Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeLatest imagesБарајРегистрирајте сеВлез

 

 Втори концерт во чест на Тоше - 25.01.2010г.

Go down 
Отиди на страна : 1, 2  Next
АвторПорака
batbayan
Модератор
Модератор
batbayan


Број на мислења : 1410
Age : 38
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
Втори концерт во чест на Тоше - 25.01.2010г. Left_bar_bleue11 / 10011 / 100Втори концерт во чест на Тоше - 25.01.2010г. Right_bar_bleue

Registration date : 2008-06-11

Втори концерт во чест на Тоше - 25.01.2010г. Empty
20091128
ПишувањеВтори концерт во чест на Тоше - 25.01.2010г.

Новите балади на Тоше пред скопската публика

Најголемите бивши ЈУ-ѕвезди ќе допатуваат на концерт во Скопје за да отпеат песни напишани од перото на Проески

„Тоше и пријателите“ е работната верзија на новиот постхумен албум на најголемата македонска пејачка ѕвезда што ќе биде промовиран на денот на неговиот роденден, 25 јануари 2010 год., за кога е предвидено да се одржи голем хуманитарен концерт во чест на нашата икона.

Според најавите, во Скопје се очекува да пристигнат неколку големи ѕвезди од бившите ЈУ-простори, блиски пријатели и соработници на македонскиот пејач, кои ќе настапат со песни напишани од перото на Тоше Проески. Станува збор за композиции, околу осум, што се создавани во последните две години од животот на Тоше, во периодот од 2005 до 2007 година, од кои најголемиот дел се балади.

„Осумдесет отсто од песните се балади што ги компонирал Тоше. Според сатницата на записите, сите се правени по полноќ, очигледно тогаш Тоше имал најголема инспирација“, ни откри Славен Ристески, зет на Тоше и дел од организацијата на претстојниот концерт. Тој додаде дека дел од песните се веќе снимени.

„Деталите се' уште не можам да ги откријам, зашто моментално се работи на нив и воопшто, на целокупното сценарио. Во игра се две-три варијанти околу тоа како ќе изгледа концертот, но можам да кажам дека на него ќе бидат изведени седум или осум песни компонирани од Тоше, а меѓу нив ќе се најде и песната, отпеана од Тоше, „Још увијек сањам да смо заједно“ на Мирослав Рус. Тоа е една од најубавите песни што воопшто сум ја слушнал. На неа е работено речиси една година, а сите инструменти се снимени во живо, квалитетот е на највисоко ниво. Но, кога станува збор за пеењето... Е тука навистина немам зборови со кои би можел да го опишам“, додава Ристески.

Конечниот список на пејачи што ќе ги пеат песните, напишани од Тоше се' уште не може официјално да се потврди. Моментално сите работи и подготовки се одвиваат на релација Скопје – Белград - Загреб - Сараево и секојдневно се одвиваат контактите со останатите автори кои на музиката на Тоше создаваат текстови, аранжмани, продукција...

„Тоа се луѓето што соработуваа со Тоше до последниот ден од неговиот живот, луѓе што бескомпромисно и веднаш се согласија да бидат дел од проектот што ќе го одбележи концертот. Меѓу нив се: Мирослав Рус, Никша Братош, Миро Буљан, Марина Туцаковиќ, па авторот што ја напиша „Несаница“... Одбрана екипа автори кои добро го познаваа Тоше и неговиот менталитет, размислувањата, душата. Кога Никша Братош и Миро Буљан ги преслушаа беа премногу изненадени од тоа колку Тоше бил голем композитор и особено им беше драго што тие треба да ги довршат, доаранжираат, иако некои од нив имаа дури и свој аранжман што го направил Тоше“, вели Ристески.

Сите песни ќе бидат ставени и издадени на носач на звук, а албумот ќе се продава во земјава, но и надвор од неа, во регионов, и ќе биде подзасилен со неколку видеоспотови кои би требало да го промовираат уште подобро.

Меѓу другото се очекува да се затвори и прашањето околу дефинитивната локација на одржувањето на концертот во чест на Тоше. Арената „Филип Втори“ или втората варијанта - затворен простор (во зависност од капацитетот ќе се избира меѓу салата „Борис Трајковски“ и „Метрополис арена“ на Скопски саем) се веројатните локации на кои е предвидено да се одржи големиот настан. Многу прашања и дилеми се појавија по презакажувањето на терминот, кој наместо на 5 октомври, се префрли на 25 јануари, а можната локација, арената „Филип Втори“ отвори дополнителни прашања, особено ако се има предвид дека предвидениот термин е во зима кога временските услови се променливи, а ниските температури доминантни.

„Ако може плоштадот во Скопје да биде полн за дочекот на Нова година, зарем луѓето не би можеле да издржат два часа на Градски стадион?“, вели Ристески.

Во меѓувреме, додека да се договори точната локација за одржување на концертот, подготовките за претстојниот концерт во чест на Тоше продолжуваат со полна пареа. Измешани емоции, неизвесност, трепет и очекувања се мешаат пред 25 јануари. Отстапки од терминот овојпат нема да има, а деновиве ќе се знае и конкретно дали концертот ќе се одржи точно на роденденот, ден што се паѓа на почеток од работната недела - понеделник или ќе биде организиран ден порано, на 24 јануари за да се искористи викендот кога најголемиот дел од луѓето не се на работа.

Патем, концертот ќе се одвива исклучиво во живо, онака како што Тоше ги организираше своите настапи на кои никогаш не пееше на плејбек. Како организатор и овојпат се јавува интернационалната фондација „Тоше Проески“, а покровител е повторно Владата на РМ.

„Средствата што ќе се соберат од овој хуманитарен концерт ќе бидат наменети за манастирот „Св. Преображение“ во Крушево, каде што градежните работи се во полн ек, но со оглед на тоа што манастирот е оддалечен 7 км од Крушево, во место што е надвор од јавната електрична мрежа, потребна е поголема инвестиција за електрификација и комплетно осветлување на манастирскиот комплекс“, истакна директорот на фондацијата „Тоше Проески“, Андреј Николоски во своето последно соопштение до јавноста.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=D03B3B766D1...8644C4397D82BD3
Вратете се на почетокот Go down
Share this post on: reddit

Втори концерт во чест на Тоше - 25.01.2010г. :: Comments

Вредни како пчели пред Нова година

Периодов интензивно се подготвува новиот проект на Тоше Проески, кој дефинитивно ќе го одбележи почетокот на новата година, јануари, кога ќе излезе долгоочекуваниот носач на звук, второ постхумно издание на Тоше Проески, со работен наслов „Тоше и пријателите“. Како што пишувавме, на него ќе се најдат околу осум композиции, напишани од Проески, а промоцијата ќе се случи на концерт токму на денот на неговиот роденден - 25 јануари 2010 година.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=02CBA87...87989EF2FA462C5
Убаво што ке излезе нов албум но штета што он нема да ги испее тие песни
Да ја исполниме желбата на Тоше заедно

Македонската непреболена музичка ѕвезда и хуманист Тоше Проески имаше голема желба да Го направи Mанастирот „Св.Преображение“, па затоа овогодишниот концерт што ќе се одржи во чест на Тоше, средствата ќе ги намени за пуштање на струја во Манастирот.

Концертот и новиот постхумен албум на најголемата македонска пејачка ѕвезда што ќе биде промовиран на ден пред Неговиот роденден, 24.јануари 2010.год., за кога е предвидено да се одржи голем хуманитарен концерт во чест на нашата икона.

Концертот се води под мотото „Со хуманост до светлина“.

Како што најавија од Меѓународната фондација Тоше Проески, во Скопје се очекува да пристигнат неколку големи ѕвезди од бившите ЈУ-простори, блиски пријатели и соработници на македонскиот пејач, кои ќе настапат со песни напишани од перото на Тоше Проески.

Станува збор за осум композиции, што се создавани во последните две години од животот на Тоше, во периодот од 2005-та до 2007-ма година, од кои најголемиот дел се балади.

Пејачи што ќе ги пеат песните, напишани од Тоше се :

Аки Ракимовски, Борис Новковиќ, Тони Цетински, Елена Ристеска, Калиопи и други.

На самата прес - конференција од фондацијата најавија и видео запис за песната „Guilty“, кој ќе се реализира наскоро.

ЕВН се наоѓа како главен покровител на концертот и веќе работи на проект за да се пушти струја во Манастирот иако е многу сложен процес, тие изјавија дека им е привилегија да работат на тоа.

„Средствата што ќе се соберат од овој хуманитарен концерт ќе бидат наменети за Манастирот „Св.Преображение“ во Крушево, каде што веќе е започната работата, но со оглед на тоа што Манастирот е оддалечен 7 км од Крушево, во место што е надвор од јавната електрична мрежа, потребна е поголема инвестиција за електрификација и комплетно осветлување на манастирскиот комплекс“, истакна директорката за комуникации на ЕВН, Ирена Карапузоска.


http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=117953
Со концерт ќе се слави роденденот на Тоше

Со осум песни во авторство на Тоше Проески, а во изведба на пејачи со кои тој запеал во дуети или планирал да запее, на 24. јануари следната година во салата Борис Трајковски, ќе се слави раѓањето на македонскиот музички великан.

Концертот е закажан за ден пред роденденот на Тоше, 25. јануари, со цел тој ден неговото семејство да го чествува роденденот во Крушево, во интимен круг на најблиски.

Претставниците од Фондацијата Тодор Проески, вчера во Александар Палас на прес конеференција ги соопштија деталите околку овој долгоочекуван музички настан.

- Ги повикуваме обожавателите на Тоше, кои во секоја пригода и на свој начин го одбележуваат неговото име и го продолжуваат неговото дело, да го поддржат и овој музички настан, со цел да оствариме две големи желби на Тоше - негови песни да пеат пејачи со кои имал драги соработки и втората желба е да се осветли манастирот Свето Преображение - изјави Андреј Николовски, извршен директор на Фондацијата.

- Минатата година на неговиот роденден исполнивме две желби - издавање на англискиот албум и документарниот филм за тоа како настанал албумот, потсети Андреј.



Парите кои ќе бидат собрани на концертот, кој оваа година носи наслов Со хуманост до светлина ќе бидат наменети за осветлување на манастирот на Тоше, Свето Преображение во Крушево, како и за 33,5 метарскиот крст кој ќе се гради во негова близина.

Како покровители се јавуваат премиерот на Владата и премиерот Никола Груевски, Министерството за култура и министерката Елизабета Милеска-Канческа како и ЕВН.

Министерката Канческа нагласи дека сесрдно го помагаат проектот за обезбедување на финансии за да се осветли местото во кое Тоше го наоѓаше својот мир и кое беше негов духовен дом.

Ленче Карпузовска, претставник од ЕВН соопшти дека ЕВН ќе обезбеди спроведување на електричен вод од седум километри, но останува најтешкиот дел- теренската изведба, заради непристапноста на овој планински терен.

Осум бисери откинати од срцето на Тоше

На концертот ќе бидат изведени осум песни од многуте кои Тоше ги компонирал во своето студио, а ги снимија Тони Цетински, Борис Новковиќ, Нина Бадриќ, Аки Рахимовски, Елена Ристеска, Калиопи, Јелена Томашевиќ и Хари Варешановиќ.

Песните се снимаат во Загреб, а како главен координатор е Славен Ристески од Фондацијата и менаџерката на Тоше - Лилјана Петровиќ, која безрезервно учествува во организацијата на овој настан, од големо значење за обожавателите, за македонската и за балканската јавност.

Повеќе детали за овој концерт ќе бидат сооопштени на следната прес конференција, закажана за 5. јануари.

Се уште сонувам дека сме заедно

На концертот ќе биде промовирана и песната со гласот на Тоше Се уште сонувам дека сме заедно, која во оригиналната хрватска верзија носи наслов Још увјек сањам да смо заједно. Автор е Мирослав Рус. Таа песна е снимена во летото 2007. година, кога во неговото студио се снимаше последниот албум на Тоше Игри без граници, но Тоше, авторот и менаџерката Лилјана Петровиќ, задоволни од тоа како излегла песната, одличиле да ја сочуваат за некој фестивал.

Истата година на 16 октомври во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка, Хрватска, трагично загина македонската легенда.

Спот за Guilty

Камелија Левенска - Николовска, во име на Фонцадијата најави дека се подготвува и спотот за песната Guilty, од англискиот албум The Hardest Thing, во изработка на продукцијата Дм, со која Тоше имаше одлична соработка. ЕВН се јавува како финансиер на спотот.


http://mmm.com.mk/?ItemID=A6F5B6097AE5D247906C9F4A213ABAE0
Голем концерт посветен на роденденот на Тоше Проески


Со хуманост до светлина. На 24 јануари во салата Борис Трајковски голем концерт посветен на роденденот на најголемата поп музичка икона Тоше Проески.

Овој пат ќе бидат испеани нови осум песни компонирани од Тоше. Ќе бидат изведени од големи балкански музички имиња. Дел од нив се Калиопи, Елена Ристеска, Хари мата Хари, Борис Новковиќ и Тони Цетински.

Сите средства собрани од овој хуманитарен концерт ќе бидат за осветлување на манастирот Свето Преображение.

Голема е заложбата и на Министерството за култира за зачувавање на ликот и делото на Тоше. Спомен Домот за Проески кој се гради во Крушево ќе биде готов идната година.

Деталите околу концертот ќе бидат презентирани на 5 јануари. Засега од фондацијата открија за новите композиции и новата песна „Сеуште сонувам да сме заедно“.

KLIK NA VIDEO >>> http://sitel.com.mk/dnevnik/makedonija/golem-koncert-posveten-na-rodendenot-na-toshe-proeski
Со хуманост до светлина


Под мотото "Со хуманост до светлина" на 24 јануари во спортската сала Борис Трајковски ќе се одржи голем хуманитарен концерт во чест на Тоше Проески.Премиерно вечерта ќе биде изведена и темата "Још увек сањам да смо заједно", што ја сними Тоше за време на изготвувањето на неговиот последен албум "Игри без граници". Темата тогаш било решено да не биде ставена на албумот, а паднал договор истата да се промовира подоцна. Како што се најавува, наскоро за неа ќе биде пуштен и спот кој во моментов е во фаза на подготовка од страна на продукцијата ДМ. Наскоро се очекува во јавноста да биде пуштен и спотот за песната "Guilty" од англискиот албум "The hardest thing".

Хуманитарниот концерт, според Фондацијата која го носи неговото име, се организира во пресрет на роденденот и со цел да му се остварат барем две од желбите - издавање албум со негови композиции и осветлување на манастирот Св. Преобржение" во Крушево. Зад концертот стојат Владата на РМ и Министерството за култура, неговиот менаџерски тим од Аворд продукција, секако, предводен од менаџерката Љиљана Петровиќ, која е предводник на целиот проект. Минатата година мотото на концертот беше "Те сакаме" - одговор на неговото "Ве сакам сите", а годинешниов во пресрет на 29. роденден ќе биде Мост на надеж", вистинска димензија на зборовите вера и љубов.

http://vecer.com.mk/?ItemID=62CE62407396EA43BDA1B415E6AFD28D
Осум балкански ѕвезди ќе пеат авторски песни од Тоше

Покровител на концертот е Владата на Република Македонија како и ЕВН, кој целосно го покрива осветлувањето на манастирот. Во рекламата која расплака многу од присутните на пресот е користен гласот на Тоше кој вели дека се надева дека цела Македонија ќе му помогне во осветлувањето на манастирот каде што нема струја. Цел на организаторите е да му ја исполнат желбата. - Секоја година ќе објавуваме дел од многуте песни кои Тоше ги компонираше, а не се слушнати во јавноста. Оваа година, избравме осум за кои аранжманите и текстовите ги направија соработниците на Тоше

http://vest.com.mk/?ItemID=794A893797758E47B7A9192A85F196AD
супер ќе има концерт ама штета сигурно јас нема да можам да дојдам како и за предходниот
Од вчера во продажба

Билетите за концертот во чест на Тоше - 250 денари

Од вчера се пуштени во продажба влезните билети за хуманитарниот концерт во чест на Тоше Проески – Те сакаме сите, кој на 24-ти јануари (во 20 часот) ќе се одржи во салата Борис Трајковски во Скопје.

На концертот, еден ден пред роденденот на Тоше, кој е на 25-ти јануари, ќе настапат македонските и регионалните ѕвезди: Калиопи, Елена Ристеска, Аки Рахимовски, Нина Бадриќ, Тони Цетински, Борис Новковиќ, Бојан Маровиќ и Јелена Томашевиќ.

Влезните билети по цена од 250 денари од вчера (понеделник, 11-ти јануари 2010 година) можат са се купат во музичката продавница Југотон (ГТЦ, први кат), како и во салоните Together, ширум Македонија.

Како што стои во рекламата, на концертот Со хуманост до светлината, со доаѓањето ќе ја исполните желбата на Тоше – да засветли манастирот Свето Преображение.

Целиот приход од продажба на влезниците оди во фондот кој ќе биде искористен за инсталирање електрична мрежа во манастирот над Крушево.

Концертот го организираат Меѓународната Фондација Тоше Проески, Владата на Република Македонија и ЕВН Македонија.


http://mmm.com.mk/?ItemID=F250C00FC1F9344F9EBA4A612F13EF52
Веднаш се согласив да ја отпеам песната што Тоше ја напиша и за која ги направи стиховите на англиски јазик. Знаев дека компонира сопствени песни, но Тоше не беше подготвен да ги отпее зашто беше прекритичен и пресрамежлив“, изјави Тони Цетински за хрватски „Јутарњи лист“.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=9446F083DDE1634690AAEC0BBECAF907
По две години апстиненција од медиумите, Лилјана Петровиќ, некогашната менаџерка на Тоше Проески одлучи да проговори за својот живот без Тоше, кого го нарекуваше свој син.

Денеска таа живее мирен и повлечен живот далеку од светлата на естрадата:

- Се занимавам со лековити билки, односно со една голема плантажа со билки и етерични масла, изјави Лилјана за ИН магазинот на хрватската ТВ Нова.

Причината за нејзиното интервју и појавата на телевизија е новиот албум со необјавениот материјал на Тоше. На јавноста и се немаат прикажано материјалите и многуте стихови што прерано загинатата ѕвезда ги остави зад себе.

- Тоше има многу материјали. „Се уште сонувам дека сме заедно“, е песната која последна ја отпеа, но и на неговиот компјутер има многу материјал од порано, откри Лилјана, додека композиторот Мирослав Д. Рус истакна дека оваа песна е најголемата „воена тајна“ на овој проект.

На албумот кој би требало во продажба да биде пуштен за две недели, песните од Тоше ги изведуваат одлични музичари кои освен со пеењето со него ги поврзуваше и пријателството.

[URL=http://www.idividi.com.mk/zabava/Showbiz/574057/index.html]http://www.idividi.com.mk/zabava/Showbiz/574057/index
Од прва рака

Дознаваме деталите за албумот Тоше и пријателите

Веќе знаете – наскоро светлината на денот ќе ја здогледа новиот албум на нашиот ангел со волшебен глас – Тоше Проески. МММ пред сите ги дознава деталите за цедето Тоше и пријателите – Још увијек сањам да смо заједно.

Па, да тргнеме со ред!

Албумот има своја приказна, бидејќи на него ќе се најде се уште необјавената песна на Тоше – Још увијек сањам да смо заједно. Авторот Мирослав Рус оваа композиција ја чуваше две години, а со оглед дека се ближи роденденот на Тоше, ова ќе биде подарок за сите негови фанови и почитувачи на неговото дело.

Албумот е двоен – содржи две цедеа, од кои првото, освен темата Још увијек сањам да смо заједно, содржи уште осум композиции, кои ги пеат пријателите на Тоше: Калиопи, Тони Цетински, Нина Бадриќ, Аки Рахимовски, Бојан Маровиќ (кој доаѓа на местото на Хари Варешановиќ), Борис Новковиќ, Елена Ристеска и Јелена Томашевиќ.

Она што овие песни ги прави посебни е фактот дека за нив музиката ја напиша самиот Тоше, додека текстовите се дело на: Мирослав Рус, Марина Туцаковиќ, Борис Новковиќ, Јелена Трифуновиќ, Снежана Поповиќ и Соња Буљан, како и на македонските автори Огнен Неделковски и Весна Малинова.

За аранжманите беа задолжени: Никша Братош, Тихомир Прерадовиќ, Дарко Јурановиќ, D’Knock, Миро Буљан и Алек Алексов.

За сите кои сакаат да уживаат во музиката на Тоше – второто CD ги содржи овие песни во инструментална верзија.

Веќе објавивме – својата премиера споменативе композиции ќе ги имаат на 25-ти јануари на хуманитарниот концерт во Скопје, во чест на Тоше. Албумот на музичкиот пазар ќе се најде на роденденот на Тоше - 25-ти јануари 2010-та.

Несомнено, за сите кои ја сакаат музиката на Тоше, овој албум ќе разбуди прекрасни спомени на него, но и ќе потсети колку тој беше голем и како човек, и како музичар!

http://mmm.com.mk/?ItemID=FDF4537006C36D4B8D912C53C2CB16C9
Хари Варешановиќ нема да пее песна од Тоше

Младиот црногорски пејач Бојан Маровиќ, наместо босанската ѕвезда Хари Варешановиќ, ќе настапи на концертот „Тоше, те сакаме сите - Со хуманост до светлината“, што ќе се одржи во чест на македонската музичка легенда. Во официјалниот список на учесници на манифестацијата, што го објави издавачката куќа „Хит рекордс“, меѓу осумте пејачи го нема името на Варешановиќ, иако беше најавено дека ќе отпее песна од Тоше

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=14BB23C0F6BC...6CF878DB17382E1
АКИ РАХИМОВСКИ ЗА ПЕСНАТА „КАСНО ЈЕ ЗА СВЕ“

Направив дует со душата на Тоше

Кога патувавме заедно на концерти Проески ми ги пушташе новите композиции, бидејќи моето мислење му беше важно, а имавме желба да запееме заедно, се сеќава Аки Рахимовски, кој на претстојниот концерт во чест на Тоше ќе ја испее неговата нумера „Касно је за све“

Аки Рахимовски, синоним за „Парни ваљак“, музичка ѕвезда која трае 30 години, со особено чувство зборува за песната „Касно је за све“, која ја напиша покојниот Тоше Проески. Со оваа композиција тој ќе настапи на концертот „Со хуманост до светлината“, кој во чест на нашата музичка легенда на 24 јануари ќе се одржи во салата „Борис Трајковски“. Рахимовски вели дека Тоше го сакал како син и за него го врзуваат многу спомени од заедничките дружења, патувања и разговори за музиката. „Касно је за све“ е една од осумте теми напишани од Проески што ќе се најдат на албумот „Тоше и пријателите“.

Како ги доживувате песната „Касно је за све“ и Тоше како автор?

- Тешко ми е да зборувам за него и во оваа пригода, зашто ми беше како син. Но, среќен сум што продолжува неговиот лик и дело преку проекти какво што е ова издание, на кое ќе се најдат осум композиции што тој ги создал. Бескрајно сум им благодарен на сите што го создадоа овој албум. Песните што ги напишал Тоше ги доживеав како негово размислување за музиката. Кога Лилјана Петровиќ ми ги пушти да ги преслушам, ја одбрав композицијата што најмногу му одговараше на мојот сензибилитет, а знаев и дека истата би ми ја понудил и Тоше. Текстот го напиша Мирослав Рус. Тоше многу ги сакаше нумерите на „Парни ваљак“ и ме почитуваше како пејач. Многу нешта не' врзуваа. Имавме заеднички размислувања за музиката. Затоа мојот ангажман во песната „Касно е за све“ го доживувам и како соработка со него во емотивен во и душевен облик.

Пред четири години на „Златна бубамара на популарноста“ во дует со Тоше ја изведовте „Јесен у мени“. Дали оттогаш почна и вашето пријателство?

- Од тој миг нашето пријателство стана поцврсто. Тоше го следам од неговите почетоци на „Златно славејче“. Секој негов чекор и успех беше забележан во мојата меморија. Имаше голема желба да запееме заедно и тоа се оствари на таа манифестација. Понатаму се' е историја во која се запишани сите наши средби, патувања, разговори.

Дали си ветивте дека еден ќе снимите заедничка песна?

- Кога патувавме на концерти тој ми пушташе нови материјали и бараше да му го кажам моето мислење, кое му беше битно. Идејата за заеднички дует постоеше. Сега, направив дует со неговата душа и со размислувањата за музиката. Во песната дадов се' од себе.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=3DEC3636D9DE...EB88066C373905D
Џамбазов водител на концертот за Тоше

Актерот и шоумен на бината, во „Борис Трајковски“ ќе се појави со две водителски ѕвезди од Балканот, а албумот „Тоше и пријателите“ ќе биде промовиран на 23.јануари, ден пред концертот.
Водител на претстојниот концерт за Тоше Проески, што на 24.јануари ќе се одржи во спортската сала „Борис Трајковски“ во Скопје, ќе биде актерот и шоумен Игор Џамбазов.
Со него на сцената ќе се појават и две водителски ѕвезди од Балканот, со кои моментно се преговара. Во неколкучасовната програма ќе бидат промовирани и три видеоспота.
- Публиката ќе има можност да го види видеоспотот за темата Guilty, работен во Њујорк и во Загреб.
Потоа клипот за „Још увек сањам“, што го реализиравме во хрватската престолнина во соработка со ДМ и со Мирослав Рус.
Исто така, направивме и спот за нумерата „Forever in a Day“, во кои се користени снимки од работата на Тоше при реализација на оваа песна во студио во Лондон.
Тие снимки ни ги даде Енди Рајт - открива Славен Ристевски од Фондацијата „Тоше Проески“ и зет на покојниот пејач.

БАЛКАНОТ ЌЕ ГИ ЧУЕ ПЕСНИТЕ

Цедето со осумте песни што ги создаде македонската музичка легенда наречено „Тоше и пријателите“ ќе биде промовирано на 23.јануари во хотелот „Александар палас“ -Скопје.
На презентацијата ќе присуствуваат и дел од пејачите што ќе настапат на концертот „Со хуманост до светлината“, што во спомен на Тоше ќе се одржи следниот ден во салата „Борис Трајковски“.
- Програмата и целта на овој концерт е да им се покажат на јавноста, публиката и на неговите фанови, квалитетите на Тоше како композитор.
Со оглед дека Тој се јавува како автор на сите песни од албумот, сметавме дека целиот Балкан и пошироко заслужи да ги слушне композициите што ги исполнуваат пејачи од разни земји.

Секој има право да ја слушне секоја тема создадена од Тоше.

Овој проект го работевме студиозно и професионално пет месеци, со цел да не направиме некоја грешка.
Во него учествуваат неговите соработници и пријатели - вели Ристевски.

ПОЧИТ ЗА ДЕЛАТА НА ПРОЕСКИ

На концертот ќе настапат изведувачи од македонската, хрватската и од српската музичка сцена: Елена Ристеска, Калиопи, Аки Рахимовски, Тони Цетински, Нина Бадриќ, Бојан Маровиќ, Борис Новковиќ и Јелена Томашевиќ.
Изведувачите што ќе ги исполнат темите создадени од Проески, на бината ќе ги придружува бенд и оркестар на Македонската Опера и Балет.
- Често се разочаруваме кога до нас стигнуваат коментари на луѓето дека песните на Тоше не треба да се пеат ниту да се издаваат, туку тие треба да останат во фиока.

Сметам дека наша морална обврска е да ја испочитуваме Неговата работа.
Тој со голем ентузијазам и љубов минуваше многу часови во студиото за секоја Негова идеја и инспирација да ја срочи во мелодија што ќе и' ја подари на публиката.
Светот заслужува да ја види и слушне Неговата работа - завршува Ристевски.

Засекогаш

Не успеав јас се' да ти кажам,
Сега можам само да ти напишам,
И секој мој збор
Од мене до тебе
Ќе ја допре силно и тишината,
Кога сето твое е во љубовта !

Засекогаш знам
Ќе памтам јас се'
Од твоите очи,
Ќе сочувам

Топли насмевки твои,
Засекогаш знај
Со секој твој траг
Горе меѓу ѕвездите
Ќе знам тоа твојот глас е
Како во ноќ без месечина !

Гледаш ли колку се молам за тебе
Да си ти еднаш бар тука крај мене,
И секоја мисла
Од мене до тебе
Ќе ја допре силно и тишината,
Кога сето твое е во љубовта !

Нумера од албумот „Тоше и пријателите“
Музика: Тоше Проески
Текст: Снежана Поповиќ
Препев: Огнен Неделковски
Изведба: Калиопи

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=03472460B372...DAEA74DF3A96CFA
8те песни, компонирани од Тоше можат да се слушнат на плеерот на МММ

http://mmm.com.mk/?ItemID=96B89386E1E32D4FB4A696B88FB2862A
Мирослав Рус: Не само ние, и Тоше е горд со новите песни

Со голема почит и пиетет кон својот помлад пријател и македонска пејачка легенда, познатиот хрватски композитор особено е задоволен што новите песни конечно ќе го видат светлото на денот


Мирослав Рус, познатиот хрватски композитор, помеѓу две снимања во студиото на „Хит рекордс“ во Загреб, каде што е сосопственик, со задоволство го прифати разговорот за „Нова Македонија“ во кој говори за неговата поврзаност со Тоше Проески, за ангажманот на новата колекција на песни која наскоро ќе биде промовирана во Скопје, за интервенциите во песните...

Од новиот албум на Тоше песната „Још увјек сањам да смо заједно“ ја напиша токму Мирослав Рус. Негови се и музиката, аранжманот и текстот и тоа е песната што македонскиот пејач последна ја отпеа.

- Сите други песни на новото цеде ги напиша самиот Тоше. Што значи дека на тој носач на звук се сместени осум негови и една моја. Интервенции готово и да не правевме на текстовите на Тоше, само песната што ја пее Нина Бадриќ е променета во родот односно, наместо за машки изведувач, сега е преправена за женска пејачка. Се работи за нумерата „Знам те ја“, која ќе биде испеана со гласот на Бардиќ.

Инаку, името на Рус со Тоше е врзано за неговиот голем хит „Игри без граници“, кој го напиша токму врвниот хрватски композитор, по што и албумот што го објави реномираната загрепска дискографска куќа „Хит Рекордс“ беше така насловен. А токму тој албум ги урна сите рекорди ширум просторите на бивша Југославија. За оваа песна, Рус вели дека е инспирирана од неговиот живот, во кој често не тече мед и млеко, впрочем како и за останатите негови песни.

- Кога Тоше ја слушна песната, се радуваше како мало дете. Тој добро знаеше и за тага и за радост - се сеќава Рус.

За изведувачите на новите песни на Тоше, како што се Нина Бадриќ, Аки Ракимовски, Тони Цетински, Калиопи, композиторот смета дека тоа се врвни музичари со кои е направен фасцинантен избор за изведување на она што Тоше го запиша и го остави зад себе.

- Мислам дека и самиот пејач би бил задоволен од ова што го сторивме по него. Да им го подариме на неговите фанови она што остана од него неиспеано. Кај него ме воодушевуваше неговото пеење, но она што посебно го сакав беше неговата духовност. Мислам дека беше беспримерен егземплар во европската музика - вели Рус.

Тој ни посочи дека повремено е во контакт со семејството Проески, а најмногу со сопругот на сестрата на Тоше, Славен Ристески, кој е чест гостин на „Хит рекордс“ во Загреб. Со него веќе развиле и деловни врски.

Кога се споменуваат песните на Тоше и неговата кариера, неизбежно е да се спомене и името на неговата менаџерка Љиљана Петровиќ. За неа Рус вели дека соработуваат и дека таа фактички за овој проект со новото цеде го понела најголемиот товар.

- Не и е лесно на Петровиќ. Требаше да се спојат сите тие луѓе што се ангажирани и сé да испадне добро и покрај сé уште силните и ранливи емоции врзани за Тоше. Но, јас лично многу сум задоволен и среќен што излезе албумот и знам дека нему тоа ќе му беше многу важно. Мислам дека е горд со сите нас пријателите што успеавме во тоа што Тоше го замисли, што беше само негова визија - дополнува Рус.

Тој посочува дека кај него се сé уште силни чувствата кон прерано загубениот пријател, за кој веднаш кога го запознал на патот кон Марибор, знаел дека е посебен. Двајцата се препознале по уметничкиот сензибилитет, но и во односот спрема духовноста, што веднаш довело до плодна соработка, која создаде прекрасни песни.

- Тоше и јас меѓусебно се викавме Руше - името што настана од слоговите на нашите прекари. Беше есента 2006 година кога со ист автомобил се возевме на неговиот концерт во Марибор. Ме плени со својата посебност и со начинот на кој ми се обраќаше. Ми рече дека нашата средба не е случајна и дека некаде високо на небото е запишан збор што засекогаш ќе нé поврзува. Само што го кажа тоа, над нас се појави голема плоча за мариборската населба Руше. Сфатив дека имам работа со мошне необичен човек, бидејќи тоа име како да ги споило слоговите од нашите прекари – Рус и Тоше. Потоа еден на друг се обраќавме со Руше. По концертот во Марибор, ми стана јасно дека ми се дава шанса да компонирам за пејач што се раѓа еднаш во сто години. Тоа беше чудо, пејач без граници - се сеќава хрватскиот композитор.

Мирослав Рус по професија е професор по книжевност и филозофија. Во осумдесеттите години од минатиот век бил водач на рок-групата „ИТД бенд“, пишувал песни за Жељко Бебек, Тајчи, „Црвена јабука“, „Газде“, Мишо Ковач, Масимо Савиќ и многу други познати имиња.

Со македонскиот пејач Тоше го создаде хитот „Игри без граници“, кој веќе станува евергрин.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=120101116478&id=48&prilog=0&setIzdanie=21888
http://www.mmm.com.mk/?ItemID=4EE049A6D961FB4986781B281F4D3298

Во пресрет на големиот хуманитарен концерт во чест на балканската мегаѕвезда Тоше Проески, кој во скопската сала Борис Трајковски ќе се одржи на 24-ти јануари, дознаваме нови детали за настанот, кој ќе го водат четири врвни регионални водителски имиња.

Македонија ќе ја претставува нашиот познат актер, музичар и шоумен Игор Џамбазов, Далибор Петко, врвен радио и ТВ-водител ќе ја претставува Хрватска, Милан Калиниќ, српскиот актер и водител ќе ја претставува Србија, додека од Црна Гора доаѓа новинарот и уредникот на забавната програма на нивниот национален ТВ-канал Дражен Бауковиќ.


Овие четири водителски аса ќе ги водат присутните низ концерт, со што овој настан ќе го направат уште поголем и поспектакуларен.
Распродаден концертот за Тоше!
В недела (24 јануари) во салата „Борис Трајковски“ се очекуваат над 9.000 обожаватели на Проески

Распродадени се влезниците за концертот што во чест на Тоше Проески ќе се одржи в недела, ден спроти неговиот роденден, во салата „Борис Трајковски“ во Скопје. Потрагата по карта плус деновиве изгледа како невозможна мисија - од салон во салон, обожавателите на македонската пејачка ѕвезда што задоцниле со обезбедување билет - остануваат со куси ракави.

Неофицијално, продадени се околу 9.000 влезници за претстојниот хуманитарен концерт, насловен „Со хуманост до светлината“ и на кој за првпат ќе биде промовирана новата песна на Тоше, „Још увијек сањам да смо заједно“ што ја напиша композиторот Мирослав Рус. Токму така е насловен и новиот албум на Тоше и пријателите на кој се сместени уште осум нови композиции, чија музика ја направил Тоше, а се во интерпретација на Аки Рахимовски, Тони Цетински, Нина Бадриќ, Бојан Маровиќ, Борис Новковиќ, Јелена Томашевиќ, Калиопи и Елена Ристеска. Текстовите за песните кои деновиве можат да се слушнат и на радиостаниците ги напишаа Мирослав Рус, Марина Туцаковиќ, Борис Новковиќ, Јелена Трифуновиќ, Снежана Поповиќ и Соња Буљан, додека аранжманите се на Никша Братош, Тихомир Прерадовиќ, Дарко Јурановиќ, Миро Буљан и Алек Алексов. Нивната официјална промоција ќе се случи утревечер (сабота) во хотелот „Александар палас“ со почеток во 20 часот. Новиот албум на Тоше и пријателите ќе биде двоен, покрај вокалната ќе содржи и инструментална верзија на песните.

Што се однесува до претстојниот концерт, во улога на водители ќе видиме четири познати ТВ-имиња, меѓу кои се македонскиот шоумен Игор Џамбазов, хрватскиот ТВ- водител Далибор Петко, српското ТВ-лице Милан Калиниќ и Дражен Бауковиќ, црногорски новинар и уредник на забавната програма на Радио-телевизија Црна Гора. Како што се најавува, на 24 јануари фановите на Тоше ќе може премиерно да ги погледнат и видеоизданијата за темата „Још увијек сањам да смо заједно“, како и за песните од англискиот албум „Guilty“ и „Forever in a Day“. (К.Ш.)




http://utrinski.com.mk/?ItemID=A944E261111F0E43BC9EF3DCF4005DDE
Заради незапаметен интерес

Концертот во чест на Тоше Проески ќе се следи и од плоштадот Македонија

Веќе знаете - распродадени се влезниците за концертот што во чест на Тоше Проески ќе се одржи в недела во салата Борис Трајковски во Скопје.

Утрински весник неофицијално пренесува дека се продадени околу 9.000 влезници за претстојниот хуманитарен концерт, насловен Со хуманост до светлината, на кој за првпат ќе биде промовирана новата песна на Тоше, Још увијек сањам да смо заједно, што ја напиша композиторот Мирослав Рус, а ќе настапат и негови балкански колеги: Борис Новковиќ, Тони Цетински, Јелена Томашевиќ, Нина Бадриќ, Аки Рахимовски, Бојан Маровиќ, Калиопи и Елена Ристеска.

Организаторите на концертот не известија дека заради незапаметен интерес за истиот, ЕВН Македонија им овозможува на сите оние кои не успеале да обезбедат влезница, а би сакале да ја почувствуваат масовната атмосфера, сепак да бидат дел од овој настан.

Единствено што треба да направат е во недела (на 24-ти јануари), во 20.30 часот, да дојдат на плоштадот Македонија, каде ќе биде поставен џамбо лед-екран од 50 метри квадратни, од каде ќе може да го проследат концертот.


http://www.mmm.com.mk/?ItemID=1589AECCE7FB...84A76643E3FD532


Последната промена е направена од batbayan на Пет Јан 22, 2010 6:11 pm. Мислењето е променето 1 пати
Сите детали за концертот во чест на Проески

Оливер Мандиќ и Жељко Митровиќ во спомен на Тоше

Два дена пред концертот Со хуманост до светлината, кој ќе се одржи во недела, 24-ти јануари, од 20 часот во Спортската сала Борис Трајковски во Скопје, организаторите ни доставиле сите потребни информации.
Еве го сценариото:

На концертот во пресрет на 29-тиот роденден на Тоше, ќе се изведуваат композиции на Тоше со аранжмани и текстови од врвни аранжери и текстописци од Македонија и земјите од поранешните jугословенски простори, со кои Тоше соработуваше и планираше заднички проекти.

Концертот кој е со меѓународен карактер ќе го следат над 25 милиони гледачи на повеќе континенти, со пренос преку сателит, а благодарение на директниот пренос кој што го вршат ТВ Сител од Македонија и го преземаат телевизиските станици од Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија, Бугарија.

На концертот ќе настапат изведувачите: Калиопи, Нина Бадриќ, Јелена Томашевиќ, Елена Ристеска, Аки Рахимовски, Бојан Маровиќ, Тони Цетински и Борис Новковиќ кои ќе ги исполнат композициите од албумот - Се уште сонувам дека сме заедно (Још увек сањам да смо заједно). Како и секогаш, на концертите на Тоше, на сцена ќе биде оркестарот на МОБ под диригенство на Саша Николовски – Ѓумар, како и бендот на Тоше.

Покрај композициите на Тоше, на концертот ќе гостува едно од најголемите музички имиња, Оливер Мандиќ (фото 2) кој по 24 години прв пат ќе излезе на сцена, од респект кон големиот уметник и човек. Оливер Мандиќ ќе настапи со пријателите Гаро и Tavitjan brothers, Беби Дол и големото изненадување на концертот – Жељко Митровиќ (фото 3) - бас гитарист на групата Октобар 1864, иако е денес еден од најголемите медиски магнати (сопственик на ТВ Пинк), се појавува на сцена со гитара. Песната е создадена од Оливер Мандиќ и браќата Тавитјан, а текстот е на Марина Туцаковиќ.

Меѓународниот карактер на концертот го потврдуваат и водителските имиња: Игор Џамбазов, Далибор Петко, Милан Калениќ и Дражен Бауковиќ. На концертот ќе бидат премиерно прикажани спотовите Guilty, спонзориран од ЕВН Македонија, како и For ever in the day – во продукција на Аворд. Концертот ќе го обележи премиерното прикажување на спотот за нумерата – Се уште сонувам дека сме заедно, изработен од пријателите нма Тоше – компанијата ДМ.

Врската меѓу Тоше и децата и нивната благодарност кон него, ќе биде претставена преку настапот на децата од Музичкиот Кабинет во Крушево што го носи името на Тоше. Децата од Музичкиот Кабинет во Крушево ќе ја исполнат нумерата Цреша (Трешња) која Тоше ја нарекуваше – автобиографска, а на која публиката ќе има можност да запее со изведувачите.

Со овој концерт, со кој се потврдува и продолжува делото на Тоше во музиката и хуманоста, се дава можност, публиката на Тоше да даде придонес во изградбата на 33 метарскиот крст до Манасторот, кој го почнува со градба Меѓународната Фондација Тоше Проески и фамилијата Проески. ЕВН Македонија ќе ја реализира електрификација на Манастирот и крстот, а патот до Манасторот е веќе изграден од страна на Владата на Република Македонија.

Со ова ќе се овозможи Манастирот Свето Преображение во Крушево, каде Тоше често го наоѓаше својот духовен мир, да стане честа дестинација на сите добронамерници и почитувачи на хуманоста, вербата и вистинските вредности на живеењето, а воедно се исполнуваат и желбите на Тоше.

Пренос од концертот воедно ќе може да се следи и на Плоштадот Македонија на голем екран од 42 метри квадратни со концертно озвучување, обезбедено од ЕВН Македонија, за сите кои сакаат под ѕвездено небо да бидат дел од оваа свеченост во чест на 29-тиот роденден на Тоше и негувањето на љубовта кон него.

Концертот - Со хуманост до светлината - е реализиран со покровителство на Владата на Република Македонија, Министерството за Култура на Република Македонија и ЕВН Македонија, а во организација на Меѓународната Фондација Тоше Проески и техничка поддршка на Аворд.

Врз основа на долгогодишната успешна соработка со Тоше, Фондацијата со респект ја покани менаџерката на Тоше Љиљана Петровиќ која како гостин и дел на тимот се заложи за реализација на одамна планираните активности, како и за збогатување на меѓународниот карактер на концертот, во контекст на желбите на Тоше за надминување на границите на просторот, времето, јазичните бариери...

Повеќе детали во врска со албумот - Се уште сонувам дека сме заедно - ќе следат на Промоцијата која ќе се одржи утре (сабота, 23-ти јануари) во 20 часот во хотелот Александар Палас.

http://mmm.com.mk/?ItemID=605A41C6F27ED3458785508F84E54F2F
По повод роденденот на Тоше Проески на 24 јануари со почеток во 13 часот во спортската сала Форца-Мобимак во Скопје ќе се одржи турнир во мал фудбал и пригодна културна програма насловена „Остани како светлина“.

Во рамки на програмата ќе биде промовирана и книгата поезија на влашки јазик „Остани како Светлина“ од Ванѓа Михањ-Стерју, посветена на Тоше Проески и Кристина Костова, првата претседателка на невладината организација „Совет на млади Власи од Македонија“.

Во чест на македонската икона в понеделник, на денот на неговиот роденден, Републичкиот завод за трансфузиологија организира крводарителска акција. Повод за оваа акција е продолжување на хуманата мисија на Тоше. Од Заводот ги повикуваат граѓаните да се приклучат кон акцијата која почнува во 9 часот.

http://kirilica.com.mk/vest.asp?id=40918
Кристијан ќе свири за Тоше

Поради големиот интерес за утрешниот концерт во салата „Борис Трајковски“, на плоштадот Македонија ќе биде поставен видеоекран од 45 квадратни метри, преку кој обожавателите што не успеале да купат билети ќе може да го следат настанот

Кристијан Ристески, внукот на македонската музичка легенда, во придружба на членовите од кабинетот „Тоше Проески“ од крушевското Основно училиште „Никола Карев“, ќе настапи на утрешниот концерт „Со хуманост до светлината“. Дванаестгодишниот Кристијан, кој почна да се занимава со музика од мали нозе на инсистирање на Тоше, во придружба на членовите од кабинетот на гитара, во салата „Борис Трајковски“, ќе отсвири инструментална верзија на хитот „Цреша“. Кабинетот во Основното училиште „Никола Карев“, во кое учеше и Проески, го опреми фондацијата „Тоше Проески“.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=D16B6F49F3B8...410573E8F4691EA
Промовиран албумот Тоше и пријателите

Синоќа (сабота, 23-ти јануари 2010-та), во хотелот Александар Палас во Скопје беше промовиран албумот Тоше и пријателите – Још увијек сањам да смо заједно, на кој се наоѓаат песните кои ги компонираше Тоше Проески, а ги отпеаа неговите македонски и регионални пријатели: Калиопи, Елена Ристеска, Аки Рахимовски, Тони Цетински, Нина Бадриќ, Јелена Томашевиќ, Борис Новковиќ и Бојан Маровиќ.

За прв пат пред поширокиот аудиториум беше претставена песната Још увијек сањам да смо заједно, која Тоше ја отпеа наменски, за Радиски фестивал 2008-ма, но трагичната смрт на 16—ти октомври 2007-ма, смрт ги прекина сине негови соништа и планови.

На промоцијата, која побуди голем интерес во медиумите, впрочем како и сите промоции на легендарниот музичар, присуствуваа сите пејачи кои ги пеат песните на Тоше на актуелново цеде, а тие вечерва ќе настапат и на хуманитарниот концерт во чест на нашиот ангел.

Како специјално изненадување и на промоцијата, и на концертот, во Скопје допатува легендарниот Оливер Мандиќ, кој по 24 години вечерва прв пат ќе излезе на сцена, од респект кон Тоше Проески, големиот уметник и човек. Оливер Мандиќ ќе настапи со пријателите Гаро и Tavitjan brothers, Беби Дол и уште едно големо изненадување на концертот – Жељко Митровиќ - бас гитарист на групата Октобар 1864, а денес еден од најголемите медиски магнати (сопственик на ТВ Пинк). Песната посветена на Тоше е создадена од Оливер Мандиќ и браќата Тавитјан, а текстот е на Марина Туцаковиќ.

Синоќешната промоција во Александар Палас во чест на Тоше помина во прекрасна атмосфера, достоинствено за човекот заради кој се собравме. Единствено недостасуваше ТОЈ, нашиот непребол – Тоше Проески.

Првите примероци од новиот албум – двојното CD Још увијек сањам да смо заједно, ги добија македонските новинари. Ова ексклузивно издание е посебно уште заради една работа – вториот диск ги носи инструменталните верзии на песните, уште еднаш потврдувајќи колкав музички и авторски потенцијал беше Тоше Проески.

Да потсетиме, вечерва, во пресрет на утрешниот роденден на Тоше, е концерт во салата Борис Трајковски, кој е со меѓународен карактер. Истиот ќе го следат над 25 милиони гледачи на повеќе континенти, со пренос преку сателит, а благодарение на директниот пренос, кој што го вршат ТВ Сител од Македонија и го преземаат телевизиските станици од Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија, Бугарија.

http://mmm.com.mk/?ItemID=4613231B7735294786E0ACF927D2CEDE
 

Втори концерт во чест на Тоше - 25.01.2010г.

Вратете се на почетокот 

Страна 1 of 2Отиди на страна : 1, 2  Next

 Similar topics

-

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
 :: Форум :: Портал новости-
Отиди до: