|
| | The Hardest Thing --- PROMOCIJA | |
|
+10emi stefi_18 ElizaBeta rozeta193 LudaMala Tanja Tvojata senka batbayan aleksandra cherry 14 posters | |
Автор | Порака |
---|
cherry Администратор
Број на мислења : 1127 Age : 42 Локација : Далеку од тебе Репутација : Registration date : 2008-05-02
| Предмет: Други новости во врска со Тоше Чет Jул 10, 2008 1:43 am | |
| Се подготвува документарец за Тоше на англиски
Менаџерката на трагично загинатата балканска мега-ѕвезда Тоше Проески – Љиљана Петровиќ, периодов е на релација Скопје – Загреб – Љубљана, каде со своите соработници работи на документарниот филм за Тоше Проески, кој ќе биде на англиски јазик. Нејзините планови се документарецот да биде прикажан на повеќе светски филмски фестивали, со цел пошироката јавност на глобално ниво да дознае кој всушност беше Тоше Проески.
Врзано за англискиот албум на легендарниот македонски музичар, Петровиќ открива дека миксот на песните е готов, но се уште не е прецизирано кога точно материјалот ќе биде објавен. Но, она што е особено интересно, а е врзано за тој проект, е тоа што Тоше Проески, заедно со Енди Рајт, ќе биде потпишан како ко-автор на четири композиции, и соработник на текст за една песна. Тоа само докажува дека Тоше беше сестрана личност.
Според неофицијалните најави, од изданијата врзани за Тоше, следува последниот концерт на нашиот ангел, одржан лани на Градскиот стадион во Скопје на 5. октомври. Иако во Србија периодов беа објавени и две CD компилации, постои мислење дека во Македонија е се уште рано за такво нешто. Во Србија исто така неодамна беше ре-објавено DVD од сараевскиот концерт на Тоше, од 2006-та година, кое првично беше наменето само за пазарот во Босна и Херцеговина.
Контроверзната книга Балканскиот ангел, објавена пред неколку месеци во Белград, која патем доживеа две изданија, е тотално распродадена, и веќе не може да се нарача ниту преку интернет...
www.mmm.com.mk | |
| | | aleksandra Активен
Број на мислења : 1601 Age : 41 опис: : R.I.P. TOSE Репутација : Registration date : 2008-05-23
| Предмет: Re: The Hardest Thing --- PROMOCIJA Чет Jул 10, 2008 4:18 am | |
| | |
| | | batbayan Модератор
Број на мислења : 1410 Age : 38 Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми Репутација : Registration date : 2008-06-11
| Предмет: Re: The Hardest Thing --- PROMOCIJA Чет Jул 10, 2008 8:03 am | |
| Немам търпение да чуя песните, които Т оше е композирал | |
| | | Tvojata senka Модератор
Број на мислења : 1001 Age : 36 Локација : РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА опис: : ОПАСНО ПО ЖИВОТ Репутација : Registration date : 2008-04-15
| Предмет: Re: The Hardest Thing --- PROMOCIJA Чет Jул 10, 2008 8:43 pm | |
| Љиља Петровиќ: Тоше на филмски фестивали!
Менаџерката на легендарниот македонски пејач обелодени дека познати европски кинематографи се вклучени во осмислување на документарец за Проески кој ќе се обиде да го пласира на неколку престижни манифестации
Документарец во кој ќе се искористат видеозаписи од снимањето на англискиот албум на Тоше Проески би можел да се најде меѓу официјалните проекции на некој од престижните европски филмски фестивали, посакува Љиља Петровиќ, менаџерката на трагично загинатата македонска ѕвезда.
Дознаваме дека неколку европски кинематографи се ангажирани во осмислувањето на содржинскиот и на техничкиот дел, а во проектот ќе се искористат снимки од Ирска, Англија и од Јамајка каде Тоше работеше на новиот материјал.
- Доколку се реализира идејата, конечно светската јавност на вистински начин ќе сфати кој е всушност Тоше Проески - нагласи Петровиќ.
Таа е постојано на релација Загреб - Љубљана каде со најблиските соработници е максимално посветена на филмот кој би требало да биде готов до крајот на годината.
Драгоевиќ и Џибони во игра за концертот на Градски
Оливер Драгоевиќ и Џибони најверојатно ќе се појават на Градскиот стадион во Скопје на големиот концерт со кој ќе се одбележи годишнината од смртта на Тоше, дознава „Кирилица“. Токму овие две хрватски ѕвезди беа меѓу најомилените музичари од регионов на Проески.
Трибјутот кој е предвиден да се реализира на 5 октомври е со симболично значење, зашто поп - иконата својот последен концерт на истата локација пред 20.000 луѓе го одржа на истиот датум минатата година.
Организатор на концертот е Координативното тело за заштита на неговите лик и дело, а ќе го реализира меѓународната фондација „Тоше Проески“.
кирилица | |
| | | cherry Администратор
Број на мислења : 1127 Age : 42 Локација : Далеку од тебе Репутација : Registration date : 2008-05-02
| Предмет: Re: The Hardest Thing --- PROMOCIJA Пет Jул 11, 2008 2:18 am | |
| Во исчекување на англискиот албум и документарецот
Англискиот документарец посветен на Тоше Проески наголемо се работи. Менаџерката, на трагично загинатата наша најголема музичка ѕвезда, Љиља Петровиќ периодов е постојано на релација Скопје - Загреб - Љубљана, каде со своите соработници работи на документарниот филм. Плановите се филмот понатаму, меѓу другото, е да се прикажува и на повеќе светски филмски фестивали, а се со цел пошироката јавност на глобално ниво да дознае кој всушност беше Тоше Проески.
Надвор од ова се работи и на англискиот албум што е комплетно завршен и сега само се чека да се каже точниот датум кога тој ќе се појави на пазарот. Ако се оди како што треба, дознаваме, тогаш најверојатно изданието ќе го здогледа светлото на денот кон почетокот на есента. Засега под знак прашалник е и терминот за издавање на ДВД изданието од последниот концерт на Тоше на Градски. Колку за потсетување спектаклот каков што дотогаш немало кај нас, се случи на 5 октомври само десетина дена пред трагичната смрт на Тоше.
http://www.vecer.com.mk/?ItemID=FDEC205D45FD1445826119F68086A1B6 | |
| | | aleksandra Активен
Број на мислења : 1601 Age : 41 опис: : R.I.P. TOSE Репутација : Registration date : 2008-05-23
| Предмет: Re: The Hardest Thing --- PROMOCIJA Пет Jул 11, 2008 2:48 am | |
| ....едвај чекам.....СЕ едвај чекам..... | |
| | | Tanja Член
Број на мислења : 593 Age : 36 Локација : Skopje, Makedonija опис: : TOSE TE SAKAME I KE TE SAKAME ZASEKOGAS! Репутација : Registration date : 2008-06-06
| Предмет: Re: The Hardest Thing --- PROMOCIJA Пет Jул 11, 2008 5:08 pm | |
| ZLATO MOE MNOGU GO SAKAM A Lijana ja podrzuvam zatoa sto znam deka ke napravi se za Tosence! | |
| | | cherry Администратор
Број на мислења : 1127 Age : 42 Локација : Далеку од тебе Репутација : Registration date : 2008-05-02
| Предмет: Re: The Hardest Thing --- PROMOCIJA Пет Jул 11, 2008 7:17 pm | |
| http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=2&tabid=1&EditionID=1448&ArticleID=94167 | |
| | | cherry Администратор
Број на мислења : 1127 Age : 42 Локација : Далеку од тебе Репутација : Registration date : 2008-05-02
| Предмет: Re: The Hardest Thing --- PROMOCIJA Пет Jул 18, 2008 6:34 pm | |
| КОМПОЗИТОРОТ ЕНДИ РАЈТ На одмор во Дубровник, во чест на Тоше
Светски познатиот британски композитор, Енди Рајт, планира, во чест на славниот пејач Тоше Проески, да оди на одмор во Дубровник. Рајт е еден од соработниците на мегаѕвездата Тоше Проески, чиишто песни напишани за Тоше публиката ќе ги слушне откако ќе излезе англискиот албум. Имено, минатата година Рајт и Проески се договарале ова лето да го поминат заедно на Јадранското Море, и, по избор на Тоше, да летуваат во Дубровник, така што на авторот му останало еден вид задолжение да го посети овој град. Но, Енди пред тоа планира да ја посети Македонија и да ја донесе новата песна, која било предвидено Тоше да ја испее во една светски позната аренби-ѕвезда. Во меѓувреме, обожавателите на македонската легенда покренаа онлајн-акција, со која се нагласува сите сите негови обожаватели да гласаат за актуелниот хит „Тхе Хардест Тхинг“ (на авторот Енди Рајт) кој на листата на „Ем-Ти-Ви Адрија“ во моментов се наоѓа на третото место.
Ва.Ѓ.
www.vreme.com.mk | |
| | | LudaMala Супер Модератор
Број на мислења : 1483 Age : 42 Локација : Олимпијски град опис: : Репутација : Registration date : 2008-05-21
| Предмет: Re: The Hardest Thing --- PROMOCIJA Пет Jул 18, 2008 6:39 pm | |
| Najbolji smo fakat! A zasluzio je i puno vise...Eh, Tose... | |
| | | rozeta193 Успешен Член
Број на мислења : 1334 Локација : МАКЕДОНИЈА опис: : ТОШЕ ФАН Репутација : Registration date : 2008-05-17
| Предмет: Re: The Hardest Thing --- PROMOCIJA Пет Jул 18, 2008 6:41 pm | |
| Се само за Тоше | |
| | | cherry Администратор
Број на мислења : 1127 Age : 42 Локација : Далеку од тебе Репутација : Registration date : 2008-05-02
| Предмет: Re: The Hardest Thing --- PROMOCIJA Пет Jул 18, 2008 6:44 pm | |
| Енди пред тоа планира да ја посети Македонија и да ја донесе новата песна, која било предвидено Тоше да ја испее cо една светски позната аренби-ѕвезда..... | |
| | | aleksandra Активен
Број на мислења : 1601 Age : 41 опис: : R.I.P. TOSE Репутација : Registration date : 2008-05-23
| Предмет: Re: The Hardest Thing --- PROMOCIJA Пет Jул 18, 2008 9:10 pm | |
| | |
| | | cherry Администратор
Број на мислења : 1127 Age : 42 Локација : Далеку од тебе Репутација : Registration date : 2008-05-02
| Предмет: Re: The Hardest Thing --- PROMOCIJA Пет Aвг 08, 2008 3:03 am | |
| ДОКУМЕНТАРЕЦОТ ВО ЗАВРШНА ФАЗА
Енди Рајт во Дубровник заради аманетот на Тоше
Документарниот филм посветен на снимањето на англискиот албум на Тоше Проески, што ќе биде објавен постхумно есенва, е во завршна фаза. Дознаваме дека во моментов материјалите од страна на словенечката продукција Планет се монтираат и останува уште да се доснимат неколку делови. Еден од нив ќе се прави во Дубровник за време на најавената посета на Енди Рајт, еден од соработниците на материјалот. Доаѓањето во Дубровник е поради аманетот што тој му го оставил на Тоше.
Рајт и Проески се потпишани како автори на четири композиции на англискиот материјал, а во времето додека на Јамајка работеле на овие нумери паднал и договор за тоа каде ќе се работи следниот албум. На предлог на Тоше го избрале Дубровник, дестинација на која Рајт доаѓа за неколку дена, со единствена цел да го испочитува она што го договориле со прерано починатиот соработник и пријател, нашата најголема музичка ѕвезда Тоше Проески.
Дел од посетата на Енди Рајт, како што дознаваме, ќе биде документирана и кадрите ќе бидат вклопени во филмот за кој уште треба да се досними материјал и во Крушево.
(А.Т.)
www.vecer.com.mk | |
| | | cherry Администратор
Број на мислења : 1127 Age : 42 Локација : Далеку од тебе Репутација : Registration date : 2008-05-02
| Предмет: Re: The Hardest Thing --- PROMOCIJA Чет Aвг 21, 2008 2:36 am | |
| Новиот албум на Тоше ќе се вика „Forever Ended Day“ или „Hardest Thing“
„Forever Ended Day“ или „Hardest Thing“ се двата наслови кои влегоа во најтесниот избор за име на новиот албум на англиски јазик на Тоше Проески. Енди Рајт (46), британски композитор и продуцент, кој во својата богата кариера пишувал песни за Бритни Спирс, „Симпли ред“, Лучијано Павароти и Бочели и кој пред две години ја презеде грижата за Тоше Проески, предлага тоа да биде „Forever Ended Day“ (според песната „Forever“ која заедно ја напишале и симболично зборува за денот кој заврши засекогаш), додека неговата менаџерка Лилјана Петровиќ инсистира на „Hardest Thing“, првиот сингл, кој официјално беше пуштен во јавноста заедно со видеоспот.
Сепак, конечната одлука ќе ја има семејството на Тоше. „Албумот ќе го издадат сите дискографски куќи во Хрватска, Србија, Македонија, Словенија, БиХ и Црна Гора со кои соработувавме и досега, а промоцијата ја планираме во септември на Градскиот стадион во Скопје, каде што ќе биде промовиран и документарниот филм што го снимавме во последните две години“, вели Петровиќ.
Менаџерката неодамна во Дубровник го пречека Енди Рајт, кој пристигна за да го исполни ветувањето дадено кон Тоше. „Тоа му го ветив пред две години на Јамајка. За жал, не се сретнавме во овој прекрасен град за да се договориме за неговиот втор странски албум, како што планиравме тогаш, но морав да го одржам ветувањето и дојдов со снимен албум и предлози за вториот, иако знам дека тој никогаш нема да биде снимен“, изјави Рајт за хрватска „Глорија“.
Тој првпат го слушнал Тоше во април 2006 во Лондон. „Пееше сјајно, изгледаше одлично, не можев да верувам дека тој човек нема никаква мана. Беше харизматичен и сигурен сум дека пред него стоеше светска кариера. Цврсто верувам дека овој албум ќе постигне голем успех. Сите теми на него се одраз на животната радост и на нив не се чувствува трагичниот крај на Тоше“, додаде Рајт, кој за време на посетата на Дубровник и' ја понудил на менаџерката Петровиќ целата своја помош околу контактите со цел новиот албум да стигне на странскиот музички пазар.
www.utrinski.com.mk | |
| | | ElizaBeta Член
Број на мислења : 342 Age : 37 Локација : Skopje Репутација : Registration date : 2008-04-16
| Предмет: Re: The Hardest Thing --- PROMOCIJA Чет Aвг 21, 2008 5:38 pm | |
| БРИТАНСКИОТ МУЗИЧАР И ПРОДУЦЕНТ ЕНДИ РАЈТ ГО ОДРЖА ВЕТУВАЊЕТО Кариерата на Тоше продолжува Промоцијата на новиот албум на англиски јазик се најавува во септември на Градскиот стадион во Скопје
Енди Рајт, британски музичар и продуцент, кој досега компонирал песни за многу светски sвезди, дојде во Хрватска за да се договори околу промоцијата на албумот на Тоше Проески, кој го снимаа на англиски јазик, за светскиот музички пазар, пренесува хрватска "Глорија". - Во Дубровник дојдов затоа што тоа му го ветив на Тоше Проески пред две години на Јамајка. За жал, не се сретнавме во овој прекрасен град за да се договориме околу неговиот албум за странскиот пазар, како што тогаш планиравме, но морав да го одржам ветувањето и дојдов во август, со сниман албум и предлози за друг албум, иако знам дека тој никогаш нема да биде сниман-вели 46 годишниот Енди Рајт, познат британски композитор и музички продуцент кој во својата кариера создавал песни и за Бритни Спирс, Симпли Ред, Лучијано Павароти и Андреа Бочели, а пред две години ја превзема грижата и за Тоше Проески. "Тоше прв пат го слушнав во април 2006 во Лондон. Не запозна британскиот композитор и продуцент Брајан Тајлер. Се сретнавме во студиото "Метрополис", во кое подоцна беа снимани песните за албумот со кој Тоше требаше да ја започне интернационалната кариера. Прекрасно пееше, одлично изгледаше и не можев да верувам дека тој млад човек нема мана. Тајлер, кој беше менаџер на Тоше за светскиот музички пазар, не поврза нас двајца во куќата на татко му на Јамајка, за да можеме во мир да создаваме песни и да се обидеме да ја оствариме соработката", вели Енди Рајт во екслузивното интервју за хрватскиот магазин "Глорија". Со Тоше на Јамајка отпатувале и неговата менаџерка Љиљана Петровиќ и продуцентот Ласто Николовски. "Одседнавме во преубавата вила во која имаше и студио. Се беше светло, бело, погледот од вилата беше прекрасен и навистина не беше потребно многу за инспирација", вели Енди Рајт. Тој раскажува дека со Тоше ќе ја земеле гитарата и клавирот уште пред доручекот и во "ист тон", продолжувале цел ден. Нивната тропска соработка резултирала со четири песни "Убава за мене" (Беаутифул Фор Ме), "Лизгање" (Глиде) "По различни патишта" (Сепарате Њаs) и "Засекогаш" (Форевер)-за кои и двајцата ја потпишуваат музиката и стиховите и кои на крај со останатите песни од албумот се снимани во Лондонското студио "Метрополис". Единствено песната "Арија" дуетот со Џана Нини е снимана во студиото "Олимпик", каде своите хитови снимале и Џими Хендрикс, Лед Зепелин и Ролинг Стоунси. А песната "Најтешкото нешто" (Хардест Тхинг) е снимана во Ирска, а за Тоше ја напиша познатиот компзитор Вејн Хектор. Рајт предлага новиот албум на Тоше да се вика" Засекогаш завршен ден" (Форевер Ендед Даs), според песната "Форевер", која заедно ја напишаа, а симболично зборува и за денот кој засекогаш заврши, додека Љиљана Петровиќ, менаџерката на Тоше би сакала албумот да се вика "Најтешкото нешто" (Хардест Тхинг), според првата песна од албумот која е пуштена во јавноста. Но конечната одлука ќе ја донесе семејството на Тоша. Албумот ќе го издадат сите дискографски куќи во Македонија, Хрватска, Словенија, БиХ и Црна Гора, а промоцијата е планирана за во септември на Градскиот стадион во Скопје. Воедно ќе биде промовиран и документарен филм, кој е сниман последните две години.
извор: www.vest.com.mk | |
| | | aleksandra Активен
Број на мислења : 1601 Age : 41 опис: : R.I.P. TOSE Репутација : Registration date : 2008-05-23
| Предмет: Re: The Hardest Thing --- PROMOCIJA Чет Aвг 21, 2008 5:44 pm | |
| | |
| | | cherry Администратор
Број на мислења : 1127 Age : 42 Локација : Далеку од тебе Репутација : Registration date : 2008-05-02
| Предмет: Re: The Hardest Thing --- PROMOCIJA Пон Aвг 25, 2008 5:34 am | |
| http://www.gloria.com.hr/vijesti/showpage.php?id=5800 | |
| | | batbayan Модератор
Број на мислења : 1410 Age : 38 Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми Репутација : Registration date : 2008-06-11
| Предмет: Re: The Hardest Thing --- PROMOCIJA Пон Сеп 15, 2008 2:33 pm | |
| ИСПОЛНЕТА ПОСЛЕДНАТА ЖЕЛБА НА ТОШЕ Дуетот со внукот Кристијан на доработка во Лондон "Малечко" (Литхле тхинг) е песната која што Тоше Проески започна да ја снима во дует со својот внук, 11 годишниот Кристијан. Вујкото и внукот не успејаа да ја завршат песната, која што Тоше ја напиша специјално за нив двајца. Деновиве, во студиото на
"Малечко" (Литхле тхинг) е песната која што Тоше Проески започна да ја снима во дует со својот внук, 11 годишниот Кристијан. Вујкото и внукот не успејаа да ја завршат песната, која што Тоше ја напиша специјално за нив двајца. Деновиве, во студиото на Валентино Скендеровски, малиот Кристијан ги досними вокалите, а песната би требала да се промовира наскоро, ако со тоа се сложи семејството Проески. Како што дознаваме, синглот е пратен на миксање во студиото на Енди Рајт во Лондон, продуцентот кој го работеше англискиот албум на Тоше. Се работи за емотивна балада, во која Тоше и неговиот внук пеат наизменично, а рефренот вели: Мое малечко, некој да плачеш, немав време да се збогувам со тебе... Оригиналниот текст кој го напишал самиот Тоше е задржан во добар дел од песната, постојат мали делови кои ги преадаптирала неговата пријателка Петра. - За време на неговата богата музичка кариера, Тоше секогаш изјавуваше дека неговиот внук има голем музички потенцијал, и голема желба му е да сними дует со него. Другите две желби се да има полн стадион, и светска кариера. Сите три желби јас ќе му ги исполнам, па ќе се повлечам од оваа работа", ни изјави менаџерката Љиљана Петровиќ. На 5 октомври, на Градскиот стадион најдрагите соработници на Тоше, познати уметници од целиот Балкан ќе пејат во Скопје во негова чест. Концертот го организира Фондацијата Тоше Проески, а е подржан од Владата на Рапублика Македонија. Настанот се организира по повод една година од последниот концерт на Тоше на стадион. Организаторите дополнитално ќе ги соопштат учесниците. Концертот е од хуманитарен карактер. (М.Џ.)
http://vest.com.mk/default.asp?id=156930&idg=8&idb=2474&rubrika=%40ivot | |
| | | Tanja Член
Број на мислења : 593 Age : 36 Локација : Skopje, Makedonija опис: : TOSE TE SAKAME I KE TE SAKAME ZASEKOGAS! Репутација : Registration date : 2008-06-06
| Предмет: Re: The Hardest Thing --- PROMOCIJA Сре Дек 10, 2008 3:59 pm | |
| Ексклузивно: Фановите од регионот ја избираат обвивката за новото CD на Тоше Проески За нешто повеќе од еден месец, на 25. јануари 2009-та година, на денот кога е роден легендарниот македонски пејач Тоше Проески, ќе се роди и неговиот прв и за жал последен албум наменет за светскиот пазар. CD-то The Hardest Thing во исто време ќе биде објавено во шест земји – Македонија, Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина, Словенија и Црна Гора, а до лето следната година и во бројни европски земји. Но, без оглед што Тоше ги одработи сите напорни снимања во Ирска, на Јамајка, во Лондон и Стокхолм, за жал не успеа да стави шлаг на тортата и да одбере обвивка за својот албум наменет за светскиот музички пазар, за кој потроши стотина последни работни часови од својот живот. Со дозвола на Меѓународната фондација која го носи името на Тоше, менаџерката Љиљана Петровиќ и продукцијата Award решија одлуката за избор на каверот за тој албум во потполност да ја препуштат на верната публика и многубројните фанови на Тоше. Гласот на Тоше секогаш беше пресуден во изборот на обвивка за неговите албуми. За жал не го доживеа излегувањето на најважното CD во кариерата, па решивме гласот на Тоше, во изборот на обвивката, да го отстапиме на неговите фанови и почитувачи на неговото дело, бидејќи благодарение на нив, тој и понатаму преку своите песни живее во стотина илјади домови – вели Љиљана Петровиќ. Предложените идејни решенија за обвивка за албумот од среда, 10. декември во 10 часот ќе бидат ексклузивно објавени на по еден одбран портал во неколку земји, во кои Тоше ги полнеше концертните простори. Честа македонските фанови да го изберат идејното решение ја имаат посетителите на MMM.com.mk. Во Хрватска тоа им е овозможено на читателите на еден од највлијателните тамошни портали – Index.hr, додека во Словенија таа чест им припаѓа на посетителите на Siol.net и Planet.si. Во Босна и Херцеговина изборот падна на web-порталот Sarajevo-x.com, а во Србија ќе гласаат посетителите на Svetplus.com. Читателите на порталите, верната публика на Тоше и неговите многубројни фанови, ексклузивно ќе можат да ги видат сите четири предложени идејни решенија, од кои едно ќе биде избрано за обвивка на последниот албум на Тоше. Својот глас за еден од предлозите ќе можете да го дадете на нашата анкета, а подолу во текстот, во делот предвиден за коментарите, ќе можете да оставите своето размислување, пофалба и критика. Кога ќе се збројат гласовите од сите портали, ќе падне одлука која обвивка на 25-ти декември ќе замине на печатење. Сигурна сум дека на Тоше идејата неговата публика активно да учествува во создавањето на неговиот албум, многу би му се допаднала. Одбраниот кавер на накој начин ќе претставува подарок од неговата публика за неговиот 28-ми роденден, кој би го прославил на 25-ти јануари. Тој ден, албумот The Hardest Thing ќе се најде на пазарот во шестте земји од регионот, а во поголемите градови во Македонија, Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина и Словенија ќе осамнат 500 билборди. Тоа е подарок за споменот на Тоше од сите нас, кои ја имавме честа да соработуваме со него – кажа Љиљана Петровиќ. Важно: Гласањето е отворено до 20-ти декември 2008-ма! http://www.mmm.com.mk/?ItemID=47EC004E6CC10A4F97145B48E213CB6C | |
| | | Tanja Член
Број на мислења : 593 Age : 36 Локација : Skopje, Makedonija опис: : TOSE TE SAKAME I KE TE SAKAME ZASEKOGAS! Репутација : Registration date : 2008-06-06
| Предмет: Re: The Hardest Thing --- PROMOCIJA Чет Дек 11, 2008 2:58 pm | |
| Обожавателите ќе ја изберат обвивката за албумот на Тоше http://www.novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=2&fCat=1&top=1&EditionID=261&ArticleID=13441
Фановите ќе ја одберат обвивката на албумот на Тоше http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=093EE79A4F18BC4787E0FEC12A09B9E2
Фановите ќе го избираат омотот за англискиот албум на Тоше http://www.vecer.com.mk/?ItemID=6CA92130BCC6D144BF4745E4F7A0FD1B http://www.radiomk.com/index.php?categoryid=1&p2_articleid=1314 | |
| | | Tanja Член
Број на мислења : 593 Age : 36 Локација : Skopje, Makedonija опис: : TOSE TE SAKAME I KE TE SAKAME ZASEKOGAS! Репутација : Registration date : 2008-06-06
| Предмет: Re: The Hardest Thing --- PROMOCIJA Саб Дек 20, 2008 2:00 pm | |
| Фановите на Тоше ја избраа обвивката за CD-то The Hardest Thing
По десетдневното гласање на шест регионални портали, вклучувајќи ја и web-страната MMM.com.mk, каде гласаа пред се фановите од Македонија, ги имаме резултатите од анкетата: Кое од четирите предложени решенија треба да се најде на обвивката на албумот The Hardest Thing, пред се наменето за светскиот пазар.
За десет дена, колку што траеше гласањето, на MMM.com.mk беа регистрирани рекордни 10.401 глас, од кои 6.550 (63%) беа за првиот предлог – темно сина обвивка на кое се Тоше и ѕвездата.
На второто место, според собраните гласови, се најде вториот предлог за кој гласаа 2.638 фанови (25%), додека предлог број 3 на крајот од гласањето имаше 721 глас (7%). За четвртиот предлог имаше 492 гласа, или 5%. Дознаваме дека идентични резултати се добиени и на другите портали на кои се одвиваше гласањето.
Им благодарам на сите кои гласаа на анкетата, и на тој начин, место Тоше, ја избраа обвивката за неговото прво и последно CD наменето за светскиот пазар – изјави менаџерката Љиљана Петровиќ, и дополни:
Во истовреме им се извинувам и на сите гледачи на А1 телевизија и на емисијата Ексклузив, во која кажав дека гласањето е отворено до 20. јануари. Гласањето беше предвидено да трае десет дена, и траеше според предвиденото. Мојата изјава, иако избегнувам да давам изјави, ја кажав телефонски, без доволно концентрација, не сакајќи да ги одбијам новинарите на Ексклузив – вели Петровиќ.
Според неа, обвивката веќе деновиве заминува на печатење, додека објавувањето на албумот The Hardest Thing е предвидено на 25. јануари 2009-та, кога Тоше Проески требаше да го прослави својот 28-ми роденден.
МММ.com.mk им се заблагодарува на сите кои во изминативе десет дена гласаа на анкетата и кои оставија свој коментар, зачувувајќи и на тој начин спомен на нашиот единствен Тоше Проески!
http://www.mmm.com.mk/?ItemID=21DF994C2E54A64C9E574CA187CF6BC8 | |
| | | batbayan Модератор
Број на мислења : 1410 Age : 38 Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми Репутација : Registration date : 2008-06-11
| Предмет: Re: The Hardest Thing --- PROMOCIJA Пон Дек 22, 2008 2:06 pm | |
| http://vecer.com.mk/?ItemID=9A3D2A484D3BE54E99FA2602161D116D
http://dnevnik.com.mk/?ItemID=1CF74B3F03569C4098A6A3B553C09DBD
http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=1&EditionID=1581&ArticleID=104449 | |
| | | Tanja Член
Број на мислења : 593 Age : 36 Локација : Skopje, Makedonija опис: : TOSE TE SAKAME I KE TE SAKAME ZASEKOGAS! Репутација : Registration date : 2008-06-06
| Предмет: Re: The Hardest Thing --- PROMOCIJA Пон Дек 22, 2008 3:01 pm | |
| Публиката ја избра обвивката за англискиот албум на Тоше !
http://www.radiomk.com/index.php?categoryid=1&p2_articleid=1336 | |
| | | batbayan Модератор
Број на мислења : 1410 Age : 38 Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми Репутација : Registration date : 2008-06-11
| Предмет: Re: The Hardest Thing --- PROMOCIJA Пет Дек 26, 2008 9:17 pm | |
| http://www.index.hr/xmag/clanak/tose-proeski-nasao-svoju-naslovnicu-za-album-pod-zvjezdanim-nebom/414751.aspx
ПУБЛИКАТА ОДЛУЧИ ЗА АЛБУМОТ Autor: Александар Наков
Objavljeno: 22.12.2008 16:15
Како ангел на небо не гледа, најсјајната меѓу сите ѕвезди. Тоше беше ѕвезда што светеше овде долу, а сега е ѕвезда што свети таму горе и што никогаш не се гаси. Вака фановите на поп-ѕвездата Тоше Проескија опишува фотографијата која најверојатно ќе се најде на каверот на неговиот нов, и за жал, последен албум насловен “Тхе Хардест тхинг”. Десетдневното гласање на интернет-страниците завршува. Ликот на Тоше пред темното небо на кое единствено свети најсјајната ѕвезда е изборот во сите шест поранешни Југословенски републики. Иако се уште официјално не се собрани сите гласови, непосредно пред крајот на гласањето, предлогот на Жарко Стојановски авгторот на еден од омотите ги освои вкусовите на публиката, која по повеќе од една година од заминувањето на Тоше не може да прифати дека ангелот не е веќе меѓу нас. ”Легендата не е меѓу нас, но живее со нас. Одлуката за обвивката на албумот се најде во рацете на сите оние што пееја заедно со него на големите концерти. Конечниот глас на Тоше го имаа тие. Сигурна сум дека на Тоше многу би му се допаднала идејата неговата публика да учествува во создавањето на неговиот албум. Избраниот кавер на некој начин е подарок за него од неговата публика. Без оглед што Тоше ги одработи сите напорни снимања во Ирска, Лондон, Стокхолм и на Јамајка, за жал, не успеа да и стави “шлаг на тортата” и да ја избере обвивката на албумот наменет за светскиот пазар. Публиката нека го круниса напорот и трудот за кои Тоше потроши стотина последни работни часови од својот живот”, вели неговата менаџерка Љиљана Петровиќ. Тоше замина, а публиката остана да ги пее неговите песни и да го слави неговиот роденден. На 25 јануари Тоше ќе го добие подарокот кој можеби најмногу го сакаше - англискиот албум. Тој не доживеа овие песни да ги пее заедно со илјадниците грла на Градскиот стадион. Неговиот роденденски подарок ќе биде и подарок за неговите фанови. Тие добија нови песни од нивниот миленик, нови стихови кои ќе одекнуваат на Балканот, ќе одекнуваат можеби и во цела Европа, со надеж дека најсјаната ѕвезда на небото тоа ќе го слушне. 28- от роденден на Тоше ќе го слави цел Балкан. Албумот истовремено ќе биде објавен во Македонија, Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Словенија и Црна Гора. Во текот на летото следната година, ова англиско првенче на Тоше за кое тој сонуваше, ќе биде промовирано и во бројни европски земји. Последниот албум на македонската икона ќе се промовира и на билбордите низ градовите од поранешните ју - простори. А обвивката кој публиката ја избра, идниот четврток ќе биде испратена во печатница. Новото цеде со обвивката, која според фановите ја опишува моменталната ситуација, ќе го освојува европскиот пазар. Во исчекување на новите хитови на нашиот Тоше, публиката ќе каже: ”Тој е горе во височините каде што и секогаш беше. Се наоѓа во темнина. Темнината сме ние, фановите кои чуваме една голема темнина во срцата, бидејќи него повеќе го нема. А на небото има само една сјајна звезда - Тоше, единствена сјајна ѕвезда која секогаш ќе остане да сјае”.
http://www.svet.rs/clanak/%D0%9F%D0%A3%D0%91%D0%9B%D0%98%D0%9A%D0%90%D0%A2%D0%90-%D0%9E%D0%94%D0%9B%D0%A3%D0%A7%D0%98-%D0%97%D0%90-%D0%90%D0%9B%D0%91%D0%A3%D0%9C%D0%9E%D0%A2 | |
| | | Sponsored content
| Предмет: Re: The Hardest Thing --- PROMOCIJA | |
| |
| | | | The Hardest Thing --- PROMOCIJA | |
|
Similar topics | |
|
| Permissions in this forum: | Не можете да одговарате на темите во форумот
| |
| |
| |
|