и валоризиран.

Вие стапивте во контакт со Брајан Тејлор и на тој начин го направивте првиот чекор во освојувањето на европскиот пазар?Дали средбата со овој продуцент ја остваривте по препорака на македонската амбасада во Лондон?

- Точно е дека македонската амбасада во Лондон го препорача Брајан Тејлор. Тие сметаа дека Тејлор, кој беше пи-ар на Ем-Ти-Ви за Англија, е компетентен да го преземе Тоше во негови раце и да направи негова кариера таму. Го побаравме, стапивме во контакт и му дадовме материјали. На почетокот луѓето од Ем-Ти-Ви настапија арогантно за по неколку недели да ни се јават и да не' повикаат на разговори. Инаку, Брајан Тејлор е поранешен атлетичар и репрезентативец на Англија, имал бурно детство исполнето со музика, бидејќи неговиот татко свиреше за Боб Марли и се познава со многу личности од светот на музиката.Тој живее во Лондон, а татко му во Јамајка каде што му бевме на гости кога Тоше снимаше со Енди Рајт.

Конкретно што работевте на Јамајка, дали снимавте спот?

- Не, не снимавме спот, туку беа снимени многу кадри. Поседуваме студиски снимки од Енди Рајт и Тоше, а имаме материјал од 20-30 касети кој треба да се прегледа, измонтира и искористи. Се снимаа неколку песни кои подоцна се досредуваа во Лондон.

Вистина ли е дека постоеја преговори со продуцентската куќа "Мјузик ворлд ентертејнмент" за дует на Тоше со Бијонсе?

- а, преговорите беа водени со Жан Пол,кој е менаџер на "Мјузик ворлд ентертејнмент" со претставништво во Лондон. Сопственик на оваа продуцентска куќа е татко и'на Бијонсе. Се преговараше за евентуален концерт на Тоше и Бијонсе во Загреб,затоа што нашиот пејач беше почитуван и сакан таму, а Бијонсе,пак,сакаше преку Хрватска повеќе да го освои Балканот. Сумата што ја бараа беше огромна, но се преговараше така што не знаеме што ќе се случеше.

Постоеја ли изгледи за други музички активности на Тоше?

- Тој требаше да пее на саундтракот за филм со Леонардо ди Каприо. Имаше добри изгледи ова да се оствари, бидејќи режисерот на филмот ги доби англиските материјали од Тоше и беше заинтересиран. Неговиот хонорар ќе изнесуваше стотина илјади долари и овде, всушност, требаше да бенифицираме од трудот што го вложувавме во него за овие неколку години. Тој требаше да снима саундтрак и за серијата "Херои".

АЛБУМИТЕ НА ТОШЕ ГИ ФИНАНСИРАВ ОД СРЦЕ

ХОЛИВУД ЌЕ СНИМА ФИЛМ ЗА ТОШЕ B3b8a810
Доколку Стинг се согласи да ја препее „Игри без граници“, тоа значи дека албумот со дванаесет композиции ќе се пласира на американскиот и англискиот пазар

Дали продукцијата "Аворд"ќе организира концерт во чест на Тоше?

- Во продукција "Аворд"не постои идеја за концерт во чест на Тоше. Да, треба да се одбележи, но немаме ништо конкретно. Слушнав дека Здравко Чолиќ, Цеца, Џибони,Тони Цетински сакаат да прават хуманитарни концерти, но освен менаџерот на Здравко, другите не се обратиле кај нас во "Аворд". Но никој нема право да одлучува за тие хуманитарни концерти освен неговите родители. Каде ќе одат хуманитарните средства, сепак, треба да одлучи Координативното тело.

Како се случи соработката со Тоше и Вашето финансирање на неговиот англиски албум?

- Не само англискиот, јас ги финансирав и "Игри без граници""По тебе", "Божилак" . Првпат со Лилјана Петровиќ се запознав кога беше концертот на Цеца Ражњатовиќ. Таа ја донесе Цеца во Скопје, а ние го организиравме концертот и тогаш, всушност, дојде идејата за соработка.

Каде живеете во Скопје или во странство?

- Живеам во Скопје, Германија, Дубаи, Лондон...

Покрај тоа што сте сопственик на продукција "Аворд", со што друго се занимавате?

- Бев сопственик на "Еколог", фирма која соработуваше со министерствата за одбрана од силите НАТО и работевме на поствоени територии. Го продадов мојот дел, бидејќи се патуваше по многу земји, а животот бргу поминува.Имам три деца, најстарото има седум години и веќе се во период во кој разбираат, имаат многу прашања на кои треба да им се одговори и сакам да им се посветам повеќе на нив. Низ призмата на фирмите што ги имам во Скопје, а кои работат, помалку работат или воопшто не работат, обезбедувам за живеење.

Музиката во лаптопот на Тоше

Ќе видиме дали може да се искористи таа музика

- Славен, зетот на Тоше,ми кажа дека има некои работи снимени на неговиот лаптоп, но не знам дали можат да се искористат. Музиката снимена на компјутер не може да се дели на канали, модифицира, уништува или се прави нова, бидејќи доаѓа како бран и не може да се оддели гласот од аранжманите. Има две снимки што ми ги донесоа Хрватите и на кои е гласот на Тоше. Изведена е композиција која може да се употреби, бидејќи е расчленета и може да се модифицира и употребува. Тоше еднаш ми покажа цеде од негови песни кои ги правел во рок-стил и кои навистина беа добри.
Вратете се на почетокот Go down
aleksandra
Активен
Активен
aleksandra


Број на мислења : 1601
Age : 41
опис: : R.I.P. TOSE
Репутација :
ХОЛИВУД ЌЕ СНИМА ФИЛМ ЗА ТОШЕ Left_bar_bleue18 / 10018 / 100ХОЛИВУД ЌЕ СНИМА ФИЛМ ЗА ТОШЕ Right_bar_bleue

Registration date : 2008-05-23

ХОЛИВУД ЌЕ СНИМА ФИЛМ ЗА ТОШЕ Empty
ПишувањеПредмет: Re: ХОЛИВУД ЌЕ СНИМА ФИЛМ ЗА ТОШЕ   ХОЛИВУД ЌЕ СНИМА ФИЛМ ЗА ТОШЕ I_icon_minitimeЧет Jул 10, 2008 4:53 am

....оваа е постара информација...но бидејќи ја нема во форумот ја поставив.... ХОЛИВУД ЌЕ СНИМА ФИЛМ ЗА ТОШЕ 883767
Вратете се на почетокот Go down
cherry
Администратор
Администратор
cherry


Број на мислења : 1127
Age : 42
Локација : Далеку од тебе
Репутација :
ХОЛИВУД ЌЕ СНИМА ФИЛМ ЗА ТОШЕ Left_bar_bleue6 / 1006 / 100ХОЛИВУД ЌЕ СНИМА ФИЛМ ЗА ТОШЕ Right_bar_bleue

Registration date : 2008-05-02

ХОЛИВУД ЌЕ СНИМА ФИЛМ ЗА ТОШЕ Empty
ПишувањеПредмет: Re: ХОЛИВУД ЌЕ СНИМА ФИЛМ ЗА ТОШЕ   ХОЛИВУД ЌЕ СНИМА ФИЛМ ЗА ТОШЕ I_icon_minitimeПон Jул 14, 2008 9:42 am

aleksandra напиша:
....оваа е постара информација...но бидејќи ја нема во форумот ја поставив.... ХОЛИВУД ЌЕ СНИМА ФИЛМ ЗА ТОШЕ 883767

Да, ова е постара информациja и мислам дека заслужува да биде спомната и на форумов. Гледам никоj не коментира и затоа темава ќе ja заклучам се додека не се дознае нешто ново во врска со филмот.
Вратете се на почетокот Go down
https://tose-mk.forumakers.com
Sponsored content





ХОЛИВУД ЌЕ СНИМА ФИЛМ ЗА ТОШЕ Empty
ПишувањеПредмет: Re: ХОЛИВУД ЌЕ СНИМА ФИЛМ ЗА ТОШЕ   ХОЛИВУД ЌЕ СНИМА ФИЛМ ЗА ТОШЕ I_icon_minitime

Вратете се на почетокот Go down
 
ХОЛИВУД ЌЕ СНИМА ФИЛМ ЗА ТОШЕ
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1
 Similar topics
-

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
 :: Форум :: Околу форумот-
Отиди до: