Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeLatest imagesБарајРегистрирајте сеВлез

 

 Концерт во чест на Тоше - 25.01.11 г.

Go down 
АвторПорака
batbayan
Модератор
Модератор
batbayan


Број на мислења : 1410
Age : 38
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
Концерт во чест на Тоше - 25.01.11 г. Left_bar_bleue11 / 10011 / 100Концерт во чест на Тоше - 25.01.11 г. Right_bar_bleue

Registration date : 2008-06-11

Концерт во чест на Тоше - 25.01.11 г. Empty
20101230
ПишувањеКонцерт во чест на Тоше - 25.01.11 г.

На 25 јануари концерт за роденденот на Тоше Проески

Меѓу гостите што ќе ги видиме во салата „Борис Трајковски“ ќе бидат и Антонија Шола, Наум Петревски, кој ќе настапи со групата „Синтезис“, хрватскиот композитор Мирослав Рус и многу други. Ќе биде промовирана и новата песна на Тоше „Наслони главу на моје раме“, чиј целосен автор е Нено Нинчевиќ

Традиционално и овој 25 јануари со меморијален концерт ќе биде одбележан роденденот на македонската музичка легенда Тоше Проески. Неговите многубројни обожаватели од Македонија, но и од целиот Балкан и овој пат ќе се соберат во салата „Борис Трајковски“ во Скопје, а на сцената ќе настапат познати пејачи од регионот. Сепак, бројот на учесниците ќе биде помал од оној на претходните два концерти посветени на него, бидејќи членовите на клубовите на обожаватели на Проески имаат желба повеќе да го слушаат гласот на својот миленик. Како и досега концертот ќе има хуманитарен предзнак, за да се продолжи делото на Тоше.

Според реакциите на членовите на клубот на обожаватели „Тоше Проески“, 25 јануари е многу значаен ден во нивниот животот, па затоа сите ќе дојдат во салата „Борис Трајковски“ да го прослават денот на неговото раѓање.

- Ги правиме последните подготовки за концертот по повод роденденот на Тоше, што ќе се одржи во салата „Борис Трајковски“ на 25 јануари, неговиот роденден. Ќе има гости, естрадни уметници од земјава, но и од целиот Балкан, а листата сй уште не е целосна. Најверојатно на сцената ќе ги видиме Антонија Шола, Наум Петревски, кој ќе настапи со групата „Синтезис“, но ќе има и многу други познати гости, чии имиња ќе ги објавиме наскоро. Ќе биде промовирана и новата песна на Тоше „Наслони главу на моје раме“, чиј целосен автор е Нено Нинчевиќ, снимена летото 2007 година во Хрватска - ни рече Славен Ристовски, од фондацијата „Тодор Проески“.

Тој додаде дека огромна помош во организацијата на концертот имаат од хрватскиот композитор Мирослав Рус, големиот пријател на Тоше, но и на цела Македонија, кој исто така најверојатно ќе присуствува на оваа манифестација.

- Исто така ќе бидат промовирани и неколку нови авторски песни на Тоше Проески, што ќе ги слушнеме во негова изведба, а во план е и промовирање на дивиди-издание со неговите нови мелодии. Концертот директно ќе го пренесува некоја од македонските телевизии, а ќе го преземат и голем број станици од целиот Балкан - дополни Ристовски.

Организатори на концертот се фондацијата „Тодор Проески“, клубот на обожаватели „Тоше Проески“ и Министерството за култура на Република Македонија.

Спомен-куќата готова!

На веб-страницата на клубот на обожаватели на Тоше Проески во Хрватска: http://fanclubtoseproesvki.bloger.hr е објавена веста дека меморијалниот центар „Тоше Проески“ во Крушево свечено ќе биде отворен на 25 јануари 2011 година, на денот на раѓањето на трагично загинатата ѕвезда. Во спомен-куќата, која е направена според архитектонското решение на Дејан Секуловски, Дејан Спасеноски и Илија Божиноски, ќе се наоѓа макета на неговата родна куќа во Крушево и на музичкото студио од станот во скопската населба Злокуќани. Во посебен музејски дел ќе се чуваат неговите лични предмети, колекцијата на икони и многубројните награди.

Кон***сот за изградбата на Меморијалниот центар пред три години го распиша Министерството за култура на Македонија и, од десетте пријавени решенија, избрано е она во форма на крст.

Центарот се протега на 870 квадратни метри, покривот е застаклен и е многу специфичен, а изработен е во странство.

Караоке-забава за Јоце
Во знак на неговата хуманост, во саботата вечерта, на прославата на католичкиот Божиќ, обожавателите на Тоше Проески организираа караоке-забава во скопското кафуле „Кафе-кафе“, каде што секој можеше да ја испее својата омилена песна од неговиот репертоар! Собраните средства беа донирани за помош на Јоце, кој боледува од церебрална парализа, кој исто така беше гостин на оваа средба во спомен на балканскиот славеј. Инаку, Тоше секој 25 декември традиционално одржуваше големи хуманитарни концерти - еднаш на Скопскиот саем, а сите други во Универзалната сала.

http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=1229102229493&id=50&prilog=0&setIzdanie=22171
Вратете се на почетокот Go down
Share this post on: reddit

Концерт во чест на Тоше - 25.01.11 г. :: Comments

batbayan
Re: Концерт во чест на Тоше - 25.01.11 г.
Пишување Чет Јан 13, 2011 8:54 pm by batbayan
Ексклузивно: Тоше Проески: Can You Feel The Lоve Tonight/ Free download!

Меѓународната фондација Тоше Проески на сите посетители на МММ, на фановите на Тоше од Македонија, Балканот и од целиот свет, во пресрет на неговиот 30-ти роденден, ексклузивно им ја подарува раритетната снимка Can You Feel The Lоve Tonight, која легендарниот пејач пред неколку години ја реализирал во своето домашно студио.

За free download mp3-ката ја имате во нашата аудио-галерија. Симнувајте!

Песната своја ексклузивна радио-промоција ја имаше на водечката градска радио-станица Бубамара, од каде информираат дека слушателите постојано се јавуваат со желба истата што повеќе да се емитува.

Оваа снимка, која претставува вистински раритет, до неодамна се наоѓаше во куќата на семејството Проески во Крушево, и е само една во низа необјавени теми од богатата ризница на Тоше.

Настана една прекрасна вечер, кога Тоше воодушевен од култниот цртан фил Lion King, на своите најблиски и на пријателите им ја пееше песната Can You Feel The Lоve Tonight. Во новиот аранжман на Тоше, кој ги отсвири клавијатурите, и со неговиот брилјантен вокал, снимката беше реализирана во домашни услови, па и од тој аспект претставува нешто посебно, бидејќи е забележана топла атмосфера.

Пред неколку дена од Фондацијата ја донесоа оваа снимка во студиото Торус на Александар Митевски, каде беше направен ремастеринг. Додадени се виолините на Зоран Џорлев, снимен е и детскиот хор Златно славејче, а финалниот микс го направи Валентино Скендеровски.

Несомнено, оваа тема е одлична најава за претстојниот хуманитарен концерт во чест на Тоше, кој на неговиот 30-ти роденден на 25-ти јануари со почеток во 20 часот ќе се одржи во спортскиот центар Борис Трајковски. Бидете таму!

Во песната Can You Feel The Lоve Tonight како да е собрано целото богатство од овој свет. Еден феноменален филм, Оскаровецот Lion King, еден вонсериски композитор - Елтон Џон, еден неповторлив глас - Тоше Проески, најдобар македонски виолинист - Зоран Џорлев, најдобар детски хор - Златно славејче, во кој членуваше и легендарниот пејач. Затоа снимката е толку важна и монументална. Подобра од оригиналот!

[URL=http://mmm.com.mk/?ItemID=48BC9A07BD02D54483015C655EDAB9BF]
Tanja
Re: Концерт во чест на Тоше - 25.01.11 г.
Пишување Пет Јан 14, 2011 10:09 pm by Tanja
Сите детали за хуманитарниот концерт

Со љубов од Тоше/ New video!

Меѓународната Фондација Тоше Проески има чест да Ви го најави концертот Со љубов од Тоше кој ќе се одржи на 25. јануари во Спортскиот центар Борис Трајковски, во Скопје.

Концертот, што по традиција, се одржува во чест на роденденот на македонската легенда Тоше Проески ќе почне во 20 часот. Ќе настапат пријатели и соработници и оние кои тој намногу ги сакаше, децата. Голем хор од Златно славејче заедно со членовите на Музичкиот кабинет од Крушево премиерно ќе ја испеат композицијата Пасворд, на негова музика, аранжман на Валентино Скендеровски и стихови на Огнен Неделковски, во кои проверуваат и асоцијации за Тоше.

Ќе запеат и засвират и Наум Петрески, Миле Кузмановски, Синтезис, Антонија Шола и други балкански музички имиња, како и бендот на Тоше. Концептот е поразличен од двата досега одржани меморијални концерти за македонската ѕвезда. Овој пат идејата ја дадоа фановите. Според нивна желба тие сакаат целата вечер да го носи печатот на Тоше, да ги слушаат неговите песни, да го гледаат неговиот ведар и насмеан лик на видео-снимки кои ќе се прикажуваат на три лед екрани, и да ги пеат неговите песни заедно со пејачите кои ќе пеат на сцена.

***

Исто така, на роденденскиот датум, 25. јануари 2011 година, кога Тоше требаше да наврши 30 години, ќе биде објавено и CD кој го содржи истиот наслов како и концертот - Со љубов од Тоше. На оваа албумска објава се снимени 15 песни, од кои 12 се од светската рок-антологија кои Тоше ги изведуваше на своите музички средби со младите, две песни се познати хитови а досега неслушнати во негова интерпретација (едната е од Елтон Џон, а другата од Витни Хјустон) и 15-тата песна е Наслони главу на моје раме, која ќе биде промовирана по радијата непосредно пред концертот. За оваа песна има и видео-спот снимен во Загреб (автори на песната се Тути Фрути, Нино Нинчевиќ и Миро Буљан).

Годинава концертот ќе има поведар тон, за разлика од минатите, за да со песна се чевствува ѕвезденото момче кое со музиката и срцето ги обедини народите на Балканот, со своите човечки дела им стана идол на сите генерации, и остави големо музичко и духовно наследство за вечни времиња.



Голем е интересот од балканските ТВ-станици за пренесување и снимање на оваа музичка манифестација со меѓународна димензија, од која собраните средства ќе бидат наменети хуманитарно.

Организатор на концертот Со љубов од Тоше е Меѓународната Фондација Тодор Тоше Проески, помагател е ЕВН, техничката поддршка е на Аворд а овозможено од Министерство за култура.

Фановиве со голема радост ја дочекаа и раритетната снимка Can You Feel The Lоve Tonight, која легендарниот пејач пред неколку години ја реализирал во своето домашно студио, а деновиве се врти на радио-станиците.

На Тоше целиот Балкан се потсетува со насмевка на лицата и со радост. Со хуманоста и добрите дела што ги правеше, блескавата музичка кариера и вонсериските музички квалитети тој остави досега незапаметена трага и афирмација на македонската музичка култура.

Тоше, мисионерот на љубовта, и повеќе од три години од неговото заминување во вечноста ги обединува младите и неговите следбеници, а тие постојано организираат хумани акции за да се исполни аманетот- да си помагаме во секоја ситуација, да живееме со добрина и човекољубие. Една таква ќе има на денот на роденденот.

http://www.mmm.com.mk/?ItemID=CC649793786E864F8084606174316C03


batbayan
Re: Концерт во чест на Тоше - 25.01.11 г.
Пишување Пет Јан 21, 2011 11:00 am by batbayan
Во пресрет на 25-ти јануари

Фановите со 24-каратно злато за Тоше!

Интернационалниот Тоше Проески Фан Клуб Форум како и секоја година до сега, ќе го одбележи 25 јануари, три децении од раѓањето на Тоше Проески. По тој повод, фановите го подготвија следново:

Текстот од култната песна Тајно моја испишан со калиграфско писмо.

Концерт во чест на Тоше - 25.01.11 г. 8811804506A6504CB419EE74A617B6F0

Ја ангажиравме словенската уметничка Катарина Ројц да го направи ова ремек-дело, кое сами го осмисливме. Првата буква од зборот Тајно - Т (Тоше) и една нота се направени од 24-каратно злато. Членовите од нашиот форум калиграфијата ќе ја предадат на семејството Проески.

Рачно изработен Споменар, во кој се пораките од членовите на форумот, ќе биде однесен на Гумење во Крушево, заедно со 30 бели рози.

Во договор со Меѓународната Фондација Тоше Проески ИТПФКФ ќе ја финансира изработката на оградата во улицата Тоше Проески во Крушево, на која ќе има нотен запис од песната Тајно моја, изработен од лиено железо. Работата на овој проект ќе започне на пролет и ние се надеваме дека со првите денови на летото улицата Тоше Проeски ќе биде разубавена со овој наш подарок. И во иднина ќе се трудиме таа да биде најубава улица во Крушево, Македонија, на Балканот, за нас, најубавата улица на светот

ИТПФК Форум се вклучи во акцијата Заштитник на дрвото - во Лавиринтот на уметноста во Љубљана, па уште едно столетно дрво, заедно со чинарот во Белград - Србија, ќе биде долговечен чувар на споменот на Тоше Проески

Од 287 стебла од дрвото Lat. Tsuga canadensis во Лавиринтот на уметноста во Љубљана, едно ќе биде засадено во текот на следниве неколку дена и пред него ќе има плочка со името на заштитникот на дрвото:

Заштитник на дрвото: за - Тоше Проески - ИТПФКФ.

Оваа година ИТПФКФ за прв пат ќе биде вклучен во програмата на традиционалниот хуманитарен концерт, кој се одржува на 25. 1. 2011 во Скопје. Во текот на концертот ќе биде прикажан видео прилог за хуманитарната работа на ИТПФКФ, кој веќе три години на тој начин го чува споменот на Тоше Проески - никогаш да не се заборави колку голем човек беше, уметник, верник и хуманист

Во петок 21. јануари 2011 членовите на нашиот форум ќе го посетат детското оделение во болницата во Велес, каде ќе биде реализирана четвртата по ред хуманитарна акција во Македонија. Таа акција е само една од над 30-те хуманитарни акции, наречени Тошевиот мост на љубовта, кои ИТПФКФ ги има направено од декември 2007 година во: Македонија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Словенија, Црна Гора, Србија и Бугарија.

Ние, неговите верни фанови, членови на Интернационалниот Тоше Проески Фан Клуб Форум го одбележуваме и ќе го одбележуваме секој 25 јануари, ДЕН НА НЕГОВОТО РАЃАЊЕ, ДЕН НА НЕГОВАТА ВЕЧНОСТ - вели Марина Костова, во името на членовите на Форумот...


http://www.mmm.com.mk/?ItemID=83D3EAC01FD4...ADD8260FE352970
batbayan
Re: Концерт во чест на Тоше - 25.01.11 г.
Пишување Пет Јан 21, 2011 2:24 pm by batbayan
Йоана ще пее на концерта в памет на Тоше Проески в Скопие

На 25 януари най-обичаният македонски певец Тоше Проески щеше да навърши 30 години. В разцвета на годините и кариерата си, той си отиде нелепо в автомобилна катастрофа на 16 октомври 2007 година, но неговите приятели и почитатели със сигурност няма да го забравят.

На рождения му ден, в Скопие ще се проведе благотворителен концерт в памет на Тоше Проески, организиран от едноименната фондация. Популярни балкански изпълнители ще пеят неговите парчета, в акомпанимент на бенда на загиналия певец.

За първи път и България ще се включи в благотворителните концерти. Йоана, позната от проектите с Deep Zone, ще изпълни една от последните записани песни на Тоше - The Hardest Thing. С тази песен Тоше готвеше пробив на световната музикална сцена, записът бе реализиран в Лондон.

Родните фенове ще имат възможност да проследят наживо концерта от Скопие, Balkanika TV ще го излъчи на 25 януари от 21.00 часа. Телевизията ще посвети програмата си на македонския певец през целия ден, като освен неговите клипове, зрителите ще видят филм от неговото гостуване у нас през 2006 година.

http://mp3.dnes.bg/news/2011/01/20/Yoana_s...i_v_Skopie.7584
batbayan
Re: Концерт во чест на Тоше - 25.01.11 г.
Пишување Пет Јан 21, 2011 2:24 pm by batbayan
BALKANIKA ПОСВЕЩАВА 25.01 НА ТОШЕ ПРОЕСКИ, ИЗЛЪЧВА НА ЖИВО КОНЦЕРТ ОТ СКОПИЕ


Balkanika Music Television ще посвети програмата си на 25 януари на голямата балканска звезда Тоше Проески. През целия ден ще се излъчват видеоклипове, както и документални филми, правени за един от най-обичаните изпълнители. Телевизията ще покаже и кадри от гостуването му в България по повод „180 дни Balkanika Music Television”.

В 21.00 часа ще започне и директното излъчване от Скопие на благотворителен концерт, посветен на Тоше, организиран от фондация „Тоше Проески”. В концерта участие ще вземат приятели и популярни балкански изпълнители, както и бендът на Проески. По желание на многобройните му почитатели тази година по време на концерта ще звучат само песни на Тоше.

На 25 януари 2011 г. Тоше Проески щеше да навърши 30 години. Певецът загина на 16 октомври 2007 година при автомобилна катастрофа. Песните и популярността на Тоше достигнаха до всички балкански държави, готвеше пробив и на световния музикален пазар. Освен с музиката си, той работеше активно и за редица благотворителни кампании, а също бе и най-младият посланик на Уницеф.

http://www.novfolk.bg/news.php?id=1708
batbayan
Re: Концерт во чест на Тоше - 25.01.11 г.
Пишување Пет Јан 21, 2011 2:25 pm by batbayan
Во Југотон, Together салоните...

Од четврток во продажба влезниците за концертот Со љубов од Тоше


Фондацијата Тоше Проески го најавува меморијалниот концерт Со љубов од Тоше, кој ќе се одржи на 25 јануари во салата Борис Трајковски, во чест на датумот на раѓање на Тоше Проески.

Како што е познато, концертот кој по трет пат се одржува во чест на македонската легенда, има хуманитарен и меѓународен карактер и на него учество ќе земат познати пејачи од земјава и Балканот.

Еве ги учесниците: Златно славејче, Наум Петрески, Миле Кузмановски, Синтезис, Антонија Шола, Црвена јабука, Жељко Сарамаџиќ, Марко Возељ и други.

Ќе бидат испеани песни кои ги пееше Тоше, но и промовирани неколку нови во негова изведба, како и песни од неговото авторско перо.
Концертот годинава е креиран според желбите на неговите фанови. Тие сугерираат ведриот лик на распеаниот Тоше да доминира цело време, преку видеоснимки што ќе се прикажуваат на големите лед екрани.

Влезниците ќе изнесуваат 250 денари, а ќе може да се купат од четврток, 20-ти јануари во Југотон, Together салоните и благајната на салата Борис Трајковски.

http://mmm.com.mk/default.asp?ItemID=358E8...7CED3F6440FAC51
batbayan
Re: Концерт во чест на Тоше - 25.01.11 г.
Пишување Саб Јан 22, 2011 12:59 am by batbayan
Проширен списокот на изведувачите

И Елена, Мартин, Маја... на концертот на Тоше


Како што е познато, концертот кој по на 25-ти јануари трет пат се одржува во чест на македонската легенда Tоше Проески, има хуманитарен и меѓународен карактер и на него учество ќе земат познати пејачи од земјава и Балканот - Златно славејче, Наум Петрески, Миле Кузмановски, Синтезис, Антонија Шола, Црвена јабука, Жељко Сарамаџиќ, Марко Возељ, Јоана, Елена Ристеска, Мартин Вучиќ, Маја Оџаклиевска и други.

Ќе бидат испеани песни кои ги пееше Тоше, но и промовирани неколку нови во негова изведба, како и песни од неговото авторско перо. Концертот годинава е креиран според желбите на неговите фанови. Тие сугерираат ведриот лик на распеаниот Тоше да доминира цело време, преку видеоснимки што ќе се прикажуваат на големите лед екрани.

Влезниците за концертот за кои владее огромен интерес се по цена од 250 денари.

Но, тоа не е се! Промоцијата на новата песна на Тоше - Наслони главу на моје раме и видео-спот за неа, која ќе се одржи во хотелот Александар Палас во понеделник (24. јануари 2011-та) во 10.30 часот.

Еве го новиот рекламен спот:

https://www.youtube.com/watch?v=YkENb6062L8...layer_embedded#!


http://mmm.com.mk/?ItemID=B949D73BD1303C4CBB462FE516E509A1
Tanja
Re: Концерт во чест на Тоше - 25.01.11 г.
Пишување Вто Јан 25, 2011 1:32 am by Tanja
Во пресрет на концертот, список со новите песни

Ги дознаваме деталите за CD-то Со љубов од Тоше

Новото CD на легендарниот Тоше Проески - Со љубов од Тоше е пристигнато од Австрија, каде се печатеше во фабриката Sony, и веќе на денот на неговиот 30-ти роденден - 25-ти јануари 2011-та, ќе се најде во продажба.

Секако, фановите ќе можат да го набават и во Спортскиот центар Борис Трајковски, каде во чест на легендата, во чест на неговиот роденден, ќе се одржи голем хуманитарен концерт.

На албумот се наоѓаат 15 песни, новиот хит Наслони главу на моје раме, од работилницата на Ненад Тути фрути бенд Нинчевиќ, и уште 14 кавер-верзии на познати светски хитови, кои Тоше ги пееше на своите концерти, во своето домашно студио, TВ-емисии, или едноставно пред луѓето со кои едноставно сакаше да ја сподели прекрасната музика. Тука има се - од антологиската Yesterday на Битлси, преку мрачната Nothing Else Matters на Металика до Fragile на Стинг и Bed Of Roses на Бон Џови.



Прекрасно издание, кое ја отсликува големата душа на Тоше Проески, со широка лепеза на музички стилови, во кои неповторливиот вокал на легендарниот музичар звучи подобро од оригиналните снимки.



Како подарок од Фондацијата Тоше Проески, две песни - Can You Feel The Love Tonight и You Light Up My Life ги имате на МММ за free download.

Еве го спосокот на песните:

1. Nasloni glavu na moje rame
(Josko Gujinovic - Mirko Krsticevic /
Neno Nincevic / Miro Buljan)

2. You Light Up My Life
(Joe Brooks)

3. Can You Feel The Love Tonight
(Elton John / Tim Rice)

4. Nothing Else Matters
(James Hetfield / Lars Ulrich)

5. Yesterday
(Lennon / McCartney)

6. Is This Love
(David Coverdale / John Sykes)

7. Carrie
(Joey Tempest / Mic Michaeli)

8. Jesus To A Child
(George Michael)

9. Soldier Of Fortune
(David Coverdale / Ritchie Blackmore)

10. Sorry Seems To Be The Hardest Word
(Elton John / Bernie Taupin)

11. Here I Go Again
(David Coverdale / Bernie Marsden)

12. How Could I
(Gordon Chambers / Corey Rooney /Dan Shea)

13. Hello
(Lionel Richie)

14. Fragile
(Gordon Sumner)

15. Bed Of Roses
(Jon Bon Jovi)

http://www.mmm.com.mk/default.asp?ItemID=9E97972D159384429139A0AC30650EF8
batbayan
Re: Концерт во чест на Тоше - 25.01.11 г.
Пишување Сре Јан 26, 2011 11:34 pm by batbayan
Славејчиња снимија Пасворд - песната на Тоше

Детскиот хор Златно славејче имаат чест први да отпеат детска песна која ја компонираше Тоше Проески. Текстот на песната Пасворд е дело на Огнен Неделковски, аранжманот е на Валентино Скендеровски, во чие студио Ентерпрајз се снимаше.

За free download Пасворд веќе можете да ја најдете во нашата МММp3 секција.



Иако знаевме дека Тоше беше сестран и оти пееше различни видови музика, дури сега дознаваме колку многу песни има заглавено во неговиот компјутер, вели продуцентот Валентино Скендеровски...

Пасворд

Има осум ноти,
Ама чувства милион,
Песна тој ни вети
Толку убава ко сон!

Еве таа песна
Сега нека полета,
Да му каже дека
Ќе го сакам секогаш!

Дури има песни
Тој ќе биде славејче,
Сите ѕвезди нека светат,
Да му слават лет!

реф: Секое славејче
Кога ќе запее
Љубовта расте како цвет,
Секаде летаме, летаме
Секаде шетаме,
Песната е пасворд во цел свет,
Во цел свет!

Има осум ноти,
Ама чувства милион,
Песна тој ни вети
Толку убава ко сон !

Еве таа песна
Сега нека полета,
Да му каже дека
Тој е со нас секогаш!

Дури има песни
Тој ќе биде славејче,
Сите ѕвезди нека светат,
Да му слават лет!


http://mmm.com.mk/?ItemID=DEF7D6ECC75A16458D76D4358A11B343
batbayan
Re: Концерт во чест на Тоше - 25.01.11 г.
Пишување Сре Јан 26, 2011 11:35 pm by batbayan
30 godini od raganjeto na Tose Proeski Помен на Гумене

https://www.youtube.com/watch?v=OarmcisXccY
batbayan
Re: Концерт во чест на Тоше - 25.01.11 г.
Пишување Сре Јан 26, 2011 11:36 pm by batbayan
Во продажба постхумното цеде од Тоше

Новото постхумно цеде Тоше Проески, насловено „Со љубов од Тоше“, од вчера е пуштено во продажба, а пристигна од Австрија, каде што се печатеше во фабриката на „Сони“.
На албумот има 15 песни, меѓу кои е новиот хит „Наслони главу на моје раме“, од работилницата на Ненад Нинчевиќ од „Тути фрути бенд“. На него има и уште 14 кавер-верзии на познати светски хитови, кои Тоше ги пееше на своите концерти, во своето домашно студио, ТВ-емисии, или едноставно пред луѓето со кои сакал да ја сподели таа музика. На цедето има различни песни, од антологиската „Ѕестердаѕ“ на „Битлси”, преку „Нотхинг Елсе Маттерс“ на „Металика“ до „Фрагиле“ на Стинг и „Бед Оф Росес“ на „Бон Џови”. Станува збор за прекрасно издание кое ја отсликува големата душа на Тоше, со широка лепеза на музички стилови. Порталот „Македонска музичка мрежа“ пишува дека на овие снимки неповторливиот вокал на легендарниот музичар звучи подобро од оригиналните песни. На веб-страницата на МММ како подарок од Фондацијата „Тоше Проески“ се ставени две песни за слободно преземање, тоа се „Цан Ѕоу Феел Тхе Лове Тонигхт“ и „Ѕоу Лигхт Уп Мѕ Лифе“.

http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?ta...rticleID=155322
batbayan
Re: Концерт во чест на Тоше - 25.01.11 г.
Пишување Сре Јан 26, 2011 11:37 pm by batbayan
Граѓанска асоцијација Скопјанката "Мајка Тереза"

Параклис на човекољубието за роденденот на Тоше

Светилиштето се наоѓа веднаш до Феудалната кула пред Домот на АРМ. Таму ќе можат посетителите да запалат свеќа, да земат карамела и примерок од песните за Тоше и за Мајка Тереза што ги напиша академик Гане Тодоровски

Во светилиштето посветено на Блажената Мајка Тереза и на нејзиниот следбеник, големиот македонски уметник и добротвор Тоше Проески, што се наоѓа веднаш до Феудалната кула пред Домот на АРМ, од вчера е поставена мала црквичка. Посетителите таму можат да запалат свеќа, да земат карамела и примерок од песните за Тоше и за Мајка Тереза што ги напиша академик Гане Тодоровски.

Параклисот на човекољубието го постави Граѓанската асоцијација Скопјанката Мајка Тереза" на денот на роденденот на Тоше.
- Токму на ова свето место, каде што навираат спомените за хуманоста и добрината, ќе не потсетува на она што било и вечно ќе трае - ликот и делото на Тоше Проески... овде во библиска Македонија, каде што се родија двајцата големи, благородни, хумани луѓе. Тоше беше великан на нашето време, но Мајка Тереза беше патоводител низ неговата хумана мисија. Обединети се во небесната височина заедно да бдеат над добрината што сите ја посакуваме, изјави Стојан Тренчевски, претседател на асоцијацијата Скопјанката Мајка Тереза".

Проф. д-р Љупчо Ајдински рече дека од денот кога го запознал Тоше во МАНУ, кога заедно ги добиле статуетките Мајка Тереза", често се среќавале во Спомен-собата на Мајка Тереза во Феудалната кула.
- Затоа и овде во светилиштето еден дел му посветивме и на Тоше, со спомен-плоча и црешата за која тој испеа песна, додаде Ајдински.

Светлиштето покрај Феудалната кула беше промовирано на 26 јули годинава, кога веднаш до црешата, беше откриено спомен-обележје со ликот на Тоше и пораката: Ве сакаме сите - те сакаме секогаш.

Тоше Проески е роден на 25 јануари 1981 година, а загина на 16 октомври 2007 година во тешка сообраќајна несреќа што се случи во Хрватска.

http://vecer.com.mk/?ItemID=C2120E89A1422940BD0D58641332D407
batbayan
Re: Концерт во чест на Тоше - 25.01.11 г.
Пишување Сре Јан 26, 2011 11:44 pm by batbayan
Одржан концерт во чест на ангелот

Тоше, засекогаш...

Концерт во чест на Тоше - 25.01.11 г. 22008810.th



Во преполната арена Борис Трајковски на 30-ти роденден на легендарниот Тоше Проески беше одржан концерт во чест на неговитe лик и дело, каде настапија македонските и балканските изведувачи.

Со песната Игри без граници почна хепенингот, по што на сцената се искачи хорот Златно славејче. Тие ја испееа песната Пасворд, која Тоше ја имаше компонирано за нив, додека текстот е на Огнен Неделковски.

Премиерно беше емитуван спотот за песната Наслони главу на моје раме, на авторот Ненад Нинчевиќ (Тути-фрути бенд), која се наоѓа и на актуелниот албум на легендарниот пејач - Со љубов од Тоше, како и актуелниот хит Can You Feel The Love Tonight, култната песна на Елтон Џон. Како водители на концертот ги видовме Маријана Станојковска и Сашко Коцев.

Етно-составот Синтезис на концертот настапи со две песни - Жена балканска, која ја отпеа Мартин Вучиќ и Наум Петрески, кој пееше во Ој девојче.

Концерт во чест на Тоше - 25.01.11 г. Untitldq.th



Од документарниот филм Пет години Балкан, кој зборува за регионалниот успех на Тоше, беше искористен фрагментот во кој нашиот ангел со своето семејство ја пее песната Не кани ме на Миле Кузмановски, кој во чест на Тоше ја отпеа на концертот.

Иако беше најавен, заради здравствените проблеми на концертот не се појави Жељко Самарџиќ, но се вклучи телефонски да ги поздрави фановите.

Жера од Црвена јабука со бендот на Тоше ја пееше Цреша (Трешња), Јоана настапи со The Hardest Thing, Словенецот Марко Возељ со Моја (Среќна ли си ти?), додека Елена Ристеска настапи со темата А можевме, која ја компонираше самиот Тоше.

Антонија Шола, која за Тоше ги напиша некои големи хитови (Срце није камен, Волим осмијех твој...) настапи со Волим осмијех твој, а Маја Оџаклиевска со Несаница. Во чест на Тоше, актерот Дејан Лилиќ прочита песна...

Сепак, најголема еуфорија настана кога самите фанови ги пееа: актуелната You Light Up My Life од албумот Со љубов од Тоше, Тајно моја, Још увијек сањам да смо заједно, Излажи ме, Срце није камен, Чија си...

Преку снимки во програмата беа вклучени фановите на Тоше од целиот Балкан, кои во чест на неговиот 30 роденден пуштаа бели балони кон небото...

Меѓународната фондација Тоше Проески, која го организираше концертот, со плакети им се заблагодари на сите учесници на хепенингот, како и на луѓето кои учествуваа во неговата реализација.

И навистина, големината на некој човек не е само во тоа колкаво дело тој оставил зад себе, туку колкава празнина настана по неговото заминување. А, празнината која остана зад Тоше е огромна и боли...

Сепак, делото на Тоше останува да живее се додека има армија верни фанови. Тоше, засекогаш...

https://tose-mk.forumakers.com/t470p8-topic#18676
 

Концерт во чест на Тоше - 25.01.11 г.

Вратете се на почетокот 

Страна 1 of 1

 Similar topics

-

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
 :: Форум :: Портал новости-
Отиди до: