Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeLatest imagesБарајРегистрирајте сеВлез

 

 Концерт во чест на Тоше

Go down 
+29
rozeta193
danielajovanovik
didi47
anoLi
Angela
jaslicno
maja j
batbayan
Tanja
Tanjuska
AlmostAnAngel
marice
kikosk
ElizaBeta
ST
viki_mama
zorana
bavarec
tanja_07
cherry
iva
Tvojata senka
aleksandra
LudaMala
Moni
bibe_tose
Eli
Chris
Universal*
33 posters
Отиди на страна : Previous  1, 2, 3 ... 9, 10, 11
АвторПорака
LudaMala
Супер Модератор
Супер Модератор
LudaMala


Број на мислења : 1483
Age : 42
Локација : Олимпијски град
опис: : Концерт во чест на Тоше - Page 11 Bosnia-herzegovina505
Репутација :
Концерт во чест на Тоше - Page 11 Left_bar_bleue5 / 1005 / 100Концерт во чест на Тоше - Page 11 Right_bar_bleue

Registration date : 2008-05-21

Концерт во чест на Тоше - Page 11 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Концерт во чест на Тоше   Концерт во чест на Тоше - Page 11 I_icon_minitimeСре Окт 22, 2008 2:53 am

Хајде Елизабета...Не смијемо тако размишљати. Знаш да он не би то волио. Хајде, да видим један осмијех. Макар мали. Хајдееее. Концерт во чест на Тоше - Page 11 883767
Вратете се на почетокот Go down
Tanja
Член
Член
Tanja


Број на мислења : 593
Age : 36
Локација : Skopje, Makedonija
опис: : TOSE TE SAKAME I KE TE SAKAME ZASEKOGAS!
Репутација :
Концерт во чест на Тоше - Page 11 Left_bar_bleue2 / 1002 / 100Концерт во чест на Тоше - Page 11 Right_bar_bleue

Registration date : 2008-06-06

Концерт во чест на Тоше - Page 11 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Концерт во чест на Тоше   Концерт во чест на Тоше - Page 11 I_icon_minitimeСре Окт 22, 2008 2:49 pm

O DUSI4KE VO PRAVO SI AMA TAGATA I BOLKATA E POSILNA OD SE! Концерт во чест на Тоше - Page 11 93171 Концерт во чест на Тоше - Page 11 269596
Вратете се на почетокот Go down
http://www.tose-mk.forumakers.com
LudaMala
Супер Модератор
Супер Модератор
LudaMala


Број на мислења : 1483
Age : 42
Локација : Олимпијски град
опис: : Концерт во чест на Тоше - Page 11 Bosnia-herzegovina505
Репутација :
Концерт во чест на Тоше - Page 11 Left_bar_bleue5 / 1005 / 100Концерт во чест на Тоше - Page 11 Right_bar_bleue

Registration date : 2008-05-21

Концерт во чест на Тоше - Page 11 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Концерт во чест на Тоше   Концерт во чест на Тоше - Page 11 I_icon_minitimeСре Окт 22, 2008 4:53 pm

Tanja напиша:
O DUSI4KE VO PRAVO SI AMA TAGATA I BOLKATA E POSILNA OD SE! Концерт во чест на Тоше - Page 11 93171 Концерт во чест на Тоше - Page 11 269596
Нећемо тако да размишљамо. Заједно смо јачи! Туга никада неће престати али морамо научити са њом живјети. А најбољи начин да се мало одагна туга јесте насмијешити се и онда када ти није до смијеха. Није лако, знам. Али морамо. Концерт во чест на Тоше - Page 11 883767 Концерт во чест на Тоше - Page 11 744747 grouphug Концерт во чест на Тоше - Page 11 269596
Вратете се на почетокот Go down
Tanja
Член
Член
Tanja


Број на мислења : 593
Age : 36
Локација : Skopje, Makedonija
опис: : TOSE TE SAKAME I KE TE SAKAME ZASEKOGAS!
Репутација :
Концерт во чест на Тоше - Page 11 Left_bar_bleue2 / 1002 / 100Концерт во чест на Тоше - Page 11 Right_bar_bleue

Registration date : 2008-06-06

Концерт во чест на Тоше - Page 11 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Концерт во чест на Тоше   Концерт во чест на Тоше - Page 11 I_icon_minitimeСре Окт 22, 2008 5:23 pm

LudaMala напиша:
Tanja напиша:
O DUSI4KE VO PRAVO SI AMA TAGATA I BOLKATA E POSILNA OD SE! Концерт во чест на Тоше - Page 11 93171 Концерт во чест на Тоше - Page 11 269596
Нећемо тако да размишљамо. Заједно смо јачи! Туга никада неће престати али морамо научити са њом живјети. А најбољи начин да се мало одагна туга јесте насмијешити се и онда када ти није до смијеха. Није лако, знам. Али морамо. Концерт во чест на Тоше - Page 11 883767 Концерт во чест на Тоше - Page 11 744747 grouphug Концерт во чест на Тоше - Page 11 269596

Концерт во чест на Тоше - Page 11 898162 Концерт во чест на Тоше - Page 11 898162 Концерт во чест на Тоше - Page 11 898162 VO PRAVO SI Концерт во чест на Тоше - Page 11 883767 Концерт во чест на Тоше - Page 11 825168
Вратете се на почетокот Go down
http://www.tose-mk.forumakers.com
cherry
Администратор
Администратор
cherry


Број на мислења : 1127
Age : 42
Локација : Далеку од тебе
Репутација :
Концерт во чест на Тоше - Page 11 Left_bar_bleue6 / 1006 / 100Концерт во чест на Тоше - Page 11 Right_bar_bleue

Registration date : 2008-05-02

Концерт во чест на Тоше - Page 11 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Концерт во чест на Тоше   Концерт во чест на Тоше - Page 11 I_icon_minitimeСре Окт 29, 2008 3:10 am

Средствата од хуманитарниот концерт во чест на Тоше се' уште енигма

Ги чекаме финансиските извештаи од трговските куќи, вели Камелија Левенска-Николовска

Нецел месец по одржувањето на спектакуларниот хуманитарен концерт организиран во чест на најголемата македонска музичка ѕвезда Тоше Проески - „Тоше, те сакаме сите“, јавноста се' уште очекува конкретни информации околу износот на собрани средства и нивната конкретна намена.

Иако овие податоци и нивното објавување се очекуваа непосредно по 5 октомври, датум кој во наредните години се очекува да стане традиционален во однос на организирање хуманитарни концерти, организаторите се' уште не располагаат со прецизни бројки и со конкретни адреси на кои ќе бидат уплатени остварените средства. Во што е проблемот?

„Се' уште чекаме на финални резултати од продажбата на влезниците. Дел од извештаите се добиени, а дел ќе ги добиеме на крајот на месецов“, вели Камелија Левенска-Николовска, директорка на „Примарк комуникации“, задолжена за ПР на концертот. Таа објаснува дека влезниците биле пуштени во широка продажна мрежа, а трговските куќи своите финансиски пресметки ги прават на крајот на календарскиот месец. „Се надевам дека во почетокот на наредниот месец ќе имаме комплетен увид во финансиската состојба од продадените влезници, како и од донациите реализирани преку донаторските телефонски линии, по што ќе биде формирана специјална комисија што ќе одлучува за нивната намена“.

Според најавите, комисијата ќе ја сочинуваат претставници на меѓународната фондација „Тоше Проески“ и Министерството за култура на Република Македонија, кои се јавуваат како организатори на концертот во име на продолжување на хуманите начела на Тоше.

За потсетување, на хуманитарниот концерт „Тоше, те сакаме сите“, што се одржа на 5 октомври на Градскиот стадион, присуствуваа над 40.000 посетители од земјава и регионот. Официјално, според Левенска-Николовска, во продажба биле пуштени 40.000 влезници по цена од 200 денари, дел од нив биле и ВИП - 1.000 денари, а во вкупната сума собрани средства ќе учествуваат и финансиите од донаторските телефонски линии. (К.Ш.)

www.utrinski.com.mk
Вратете се на почетокот Go down
https://tose-mk.forumakers.com
Tvojata senka
Модератор
Модератор
Tvojata senka


Број на мислења : 1001
Age : 36
Локација : РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
опис: : ОПАСНО ПО ЖИВОТ
Репутација :
Концерт во чест на Тоше - Page 11 Left_bar_bleue9 / 1009 / 100Концерт во чест на Тоше - Page 11 Right_bar_bleue

Registration date : 2008-04-15

Концерт во чест на Тоше - Page 11 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Концерт во чест на Тоше   Концерт во чест на Тоше - Page 11 I_icon_minitimeСре Окт 29, 2008 6:08 pm

Е значи ова нашиве новинари ти се Бог да чува понекад....ни месец не помина одма се интересираат за парите кај отишле, зашо нишо нема...мислам хелоооооооо па треба време за се тоа...Значи само да се пишувало безврска... Концерт во чест на Тоше - Page 11 591532
Вратете се на почетокот Go down
Tanja
Член
Член
Tanja


Број на мислења : 593
Age : 36
Локација : Skopje, Makedonija
опис: : TOSE TE SAKAME I KE TE SAKAME ZASEKOGAS!
Репутација :
Концерт во чест на Тоше - Page 11 Left_bar_bleue2 / 1002 / 100Концерт во чест на Тоше - Page 11 Right_bar_bleue

Registration date : 2008-06-06

Концерт во чест на Тоше - Page 11 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Концерт во чест на Тоше   Концерт во чест на Тоше - Page 11 I_icon_minitimeЧет Окт 30, 2008 11:19 am

Магли околу концертот за Тоше

Катерина Шекеровска

Колку денови, недели, месеци треба да поминат пред јавноста да го добие одговорот на прашањето колку средства беа собрани на хуманитарниот концерт што се одржа во чест на Тоше Проески „Тоше, те сакаме сите“ и продолжување на неговата хуманитарна работа на 5 октомври? И уште колку време потоа, откако ќе се добијат бројките, ќе биде потребно за да дознаеме во кои цели ќе бидат наменети со оглед на тоа што допрва треба да се формира специјална комисија која, според најавите, ќе биде сочинета од претставници на меѓународната фондација „Тоше Проески“ и Министерството за култура на Република Македонија?

Одговорот, на прв поглед, изгледа едноставен и јасен, но за организаторите на концертот, Фондацијата „Тоше Проески“- Крушево и Владата на Македонија, очигледно, пресметката на остварените финансии од продадените влезници и отворените донаторски телефонски линии претставува една од потешките задачи. Дали можеби некој се обидува да манипулира со финансиите, чиј износ не е воопшто за занемарување и лесно се добива кога ќе се пресметаат 40.000 влезници пуштени во продажба по цена од 200 денари, на таа сума ќе се додадат извесен број ВИП-карти (се' уште не е потврдено за колкава бројка станува збор, иако во ВИП-делот беа поставени 500 седишта), кои се продаваа по цена од 1.000 денари, и на крајот ќе се соберат заедно со остварениот профит од донаторските телефонски јавувања што се одвиваа од сите оператори за време на директниот пренос од концертот на програмата на Македонската телевизија.

Официјалното објаснување од страна на одговорните луѓе вклучени во организацијата на концертот беше дека и дваесет и пет дена по одржаниот концерт се' уште чекаат на комплетните финансиски извештаи од трговските куќи што вршеле продажба на влезниците, како и од операторите преку кои се испраќаа СМС-пораки со кои се донираа по 100 денари. Наводно, тие имале практика да прават финансиски пресеци на крајот на календарскиот месец.

Дали е тоа навистина така или можеби некој се обидува да манипулира со името на Тоше? Како е можно досега кога стануваше збор за хуманитарните концерти и проекти на Тоше Проески секогаш непосредно по нивното одржување јавноста да биде запознаена со сумата на остварени средства? Минатата година, на пример, веднаш по последниот величествен концерт на трагично загинатата македонска ѕвезда на Градски, на кој присуствуваа околу 25.000 луѓе, медиумите пишуваа за тоа колку пари биле собрани, а непосредно по концертот добивме и детален извештај од организаторите, Американската агенција за меѓународен развој УСАИД и „Аворд ентертејнмент“, кои средствата (106.000 долари) ги наменија за реновирање на околу сто основни училишта во земјата. Всушност, и целта на хуманитарните проекти е токму да се објави износот на собрани финансии и да се донираат во цели за кои се наменети.

По една година исполнета со тагување, неверување и очекување да се случи достојна манифестација со која ќе се одбележи првата годишнина од смртта на македонскиот идол, вечер во која сите заедно ќе се исплачеме и потсетиме на неговата големина, публиката на Тоше го исполни ветувањето и дојде во огромен број на концертот на Градски.

И притоа никој не размислуваше или не штедеше средства - сите сакаа да дадат свој придонес и да го продолжат хуманото дело на Проески, помагајќи им на оние на кои тие им се најпотребни - на децата без родители, на оние со посебни потреби, за доопремување на Клиниката за детски болести, специјалните центри, заводи...

Крајно време е организаторите на концертот да ја увидат сопствената грешка и да реагираат со тоа што во најскоро време ќе ги објават износот на собрани средства и нивната конкретна намена. Место за манипулација со името на Тоше – нема.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=DDFC3571CF7FE84A95C30B6D9D2C14EF
Вратете се на почетокот Go down
http://www.tose-mk.forumakers.com
batbayan
Модератор
Модератор
batbayan


Број на мислења : 1410
Age : 38
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
Концерт во чест на Тоше - Page 11 Left_bar_bleue11 / 10011 / 100Концерт во чест на Тоше - Page 11 Right_bar_bleue

Registration date : 2008-06-11

Концерт во чест на Тоше - Page 11 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Концерт во чест на Тоше   Концерт во чест на Тоше - Page 11 I_icon_minitimeЧет Окт 30, 2008 7:08 pm

Од хуманитарниот концерт во чест на Тоше собрани околу 150 илјади евра
четврток, 30 октомври 2008




Средствата наменети за хуманитарни цели беа собрани од 40.000 влезници вкупно пуштени во продажба како и од донаторските линии на Т-Мобиле, Космофон и ВИП




На хуманитарниот концерт во чест на македонската музичка легенда Тоше Проески, кој се одржа на 5 октомври годинава, собрани се 9.544.937 денари, средства наменети за хуманитарни цели.

Средствата се собрани од вкупно 40.000 карти пуштени во продажба и донаторските линии на Македонски Телеком, Т-Мобиле, Космофон и ВИП преку бројот 143-100.

Како што соопштуваат од Меѓународната фондација „Тоше Проески“ - Крушево, оваа хуманитарна акција e најмасовно поддржаната, со најголем собран фонд.

Фондацијата изразува благодарност за заложбите на сите трговски друштва, организации и поединци, кои учествуваа во продажбата на влезниците и генерирањето на хуманитарните повици. На почетокот на ноември фондацијата ќе работи на составување комисија која потоа во соработка со претставници на Министерството за култура ќе одлучи каде ќе ги намени средствата.

Концертот беше во организација на фондацијата, под покровителство на Владата и Министерството за култура на Република Македонија.


http://kirilica.com.mk/vest.asp?id=18020
Вратете се на почетокот Go down
batbayan
Модератор
Модератор
batbayan


Број на мислења : 1410
Age : 38
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
Концерт во чест на Тоше - Page 11 Left_bar_bleue11 / 10011 / 100Концерт во чест на Тоше - Page 11 Right_bar_bleue

Registration date : 2008-06-11

Концерт во чест на Тоше - Page 11 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Концерт во чест на Тоше   Концерт во чест на Тоше - Page 11 I_icon_minitimeПет Окт 31, 2008 11:17 am

Од концертот во чест на Тоше Проески до сега се собрани над 150.000 евра!

Од Меѓународната фондација Тоше Проески не известија околу собраните средства од хуманитарниот концерт во чест на легендарниот пејач, кој на градскиот стадион во Скопје се одржа на 5. октомври 2008-ма година.

Како што велат од фондацијата, со ова се покажа дека Македонија сака и може да го продолжи делото на Тоше, како во уметноста така и во хуманоста. Хуманитарниот фонд ќе биде сочинет од средствата од продадените влезници од кои 40.000 беа пуштени во продажба, како и од донациите преку отворените донаторски линии на Македонски Телеком, Т-Мобиле, Космофон и ВИП – бројот 143-100.

Според до сега добиените податоци за продадените влезници и генерираните повици, согласно податоците на организаторот – Меѓународната Фондација Тоше Проески, пресметано е дека вкупниот хуманитарен фонд изнесува 9.544.937 македонски денари (девет милиони, петстотини четириесет и четири, деветстотини триесет и седум денари), со што, оваа хуманитарна акција е до сега најмасовно поддржаната, со најголем собран фонд.

Фондацијата, со благодарност за заложбите на сите трговски друштва, организации и поединци, кои учествуваа во продажбата на влезниците и генерирањето на хуманитарните повици, очекува дека во текот на наредниот месец, од нивна страна, ќе биде реализирано и комплетното префрлање на средствата на сметка на Фондацијата.

Во меѓувреме, Фондацијата на која месецот октомври и беше посветен на организаторските активности околу овој концерт со огромни димензии, како и на активностите во врска со тажниот 16-ти октомври, и маратонот за Тоше, веќе работи на подготвување на материјалите за закажаната средба на управнот одбор – начелно закажана за првата недела на ноември кога ќе се работи и на составување комисија која потоа во соработка со претставници на Министерството за култура ќе работи на избор на хуманитарната цел на концертот која ќе е согласно хуманите начелата според кои живееше и работеше Тоше.

На крајот би сакале да се извиниме за доцнењето на испраќењето на овие податоци, што се должеше на парцијално праќаните информации до Фондацијата особено од продажните места од кои повеќето по крајот на овој календарски месец очекуваме да го поднесат финалниот извештај и да се раздолжат со преостанатиот дел влезници.

По сребата на Управниот Одбор на Фондацијата која е начелно закажана за идната недела, ќе бидете информирани за понатамошниот развој на настаните. Воедно, преку МРТВ сме во контакт со телевизиите кои организираа донаторски активности во нивните земји, од каде очекуваме податоци кои истотака ќе ви ги пренесеме. Фондацијата пред се постои за да продолжи мисијата на Тоше – стои во дописот на оваа организација.


http://mmm.com.mk/?ItemID=BCCE36C4206B21438AA99C162B3C4A7C
Вратете се на почетокот Go down
batbayan
Модератор
Модератор
batbayan


Број на мислења : 1410
Age : 38
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
Концерт во чест на Тоше - Page 11 Left_bar_bleue11 / 10011 / 100Концерт во чест на Тоше - Page 11 Right_bar_bleue

Registration date : 2008-06-11

Концерт во чест на Тоше - Page 11 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Концерт во чест на Тоше   Концерт во чест на Тоше - Page 11 I_icon_minitimeПет Окт 31, 2008 11:19 am

Од концертот за Тоше собрани 155.000 евра



Фондацијата се огласи по пишувањата на „Утрински весник“ за парите собрани од хуманитарниот концерт

Меѓународна фондација „Тоше Проески“ вчера соопшти дека биле собрани 9,5 милиони денари (155.000 евра)од хуманитарниот концерт за Тоше Проески одржан на 5 октомври во на Градски стадион во Скопје. Фондацијата се огласи по пишувањата на „Утрински весник“ за тоа зошто уште не се знае колку пари се собрани од хуманитарниот концерт и каква ќе биде нивната намена.

Фондација „Тоше Проески“ во писмо до Редакцијата дава некои од одговорите. Притоа, се истакнува дека доцнењето на информациите за собраните средства е последица на ненавременото доставување на податоците од неколку компании, учесници во проектот.

„Вкупната сума за која денес ја известуваме јавноста е 9,5 милиони денари (155.000 евра). Таа е пресметана врз основа на досега пристигнатите, но и очекуваните уплати на сметка на Фондацијата, како и врз основа на добиените информации, кои од страна на одредени продажни места и други продавачи на влезници се' уште не се документирани“, велат од Фондацијата.

Оттаму велат дека во врска со намената на средствата не можеле однапред да ја одредат, бидејќи им бил прв организиран концерт. Со собраните 155.000 евра Фондацијата смета дека ќе може да се направи нешто конкретно. Комисијата, чиј прв состанок е закажан за првата недела од ноември, ќе избере намена која би била од вистинска корист за таму каде што е сега најпотребно и која би ја избрал и Тоше.


http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=B5E5C9862DA94544848825B3EFEA89C8
Вратете се на почетокот Go down
LudaMala
Супер Модератор
Супер Модератор
LudaMala


Број на мислења : 1483
Age : 42
Локација : Олимпијски град
опис: : Концерт во чест на Тоше - Page 11 Bosnia-herzegovina505
Репутација :
Концерт во чест на Тоше - Page 11 Left_bar_bleue5 / 1005 / 100Концерт во чест на Тоше - Page 11 Right_bar_bleue

Registration date : 2008-05-21

Концерт во чест на Тоше - Page 11 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Концерт во чест на Тоше   Концерт во чест на Тоше - Page 11 I_icon_minitimeПет Окт 31, 2008 11:36 am

А одмах су се новинари запитали гдје су паре. Зашто у свему прво виде негативно па онда позитивно???
Вратете се на почетокот Go down
Tanja
Член
Член
Tanja


Број на мислења : 593
Age : 36
Локација : Skopje, Makedonija
опис: : TOSE TE SAKAME I KE TE SAKAME ZASEKOGAS!
Репутација :
Концерт во чест на Тоше - Page 11 Left_bar_bleue2 / 1002 / 100Концерт во чест на Тоше - Page 11 Right_bar_bleue

Registration date : 2008-06-06

Концерт во чест на Тоше - Page 11 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Концерт во чест на Тоше   Концерт во чест на Тоше - Page 11 I_icon_minitimeПет Окт 31, 2008 1:22 pm

Собрани 150.000 евра од концертот за Тоше


Од неодамнешниот хуманитарен концерт на Градскиот стадион во Скопје во чест на Тоше Проески се собрани околу 9.5 милиони денари или над 150.000 евра, соопшти вчера Меѓународната фондација „Тоше Проески“. Парите се обезбедени од продадените 40.000 влезници и од телефонските повици од Македонија.

- Управнот одбор на Фондацијата ќе има средба во првата недела од ноември. Тогаш ќе се состави комисија што потоа во соработка со претставници на Министерството за култура ќе ја избере хуманитарната цел на концертот според начелата по кои живееше и работеше Тоше - истакна извршниот директор на Фондацијата, Андреј Николовски во соопштение до медиумите.

Меѓународната фондација преку Македонската телевизија е во контакт со ТВ-мрежите што имаа донаторски активности во своите држави. Тие очекуваат податоци за собраните пари што потоа ќе се пренасочат за хумани цели во секоја од земјите.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=45D5E21A670A45458212B392A5AE8CBE
Вратете се на почетокот Go down
http://www.tose-mk.forumakers.com
batbayan
Модератор
Модератор
batbayan


Број на мислења : 1410
Age : 38
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
Концерт во чест на Тоше - Page 11 Left_bar_bleue11 / 10011 / 100Концерт во чест на Тоше - Page 11 Right_bar_bleue

Registration date : 2008-06-11

Концерт во чест на Тоше - Page 11 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Концерт во чест на Тоше   Концерт во чест на Тоше - Page 11 I_icon_minitimeПет Окт 31, 2008 2:04 pm

НА КОНЦЕРТОТ „ТЕ САКАМЕ СИТЕ“
Во чест на Тоше, рекорд во собрани средства
На големиот меѓународен хуманитарен концерт одржан на петти октомври на скопскиот „Градски стадион“ во чест на Тоше Проески, се собрани 9.544.937 денари, од продадените билети, како и од донациите преку отворените донаторски линии на Македонски телекомуникации, „Ти-мобајл“, „Космофон“ и на ВИП. Оваа хуманитарна акција е најмасовно поддржана досега кај нас, со најголем собран фонд кој ќе биде наменет за хуманитарни цели, за што дополнително ќе одлучува Фондацијата „Тоше Проески“, чија цел е да се продолжи хуманата мисија на ѕвездата.


http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=4&tabid=1&EditionID=1539&ArticleID=101371
Вратете се на почетокот Go down
LudaMala
Супер Модератор
Супер Модератор
LudaMala


Број на мислења : 1483
Age : 42
Локација : Олимпијски град
опис: : Концерт во чест на Тоше - Page 11 Bosnia-herzegovina505
Репутација :
Концерт во чест на Тоше - Page 11 Left_bar_bleue5 / 1005 / 100Концерт во чест на Тоше - Page 11 Right_bar_bleue

Registration date : 2008-05-21

Концерт во чест на Тоше - Page 11 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Концерт во чест на Тоше   Концерт во чест на Тоше - Page 11 I_icon_minitimeСаб Ное 01, 2008 1:52 pm

ПО МЕЃУНАРОДНИОТ ХУМАНИТАРЕН КОНЦЕРТ ТОШЕ - ТЕ САКАМЕ СИТЕ


Средствата ќе се наменат според хуманите начела на Тоше

Концерт во чест на Тоше - Page 11 8106c810

Во конечната сума влегуваат средствата собрани од продадените влезници, од кои 40.000 беа пуштени во продажба, како и од донациите преку отворените донаторски линии на Македонски Телеком, Т-Мобиле, Космофон и ВИП - на бројот 143 100

Македонија сака и може да го продолжи делото на Тоше, како во уметноста така и во хуманоста, се вели во дописот од Меѓународна Фондација Тоше Проески испратен по повод успешниот меѓународен хуманитарен концерт Тоше - Те сакаме сите! Според досега добиените податоци за продадените влезници и генерираните повици, согласно податоците на организаторот - Меѓународната фондација Тоше Проески, пресметано е дека вкупниот хуманитарен фонд изнесува 9.544.937,00 денари со што оваа хуманитарна акција е до сега најмасовно поддржана со најголем собран фонд. Фондацијата со благодарност за заложбите на сите трговски друштва, организации и поединци, кои учествуваа во продажбата на влезниците и генерирањето на хуманитарните повици, очекува дека во текот на наредниот месец, од нивна страна, ќе биде реализирано и комплетното префрлање на средствата на сметка на Фондацијата. Во меѓувреме, Фондацијата веќе работи на подготвување на материјалите за закажаната средба на управнот одбор, кога ќе се работи и на составување комисија, која потоа во соработка со претставници на Министерството за култура во согласност со хуманите начелата, според кои живееше и работеше Тоше, ќе работи на избор на хуманитарната цел на концертот.

Наскоро, најавуваат од Фонацијата, ќе бидат објавени и средствата собрани во земјите во соседството, каде телевизиите кои го пренесуваа организираа донаторски активности.


Преузето са http://vecer.com.mk/
Вратете се на почетокот Go down
Tanja
Член
Член
Tanja


Број на мислења : 593
Age : 36
Локација : Skopje, Makedonija
опис: : TOSE TE SAKAME I KE TE SAKAME ZASEKOGAS!
Репутација :
Концерт во чест на Тоше - Page 11 Left_bar_bleue2 / 1002 / 100Концерт во чест на Тоше - Page 11 Right_bar_bleue

Registration date : 2008-06-06

Концерт во чест на Тоше - Page 11 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Концерт во чест на Тоше   Концерт во чест на Тоше - Page 11 I_icon_minitimeНед Ное 02, 2008 3:21 pm

Средствата ќе се наменат според хуманите начела на Тоше



Македонија сака и може да го продолжи делото на Тоше, како во уметноста така и во хуманоста, се вели во дописот од Меѓународна Фондација Тоше Проески испратен по повод успешниот меѓународен хуманитарен концерт Тоше - Те сакаме сите! Според досега добиените податоци за продадените влезници и генерираните повици, согласно податоците на организаторот - Меѓународната фондација Тоше Проески, пресметано е дека вкупниот хуманитарен фонд изнесува 9.544.937,00 денари со што оваа хуманитарна акција е до сега најмасовно поддржана со најголем собран фонд.

Фондацијата со благодарност за заложбите на сите трговски друштва, организации и поединци, кои учествуваа во продажбата на влезниците и генерирањето на хуманитарните повици, очекува дека во текот на наредниот месец, од нивна страна, ќе биде реализирано и комплетното префрлање на средствата на сметка на Фондацијата.
Во меѓувреме, Фондацијата веќе работи на подготвување на материјалите за закажаната средба на управнот одбор, кога ќе се работи и на составување комисија, која потоа во соработка со претставници на Министерството за култура во согласност со хуманите начелата, според кои живееше и работеше Тоше, ќе работи на избор на хуманитарната цел на концертот.

Наскоро, најавуваат од Фонацијата, ќе бидат објавени и средствата собрани во земјите во соседството, каде телевизиите кои го пренесуваа организираа донаторски активности.


Во конечната сума влегуваат средствата собрани од продадените влезници, од кои 40.000 беа пуштени во продажба, како и од донациите преку отворените донаторски линии на Македонски Телеком, Т-Мобиле, Космофон и ВИП - на бројот 143 100

http://www.radiomk.com/index.php?categoryid=1&p2_articleid=1223
Вратете се на почетокот Go down
http://www.tose-mk.forumakers.com
jasiti
Нов Член
Нов Член
jasiti


Број на мислења : 28
Age : 42
Локација : DO TEBE
Репутација :
Концерт во чест на Тоше - Page 11 Left_bar_bleue0 / 1000 / 100Концерт во чест на Тоше - Page 11 Right_bar_bleue

Registration date : 2009-11-01

Концерт во чест на Тоше - Page 11 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Концерт во чест на Тоше   Концерт во чест на Тоше - Page 11 I_icon_minitimeВто Јан 05, 2010 3:22 am

Концерт во чест на Тоше - Page 11 39121 sega na 24-ti Januari ke ima koncert vo ces na TOSE taka ili jas sum vo zabuna 24-ti ili 25-ti koj bese, mislam deka e vo nedela taka se paga....lelel mi se odi ama so da pravam ke gledam na TV Концерт во чест на Тоше - Page 11 39121 Концерт во чест на Тоше - Page 11 39121
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





Концерт во чест на Тоше - Page 11 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Концерт во чест на Тоше   Концерт во чест на Тоше - Page 11 I_icon_minitime

Вратете се на почетокот Go down
 
Концерт во чест на Тоше
Вратете се на почетокот 
Страна 11 of 11Отиди на страна : Previous  1, 2, 3 ... 9, 10, 11
 Similar topics
-

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
 :: Пишани и Електронски медиуми :: Настани-
Отиди до: