Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeLatest imagesБарајРегистрирајте сеВлез

 

 Концерт во чест на Тоше

Go down 
+29
rozeta193
danielajovanovik
didi47
anoLi
Angela
jaslicno
maja j
batbayan
Tanja
Tanjuska
AlmostAnAngel
marice
kikosk
ElizaBeta
ST
viki_mama
zorana
bavarec
tanja_07
cherry
iva
Tvojata senka
aleksandra
LudaMala
Moni
bibe_tose
Eli
Chris
Universal*
33 posters
Отиди на страна : Previous  1, 2, 3 ... 8, 9, 10, 11  Next
АвторПорака
LudaMala
Супер Модератор
Супер Модератор
LudaMala


Број на мислења : 1483
Age : 42
Локација : Олимпијски град
опис: : Концерт во чест на Тоше - Page 9 Bosnia-herzegovina505
Репутација :
Концерт во чест на Тоше - Page 9 Left_bar_bleue5 / 1005 / 100Концерт во чест на Тоше - Page 9 Right_bar_bleue

Registration date : 2008-05-21

Концерт во чест на Тоше - Page 9 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Концерт во чест на Тоше   Концерт во чест на Тоше - Page 9 I_icon_minitimeПон Окт 06, 2008 4:28 pm

aleksandra напиша:
јас сега неможам ништо да коментирам...срцево ми знае како беше... Концерт во чест на Тоше - Page 9 90386 Концерт во чест на Тоше - Page 9 90386 Концерт во чест на Тоше - Page 9 90386 Концерт во чест на Тоше - Page 9 90386
еве некој слики што сликав со мобилен...али бев малку далеку така да не се гледа баш најубаво... Концерт во чест на Тоше - Page 9 90386 Концерт во чест на Тоше - Page 9 90386 Концерт во чест на Тоше - Page 9 90386

Концерт во чест на Тоше - Page 9 Sp_a1211
Концерт во чест на Тоше - Page 9 Sp_a1212
Концерт во чест на Тоше - Page 9 Sp_a1213 ..ова сум јас... Концерт во чест на Тоше - Page 9 90386
Милааааа много ти хвала на овоме. Маица ти је прва лига, али ти си још слађа! Концерт во чест на Тоше - Page 9 883767
Код нас су пренос прекинули. Срам да их буде. Због избора. Уфффф.

Оно што сам видјела показује колико је свима значио. И колико су га људи вољели и воле. Посебно његови Македонци.
Вратете се на почетокот Go down
aleksandra
Активен
Активен
aleksandra


Број на мислења : 1601
Age : 41
опис: : R.I.P. TOSE
Репутација :
Концерт во чест на Тоше - Page 9 Left_bar_bleue18 / 10018 / 100Концерт во чест на Тоше - Page 9 Right_bar_bleue

Registration date : 2008-05-23

Концерт во чест на Тоше - Page 9 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Концерт во чест на Тоше   Концерт во чест на Тоше - Page 9 I_icon_minitimeПон Окт 06, 2008 4:55 pm

фала ЛудаМала... Концерт во чест на Тоше - Page 9 883767 Концерт во чест на Тоше - Page 9 203686
да... баш се виде колку сите ГО САКАМЕ...но премногу се осеќаше неговото отсуство премногу...фалеше ....болеше....ништо повеќе нема да е исто...
Концерт во чест на Тоше - Page 9 90386 Концерт во чест на Тоше - Page 9 90386 Концерт во чест на Тоше - Page 9 90386

лелееее како започна концертот ВЕ САКАМ СИТЕ и гласот на нашиот ангел...ми се скрши срцево...и како заврши ВЕ ОБОЖАВАМ....аааааааааа.....Тошеееееее..... Концерт во чест на Тоше - Page 9 90386 Концерт во чест на Тоше - Page 9 90386 Концерт во чест на Тоше - Page 9 90386 Концерт во чест на Тоше - Page 9 90386 Концерт во чест на Тоше - Page 9 90386 Концерт во чест на Тоше - Page 9 90386
Вратете се на почетокот Go down
aleksandra
Активен
Активен
aleksandra


Број на мислења : 1601
Age : 41
опис: : R.I.P. TOSE
Репутација :
Концерт во чест на Тоше - Page 9 Left_bar_bleue18 / 10018 / 100Концерт во чест на Тоше - Page 9 Right_bar_bleue

Registration date : 2008-05-23

Концерт во чест на Тоше - Page 9 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Концерт во чест на Тоше   Концерт во чест на Тоше - Page 9 I_icon_minitimeПон Окт 06, 2008 9:55 pm

ТВ СИТЕЛ ОВДЕ ВИ ПРЕЗЕНТИРА НЕКОЛКУ НУМЕРИ ОД ВЕЧЕРАШНИОТ КОНЦЕРТ ПОСВЕТЕН НА ТОШЕ ПРОЕСКИ

http://www.sitel.com.mk/default-mk.asp?ItemID=8E0C2991B87A204FBCF0328E9565C564

Концерт во чест на Тоше - Page 9 90386 Концерт во чест на Тоше - Page 9 90386 Концерт во чест на Тоше - Page 9 90386
Вратете се на почетокот Go down
Angela
Член
Член
Angela


Број на мислења : 159
Age : 32
Локација : Struga
Репутација :
Концерт во чест на Тоше - Page 9 Left_bar_bleue0 / 1000 / 100Концерт во чест на Тоше - Page 9 Right_bar_bleue

Registration date : 2008-04-29

Концерт во чест на Тоше - Page 9 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Концерт во чест на Тоше   Концерт во чест на Тоше - Page 9 I_icon_minitimeПон Окт 06, 2008 10:23 pm

de4ki kaj da go najdam tekstov na pesnata ????fala


te sakame site tose
Вратете се на почетокот Go down
aleksandra
Активен
Активен
aleksandra


Број на мислења : 1601
Age : 41
опис: : R.I.P. TOSE
Репутација :
Концерт во чест на Тоше - Page 9 Left_bar_bleue18 / 10018 / 100Концерт во чест на Тоше - Page 9 Right_bar_bleue

Registration date : 2008-05-23

Концерт во чест на Тоше - Page 9 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Концерт во чест на Тоше   Концерт во чест на Тоше - Page 9 I_icon_minitimeПон Окт 06, 2008 10:30 pm

Angela напиша:
de4ki kaj da go najdam tekstov na pesnata ????fala


te sakame site tose

https://tose-mk.forumakers.com/forum-f11/topic-t146-24.htm
тука го има... Концерт во чест на Тоше - Page 9 883767
Вратете се на почетокот Go down
cherry
Администратор
Администратор
cherry


Број на мислења : 1127
Age : 42
Локација : Далеку од тебе
Репутација :
Концерт во чест на Тоше - Page 9 Left_bar_bleue6 / 1006 / 100Концерт во чест на Тоше - Page 9 Right_bar_bleue

Registration date : 2008-05-02

Концерт во чест на Тоше - Page 9 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Концерт во чест на Тоше   Концерт во чест на Тоше - Page 9 I_icon_minitimeВто Окт 07, 2008 12:12 am

Над 40.000 луѓе ја исполнија желбата на Тоше

Антологиската „Зајди зајди“ го отвори синоќешниот мега спектакл на Градски, прерано испеан реквием од човекот кој стана ѕвезда и остана идол. Кога минатата година се раздели од својата публика, пораката „сите ве сакам, се гледаме до година“, не знаеше дека ќе биде негов аманет.


Концерт во чест на Тоше - Page 9 Tose-koncert-08

Над 40 илјади синоќа ја исполнија желбата на легендарниот Тоше. Пееше Градски, измешани чувства на тага и сеќавање.

„Тажно е, не би можела повеќе да зборувам. Одушевена сум што ги гледам сите овие луѓе дојдени за него“, рекоа посетителки.

Налив на силни емоции и солзи имаше и кај пријателите на Тоше, кои синоќа ги пееја неговите песни.

„Со секој еден збор со којшто ќе се обидам да го опишам Тоше ќе биде премалку“, рече Калиопи.

„Чувството е измешано, комплицирано, тажно и среќно“, вели Симон Трпчевски.

Спектаклот на Градски не помина без пропусти, дел од светски ѕвезди не ги знаеа во целост песните на нашата најголема ѕвезда, а публиката не беше расположена за говори на политичарите.

Емоции до болка предизвика дуетот на Тоше со неговиот внук Кристијан. Оваа песна за прв пат доживеа светска премиера.

На концертот беше неизбежно неколкупати да интервенира и Брзата Помош.

„Најмногу се жалеа на некоја вознемиреност, на тахикардија, на забрзано чукање на срцето, што пред се, мислам дека е во согласност со самиот концерт“, изјави докторка

Безрезервната хуманост на Тоше беше дел и од синоќешниот концерт одржан во негова чест. Меѓународната Фондација која го носи неговото име, парите од концертот ќе ги донира во хуманитарни цели.

За да ги потсети своите фанови дека неговата животна девиза беше хуманоста, преку слика амбасадорот на добрата воља порача „Не е важно, помагај им“, „Остварувај ги своите цели“, „Биди искрен".

www.a1.com.mk
Вратете се на почетокот Go down
https://tose-mk.forumakers.com
ElizaBeta
Член
Член
ElizaBeta


Број на мислења : 342
Age : 37
Локација : Skopje
Репутација :
Концерт во чест на Тоше - Page 9 Left_bar_bleue4 / 1004 / 100Концерт во чест на Тоше - Page 9 Right_bar_bleue

Registration date : 2008-04-16

Концерт во чест на Тоше - Page 9 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Концерт во чест на Тоше   Концерт во чест на Тоше - Page 9 I_icon_minitimeВто Окт 07, 2008 1:05 am

Концерт во чест на Тоше - Page 9 825168 прекрасен концерт..многу солзи..емоции..
и покрај студеното време,успеавме сите заедно да му ја исполниме желбата на нашиот ангел..стадионот беше преполн..
засекогаш во нашите срца,ангелу наш!
Вратете се на почетокот Go down
aleksandra
Активен
Активен
aleksandra


Број на мислења : 1601
Age : 41
опис: : R.I.P. TOSE
Репутација :
Концерт во чест на Тоше - Page 9 Left_bar_bleue18 / 10018 / 100Концерт во чест на Тоше - Page 9 Right_bar_bleue

Registration date : 2008-05-23

Концерт во чест на Тоше - Page 9 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Концерт во чест на Тоше   Концерт во чест на Тоше - Page 9 I_icon_minitimeВто Окт 07, 2008 1:47 am

http://www.dragstor.mk/?ItemID=19E1F6E3D1C6764CA0CB8D5A852C3815
Вратете се на почетокот Go down
maja j
Нов Член
Нов Член
maja j


Број на мислења : 35
Репутација :
Концерт во чест на Тоше - Page 9 Left_bar_bleue7 / 1007 / 100Концерт во чест на Тоше - Page 9 Right_bar_bleue

Registration date : 2008-08-26

Концерт во чест на Тоше - Page 9 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Концерт во чест на Тоше   Концерт во чест на Тоше - Page 9 I_icon_minitimeВто Окт 07, 2008 4:13 am

koncertot bese super samo sto nasekade solzi kako reka , sepak ne bese isto bez nego mn taznooooo Концерт во чест на Тоше - Page 9 825168 neznam sto povejke bi iskomentirala steta sto nemozam da gi izvadam slikite od mobilen ako nesto uspea ke vi postavam tuka pozdrav
Вратете се на почетокот Go down
aleksandra
Активен
Активен
aleksandra


Број на мислења : 1601
Age : 41
опис: : R.I.P. TOSE
Репутација :
Концерт во чест на Тоше - Page 9 Left_bar_bleue18 / 10018 / 100Концерт во чест на Тоше - Page 9 Right_bar_bleue

Registration date : 2008-05-23

Концерт во чест на Тоше - Page 9 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Концерт во чест на Тоше   Концерт во чест на Тоше - Page 9 I_icon_minitimeВто Окт 07, 2008 4:56 am

INTRO - TRIBUTE TO TOŠE PROESKI - SKOPJE 05.10.2008.
https://www.youtube.com/watch?v=wfj5_uqbWlA

NAUM PETRESKI - SKOPJE 05.10.2008. TRIBUTE TO TOŠE PROESKI
https://www.youtube.com/watch?v=O3D_bLBsce8&NR=1

AKI RAHIMOVSKI - SKOPJE 05.10.2008. -TIBUTE TO TOŠE PROESKI
https://www.youtube.com/watch?v=aB0vXTYli-A&feature=related

TONY CETINSKI - SKOPJE 05.10.2008. TRIBUTE TO TOŠE PROESKI
https://www.youtube.com/watch?v=t7fAEEGgcLU&feature=related

Концерт во чест на Тоше - Page 9 90386 Концерт во чест на Тоше - Page 9 90386 Концерт во чест на Тоше - Page 9 90386
Вратете се на почетокот Go down
aleksandra
Активен
Активен
aleksandra


Број на мислења : 1601
Age : 41
опис: : R.I.P. TOSE
Репутација :
Концерт во чест на Тоше - Page 9 Left_bar_bleue18 / 10018 / 100Концерт во чест на Тоше - Page 9 Right_bar_bleue

Registration date : 2008-05-23

Концерт во чест на Тоше - Page 9 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Концерт во чест на Тоше   Концерт во чест на Тоше - Page 9 I_icon_minitimeВто Окт 07, 2008 5:17 am

RUSLANA - LIFE / LIVE SKOPJE 05.10.2008 TE SAKAME SITE/
https://www.youtube.com/watch?v=w-PsgOLJ9Ww

ВЕ САКАМ ОД СРЦЕТО И ОД ДУШАТА...аааааа... Концерт во чест на Тоше - Page 9 90386 Концерт во чест на Тоше - Page 9 90386 Концерт во чест на Тоше - Page 9 90386
https://www.youtube.com/watch?v=zThqBL9bJK0

IGRI BEZ GRANICI - SKOPJE, 05.10.2008. TE SAKAME SITE
https://www.youtube.com/watch?v=3w1i17cVaeY

Te sakame site Tose KONCERT - The Hardest Thing
https://www.youtube.com/watch?v=oAwTzdbeUec
Вратете се на почетокот Go down
Tanja
Член
Член
Tanja


Број на мислења : 593
Age : 36
Локација : Skopje, Makedonija
опис: : TOSE TE SAKAME I KE TE SAKAME ZASEKOGAS!
Репутација :
Концерт во чест на Тоше - Page 9 Left_bar_bleue2 / 1002 / 100Концерт во чест на Тоше - Page 9 Right_bar_bleue

Registration date : 2008-06-06

Концерт во чест на Тоше - Page 9 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Концерт во чест на Тоше   Концерт во чест на Тоше - Page 9 I_icon_minitimeВто Окт 07, 2008 11:59 am

Целата балканска музичка елита се собра на најтажниот концерт "Сите те сакаме, Тоше"


Градскиот стадион никогаш толку полн, а толку празен


Градскиот стадион во Скопје никогаш не бил толку полн, а толку празен како на завчеравечер одржаниот концерт во спомен на Тоше Проески. Публиката, која со години и беше верна на најголемата македонска ѕвезда, повторно ги наполни трибините како пред една година. Солзите беа јазик за болката, се беше болно и тажно без момчето со ангелски глас, но сите што го сакаа дојдоа да ја продолжат неговата хумана мисија. Грандиозниот музички спектакл "Сите те сакаме, Тоше", во чест на легендарниот македонски музичар Тоше Проески, стартуваше со снимката од еден поранешен концерт на Тоше, на кој ја испеа традиционалната "Зајди, зајди".

Тони Михајловски и Ели Танаскова го водеа овој голем хуманитарен концерт, на кој во спомен на нашата музичка легенда настапија над дваесет пејачи од Балканот, па и пошироко.
"Вечерва најсреќен ќе бев да можам да го најавам токму него, но тука се неговите пријатели кои ќе пеат, а тој ќе го чуе нашиот крик", рече Тони, најавувајќи ги пејачите кои ги пееја песните на Тоше и уште еднаш успеа да не обедини сите околу неговата песна.

Сите пееја за него и плачеа по него, солзите беа главните придружнички додека колегите на Тоше ги пееја неговите песни, а на големите видеобимови се вртеа неговите фотографии и снимки. Публиката направи ѕвездено небо со мобилните телефони, викаше "Тоше, Тоше...", како да очекуваше и тој да се појави однекаде, да им се насмее и да им каже колку ги сака. На сцената прв се искачи Наум Петрески, кој ја испеа својата "Има ли песна", една од омилените композиции на Тоше.

Синтезис потоа продолжија со народната "Ој, девојче", додека Биља Крстиќ и Бистрик ја исполнија "Јовано, Јованке".
Пијанистот Симон Трпчески прво ја запеа "Љубена", која ја компонираше специјално за Тоше, а потоа на клавирот го отсвири инструменталот, додека публиката пееше. Оперскиот пејач Игор Дурловски настапи со прекрасната балада "Го лажам секој нов рефрен", а Гоца Тржан сама ја испеа дуетската "Илјада и двеста милји".

Бојан Маровиќ ја пееше емотивната "Полско цвеќе", Нина Бадриќ настапи со "Несаница", а Тони Цетински имаше чест да ја пее "Тајно моја".

Санди Ценов ја пееше "Једина", а Марија Шестиќ со темата "Овој свет". Адријан Гаџа ја отпеа "Никој како тебе не бакнува", а од грлото на Маја Татиќ се чу песната "Има ли ден за нас".
Виталиј Козловски настапи со хитот "Срце није камен", а Иван Плавшиќ со "Соба за тага". Тој во името на хуманитарна организација на кралското семејство Караѓорѓевиќ и на РТС постхумно му врачи на Тоше плакета за својата хуманитарна работа. Авторката на неговиот хит за Беовизија "Чија си" - Леонтина, настапи со истата композиција, а Жељко Самарџиќ ја пееше омилената песна на Тоше "Још и данас замирише трешња". Калиопи во чест на својот голем пријател ја отпеа баладата "Немаш ни благодарам". Аки Рахимовски ја испеа "Јесен у мени", Ањеза Шахини, со која Тоше се дружеше на Евросонг во Истанбул, настапи со "I Will Always Love You", а евровизиската победничка Руслана ја пееше "Life".

Аленка Готар од Словенија, која, како и сите учесници на концертот порача: "Те сакаме сите, Тоше, ја исполни Арија, која нашата легенда ја отпеа во дует со италијанската пејачка Џана Нанини.

И на крајот од концертот полн со емоции, песни и солзи беше премиерно презентиран дуетот на Тоше со внукот Кристијан и темата "My Litlle".

Со "Игри без граници", судбинската песна на Тоше, која ја отпеа сите учесници, заврши најтажниот концерт во македонската историја. Сите пејачи настапија во придружба на Оркестарот на Македонската опера и балет со диригентот Саша Николовски - Ѓумар, како и со бендот на Тоше, неговиот придружник на сите концерти. Со песната и безрезервната хуманост си ја обезбеди вечноста, а нам ни ги оставни неговите песни да шират љубов, хуманост и добри вибрации меѓу нас.



СТАТУЕТКИ СО ЛИКОТ НА ТОШЕ
Меѓународната фондација Тоше Проески на учесниците на концертот им додели статуетки со ликот на Тоше, а првата му беше врачена на премиерот на Република Македонија, Никола Груевски, кој на почетокот на овој настан одржа поздравен говор. Според податоците од организаторот Меѓународната фондација Тоше Проески, беа продадени 45.000 влезници, чиј приход ќе оди во добротворни цели.

Светскиот продуцент Енди Рајт го донесе англиското ЦД
На концертот од Лондон допатува и Енди Рајт, музичкиот продуцент на Тоше за неговиот албум на англиски. Дојде да ја исполни неговата желба де се види дуетот со неговиот внук Кристијан, а го донесе и англиското ЦД кое треба да излезе на 25 јануари, на денот на неговиот роденден, а на кое има четири авторски песни на Тоше.

КОНЦЕРТОТ ДИРЕКТНО ГО ПРЕНЕСУВАА НАД 20 ЗЕМЈИ
Музичкиот спектакл директно го пренесуваа над 20 земји. За време на концертот, преку он лајн мост, директно на Градскиот стадион се вклучија телевизии од Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина и Бугарија, како и со тажното Крушево. Спектаклот, освен 50-илјадната публика на Градски стадион во Скопје го следеа и неколку десетици милиони ТВ-гледачи во Европа и светот. Покровител на концертот беше Владата на Република Македонија и Министерството за култура, а организатор Меѓународната фондација Тоше Проески - Крушево.

А. Ѓошевска

http://www.vecer.com.mk/?ItemID=DC0F002F4B46D64F93EE2FB4DFDD52C9
Вратете се на почетокот Go down
http://www.tose-mk.forumakers.com
Tanja
Член
Член
Tanja


Број на мислења : 593
Age : 36
Локација : Skopje, Makedonija
опис: : TOSE TE SAKAME I KE TE SAKAME ZASEKOGAS!
Репутација :
Концерт во чест на Тоше - Page 9 Left_bar_bleue2 / 1002 / 100Концерт во чест на Тоше - Page 9 Right_bar_bleue

Registration date : 2008-06-06

Концерт во чест на Тоше - Page 9 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Концерт во чест на Тоше   Концерт во чест на Тоше - Page 9 I_icon_minitimeВто Окт 07, 2008 12:10 pm

СО СПЕКТАКЛ НА „ГРАДСКИ“ ИСПОЛНЕТ АМАНЕТОТ НА ЛЕГЕНДАТА
Ѕвездено небо од 45.000 обожаватели на Тоше
„Ве сакам сите!“, со овие искрени зборови кои одекнуваа од видеобимовите и од ЛЕД-екраните, искажани лани на истото место, на истиот ден со блескава насмевка и со неповторлив сјај во очите од македонска легенда Тоше Проески, во неделата вечерта на скопскиот „Градски стадион“ почна досега невиден музички спектакл во негова чест. Никогаш претходно немало толку многу млади обожаватели, дури повеќе од 45.000 фанови, кои со своите емоции, пеење, овации, скандирање, ја потврдија величественоста на овој великан и сите како да го повикуваа тој да излезе на сцена. Грандиозниот музички спектакл „Те сакаме сите“ најмногу го обележи токму еуфоријата на публиката која со вклучени мобилни телефони и со светилки цело време го создаваше „ѕвезденото небо“ кое лани Тоше го побара за време на својот концерт. На видеобим се слушаа неговите песни и се пуштаа видеоснимки. Повеќе од 130 учесници на сцена, оркестарот на Македонската опера и балет со диригентот Саша Николовски- Ѓумар, придружниот бенд на Проески беа дел од настанот, за кој Калиопи пред некој ден рече:„Таму сите ќе бидеме безимени и ќе пееме само за едно големо име“. Четири музички часа и очите на повеќе од 30 милиони ТВ-гледачи беа вперени во телевизиските екраните, а преносот од МТВ го презедоа околу 200 електронски медиуми. Хуманитарниот музички спектакл остварен од МТВ со 15 камери и една камера од хеликоптер директно го пренесуваа повеќе од 20 земји , а Ели Танасковска, која со Тони Михајловски го водеше шоуто (без најавениот Игор Џамбазов кој не дојде од нејасни причини), овој спектакл го спореди со легендарниот на „Ју ту“ одржан на лондонскиот стадион „Вембли“. Петти октомври и во иднина треба да стане ден на хуманост и музика и пораката што ја пренесуваше македонската музичка икона Тоше Проески, кој остави пример за хуманост, човечност и за високи морални и уметнички квалитети, а кој го загуби животот минатата година на 16 октомври во сообраќајќа во Хрватска. Музичкиот дел почна со видеоснимка на „Зајди, зајди“ во маестрална изведба на Тоше. Следуваше емотивната изведба на Наум Петрески со антологиската „Има ли песна“, чија прва половина од песната ја слушнавме како дует што двајцата големи пејачи го имаа снимено во една телевизиска емисија. „Синтезис“ ја исполнија „Ој девојче, девојче“, а Биља Крстиќ исто така народната „Јовано Јованке“, што своевремено ја пееја во дует со ѕвездата. Маестро Симон Трпчески, директно од Велика Британија дојде само за да му оддаде почит на својот другар, за кого во 2004 ја компонираше баладата „Љубена“. Белграѓанката Гоца Тржан, настапи со нивниот дует „1.200 милји“, пеејќи го и српскиот и македонскиот дел. Таа порача да се смееме зашто Тоше сакаше насмевки, а не солзи, како мисионер на љубовта и на волшебната насмевка, која еднакво ја делеше за секого на овој свет. Калиопи со силен набој грмеше изведувајќи ја „Немаш ни благодарам“, додека Аки Рахимовски ја отпеа „Јесен у мени“, омилената нумера на Тоше од „Парни ваљак“, која своевремено ја исполнија заедно во „Универзалната сала“, а пееше со солзи во очите, за детето кое своевремено го нарекуваше „мој сине“. Албанската евровизиска пејачка Ањеза Шахини се потсети на убавите мигови поминати со Тоше на „Евровизија 2004“ и преку песната на Витни Хјустон, „И њилл алњаѕс лове ѕоу“ му порача колку го сака. Евровизиската победничка за 2004 година, Украинката Руслана, една од оние кои многу често се дружеа и настапуваа со Тоше на разни точки во Европа, ја испеа евровизиската тема „Лифе“, а оперската пејачка од Словенија Аленка Готар ја пееше „Арија“, дуетот на Проески со италијанската ѕвезда Џана Нанини. Крајот на вечерта беше резервирана за насловната тема од последниот албум на Проески, „Игри без граници“, која ја исполнија неговиот придружен бенд, сите учесници, Оркестарот на МОБ и околу 45.000 фанови на стадионот. Од српското кралско семејство Караѓорѓевиќ за Тоше беше испратена специјална постхумна награда, метално изработен модел од рака на принцезата Катарина, додека пак од меѓународната фондација „Тоше Проески“, на сите учесници им беа доделени статуетки со ликот на Тоше, како и на премиерот Никола Груевски, кој на почеток одржа пригоден говор. Она што Тоше го правеше додека беше жив, промоција на својата земја која му значеше најмногу, продолжува и по неговото заминување. Во текот на настанот имаше вклучувања од ТВ-центри од цел Балкан, од каде допираа многу емоции и чест за големиот пејач. Познатиот хрватски музичар и продуцент Никша Братош, со кого го работеа последниот албум, рече дека тој ја ширеше љубовта, која толку недостасуваше во последниве две децении на овие простори, а од Сараево стигна пораката: „Македонијо, биди горда на твојот ангел. Роден е како Македонец, но тој е и наш“, додека презентерката на Црна Гора го нарече „нашиот и ваш Тоше“. Со линк се вклучија и неговите сограѓани од Крушево, кои со преголеми емоции се потсетија на неговото присуство некогаш и на неговото незаменливо отсуство сега.

Сите сакаа да пеат за него

Од неговите колеги од цел Балкан владееше невиден интерес за настап, а големо незадоволство владее кај пејачите од Македонија со кои соработуваше, а и меѓу оние со кои настапи на „Евровизија“.Тие, пак, што учествуваа со видна тага на лицата се дружеа во импровизираниот шатор зад сцената, каде присуствуваа и бројни телевизиски екипи од цел Балкан. Итната помош интервенираше кај две девојки кои од преголема жал паднаа во несвест.



Ва.Ѓ

http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=3&tabid=1&EditionID=1519&ArticleID=99901
Вратете се на почетокот Go down
http://www.tose-mk.forumakers.com
Tanja
Член
Член
Tanja


Број на мислења : 593
Age : 36
Локација : Skopje, Makedonija
опис: : TOSE TE SAKAME I KE TE SAKAME ZASEKOGAS!
Репутација :
Концерт во чест на Тоше - Page 9 Left_bar_bleue2 / 1002 / 100Концерт во чест на Тоше - Page 9 Right_bar_bleue

Registration date : 2008-06-06

Концерт во чест на Тоше - Page 9 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Концерт во чест на Тоше   Концерт во чест на Тоше - Page 9 I_icon_minitimeВто Окт 07, 2008 12:34 pm

Болно сеќавање и продолжување на делото на Тоше Проески



Над 45.000 посетители беа дел од четиричасовниот концерт посветен на македонската поп-икона

Катерина Шекеровска

Потресно и драматично беше да се присуствува на завчерашниот концертен спектакл „Те сакаме сите, Тоше“, кој ги обедини најголемите балкански и други музички ѕвезди што соработувале или на некој друг начин биле поврзани со македонската поп-икона Тоше Проески. Публиката, која дојде од целата земја, Балканот и од соседството, па дури и од подалеку, околу 45.000, го исполни ветувањето што го даде Тоше на последниот свој концерт: „Да ве видам тука в година во уште поголем број...“ Неколку часа пред почетокот на концертот, паркот и околните сообраќајници беа блокирани од колони возила, автобуси и луѓе кои брзаа да го обезбедат своето место на трибините... Градскиот стадион во Скопје беше претесен да ги прими сите обожаватели на трагично загинатата македонска ѕвезда, кои дојдоа да му искажат почит и да го продолжат хуманото дело на својот миленик, кој на истото место, точно пред една година, со иста цел - да им се помогне на другите го одржа својот величествен хуманитарен, но, за жал, последен концерт во својот живот.

Во паркот беше живо, се мешаа емоции, можеа да се слушнат сеќавања на Тоше, искажани на повеќе различни јазици. Го имаше сето она што Тоше би го посакал - Балкан во мало, драги колеги и пријатели, промоција на нов материјал, добра атмосфера и, со Божја помош, време без дожд. Со јакни и капи, кои и' помогнаа на публиката да се справи со ниските температури, постери и маици со ликот на македонската поп-икона, публиката го полнеше стадионот кој не помни олку голема посетеност... Овој пат, за разлика од минатата година, наместо насмевки, можеа да се забележат згрчени лица и солзи. Она што лани беше празник, оваа година се претвори во болно сеќавање на Тоше Проески.



„Тоше, Тоше!“, скандираше публиката уште во самиот почеток на концертот, создавајќи слика која беше редовна на сите негови појавувања - речиси без исклучок на секој свој настап нетрпеливата публика го извикуваше неговото име и со овации го пречекуваше својот миленик. А овој пат сите како потајно да се надеваа дека од некаде ќе се појави, ќе скокне на сцената онака насмеан и ќе ги поздрави со својата препознатлива реплика „Ве сакам сите!“

Лицата се натопија во солзи кога на огромниот видеобим се појави ликот на Тоше, ведар и насмеан, како се подготвува да излезе на сцената пред почетокот на еден од своите концерти. Следуваа звуците на антологиската „Зајди, зајди“ во негова интерпретација, како вистински потсетник на големата трагедија која го потресе Балканот. Тоше повеќе го нема, сонцето згасна, но остана неговото дело - хуманоста и патот што им го покажа на новите генерации.

Како што истакнаа водителите Ели Танаскова и Тони Михајловски, повеќе од 30 милиони гледачи го следеа директниот пренос од концертот чиј сигнал медиумскиот покровител МТВ бесплатно го даде на користење, а преку сателит беше достапен и на неколку континенти. Специјално за концертот во Скопје допатуваа дваесетина пејачи кои му оддадоа чест на нашиот Тоше. За почеток беше резервиран настапот на Наум Петрески, кој во дует со Тоше ја отпеа „Има ли песна“ (снимката од заедничкиот настап одеше на видеобим), за подоцна да ги видиме членовите на „Синтезис“ со „Ој, девојче“ и публика во замена за гласот на Тоше. Весна Петрушевска ја замоли публиката да направи ѕвездено небо (она истото од лани на кое Тоше многу му се радуваше) на рефренот од „Казна моја си ти“... Биља Крстиќ и оркестарот „Бистрик“ не' потсетија на заедничката „Јовано, Јованке“, Симон Трпчевски запеа и ја отсвири „Љубена“ (омилената тема на нашиот пејач), а оперскиот пејач Игор Дурловски маестрално ја отпеа „Го лажам секој нов рефрен“...

„Кога ќе кажам Тоше, мислам на љубов“, рече српскиот пејач Жељко Самарџиќ, кој ја пееше темата „Цреша“, истата онаа композиција за која Тоше на ланскиот концерт јавно призна дека ја чувствува како автобиографска. Верен придружник на пејачите им беше публиката, која не ги штедеше грлата, како да сакаше да отпее најсилно, силно до болка, за да допре до небото и да му каже на Тоше колку многу го сака... Во нејзина придружба пееше и Гоца Тржан – „1200 милји“, Бојан Маровиќ - „Полско цвеќе“, Нина Бадриќ со нетипичната за неа „Несаница“ и нејзиниот хрватски колега Тони Цетински и одличната интерпретација на „Тајно моја“. Адријан Гаџа не' потсети на „Никој како тебе не бакнува“, гостинката од БИХ Маја Татиќ ја слушнавме со „Ден за нас“, Санди Ценов - „Једина“, а Марија Шестиќ ја одбра химната која Тоше ја сними за УНИЦЕФ „За овој свет“.

Младиот Виталиј Козловски го видовме и слушнавме со „Срце није камен“, Иван Плавшиќ пееше „Соба за тага“, а Леонтина не' потсети на хитот „Чија си“. Музичкиот дел продолжи со настапите на Калиопи и баладата „Немаш ни благодарам“, Аки Ракимовски не' потсети на „Јесен у мени“, Ањеза Шахини пееше „I will Always Love you“, а евровизиската победничка Руслана настапи со „Life“. Во меѓувреме, го видовме и спотот за темата од англискиот албум на Тоше, „The Hardest Thing“, по што вниманието и' припадна на гостинката од Словенија Аленка Готар и звуците од „Арија“. Особено драматичен момент и завршница на четиричасовниот концерт беше дуетот, кој Тоше го напиша за него и за својот внук Кристијан - „My Little“, кој беше поздравен со огромен аплауз и овации. Емоциите, тагата, солзите и непреболот беа присутни за време на целиот концерт, кој финишираше со изведбата на „Игри без граници“, со музичка поддршка на бендот на Тоше, „Блу фанки индивидуалс“, оркестарот на МОБ, под диригентската палка на Саша Николовски - Ѓумар и громогласно пеење на публиката на Градски стадион.

Гледачите пред ТВ-екраните и оние на самото место на настанот беа сведоци и на видеомостовите кои МТВ ги воспостави со неколку ТВ-куќи од регионот (Подгорица, Загреб, Сараево, Белград...) кои директно го пренесуваа концертот, а кои, според многумина, непотребно се вклучуваа по два пати, одземајќи драгоцен дел од минутажата посветена на нашата непреболена ѕвезда.

Во вечерта во која сите се потсетивме на Тоше (како некогаш да сме го заборавиле), продолжувајќи го неговото хумано дело (собраните средства ќе бидат донирани во хумани цели, а за нивната конкретна намена ќе се одлучува деновиве откако ќе се добијат прецизни бројки), фондацијата „Тоше Проески“ - Крушево, организатор на настанот на сите учесници и на премиерот Никола Груевски им додели статуети за хуманост.

Идејата да се направи концерт во чест на Тоше и неговата хуманитарна мисија кој ќе стане традиционален, секако, е за поздравување, но организаторите во наредната година би требало да се обидат да ја доведат манифестацијата на повисоко ниво, онакво какво што Тоше вистински заслужува.


http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=0B0E2FB344A94447AA9A99C1D7723D59
Вратете се на почетокот Go down
http://www.tose-mk.forumakers.com
batbayan
Модератор
Модератор
batbayan


Број на мислења : 1410
Age : 38
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
Концерт во чест на Тоше - Page 9 Left_bar_bleue11 / 10011 / 100Концерт во чест на Тоше - Page 9 Right_bar_bleue

Registration date : 2008-06-11

Концерт во чест на Тоше - Page 9 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Концерт во чест на Тоше   Концерт во чест на Тоше - Page 9 I_icon_minitimeВто Окт 07, 2008 12:53 pm

Povtaruva se statijata i ja brishav !


Последната промена е направена од batbayan на Вто Окт 07, 2008 3:44 pm. Мислењето е променето 1 пати
Вратете се на почетокот Go down
Tanja
Член
Член
Tanja


Број на мислења : 593
Age : 36
Локација : Skopje, Makedonija
опис: : TOSE TE SAKAME I KE TE SAKAME ZASEKOGAS!
Репутација :
Концерт во чест на Тоше - Page 9 Left_bar_bleue2 / 1002 / 100Концерт во чест на Тоше - Page 9 Right_bar_bleue

Registration date : 2008-06-06

Концерт во чест на Тоше - Page 9 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Концерт во чест на Тоше   Концерт во чест на Тоше - Page 9 I_icon_minitimeВто Окт 07, 2008 1:56 pm

batbayan veke ja ima itata tema malku pogpre!
Вратете се на почетокот Go down
http://www.tose-mk.forumakers.com
Tvojata senka
Модератор
Модератор
Tvojata senka


Број на мислења : 1001
Age : 36
Локација : РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
опис: : ОПАСНО ПО ЖИВОТ
Репутација :
Концерт во чест на Тоше - Page 9 Left_bar_bleue9 / 1009 / 100Концерт во чест на Тоше - Page 9 Right_bar_bleue

Registration date : 2008-04-15

Концерт во чест на Тоше - Page 9 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Концерт во чест на Тоше   Концерт во чест на Тоше - Page 9 I_icon_minitimeВто Окт 07, 2008 3:30 pm

Се надевам концертов ке стане традиционален!!!!
Концерт во чест на Тоше - Page 9 90386
Вратете се на почетокот Go down
rozeta193
Успешен Член
Успешен Член
rozeta193


Број на мислења : 1334
Локација : МАКЕДОНИЈА
опис: : ТОШЕ ФАН
Репутација :
Концерт во чест на Тоше - Page 9 Left_bar_bleue3 / 1003 / 100Концерт во чест на Тоше - Page 9 Right_bar_bleue

Registration date : 2008-05-17

Концерт во чест на Тоше - Page 9 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Концерт во чест на Тоше   Концерт во чест на Тоше - Page 9 I_icon_minitimeВто Окт 07, 2008 4:13 pm

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=CFC5F905740B184D864446B2FE6448AE
Вратете се на почетокот Go down
rozeta193
Успешен Член
Успешен Член
rozeta193


Број на мислења : 1334
Локација : МАКЕДОНИЈА
опис: : ТОШЕ ФАН
Репутација :
Концерт во чест на Тоше - Page 9 Left_bar_bleue3 / 1003 / 100Концерт во чест на Тоше - Page 9 Right_bar_bleue

Registration date : 2008-05-17

Концерт во чест на Тоше - Page 9 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Концерт во чест на Тоше   Концерт во чест на Тоше - Page 9 I_icon_minitimeВто Окт 07, 2008 4:16 pm

снимки од концертот:

http://www.idividi.com.mk/extras/tose_koncert.asp
Концерт во чест на Тоше - Page 9 90386 Концерт во чест на Тоше - Page 9 90386 Концерт во чест на Тоше - Page 9 90386
Вратете се на почетокот Go down
Tanja
Член
Член
Tanja


Број на мислења : 593
Age : 36
Локација : Skopje, Makedonija
опис: : TOSE TE SAKAME I KE TE SAKAME ZASEKOGAS!
Репутација :
Концерт во чест на Тоше - Page 9 Left_bar_bleue2 / 1002 / 100Концерт во чест на Тоше - Page 9 Right_bar_bleue

Registration date : 2008-06-06

Концерт во чест на Тоше - Page 9 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Концерт во чест на Тоше   Концерт во чест на Тоше - Page 9 I_icon_minitimeВто Окт 07, 2008 4:40 pm

Концерт во чест на Тоше - Page 9 90386 Концерт во чест на Тоше - Page 9 90386 Концерт во чест на Тоше - Page 9 90386 Концерт во чест на Тоше - Page 9 776885 Концерт во чест на Тоше - Page 9 776885 Концерт во чест на Тоше - Page 9 776885 Концерт во чест на Тоше - Page 9 39121 Концерт во чест на Тоше - Page 9 39121 Концерт во чест на Тоше - Page 9 39121 TOSE TE SAKAME SITE Концерт во чест на Тоше - Page 9 39121 Концерт во чест на Тоше - Page 9 39121 Концерт во чест на Тоше - Page 9 39121 Концерт во чест на Тоше - Page 9 844383
Вратете се на почетокот Go down
http://www.tose-mk.forumakers.com
LudaMala
Супер Модератор
Супер Модератор
LudaMala


Број на мислења : 1483
Age : 42
Локација : Олимпијски град
опис: : Концерт во чест на Тоше - Page 9 Bosnia-herzegovina505
Репутација :
Концерт во чест на Тоше - Page 9 Left_bar_bleue5 / 1005 / 100Концерт во чест на Тоше - Page 9 Right_bar_bleue

Registration date : 2008-05-21

Концерт во чест на Тоше - Page 9 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Концерт во чест на Тоше   Концерт во чест на Тоше - Page 9 I_icon_minitimeВто Окт 07, 2008 11:54 pm

Tvojata senka напиша:
Се надевам концертов ке стане традиционален!!!!
Концерт во чест на Тоше - Page 9 90386
И ја... Концерт во чест на Тоше - Page 9 39121
Вратете се на почетокот Go down
rozeta193
Успешен Член
Успешен Член
rozeta193


Број на мислења : 1334
Локација : МАКЕДОНИЈА
опис: : ТОШЕ ФАН
Репутација :
Концерт во чест на Тоше - Page 9 Left_bar_bleue3 / 1003 / 100Концерт во чест на Тоше - Page 9 Right_bar_bleue

Registration date : 2008-05-17

Концерт во чест на Тоше - Page 9 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Концерт во чест на Тоше   Концерт во чест на Тоше - Page 9 I_icon_minitimeВто Окт 07, 2008 11:56 pm

Тоше тоа го заслужува.... Концерт во чест на Тоше - Page 9 39121 Концерт во чест на Тоше - Page 9 39121 Концерт во чест на Тоше - Page 9 39121
Концерт во чест на Тоше - Page 9 825168 Концерт во чест на Тоше - Page 9 825168 Концерт во чест на Тоше - Page 9 825168
Вратете се на почетокот Go down
batbayan
Модератор
Модератор
batbayan


Број на мислења : 1410
Age : 38
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
Концерт во чест на Тоше - Page 9 Left_bar_bleue11 / 10011 / 100Концерт во чест на Тоше - Page 9 Right_bar_bleue

Registration date : 2008-06-11

Концерт во чест на Тоше - Page 9 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Концерт во чест на Тоше   Концерт во чест на Тоше - Page 9 I_icon_minitimeСре Окт 08, 2008 9:39 am

45 ИЛЈАДНА ПУБЛИКА ВО ЧЕСТ НА МЕГА SВЕЗДАТА
Министерот Милошоски се расплака
Sвезденото небо што публиката го направи со своите мобилни телефони на полузатемнетиот Градски стадион во Скопје, врескањето на фановите како кога треба да појави вистинска sвезда, големите видеобимови со исечоци од досегашните настапи на Тоше.... Пр



Sвезденото небо што публиката го направи со своите мобилни телефони на полузатемнетиот Градски стадион во Скопје, врескањето на фановите како кога треба да појави вистинска sвезда, големите видеобимови со исечоци од досегашните настапи на Тоше.... Прексиноќа атмосферата на Градскиот стадион како да навестуваше дека во секој момент поп sвездата ќе се појави на грандиозната сцена. Потоа следеше познатиот поздрав на Тоше "Ве сакам, сите ве сакам" и звуците на "Зајди, зајди" кои 45-илјадната публика ја вратија во реалноста.
"Овој стадион никогаш не бил толку полн, а толку празен. Досега никогаш, некој кој за жал е отсутен, не бил толку присутен", вака завчера вечер и се обрати на публиката актерот Тони Михајловски, еден од водителите на хуманитарниот концерт во чест на мега sвездата "Тоше те сакаме сите". Со измешани емоции и солзи речиси четири часа се пееја неговите песни. Фановите му ја остварија желбата "да го види Градски стдаион" полн повеќе од лани, кога на 5.октомври, го одржа својот последен концерт. Естрадните sвезди кои завчера пееја за Тоше, не се ни обидоа да ја заменат мега sвездата туку познатите рефрени од неговите песни ги испеаја од срце заедно со публиката. На сцената се појавија Наум Петревски, Синтезис, Калиопи, Адријан Гаџа, а Симон Трпчевски, Бојан Маровиќ, Тони Цетински, Аки Рахимовски, Гоца Тржан, Леонтина, Нина Бадрќ, Жељко Самарџиќ, украинската евровизиска sвезда Руслана...
Промоцијата на дуетската песна на Тоше и неговиот внук " Малечко мое" (Литтле Оне) никого не остави рамнодушен. Концертот заврши со песната "Игра без граница", на која сите учесници излегоа на сцената. Овој пат публиката немаше кого да врати на бис. (А.Г.)
Фото: Г. Чочков

***

Допрва ќе се одлучи каде ќе одат парите од концертот

Паричните средства, од зачерашниот концерт, ќе одат во хуманитарни цели кои за сега се уште не се прецизирани. Откако ќе се утврди колку точно пари од влезнициите и телефонските оператори се собраа, и официјално ќе се соопшти каде ќе одат парите од концертот. Одлуката ќе ја донесе комисија составена од претставници на Меѓународната фондација Тоше Проески и Министерството за култура, се со цел да се продолжат хуманите дела на Тоше. Фондот од концертот го сочинуваат средствата од влезниците по цена од 200 денари, ВИП влезниците од 1000 денари, како и донациите преку отворените телефони на Македонски телеком, Т-Мобиле, Космофон и ВИП преку кои граѓаните можеа да донираат по 100 денари.
Хуманитарната мисија во своите земји, преку отворање донаторски броеви за време на концертот, ја преземаа и повеќе медиуми, како хрватската СМС (Цроатиа Мусиц Цханнел), босанската ТВ Хајат, Црногорската МБЦ, Српските Пинк и Свет плус и Бугарската Балканика со кои се воспоставија видео мостови и кои директно се вклучуваа на Градски Стадион. Хрватската СМС објави дека собраните средства ќе се донираат за детското СОС село Лекеник, а босанското радио "Зенит" соопшти дека средствата собрани преку бројот за донации ќе одат во Меѓународната фондација Тоше Проески.
Од ланскиот концерт на Тоше биле собрани 150 илјади долари, за кои цела година се примале апликации и конечно сега се знае во кои средни училшта во Македонија ќе бидат донирани.


http://www.vest.com.mk/default.asp?id=157895&idg=8&idb=2492&rubrika=%40ivot
Вратете се на почетокот Go down
batbayan
Модератор
Модератор
batbayan


Број на мислења : 1410
Age : 38
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
Концерт во чест на Тоше - Page 9 Left_bar_bleue11 / 10011 / 100Концерт во чест на Тоше - Page 9 Right_bar_bleue

Registration date : 2008-06-11

Концерт во чест на Тоше - Page 9 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Концерт во чест на Тоше   Концерт во чест на Тоше - Page 9 I_icon_minitimeСре Окт 08, 2008 9:50 am

Очите на Балканот вперени кон Градски





„Солзи и песни за Тоше Проески“, „На концертот за Тоше 50.000 обожаватели“, „Спектакл во чест на Тоше“... Ова се само дел од насловите во српските, хрватските, босанските, црногорските, словенечките и бугарските медиуми што го проследија големиот концерт во чест на Тоше, насловен „Сите те сакаме“. Огромен број акредитирани новинари од сите балкански земји беа присутни завчеравечер на Градскиот стадион во Скопје, а концертот се пренесуваше директно преку телевизиите Пинк и Свет плус од Србија, Балканика од Бугарија, МБЦ од Црна Гора, Хајат од Босна и СМС од Хрватска, преку кои се одвиваше и хуманитарната акција преку донаторските телефони, како и преку повеќе други медиуми од овие земји, од Романија и од Кипар, кои побарале вклучување. Го проследија милиони гледачи од сите балкански земји.

- Градскиот стадион во Скопје беше исполнет до последното место. Многумина пуштија солзи поради прераното заминување на пејачот Тоше Проески, но сите имаа сила да ги пеат неговите песни на првиот мегаконцерт во главниот град на Македонија одржан во негова чест - пишува хрватски „Дневник“.

Порталот „Индекс“, пак, забележува дека меѓу изведувачите што ги пееја песните на Тоше недостигаше Антонија Шола, која често соработуваше со мегаѕвездата. Ова прашање поттикна серија реакции кај хрватските медиуми уште пред одржувањето на концертот.

- Концертот се пренесуваше во целост, а на стадионот се собраа приближно 50.000 луѓе, кои во еден глас ги пееја песните на Тоше. Го отвори антологиската изведба на „Зајди, Зајди“, а го затвори македонската верзија на последниот хит на Тоше „Игри без граници“ - пишува „Т-портал“.

Податоци за собраните средства во хуманитарната акција се уште нема, поради тоа што на денот на концертот беа продадени дополнителен број влезници, а се уште не се сумирани ниту телефонските донации.
Хуманитарната акција се спроведуваше во сите земји каде што концертот се пренесуваше во живо, а средствата локално ќе бидат распределени според потребите.


http://novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=7&tabid=2&fCat=1&top=1&EditionID=201&ArticleID=8644
Вратете се на почетокот Go down
Tanja
Член
Член
Tanja


Број на мислења : 593
Age : 36
Локација : Skopje, Makedonija
опис: : TOSE TE SAKAME I KE TE SAKAME ZASEKOGAS!
Репутација :
Концерт во чест на Тоше - Page 9 Left_bar_bleue2 / 1002 / 100Концерт во чест на Тоше - Page 9 Right_bar_bleue

Registration date : 2008-06-06

Концерт во чест на Тоше - Page 9 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Концерт во чест на Тоше   Концерт во чест на Тоше - Page 9 I_icon_minitimeСре Окт 08, 2008 11:59 am

rozeta193 напиша:
Тоше тоа го заслужува.... Концерт во чест на Тоше - Page 9 39121 Концерт во чест на Тоше - Page 9 39121 Концерт во чест на Тоше - Page 9 39121
Концерт во чест на Тоше - Page 9 825168 Концерт во чест на Тоше - Page 9 825168 Концерт во чест на Тоше - Page 9 825168

Концерт во чест на Тоше - Page 9 742943 Концерт во чест на Тоше - Page 9 898162 Концерт во чест на Тоше - Page 9 898162 Концерт во чест на Тоше - Page 9 898162 A i mnogu, mnogu poveke Концерт во чест на Тоше - Page 9 39121 Концерт во чест на Тоше - Page 9 39121 Концерт во чест на Тоше - Page 9 39121 Концерт во чест на Тоше - Page 9 39121 Концерт во чест на Тоше - Page 9 39121 Концерт во чест на Тоше - Page 9 819107 Концерт во чест на Тоше - Page 9 825168
Вратете се на почетокот Go down
http://www.tose-mk.forumakers.com
Sponsored content





Концерт во чест на Тоше - Page 9 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Концерт во чест на Тоше   Концерт во чест на Тоше - Page 9 I_icon_minitime

Вратете се на почетокот Go down
 
Концерт во чест на Тоше
Вратете се на почетокот 
Страна 9 of 11Отиди на страна : Previous  1, 2, 3 ... 8, 9, 10, 11  Next
 Similar topics
-

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
 :: Пишани и Електронски медиуми :: Настани-
Отиди до: