Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeLatest imagesБарајРегистрирајте сеВлез

 

 The Hardest Thing --- PROMOCIJA

Go down 
+10
emi
stefi_18
ElizaBeta
rozeta193
LudaMala
Tanja
Tvojata senka
batbayan
aleksandra
cherry
14 posters
Отиди на страна : Previous  1, 2, 3, 4  Next
АвторПорака
Tanja
Член
Член
Tanja


Број на мислења : 593
Age : 36
Локација : Skopje, Makedonija
опис: : TOSE TE SAKAME I KE TE SAKAME ZASEKOGAS!
Репутација :
The Hardest Thing --- PROMOCIJA - Page 3 Left_bar_bleue2 / 1002 / 100The Hardest Thing --- PROMOCIJA - Page 3 Right_bar_bleue

Registration date : 2008-06-06

The Hardest Thing --- PROMOCIJA - Page 3 Empty
ПишувањеПредмет: Re: The Hardest Thing --- PROMOCIJA   The Hardest Thing --- PROMOCIJA - Page 3 I_icon_minitimeСаб Јан 24, 2009 3:43 pm

Промоција на албумот „The Hardest Thing“

Роденденот на починатата македонската музичка легенда Тоше Проески денеска ќе биде одбележан со промоција на новиот албум на англиски јазик „The Hardest Thing“, што ќе се одржи во Домот на АРМ во Скопје.

Албумот, што се промовира за 28-те години од раѓањето на Тоше, е со првичен тираж од околу 150.000 примероци за пазарите во Македонија, Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина и Словенија.
Покрај насловната „The Hardest Thing“, промовирана минатата година на Хрватскиот радиски фестивал, „Арија“ – дуетот со италијанската пејачка Џана Нанини и дуетот со неговиот внук Кристијан (My Little One), што беше промовиран на концертот за Тоше во Скопје, албумот ќе содржи и други песни непознати за јавноста. Тие се снимени во Лондон, Јамајка и Ирска, во соработка со англискиот композитор Енди Рајт и требаше на Тоше да му ги отворат вратите на светската кариера. Албумот во наредната седмица ќе биде промовиран и во Белград, Загреб и Сараево.

Фановите на Тоше од шест земји во декември со гласање на интернет ја избраа и обвивката за осмиот, постхумно објавен албум, меѓу четирите понудени. Дизајнирана е од Жарко Стојановски, на неа е ликот на Тоше, а во темно сина позадина е Крушево во ноќ и небо на кое симболично се истакнува една, најсјајна ѕвезда.

„The Hardest Thing“ уште денеска ќе биде пуштен во продажба, а од 12 февруари во киносалите во регионот ќе почне да се прикажува документарен филм за Тоше.

Во чест на роденденот вчера во родниот град на македонската музичка легенда беше поставен камен-темелник за спомен-домот со кој се втемелува бесмртноста на неговиот лик и дело. Во спомен-куќата ќе бидат сместени сите лични работи на Тоше од неговиот живот и кариера. Објектот ќе биде на две нивоа со вкупна површина од 1.200 метри квадратни. За изградбата се вложени околу 2,5 милиони евра. Се очекува да биде завршен за една година, а внатрешно целосно да биде уреден за година и пол кога се планира да биде отворен и за посетители.

Тодор Проески (1981-2007) загина во сообраќајна несреќа на пат кон Загреб, во близина на Нова Градишка, на 16 октомври 2007 година. За една деценија стекна слава на голема музичка ѕвезда и стана идол на публиката од сите поранешни југословенски републики и пошироко на Балканот. Зад себе ги остави албумите: „Некаде во ноќта“ (1999), „Синот Божји“ (2000), „Ако ме погледнеш во очи“ (2002), „Ден за нас“ (2004), „По тебе“ (2005), „Божилак“ (2006) и „Игри без граници“ (2007). Покрај музичката големина и талент, Тоше останува запаметен и по своите хумани дела, за што оправдано ја носеше титулата амбасадор на УНИЦЕФ. Последниот негов незаборавен концерт, на 5 октомври 2007 на Градскиот стадион во Скопје, имаше токму таква мисија.

http://www.idividi.com.mk/zabava/Showbiz/499693/index.html

PORADI TOA STO JA IMASE ISTATA STATIJA TAA E ZAMENETA SO DRUGA.


Последната промена е направена од Tanja на Нед Јан 25, 2009 1:23 pm. Мислењето е променето 2 пати.
Вратете се на почетокот Go down
http://www.tose-mk.forumakers.com
batbayan
Модератор
Модератор
batbayan


Број на мислења : 1410
Age : 38
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
The Hardest Thing --- PROMOCIJA - Page 3 Left_bar_bleue11 / 10011 / 100The Hardest Thing --- PROMOCIJA - Page 3 Right_bar_bleue

Registration date : 2008-06-11

The Hardest Thing --- PROMOCIJA - Page 3 Empty
ПишувањеПредмет: Re: The Hardest Thing --- PROMOCIJA   The Hardest Thing --- PROMOCIJA - Page 3 I_icon_minitimeПон Јан 26, 2009 12:04 am

Тоше Проески „The Hardest Thing“ во Домот на Армијата во Скопје.

Овој албум содржи 10 песни, носечката „The Hardest Thing“, за неа има снимено и спот на Јамајка. Уште две песни од овој албум се познати за нашата јавност, песната која Тоше ја отпеа во дует со својот внук „The Little One“, но и песната која ја отпеа со познатата италијанска пејачка Џана Нанини.

Овој албум од денеска е во продажба, а веќе од утре ќе се најде и на пазарите во сите екс Југославија, секаде онаму каде што Тоше постигна огромен успех и покажа како треба да се пее и како треба всушност и да се живее.

Покрај промоцијата на албумот, вечерва во Домот на Армијата ќе биде и промоција на документарниот филм за Тоше Проески на режисерот Бостјан Слатеншек.

Зошто филм за Тоше?

„Филм за Тоше беше всушност идеја на Тоше. Го снимија тој филм заедно со тој албум. Таа идеја толку ми се допаѓаше бидејќи Тоше беше толку голема ѕвезда и толку познат, така што бев презадоволен пресреќен што можев да работам на тој филм“, изјави Слатеншек.


Слатеншек: Ваква можност во животот се има само еднаш


„Овој филм е сниман во два наврати. Во првиот филмот беше сниман кога Тоше ги правеше своите песни на Јамајка и во Лондон, а во вториот, снимавме после трагедијата. Снимавме во Лондон, во Стокхолм, на Дубаи, во Скопје и во Дубровник, а временски, во последната половина година работевме само на тој проект, но снимањето беше и многу пред тоа, додека Тоше ги снимаше своите песни“, рече Бостјан Слатеншек.

„Мислам дека овој филм ќе се прикажува во сите поранешни ЈУ земји од 12. февруари и се надевам и во сите големи градови. Многу сум радосен што јас ја имав оваа можност, ваква можност во животот се има само еднаш“, додаде режисерот Слатеншек.

„Филм за Тоше беше всушност идеја на Тоше. Го снимија тој филм заедно со тој албум. Таа идеја толку ми се допаѓаше бидејќи Тоше беше толку голема ѕвезда и толку познат, така што бев презадоволен пресреќен што можев да работам на тој филм“, изјави Слатеншек.

„Овој филм е сниман во два наврати. Во првиот филмот беше сниман кога Тоше ги правеше своите песни на Јамајка и во Лондон, а во вториот, снимавме после трагедијата. Снимавме во Лондон, во Стокхолм, на Дубаи, во Скопје и во Дубровник, а временски, во последната половина година работевме само на тој проект, но снимањето беше и многу пред тоа, додека Тоше ги снимаше своите песни“, рече Бостјан Слатеншек.


Трпчевски: Тоше е човек којшто креираше историја во Македонија


„Мислам дека овој филм ќе се прикажува во сите поранешни ЈУ земји од 12. февруари и се надевам и во сите големи градови. Многу сум радосен што јас ја имав оваа можност, ваква можност во животот се има само еднаш“, додаде режисерот Слатеншек.

Инаку, денеска нашата најголема ѕвезда Тоше Проески ќе наполнеше 28 години. Момчето кое стана легенда благодарение на својот ангелски глас и харизма.

„Се работи за човек којшто креираше историја во Македонија, човек којшто и требаше на Македонија, којшто навистина беше наш херој“, изјави на 27 октомври 2007 Симон Трпчевски, пијанист.

Првите успеси ги доживеа на Скопскиот фестивал со песната „Остани до крај“. Се редат албуми. Дебитантскиот е „Некаде во ноќта“. Со секоја отпеана песна, кариерата оди нагоре, го освојува Балканот.





На фестивал „Сунчане скале“ добива Оскар на популарноста. Албумот „Ако ме погледнеш во очи“, промовиран на просторите на екс Југославија, има најмногу пиратски изданија. Ја претставува Македонија на песната за Евровизија во Турција со песната „Лајф“.

Неговите песни беа и се уште се на врвот на топ листите во Хрватска, Србија, Црна Гора, Словенија, Босна и Херцеговина.

„Тоше покажа дека покрај она од што се живее, постои и она заради што се живее. Направи нешто што е неизбришливо. Имено, не е проблем, не е одгатката во тоа што македонскиот Орфеј, Тоше, замолкна, туку е убавината во тоа што тој еднаш се огласи, што запеа“, рече на 16 октомври професорот Ферид Мухиќ.

Одржа голем број концерти. Последниот беше во Скопје. За својата хуманост ја доби наградата „Мајка Тереза“. Избран е и за амбасадор на добрата воља на УНИЦЕФ.
Вратете се на почетокот Go down
aleksandra
Активен
Активен
aleksandra


Број на мислења : 1601
Age : 41
опис: : R.I.P. TOSE
Репутација :
The Hardest Thing --- PROMOCIJA - Page 3 Left_bar_bleue18 / 10018 / 100The Hardest Thing --- PROMOCIJA - Page 3 Right_bar_bleue

Registration date : 2008-05-23

The Hardest Thing --- PROMOCIJA - Page 3 Empty
ПишувањеПредмет: Re: The Hardest Thing --- PROMOCIJA   The Hardest Thing --- PROMOCIJA - Page 3 I_icon_minitimeПон Јан 26, 2009 4:25 am

http://www.mia.com.mk/default.aspx?vId=60998054&lId=1
Вратете се на почетокот Go down
batbayan
Модератор
Модератор
batbayan


Број на мислења : 1410
Age : 38
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
The Hardest Thing --- PROMOCIJA - Page 3 Left_bar_bleue11 / 10011 / 100The Hardest Thing --- PROMOCIJA - Page 3 Right_bar_bleue

Registration date : 2008-06-11

The Hardest Thing --- PROMOCIJA - Page 3 Empty
ПишувањеПредмет: Re: The Hardest Thing --- PROMOCIJA   The Hardest Thing --- PROMOCIJA - Page 3 I_icon_minitimeПон Јан 26, 2009 11:18 am

Гордост и тага на промоцијата на The Hardest Thing на музичкиот великан Тоше Проески

Синоќа во Домот на АРМ на роденденот на Тоше Проески, беше промовиран неговиот долгоподготвуван албум на англиски јазик The Hardest Thing и документарниот филм за тоа како се снимаше проектот со кој Тоше требаше да го освои светскиот музички пазар.

Настанот кој дефинитивно ги засени сите дневнополитички настани, конвенции, прес-конференции, меѓупартиски препукувања, кавги и слично, според очекувањата привлече голем број почитувачи на ликот и делото на легендарниот Тоше Проески. И, сите го имаа истото чувство на гордоста и тагата, оти кога требавме да бидеме најмногу среќни, најзаслужниот за тоа не е веќе меѓу нас.

На промоцијата на албумот и на премиерата на документарецот присуствуваше и македонскиот премиер Никола Груевски, министри во Владата на Република Македонија, претставници на дипломатскиот кор, голем број културни и јавни работници, познати фаци, фанови, и секако новинари кои го следеа Тоше во текот на целата негова кариера. Со ова Тоше уште еднаш докажа дека е најголем бренд кој оваа држава го имала во својата понова историја. Слава му!

Филм за Тоше беше всушност идеја на Тоше. Го снимија тој филм заедно со тој албум. Таа идеја толку ми се допаѓаше бидејќи Тоше беше толку голема ѕвезда и толку познат, така што бев презадоволен пресреќен што можев да работам на тој филм – изјави режисерот Боштјан Слатеншек, и дополни:

Овој филм е сниман во два наврати. Во првиот филмот беше сниман кога Тоше ги правеше своите песни на Јамајка и во Лондон, а во вториот, снимавме после трагедијата. Снимавме во Лондон, во Стокхолм, на Дубаи, во Скопје и во Дубровник, а временски, во последната половина година работевме само на тој проект, но снимањето беше и многу пред тоа, додека Тоше ги снимаше своите песни - рече Слатеншек.

Филмот, кој од 12-ти февруари ќе се прикажува во кината низ Републикава, и во регионот, задолжително треба да го видат не само верните фанови на балканскиот ангел, туку и сите на кои им значи ликот и делото на Тоше Проески. Се работи за брилјантен документарец, технички модерен и полн со емоции.

Во овој филм се прикажани моментите од животот на Тоше непознати на пошироката јавност. Го гледаме како уживаше на Јамајка, подготвувајќи го албумот, но и во Лондон, Белград, Скопје..., каде се редеа неговите големи успеси.

Тоше ви припаѓаше само вам, но неговиот глас му припаѓаше на целиот свет – рече не промоцијата Нина Север, која го продуцираше филмот, сакајќи да потенцира колку светот добил со уметникот Тоше Проески.

Во документарецот за Тоше неговата менаџерка Љиљана Петровиќ, со солзи во очите се потсетува на големите успеси на нашата музичка икона...

Тоше ми беше како воздух, а сега останав без здив – изјави Петровиќ пред проекцијата на филмот, не можејќи да ги запре емоциите.

Датумот на вчерашната промоција не беше одбран случајно. На вчерашен ден пред 28 години е роден Тоше Проески, па на промоцијата беше приреден коктел во негова чест.

Достоинствено, како што им доликува на најголемите, со солзи и емоции, присутните уште еднаш се потсетија на значајот на Тоше и празнината која остана по неговото заминување.

Композиторот и продуцентот Енди Рајт, кој всушност беше и најзаслужен што The Hardest Thing ја здогледа светлината на денот, што беше и сонот на Тоше, не се сомнева дека со албумот Тоше ќе ја доживееше светската слава. Енди ќе продолжи да соработува со внукот на Тоше, малиот Кристијан, кој се издвојува како извонреден талент.

Тоше поседуваше се што е потребно за меѓународен успех – прекрасен глас, харизма, и одлични песни. Не се сомневам дека ќе ја доживееше светската слава – изјави Енди Рајт.

На албумот, спакуван во прекрасна обвивка која ја одбраа неговите интернет-фанови од целиот регион, и секако гласачите на МММ, се наоѓаат десет песни: две верзии на Ариа – со Џана Нанини и соло, насловната The Hardest Thing, потоа: Beautiful To Me, Guitly, Glide, Don’t Hurt The Ones You Love, Separate Ways, Forever In A Day и My Little One (заедно со внукот Кристијан).

По цена од 500 денари од денес албумот The Hardest Thing, во издание на Аворд Ентертејмент, може да се купи со сите музички продавници во Македонија, како и во регионот, благодарение на издавачките куќи Хит рекордс и Сити рекордс...

Веќе денес албумот и филмот ќе бидат промовирани во Белград, а за утре во киното Синестар, едно од најмодерните во југоисточната Европа, е закажана промоцијата во Загреб, на која се повикани 470 гости.

На 28-ми јануари во Љубљана, во киното Колосеј ќе биде прикажан филмот за тоа како се раѓаше албумот The Hardest Thing…


http://mmm.com.mk/?ItemID=3EECF7571BDDFB4A9C2786C6D4E221B7
Вратете се на почетокот Go down
Tanja
Член
Член
Tanja


Број на мислења : 593
Age : 36
Локација : Skopje, Makedonija
опис: : TOSE TE SAKAME I KE TE SAKAME ZASEKOGAS!
Репутација :
The Hardest Thing --- PROMOCIJA - Page 3 Left_bar_bleue2 / 1002 / 100The Hardest Thing --- PROMOCIJA - Page 3 Right_bar_bleue

Registration date : 2008-06-06

The Hardest Thing --- PROMOCIJA - Page 3 Empty
ПишувањеПредмет: Re: The Hardest Thing --- PROMOCIJA   The Hardest Thing --- PROMOCIJA - Page 3 I_icon_minitimeПон Јан 26, 2009 2:14 pm

Промовиран „Тhe Hardest Thing“ на Тоше Проески

http://www.idividi.com.mk/zabava/Showbiz/499702/index.html

http://www.kirilica.com.mk/vest.asp?id=20421

http://www.spic.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=4&tabid=1&EditionID=758&ArticleID=29833

http://www.radiomk.com/index.php?categoryid=1&p2_articleid=1407
Вратете се на почетокот Go down
http://www.tose-mk.forumakers.com
aleksandra
Активен
Активен
aleksandra


Број на мислења : 1601
Age : 41
опис: : R.I.P. TOSE
Репутација :
The Hardest Thing --- PROMOCIJA - Page 3 Left_bar_bleue18 / 10018 / 100The Hardest Thing --- PROMOCIJA - Page 3 Right_bar_bleue

Registration date : 2008-05-23

The Hardest Thing --- PROMOCIJA - Page 3 Empty
ПишувањеПредмет: Re: The Hardest Thing --- PROMOCIJA   The Hardest Thing --- PROMOCIJA - Page 3 I_icon_minitimeПон Јан 26, 2009 9:46 pm

The Hardest Thing --- PROMOCIJA - Page 3 90386 совршенство од албум The Hardest Thing --- PROMOCIJA - Page 3 90386 ах Тошенце да беше сега меѓу нас,знам дека си,но...... The Hardest Thing --- PROMOCIJA - Page 3 90386 Те сакам The Hardest Thing --- PROMOCIJA - Page 3 90386
Вратете се на почетокот Go down
batbayan
Модератор
Модератор
batbayan


Број на мислења : 1410
Age : 38
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
The Hardest Thing --- PROMOCIJA - Page 3 Left_bar_bleue11 / 10011 / 100The Hardest Thing --- PROMOCIJA - Page 3 Right_bar_bleue

Registration date : 2008-06-11

The Hardest Thing --- PROMOCIJA - Page 3 Empty
ПишувањеПредмет: Re: The Hardest Thing --- PROMOCIJA   The Hardest Thing --- PROMOCIJA - Page 3 I_icon_minitimeВто Јан 27, 2009 12:26 pm

ПРОМОЦИЈА НА ФИЛМ И АНГЛИСКИОТ АЛБУМ НА ПРОЕСКИ

Светот ќе чуе за Тоше преку новите песни

Премиерата на документарецот „Чекор до светска слава“ разбуди измешани чувства - болка и тага поради загубата на нашата најголема ѕвезда, но и гордост поради прогнозите за светска слава од познатите англиски композитори


Енди Рајт изјави дека внукот на Тоше, Кристијан, е потенцијална суперѕвезда

Долгоочекуваниот албум на нашата најголема ѕвезда Тоше Проески The Hardest Thing, од денот кога требаше да го прослави својот 28 роденден конечно е во рацете на неговите обожаватели, публиката за која тој велеше дека живее и работи. Премиерата на документарецот „Чекор до светска слава“ завчера во домот на АРМ разбуди измешани чувства - болка и тага поради загубата на нашата најголема ѕвезда, но и гордост поради прогнозите за светска слава од познатите англиски композитори.

ПОТЕНЦИЈАЛНА СУПЕРЅВЕЗДА

Желбата на Тоше да му покаже на светот каков глас и харизма може да се роди во една мала земја со која се гордееше, ќе му се оствареше. Ова го потврди Енди Рајт, англискиот автор со кој Тоше работеше во Јамајка и во Лондон.

- Прашањето што постојано ми го поставуваат е дали Тоше ќе станеше светска ѕвезда. Да, Тоше ќе успееше да стане светска ѕвезда бидејќи ги имаше сите квалитети. Од сите други не се издвојуваше само по својот глас, туку и по харизмата и многу други квалитети што ќе го направеа музичка ѕвезда. Ова што денеска тој го добива од публиката од целиот Балкан навистина го заслужува - изјави Рајт пред присутните и на сцената го покани Кристијан, внукот на Тоше.

- Ова е потенцијална суперѕвезда - додаде композиторот од Англија.

Лилјана Петровиќ и овој пат остана без зборови.

- Тоше беше воздухот што го дишев, а сега немам здив за да кажам што било - изјави менаџерката на Проески.

Продуцентката на документарниот филм, Нина Север, која работеше на кариерата на Тоше во Словенија, ни изјави оти ова е еден од најтешките проекти на кои работела во животот.

- Вечерва ми е многу тешко бидејќи се соочив со моите чувства. Додека работевме на филмот последниве осум месеци морав емоциите да ги тргнам настрана за да го направиме како што треба. Целта е Тоше да му го претставиме на светот бидејќи сите ние на Балканот знаеме каков беше и што можеше да направи. Да им го приближиме на тие што не го познаваа и мислам дека успеавме во тоа. По завршувањето на филмот, вечерва Енди ми кажа нешто што ме трогна: „Ова е филм за вистинска слава“. Тоа требаше и да го постигнеме со него - вели Север.


Во публиката беа премиерот Груевски, Ерван Фуере, Срѓан Керим и повеќе министри

КОАВТОР НА ПЕТ КОМПОЗИЦИИ

По проекцијата публиката во киносалата остана нема. Реката народ со солзи во очите, без да изусти збор, полека излегуваше. Можеше да се слушне сечија воздишка, да се почувствува сечија болка.

- Кога вечерва го гледав филмот се почувствував многу носталгично. Се сетив на сите убави моменти што ги поминав со Тоше. Имавме неверојатно креативен процес заедничка работа. Тоа се гледа и од филмот. Со задоволство го презентираме вечерва овој материјал и се надевам дека додека сите ќе го слушаат дома, ќе ги почувствуваат емоциите и енергијата што ја содржи секоја песна. Не знам каков е планот за светската промоција оти тоа е задача на менаџментот, но можам да кажам дека самиот ќе ги презентирам овие песни секаде каде што ќе можам низ светот. Можеби ќе успееме некоја да ја вметнеме и во филм. Сигурен сум дека луѓето во светот ќе чујат за него, песните се многу силни и понекогаш може да зборуваат наместо пејачот. Жалам што нема да биде тука за самиот да ги презентира, но тие секако говорат многу за него - ни изјави Енди Рајт веднаш по промоцијата. На крај додаде дека во иднина ќе чека повик од Кристијан со кој ќе продолжи да работи таму каде што застана со неговиот вујко.

Албумот The Hardest Thing содржи 10 песни на англиски јазик. На композициите Beautiful To Me, Glide, Separate Ways, Forever in a Day, My Little One, како автори се јавуваат Тоше Проески и Енди Рајт. На другите, пак, како композитори, текстописци и аранжери потпишани се и Вејн Хектор, Мартин Хансен, Тим Бенсон, Петра Црнетиќ, Џана Нанини, Вил Мелоун. За македонскиот пазар издавач е „Аворд продукција“. Првиот тираж за Македонија е испечатен во 10.000 примероци, а албумот чини 500 денари и може да се набави во сите музички продавници.

На завчерашната промоција присуствуваа и Славен Ристевски, зетот на Тоше, многу јавни личности, пејачи, музичари, актери. Во публиката во киносалата ги забележавме и премиерот Никола Груевски, повеќе министри од Владата на Македонија, евроамбасадорот Ерван Фуере, Срѓан Керим и уште многу други истакнати имиња од културниот и од политичкиот живот во земјава.


Лилјана Петровиќ на промоцијата остана без зборови

Филм за љубовта, желбите, искреноста

Документарниот филм за раѓањето на последниот албум на Тоше со право беше најавен како филм во кој се говори за љубовта, желбите, искреноста, музиката. Тоше е прикажан како што сите го познаваат: искрен, духовит, срдечен, полн со почит кон создавачите на музиката.

Од кадрите во кои ги прават песните со Енди Рајт се забележува дека оствариле одлична комуникација, позитивна енергија, која постојано струи помеѓу нив. Весело е и на снимањето на песните, на фотосесијата со Џејсон Џојс, на заедничкиот разговор помеѓу Тоше и Лилјана. Филмот од 12 февруари ќе се прикажува во киносалите низ Македонија.Сценаристот и режисер, Словенецот Боштјан Слатеншек, укажува дека работата на овој проект за него била голема одговорност.

- Беше тешко да се избере материјалот од Јамајка и од Лондон бидејќи имаше многу. Искрено, најмногу ми се допадна делот каде што се Тоше и Лилјана заедно. Всушност, тргнав прво од тие снимки, а подоцна сите коцки се вклопија некако - ни изјави режисерот.




http://dnevnik.com.mk/?ItemID=A2A0BF6528B8204A85E5302DB253BAA6
Вратете се на почетокот Go down
batbayan
Модератор
Модератор
batbayan


Број на мислења : 1410
Age : 38
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
The Hardest Thing --- PROMOCIJA - Page 3 Left_bar_bleue11 / 10011 / 100The Hardest Thing --- PROMOCIJA - Page 3 Right_bar_bleue

Registration date : 2008-06-11

The Hardest Thing --- PROMOCIJA - Page 3 Empty
ПишувањеПредмет: Re: The Hardest Thing --- PROMOCIJA   The Hardest Thing --- PROMOCIJA - Page 3 I_icon_minitimeВто Јан 27, 2009 12:29 pm

Промоција на документарецот за Тоше и на албумот „The Hardest Thing“



На 28. роденден на Тоше Проески го видовме сведоштвото за создавањето на англискиот албум

Валентина Тодоровска

Завчера, на 25 овој месец, на роденденот на Тоше Проески, во Домот на АРМ се промовираше документарец - сведоштво за создавањето на англискиот албум „The Нardest Тhing“ и неговата промоција. Долгоочекуваниот материјал со 9 композиции со кој требаше да се пробие на светскиот пазар беше тажна промоција - мечтите на Тоше станаа јаве сега кога не е меѓу живите. Се учиме да живееме со чувство на ненадминлива празнина, а документарецот е направен да не заборавиме колку Тоше го сакаше животот и колку и' беше предаден на музиката.

„Ова е еден мини-албум со макси-љубов“, изјави продуцентот и композиторот Енди Рајт. „The Hardest thing“ e печат на големиот пејач и млад човек со престасани емоции. Документарецот, пак, е приказна за тоа како се раѓаа песните, сведоштво за големата посветеност на Тоше кон музиката и начин на кој тој ги живееше песните“.

Документарецот е во траење од 80 минути и е создаван врз видеозаписи стари две години. Всушност, годината 2006 и сите месеци потоа се важни за неговото дооформување. Целата идејата беше на Тоше, тој сакал да го има овековечено периодот што лично многу му значеше - пристигнување на Јамајка, во татковината на регете, снимањето во куќата на Боб Марли, како особена симболика каде што Тоше со својот композитор ги доопремуваше песните.

„Со Тоше совршено се разбиравме и албумот го градевме како да правиме куќа. Цигла по цигла. Првин имаш замисла, а потоа над темелите мечтаеш и градиш. Тоше беше движечка сила со неисцрпна енергија, кој не губеше од духот и кога главите ќе ни се преполнеа со музика“, се сеќава Енди.



Јамајка, Дубаи, снимањето во студио „Олимпик“ во Лондон, концерти, тонска проба со Џана Нанини пред настапот во „Белградска арена“ во 2007 година, а низ целиот проект насочува нарацијата на Ричард Енглер, менаџерот за англискиот пазар.

„За да постигнеш успех во Англија, лулка на музиката, треба да имаш глас, да изгледаш особено и да поседуваш добар материјал. Ако нешто од тоа ти фали, имаш голем проблем“, потенцираше Енглер.

Токму поради квалитетите што ги поседуваше, Тоше им беше омилен на многумина. Беше задоволство да се работи со него, особено и поради асот во ракавот - милата ѕвезда поради која и публиката, и продуцентите и композиторите не можеа да останат рамнодушни. Затоа многумина го споредуваа со леди Ди - принцеза на срцата и Роби Вилијамс - поради момчешката енергија со која зрачеше.

„Филмот го гледав неброено пати и сега на претпремиерата повторно плачев, со овие зборови, наместо - добра вечер“, се запознавме со продуцентката на филмот и промотор за Словенија Нина Север. „Едноставно, досега не сум запознала таков човек -тони и тони љубов во неговиот глас, кој може да ве топли и кога сте најосамени. Тоше беше ваш, ама светот требаше да дознае за тој глас. Токму тоа е и целта на филмот, да дадеме на знаење колку голем човек беше Тоше. Промоцијата ја почнавме од Скопје, а следуваат Белград, Загреб, Љубљана...“

Филмуваната приказна за создавањето на англискиот албум е роденденскиот подарок на неговата менаџерка Лилјана Петровиќ и во него, без напудрени дијалози, може да се види нивниот другарскиот однос и предаденоста на работата. Секој на свој начин. Лилјана сакаше и следните генерации да го запознаат Тоше во вистинска светлина, зошто неговата ѕвезда нема да згасне. Ја видовме Лилјана на Јамајка, полна со енергија, речиси детски палава, и потоа на миксање на албумот во Лондон. Тажна и скршена.

„Таа почна да плаче и не можеше да застане“, се сеќава Енди. „Албумот се финишираше без Тоше, на сите ни беше многу тешко, ама Лилјана не можеше да престане“.

Документарецот во еден дел го има и композиторскиот тим од Шведска, снимен по несреќата. Авторот на песната „The Hardest Thing“, Норт Јенсен, раскажа како се' уште има морници кога се сеќава на гласот на Тоше.

„Кога му реков ајде направи нешто сега, во овој момент, Тоше ја зеде гитарата и запеа“, со ист набој на емоции раскажуваше и англискиот менаџер Ричард Енглер. „Тоа се најсветлите моменти од мојата професија“.

Боштјан Слатеншек, режисерот на документарецот, раскажа дека токму таа особеност и добрина на Тоше беа пресудни да го прифати проектот. „Осумдесетминутната сторија за Тоше е приказна за човек со брилијантен глас и големо срце што, се надевам, светот ќе ја препознае“, изјави словенечкиот режисер.

Скопската премиера на филмот ќе се случува на 12 февруари, а со неа и премиера низ поголемите градови низ Македонија. Документарецот понатаму ќе си го има својот пат

По неговото прикажување, на кое присуствуваше дел од семејството, многуте видни личности во земјата, па и неколку претседателски кандидати, премиерот Никола Груевски, албумот „The Hardest thing“ ја доживеа и својата промоција.

Во коктел-салата имаше многу луѓе. Навистина речиси свечена атмосфера и нешто како исчекување. Ечеа песните на Тоше.

„Концертите ми се најубавата работа во животот – врежан е гласот на Тоше - и ќе ги паметам додека сум жив“, во документарецот во неколку наврати зборуваше Проески. Песната пак ќе направи чудо. Со неа никогаш нема да му дозволиме - да замине.

Боштјан Слатеншек, режисер



„Се обидов да избегам од патетика“

„За Тоше дознав откако се случи несреќата, не бев во Европа неколку години, па така и изолиран од се'. Тој е првиот музичар кој го обедини Балканот и тоа многу го почитувам. По трагедијата, ги гледав реакциите на луѓето и беше неверојатно - тажеа како да изгубиле најблизок. Љубљана пливаше во солзи, а слично беше во сите градови на екс ЈУ. Таа искреност го разбуди внатрешниот глас во мене и така го прифатив проектот. На документарецот се работеше од август до пред неколку дена. Постојано и деноноќно. Најголемата дилема ми беше крајот. Како да кажам се', а да ја избегнам патетиката. Така се одлучив по автомобилскиот тресок, на автопатот, веднаш да ја прикажам црквата од Крушево. И да се слушаат камбаните... Верувам дека се препознава емоцијата со која работеше целиот тим“.

Енди Рајт, композитор



„Во Кристијан лежи голем талент“

„Не можам, а да не забележам колку Кристијан го има наследено талентот од вујко му, а песната ’My Litle one‘ е навистина магична. Со него имам големи планови, но за тоа потоа. Кристијан сака да пее, но, во меѓувреме, треба да биде и дете... Многу зборував за Тоше - во него имав извонреден пријател, човек кој знаеше да ме трогне до солзи кога така сериозно и предадено ме слушаше. Талентот што го поседуваше се раѓа многу ретко и навистина ми е жал што промоцијата се случува без него. Харизмата што ја носеше во себе Тоше не може да се пренесе. Ова лето бев во Дубровник, исполнувајќи го ветувањето дека таму ќе се сретнеме. Верувајте ми, имав чувство како однекаде Тоше повторно ми се смешка... Таквото чувство го имам и сега. Како однекаде да се радува на луѓето, песните и атмосферата“.

Нина Север, продуцентка



„Сакав сите да видат колку беше посебен Тоше“

„Идејата за дел од филмуваната биографија не беше моја, но откако ми предложија да го продуцирам документарецот, прифатив без двоумење. Со Тоше се знаевме четири години, јас му бев промотор за Словенија и многу го засакав тоа дете. Кога почнавме со работа, ме водеше некоја огромна сила, сакав во вистинска светлина да ги запознаат оние што ја немаа честа... Не беше тешко да се сака Тоше. Многу случки ме врзуваат за него, ама никогаш нема да заборавам како ми пушташе демо-снимки во автомобил – бидејќи беа инструментални нумери, тој пееше арии, така, со полни дробови и со цела сила, што не знам како не пукаа стаклата... Сеќавањата ми се се' уште болни, но кога ќе ми излезе неговиот лик пред очи, веднаш имам насмевка“.


http://utrinski.com.mk/?ItemID=9821DF9351EF574AAA70F131DF6FD0EB
Вратете се на почетокот Go down
Tanja
Член
Член
Tanja


Број на мислења : 593
Age : 36
Локација : Skopje, Makedonija
опис: : TOSE TE SAKAME I KE TE SAKAME ZASEKOGAS!
Репутација :
The Hardest Thing --- PROMOCIJA - Page 3 Left_bar_bleue2 / 1002 / 100The Hardest Thing --- PROMOCIJA - Page 3 Right_bar_bleue

Registration date : 2008-06-06

The Hardest Thing --- PROMOCIJA - Page 3 Empty
ПишувањеПредмет: Re: The Hardest Thing --- PROMOCIJA   The Hardest Thing --- PROMOCIJA - Page 3 I_icon_minitimeВто Јан 27, 2009 1:54 pm

Последното од Тоше зачекори кон светот

Киносалата во Домот на АРМ завчера вечер беше претесна да ги собере сите обожаватели, пријатели, бројни соработници и почитувачи на делото и ликот на нашата музичка легенда Тоше Проески, на одбележувањето на неговиот 28-ми роденден означен со промоција на последното од него, албумот на англиски јазик „Тхе хардест тхинг“. Пред бројните гости, членови од неговото семејство, премиерот Никола Груевски со сопругата, министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска, евроамбасадорот Ерван Фуере, новинари и познати личности од јавниот живот, претпремиерно беше прикажан документарниот филм „Тоше, најтешкото нешто - чекор до светската слава“.
- Тоше поседуваше се што е потребно за меѓународен успех - прекрасен глас, харизма и одлични песни. Не се сомневам дека ќе ја доживееше светската слава - изјави англискиот продуцент Енди Рајт пред промоцијата на документарецот.
Пред проекцијата, словенечкиот режисер Боштјан Слатеншек истакна дека снимањето на филмот било идеја на Тоше, со цел да се проследи процесот на работа за англискиот албум и соработката со странските автори и продуценти. По трагичната несреќа целиот филм е направен како лична исповед од впечатоците на луѓето кои соработувале и се дружеле со Тоше и неговата менаџерка Лилјана Петровиќ. Најповторувана изјава на музичките соработници од Велика Британија, Ирска и Шведска е тоа дека Тоше е личност со несекојдневна харизма и неверојатна музикалност и за многу краток период успеал да се соживее со композициите.
Во 80-минутниот документарец се прикажани моментите од животот на Тоше, непознати на пошироката јавност. Го гледаме во една опуштена атмосфера како ужива во живописната Јамајка, подготвувајќи го албумот, но и од неговиот престој во Лондон од каде што требаше да стартува неговата светска кариера. Во филмот има и инсерти од неговите последни музички спектакли, концертот во белградска „Арена“ и спектакуларниот хуманитарен концерт во Скопје.
Документарецот „Тоше - најтешкото“ е филм за љубовта и за искреноста. Снимен е како реално шоу со спонтани ситуации пред камера, во кои доминира позитивниот карактер на нашиот славен пејач, неговото човекољубие, поврзаноста со музиката и љубовта кон животот.
По проекцијата присутните со измешани чувства, солзи и емоции уште еднаш се потсетија на големината на Тоше и празнината која остана по неговото заминување.
На албумот, спакуван во обвивка која ја одбраа неговите обожаватели од целиот регион, се наоѓаат десет песни: две верзии на „Ариа“ - со Џана Нанини и соло, насловната „Тхе Хардест Тхинг“, „Беаутифул То Ме“, „Гуитлѕ“, „Глиде“, „Дон’т хурт тхе онес ѕоу лове“, „Сепарате њаѕс“, „Форевер ин а даѕ“ и „Мѕ литтле оне“, заедно со внукот Кристијан.
Цедето во издание на „Аворд ентертеимент“ може да се купи во сите музички продавници во Македонија по цена од 500 денари, како и во регионот, благодарение на издавачките куќи „Хит рекордс“ и „Сити рекордс“.
По скопската промоција, албумот и филмот синоќа беа претставени во Белград, а за денеска е најавена промоција во киното „Синестар“ во Загреб, едно од најмодерните во југоисточната Европа, каде што се поканети 470 гости.
Словенечката промоција е најавена на 28 јануари во Љубљана, во киното „Колосеј“.

http://www.spic.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=759&ArticleID=29842
Вратете се на почетокот Go down
http://www.tose-mk.forumakers.com
stefi_18
Член
Член
stefi_18


Број на мислења : 628
Age : 33
Локација : Makedonija
Репутација :
The Hardest Thing --- PROMOCIJA - Page 3 Left_bar_bleue0 / 1000 / 100The Hardest Thing --- PROMOCIJA - Page 3 Right_bar_bleue

Registration date : 2008-10-20

The Hardest Thing --- PROMOCIJA - Page 3 Empty
ПишувањеПредмет: Re: The Hardest Thing --- PROMOCIJA   The Hardest Thing --- PROMOCIJA - Page 3 I_icon_minitimeВто Јан 27, 2009 5:09 pm

ПРОМОВИРАН ДОКУМЕНТАРЕЦОТ И АНГЛИСКИОТ АЛБУМ НА МЕГА SВЕЗДАТА


Тоше беше како принцезата Дајана


"Чекор до светска слава", документарецот кој со автентични снимки ја прикажува работата на англискиорт албум на Тоше Проески, беше прикажана завчера во домот на АРМ. По претпремиерата 84 минутниот филм, во чест на роденденот на Тоше беше организиран.....



The Hardest Thing --- PROMOCIJA - Page 3 {E30C78E2-D9AA-40DD-B5E0-578EC2A52DD0}_promocija-2


"Чекор до светска слава", документарецот кој со автентични снимки ја прикажува работата на англискиорт албум на Тоше Проески, беше прикажана завчера во домот на АРМ. По претпремиерата 84 минутниот филм, во чест на роденденот на Тоше беше организиран коктел и промоција на албумот "Најтешкото нешто", со десет песни.
- Луѓето ме прашуваат каков беше Тоше. Им објаснувам дека можам да го споредам со Роби Вилијамс, поради талентот и успехот, но можам да го споредам и со принцезата Дајана. Тој во неговата земја беше омилен за народот и беше правеше големи хумани дела, исто како и принцезата Дајана кај нас во Британија", раскажува во филмот Ричард Енглер, менаџерот од Лондон, кој требаше да се грижи за светската кариера на Тоше. Според Енглер, на многу светски sвезди по вториот или третиот албум им се случува светска слава, но на Тоше тоа ќе му успееше од прва.
Десетте песни од постхумно издаденото цеде, продуцентиот Енди Рајт ги создавал во Лондон, на Јамајка, во Дубаи, во Дубровник. Низ неврзани разговори, шеги и лични сугестии и идеи како песните би требало да изгледаат, се прикажува улогата на Тоше во филмот. Најголемиот дел е сниман на Јамајка, а во емотивната приказна се вметнати делови од моментите кои најмногу го исполнува Тоше: големите концерти и дружбата со неговите фанови. Крајот на филмот, кој завршува на 16 октомври 2007 година, на патот кај Нова Градишка ги расплака присутните во салата. Политичари, музичари, актери, уметници, дел од семејството Проески беа дел од претпремиерата на фимот, кој својата промоција во скопските кина ќе ја има на 12 февруари. Веднаш по Скопје, филмот тргнува на Балканска турнеја. Планот на продуцентката на филмот словенката Нина Север и режисерот Боштјан Слатеншек е проектот да го види цела Европа. Деновиве, тие ќе одлучат на кои европски филмски фестивали ќе го испратат.
- Тоше беше воздухот кој го дишев. Вечерва, немам здив да ви кажам било што", рече Љиљана Петровиќ, менаџерката на Тоше. Продуцентот Енди Рајт, помалку збунет од атмосферата, изјави дека идната sвезда во кој тој ќе вложува е Кристијан, внукот на Тоше.
- Ќе дојде денот кога јас Кристијан како голема sвезда ќе го гледам одоздола", изјави Рајт.


http://www.vest.com.mk/default.asp?id=162613&idg=9&idb=2583&rubrika=%40ivot
Вратете се на почетокот Go down
grkovicvanja
Член
Член
grkovicvanja


Број на мислења : 701
Age : 31
Локација : Srbija
Репутација :
The Hardest Thing --- PROMOCIJA - Page 3 Left_bar_bleue0 / 1000 / 100The Hardest Thing --- PROMOCIJA - Page 3 Right_bar_bleue

Registration date : 2008-05-21

The Hardest Thing --- PROMOCIJA - Page 3 Empty
ПишувањеПредмет: Re: The Hardest Thing --- PROMOCIJA   The Hardest Thing --- PROMOCIJA - Page 3 I_icon_minitimeСре Јан 28, 2009 3:15 am

Album na engleskom makedonske zvezde
Neprevaziđeni Toše


Mnogobrojni saradnici i prijatelji tragično nastradalog makedonskog pevača Tošeta Proeskog okupili su se sinoć u bioskopu „Roda 2“ na Banovom brdu povodom promocije njegovog poslednjeg albuma na engleskom jeziku „The Hardest thing“.


Povodom rođendana legendarnog pevača Tošeta Proeskog, u svim bivšim republikama SFRJ promovisan je njegov novi album, a sinoć je beogradska publika pretpremijerno pogledala dokumentarni film – korak do svetske slave „The Hardest thing“.
Pored makedonske pop dive Kaliopi Bukle, na premijeru je sinoć pristigla i menadžerka nastradalog pevača Ljiljana Petrović. Na platnu su se smenjivale slike Tošetovih koncerata, miliona fanova, njegovo boravak u Londonu gde je snimao poslednji album… Gledaoci u bioskopskoj sali su pevušili njegove pesme, aplaudirali, a neki i plakali… Film prati nastajanje njegovog novog albuma u Engleskoj, saradnji sa producentom Endijem Vajtom koji nije krio oduševljnje njegovim muzičkim talentom.
Večeri koja je pokazala da Tošeta ne zaboravljamo, prisustvovali su i Zafir Hadžimanov, Ogi Radivojević, Goca Tržan, Ivana Zarić...

www.blic.com
Вратете се на почетокот Go down
batbayan
Модератор
Модератор
batbayan


Број на мислења : 1410
Age : 38
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
The Hardest Thing --- PROMOCIJA - Page 3 Left_bar_bleue11 / 10011 / 100The Hardest Thing --- PROMOCIJA - Page 3 Right_bar_bleue

Registration date : 2008-06-11

The Hardest Thing --- PROMOCIJA - Page 3 Empty
ПишувањеПредмет: Re: The Hardest Thing --- PROMOCIJA   The Hardest Thing --- PROMOCIJA - Page 3 I_icon_minitimeСре Јан 28, 2009 10:01 am

Англискиот албум на Тоше промовиран и во Србија

Албумот The Hardest Thing на трагично загинатата македонска музичка ѕвезда Тоше Проески во издание на Сити рекордс синоќа е промовиран во киното Рода 2 Палас Шумадија во Белград.

На албумот освен насловната песна The Hardest Thing се наоѓаат уште девет песни на англиски јазик снимени во Лондон, на Јамајка и Ирска со познатиот британски музичар и продуцент Енди Рајт, а кои публиката има можност сега да ги слушне првпат.

Албумот од вчера е пуштен во продажба, по неговата промоција во Скопје на денот на 28-от роденден на Тоше.

Освен албумот, промовиран е и 80-минутниот документарен филм за музичката легенда, во режија на Боштјан Слатеншек.

На прес-конференцијата одржана по проекцијата на филмот, Рајт изјави дека му било огромно задоволство да работи со ваков млад уметник, истакнувајќи ја неговата харизматичност, добродушност и дека песните ја отсликуваат неговата работа, но треба да зборуваат сами за себе.

Продуцентот на филмот Нина Север додаде дека филмот прво ќе биде прикажан во земјите на поранешна Југославија, а потоа и на меѓународните фестивали. Филмот ќе почне да се прикажува во кино салите од 12 февруари.

Тоше Проески трагично го загуби својот живот на 16 октомври 2007 година во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка во Хрватска.


http://mmm.com.mk/?ItemID=1EF7D6AC4931064AB3C4B16626AB1014
Вратете се на почетокот Go down
batbayan
Модератор
Модератор
batbayan


Број на мислења : 1410
Age : 38
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
The Hardest Thing --- PROMOCIJA - Page 3 Left_bar_bleue11 / 10011 / 100The Hardest Thing --- PROMOCIJA - Page 3 Right_bar_bleue

Registration date : 2008-06-11

The Hardest Thing --- PROMOCIJA - Page 3 Empty
ПишувањеПредмет: Re: The Hardest Thing --- PROMOCIJA   The Hardest Thing --- PROMOCIJA - Page 3 I_icon_minitimeСре Јан 28, 2009 10:06 am

Интересот за The hardest thing и филмот за Тоше како и на домашен терен


По домашното претпремиерно прикажување документарецот посветен на снимањето на англискиот албум на Тоше Проески и материјалот "The hardest thing", на денот на 28. роденден на поп-ѕвездата се претставуваат и низ соседството. Во исчекување на впечатоците од синоќешната проекција во Загреб стигнуваат впечатоците од Белград. Албумот во издание на Сити рекордс и документарецот беа презентирани во киното "Рода 2 Палас Шумадија" во Белград, каде бројните видни гости - политичари, дипломати, колеги, меѓу кои: Гоца Тржан, Зафир Хаџиманов, Калиопи, која во моментов се наоѓа во соседството, со солзи во очите и френетични аплаузи го поздравија последното дело на трагично загинатата македонска ѕвезда.

Во следните денови албумот и филмот ќе бидат прикажани и во Љубљана и Сараево, а веќе од 12. кога ќе се случи промоцијата на 84-минутниот филм на режисерот Боштијан Слантешек ќе почне да се емитува во киносалите кај нас, но и низ регионот.

(А.Т.)

http://vecer.com.mk/?ItemID=8B42D5C60B3ACC4995F126CE9D6CD696
Вратете се на почетокот Go down
batbayan
Модератор
Модератор
batbayan


Број на мислења : 1410
Age : 38
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
The Hardest Thing --- PROMOCIJA - Page 3 Left_bar_bleue11 / 10011 / 100The Hardest Thing --- PROMOCIJA - Page 3 Right_bar_bleue

Registration date : 2008-06-11

The Hardest Thing --- PROMOCIJA - Page 3 Empty
ПишувањеПредмет: Re: The Hardest Thing --- PROMOCIJA   The Hardest Thing --- PROMOCIJA - Page 3 I_icon_minitimeСре Јан 28, 2009 10:07 am

ПРОМОЦИЈА НА ФИЛМОТ И НА АЛБУМОТ НА ТОШЕ ВО БЕЛГРАД

Голем интерес од медиумите, но не и од пејачите

Од организаторот на промоцијата, „Сити рекордс“, изјавија дека ги поканиле сите важни музички имиња во Србија, но малку се појавија на настанот


Емотивна проекција на документарниот филм за Тоше имаше завчера и во Белград

Министрите за култура и за надворешни работи на Србија, претставници на македонската амбасада и на дипломатскиот кор, голем број новинари, но и малку ѕвезди од естрадата на нашиот северен сосед присуствуваа на завчерашната промоција на филмот „Чекор до светска слава“ и на албумот The Hardest Thing на Тоше Проески. Меѓу гостите беа и менаџерката на нашата трагично загината ѕвезда, Лилјана Петровиќ, англискиот композитор Енди Рајт, Нина Север, продуцент на документарецот и Ласте Николовски од „Аворд продукција“.

Од организаторот на промоцијата, „Сити рекордс“, дистрибутер на албумот во Србија, рекоа дека ги поканиле сите музички имиња што нешто значат во земјата, но дојдоа само Гоца Тржан, Огнен Радивоевиќ, Луис, нашиот културен амбасадор Зафир Хаџиманов со сопругата и со синот, како и Калиопи со Васил Зафирчев. Водители на промоцијата беа Бошко Јаковлевиќ и Ивана Лазиќ од ТВ-мрежата „Пинк“.

МИЛ И БЕСКРАЈНО ТАЛЕНТИРАН ПЕЈАЧ

Проекцијата на документарниот филм и на албумот се одржа во една од подобрите киносали во Белград, „Рода“. Вечерта беше емотивна и потресна, а многу од гостите и не можеа до крај да издржат зашто беа премногу погодени од сликите во „Чекор до светска слава“. Една од нив беше и Ирена Крушка, уредник и водител во телевизијата „Плус“.

- Излегов на средината од филмот оти почнав да плачам и не можев да издржам. Се' уште не можам да ја прифатам информацијата дека Тоше не е со нас. Некогаш сум свесна, а некогаш тоа го одбивам. Од тоа што го видов, филмот покажува оти Тоше беше мил и бескрајно талентиран. Приемчив е за гледање, а во него има и значајни странски ликови што се појавуваат како автори. Светската сцена ја изгуби шансата да види врвен пејач. Затоа е добро што постои овој филм што ќе покаже дека Македонија и Балканот имале таков талент. Сигурна сум дека ќе беше светска ѕвезда. Песните од неговиот нов албум ќе се слушаат не само кај нас туку и во светот - ни изјави Крушка.

ЅВЕЗДИТЕ НЕ СЕ РАЃААТ САМО ВО ЛОНДОН

Српскиот композитор и пејач Огнен Радивоевиќ, видно потресен по проекцијата, ни откри дека биле големи пријатели и со Тоше се виделе неколку недели пред трагичната несреќа кај Нова Градишка.

- Загубата на Тоше ја доживеав лично зошто бевме пријатели. Верував дека ќе биде светска ѕвезда. Тоа се виде уште од првиот момент кога се појави на сцената. Сите песни што ги изведе живеат поради него оти токму тој ги отпеа - вели Радивоевиќ.Зафир Хаџиманов, културниот амбасадор на Македонија во Белград, не можеше да ги скрие солзите, што постојано течеа по неговото лице и кога ни даваше изјава.

- Во години сум кога солзите тешко се запираат, а по Тоше Проески се изнаплакав. Загина на ден пред премиерата на претставата „Клетници“. На тогашната конференција за печат излегов и во негова чест отпеав молитва и го молев Бога да ме земе мене, а не еден млад човек. Тоа беше единственото нешто што можев да го направам за да му се заблагодарам за се' што направи за Македонија. Живееше кратко, а направи премногу. Филмот е многу професионално и етички направен. Тажен, но не се гази по тагата, туку се инсистира на среќата, убавината, уметноста и на неговата дарба. Новите песни се интересни и многу убави.

Тоше е светска ѕвезда. Не мора да се случи тоа што го вели Англичанецот во филмот дека треба да се родиш во Лондон за да бидеш ѕвезда. Може да се родиш и во Крушево, а сепак да бидеш толку голема ѕвезда - смета Хаџиманов. Нашата поп-дива Калиопи беше во Белград кога промоцијата на албумот и на филмот се случи во Скопје. Таа во српската метропола првпат го погледна документарецот на словенечкиот режисер Боштјан Слатеншек.

- Тешко ќе ми паднеше гледањето на филмот во Скопје зашто ќе бев меѓу луѓето што најмногу го сакаа и почитуваа и можеби тоа е најболната почва. Првиот роденден по неговата смрт бев во Крушево во „Планет“, бевме преплавени од чувства на тага. Беше страшно, одбележување нешто за некој што го нема. Овој негов роденден го поминав сама. Во хотелска соба. Се разбудив и кога го отворив прозорецот од хотелот прво го видов билбордот со неговата фотографија.

Се разбудив со него и го почнав денот со солзи. Вечерва видовме нешто што тој го работеше зад затворени врати, а ние не го знаевме, само насетувавме. Неговата музика од овој албум е негово најсовршено дело зашто и продуцентите го сфатиле неговото постоење. Го извлекле најдоброто од него и врвно е направено - ни рече Калиопи по завчерашната промоција во Белград.Синоќа во Загреб, во кинокомплексот „Синестар“ се одржа проекцијата на документарецот и промоцијата на англискиот албум на Тоше Проески.

Филмот на светски фестивали

Ласте Николоски од „Аворд продукција“ ни откри дека веќе е аплицирано за претставување на документарецот на светски познати фестивали. Во киносалите во поранешна Југославија филмот ќе почне да се прикажува од 12 февруари.

- Во план ни се фестивалот „Златна ружа“ во Монтреал и фестивал во Австрија. Наградите не се важни. Нашата цел е со претставувањето на филмот луѓето од многу земји да дознаат за Тоше и за неговиот бескраен талент и харизма. Да се дознае дека Македонија имаше вонсериски пејач - ни изјави Николоски.
Вратете се на почетокот Go down
rozeta193
Успешен Член
Успешен Член
rozeta193


Број на мислења : 1334
Локација : МАКЕДОНИЈА
опис: : ТОШЕ ФАН
Репутација :
The Hardest Thing --- PROMOCIJA - Page 3 Left_bar_bleue3 / 1003 / 100The Hardest Thing --- PROMOCIJA - Page 3 Right_bar_bleue

Registration date : 2008-05-17

The Hardest Thing --- PROMOCIJA - Page 3 Empty
ПишувањеПредмет: Re: The Hardest Thing --- PROMOCIJA   The Hardest Thing --- PROMOCIJA - Page 3 I_icon_minitimeСре Јан 28, 2009 11:37 pm

http://dnevnik.hr/bin/video.php?media_id=60188262&section_id=10000&article_id=74275
Вратете се на почетокот Go down
batbayan
Модератор
Модератор
batbayan


Број на мислења : 1410
Age : 38
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
The Hardest Thing --- PROMOCIJA - Page 3 Left_bar_bleue11 / 10011 / 100The Hardest Thing --- PROMOCIJA - Page 3 Right_bar_bleue

Registration date : 2008-06-11

The Hardest Thing --- PROMOCIJA - Page 3 Empty
ПишувањеПредмет: Re: The Hardest Thing --- PROMOCIJA   The Hardest Thing --- PROMOCIJA - Page 3 I_icon_minitimeЧет Јан 29, 2009 12:46 pm

ПРЕТСТАВЕН АЛБУМОТ И ФИЛМОТ ЗА ТОШЕ ВО ХРВАТСКА

Гламур и достоинство на промоцијата во Загреб

Над 500 луѓе дојдоа на проекцијата во киноцентарот „Синестар“, а меѓу нив беа и Тони Цетински, Никша Братош, Миро Булјан и Мирослав Рус



Тоше Проески во Хрватска ги изоде сите патеки што водат до врвот на музичката сцена и ги освои срцата на тамошната публика од сите генерации. Трагата на нашата најголема ѕвезда во оваа земја и по неговата смрт е очигледна, а тагата по него се' уште видлива кај блиските соработници, пријатели и обожаватели. За нив завчера постоеше само еден пат во Загреб што водеше до грандиозниот деловен објект „Синестар Бранимир центар“, каде што се одржа промоцијата на англискиот албум и на документарниот филм. Над 500 луѓе, чекорејќи по црвениот тепих, се упатуваа до најголемата киносала, од вкупно 16 колку што ги има во центарот. Уште при првиот кадар настана молк во салата, се чувствуваше како минуваат ледени морници низ телата на присутните што седеа заковани на своите места. Солзи на лицата на Тони Цетински, Никша Братош, Миро Булјан, негови блиски пријатели и соработници што учествуваа во градењето на кариерата на Проески на хрватскиот музички пазар.

- Лут сум, како и дента кога Тоше загина. Иако сум побожен, му бев лут на тој горе што пребрзо го зеде. Можеше да го остави, да ја заврши приказната со светската кариера.Толку ја сакаше музиката и живееше за неа. Не сакаше да биде славен, туку живееше за песната. Ваков талент на овие простори тешко дека ќе се појави повторно. Тажен сум што не' е вечерва со нас, да се дружиме, да се смееме и на крај да ја запее „Зајди, зајди“ како што често се случуваше - ни изјави Цетински по проекцијата на филмот „Чекор до светска слава“.

БЕСПРЕКОРНА ОРГАНИЗАЦИЈА

Меѓу големиот број гости, фанови и пријатели на Тоше, на промоцијата присуствуваа и многу негови колеги: Нина Бадриќ, Жак Хоудек, Баруни, Мато Дошен, Лео, Катерина од „ИТ“, Зана Мари Лалиќ, Јасмин Ставрос. Присуствуваше и Рајко Дујмиќ, фронтменот на „Нови фосили“, кој иако лично не го познавал Тоше, сепак, го удостои со своето присуство. Филмот беше многу убав, топол, а песните, доста интересни. Не го познавав Тоше, но беше многу мил и симпатичен - рече Дујмиќ.



Беспрекорната и гламурозна промоција ја организира „Хит рекордс“, издавач на албумот во Хрватска. Првиот човек на куќата, Мирослав Рус, автор на „Игри без граници“ и на „Цреша“, се надева дека цедето ќе достигне дијамантски тираж, како и претходниот албум на Проески.

- Станува збор за исклучителен материјал и мислам дека тоа што го создаде беше, практично, почеток на голема светска кариера. Не можам да прежалам што тој човек нема шанса да направи и други албуми. Уверен сум дека колку што ние го сакаме, а тоа е неизмерно, толку ќе го сакаше и светот. Премногу тешко ми е да го гледам документарецот и веројатно треба да помине долго време да се осмелам да го погледнам повторно. Тоше ми недостига како пријател. Сепак, животот оди понатаму и се трудам да не го разочарам како негов човек во дискографската индустрија и како пријател. Затоа промоцијата на англискиот албум ќе ја изработам максимално. Бескрајно ни недостига - признава Рус.

ФАНОВИ ОД ЦЕЛАТА ЗЕМЈА

Покана за промоцијата беше упатена до хрватскиот политички врв и до дипломатскиот кор, но тие не присуствуваа на настанот. Од Нова Градишка, местото во чија близина загина Тоше, пристигна градоначалникот на градот, а присуствуваше и македонскиот амбасадор во Хрватска, Данчо Марковски.

- Се изнаплакавме со сопругата потсетувајќи се што изгубивме. Со овој филм успешно се пренесени моментите што зборуваат каква прекрасна личност и пејач беше Тоше. Откако сите не' обедини на Балканот, тргна нашата земја да ја претстави надвор од тие граници. Тоше стана бренд, кој и мене како амбасадор ми помага во работата, особено во делот на културата и спојување на овие земји во таа област. Во секој мој настап во градовите и во општините, првиот контакт со народот го остварувам многу лесно токму поради Тоше - ни рече амбасадорот.



Меѓу гостите беше и Невен Сукаровски, директор на „Алкалоид ДОО Загреб“, кој истакна дека филмот е уметничко дело и одличен начин за презентација на работата на Проески. Ни откри дека Тоше има многу обожаватели што присуствувале и на натпреварите на нашата ракометна репрезентација во чест на големата ѕвезда.

- Највозбудлив беше мигот кога со два автобуса дојдоа во Вараждин по победата над Полска за да го прослават успехот на репрезентацијата. Заедно со нас уживаа со македонската песна на Наум Петрески и групата „Боеми“. На натпреварот Македонија - Данска навиваа за нашата репрезентација, држејќи го големиот постер во рака, скандирајќи „Еден е Тоше“ - вели Сукаровски.

Дел од тие обожаватели беа присутни и завчеравечер во „Синестар“. Дојдоа и од Сплит и од Риека. Меѓу нив беше и загрепчанката Стела Прислан Фуис. Таа ни откри дека подготвуваат многу хуманитарни акции поврзани со ликот и делото на Тоше, поврзувајќи се и со фондацијата што го носи името на големата ѕвезда. Загреб и Хрватска деновиве живеат за ракометот, а обожаватели со англискиот албум на Тоше што веќе е во продажба. Преку песните од ова цеде, Проески ќе продолжи да живее и во нивните домови.

Цеде на местото на несреќата
Во Загреб, покрај менаџерскиот тим од „Аворд продукција“, Лилјана Петровиќ и Ласте Николовски, пристигнаа и членови на семејството Проески. Потресен, зетот на Тоше, Славен Ристески, избегнуваше да дава изјави за хрватските медиуми, кои инсистираа на интервјуа.

- Повторно ја доживуваме истата болка како дента кога загина. Најтешкото нешто се случи кога возевме кон Загреб. Застанавме на местото каде што загина и оставивме цеде од англискиот албум - ни откри Ристески.



Секој 16 во месецот свеќа за Тоше

Луѓе од сите националности и вери по смртта на Тоше редовно доаѓаат во Македонската православна црква, што се наоѓа во местото Роков Перивој, во близина на центарот на Загреб.

- На денот на неговото раѓање имаше литургија на која присуствуваа толку многу луѓе како што обично има за Божик и за Велигден. Неговите обожаватели донесоа многу цвеќиња, колачи од пченица на кои пишуваше „Тоше те сакаме“, односно, лицитарски срца, што се традиција во Хрватска. Одборот на Македонската православна црковна општина „Св. Злата Мегленска“ донесе одлука секој 16. во месецот црквата да биде отворена од 17.30 до 19 часот за луѓето да палат свеќа за покој на душата на Тоше - ни изјави Кирко Велински, парохиски свештеник на Македонската православна црква во Хрватска.

Соња Алексоска Неделковска Наш известувач
Вратете се на почетокот Go down
batbayan
Модератор
Модератор
batbayan


Број на мислења : 1410
Age : 38
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
The Hardest Thing --- PROMOCIJA - Page 3 Left_bar_bleue11 / 10011 / 100The Hardest Thing --- PROMOCIJA - Page 3 Right_bar_bleue

Registration date : 2008-06-11

The Hardest Thing --- PROMOCIJA - Page 3 Empty
ПишувањеПредмет: Re: The Hardest Thing --- PROMOCIJA   The Hardest Thing --- PROMOCIJA - Page 3 I_icon_minitimeЧет Јан 29, 2009 12:47 pm

Хрватските колеги и фанови присуствуваа на промоцијата на албумот и филмот во Загреб

По промоцијата на последниот албум на Тоше Проески - The Hardest Thing во Скопје и во Белград, каде присутните можеа да го видат и филмот за тоа како се снимаше проектот со кој Тоше требаше да го најде своето место на светската музичка мапа, синоќа и загребската публика ја имаше таа привилегија. Филмот во загребскиот Синестар дојдоа да го видат многубројните пријатели и фанови на прерано починатата македонска легенда, кои со солзи во очите и многу емоции се присетија на заедничките мигови со нашиот великан.

Меѓу присутните беа: Тони Цетински, Мирослав Рус, Жак Худек, Рајко Дујмиќ, Никша Братош, Жанмари Лалиќ, Катарина Раутек, Нина Бадриќ...

Сите се согласни со зборовите на менаџерот Ричард Енглер, дека Тоше ја имал харизмата на принцезата Дајана.

И двајцата имаа мошне слична харизма, заради што Тоше успеа да се издвои меѓу 30.000 млади музичари, колку што секоја година доаѓа во Англија, во потрага по среќа, иако се многу ретки тие кои успеваат да станат ѕвезди – вели Ричард, кој соработуваше со Бритни Спирс.

По Скопје, Белград и Загреб, промоцијата на филмот и на албумот вечерва е во Љубљана, а утревечер во Сараево.



http://mmm.com.mk/?ItemID=7A71875AF52D9640A693343243A35E01
Вратете се на почетокот Go down
stefi_18
Член
Член
stefi_18


Број на мислења : 628
Age : 33
Локација : Makedonija
Репутација :
The Hardest Thing --- PROMOCIJA - Page 3 Left_bar_bleue0 / 1000 / 100The Hardest Thing --- PROMOCIJA - Page 3 Right_bar_bleue

Registration date : 2008-10-20

The Hardest Thing --- PROMOCIJA - Page 3 Empty
ПишувањеПредмет: Re: The Hardest Thing --- PROMOCIJA   The Hardest Thing --- PROMOCIJA - Page 3 I_icon_minitimeЧет Јан 29, 2009 4:46 pm

THE HARDEST THING


Јагма за албумот на Тоше!


The Hardest Thing --- PROMOCIJA - Page 3 D4A6B474119C894EB9ECF22DE6FFE569


Последното англиско издание на Тоше Проески [/color[color=blue]]"The hardest thing" во продажба го има само четири дена, а поради големиот интерес на фановите и експресната продажба - веќе се создава и паника дека ќе се јави недостиг. Таков впечаток се добива затоа што уште од понеделникот низ неколку од продажните места албуми нема. Тоа, според издавачите за македонски пазар, матичната продукција на Тоше Аворд ентертејмент не е проблем и нема простор за нервоза.

"На македонскиот пазар е пуштен тираж од 10.000 примероци, но за неколку дена треба да стигне дополнувањето така да воопшто нема простор за паника", вели еден од првите луѓе на Аворд, Сашо Митков. Според него, потребите на пазарот ќе бидат задоволени, а во моментов се уште е рано да се зборува за конкретни бројки и проценка на ситуацијата. За тоа се потребни барем уште неколку дена бидејќи, вели, речиси секогаш е така - по првиот бран следува смирување на ситуацијата.

По скопската претпремиера, документарецот посветен на снимањето на постхумниот албум на Тоше, а кој требаше да му обезбеди пробив на светскиот музички пазар, и новото ЦД се претставуваат и во останатите ЈУ-републики. По Белград, Загреб, Љубљана вечерва на ред е Сараево. 84-минутниот документарец веќе од 12 февруари ќе биде ставен на редовните репертоари во киносалите кај нас, но и во регионот.


http://www.vecer.com.mk/?ItemID=B851E99AA710384398A1566787097D7B
Вратете се на почетокот Go down
batbayan
Модератор
Модератор
batbayan


Број на мислења : 1410
Age : 38
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
The Hardest Thing --- PROMOCIJA - Page 3 Left_bar_bleue11 / 10011 / 100The Hardest Thing --- PROMOCIJA - Page 3 Right_bar_bleue

Registration date : 2008-06-11

The Hardest Thing --- PROMOCIJA - Page 3 Empty
ПишувањеПредмет: Re: The Hardest Thing --- PROMOCIJA   The Hardest Thing --- PROMOCIJA - Page 3 I_icon_minitimeЧет Јан 29, 2009 7:53 pm

ПРОМОЦИЈА ВО ЗАГРЕБ
Колегите на Тоше повторно заплакаа за него
Промоцијата на новиот албум на македонската музичка легенда и премиерата на филмот „Тоше - Тхе хардест тхинг“ се одржа во вторникот вечер во Хрватска. Колегите што дошле да го проследат филмот (Мирослав Рус, Нина Бадриќ, Тони Цетински, Жак Худек, Рајко Дујмиќ и други) на многу делови од филмот не можеле да ги задржат солзите. Најмногу се плачело на изјавата на англискиот продуцент Ричард Енглер, кој во филмот вели дека Тоше е како англиската принцеза леди Дијана.
- Двајцата имаа многу слична харизма, затоа Тоше успеа да се издвои меѓу 30.000 млади музичари, колку што секоја година доаѓаат во Англија во потрага по среќа, а ретки се тие што успеваат да станат ѕвезди - вели Енглер, кој има соработувано и со Бритни Спирс.

http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=2&tabid=1&EditionID=1609&ArticleID=106556
Вратете се на почетокот Go down
Chris
Администратор
Администратор
Chris


Број на мислења : 2179
Age : 34
Локација : СКОПЈЕ
опис: : RBD FAN
Репутација :
The Hardest Thing --- PROMOCIJA - Page 3 Left_bar_bleue11 / 10011 / 100The Hardest Thing --- PROMOCIJA - Page 3 Right_bar_bleue

Registration date : 2008-04-13

The Hardest Thing --- PROMOCIJA - Page 3 Empty
ПишувањеПредмет: Re: The Hardest Thing --- PROMOCIJA   The Hardest Thing --- PROMOCIJA - Page 3 I_icon_minitimeЧет Јан 29, 2009 8:20 pm

Знаев дека ке се појави недостиг на албуми, секој човек копнее да го има ова ремек дело во домашната колекција
Вратете се на почетокот Go down
https://tose-mk.forumakers.com
Tanja
Член
Член
Tanja


Број на мислења : 593
Age : 36
Локација : Skopje, Makedonija
опис: : TOSE TE SAKAME I KE TE SAKAME ZASEKOGAS!
Репутација :
The Hardest Thing --- PROMOCIJA - Page 3 Left_bar_bleue2 / 1002 / 100The Hardest Thing --- PROMOCIJA - Page 3 Right_bar_bleue

Registration date : 2008-06-06

The Hardest Thing --- PROMOCIJA - Page 3 Empty
ПишувањеПредмет: Re: The Hardest Thing --- PROMOCIJA   The Hardest Thing --- PROMOCIJA - Page 3 I_icon_minitimeПет Јан 30, 2009 12:16 am

Јагма за албумот на Тоше!

http://www.radiomk.com/index.php?categoryid=1&p2_articleid=1414
Вратете се на почетокот Go down
http://www.tose-mk.forumakers.com
Chris
Администратор
Администратор
Chris


Број на мислења : 2179
Age : 34
Локација : СКОПЈЕ
опис: : RBD FAN
Репутација :
The Hardest Thing --- PROMOCIJA - Page 3 Left_bar_bleue11 / 10011 / 100The Hardest Thing --- PROMOCIJA - Page 3 Right_bar_bleue

Registration date : 2008-04-13

The Hardest Thing --- PROMOCIJA - Page 3 Empty
ПишувањеПредмет: Re: The Hardest Thing --- PROMOCIJA   The Hardest Thing --- PROMOCIJA - Page 3 I_icon_minitimeПет Јан 30, 2009 2:02 am

Што е тоа Јагма? не можам сега да го отворам линкот затоа прашувам
Вратете се на почетокот Go down
https://tose-mk.forumakers.com
LudaMala
Супер Модератор
Супер Модератор
LudaMala


Број на мислења : 1483
Age : 42
Локација : Олимпијски град
опис: : The Hardest Thing --- PROMOCIJA - Page 3 Bosnia-herzegovina505
Репутација :
The Hardest Thing --- PROMOCIJA - Page 3 Left_bar_bleue5 / 1005 / 100The Hardest Thing --- PROMOCIJA - Page 3 Right_bar_bleue

Registration date : 2008-05-21

The Hardest Thing --- PROMOCIJA - Page 3 Empty
ПишувањеПредмет: Re: The Hardest Thing --- PROMOCIJA   The Hardest Thing --- PROMOCIJA - Page 3 I_icon_minitimeПет Јан 30, 2009 2:16 am

Јагма је отимање, грабљење.
Вратете се на почетокот Go down
batbayan
Модератор
Модератор
batbayan


Број на мислења : 1410
Age : 38
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
The Hardest Thing --- PROMOCIJA - Page 3 Left_bar_bleue11 / 10011 / 100The Hardest Thing --- PROMOCIJA - Page 3 Right_bar_bleue

Registration date : 2008-06-11

The Hardest Thing --- PROMOCIJA - Page 3 Empty
ПишувањеПредмет: Re: The Hardest Thing --- PROMOCIJA   The Hardest Thing --- PROMOCIJA - Page 3 I_icon_minitimeПет Јан 30, 2009 1:21 pm

Првиот албум на англиски јазик не е последната музика од Тоше



По скопската промоција, документарецот и албумот го видоа и го слушнаа во сите главни градови на бивша ЈУ


По скопската промоција на документарецот „Чекор до светска слава“ и албумот „The hardest thing“, видео и аудиозапис на сведоштвото за раѓањето на англискиот албум на Тоше, прикажувањето продолжи во Белград, Загреб, Љубљана, Сараево... Како времето да застанало, како да се замрзнаа чувствата од оној преклански 16 октомври, зашто уредно ја потиснавме болката. Ама останаа да ѕвонат камбаните, како оние на крајот на филмот... Атмосферата во сите градови беше речиси идентична - на граница до тага, на само чекор до солзи. И повторно нурнување во она за што не постои логично објаснување.

И тажно и свечено беше да се присуствува на промоцијата на албумот кој Тоше толку го посакуваше. Неправедно е да си дел од музичката историја, а да си отсутен. Да не можеш да возвратиш љубов. Но, песните се уште нешто од Тоше, молекули од неговата душа, што е можност повторно да е со нас.

Како цунами одекна веста за промоцијата во српската престолнина, каде што Тоше беше многу популарен. Во друштво на најбројните, новинарите и пријателите Зафир, Васил и Сенка Велетанлиќ, Огнен Радивоевиќ, Гоца Тржан... се прикажа документарецот „Чекор до славата“. Во Загреб беше уште помасовно – во Хрватска, Тоше уживаше голема популарност, а сите од присутните, особено оние од музичката бранша - Тони Цетински, Нина Бадриќ, Рајко Дујмиќ, Никша Братош, Мирослав Рус имаа лична приказна за Тоше... Го погледнаа филмот, не воздржувајќи се. Веќе не е срамота да се плаче, да се покаже емоција.



„Харизмата што ја имаше Тоше беше заслужна да се издвои меѓу 30 илјади млади музичари кои секоја година доаѓаат во Англија во потрага по светска слава“, во документарецот поентираше менаџерот на Тоше за странскиот пазар Ричард Енглер.

„На чекор до светска слава“ скопската публика ќе може да го гледа од 12 февруари за кога е планирана премиерата. Документарецот трае 80 минути и е веродостојна слика на она што беше Тоше - искрен, љубопитен, весел, подготвен да пее, да пее и да не застане. Продуцентката на филмот Нина Север (повозрасните читатели се сеќаваат на неа како дел од словенечката група „Видеосекс“) ни рече и да не го познаваше Тоше лично, по филмот ќе и' беше уште потешко. „Часови и часови, денови и денови ги гледав километарските видеоснимки“, ни рече Нина. „Имав чест да го знам и со него да почнам да се смеам како да сум дете. Без предмисла и без размислување. Сакав со многу љубов, без да се гази по тагата, да се раскаже приказна за овој млад човек“. Режисерот Боштјан Слатеншек ја направи вистинската работа - дел од снимките создавани за време на создавањето на албумот - почетоците на соработката со Енди Рајт (потпишан зад песните „Beauful for me“, „Glide“, „Separate Way“, „Forever“), сеќавањата и приказните потоа да ги обедини во една целина. Во она што е, а не она што можеше да биде Тоше.



Албумот, освен спомнатите песни, ги има и дуетите „Арија“ со Џана Нанини, „My litle one“ со внук му Кристијан, „Don’t hurt the ones you love“ на Мартин Хансен и „The hardest thing“ и „Gilty“ на Вејн Хектор.

„Мојата најдрага песна е ’Вeauful for me‘, зашто има лична приказна - се роди дента кога се запознавме, во почетокот на нашето пријателство“, ни раскажа Енди Рајт. „Но сентиментално сум врзан и за ’My litle one‘, песната на Тоше, чиј аранжман го правев по несреќата. Тоа е најубавиот подарок што го има Кристијан од својот вујко, па сакав да биде токму како што замислуваше Тоше“.

Енди верува дека постојат големи шанси за интернационална постхумна кариера на Тоше. Приказната за талентираното дете од Крушево, град близок со птиците, кое заспива со арии, дарба од Господ што веднаш ја забележале и блиските и далечните, растењето, младоста и музиката, тој им ја раскажа на британските новинари кои би требало да му ја раскажат приказната на светот. Следниот чекор е да направи „трибјут“-албум, каде што недовршените песни на Тоше ќе ги пеат музичарите со кои тој соработуваше - Ени Ленокс, „Симпли ред“, Дејвид Боуви... „Работев со многу луѓе и со многу интернационални ѕвезди. Верувам дека ќе успее проектот“.

Документарецот веќе си го оди својот пат - по екс ЈУ-промоција, го очекува прикажувањето низ целиот Балкан, а ќе се појави и на неколку светски фестивали, од кои сигурни се „Златна ружа“ во Монтреал и фестивал во Австрија.

Се' што отпеа, на сите песни досега Тоше им подари душа. Таму кај што требаше - го даде вештачкото дишење, ги оживеа, подаде рака за да проодат и ги пушти да продолжат.

Кога би барале логика во се', верувам дека чудото наречено живот веќе не би било чудо... Овој прв албум на англиски јазик сигурно не е последната музика од Тоше.

МАЛЕЧКО МОЕ

(My litle one)


Кога денот останува да си замине

Во моите соништа јас се молам

Уште еднаш да го видам твоето лице

Потоа ќе исчезнам



Само уште еднаш да ги видам твоите очи

Да ги видам твоите очи

Потоа можеш да одиш да спиеш

Мора да издржиш

Само уште еднаш да те прегрнам

Потоа ќе исчезнам



Ми рече

Мое малечко не плачи

Немав време да ти кажам збогум

Поголема сила ме повикува

Тоа беше моја судбина

Толку многу нешта, и уште повеќе треба да направам

И ако изгледа дека таа ме краде од тебе

Мора да знаеш длабоко во твоето срце

Дека никогаш нема да бидеме разделени



Сеќавањата се секогаш тука за да останат

Треба да се држиш до нив

Мора да бидеш силен

Тогаш јас ќе исчезнам



Само уште еднаш да ги видам твоите очи

Ќе те оставам да заспиеш

Ти беше премлад

Потоа ќе исчезнам



Само уште еднаш да ги видам твоите очи

Ќе те оставам да заспиеш

Ти беше премлад

Потоа ќе исчезнам



Ќе ги избришам овие солзи, ќе ги избркам овие стравови

Ова е патот што мора да го изодиш

И ангелите ти го покажуваат патот

Ќе се разбудиш сега во друг свет

Меѓутоа, ветувањето нема да го прекршиш

Ќе го следиш секој мој чекор



Ми рече

Мое малечко не плачи...


http://utrinski.com.mk/?ItemID=8F070C3B0611074BBFED19D44BFFFC7D


http://www.radiomk.com/index.php?categoryid=1&p2_articleid=1417
Вратете се на почетокот Go down
Chris
Администратор
Администратор
Chris


Број на мислења : 2179
Age : 34
Локација : СКОПЈЕ
опис: : RBD FAN
Репутација :
The Hardest Thing --- PROMOCIJA - Page 3 Left_bar_bleue11 / 10011 / 100The Hardest Thing --- PROMOCIJA - Page 3 Right_bar_bleue

Registration date : 2008-04-13

The Hardest Thing --- PROMOCIJA - Page 3 Empty
ПишувањеПредмет: Re: The Hardest Thing --- PROMOCIJA   The Hardest Thing --- PROMOCIJA - Page 3 I_icon_minitimeСаб Јан 31, 2009 1:18 am

леле фала ви за овие преубави информации, посебно за онаа дека ова не е последната музика од Тоше! The Hardest Thing --- PROMOCIJA - Page 3 825168
Вратете се на почетокот Go down
https://tose-mk.forumakers.com
Sponsored content





The Hardest Thing --- PROMOCIJA - Page 3 Empty
ПишувањеПредмет: Re: The Hardest Thing --- PROMOCIJA   The Hardest Thing --- PROMOCIJA - Page 3 I_icon_minitime

Вратете се на почетокот Go down
 
The Hardest Thing --- PROMOCIJA
Вратете се на почетокот 
Страна 3 of 4Отиди на страна : Previous  1, 2, 3, 4  Next
 Similar topics
-
» The Hardest Thing mp3
» The Hardest Thing
» Tose Proeski - Hardest Thing
» Tose Proeski -The Hardest Thing- komentari albuma

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
 :: Форум :: Околу форумот-
Отиди до: