Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeLatest imagesБарајРегистрирајте сеВлез

 

 Крушево

Go down 
+15
lovetose
grkovicvanja
sesy
Tamar4e
zorana
cherry
Tanja
antonela
bibe_tose
aleksandra
iva
batbayan
Chris
rozeta193
Tvojata senka
19 posters
Отиди на страна : Previous  1, 2, 3, 4, 5  Next
АвторПорака
bibe_tose
Член
Член
bibe_tose


Број на мислења : 614
Репутација :
Крушево - Page 2 Left_bar_bleue5 / 1005 / 100Крушево - Page 2 Right_bar_bleue

Registration date : 2008-04-20

Крушево - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Крушево   Крушево - Page 2 I_icon_minitimeВто Jул 08, 2008 11:43 pm

i brabo za temava Крушево - Page 2 883360
Вратете се на почетокот Go down
Tvojata senka
Модератор
Модератор
Tvojata senka


Број на мислења : 1001
Age : 36
Локација : РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
опис: : ОПАСНО ПО ЖИВОТ
Репутација :
Крушево - Page 2 Left_bar_bleue9 / 1009 / 100Крушево - Page 2 Right_bar_bleue

Registration date : 2008-04-15

Крушево - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Крушево   Крушево - Page 2 I_icon_minitimeВто Jул 08, 2008 11:55 pm

МЕЧКИН КАМЕН

Мечкин Камен е карпест врв (1440м. надморска висина) на трстеничко-биринскиот планински масив. Од него на запад води пат за селата Бирино, Журче и манастирот „Св. Атанас“. Меѓу карпите на врвот имало дабови, а на југ густата шума се протега до селото Журче. Од Мечкин Камен се гледа рамното прилепско поле, распрснатите рамничарски здушени села и силуетите на високите планини Даутица, Бабуна, Мариово, Бигла и Пелистер.

Источната страна, по која врви патот за село Бучин и за Битола е сончева и шумовита. Поголемиот дел на селата на таа страна биле населени со Турци, меѓу кои имало и најмногу разбојници од кои трпело и македонското население. Тие разбојници го претворија во пепел малото село Трстеник, задушено во планината југоисточно од манастирот „Св. Спас“. Штом разбрале за пристигнувањето на армијата на Бахтијар –паша, овие разбојници се активирале и станале авангарда на војската, со намера да го ограбат и да го уништат Крушево. На патот за Крушево, разбојниците ги пречекале заштитниците на Мечкин Камен. Питу со својата чета веќе го имале зафатено врвот.

Во Биринската шума, 350-370 востаници со сметнати капи, ги кренаа трите прста и ја повторуваа заклетвата на Внатрешната Македонска Револуционерна Организација, дадена уште пред три години. На крајот како ехо се разнесе последниот збор „Се колнам“!

По давањето на заклетвата, по козји патеки заминаа тие кои немаа оружје, но се заколнаа дека чесно и вредно до крајот на животот ќе и служат на Македонија. Тие се прибраа по селата со мачнина на душата за оние што останаа да се принесат себеси доброволно над жртвеникот на слободата.

Востаниците таа вечер ја минаа во манастирот „Св. Атанас Журечки“. Следното утро Питу Гули со својата чета одново е во планината и штом ги откри башибозуците издаде наредба никој да не пука додека не го чујат гласот на неговата пушка, единствената пушка манлихера во четата. Тој ги куражи борците, ги предупредува дека битката ќе стане без отстапување, до крај. Издаде наредба да се развие знамето на Крушевската Република кое веднаш почна да се вее од лесниот августовски ветар што дуваше во планината. Знаменосецот Ѓорги го забива знамето до себе и своите двајца знаменосци, во случај тој да биде убиен.

Крушево - Page 2 Meckin%20kamen
Вратете се на почетокот Go down
Tvojata senka
Модератор
Модератор
Tvojata senka


Број на мислења : 1001
Age : 36
Локација : РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
опис: : ОПАСНО ПО ЖИВОТ
Репутација :
Крушево - Page 2 Left_bar_bleue9 / 1009 / 100Крушево - Page 2 Right_bar_bleue

Registration date : 2008-04-15

Крушево - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Крушево   Крушево - Page 2 I_icon_minitimeСре Jул 09, 2008 12:13 am

ПО ПОВОД ИЛИНДЕН...

Од пред црквата "Св. Петар и Павле" во скопско Горно Лисиче тргнуваат коњаници од Скопје за Крушево. Организатор на маршот е Здружението "Илинденски марш 1978 година" од Горно Лисиче.
Биењето на камбаните, тропотот на коњите од пред црквата и импровизираната македонска фаланга се само увертира на манифестацијата.
Поглаварот на Македонската православна црква ги благословува коњаниците.
Во црковниот двор се одржува и голем народен собир.
Коњаниците минуваат низ Велес и Прилеп, по што, на 31 јули, ќе пристигнат во Крушево. Младите комити ќе се поклонат пред спомениците во Слива и на Мечкин Камен. Организатор на маршот е Здружението "Илинденски марш 1978 година" од Горно Лисиче.
Коњичката поворка од илинденскиот марш е дел од државната програма за прославата на Илинден. Комитите две недели пуштаат брада за да изгледаат како во тоа време, а возбудата е голема.




Крушево - Page 2 5499


Крушево - Page 2 Konjanici-ilinden-07



Крушево - Page 2 NASTAPI%20(8)
Вратете се на почетокот Go down
aleksandra
Активен
Активен
aleksandra


Број на мислења : 1601
Age : 41
опис: : R.I.P. TOSE
Репутација :
Крушево - Page 2 Left_bar_bleue18 / 10018 / 100Крушево - Page 2 Right_bar_bleue

Registration date : 2008-05-23

Крушево - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Крушево   Крушево - Page 2 I_icon_minitimeСре Jул 09, 2008 3:53 am

Крушево - Page 2 N1069912
Крушево - Page 2 61870910
Крушево - Page 2 Photo_10
Вратете се на почетокот Go down
antonela
Член
Член
antonela


Број на мислења : 140
Age : 41
Локација : Hrvatska
Репутација :
Крушево - Page 2 Left_bar_bleue2 / 1002 / 100Крушево - Page 2 Right_bar_bleue

Registration date : 2008-06-01

Крушево - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Крушево   Крушево - Page 2 I_icon_minitimeЧет Jул 10, 2008 11:53 am

Крушево - Page 2 Dscn4366aj2nc4.th

Крушево - Page 2 Dscn4260go3in9.th

Крушево - Page 2 Dscn4293tu8jk2.th
Вратете се на почетокот Go down
http://toseproeski.forumsline.com/index.htm
antonela
Член
Член
antonela


Број на мислења : 140
Age : 41
Локација : Hrvatska
Репутација :
Крушево - Page 2 Left_bar_bleue2 / 1002 / 100Крушево - Page 2 Right_bar_bleue

Registration date : 2008-06-01

Крушево - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Крушево   Крушево - Page 2 I_icon_minitimeЧет Jул 10, 2008 11:58 am

Крушево - Page 2 Dscn4346tv8ka7.th
Крушево - Page 2 Dscn4278ou8ra5.th

Крушево - Page 2 Dscn4280li6mq9.th
Вратете се на почетокот Go down
http://toseproeski.forumsline.com/index.htm
antonela
Член
Член
antonela


Број на мислења : 140
Age : 41
Локација : Hrvatska
Репутација :
Крушево - Page 2 Left_bar_bleue2 / 1002 / 100Крушево - Page 2 Right_bar_bleue

Registration date : 2008-06-01

Крушево - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Крушево   Крушево - Page 2 I_icon_minitimeЧет Jул 10, 2008 12:00 pm

Крушево - Page 2 Dscn4360ks3hc0.th
Крушево - Page 2 Dscn4363lw5ug1.th
Крушево - Page 2 Dscn4285nd1kq0.th
Вратете се на почетокот Go down
http://toseproeski.forumsline.com/index.htm
antonela
Член
Член
antonela


Број на мислења : 140
Age : 41
Локација : Hrvatska
Репутација :
Крушево - Page 2 Left_bar_bleue2 / 1002 / 100Крушево - Page 2 Right_bar_bleue

Registration date : 2008-06-01

Крушево - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Крушево   Крушево - Page 2 I_icon_minitimeЧет Jул 10, 2008 12:03 pm

Крушево - Page 2 Dscn4286ua1bl4.th
Вратете се на почетокот Go down
http://toseproeski.forumsline.com/index.htm
Tanja
Член
Член
Tanja


Број на мислења : 593
Age : 36
Локација : Skopje, Makedonija
опис: : TOSE TE SAKAME I KE TE SAKAME ZASEKOGAS!
Репутација :
Крушево - Page 2 Left_bar_bleue2 / 1002 / 100Крушево - Page 2 Right_bar_bleue

Registration date : 2008-06-06

Крушево - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Крушево   Крушево - Page 2 I_icon_minitimeПет Jул 11, 2008 5:59 pm

Крушево - Page 2 Krusevo_zima

Navistina prebav gras nemam zborovi!
Вратете се на почетокот Go down
http://www.tose-mk.forumakers.com
batbayan
Модератор
Модератор
batbayan


Број на мислења : 1410
Age : 38
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
Крушево - Page 2 Left_bar_bleue11 / 10011 / 100Крушево - Page 2 Right_bar_bleue

Registration date : 2008-06-11

Крушево - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Крушево   Крушево - Page 2 I_icon_minitimeСаб Jул 19, 2008 6:56 pm

Летаргичното Крушево, иако е исполнето со неподносливоста на јулската сончевина, сепак спроти Илинден, овие денови неодминливо го враќа својот некогашен џагор и будност.

Уште повеќе, идејата ова прекрасно гратче да стане единствен европски етно центар, ги буди надежите дека може да заживее туризмот, занаетите и малите бизниси во спој со илинденската традиција и сите ресурси, што значат национално богатство и културен идентитет.

Група на ентузијасти со перспективни идеи, неколку невладини организации и локалната самоуправа, од Крушево ќе направат етно град, кој од идната година на отворен простор, преку учество на жителите, на туристите ќе им го доловат илинденскиот период.

Тука ќе дефилираат комити, војводи, аскер, но сега, во првата туристичка република на Европа.

„Очекуваме комплетно да биде вклучено целото население во градот Крушево. Тој проект треба да трае отприлика седум години и опфаќа една активност, којашто на крајот би значела дефинитивно, не само промоција, туку и оживување на Крушево“, изјави Лефкија Гажоска, градоначалник на Крушево.

Во проектот во кој Крушево ќе се разубавува со осмислени етно содржини, целта е да стане најпосакувана туристичка дестинација.

„Културно-историските споменици ќе се реставрираат, ќе се обноват, исто така, ќе се вклучиме во обновувањето на фасадите во градот, на целото она што значи заживување на овој проект“, рече Калиопи Дојчиновска, директор на Историскиот музеј.

Проектот во кој ќе се преточат многу идеи и иницијативи е комплексен и потребна му е поширока поддршка.

Оваа идеја е голема шанса, гратчето вгнездено во највисоките балкански простори да го внесе во Европа.

Меѓутоа, ќе можат ли крушевчани тоа да го прифатат и да излезат од 20-годишната летаргија во која чмаат и се борат за својата егзистенција?

Но, како ќе се анимираат тукашните жители?

„Локалното население секако дека ќе даде своја поддршка на овој проект, особено што во овој момент Крушево се наоѓа во економската стапка на најниско ниво“, вели Никола Јовановски, жител на Крушево.

Од септември па до јуни идната година ќе има многу искушенија и предизвици во сите подготовки. Засега, сите се оптимисти.

„Крушево со своите природни убавини има каде туристички да се развие, само треба малку помош од државата“, рече Наум Оџаклиевски, жител на Крушево.

Па зошто да не? Гумење, Македониум, Жичница, Мечкин камен, староградски пансиони, цркви, илинденска атмосфера и големо гостопримство. Не ли е тоа вистинската формула да не привличе прво нас, а потоа Европа?


http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=95457
Вратете се на почетокот Go down
Tvojata senka
Модератор
Модератор
Tvojata senka


Број на мислења : 1001
Age : 36
Локација : РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
опис: : ОПАСНО ПО ЖИВОТ
Репутација :
Крушево - Page 2 Left_bar_bleue9 / 1009 / 100Крушево - Page 2 Right_bar_bleue

Registration date : 2008-04-15

Крушево - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Крушево   Крушево - Page 2 I_icon_minitimeСаб Jул 26, 2008 2:20 am

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=AE3F7FF99E9054448C4649664B974C76
Вратете се на почетокот Go down
cherry
Администратор
Администратор
cherry


Број на мислења : 1127
Age : 42
Локација : Далеку од тебе
Репутација :
Крушево - Page 2 Left_bar_bleue6 / 1006 / 100Крушево - Page 2 Right_bar_bleue

Registration date : 2008-05-02

Крушево - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Крушево   Крушево - Page 2 I_icon_minitimeЧет Jул 31, 2008 6:56 pm

СТАРТУВА НАЦИОНАЛНИОТ ПРОЕКТ
Крушево прв етно град во Европа

На иницијатива на популарниот Ранко Петровиќ и на архитектонското биро "Прима центар", започна реализацијата на големиот национален проект "Крушево етно град", со што овој наш познат историски и потенцијален туристички центар ќе стане прв етно град во Европа. Идејата веќе ја поддржаа локалната самоуправа на Градот Крушево и Министерството за култура на Македонија.
"Идејата е, всушност, Крушево и неговото население да го активираат градот, пред се, со туристички, но и со културни содржини. Проектот кој сега започнуваме да го реализираме ќе стартува, всушност, в година во јули, а целиот проект 'Крушево етно град' ќе се одвива до крајот на август. Планираме во овој период дел од месното насление ( досега веќе имаме ангажирано околу 300 лица) да биде облечен во носии, униформи од времето на најславните историски периоди на овој град, значи од Илинденското востание и формирањето на првата република на Балканот. За да стане градот атрактивен за туристите и посетителите, ќе се формира и едно туристичко биро, заинтересираните крушевчани ќе поминат и куса едукација од туризмот, а ќе бидат вклучени и во сите други активности. На пример, жените ќе учествуваат во креирањето и шиењето на костимите, во пропагандата, ќе се формираат и работилници за сувенири и слично. Веќе работиме на тоа и убавите крушевски куќи да се рекоснтруираат и да се обноват, а ќе мора да се подобрат хотелската и пансионска понуда. И за таа цел веќе ангажиравме млади архитекти кои ќе работат на тие проекти, особено за ентериерното уредување на собите", вели Ранко, кој минатиот викенд во Крушево, во соработка со тамошниот Музеј, започна со реализацијата на проектот, а со луѓето од Музејот организираа и една фотосесија за која, самиот вели, се залепија туристите, главно од Србија и од Бугарија кои во моментот се нашле таму.
"Тие туристи се, всушност, транзит, бидејќи овој град се уште нема адекватна туристичка понуда за да ги задржи подолго време. Но со целиот наш проект тоа веќе од в година би требало да биде поинаку".
Во проектот "Крушево етно град" ќе се вклучат и многу познати јавни личности од државава кои во тој период ќе престојуваат во градот, а со учество на повеќе институции и поединци, целата програма ќе биде збогатена и со повеќе културни и уметнички содржини.
(Д.С.)

http://www.vest.com.mk/default.asp?id=154991&idg=8&idb=2439&rubrika=Kultura
Вратете се на почетокот Go down
https://tose-mk.forumakers.com
Tvojata senka
Модератор
Модератор
Tvojata senka


Број на мислења : 1001
Age : 36
Локација : РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
опис: : ОПАСНО ПО ЖИВОТ
Репутација :
Крушево - Page 2 Left_bar_bleue9 / 1009 / 100Крушево - Page 2 Right_bar_bleue

Registration date : 2008-04-15

Крушево - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Крушево   Крушево - Page 2 I_icon_minitimeСаб Aвг 02, 2008 2:29 pm

http://www.kirilica.com.mk/userfiles/image/01.08.2008/foto-vest-2.jpg
Во Крушево прославен Илинден
сабота, 02 август 2008






Со централната прослава во Крушево, Македонија ги одбележа двата историски Илиндена – 105 години од Илинденското востание и 64 години од Првото заседание на АСНОМ.



Почит на паднатите борци им оддадоа претседателот на државата Бранко Црвенковски, парламентарната делегација предводена од претседателот на Собранието Трајко Вељановски, вицепремиерот за европски прашања Ивица Боцевски и министерите за култура и транспорт Елизабета Камчевска и Миле Јанакиевски.



- Денеска сме овде да и оддаме почит на славната илинденска генерација која токму тука, пред 105 години, ги постави темелите на Македонија како самостојна држава. Овде на Мечкин Камен, пред 105 години, борците на Питу Гули се саможртвуваа за одбрана на слободата - херојски чин што стана синоним за непокорот на македонскиот народ и неговата борба за слобода, истакна Вељаноски.



Секоја генерација, посочи Вељаноски, има свој Илинден за кој се бори и сонува. Во минатиот век, македонскиот народ сонуваше и се бореше за слобода и сопствена држава која преку два Илиндена ја доби на 8 септември 1991 година.



Вељаноски напомена дека во вековната борба за самостојност и за зачувување на својот национален идентитет, македонскиот народ секогаш се борел и за слободата и за самостојноста и на другиот, за универзалноста на човековите права и слободи.



На прославата на Мечкин Камен присуствуваа голем број граѓани од цела Македонија.


Да се потсетиме


Точно на полноќ спроти Илинден 1903 со биењето на камбаните во Крушево е објавен почетокот на востанието. Се развиорува црвеното знаме „Слобода или смрт“ и се разгласува Крушевскиот манифест. Околу 800 востаници го ослободуваат градот. По два дена Никола Карев ја прогласува Крушевската република и станува нејзин претседател. Републиката ги живее десетте денови слобода.



Неколкуилјадна османлиска војска, под команда на Бахтијар-паша, тргнува во акција за враќање на власта во Крушево. Последните истрели на Мечкин Камен и загинувањето на војводата Питу Гули го означуваат и крајот на Крушевската Република. Крушево е запалено и разурнато, а поразот на Илинденското востание наидува на силен одглас во светот и на симпатии и солидарност кај меѓународната јавност, која се вклучува во хуманата акција за помош на настраданите.

Главното пропагандно оружје на револуционерните чети е легендарното црешово топче. За два месеца, пред и за време на востанието, биле направени 17 топови од црешово дрво, со должина од 80 до 150 сантиметри и тежина од 20 до 70 килограми. За поголема отпорност биле зацврстувани со железни обрачи. Мајстори на „арсеналот“ биле Цветко Стојчев од Селце и Тодор Борјар, според скица на Тодор Христов. Муницијата доаѓала од бомболеарницата во Битола. Оригинално црешово топче се чува во Воениот музеј во Истанбул, кое престојуваше во Македонија во 2003 година, на изложбата по повод сто години од Илинденското востание.



Точно 41 година по Илинденското востание, во манастирот Св. Прохор Пчињски во близина на Куманово 115 делегати го одржаа Првото заседание на АСНОМ (Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија), на кое е потврдена општествено-правната положба на Македонија како рамноправна федерална држава во рамките на ДФ Југославија.

Заседанието го отвори Панко Брашнаров, најстариот делегат и сведок на двата Илиндена, со зборовите: „Денеска е Вториот Илинден, последен Илинден на неслободна Македонија, се ставаат темелите на македонската држава“. Избран е Президиум на АСНОМ, во состав: Методија Андонов Ченто (претседател), Панко Брашнаров и Емануел Чучков (потпретседатели) и Љупчо Арсов и Владимир Полежиноски (секретари).

Заседанието усвои неколку документи со државнотворно значење - Решение за конституирање на АСНОМ како врховен законодавен и извршен претставнички орган на демократска Македонија, Решение за воведување на македонскиот јазик за службен јазик во македонската држава и Декларација за основните права на човекот и граѓанинот на демократска Македонија - која со својот либерален и демократски карактер и денеска, по шест децении, може да биде пример за заштита на правата на луѓето во една современа држава.

Од 28-ми до 30 декември во слободно Скопје е одржано Второто заседание на АСНОМ. Од 14-ти до 16 април 1945 година - Третото заседание на АСНОМ, кога е избрана Влада на Народна Република Македонија и се оформени органите на власт на новата македонска држава, создавана во текот на Народноослободителната војна.
Вратете се на почетокот Go down
Tvojata senka
Модератор
Модератор
Tvojata senka


Број на мислења : 1001
Age : 36
Локација : РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
опис: : ОПАСНО ПО ЖИВОТ
Репутација :
Крушево - Page 2 Left_bar_bleue9 / 1009 / 100Крушево - Page 2 Right_bar_bleue

Registration date : 2008-04-15

Крушево - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Крушево   Крушево - Page 2 I_icon_minitimeСаб Aвг 02, 2008 3:55 pm

КРУШЕВСКИ МАНИФЕСТ


Браќа земљаци и мили комшии!
Ние, вашите вечни комшии, пријатели и познајници от хубавото Крушево и неговите китни села, без разлика на вера, народност, пол и убежденија, не можејќи веќе да трпиме тиранијата на жедните за крф и гладните за чоечко месо муртати, шчо гледаат и нас и вас да дотерат до нош, и нас и вас да дотераат до питачки стап и нашата мила и богата земја Македонија да заприлегат на пуста пустиња, денеска дигнафне глава и решифне со пушка да се браниме от тие наши и ваши душмани и да добиеме слобода.
Вие мошне арно знајте оти ние не сне лоши и разбирате оти от мака си ја кладофне главата в торба, за да заживејме како браќа на оваја земја, ние ве имаме како сфои и сакаме до крај да останиме сфои.
Ние не дигнафне пушка протиф вас - това би било страм за нас; ние не дигнафне пушка протиф мирнио, трудољубивио и чеснио турски нарот, шчо се прерануат, како нас со крваф пот - тој јет наш брат и со него сне живејале и пак сакаме да живејме; ние не излегофне да колиме и да грабиме, да палиме и да крадиме - доста ни сет зулумите на безбројните деребеи по нашата сирота и окрвавена Македонија; ние не излегофне да порисјанчуваме и да бесчестиме вашите мјаки и сестри, жени и ќерки; требит да знајте оти вашио имот, вашио живот, вашата вера и вашата чес ни сет толку скапи, колку шчо ни сет скапи нашите. Анџак, за да си завардиме имото, живото, верата и честа, ние сне зеле пушка.
Ние не сне муртати на сфојата земја, шчо не родила, ние не сне арамии и јанкесеџии, а ревољуционери пот клетва да умриме за правото и за слободата; ние се бунтуваме протиф тиранијата и протиф ропството: ние се бориме и ќе се бориме протиф муртатите, протиф арамиите, протиф зулумќарите и јанкесеџите, протиф насилниците на нашата чес и на нашата вера и протиф тие шчо смучат нашата пот, и експлоатират нашио труд. От нас, и от нашите села да не се плашите - никому зијан не ќа сториме.
Ние не само ве имаме како сфои браќа, туку и ве жаљаме како сфои браќа, бидејќи разбираме оти и вие сте робје како нас, робје на царо и на царските бегој, ефендии и паши, робје на богатите и на силните, робје на насилниците и на зулумќарите, шчо ја запалија царшчината од четирите страни и шчо не натераа нас да дигниме глава за право, за слобода и за чоечки живот. За право, за слобода и за чоечки живот ве каниме и вас да дојдите заедно да водиме борба!
Елате, браќа мусљумани, при нас да тргниме протиф вашите и наши душмани! Елате под бајрако на “Афтономна Македонија”! Македонија јет заедничка наша мајка и викат за помош. Елате да скршиме синџирите на ропството, да се куртулиме от маки и страданија, и да пресушиме реките от крвој и солзи!
Елате при нас, браќа да си слејме душите и срцата и да се спасиме, та ние и нашата чељат и пречељат да живејат мирно, да си работат спокојно и да напредуат!...
Мили наши комшии! Како Турци, Арнаути и мусљумани, разбираме, вие се си мислите, оти царстфото јет ваше и оти вие не сте робје, шчом на царскио бајрак немат крст, а имат ѕвезда и месечина. Оти не јет така и оти грешите, вие брго ќе се сетите и ќа го разберите. Ама ако ви јет намуз да дојдите при нас и да се објавите протиф царската тиранија, ние, вашите по таткојна и по страданија браќа, немат да се докачиме и не ќа ве мразиме. Ние сами ќа се бориме и за нас и за вас, ако јет потребно, до еден ќа умриме пот бајрако за нашата и ваша слобода и за нашето и ваше право. “Слобода или смрт” јет писано на нашите чела и на нашио крваф бајрак. Ние веќе го дигнафне тој бајрак и немат враќање. Ако и вие нe имате како ваши браќа и ни сакате доброто, ако есапите пак да живејте со нас, како шчо сте живејале до сега и ако сте верни и достојни синој на мајка Македонија, можите да ни поможите само со едно нешчо - а тоа јет голема помшт. да не се заортачите со душманите, да не дојдите со пушка протиф нас и да не прајте зулуми по рисјанските села!
Нека Господ Бог да благослојт светата борба за правото и слободата!
Нека сет живи борците за слободата и сите чесни и добри македонски синој!
Ура! За “Афтономна Македонија”!
Вратете се на почетокот Go down
cherry
Администратор
Администратор
cherry


Број на мислења : 1127
Age : 42
Локација : Далеку од тебе
Репутација :
Крушево - Page 2 Left_bar_bleue6 / 1006 / 100Крушево - Page 2 Right_bar_bleue

Registration date : 2008-05-02

Крушево - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Крушево   Крушево - Page 2 I_icon_minitimeСаб Aвг 02, 2008 7:53 pm

Сенко, убаво ти текнало да ги поставиш овие текстови.
Еве уште нешто:
http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=95932
http://www.sitel.com.mk/?ItemID=12BC9874B398E3488E688798CA938C76
Вратете се на почетокот Go down
https://tose-mk.forumakers.com
cherry
Администратор
Администратор
cherry


Број на мислења : 1127
Age : 42
Локација : Далеку од тебе
Репутација :
Крушево - Page 2 Left_bar_bleue6 / 1006 / 100Крушево - Page 2 Right_bar_bleue

Registration date : 2008-05-02

Крушево - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Крушево   Крушево - Page 2 I_icon_minitimeПон Aвг 04, 2008 7:37 am

Многу посетители на Крушево на гробот на Тоше

02.08.2008

Почесни труби, развиорени знамиња, положување венци на оние кои загинаа за слободата на Македонија. Денеска во Крушево се славеше 105-годишнината од Илинденското востание.

Како и секоја година, се чествуваше на гробот на Никола Карев, кај месноста Слива и главната прослава на Мечкин камен. Но, сепак, беше многу поразлично од другите години.

Празно денеска на Гумење во Крушево. Крушевчани велат дека ова е најслаба посетеност за овој ден во изминативе неколку години.

Сликата не беше подобра ниту на Мечкин камен, каде за разлика од минатите Илиндени, денес имаше помалку народ.

„Помалку народ има од минатите години. Многу слаб одзив, претходните години беше многу подобро. Мал дел, другите години подобро беше“, велат посетителите на манифестацијата.

Овој ден беше поразличен од другите, затоа што ова е првиот Илинден кој Крушево го слави без Тоше. Неговиот гроб и денеска го посетија стотици луѓе. Најголемиот дел од оние кои дојдоа денес во овој град, не кријат дека тука се дојдени повеќе за Тоше, а после за чествувањето на Илинден.

„За Тоше, повеќе за Тоше. Во Крушево сме доаѓале повеќе пати, меѓутоа, овој пат за Тоше. Повеќе Тоше не привлекува“, велат посетителите.

Голема посетеност имаше и на манастирот Свето преображение кој го градеше Тоше.

„Очекуваме многу гости да го посетат и манастирот Преображение, така што се организиравме од утринава сите, Управата, да го одбележиме празникот“, изјави Анастас Проески, чичко на Тоше Проески.

„Па, јас сепак мислам дека повеќе акцент се става на Тоше оваа година, барем така имам чувство“, рече Софијанка Маркоска, посетителка на манифестацијата.

Ниту Крушевчани не демантираат дека Тоше е новиот херој на сегашната генерација на Македонија.

„Илинден си има свои почитувачи, меѓутоа 105 години после Илинден, таа традиција треба да ја продолжуваме и одржуваме, а младите генерации си имаат свои херои, свои идоли, несомнено дека Тоше е нивниот идол и нашиот ангел“, изјави Лефкија Гаџоска, градоначалник на Крушево.

Очигледно е дека Тоше и посетата на неговиот гроб, во иднина ќе станат составен дел на чествувањето на овој празник.

http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=95953
Вратете се на почетокот Go down
https://tose-mk.forumakers.com
cherry
Администратор
Администратор
cherry


Број на мислења : 1127
Age : 42
Локација : Далеку од тебе
Репутација :
Крушево - Page 2 Left_bar_bleue6 / 1006 / 100Крушево - Page 2 Right_bar_bleue

Registration date : 2008-05-02

Крушево - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Крушево   Крушево - Page 2 I_icon_minitimeПон Aвг 04, 2008 7:32 pm

ЗА ИЛИНДЕН ВО КРУШЕВСКО ГУМЕЊЕ
Река обожаватели на гробот на Тоше

Гробот на Тоше Проески на втори август го посетија голем број од учесниците на прославата по повод празникот Илинден во Крушево. Тоа претставува уште еден доказ дека делото што го остави оваа македонска легенда е длабоко врежано во срцата на неговите почитувачи. - Дојдовме во манастирот „Свето Преображение“ каде што Тоше наоѓаше свој мир. Подготовките за пуштање на патот кој води до тука, долг 3,5 километри, се во завршна фаза и ќе биде отворен на 19 август, на празникот на манастирот - изјави министерката Елизабета Канческа-Милевска. Таа додаде дека се во тек и активностите за градењето на спомен-куќата и на спомен-обележјето на Тоше. Гробот на Тоше Проески го посети и претседателот Бранко Црвенковски.

http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=5&tabid=1&EditionID=1467&ArticleID=95760
Вратете се на почетокот Go down
https://tose-mk.forumakers.com
Tanja
Член
Член
Tanja


Број на мислења : 593
Age : 36
Локација : Skopje, Makedonija
опис: : TOSE TE SAKAME I KE TE SAKAME ZASEKOGAS!
Репутација :
Крушево - Page 2 Left_bar_bleue2 / 1002 / 100Крушево - Page 2 Right_bar_bleue

Registration date : 2008-06-06

Крушево - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Крушево   Крушево - Page 2 I_icon_minitimeВто Aвг 05, 2008 3:33 am

Крушево - Page 2 L_776711
Вратете се на почетокот Go down
http://www.tose-mk.forumakers.com
cherry
Администратор
Администратор
cherry


Број на мислења : 1127
Age : 42
Локација : Далеку од тебе
Репутација :
Крушево - Page 2 Left_bar_bleue6 / 1006 / 100Крушево - Page 2 Right_bar_bleue

Registration date : 2008-05-02

Крушево - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Крушево   Крушево - Page 2 I_icon_minitimeСаб Aвг 09, 2008 5:29 am

ГРАДОТ НА БАЛКАНСКАТА ЅВЕЗДА 10 МЕСЕЦИ ПО НЕГОВОТО ЗАМИНУВАЊЕ
Крушево го остварува сонот на Тоше

На манастирот Св. Преображение кој започна да го гради балканската легенда интензивно се работи. Конакот е речиси готов. Просторот кој собира околу 300 гости треба да биде отворен за 10 дена, на 19 август, на денот на Господовото Преображение. Тогаш во конакот на Тоше ќе биде извршен и првиот верски обред

Крушево - Page 2 B22860CDEC773D4A9188FCC52A418CB7

Редица возила врват по тазе поставениот асфалт. Иако можеби никој до неодамна не ни помислувал дека ќе го помине овој пат, сега секој викенд околу 2.000 обожаватели се качуваат до местото каде се реализира сонот на Тоше Проески. На манастирот Св. Преображение кој започна да го гради балканската легенда интензивно се работи. Конакот е речиси готов. Просторот кој собира околу 300 гости треба да биде отворен за 10 дена, на 19 август, на денот на Господовото Преображение. Тогаш во конакот на Тоше ќе биде извршен и првиот верски обред. Црквата се уште недоправена е отворена за сите кои ќе се качат до манастирскиот комплекс. Секојдневно, а особено за викендите луѓе доаѓаат да запалат свеќа. Иконостасот се уште не е поставен. Иницијаторите за завршување на сонот на Тоше не брзаат. Велат мермерниот иконостас ќе биде поставен наскоро, се прави изолација.

"Нема зошто да брзаме. Сакаме се да биде направено добро и функционално. Временски не си даваме рокови. Важно е се да биде квалитетно и добро изработено" - вели Илија Псалтиров, од Иницијативниот одбор за доградба на манастирот на Тоше.
Внатре во црквата се поставени икони. Меѓу нив, на една маса стои и ликот на Тоше. Покрај фотографиите од македонската легенда се палат свеќи. Посетителите тука се молат за душа на Тоше. Белите листови од книгата за спомени веќе се испишани - "ангелу почивај во мир.... ќе те сакаме засекогаш, твоите песни никогаш нема да заминат", се само дел од пораките оставени во црквата.

Крушево - Page 2 C26A6E6795478944BDDA8A64C193543E

Покрај самата црква поминува патот кој води до местото каде што ќе биде подигнат крстот висок 33 метри, идентичен на оној на Исус. Црковниот симбол, кој беше можеби и најголемата желба на Тоше ќе се гради на местото од каде се гледа цела Пелагонија. На надморска височина од над 1600 метри наскоро ќе биде поставена основата на крстот.

Крушево - Page 2 8099B34DBC87E34C9563DD013182B947

Местата поврзани со Тоше станаа најголемо обележје на градот на Крушевското востание. Вечниот дом на Тоше никогаш не е празен. Македонци, Срби, Хрвати, Словенци, Босанци, Бугари... сите свртуваат до градот каде почива најголемата балканска ѕвезда. Детските цртежи со ликот и стиховите на Тоше се закачени околу целиот гроб. Уредено, чисто, отмено. Ништо не се одвојува. Цвеќињата се наредени по бои, мечињата поставени на паното на кое стои ликот на Тоше. Во фенерите покрај местото каде што почива човекот, кого сите го сакаа, се гледа разиграниот пламен од свеќичките, како да сакаат да проговорат за веселиот дух кој го имаше Тоше. И покрај големиот број обожаватели кои се покрај гробот, се е тивко и мирно. Се слуша само звукот од апаратите, кои постојано фотографираат. За момент се добива впечаток дека се работи за некоја голема туристичка атракција. Белата мермерна книга од Основниот суд Скопје 2 како да говори за животот на Тоше, за страниците кои останаа празни и неиспишани.

"Ти одеше секаде каде што можеше. Сега ние ќе доаѓаме од секаде каде што можеме. Книгава нема страници, скинати, празни, неиспишани. Тука се нашите желби и молитви само за тебе Тоше, Ангелу наш" - стои изгравирано на мермерната книга.

Крушево - Page 2 C78719B2635B9B49B40DB0216B219046

И навечер сите патишта водат кон вечниот дом на Тоше. Го нема оној вечен страв и она верување дека ноќно време не се оди на гробишта. Никој како да не забележува дека се наоѓа на место каде почива Тоше. Најважно е да се биде со него, покрај него. Осветлениот гроб над кој надвиснуваат малечки сијалички кои наликуваат на ѕвездено небо постојано е преполн со млади.

Од паноата во градот се насмевнува ликот на Тоше. Секој излог, секое дуќанче ја има сликата на Тоше. Градот живее со него. Во Општината велат никогаш немало толку посетители во Крушево. Доаѓале луѓе од сите балкански земји. И во новото отворено Туристичко биро се нуди прошетка низ Крушево која вклучува посета на гробот на Тоше и до манастирот на балканската ѕвезда.

Крушево - Page 2 2D6296BB8163784BA1FFEECB0C95C383

Улицата која води до домот на Тоше е тивка. Во дворот на куќата никој не се движи. Неговите родители се внатре, се уште скршени од болка. Крушевчани велат Тоше се роди да го спаси градот.
"Крушево одеше напред паралелно со кариерата на Тоше. Секој негов успех носеше поголема слава за градот. Туристи доаѓаат постојано. Тоше замина, туристите останаа. По неговата смрт туризмот почна да се развива. Никогаш немало толку гости во Крушево. Спасител беше, спасител остана. Како да замина за да му помогне на градот" - коментираат Крушевчани.

Посетителите доаѓаат и си одат. Обожавателите ги потпевнуваат неговите стихови, оставаат пораки за освојувачот на небеските граници, за човекот со најголемо срце... Тоше живее - 10 месеци по неговото заминување......

Билјана ЗАФИРОВА

www.vecer.com.mk
Вратете се на почетокот Go down
https://tose-mk.forumakers.com
zorana
Член
Член
zorana


Број на мислења : 780
Age : 31
Локација : РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
опис: : TOSEMANKA
Репутација :
Крушево - Page 2 Left_bar_bleue6 / 1006 / 100Крушево - Page 2 Right_bar_bleue

Registration date : 2008-06-24

Крушево - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Крушево   Крушево - Page 2 I_icon_minitimeСаб Aвг 09, 2008 5:29 pm

Крушево - Page 2 39121 Крушево - Page 2 39121 Крушево - Page 2 39121 леле текстов ....
Вратете се на почетокот Go down
Tanja
Член
Член
Tanja


Број на мислења : 593
Age : 36
Локација : Skopje, Makedonija
опис: : TOSE TE SAKAME I KE TE SAKAME ZASEKOGAS!
Репутација :
Крушево - Page 2 Left_bar_bleue2 / 1002 / 100Крушево - Page 2 Right_bar_bleue

Registration date : 2008-06-06

Крушево - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Крушево   Крушево - Page 2 I_icon_minitimeСаб Aвг 09, 2008 6:36 pm

zorana напиша:
Крушево - Page 2 39121 Крушево - Page 2 39121 Крушево - Page 2 39121 леле текстов ....

Крушево - Page 2 39121 Крушево - Page 2 39121 Крушево - Page 2 39121 Крушево - Page 2 39121 Крушево - Page 2 825168
Вратете се на почетокот Go down
http://www.tose-mk.forumakers.com
aleksandra
Активен
Активен
aleksandra


Број на мислења : 1601
Age : 41
опис: : R.I.P. TOSE
Репутација :
Крушево - Page 2 Left_bar_bleue18 / 10018 / 100Крушево - Page 2 Right_bar_bleue

Registration date : 2008-05-23

Крушево - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Крушево   Крушево - Page 2 I_icon_minitimeСаб Aвг 09, 2008 6:56 pm

Tanja напиша:
zorana напиша:
Крушево - Page 2 39121 Крушево - Page 2 39121 Крушево - Page 2 39121 леле текстов ....

Крушево - Page 2 39121 Крушево - Page 2 39121 Крушево - Page 2 39121 Крушево - Page 2 39121 Крушево - Page 2 825168

ahhhhhh..... Крушево - Page 2 776885 Крушево - Page 2 776885 Крушево - Page 2 776885 ...srce mi place..... Крушево - Page 2 776885 Крушево - Page 2 776885 Крушево - Page 2 776885 Крушево - Page 2 819107 I MISS YOU SO MUCH.... Крушево - Page 2 742943
Вратете се на почетокот Go down
Tamar4e
Нов Член
Нов Член
Tamar4e


Број на мислења : 2
Репутација :
Крушево - Page 2 Left_bar_bleue0 / 1000 / 100Крушево - Page 2 Right_bar_bleue

Registration date : 2008-08-10

Крушево - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Крушево   Крушево - Page 2 I_icon_minitimeНед Aвг 10, 2008 1:39 am

ooo krusevo e megunajubavite gradovi
Вратете се на почетокот Go down
Tanja
Член
Член
Tanja


Број на мислења : 593
Age : 36
Локација : Skopje, Makedonija
опис: : TOSE TE SAKAME I KE TE SAKAME ZASEKOGAS!
Репутација :
Крушево - Page 2 Left_bar_bleue2 / 1002 / 100Крушево - Page 2 Right_bar_bleue

Registration date : 2008-06-06

Крушево - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Крушево   Крушево - Page 2 I_icon_minitimeНед Aвг 10, 2008 5:28 pm

Tamar4e напиша:
ooo krusevo e megunajubavite gradovi

Крушево - Page 2 898162 Крушево - Page 2 898162 Крушево - Page 2 898162 Крушево - Page 2 898162 DEFINITIVNO! Крушево - Page 2 825168 ZLATO!
Вратете се на почетокот Go down
http://www.tose-mk.forumakers.com
Tanja
Член
Член
Tanja


Број на мислења : 593
Age : 36
Локација : Skopje, Makedonija
опис: : TOSE TE SAKAME I KE TE SAKAME ZASEKOGAS!
Репутација :
Крушево - Page 2 Left_bar_bleue2 / 1002 / 100Крушево - Page 2 Right_bar_bleue

Registration date : 2008-06-06

Крушево - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Крушево   Крушево - Page 2 I_icon_minitimeСре Aвг 13, 2008 11:11 pm

По асфалт кон манастирот на Тоше од 23 август

Крушево - Page 2 Tose-m12


Патот кон манастирот „Свето Преображение“ во Крушево, кој Тоше Проески го градеше заедно со своето семејство, ќе биде пуштен на 23 август, наместо на 19-ти, на верскиот празник Преображение, кога ќе се одржи традиционалниот голем народен собир. Одложувањето се должи на обврските на официјалните лица што треба да присуствуваат на свеченото отворање, соопштуваат од фондацијата „Тоше Проески“. Одложено ќе биде и осветувањето на манастирот, поради тоа што се уште не е стигнат иконостасот.

На свеченото отворање на патот кон манастирот ќе присуствува министерот за транспорт и врски Миле Јанакиевски, а од фондацијата очекуваат потврда и за присуството на премиерот Никола Груевски. Претходно, традиционалниот народен собир ќе се одржи според распоредот од претходните години, без дополнителна програма.

- Ноќта меѓу 18 и 19 август ќе се случува традиционалната посета на манастирот, а на 19-ти и големиот народен собир. Секогаш досега улогата на домаќин ја имаше Тоше, а отсега тоа ќе биде фондацијата. Планиравме да направиме и голем концерт на кој ќе настапат македонски музички имиња на истото место каде што секоја година пееше Тоше, но сепак таа идеја ќе ја реализираме од идната година, а понатаму се надеваме дека ќе стане традиција - вели Славен Ристески, зетот на Тоше и претставник на фондацијата „Тоше Проески“.
Концерт во чест на Тоше годинава, сепак, ќе се одржи, но на Градскиот стадион во Скопје на 5 октомври, точно на годишнината од минатогодишниот спектакл на кој мегаѕвездата речиси четири часа се дружеше со 30-илјадна публика. Тоа беше неговото последно збогување со многубројните обожаватели, бидејќи само десетина дена подоцна се случи фаталната сообраќајна несреќа во која тој прерано го заврши својот живот.


http://www.radiomk.com/index.php?categoryid=1&p2_articleid=1015
www.radiomk.com
Вратете се на почетокот Go down
http://www.tose-mk.forumakers.com
Sponsored content





Крушево - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Крушево   Крушево - Page 2 I_icon_minitime

Вратете се на почетокот Go down
 
Крушево
Вратете се на почетокот 
Страна 2 of 5Отиди на страна : Previous  1, 2, 3, 4, 5  Next
 Similar topics
-

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
 :: Мултимедија :: Фотографии-
Отиди до: