Во декември цеде со нови песни
Нов носач на звук на кој ќе бидат сместени седум односно осум сосема нови композиции ќе се најде во музичките продавници на почетокот на декември, најдоцна до 10-ти истиот месец.
На радост на огромната армија на обожаватели на нашата ѕвезда, на изданието ќе се најдат досега необјавени песни кои Тоше ги напишал за себе. Музиката е комплетно негова, на текстовите моментално работат најдобрите текстописци од регионов, а аранжманите се во фаза на договарање.
Како што дознаваме, се уште не е познато ниту името на издавачката куќа која ќе застане позади објавувањето на цедето, но она што е извесно е дека песните ќе ги исполнат најпознати ѕвезди од екс ЈУ регионов. Во наредниот период се планира и снимање на два видеоспотови- првиот за темата „Још увијек сањам да смо заједно“ на Мирослав Рус, која ќе биде дел од новото цеде, како и за темата „Separate Ways“, која е сместена на англискиот албум на Тоше Проески.
http://utrinski.com.mk/?ItemID=A4FA9C6141E...B3CF688A216D08E
Пет Окт 09, 2009 11:01 pm by mala