|
| | Рекоа за Тоше... | |
|
+9antonela Eli Tvojata senka tanja_07 aleksandra iva rozeta193 LudaMala cherry 13 posters | |
Автор | Порака |
---|
cherry Администратор
Број на мислења : 1127 Age : 43 Локација : Далеку од тебе Репутација : Registration date : 2008-05-02
| Предмет: Рекоа за Тоше... Чет Jул 03, 2008 9:11 pm | |
| Веста за трагичната смрт на Тоше Проески шокантно влијаеше и на колегите и на пријателите.Тоше, верувале или не, немаше непријатели, немаше луѓе од кои зел, а не им вратил, кои ги повредил, каде што ветил, а не исполнил. Затоа го нарекуваат ангел, а тие, ангелите, за да не ја извалкаат својата чистота, патуваат кон небото. И Господ сака да е во убаво друштво, беа изјавите на многуте колеги кои немаа сила да прозборуваат јавно. Ова се реакциите на неговите соработници, пријатели и колеги.
Григор Копров, композитор
- Што да кажам, ова ми е најцрн ден во животот... Многу сум потресен, го знам Тоше како голобрадо момче, нели почнуваше кариера со мене... Имавме бисер, не' претставуваше секаде достоинствено, пееше како ангел. Цела нација, цела Македонија плаче по него. Не сакам да верувам дека не е жив. Голема трагедија за сите нас.
Огнен Неделковски, текстописец
- Страшната вест ми ги пресече нозете. Не сакав да верувам, прашував да не е некоја грешка, отидов во „Аворд“ и таму ја споделив големата тага со неговите најблиски соработници. Тоше беше голем човек, голем уметник, голем хуманист. Цели десет години соработував со него, му ги подарив текстовите за „Усни на усни“, „Сонце во твоите руси коси“, „Твоите бакнежи на моите бели кошули“, „Тајно моја“, „Ден за нас“, „Излажи ме уште еднаш“, „Соба за тага“, „Во коси да ти спијам“, „Го лажам секој нов рефрен“...
Тој беше прекрасна личност, одличен соработник, голем интерпретатор. Европа и светот ја очекуваа неговата идна кариера. Се надевам дека Тоше е веќе ангел во рајот и дека вечерва ќе светне една голема и распеана ѕвезда на небото. Никој веќе така нема да ги испее моите текстови. Почивај во мир, голем човеку!
Виолета Томовска - пејачка
- По шокот и неверувањето во веста за трагичното загинување на Тоше Проески, не можам да ги запрам солзите. Изгубивме ретко талентирано, добродушно, хумано и мило момче. Во себе имаше шарм, топлина и зрачеше со искрена љубов, со кои мошне природно и едноставно ги пленуваше сите генерации. Пред него претстоеја уште многу предизвици, успех и убава кариера... но, за жал, судбината, како сега неправедна, го има последниот збор. Изгубивме жива легенда, човек кој направи многу за Македонија и допрва ќе се почувствува тоа.
Владо Јаневски – музичар
- Имам толкава празнина во главата и во душата и не можам да си објаснам зошто таква трагедија му се случи токму на Тоше Проески. Не можам да ја разберам божјата волја, која на еден човек како Тоше може да му дарува толку талент и добрина, и тоа одеднаш, толку каприциозно да му го одземе во еден миг. Не можам да бидам умен и да сфатам зошто тоа му се случи на Тоше, кој толку веруваше во Бога!
Наум Петрески - пејач
- Неправедно, бесмислено, болно, неизмерно тажно... Од сите страни на светот ми се јавуваат Македонци, кои не можат да ја прифатат вистината дека веќе го нема Тоше, дека нема веќе никој да запее како него. Планиравме наскоро да снимиме заеднички дует, но се' уште не можам да поверувам и да прифатам како еден миг на судбината ги распрснува сите планови, соништа, надежи. А. Изгубивме голем човек и глас што се раѓа еднаш на сто години!
Борис Трајанов - оперски пејач
- Жално е тоа што, пред се', изгубивме млад харизматичен човек. Тоше имаше 26 години и беше премногу хуман, одговорен за својот народ. Немам што да додадам, го почитував многу и се надевам дека болката на целиот народ ќе успее да ја ублажи болката на неговото семејство.
Благоја Чоревски - актер
- Болката и тагата што ги чувствувам и кои не минуваат се како мое дете да загинало. Покрај преку неговата совршена музика, со Тоше Проески имав и лична релација, која се воспостави уште во почетоците на неговата кариера, околу издавањето на неговиот прв албум. Покрај искажаната благодарност на албумот, и понатаму, кога кариерата му се вивна до ѕвездите, Тоше секогаш знаел да го почитува и да го гради тој однос. Неговото, за жал, бесмислено загинување го чувствувам како загуба за цела Македонија и трагедија за секое семејство. Тој беше и понатаму ќе остане брендот на Македонија, ѕвездата која секогаш посилно и посилно ќе зрачи. Во животот тој од себе создаде легенда и со својот талент, добрината и песната си го заслужи местото во митовите, меѓу боговите.
Игор Џамбазов - актер
- Си замина последниот и, всушност, единствен македонски ангел! Кутра утеха е тоа што Тоше е можеби единствениот прерано заминат човек, на кого убавите работи му беа кажани уште додека беше жив. Всушност, Тоше со своето постоење и пеење неподелено предизвикуваше да му се кажуваат само убави работи. За жал, неговата трагедија ме натера да го потврдам својот цитат од мојата книга: „Добрите луѓе завршуваат лошо во животот, а лошите уште подобро!“
Васил Зафирчев, актер
- Најтрагично во целата приказна е што не успеавме, по снимањето на „Вртелешка“, да го задржиме Тоше да остане во Скопје. Беше толку релаксиран по интервјуто, кое ми се чини најискрено досега, што самиот кажа дека не му се патува, ама дека мора да стигнат утрото во Загреб. Уште пострашно е што го испративме на пат од кој не се врати... Малите луѓе зборуваат за другите луѓе, а големите за идеи. Тоше спаѓаше во овие вториве, имаше многу идеи, многу планови. Додека мислам на него, ми паѓа на ум чеховска синтагма - пролета ангел. Тој знаеше да се грижи за сите нас, а нам ни останува да ги чуваме вистинските вредности додека ги имаме. Додека не е доцна.
„Авалон продукција“
- Смртта на Тоше е невидена катастрофа. Заедно поминавме многу, на самиот почеток... Многу концерти, многу километри, многу успеси. Тоа ќе го паметиме за цел живот. Загубата е ненадоместлива, ништо полошо не можеше да се случи. Жално е што мораме да констатираме дека ова што се случи со Тоше Проески ќе влијае стравично врз моралот и самодовербата на Македонците, нешто слично како смртта на Дражен Петровиќ кај Хрватите.
Сепак, најголема трагедија е што си отиде на 26 години и болката што ја остави кај своите родители и најблиските на кои им изразуваме најдлабоко сочувство. За крај, без разлика на тоа колку може да му изгледа психоделично на некого, едно прашање што си го поставуваме самите себеси и на сите што ја работат оваа работа - каде брзаме, што бараме уште повеќе од животот...? Вечно ќе се сеќаваме на него.
www.utrinski.com.mk | |
| | | cherry Администратор
Број на мислења : 1127 Age : 43 Локација : Далеку од тебе Репутација : Registration date : 2008-05-02
| Предмет: Re: Рекоа за Тоше... Чет Jул 03, 2008 9:26 pm | |
| Маестро Симон за Маестро Тоше
- Остани секогаш насмеан Тошка. Секогаш ќе останеш во моето срце. Твој Симонче.
Познатиот македонски пијанист Симон Трпчески, му оддаде посебна почит на својот пријател, Тоше Проески, потпишувајќи се во книгата на жалоста во македонската амбасада во Лондон. Трпчески во книгата се потпиша на само три часа пред почетокот на концертот во Ројал Фестивал Хал, посветен на Тоше Проески.
- Тоше ќе го паметам како човек кој беше пример како сите ние треба да се однесуваме, да имаме секогаш широко отворено срце. Тој е легенда за нашата држава. Пред само две недели му бев на концертот и во овој момент не можам да зборувам за оваа немила случка. Ги пречекуваше луѓето секогаш со насмевка. Мојот прв концерт во Лондон сезонава и првиот концерт во престижната Ројал Фестивал Хал и официјално му го посветувам на Тоше, а ваквата одлука Филхармонијата од Лондона ја прифати со драго срце. Во книгата на жалоста се потпиша и неговиот брат, композиторот Јован Трпчески. Браќата Трпчески се автори на песните "Љубена" и "Ѕвезда северница" кои се најдоа на носачите на звук на Тоше. Јован Трпчески со тешко срце кажува дека несреќата во која загина Тоше се случила токму на неговиот роденден. Таква беше и пораката која тој ја остави во книгата на жалоста во амбасадата во Лондон.
- Е мој Тоше. Така ли ми честиташе роденден. Ние ќе пишуваме уште многу песни за тебе. Почивај во мир, мој пријателе. Вечно ќе ми недостигаш, се зборовите под кои потпишан стои Јован Трпчески. | |
| | | cherry Администратор
Број на мислења : 1127 Age : 43 Локација : Далеку од тебе Репутација : Registration date : 2008-05-02
| Предмет: Re: Рекоа за Тоше... Чет Jул 03, 2008 9:36 pm | |
| Весна Петрушевска
- Во шок сум, веста ја дознав утрото во 8 часот и не можам, не сакам да верувам дека Тоше загинал. Трагедија за Македонија, трагедија за моето семејство, особено што професионално почна и заврши со мене. Ми беше гостин во првата и вчера, за жал, во последната "Вртелешка". Беше убаво расположен, малку кривеше на една нога, се повредил во игра со својот одбојкарски тим, составен од неговите другари од детството. На тоа беше особено горд. Ми кажа дека не верува во новонастанатите пријателства, зашто оние со корен се за цел живот, затоа другарите од Крушево му беа на прво место. Интервјуто помина одлично, беше духовит, а по снимањето се подготвуваше за Загреб - го очекуваше снимање на два спота и гостување во некои емисии. Попатно требаше да ја земат менаџерката Лилја од Ниш и да продолжат за Загреб. Спомна дека има многу доверба во возачот Ѓоле, дека ќе возат наизменично и дека со душа чека да му завршат сите обврски и да си отиде во својата воздушна бања во Крушево. Тоше беше нешто со што се идентификуваше секој Македонец, бев горда што си го имаме муабетот, што му остана прекарот Бајадера. Тоше со своите 26 години живееше турбо - како да има трипати по толку. Човек што не правеше разлика меѓу богатите, сиромашните, модерните, малите, големите... Со цело срце им се даваше на сите. Неверојатна енергија имаше во него. Кога слушна дека ги имам Кики и Мина, ми се јави да ми честита и да не' покани на концерт пред една година во Универзална сала. Тоа е првиот концерт на Кики. Инаку, бев на сите негови концерти, му доделував награди, се радував со него... Пред неколку часа се јавив кај мајка му на Тоше, Доминика, ми вели - не сме ние за гледање, не доаѓај, Весна! Замина ангел, а со него и дел од нас!
www.utrinski.com.mk | |
| | | cherry Администратор
Број на мислења : 1127 Age : 43 Локација : Далеку од тебе Репутација : Registration date : 2008-05-02
| Предмет: Re: Рекоа за Тоше... Чет Jул 03, 2008 9:42 pm | |
| Никша Братош - продуцент и аранжер
-Пред се, оваа трагедија ми е тотален шок. Се слушнав со него пред неколку дена и денеска тој требаше да дојде кај мене. Некогаш човек се прашува зошто таквите луѓе заминуваат во моментот кога можат уште толку многу да дадат. Беше привилегија да се соработува со него. Беше толку прекрасна, скромна и позитивна личност. Премалку е да се каже дека прерано замина", задржувајќи ги солзите изјави Братош за хрватскиот весник "Вечерњи лист".
Тони Цетински: - музичар Имаше добрина за сите
Потресен беше и Тони Цетински кој добро го познаваше Тоше, и имаше дует со него за песната "Лагала нас мала".
"Беше човек каков никогаш порано не сум запознал, имаше љубов и добрина за сите. Бевме толку добри што се викавме еден со друг "братко". Без оглед на младоста беше мудар, скромен, драг и добар. Замина прерано. Се слушавме секој пат кога ќе дојдеше во Хрватска. Нашата професионална соработка беше плод на пријателство, а не на интерес. Се уште не можам да поверувам дека го нема. Неговата трагедија само ја покажува онаа страна на нашата работа која луѓето не ја гледаат и не разбираат на какви се ризици се изложуваме секој пат кога одиме на свирка", изјави Тони Цетински.
www.utrinski.com.mk
Последната промена е направена од cherry на Чет Jул 03, 2008 10:44 pm. Мислењето е променето 1 пати | |
| | | cherry Администратор
Број на мислења : 1127 Age : 43 Локација : Далеку од тебе Репутација : Registration date : 2008-05-02
| Предмет: Re: Рекоа за Тоше... Чет Jул 03, 2008 10:23 pm | |
| НА ПЕСНАТА „ОСТАЛА СИ УВЈЕК ИСТА“ Џаро и Мишо Ковач плачеа за Тоше
Слушајќи ја песната „Остала си увјек иста“ со гласот на Тоше Проески, која се емитуваше на видеобим во загрепската сала „Дражен Петровиќ“, на концертот посветен на починатиот композитор Ѓорѓе Новковиќ, плачеле сите присутни, а најмногу солзи пролеале менаџерот Велибор Џаровски - Џаро и Мишо Ковач, првиот изведувач на оваа песна. - Мишо Ковач се задуши во солзи за Тоше. Тој вели дека тоа е најдоброто момче на целата поранешната југословенска и на сегашната естрада. „Ме зафркна целосно, ја испеа подобро од мене ‘Остала си увјек иста‘“ со симпатии кон изведбата на Тоше, ми призна Мишо. Не може да го преболи, како што не можеме и сите ние - изјави Џаро...
www.vreme.com.mk | |
| | | cherry Администратор
Број на мислења : 1127 Age : 43 Локација : Далеку од тебе Репутација : Registration date : 2008-05-02
| Предмет: Re: Рекоа за Тоше... Чет Jул 03, 2008 10:37 pm | |
| Андријана Јаневска - естраден уметник
"Јас лично денеска загубив еден многу драг пријател, но мислам дека не го доживувам само како една моја лична загуба, туку воопшто загуба за целата наша држава, целото наше секојдневие, заради тоа што тој беше еквивалент на младоста, на денешницава, на мојата младост заради тоа што заедно ги започнавме нашите кариери, во истата година, на истиот фестивал. Сега ми се навраќа една мисла, која вели: Љубовта не си ја знае длабочината се до часот на разделбата. Па, обично така се случува и во животот. Кога ќе ги загубиме нашите пријатели, тогаш сфаќаме колку ни недостасуваат. Она што со сигурност го знам е дека тој беше голем верник и како што се вели во Божјото слово, во Евангелието по Јован, оној кој верува во Синот Божји нема да загине, туку ќе има вечен живот. Слава му“, додаде Јаневска.
Марјан Јаневски, „Синтезис“ - естраден уметник
„Тоше сигурно би го ставил пред сите и политичари и спортисти, затоа што неговата мисија беше онака како што јас би си ја замислил мојата кога би ми се дала можност да бидам како него“
Каролина Гочева - естраден уметник
„Мене ми е тешко да ги одберам зборовите за да кажам нешто што би имало каква било смисла, ако воопшто постои такво нешто. Само сакам да им изразам сочувство на неговата фамилија, на родителите, на сите негови блиски. Денеска е многу тежок ден за сите нас".
www.a1.com.mk | |
| | | cherry Администратор
Број на мислења : 1127 Age : 43 Локација : Далеку од тебе Репутација : Registration date : 2008-05-02
| Предмет: Re: Рекоа за Тоше... Чет Jул 03, 2008 10:43 pm | |
| Нина Бадриќ - естраден уметник
Mе промени прераното заминување на нашиот Тоше, впрочем, како и кај сите што го познаваа или не го познаваа. Тој навистина беше сјајно момче, носеше во себе скромност и човечност. Тоа кај него, покрај прекрасниот глас, ме воодушевуваше. Веројатно Бог сакаше со себе да земе човек со чисто срце. Неговото заминување ги обедини сите народи и земји како никогаш претходно и се сомневам дека некогаш ќе се појави ваква личност на овие простори. Сите го сакаа, без разлика дали го познаваа или не.
Дел од интервjу со Нина Бадриќ обjaвено во "Дневник" | |
| | | LudaMala Супер Модератор
Број на мислења : 1483 Age : 42 Локација : Олимпијски град опис: : Репутација : Registration date : 2008-05-21
| Предмет: Re: Рекоа за Тоше... Чет Jул 03, 2008 11:29 pm | |
| Semiha Borovac, gradonačelnica Sarajeva
Toše Proeski bio je prije svega veliki čovjek. Mi u Bosni i Hercegovini pamtit ćemo ga kao velikog humanistu koji je bio učesnik niza humanitarnih akcija i dobrotvornih koncerata za djecu. Grad Sarajevo nikada neće zaboraviti njegov koncert čiji je prihod pomogao obnovu sarajevskog Doma mladih.
Mirsad Kebo, potpredsjednik Federacije BiH
Svojim glasom širio je ljubav, nadu u bolje sutra svih nas, nadu da ćemo živjeti u svijetu tolerancije, međusobnog poštivanja i uvažavanja. Poslije njega će ostati njegov glas i njegove pjesme da nas podsjećaju ne samo na njega već i da budu vodilja mladima s ovih prostora. On je bio uzor mladima, pokazao im je da na ovome svijetu postoje vrednote za koje vrijedi živjeti ljudski život. To je bio naš Toše", kazao je Kebo i dodao: "Svi smo ga voljeli, radovali se njegovom uspjehu, svakoj pjesmi i svakom osmijehu koji je upućivao svima nama''.
Aida Jašarević, pjevačica u grupi Erato
Bila je to prva vijest koju sam čula čim sam se probudila i zaista sam šokirana. Poznavala sam Tošeta, a naš menadžer Haris bio je u izuzetno dobrim odnosima sa njim i njegovom menadžericom Ljiljom. Haris je čak i organizovao posljednji Tošetov koncert u Sarajevu. Ne znam šta da vam kažem, nadala sam se da se radi o nekoj dezinformaciji, ali znam da nije tako. Toše je bio jedna od najpozitivnijih ličnosti na estradi i bio nam je jedan od najdražih kolega koji je uvijek pozitivno utjecao na sve ljude oko sebe.
Tinka Milinović, voditeljica i pjevačica
Poznavala sam Tošeta lično jer je nekoliko puta gostovao u emisiji TV Bingo Show. Tada sam upoznala njega i njegovu menadžericu Ljilju i moram reći da su njih dvoje za mene uvijek bili personifikacija svega onoga što je za mene normalnost. Bez obzira ko je u pitanju, ovakva tragedija je ogroman šok jer nas podsjeća koliko je život zapravo kratak i ne možemo si pomoći, a da ovakvu tragediju ne doživimo lično jer osjećamo da se ovako nešto svima nama može desiti. Njegova smrt pogodila je ljude koji ga nisu poznavali, ali osjećaju da su ga znali jer smo svi bili povezani sa njim kroz njegove pjesme. Još uvijek sam u šoku i jako mi je žao.
Emir Bukovica, frontman grupe Emir&Frozen Camels
Pravo sam šokiran ne mogu da vjerujem da se to desilo. Tako je mlad i uspješan bio, meni je to šokantno zato što ja stalno putujem i čovjek odmah na sebe pomisli. Na kraju krajeva, svejedno je koliko je uspješan i talentovan bio, čovjek je zaista premlad i još uvijek ne mogu da vjerujem. To je sudbina i sudbina je bila da u tako mladim godinama postigne tako veliki uspjeh i sada da mu se ovo desi
Elvir Laković Laka, pjevač
Prva poruka koju sam jutros dobio bila je vijest o smrti Tošeta Proeskog. Smrt je jedina sigurna stvar u životu. Meni je Tošeta žao zato što je stvarno mlad čovjek i bio mi je bezuvjetno drag iako nisam bio lud za muzikom koju je radio. Vidio sam da je bio predivan čovjek. Samo mogu reći da je smrt jedina sigurna stvar u svakom životu | |
| | | LudaMala Супер Модератор
Број на мислења : 1483 Age : 42 Локација : Олимпијски град опис: : Репутација : Registration date : 2008-05-21
| Предмет: Re: Рекоа за Тоше... Саб Jул 05, 2008 9:33 pm | |
| Bh. blogeri o smrti Tošeta Proeskog Zajednica bh. blogera Blogger.ba također je izjavila svoju žalost zbog smrti 26-godišnjeg makedonskog pjevača Tošeta Proeskog. Ovaj tužan događaj glavna je blogerska tema danas. Pročitajte neke od postova koje su bh. blogeri napisali u znak sjećanja na Tošeta.
Meni žao Sjecat cu se jedne zime i ledene dvorane uz zvuke "Pratim te" koja me je pratila cijele te godine. I one slike kad jos nije "postao neko", a nama bio i "neko i uh i ah" pa smo s ushicenjem ukrale ruku preko ramena i "samo nama" namjenjen osmijeh. I srece sto smo mi bas te. I ono "Makedonsko djevojce" koje mi je pustalo makedonsko momce da bi me ocaralo njegovim, kad ne vec svojim, predivnim glasom. Meni on ne bi niko i nista. Ni rod, ni drug, ni saputnik, niko... A znao je kroz stih koji otpjeva biti vise dio mene nego mnogi drugi oko mene, koji su mi sve i svasta. I za sve to, iskreno hvala. I iskreno... meni je bas nesto zao.
In memoriam Mozete da budete bilo kojeg muzickog opredjeljenja. Mozete da pljujete po muzici bilo kojeg pjevaca. Ali, kada nas napusti jedan tako mladi zivot, ne mozete ostati ravnodusni. Njemu je polazilo za rukom ono sto drugi vec godinama pokusavaju. On je uspio ono za sto mu drugi mogu skinuti kapu sa glave. Ne obazireci se na predrasude, vjerska opredjeljenja, trendovska i nametnuta razmisljanja, uspio je dokazati da muzika ne poznaje granice. Uspio je ujediniti ono sto su '90-tih godina pojedinci pokusali razdvojiti. Uspio je ujediniti ljude u svojim pjesmama. Sa nevjericom prihvacam vijest koja je obiljezila ovo jutro. Neka ti je vjecna slava i hvala. Pocivaj u miru Bozijem T.P. Amen!
And this is how the story ends... Na pocetku dana sjeba mi se raspolozenje...a kao da vec nije bilo sjebano. Puna sam tuge i bijesa...jer jedan zivot se jutros nepravedno ugasio... Shokirana... "Jer srce nije kamen" zaista... R.I.P Toshe Proeski
Sudbina E jebem ti sudbinu, pojavi se niodkud, jedini normalan izgledaše, jedini normalno ponašaše se, a pjevaše anđeoskim glasom… I taman kad sazri i ko čovjek i ko umjetnik, pogibe, na očekivano mizeran način… Prije neki dan, baš na poslu uspoređivasmo ove dvije izvedbe, Zajdi Zajdi I Ostala si uvijek ista, između nekih drugih nazovi pjevačkih veličina, i njega, dječko ih je, uz naš smijeh i ježenje, pomeo ko blato… Poslušajte i pogledajte samo: https://www.youtube.com/watch?v=VSllN95UKow https://www.youtube.com/watch?v=7_aSoYX2ulQ
Dobri odu u snu... Kako Njemu sapnuti : Pokoj Ti Dushi? Kako ?
Sranje Cujem jutros da je poginuo Toše Proeski. Žao mi momka, mada ga nikada nisam upoznao. Čak mi se ni njegove pjesme ne sviđaju ... ali, gledao sam par intervjua, furao se na normalu - gdje ćeš bolje furke u životu ... Sjetih se onog pedera, Zeleta Lipovače, kojaga nikada nisam volio, kako je izjavio da Toše ne pjeva dobro ... a ja, koji nikada u muzičku školu nisam išao, ipak znam bolje od njega svirati Turski Marš, doduše na klaviru ... ma, kakve to veze ima....
"Bože, brani ga od zla" Neću da pišem u prošlom vrmenu, jer za mene je Toše Proeski živ. Voljeli pop ili ne, voljeli njegovu muziku ili ne, voljeli njegov izgled ili ne, Toše Proeski se voli. Jer čovjek kakav je on se rijetko na Balkanu rađa, i kada se rodi, onda ga treba cijeniti, poštovati i voljeti. I zato sam uvijek težio da upoznam Tošeta. I kada mi je to pošlo za rukom, nisam se razočarao jer je pored mene stajao veliki čovjek koji se ponašao kao mali. I sada kada znam da nema više „Dan za nas“ u kojem ne želim da bacim veo od tuge i zla, ja ću samo ući u „Sobu za tugu“ i pokušati se moliti za tebe i „Ako me pogledaš u oči“ znat ću da si uvijek tu. „Žao mi je“ što nisam imao priliku da više upoznam tebe, ali sam siguran da će na ovom svijetu još mnogo njih čuti i ponosit se tobom jer sam ja ostao tu. „Meni hvala ni jedno“ za to ne treba jer ti to zaslužuješ, jer si me toliko puta u životu učinio sretnim. Na posljednjem oproštaju neću biti, jer se s tobom ne želim rastati. Jer ćeš uvijek biti tu, jer ti ne želim reći zbogom, nego samo doviđenja. „Bože, brani ga od zla!“ Preuzeto sa http://www.blogger.ba/ | |
| | | rozeta193 Успешен Член
Број на мислења : 1334 Локација : МАКЕДОНИЈА опис: : ТОШЕ ФАН Репутација : Registration date : 2008-05-17
| Предмет: Re: Рекоа за Тоше... Саб Jул 05, 2008 10:31 pm | |
| Колегите за Тоше
Веста за трагичната смрт на поп - sвездата Тоше Проески ги потресе и неговите колеги од естрадата. Под голем шок и со солзи едвај зборуваа и во крајна тага и неверување дека Тоше е мртов ги дадоа своите изјави. Само од Калиопи не можевме да земеме изјава. Како што не извести нејзината менаџерка, поп-пејачката поради силен шок била под седативи и не била достапна за разговор.
ВЕСНА ПЕТРУШЕВСКА-ТРЕНКОСКИ, ПРОГРАМСКИ ДИРЕКТОР НА "КАНАЛ 5"
Тој беше и ќе остане мојата бајадера
Уште сум во шок по веста дека Тоше вчераутро загина во сообраќајка одејќи накај Загреб. Па јас завчера му правев интервју за "Вртелешка". Тоше беше расположен, а јас како грижлива мама, ме викаше така, маме, го прашав зошто патува со кола, како мегаsвезда треба да патува со авион, а тој ми одговори дека во Хрватска ќе сними два спота, па му треба колата. Бев многу блиска со него, на сите важни моменти, концерти, промоции бев таму за него. Јас го нареков бајадера, и сите во Македонија го прифатија тоа. Секогаш имаше време за мене, и јас секогаш имав време за него. Песната "Рузвелтова 3", каде што јас живеам, на сите концерти ја пееше за мене. Имаше големо срце, а тој неверојатно беше осамен во срцето. Во последното интервју за "Вртелешка", исто така, ми рече: "Маме, ќе ја најдам вистинската, ќе ми се случи љубов". Беше многу поврзан со семејството и не се воздржуваше да го покаже тоа. Беше најдоброто од Македонија во последните 50 години и сега го нема. Почивај во мир, мој Тоше!
КРИСТИНА АРНАУДОВА, ПОП-ПЕЈАЧКА
Господовото дете замина во незаборав
Денеска Македонија изгуби многу. Го изгуби најголемиот пејач на сите времиња, човек кој беше преполн со љубов и убав збор за секого. Тоше направи најмногу за македонската музика. Денес Господовото дете замина во незаборавот. За мене денеска е најтажниот ден... изгубив најдраг колега и пријател, човек кој многу го сакав и го почитував. Ова е најтажниот ден што Македонија ќе го памети. Почивај во мир, Ангелу Македонски, никогаш нема да те заборавам.
КАРОЛИНА ГОЧЕВА, ПОП-ПЕЈАЧКА
"Немир" секогаш ќе ме потсетува на него
Шокирана сум и не сакам да поверувам дека Тоше не е веќе меѓу нас. Што и да кажам ќе биде излишно. Не можам да се соземам. Со Тоше бевме блиски пријатели. Иако поради обврските ни се разидоа патиштата, сепак, Тоше засекогаш ќе остане во моето срце. Нашиот дует "Немир" секогаш ќе ме потсетува на него.
АЛЕКСАНДРА ПИЛЕВА, ПОП-ПЕЈАЧКА
Балканот го изгуби својот најдобар вокал
Не можам да поверувам и сум под голем шок. Ова е голема трагедија.Тоше беше човек со големо срце, едноставен, спонтан, секогаш присебен. И иако беше толку популарен , и надвор од нашите граници, тој никогаш не се однесуваше како голема sвезда. Жално е што Македонија, па и Балканот го изгуби својот најдобар вокал. Јас мислев дека Тоше ќе ја дочека староста, а со неа и многу нова музика која како и оваа до сега, ќе ја сакаат буквално сите, и стари и млади.
АДРИЈАН ГАЏА, ПОП-ПЕЈАЧ
Ќе ни треба време да поверуваме
Рано ми се јавија за да ми ја кажат трагичната вест. Не можам да се соземам, затоа што ова е огромна загуба.... секоја мајка да го жали. И не знаете колку ми е тешко. Го сакав Тоше и како човек и како другар, и допрва ќе ни треба време за да поверуваме дека Тоше го нема, и допрва ќе се соочиме со ова што се случи.
ГРИГОР КОПРОВ, КОМПОЗИТОР
Беше нашето национално богатство
Македонија изгуби голем бисер. Тоше беше нашето национално богатство. Под седативи сум и во голема тага. Ми беше чест да соработувам со толку голем музичар со ангелски глас. Уште потрагично е што имаше само 26 години и загина тогаш кога требаше да го живее животот и славата. Тој достојно ја претставуваше нашата земја секаде каде што ќе се појавеше.
ДАНИ ДИМИТРОВСКА, ПОП-ПЕЈАЧКА
Срцето ќе ми пукне од тага
Во голем шок сум и не можам да поверувам. Изгубивме голем човек. Бевме блиски пријатели, често се дружевме. Музиката му беше живот. Тоше беше голем хуманист и музичар. Срцето ќе ми пукне од тага.
МАЈА ВУКИЧЕВИЌ, ПОП-ПЕЈАЧКА
Нема утеха
Не можам да зборувам од тага. Не постои утеха со зборови. Тоа што моментно го чувствувам не можам да го опишам. Болката е голема. Иако сум скршена од тага ,среќна сум што го познавав, што познавав толку голем човек како Тоше. Почивај во мир драг пријателе.
ТАМАРА ТОДЕВСКА, ПОП-ПЕЈАЧКА
Таков се раѓа еднаш на сто години
Сите изгубивме човек што се раѓа еднаш на сто години и никогаш повеќе. Не сакам да поверувам дека Тоше не е веќе меѓу нас. Изгубив добар пријател и голем музичар пред се.
ТИЈАНА ДАПЧЕВИЌ, ПОП-ПЕЈАЧКА
Изгубивме една голема душа
Бевме блиски пријатели. Многу се сакавме и се почитувавме. Душата ми се кине од болка. Се уште сум во шок. Сите ние изгубивме една голема душа. Таков пејач никогаш веќе нема да се роди.
РОБЕРТ БИЛБИЛОВ, КОМПОЗИТОР
Sвезда и човек
Кога слушнав дека Тоше починал, мислев дека некој се шегува. Шокот е голем. Тоше беше голема sвезда и уште поголем човек.
НИКША БРАТОШ, ПРОДУЦЕНТ ОД ХРВАТСКА
Беше привилегија да се работи со него
Пред се оваа трагедија ми е тотален шок. Се слушнав со него пред некој ден. Вчера патуваше за Загреб, затоа што требаше да дојде кај мене во студио да ја снимаме англиската верзија за еден од неговите хитови. Некогаш човек се прашува зошто таквите луѓе заминуваат во мигот кога уште многу можат да дадат. Беше вистинска привилегија да се работи со него. Беше толку прекрасна, скромна и позитивна личност. Премалку е да се каже дека прерано си отиде, низ солзи изјавил Никша Братош за хрватскиот весник "Вечерњи лист".
ТОНИ ЦЕТИНСКИ , ПОП-ПЕЈАЧ ОД ХРВАТСКА
Збогум братко!
Беше човек каков предходно никогаш не сум запознал, имаше љубов и добрина за се. Бевме толку добри и си се викавме "братко". Без оглед на младоста, беше мудар, скромен и драг. Отиде премногу рано. Се слушавме секој пат кога ќе дојдеше во Загреб. Нашата професионална соработка беше плод на пријателството, а не интерес. Се уште не можам да верувам дека го нема. Неговата трагедија ја покажува само онаа страна на нашата работа која луѓето не ја гледаат и не ја разбираат, на каков ризик сме секогаш кога одиме некаде на настап, стои во изјавата на хрватскиот пејач Тони Цетински со кого Тоше ја испеа популарната песна "Лагала нас мала".
|
http://www.vest.com.mk/default.asp?id=142264&idg=7&idb=2198&rubrika=Makedonija | |
| | | cherry Администратор
Број на мислења : 1127 Age : 43 Локација : Далеку од тебе Репутација : Registration date : 2008-05-02
| Предмет: Re: Рекоа за Тоше... Нед Jул 06, 2008 10:33 am | |
| Vesna Petrusevska: Bila sam sebicna u boli a toliko sam zeljela podijeliti tugu i suzu
Najdrazi moj, htjela bih da je sve ovo iluzija, beskrajna igra bez granica. Da mi bozanstvena vila dodje i sapne kako je sve ovo los, los san. Jedno vece lijep i sretan, a ujutro mrak i puf... sve je pepeo. Nadu kao da mi je neko macem sasjekao, sve sam zaboravila. Bila sam sebicna u boli a toliko sam zeljela podijeliti tugu i suzu. I sta sad da ti kazem za godinu koja ce proci i oduzela mi razum. Necu ni da se potsjecam na trivijalnosti i gluposti, sve je tako blijedo, nezasluzeno, nevazno.
Cujem tvoj glas i ne mogu prestati misliti na jedno vrijeme, na tvoju ikonu, bol, vanserijsku drazesnost, ljutnju i iskrenost u isto vrijeme, na prokletstvo koje nosimo u sebi da je sve tako vazno, ali poslije zivota. Kakva budalastina! Uhvatim sebe kako trazim poruku u tvojim pjesmama koje si ostavio kao amanet. Uhvatim sebe da razmisljam kako ti je bilo vazno da si voljen, postovan.
Svi smo zaboravili da imas samo 26 godina. Nedostajes mi... Tvoja bejbi
http://makedonija.blogger.ba/ | |
| | | rozeta193 Успешен Член
Број на мислења : 1334 Локација : МАКЕДОНИЈА опис: : ТОШЕ ФАН Репутација : Registration date : 2008-05-17
| Предмет: Re: Рекоа за Тоше... Нед Jул 06, 2008 11:14 am | |
| Џилијан Миловановиќ: Семејството и Македонија изгубија извонреден син Американската амбасадорка Џилијан Миловановиќ вчера испрати писмо со сочувство за трагично загинатата македонска поп-ѕвезда.
- Со огромен шок и тага ја примив веста за смртта на Тоше Проески. Моето семејство и јас, како и целата Амбасада на САД изразуваме најдлабоко сочувство до семејството на Тоше, неговиот бенд и менаџер, неговите пријатели и македонскиот народ. Сите сте во нашите мисли и во нашите молитви. Тоше допре безбројно многу животи додека беше со нас. Тој беше извонреден пример за тоа колку добрина еден човек може да даде. Неговата музика и радоста што им ја даваше на милиони, и широката инспирација што тој ја даваше, особено на младите луѓе, продолжуваат да живеат како вечно наследство. Неговото семјество, но и Македонија, изгуби извонреден син - се вели во писмото од амбасадорката Миловановиќ. http://www.dnevnik.com.mk/?itemID=19AF9A4F8D38AF44B19DB65EB7DE1A2B&arc=1 | |
| | | rozeta193 Успешен Член
Број на мислења : 1334 Локација : МАКЕДОНИЈА опис: : ТОШЕ ФАН Репутација : Registration date : 2008-05-17
| Предмет: Re: Рекоа за Тоше... Нед Jул 06, 2008 11:17 am | |
| Г.Г. Стефан: Изгубивме ангел Со смртта на Тоше Проески изгубивме ангел. Тоше беше роден да пее, роден да сака, роден да биде хуман, да ги сака луѓето, да ги сака сите. Го изгубивме и останува да речам дека Тоше ќе остане да биде ангел, зашто во сите овие години во кои пееше, во кои настапуваше, во кои се однесуваше и живееше беше тоа, изјави архиепископот г.г. Стефан.
Македонскиот народ, Македонската православна црква, рече тој, во неговата личност ќе изгубат човек што ја сакаше Црквата, што го почитуваше Бога, ја живееше нашата православна вера.
- Останува да се молиме за него, неговата душа Господ да ја насели најблиску ангелите, меѓу праведниците. Зашто, Тоше го заслужи тоа. http://www.dnevnik.com.mk/?itemID=5E57F1A19A0F8D43A9B7FA34CD6C0D69&arc=1 | |
| | | cherry Администратор
Број на мислења : 1127 Age : 43 Локација : Далеку од тебе Репутација : Registration date : 2008-05-02
| Предмет: Re: Рекоа за Тоше... Нед Jул 06, 2008 11:19 am | |
| Се уште не можам да поверувам дека исчезна едно толку младо, културно и премногу талентирано момче. Секој кометар е одвишен. Светот остана без врвен пејач и сите го сакаа и почитуваа, изјави текстописецот Марина Туцаковиќ. Пејачката Гоца Тржан потресена од смртта на Тоше вели дека тој и бил како помлад брат. Тоше го знам од самиот почеток на кариерата бидејќи снимивме прв заеднички дует. Длабоко ме потресе неговата смрт. Премногу е тажно што едно така добро воспитан човек исчезна од Планетата. Нашиот однос секогаш беше однос на помлад брат кон постара сестра. Упатувам најискрено сочувство на неговото семејство и до фановите меѓу кои можеби најголем фан сум јас, истакна Тржан.
Пејачката Тијана Дапчевиќ тажната вест за трагичната смрт на Тоше ја слушна во родното Скопје: Во тотален шок сум и едвам зборувам. Во понеделникот цел ден имав чудно чувство па вечерва отпатував во Скопје за да го видам семејството. За жал, рано утрово ме дочека тажна вест - дека мојот Тоше повеќе го нема. Таков пејач нема да се роди во наредните 50 години. Плачев цел ден и повеќе немам солзи. Се познававме речиси од детството, а последен пат се слушнавме пред еден месец. Ова е голема загуба и трагедија не само за Македонија туку и за целиот регион. Господ го зема само најдоброто. Во Скопје се е застанато. Од кафулињата и рестораните се слушаат само неговите песни. На плоштадот луѓето плачат и палат свеќи...
Пејачот Жељко Јоксимовиќ изјави дека изгубил голем пријател: Ужасно се чувствувам. Веста за смртта на Тоше ме стави во сомнеж дали воопшто се разбудив. Сите изгубивме сјаен пријател и поединец. Балканот изгуби недоместлив уметник. Ова е ненадоместлива загуба за целиот Балкан.
И пејачот Владо Георгиев истакна дека Тоше имаше божествен глас и оти тој загуби еден пријател повторно во сообраќајна несреќа што е целосно лудо.
Бора Ѓорѓевиќ кој напиша и една песна за Проески исто вели дека неговата смрт е загуба за целиот регион. Многу ми е жал и длабоко сум несреќен поради оваа трагедија. Таква е оваа наша тезгарска работа, изложени сме на опасности секој пат. Секој од нас може да помине така, а за жал Тоше ја плати цената. Тоше Проески беше исклучиелен пејач и многу добро и воспитано момче. Неговата смрт не е само загуба за Македонија бидејќи тој беше ѕвезда на просторот на поранешна Југославија. Тоа го потврдува и неговиот концерт во преполната Арена. Тоше инаку пееше и еден мој текст и навистина сум тажен, истакна Ѓорѓевиќ
Ања Рупел не може да верува дека се случила таква трагедија. Тешко е што било да се каже во овој момент. Цело претпладне ми ѕвони телефонот, разговарам со пријатели новинари и навистина не верувам што се случило и морам да кажам дека сум многу потресена. Трагедија е кога млади луѓе умираат на ваков начин, а бидејќи во овој случај загина некој кој и лично го познавав навистина сум во шок и не верувам. Тоше беше одличен пејач, одличен човек, совршено се разбиравме. Неколкупати имав чест да настапувам со него. Снимивме и еден спот, а бев и негова гостинка во Македонија. Најтрагично во целата ситуација е тоа што знаејќи за неговите квалитети, а тие навистина не можеа да се оспорат, Тоше можеше уште толку многу да даде. | |
| | | rozeta193 Успешен Член
Број на мислења : 1334 Локација : МАКЕДОНИЈА опис: : ТОШЕ ФАН Репутација : Registration date : 2008-05-17
| Предмет: Re: Рекоа за Тоше... Нед Jул 06, 2008 12:01 pm | |
| МАКЕДОНСКИТЕ БРЕНДОВИ ШОКИРАНИ Трпчески во Лондон свири само за Тоше Пијанистот Симон Трпчески од Лондон- Шокиран сум. Многу е тешко и излишно да се каже било што во вакви моменти. Сигурно дека на секој Македонец во земјата и дијаспората кој покажувал радост и почит кон човекот што несомнено беше најталентираниот пејач на Македонија, во моментов му е многу тешко. Тоше пред се беше многу добар и искрен човек, секогаш подготвен да одговори со позитивна енергија и со неговата карактеристична насмевка. Наоѓајќи се пред проба во Лондон, многу ми е тешко во овие моменти да зборувам, но сакав да кажам збор-два за Тоше како мој личен и семеен пријател, настрана прекрасната соработка што ја имавме како колеги. Многу ми е драго што бев на концертот на Градскиот стадион во Скопје. Но, жал ми е што во последно време немавме многу можност да се гледаме, бидејќи Тој беше растргнат на сите страни, па секој со својата професија... Сакам да ја искажам мојата најдлабока и огромна почит кон Неговата личност, кон еден од заштитните знаци на нашата држава. Би сакал да го изразам и своето најдлабоко сочувство до неговото семејство на кое во овие моменти му е најтешко, а дел од онаа лична почит и споделување на тагата ќе покажам веќе утре на првиот концерт во Англија, каде што јавно пред публиката концертот ќе му го посветам токму Нему. Оперскиот пејач Благој Нацоски од Каљари- Иако се наоѓам далеку од Македонија, во моментов моето срце е таму. Денес Македонија изгуби едно од најубавите нешта што и се имаше случено од здобивањето на нејзината независнот. Од стручна гледна точка не можам а да не кажам дека тој не поседуваше само ангелски глас, туку и извонреден начин на интерпретација на сите жанрови на музика што го прави уникатен. Неговото пеење и харизма засекогаш ќе останат длабоко во нашите срца. Вечерашната моја премиера овде во Операта на Каљари ќе му ја посветам на Тоше. Нека почива во мир. Оперскиот пејач Борис Трајанов од Франција- Ужасната вест ја добив од мојата сопруга. Не можев и не сакав да сфатам дека е вистина. На вчерашната проба никако не можев да се соберам. Тоше не само што беше мега пејач, тој беше многу благороден млад човек. Наш принц, ангел, човек кој знаеше да сочувствува со слабите, со сиромашните, кои над се си ја сакаше татковината. А и него го обожаваа сите. Вистински пример за младите. Ќе остане запаметен не само како фантастичен пејач, туку како наш ангел. ВЕЧЕРВА Филхармонијата ќе свири за ТошеВечерашниот концерт на Македонската филхармонија во Домот на АРМ ќе биде посветен на трагично загинатата поп ѕвезда Тоше Проески. Диригент ќе биде Јануш Пшибилски од Полска, а како солист ќе настапи Здравко Ангелов на кларинет. На програмата се дела од Самјуел Барбер, Вебер, а делото Симфонија број два ќе доживее прва изведба во Македонија. | |
| | | iva Член
Број на мислења : 227 Age : 33 Репутација : Registration date : 2008-04-30
| Предмет: Re: Рекоа за Тоше... Нед Jул 06, 2008 4:05 pm | |
| lele.... pak se osekam kako na prokletiot 16 oktomvri... ne e fer.. zosto gspode bas nego?? :( | |
| | | aleksandra Активен
Број на мислења : 1601 Age : 41 опис: : R.I.P. TOSE Репутација : Registration date : 2008-05-23
| Предмет: Re: Рекоа за Тоше... Нед Jул 06, 2008 6:38 pm | |
| | |
| | | tanja_07 Член
Број на мислења : 80 Age : 37 Репутација : Registration date : 2008-06-15
| Предмет: Re: Рекоа за Тоше... Нед Jул 06, 2008 7:07 pm | |
| Jas ova ne mozam da go citam navistina na sekoj zbor me lazat mornici ,mi se navrakkat spomeni,cuvstvuvam silna bolka vo gradive................seto ova boli............... | |
| | | Tvojata senka Модератор
Број на мислења : 1001 Age : 36 Локација : РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА опис: : ОПАСНО ПО ЖИВОТ Репутација : Registration date : 2008-04-15
| | | | Eli Модератор
Број на мислења : 416 Локација : Skopje, Makedonija опис: : СЛУШАЈ МЕ МЕНЕ Репутација : Registration date : 2008-04-14
| Предмет: Re: Рекоа за Тоше... Пон Jул 07, 2008 1:15 am | |
| | |
| | | rozeta193 Успешен Член
Број на мислења : 1334 Локација : МАКЕДОНИЈА опис: : ТОШЕ ФАН Репутација : Registration date : 2008-05-17
| Предмет: Re: Рекоа за Тоше... Пон Jул 07, 2008 2:59 pm | |
| НА СИТЕ ИНТЕРНЕТ САЈТОВИ КОМЕНТАРИ
Тага во срцата на фановите на Тоше од регионот
Игор Навистина неверојатно. Песните ќе го чуваат сеќавањето на него. Голема трагедија.
Веца Се уште не можам да верувам, како некој грд сон. Тага!
Маја Така убав, млад, феноменален пејач и човек, а повеќе го нема меѓу нас. Како некој со гума да го избриша. Нека почива во мир, а ние ќе се молиме за негов спокој меѓу ангелите.
Сања Ќе живее засекогаш преку неговите песни. Никогаш нема да го заборавам. Се чувствувам дека изгубив некој близок. Сочувствувам со болката на неговото семејство.
Владо Никогаш нема да откријам зошто Бог ги зема најдобрите. Тоше, ти беше еден од нив! Ќе те паметиме и никогаш нема да те избришеме.
Ана Како најубав цвет скинат и фрлен. Ти благодарам за најубавите песни што ни ги даде и кои секогаш ќе ги слушаме. Ти благодарам за љубовта која од тебе ја учевме и за сите солзи што ги пролеав од среќа на твоите концерти. Но, не сакав да леам солзи по тебе. Ова не е фер. Зошто? | |
| | | cherry Администратор
Број на мислења : 1127 Age : 43 Локација : Далеку од тебе Репутација : Registration date : 2008-05-02
| Предмет: Re: Рекоа за Тоше... Вто Jул 08, 2008 7:39 am | |
| Мирослав Рус, автор на "Игри без граници" - Eксклузивно интервју за „Дневник"
Мирослав Рус е главен уредник на „Народно радио“ и сопственик на издавачката куќа „Хит-рекордс“, која во Хрватска ги објави албумите на трагично загинатата македонска мегаѕвезда Тоше Проески. Како композитор и текстописец соработувал со повеќето значајни пејачки имиња од хрватската сцена. Беше лидер на познатиот „ИТД бенд“, за кој ги напиша многубројните хитови, меѓу кои и „Лагано умирем у твоме сјечању“, „Соња“, „Елена“. Бендот исвире и верзија на македонската народна тема „Ако умрам ил загинам“, од покојниот Јонче Христовски. Рус е автор и на нумери и на песни од „Црвена јабука“ и од Жељко Бебек. Сепак, соработката со Тоше Проески ја истакнува како најзначаен дел од својата кариера. Тоа бил мигот што го чекал откако почнал да се занимава со музичко творештво. Уште во првите секунди од разговорот со него сфаќате дека е, пред се', голем човек, со безгранична и безвременска духовност во себе. Љубовта кон Тоше и кон Македонија се најголемата причина што првпат по смртта на нашата поп-легенда проговорува во јавноста. Откри само дел од вистината што „ја чува во себе“, нагласувајќи дека можеби повторно ќе проговори по година или две ако почувствува потреба.
*Кога го запознавте Тоше Проески и кои беа првите впечатоци што Ви ги остави?
- Влегов во режијата. Тоше ја снимаше песната „Срце није камен“. Го слушнав тој глас и прашав кој пее така убаво и ги предупредив на погрешниот акцент на зборот камен. Тоше ја слушна мојата забелешка и од студиото ме запраша: „А, како треба?“. Му реков што мислам и потоа тој збор го отпеа правилно. Излезе од студиото ми ја подаде раката и само рече: Тоше. И тоа беше се'. Разговорот со мене таа вечер го презеде Лилјана Петровиќ, денес мојата Лилја, и во стилот на голем менаџер за 15 минути направи заедничка корисна медиумска пропаганда, за активноста на Тоше во Хрватска и за издавањето на неговиот албум за мојата издавачка куќа „Хит-рекордс“. Бидејќи претходните два албума не беа доволно медиумски афирмирани, Лилја не сакаше уште еднаш да ризизкува! Си пруживме рака и до денес не го изневеривме нашиот договор.
ТИМ ОД СОНИШТАТА
*Како почна вашата соработка?
- Кога ми понудија да пишувам песни за Тоше, ги замолив да ме повикаат на некој од неговите концерти, кои се одржуваат во близина на Загреб, за да видам кој е и што е Тоше. Ме повикаа во Марибор и се најдовме во малиот хотел „Милена“, три часа пред концертот. Тоше беше во собата и слезе во холот еден и пол час пред поаѓањето во концертната сала. Ме поздрави, седна спроти мене и не кажа ниту збор. Но, забележав дека внимателно го слуша разговорот што го водевме со Лилја и со бендот. Откако излеговме од хотелот ме изненади со прашањето: „Рус, може ли со тебе да одам до салата?“. Се согласив. Лилја не' погледна и ни рече: „Немојте да се загубите“. Се разбира, ние се загубивме! Беше смешно. Тие го поминаа семафорот, ние моравме да застанеме и подоцна се покажа дека Тоше не го знае патот до салата, а јас таму никогаш не сум ни бил. И тогаш се случи нешто што ќе го паметам засекогаш. Одеднаш Тоше ми рече: „Знаеш Рус, ти не си случаен минувач во мојот живот. Не знам како да ти кажам, но постои збор на небото што го означува нашето заедништво“. Го погледнав зачудено. Никогаш никој не ми се обратил на тој начин. Се насмеа, се навали на воланот и рече: „Ведра е ноќта“. Во тој миг пред нас беше таблата со насоката за вртење кон мариборската населба Руше - Рус и Тоше еднакво на Руше! Му реков: „Еве го зборот!“. Тој се навали, ме погледна и само ми рече: „Не можам да верувам, гледаш дека нешто постои“. Тогаш се договоривме еден на друг да се обраќаме со Руше. На концертот, само за половина минута, сфатив дека Македонија го има најдобриот пејач на светот.
*„Игри без граници“ е апсолутен хит во земјава. По трагичната смрт на Тоше многумина во неа препознаа тага и разочарување. Што ви беше инспирација да создадете една таква композиција за него?
- Го молев да му направам нешто поинакво. Нешто со што тој би ја врзал кариерата во подоцнежните години, кога ќе биде позрел и постар. И на чудење на некои наши соработници, тој се согласи. И се случи „Игри без граници“. Никша Братош направи совршен аранжман. Тоше допатува во Загреб. Ја слушна песната и рече: „Леле Руше, ова е чудо, секоја ви чест“. Беше пресреќен. Ми рече и тогаш, а потоа дека сам сака да пишува такви песни. Тоше, Никша и мојата маленкост - тоа беше мигот што го чекав откако се занимавам со оваа професија. Тоа беше мојот тим од соништата. Се разбира, зборувам само за малото катче што го имам во кариерата на Тоше, со должна почит кон сите автори што пишувале за него.
АВТОБИОГРАФСКИ СТИХОВИ
*На последниот концерт на Градскиот стадион Тоше рече дека „Црешна“ му е автобиографска песна. Ви откри ли во кои стихови се препозна?
- Од првиот момент кога ја слушнаа „Црешна“, Тоше и Лилја беа одушевени од идејата таа песна да ја отпее и тој. За мене тоа беше голем настан. Кога ја отпеа, излезе од студиото со насмевка од задоволство. Му реков: „Бог ти го дал тој глас, сега песната е мирна“. А тој ми врати: „Руше, ти си неверојатен поет“. Слушнав дека на концертот во Скопје рекол оти таа му е автобиографска песна. Мислам дека дури сега го разбирам и го гледам во стиховите, кои би сакал на македонската публика да и' ги презентирам во оригинална верзија, така како што излегоа од мојата душа: „Што то има у људима тужно, да улазе у туѓе животе. Тко то живи у прошлости мојој, а још није умро од срамоте. Рекао сам, у вјетар сам причао, никог није било да ме чује, лијепу пјесму не воли баш сватко, нетко баца камен на славује“. По се', ми се чини дека тоа е автобиографска песна и на Лилја. Кога пред некој ден дознав дека децата во Крушево, пред основното училиште каде што учел Тоше засадиле цреша, заплакав. Ги поздравувам и им посакувам да бидат добри луѓе како и нашиот Тоше.
* Бевте блиски со него? За што најчесто разговаравте?
- За нашата блискост зборував со протојереј Кирко Велински во Загреб. Тоа е човекот кого го запознав пред олтарот на црквата по мисата на задушница, бидејќи Тоше беше верник каков што никогаш во животот не сум сретнал. Со оглед на моето молчење во време на жалоста, ми беше логично да разговарам со него. Тоше и јас знаевме долго да зборуваме за верата и убеден сум дека тој ми го прати отец Кирко за пријател. Би ве замолил во оваа пригода, драги мои Македонци, да им помогнете на отец Кирко и на господин Пимен, за изградбата на првата македонска православна црква во Загреб. Ветувам дека во изградбата ќе помогнат сите пријатели на Тоше во Загреб.
* Дали забележавте преку тие разговори дека ја претчувствуваше смртта?
- Да.
* Како ја примивте неговата смрт?
- Верувам како и сите други. Тоа момче сите го обожаваа, не само поради песните. Имаше тој и нешто друго што ретко кој го има. Имав среќа во животот да запознам таков човек.
* По иницијатива на Тоше сте напишале текст за Крушево, а тој сега ќе биде епитаф на неговиот гроб. Како настанаа тие стихови?
- Што ќе се случи со таа песна, ќе решат неговите родители. Им ја подарив ним и на Лилјана, која беше присутна во сите успеси на Тоше, па и во миговите на неговата несреќа. Кога веќе ги споменувам родителите, им се поклонувам до подот за тоа каков човек и верник одгледале. Се молам за нив и за сестрата на Тоше, на кои им е најтешко. Песната Крушево ја создадов по негова желба.
* Кажете ни нешто повеќе за последната песна што ја снимивте?
- И таа спаѓа во редот на чудата, нема да верувате. Песната се вика „Још увек сањам да смо заједно“ и ве молам сето тоа нека ја почека годишнината од неговата смрт. Ќе ни биде подраго да се присетиме на нашиот Тоше со една нова песна што тој ја пее.
* Луѓето од Продукцијата „Аворд“ и промоторите од Англија планираат да му ја понудат „Игри без граници“ на Стинг, омилената музичка ѕвезда на Тоше. Кој е Вашиот коментар?
- Го обожавам Стинг и знам дека некому ќе му биде чудно што ова ќе го речам. Но, мислам дека „Игри без граници“ веќе ја отпеа најдобриот пејач во светот. Сепак, ако Стинг ја отпее, секоја чест. Ќе му бидам благодарен.
* Тешко ги откривате нештата што ги знаете и што ве поврзуваат со нашата пејачка легенда. Што за крај би кажале?
- Тоше беше голем хуманист, првиот човек што по воените ужаси на овој несреќен Балкан донесе радост со својата песна воновонастанатите земји. Со своето заминување на сите им покажа дека можеме да имаме заедничка болка. Ме трогна говорот на охридскиот и македонски архиепископ г.г. Стефан на погребот на Тоше. Како и писмото на монахињата Макрина, кое имав можност да го прочитам, во кое скршена од тага во еден миг изрази страв дека можеби на Македонија сепак не и' е судено. Со задоволство би и' порачал на земјата што го даде Тоше Проески, која сигурно и сега ја чува, бидејќи знам колку ја сакаше: „Не може, а да не и' е судено“.
Последен спомен од пријателот
- Ќе ви кажам за еден од последните мигови на нашето дружење. Тоше и јас се шегувавме со Лилја во предворјето на хотелот „Интернационал“. Ја зедовме во раце како да се подготвуваме да ја фрлиме во воздух, Беше смешно, сите гости гледаа во нас, а некој од нашите пријатели не' фотографира. Паднавме во општа смеа. Одеднаш Тоше отиде до масата, зеде фломастер и почна нешто внимателно да пишува на подлошката за чаши. Забележав во тој момент дека стана некако далечен и отсутен и ја изгубив желбата повторно да го викнам во нашето друштво. Пет минути подоцна пред да отпатуваат се прегрнавме и останав сам на масата. Ја зедов подлошката и видов дека на неа со големи букви пишува „Тоше Руше“. Таа ми е последниот спомен од него - вели Мирослав Рус.
Соња Алексоска Неделковска www.dnevnik.com.mk | |
| | | LudaMala Супер Модератор
Број на мислења : 1483 Age : 42 Локација : Олимпијски град опис: : Репутација : Registration date : 2008-05-21
| Предмет: Re: Рекоа за Тоше... Вто Jул 08, 2008 6:58 pm | |
| | |
| | | LudaMala Супер Модератор
Број на мислења : 1483 Age : 42 Локација : Олимпијски град опис: : Репутација : Registration date : 2008-05-21
| | | | antonela Член
Број на мислења : 140 Age : 41 Локација : Hrvatska Репутација : Registration date : 2008-06-01
| Предмет: Re: Рекоа за Тоше... Вто Jул 08, 2008 10:04 pm | |
| on kao da nije otisao on je s nama jos | |
| | | Sponsored content
| Предмет: Re: Рекоа за Тоше... | |
| |
| | | | Рекоа за Тоше... | |
|
Similar topics | |
|
Similar topics | |
| |
| Permissions in this forum: | Не можете да одговарате на темите во форумот
| |
| |
| |
|