Во продажба DVD Те сакаме сите, Тоше
Меѓународната фондација Тоше Проески го објави долгонајавуваното DVD - Те сакаме сите, Тоше, снимено на ланскиот хуманитарен концерт во Скопје, во чест на великанот Тоше Проески. Да потсетиме, концертот пред неколку десетини илјади посетители се одржал на 5-ти октомври, на Градскиот стадион во Скопје, а во чест на Тоше, неговите песни ги пееа најеминентните домашни, балкански и европски музичари: Наум Петрески, Синтезис, Биља Крстиќ, Гоца Тржан, Бојан Маровиќ, Нина Бадриќ, Тони Цетински, Адријан Гаџа, Калиопи, Леонтина, Аки Рахимовски, Жељко Самарџиќ, Руслана...
DVD-то за 300 денари може да се купи насекаде во Македонија, а за дистрибуцијата е задолжена Носталгија рекордс (ТЦ Беверли Хилс, телефон: 02/ 31-32-010).
Но тоа не е се! Фондацијата подготвува нов албум на Проески, на кој ќе има пет теми. Три од нив се стари хитови, со нов аранжман за кој се погрижи хрватскиот продуцент и аранжер Никша Братош. Двете нови композиции се песните Још увек сањам да смо заједно, на Мирослав Рус, и Крушево, за која музиката ја напиша трагично починатата ѕвезда. Во подготовка е и дивидито со филмот Најтешкото и серијата Пет години Балкан.
Сре Jул 29, 2009 10:23 pm by batbayan