Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeLatest imagesБарајРегистрирајте сеВлез

 

 Други новости во врска со Тоше

Go down 
+22
poli_lee
Ane
stefi_18
emi
lovetose
LudaMala
Tanjuska
Sophia_2061
AlmostAnAngel
marice
zorana
Eli
batbayan
Chris
ElizaBeta
cherry
rozeta193
Tanja
Tvojata senka
bibe_tose
grkovicvanja
aleksandra
26 posters
Отиди на страна : Previous  1 ... 6 ... 8, 9, 10 ... 14 ... 20  Next
АвторПорака
batbayan
Модератор
Модератор
batbayan


Број на мислења : 1410
Age : 38
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
Други новости во врска со Тоше - Page 9 Left_bar_bleue11 / 10011 / 100Други новости во врска со Тоше - Page 9 Right_bar_bleue

Registration date : 2008-06-11

Други новости во врска со Тоше - Page 9 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Други новости во врска со Тоше   Други новости во врска со Тоше - Page 9 I_icon_minitimeВто Дек 23, 2008 6:18 pm

http://novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=2&fCat=1&top=1&EditionID=271&ArticleID=14282
Вратете се на почетокот Go down
batbayan
Модератор
Модератор
batbayan


Број на мислења : 1410
Age : 38
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
Други новости во врска со Тоше - Page 9 Left_bar_bleue11 / 10011 / 100Други новости во врска со Тоше - Page 9 Right_bar_bleue

Registration date : 2008-06-11

Други новости во врска со Тоше - Page 9 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Други новости во врска со Тоше   Други новости во врска со Тоше - Page 9 I_icon_minitimeВто Дек 23, 2008 6:26 pm

http://vest.com.mk/default.asp?id=161263&idg=8&idb=2556&rubrika=Skopje
Вратете се на почетокот Go down
stefi_18
Член
Член
stefi_18


Број на мислења : 628
Age : 33
Локација : Makedonija
Репутација :
Други новости во врска со Тоше - Page 9 Left_bar_bleue0 / 1000 / 100Други новости во врска со Тоше - Page 9 Right_bar_bleue

Registration date : 2008-10-20

Други новости во врска со Тоше - Page 9 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Други новости во врска со Тоше   Други новости во врска со Тоше - Page 9 I_icon_minitimeСре Дек 24, 2008 4:30 pm

Од Љиља завршив на психијатар


Андријана Будимир ја тужи менаџерката на Тоше Проески Љиљана Петровиќ за клевета. На 15 октомври годинава, само еден ден пред годишнината од загинувањето на Тоше Проески, менаџерката Љиљана Петровиќ во едно од изданијата на Ти-порталот, како и на хрватскиот портал "24 сата" изјавила дека Андријана Будимир и Тоше воопшто немале комуникација последните 16 дена од неговиот живот. Изнесените невистини тужената Петровиќ свесно ги темпирала ден пред годишнината од трагичниот настан, смета тужителката Андријана Будимир, со цел неа да и нанесе штета. Поради тоа, Будимир поднела приватна кривична тужба за клевета, а судскиот процес почна вчера во Основниот суд Скопје 1. Тужителката бара јавно извинување од менаџерката на Тоше и парична отштета од 150 илјади евра.

"За разлика од Љиљана Петровиќ, јас не би сакала да го вовлечам името на Тоше во медиумите. Само сакам да кажам дека со последната изјава на тужената, мојот живот во Македонија стана невозможен. Овде, од еден угледен спортист, кој придонел за Македонија, завршив на психијатар", плачеше Будимир вчера во Основниот суд Скопје 1. Таа одби пауза за да се соземе, и продолжи: "Целта на ова судење е да се разбере вистината, тужената Петровиќ јавно да ми се извини и да ја плати штетата. Во работата која ја почнав во Скопје вложив се што сум заработила во животот, но по нејзините клевети, сите оние со кои работам создадоа впечаток дека не сум при здрав разум".

Адвокатот на Андријана, Ненад Јаниќевиќ рече дека само во првите часови по објавувањето на интервјуто со тужената, 30 илјади читатели го прочитале текстот. "Штетата што и е сторена на тужителката е огромна", тврдеше Јаниќевиќ.

Петровиќ во својата изјава пред Судот објасни зошто и бил потребен листингот од телефонските повици од службениот мобилен телефон кој му го плаќала продуцентската куќа "Аворд".

"Во 'Национал ексклузив' неколку дена по смртта на Тоше излезе интервју со Будимир, во кое таа тврди дека Тоше возел до хрватската граница таа кобна ноќ, па се сменил на совозачкото место и дека и се јавил од граница. Тоше ниту возеше до хрватската граница ниту се јави некому таа ноќ. Не напиша ни порака. Тој воопшто не возеше таа ноќ", објаснуваше тужената.

"Со оглед на тоа дека таа изјава предизвика хаос во семејството - дека јас лажам кога тврдам и во процесот против возачот Ѓорѓе Ѓорѓевски дека Тоше спиел, имав причина да побарам листинг со повиците од неговиот мобилен. Листингот го дадов на семејството на Тоше, преку нивниот правен застапник", рече менаџерката на Тоше. Таа тврди дека не знае како дознале новинарите дека има листинг од повиците на Тоше од први до 16 октомври лани. "Кога ми се јавија од '24 сата', тогаш ја дадов изјавата. Ништо не сум темпирала", тврди Петровиќ.

"Мојата изјава се однесуваше само за тој ден, односно за таа ноќ. Согласно листингот, Тоше навистина не пратил порака никому ниту се јавил. Не ме интересираше дали претходно и пишувал порака на госпоѓата Андријана, сигурно и пишувал, па тие излегуваа заедно. Ме интересираше само таа ноќ", тврдеше Петровиќ.

На тоа реагираше адвокатот на Будимир, кој како доказ го упати Судот да провери на листингот дека Тоше и се јавил на Андријана во 00.01 минута на 16 октомври лани, пред да загине.

"Јас се качив во 'туарегот' во Ниш во 02 часот, не знам дали претходно Тоше се јавил некому, но тврдам дека од тој момент никому не се јави и не пиша порака", тврдеше Љиља.

"Зошто не прецизирала тужената оти нејзините тврдења дека немало комуникација меѓу тужителката и покојниот Тоше се однесуваат само за последната ноќ, а не за последните 16 дена од животот?", ја аргументираше тужбата одбраната на Будимир, на што тужената рече дека не бил ниту нејзин, а ниту принцип на Тоше да тужи, демантира, да објаснува и да се влечка по медиумите.

Судењето се одложи за шести февруари напладне, за кога се закажани и завршните зборови на двете страни.

С.К.Делевска

***

Порака имало, ама не за Андријана

"'Волим те, лепо ми пајки', таква порака од последната ноќ од животот на Тоше немаше. Имаше порака, но не за Андријана. Таа беше за една драга пријателка на Тоше", рече тужената Љиља. Таа продолжи да ја нервира Андријана Будимир: "Листингот инсистирам да биде само за Судот. Сакам да остане тајна со кои луѓе контактираше Тоше тој месец".

Тужителката Будимир и нејзиниот адвокат вчера првпат ја видоа листата со повиците од последните 16 дена од животот на Тоше. Според адвокатот Јаниќевиќ, пораките и повиците се совпаднале според термините, датумите и саатницата насочени кон мобилниот на Будимир 075 532 630.

Будимир сосе мобилниот ги даде на судијата на увид сите пораки од Тоше од последните денови пред несреќата. Пораките и листингот беа единствените докази кои беа приложени за ова судење.

***

Пораките на Тоше за Андријана

- Принцезо моја убава, убаво да ми спиеш, па ќе те чувам во сонот. Се има смисла откако повторно си во мојот живот. Те сакам, убаво да ми нанаш.

- Ангелу мој, те сакам, ми недостигаш, принцезо моја.

- Живеам за тебе, единствена моја, те сакам повеќе од се.

- Ти си мојата единствена потпора и љубов која ми помага да ја победам и да ја срушам секоја препрека, а некои дури не ги ни забележувам.

- Принцезо моја, вози полека, ако ме сакаш. Ако нагазиш повеќе од 140, значи дека не ме сакаш. Те сакам, ангелу.

- Внимавај како возиш, особено таму кај онаа кривина. Живеам за тебе, љубов моја единствена, те сакам повеќе од се".

(Пораките се објавени во хрватскиот магазин "Екстра" на 25.10.2007 година)

***

Љиљана Петровиќ барала листа од повиците на Тоше

Хрватскиот веб портал "24 сата" на 15 октомври годинава, пред одбележувањето на годишнината од смртта на Тоше, објави изјава од Љиљана Петровиќ во која таа вели дека барала листа на повиците и СМС пораките од мобилниот телефон на Тоше во последните 16 дена од неговиот живот. Од листата е видливо дека пораки и повици кон телефонскиот број на Андријана Будимир нема, се вели во хрватскиот портал.

"Вистина е дека барав листа на повиците и пораките од телефонот на Тоше. Го направив тоа за семејството на Тоше и, пред се, за себе. Навистина не знам зошто таа девојка го прави тоа. Јас не и посакувам никакво зло. Нека е жива и здрава, но нека го живее својот живот", изјави тогаш Петровиќ за 24 часа.

***

Будимир за "Глорија": "Тоше ми прати порака пред да загине"

За распламтената љубов меѓу неа и Тоше Проески, Андријана Будимир , како што се наведува во написот во хрватската "Глорија", објавен една недела по погребот на Тоше, со наслов "Тајната љубов откриена после смртта", приложила докази. "Една од последните пораки и е од кобниот пат кон Загреб, а во неа Тоше напишал: 'Се има смисла откако си повторно во мојот живот'. Натаму весникот наведува дека кога стигнал на хрватска граница, Тоше ја побарал и уште еднаш и посакал добра ноќ, објави тогаш хрватскиот неделник.


Извор: Вест
Вратете се на почетокот Go down
aleksandra
Активен
Активен
aleksandra


Број на мислења : 1601
Age : 41
опис: : R.I.P. TOSE
Репутација :
Други новости во врска со Тоше - Page 9 Left_bar_bleue18 / 10018 / 100Други новости во врска со Тоше - Page 9 Right_bar_bleue

Registration date : 2008-05-23

Други новости во врска со Тоше - Page 9 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Други новости во врска со Тоше   Други новости во врска со Тоше - Page 9 I_icon_minitimeСре Дек 24, 2008 5:39 pm

о боже...неам коментар за ова што го прави Будимир.... Други новости во врска со Тоше - Page 9 63820 ...ах Тошенце...Други новости во врска со Тоше - Page 9 90386 Други новости во врска со Тоше - Page 9 90386
Вратете се на почетокот Go down
batbayan
Модератор
Модератор
batbayan


Број на мислења : 1410
Age : 38
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
Други новости во врска со Тоше - Page 9 Left_bar_bleue11 / 10011 / 100Други новости во врска со Тоше - Page 9 Right_bar_bleue

Registration date : 2008-06-11

Други новости во врска со Тоше - Page 9 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Други новости во врска со Тоше   Други новости во врска со Тоше - Page 9 I_icon_minitimeПет Дек 26, 2008 1:34 pm

http://novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=4&tabid=2&fCat=1&top=1&EditionID=273&ArticleID=14497


http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=1584&ArticleID=104684
Вратете се на почетокот Go down
batbayan
Модератор
Модератор
batbayan


Број на мислења : 1410
Age : 38
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
Други новости во врска со Тоше - Page 9 Left_bar_bleue11 / 10011 / 100Други новости во врска со Тоше - Page 9 Right_bar_bleue

Registration date : 2008-06-11

Други новости во врска со Тоше - Page 9 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Други новости во врска со Тоше   Други новости во врска со Тоше - Page 9 I_icon_minitimeПет Дек 26, 2008 9:11 pm

„Тоше ни покажа што е тоа љубов“
Дарко Штаргоски Коментари (0)


26.12.2008 14:29
30-тина деца со посебни потреби од дневниот центар од Крива Паланка го посетија гробот на Тоше


Тоше не научи да се сакаме сите помеѓу себе и единствено тој ни покажа што е тоа љубов. Со овие пораки денеска 30-тина деца со посебни потреби од дневниот центар од Крива Паланка го посетија гробот на Тоше.

Велат дека многу го сакаат Тоше, а секој петок во Центарот ја слушаат неговата музика како соодветна музичка терапија.

„Тоше ми значи најмногу од се и многу сакав тука да дојдам, тој е единствениот човек што не научи да сакаме и да не се мразиме помеѓу себе“, вели Тони Стојаноски, штитеник во Центарот.

„Ние сите го сакаме Тоше со цело наше срце“, изјави Јадранка Николовска, штитеник во Центарот.

„Многу ги слуша неговите песни, има ленти, цедиња и постојано тој сака да пее како Тоше, да игра“, рече Десанка Стојческа, мајка на штитеник дете.

Целта на оваа посета била овие дечиња да се изнесат во јавноста и без предрасуди да се докаже дека и тие се еднакви со нас.

„Целта ни е не само овие дечиња од Крива Паланка да дојдат тука, туку да дојдат од цела Македонија, има многу семејства кои децата не ги носат во јавноста. Сами гледате колку ова дружење е важно за нив“, потенцираше Ивица Младенов, претседател на организација „Хоризонт Македонија“.

Од Фондацијата „Тоше Проески“ изјавија дека дел од парите собрани од концертот за Тоше, околу 9,5 милиони денари, ќе бидат наменети токму за овие дечиња.

„Мислам дека ќе успееме да допреме до срцата на сите оние на кои им е најпотребна љубов, она што и самиот Тоше им го пружеше“, вели Андреј Николоски, извршен директор на Фондација „Тоше Проески“.

Оваа до сега најголема хуманитарна акција ќе се спроведе на 25. јануари, на роденденот на Тоше.


http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=102281
Вратете се на почетокот Go down
batbayan
Модератор
Модератор
batbayan


Број на мислења : 1410
Age : 38
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
Други новости во врска со Тоше - Page 9 Left_bar_bleue11 / 10011 / 100Други новости во врска со Тоше - Page 9 Right_bar_bleue

Registration date : 2008-06-11

Други новости во врска со Тоше - Page 9 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Други новости во врска со Тоше   Други новости во врска со Тоше - Page 9 I_icon_minitimeПет Дек 26, 2008 9:12 pm

Владата е против изградба на споменик на Тоше на плоштадот



Градот нема да се откаже од идејата на Костовски доколку добие поддршка од граѓаните

Деспина Трајковска

Идејата на градоначалникот Трифун Костовски за изградба на споменик-фонтана на Тоше Проески на плоштадот е последната иницирачка каписла која, по се' изгледа, ќе ја разгори повеќемесечната отворена војна меѓу градската и централната власт. Иако од Владата вчера беа категорични дека се против идејата на Костовски и немаат намера со него да дебатираат на таа тема, Градот Скопје не се обесхрабрува да ја реализира иницијативата, зашто очекува поддршка од граѓаните.

„Иницијативата нема ни да ја разгледаме, ниту пак планираме да се сретнеме со Костовски, иако тоа го побара од нас. Немаме намера да ги коментираме неговите ставови по кое било прашање, особено не за неговите последни идеи и проекти. Уште помалку сега, три месеци пред истекот на неговиот мандат кога граѓаните дефинитивно ќе му пресудат за се'“, ни изјави вчера владиниот портпарол Шефик Дураки.

Од Градот вчера не сакаа да го коментираат ставот на Владата. Очекуваат поддршка од граѓаните кои веќе два дена своето мислење по иницијативата можат да го искажат на веб-страницата на Градот, или преку писмо. Иако досега кај граѓаните преовладува мислењето „против“ иницијативата, од кабинетот на Костовски велат дека е рано да се суди.

„Рано е да ги коментираме резултатите. Анкетата, најверојатно, ќе трае до 10 јануари. Конечниот исход ќе ни ги одреди натамошните насоки“, рекоа вчера од кабинетот на Костовски, каде што очекуваат дека јавноста ќе ја прифати иницијативата.

Сметаат дека при евентуална реализација на идејата, нема да имаат никакви пречки, оти, како што неодамна напомена Костовски, плоштадот е во сопственост на Градот, доделен од Министерството за транспорт и врски на користење 99 години.

Засега, два дена по промовирањето на идејата на Костовски, во јавноста мислењата се поделени. На сајтот на Градот до вчера напладне се изјаснија 555 граѓани. Од нив, 336 не се согласуваат на плоштадот да се изгради споменик на Тоше, а 211 се „за“. Осум граѓани, пак, не се определиле. И читателите на веб-порталот на „Утрински весник“ имаа можност да остават коментар на иницијативата на Костовски. И таму видувањата се различни. „Идејата е супер само да не се злоупотреби во политички цели како концертот во чест на Тоше“, „Тоше не' воздигна како нација. Неговата песна, неговата појава зрачи љубов, чесност, верба, затоа сметам дека треба да има таков споменик на плоштадот“, „Браво за идејата! Доста ни е од споменици на луѓе кои убивале и војувале. Ајде да ги славиме радоста и љубовта“, се само дел од позитивните коментари по иницијативата. Дел од граѓаните, пак, се сомневаат во „чесноста“ на идејата. Сметаат дека ова е уште еден чекор на Костовски за непотребна конфронтација со Владата. „Не политизирајте го плоштадот, дајте едноставно фонтана, или некоја модерна скулптура, без конотација со некоја историска личност и политичка инволвираност“, „Ако не сака Трифун споменик од Александар, нека каже така, а не да го користи Тоше за некои негови несогласувања“, се дел од коментарите на читателите.


http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=D058AFD6E4FACD49A207D32EA7A751F3
Вратете се на почетокот Go down
batbayan
Модератор
Модератор
batbayan


Број на мислења : 1410
Age : 38
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
Други новости во врска со Тоше - Page 9 Left_bar_bleue11 / 10011 / 100Други новости во врска со Тоше - Page 9 Right_bar_bleue

Registration date : 2008-06-11

Други новости во врска со Тоше - Page 9 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Други новости во врска со Тоше   Други новости во врска со Тоше - Page 9 I_icon_minitimeПет Дек 26, 2008 9:26 pm

http://kirilica.com.mk/vest.asp?id=19797
Вратете се на почетокот Go down
stefi_18
Член
Член
stefi_18


Број на мислења : 628
Age : 33
Локација : Makedonija
Репутација :
Други новости во врска со Тоше - Page 9 Left_bar_bleue0 / 1000 / 100Други новости во врска со Тоше - Page 9 Right_bar_bleue

Registration date : 2008-10-20

Други новости во врска со Тоше - Page 9 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Други новости во врска со Тоше   Други новости во врска со Тоше - Page 9 I_icon_minitimeНед Дек 28, 2008 3:10 am

Синиша Шкарица (Кроација рекордс)


Нашите порти се отворени и за изведувачите од Македонија !




Со Синиша Шкарица, кој несомнено важи, за, не само хрватски, туку и за водечки регионален дискографски археолог, зборувавме за ...


...



Со човекот кој важи за жива енциклопедија на рокенролот, зборувавме и за дискографската криза во светот, перспективите кои ги нудат новите технологии, но и за неправдата која на Тоше Проески му беше направена на 15-то доделување на наградите Порин...


...


Бидејќи сте претседател на институтот на Хрватско дискографско здружение, кое што ја има јуриздикцијата врз музичките награди Порин, сметате ли дека на Тоше Проески на последното доделување му беше нанесена неправда, бидејќи постхумно не се најде меѓу наградените.

Не мислам дека на Тоше му беше нанесена неправда.

Песната Игра без граница која ја пееше Тоше, а ја компонираше хрватскиот композитор Мирослав Рус, освои награда за најдобра песна и тука ништо не е спорно.

Проблемот е во тоа што според правилникот на Порин, во категорија за домашни награди, можат да учествуваат само државјаните на Хрватска, а Тоше тоа не беше.

За да не дојде повторно до вакви недоразбирања, ние веќе во подготовка на 16-тиот Порин ќе интервенираме во правилникот, па според тоа главен примат за некое издание ќе биде да ли хрватскиот издавач оригинално го објави, или ја презеде лиценцата.

Со други зборови, ако некој изведувач од странство дојде во Загреб, и во некое наше студио, со финансии од некој хрватски издавач, сними албум, кој за прв пат ќе биде објавен во Хрватска, тој албум ќе се третира како домашен.



mmm.com.mk
Вратете се на почетокот Go down
batbayan
Модератор
Модератор
batbayan


Број на мислења : 1410
Age : 38
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
Други новости во врска со Тоше - Page 9 Left_bar_bleue11 / 10011 / 100Други новости во врска со Тоше - Page 9 Right_bar_bleue

Registration date : 2008-06-11

Други новости во врска со Тоше - Page 9 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Други новости во врска со Тоше   Други новости во врска со Тоше - Page 9 I_icon_minitimeВто Дек 30, 2008 11:13 am

Вистинските фанови никогаш не го напуштаат Тоше !
од MP3
Објавено на: Декември 30, 2008


Синглот The hardest thing на прерано загинатата ѕвезда Тоше Проески е на првото место на листата на „Адрија топ 20“. Нумерата што треба да се најде на англискиот албум, кој ќе биде објавен на 25 јануари 2009 година, е на врвот на листата со најгледаните видеоспотови од „Пјур адрија чарт“. На оваа листа Александра Пилева е четврта со песната „Летај со мене“.

Фановите на Тоше исто така од неодамна започнаа со интернет петиција за собрање на електронски потписи, со цел подигање споменик во чест на Тоше Проески во центарот на Скопје. Доколку се согласувате со оваа иницијатива потпишете се.


http://www.radiomk.com/index.php?categoryid=1&p2_articleid=1357
Вратете се на почетокот Go down
batbayan
Модератор
Модератор
batbayan


Број на мислења : 1410
Age : 38
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
Други новости во врска со Тоше - Page 9 Left_bar_bleue11 / 10011 / 100Други новости во врска со Тоше - Page 9 Right_bar_bleue

Registration date : 2008-06-11

Други новости во врска со Тоше - Page 9 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Други новости во врска со Тоше   Други новости во врска со Тоше - Page 9 I_icon_minitimeВто Дек 30, 2008 11:50 am

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=8A5D9BD35D7CA141B297B7AFB15E98C0
Вратете се на почетокот Go down
stefi_18
Член
Член
stefi_18


Број на мислења : 628
Age : 33
Локација : Makedonija
Репутација :
Други новости во врска со Тоше - Page 9 Left_bar_bleue0 / 1000 / 100Други новости во врска со Тоше - Page 9 Right_bar_bleue

Registration date : 2008-10-20

Други новости во врска со Тоше - Page 9 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Други новости во врска со Тоше   Други новости во врска со Тоше - Page 9 I_icon_minitimeВто Дек 30, 2008 9:30 pm

EKSTRA


АНДРИЈАНА И ЉИЉА ВО СУДСКА СМС-ПРЕСМЕТКА

Autor: Спасе Јовановски, Маја Велјановска

Foto: “Свет“ и “Вечер“

Objavljeno: 29.12.2008 14:42



Наместо со насмевка на лицата, огромниот број на фановите на поп-иконата Тоше Проески, Новата година ја пречекуваат дефинитивно збунети. Причината е тужба која пред некој ден против менаџерката на Проески, Љиљана Петровиќ ја поднесе Андријана Будимир. Како “гром од ведро небо“ пукна веста дека ситуацијата меѓу нив две кулминирала кога Љиљана изјавила за хрватскиот портал “24 часа“ дека побарала листа на СМС-повици од мобилниот телефон на Тоше Проески, со цел да докаже дека Тоше не и ги испраќал љубовните пораки на Андријана, туку на некоја друга девојка. Иако никој не очекуваше дека и двете за тој случај ќе се сретнат во скопската судница, до тоа, сепак дојде. Љиљана Петровиќ очигледно бесна и вознемирена, облечена во маслинесто палто, со црн шал околу вратот, и Андријана без трошка шминка, уште побесна, се соочија за да си кажат што имаат пред “лицето на правдата“. Но работата почна од порано, кога “Свет“ дозна за оваа приватна тужба и кога ја исконтактира Љиљана Петровиќ, која беше буквално зачудена: Х“Каква тужба од Андријана?! Јас со таа девојка нема за што да се тужам, можеби таа се тужи со нејзината партнерка од салонот за убавина, но до мене не е стигната никаква тужба. Зафатена сум со подготовките околу промоцијата на новиот албум на Тоше и не сум запознаена со случајот“, ни изјави таа.

Истиот ден и се обративме и на Андријана:
“Од каде ви е на вас мојот број и со кое право ми се јавувате сега за такви работи. Не, немам ништо да изјавам, ајде пријатно, имам свој адвокат, па видете со него“, луто ни одговори Андријана.

Но еве, деновиве во Скопскиот Суд 1 драмата театрално продолжи. Љиља не можеше да и се изначуди на тужбата на Адријана, само заради тоа што сакала да ги демантира нејзините лаги дека Тоше и ги испраќал пораките од типот на: “Принцезо моја единствена, убаво да спиеш, јас ќе те чувам во моите соништа... Се има смисла во мојот живот откако сме повторно заедно. Те сакам! Убаво нанкај...“. А, Андријана во судницата низ солзи во своја одбрана одговори:
“Јас сум јавно навредена, а со тоа е нарушен и мојот углед како и угледот на мојот салон за убавина, кој ми е се во животот и е се во што инвестирав. Не сакам никој да ми чепка во мојата приватност, сакам Љиља јавно да ми се извини“. Андријана, освен што побара од Љиљана јавно извинување, побара и парична оштета од 150 илјади евра!!!

Во приватната тужба која ја поднесе против Љиљана, Андријана меѓу останатото наведува дека со изјавата што менаџерката ја дала за www.24sata.hr таа трпи огромна штета во Македонија, каде што живее и е голем емотивен шок, за кој побарала лекарска помош...
За коментар на сево ова ја побаравме и самата Љиља која само за “Свет“ изјави:
“Сега кога таа мене ме тужи, јас ќе кажам се. Ако не сака да и се мешаат во приватноста, зошто тогаш во хрватските печатени медиуми ги даде приватните фотографии од нив двајцата? Нека се запраша зошто беше избркана од станот на Тоше пред неговата смрт и зошто Тоше и беше лут, зошто ја лажеше целата јавност дека секоја вечер откако починал Тоше го посетувала гробот кога самото обезбедување ме информираше дека таа не се појавила на гробот 9 дена откако Тоше почина! Како не и е срам три дена по смртта на Тоше пред новинарите да изјави дека се туширала со него и дека спиеле заедно во Крушево?! И тоа дека спиела во собата на неговиот внук, Кристијан. Јавноста е дебело излажана од Андријана, а јас тоа ќе го докажам, верувајте“, изјавува огорчено Љиљана. И двете потоа од судницата си заминаа со своите адвокати, не сакајќи ни да се погледнат. Правдата ќе се бара и понатаму, така што наредното рочиште е закажано за 26 февруари.
Вратете се на почетокот Go down
batbayan
Модератор
Модератор
batbayan


Број на мислења : 1410
Age : 38
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
Други новости во врска со Тоше - Page 9 Left_bar_bleue11 / 10011 / 100Други новости во врска со Тоше - Page 9 Right_bar_bleue

Registration date : 2008-06-11

Други новости во врска со Тоше - Page 9 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Други новости во врска со Тоше   Други новости во врска со Тоше - Page 9 I_icon_minitimeСре Дек 31, 2008 9:27 am

http://vecer.com.mk/?ItemID=E8048CDA2BDCEA4E9CB9C2B571B7A27B
Вратете се на почетокот Go down
batbayan
Модератор
Модератор
batbayan


Број на мислења : 1410
Age : 38
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
Други новости во врска со Тоше - Page 9 Left_bar_bleue11 / 10011 / 100Други новости во врска со Тоше - Page 9 Right_bar_bleue

Registration date : 2008-06-11

Други новости во врска со Тоше - Page 9 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Други новости во врска со Тоше   Други новости во врска со Тоше - Page 9 I_icon_minitimeСре Дек 31, 2008 9:29 am

„Драгата пријателка“ на Тоше била Елена Ристеска



Хрватскиот портал „Индекс“ ја објави листата со повици на Проески од кобната вечер

Пејачката Елена Ристеска е „драгата пријателка“ со која Тоше Проески разменувал пораки кобната вечер пред да загине на автопатот кај Нова Градишка. Ова го тврди хрватскиот Интернет-портал „Индекс“, кој пред неколку дена ја објави листата со повици од мобилниот телефон на Тоше на 15 и 16 октомври минатата година.

Кому пишувал и се јавувал Тоше стана предмет на судски спор откако ексракометарката Андријана Будимир ја тужеше менаџерката Лилјана Петровиќ. Таа побара судска разврска поради јавна навреда и траумите што ги доживеала од Лилјана Петровиќ дека, наводно, кобната вечер Тоше не пратил никаква порака, што во јавноста може да се протолкува дека не и' бил момче. Будимир во тужбата наведе дека животот во Македонија поради вакви јавни изјави и' станал кошмар и за тоа побара 150.000 евра отштета од Лилјана Петровиќ. Менаџерката Петровиќ не одрече на судот дека Тоше и Будимир излегувале заедно и дека биле во врска, но во судот сведочеше дека ноќта кога се случи несреќата Тоше и' пратил порака на „драга пријателка“, чиј идентитет одби да го соопшти.

„Од исписот на последните телефонски разговори, кои ‘Индекс‘ наводно ексклузивно ги поседува, видливо е дека Тоше последен пат ја повикал Будимир на 16 октомври, дваесет минути по полноќ, а разговорот траел една минути и четири секунди. Потоа ја побарал менаџерката, која чекала на наплатните рампи кај Ниш, и тоа бил негов последен повик. Од исписите е видливо дека Тоше таа вечер разменувал пораки со пејачката Елена Ристеска. Нејзе и' се јавил таа вечер, а разговорот траел речиси десет минути“, пишува „Индекс“.

Хрватскиот портал потсетува на изјавата на Петровиќ, која вели: „Точно е дека Тоше и' прати порака на една своја драга пријателка, ама тоа не беше Андријана“.

Инаку во јавноста, не само во Македонија, судскиот спор околу пораките на Тоше и неговиот приватен живот се примени со голема горчина и бес. Обожавателите на Тоше се гневни и оправдано реагираат со лутина зошто се сквернави и е предмет на судски спор интимниот живот на најголемата балканска sвезда која беше синоним за личност без пороци. Фановите на Тоше, но не само тие, бараат поголемо достоинство и пиетет кон Тоше од сите актери на судскиот спор и од новинарите кои известуваат за овој бизарен настан. (Г.А.)


http://utrinski.com.mk/?ItemID=F39A926E3374A044AF08DBECB4ADC475
Вратете се на почетокот Go down
batbayan
Модератор
Модератор
batbayan


Број на мислења : 1410
Age : 38
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
Други новости во врска со Тоше - Page 9 Left_bar_bleue11 / 10011 / 100Други новости во врска со Тоше - Page 9 Right_bar_bleue

Registration date : 2008-06-11

Други новости во врска со Тоше - Page 9 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Други новости во врска со Тоше   Други новости во врска со Тоше - Page 9 I_icon_minitimeСре Дек 31, 2008 5:59 pm

Хендикепираните деца од Крива Паланка кај Тоше



Автор: /



Триесетина деца со тежок хендикеп од Крива Паланка во саботата ја исполнија својата најголема новогодишна желба, да го посетат гробот на нивниот миленик Тоше Проески во Крушево. Посетата ја организираше невладината организација „Хоризонт- Македонија“. Желбата на децата беше толку голема што и по снежно невреме дојдоа во Крушево.

- Крајната цел ни е хендикепираните деца од цела Македонија, да почнат да излегуваат од нивните домови, а нивните родители, но и сите други луѓе да ги надминат психичките бариери и на хендикепирани деца да им овозможат да го осознаат светот и преку другарување со нивни здрави врсници, велат од хуманитарната организација.

И овие деца знаат да сакаат, да се радуваат да тагуваат. За нив оваа посета на вечниот дом на Тоше значи многу, бидејќи тој искрено им ја подаруваше својата љубов на сите нив, додаваат од „Хоризонт-Македонија“.
М.Т.

http://novamakedonija.com.mk/ShowNews.aspx?ItemID=564&mid=691&tabId=134&tabindex=0&fCat=4
Вратете се на почетокот Go down
stefi_18
Член
Член
stefi_18


Број на мислења : 628
Age : 33
Локација : Makedonija
Репутација :
Други новости во врска со Тоше - Page 9 Left_bar_bleue0 / 1000 / 100Други новости во врска со Тоше - Page 9 Right_bar_bleue

Registration date : 2008-10-20

Други новости во врска со Тоше - Page 9 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Други новости во врска со Тоше   Други новости во врска со Тоше - Page 9 I_icon_minitimeПет Јан 02, 2009 6:55 pm

Миќа Пајевиќ – „Да ја пееше Тоше, ’Лане моје’ ќе беше светски хит“



Други новости во врска со Тоше - Page 9 7EF9E49F41DB694CBD63CB83B39E6B43


Професорот по пеење од „Операција триумф“ го изнесе своето мислење за вокалните способности на некои од најголемите ѕвезди на српската естрада, вклучувајќи ја и македонската белграѓанка Тијана Дапчевиќ.

На прашањето за Жељко Јоксимовиќ му оддаде уште едно признание на нашиот легендарен пејач.

Пајевиќ се занимава со музичка педагогија подолго време и има свое училиште, надвор од „О.Т.“, во кое неговите часови ги посетувале 88 момчиња и девојки од кои многумина денес се занимаваат со музика професионално. Исто така, тој ги подучува и православните свештеници на правилно црковно пеење.

- Можам да научам и слон да пее, но не можам да направам пејач од некого ако нема срце и душа. Се разбира, неопходно е да има слух, ритам и глас. Повеќето пејачи, особено народњаците, имаат распон на гласот од едвај пет тонови. Да се школува таков глас, за да пее во распон од две октави е навистина голема работа, но и голема добивка за оној што живее од своето пеење - вели професорот.

Еве какво е неговото мислење за некои на најпознатите имиња на екс-југословенската естрада:

Тијана Дапчевиќ - Има убав вокал, музикална е, свири виолончело, но гласот не и е култивиран. Гласот не треба да доминира над пејачката.

Жељко Јоксимовиќ - Музикален е, но распонот на неговиот глас не е нешто особено. Се движи во рамките на една октавичка. Кај него недостасува темперамент и ја немаа онаа форца, која ќе го понесе. Да ја пееше Тоше Проески песната „Лане моје“, таа ќе беше светски хит.

Владо Георгиев - Има феноменални композиции, но не е пејач.

Цеца Ражњатовиќ - Таа е мегаѕвезда, особен вид пејачка, и затоа не би ја коментирал.

Лепа Брена - На Брена би и дал четворка. Пее коректно, ништо ексклузивно, ништо за паѓање во несвест, но коректно. Трае.

Леонтина - Би можела да биде светска пејачка да го култивираше гласот малку. Тешко ви е да ја слушате, бидејќи пее премногу високо. Може да ислушате две песни и тоа ви е доста.

Јелена Карлеуша - Карлеуша заслужува чиста нула. Тоа е инфантилно гласче, без трошка емоција, без трошка квалитет.

Нивес Целзиус - Нивес зеде 15-тина часови кај мене и за неа можам да кажам дека има милозвучно гласче, и ништо повеќе од тоа.

Гоца Тржан - Секој од улица може да пее како Гоца. Нема култивиран глас. Од првата до последната нота на концертите пее фалш. Чиста единица.
Вратете се на почетокот Go down
stefi_18
Член
Член
stefi_18


Број на мислења : 628
Age : 33
Локација : Makedonija
Репутација :
Други новости во врска со Тоше - Page 9 Left_bar_bleue0 / 1000 / 100Други новости во врска со Тоше - Page 9 Right_bar_bleue

Registration date : 2008-10-20

Други новости во врска со Тоше - Page 9 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Други новости во врска со Тоше   Други новости во врска со Тоше - Page 9 I_icon_minitimeНед Јан 04, 2009 5:34 pm

Čudo u Vatikanu: Toše Proeski kandidat za sveca



Sestre Majke Tereze pokrenule su inicijativu koja je poprilično iznenadila velikodostojnike u Vatikanu: Makedonski pjevač, pravoslavac, Toše Proeski trebao bi biti proglašen svetim! Ovaj je prijedlog naišao i na odobravanje Vatikanske televizije, koja je emitirala prilog o Tošinu uzornom životu, bezgraničnoj dobroti i ljubavi prema Bogu. No put prema svetosti, barem prema pravilima Vatikana, nije tako jednostavan kako bi to željeli Tošini brojni poklonici. Toše najprije mora proći beatifikaciju, postati blaženim pa tek onda biti kanonoziran za sveca.

Pristane li Vatikan uopće započeti proces beatifikacije, Toše bi nakon Sv. Nikole mogao postati drugi ekumenski svetac u povijesti Crkve.


Izvor: Arena


[BORIS DZEPAR-MAKEDON]

Sretna i Vekovita neka vam bude nova godina,puna zdravlje ,ljubav,i sreca i neka nasa zvezda sija i ispuni svake zelje za koje cezni covecko bice.A nasa zvezda je nas TOSE.Jas BO RIS DzepAR-MAKEDON ,kao hriscanin i sledbenik ISUSOVOG puta potpuno se slazem sa sestre MAJKE TEREZE za inicijativu.Ali da vam kazem i je dno ,SVETAC se rodi kako SVETAC.......To sto mi mislimo da je Tose to je to ce i da ostane on za nas.Kad idete kod njegovg svetilista(grob ne kazem posto grob je za smrtnike)aTOSE je besmrtan on je bio ,ostao,ice da ostane svetost.Tamo je postavljen granitni krst na kome je ispisana plocka to sto sam sanjao i za sto sam se uverio100%da moj san ,kasnije za jedan dan je bio stvarnost.Na snu sam video to sto nisu znali injegovi ljudi.....trazio sam to stosam sanjao i nasao.

IVANA, NI

Ja bih želela da zamolim ako može da nam se javi gospodin BORIS DŽepar-Makedon,koji je poklonio granitni krst za manastir "Sveto(TOŠE) Preobraženje"kako ga on zove i dovrši nam misao koju je započeo na postu Čudo u Vatikanu...a ja ću napisati njegovu posvetu koju sam uslikala kada sam bila u septembru U KRUŠEVU:

"Smrtta e za smrtnite,a Toše e besmrten,zošto pozadi sebe ostavi dobrini i ljubov na ovoj svet,za da gi naoga vo drugiot.Toj beše,E i ke ostane Svetost što ke se pamti...za navek.Smrtta e zaminuvanje na duhot ot materialnoto,kon patot na beskrajnoto i najubavoto bogatstvo.So VERATA kon Boga,LJUBOVTA kon Boga i VIZIJATA so Boga...site prepreki se otvaraat.VERA;LJUBOV I VIZIJA IDNINATA NA OVOJ ŽIVOT VO OVOJ SVET."
Вратете се на почетокот Go down
batbayan
Модератор
Модератор
batbayan


Број на мислења : 1410
Age : 38
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
Други новости во врска со Тоше - Page 9 Left_bar_bleue11 / 10011 / 100Други новости во врска со Тоше - Page 9 Right_bar_bleue

Registration date : 2008-06-11

Други новости во врска со Тоше - Page 9 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Други новости во врска со Тоше   Други новости во врска со Тоше - Page 9 I_icon_minitimeПон Јан 05, 2009 1:41 pm

Лансиран уште еден сингл на Тоше

Од албумот Игра без граница, чиј тираж е дијамантски (што значи повеќе од 50.000 продадени примероци), во хрватскиот етер е пуштен нов сингл на Тоше Проески, со наслов Среќо не криви ме. Музика и текст се на Мирослав Рус, а за аранжманот е заслужен Никша Братош.

Досегашните синглови Вежи ме за себе, Срце није камен, Игра без граница, Несаница, Још и данас замириши трешња..., ги завземаа првите места на речиси сите топ-листи, па веројатно иста судбина ќе ја има и овој сингл.


http://mmm.com.mk/?ItemID=C6F2DB5578FA954D98BEC365D20D122C
Вратете се на почетокот Go down
stefi_18
Член
Член
stefi_18


Број на мислења : 628
Age : 33
Локација : Makedonija
Репутација :
Други новости во врска со Тоше - Page 9 Left_bar_bleue0 / 1000 / 100Други новости во врска со Тоше - Page 9 Right_bar_bleue

Registration date : 2008-10-20

Други новости во врска со Тоше - Page 9 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Други новости во врска со Тоше   Други новости во врска со Тоше - Page 9 I_icon_minitimeСре Јан 07, 2009 12:46 am

6. јануари 2009.

Тоше неприкосновен владател на топ-листите!!!


Други новости во врска со Тоше - Page 9 E33103C743D5E74FB646ABEF4352ACBB


Со песните Још и данас замирише трешња (Цреша) и Несаница, легендарниот Тоше Проески убедливо триумфираше во изборот на ХР Топ 20 за хит на годината во две категории – поп-рок и забавна музика.

Во делот за најдобрите пејачки победија Тони Цетински и Халид Бешлиќ, а пејачки на годината се Нина Бадриќ и Северина. Во категорија најдобра група се избрани Прљаво казалиште...

Еве ја комплетната ХР Топ 20 листа!

www.mmm.com.mk

http://www.hrtop20.info/
Вратете се на почетокот Go down
cherry
Администратор
Администратор
cherry


Број на мислења : 1127
Age : 42
Локација : Далеку од тебе
Репутација :
Други новости во врска со Тоше - Page 9 Left_bar_bleue6 / 1006 / 100Други новости во врска со Тоше - Page 9 Right_bar_bleue

Registration date : 2008-05-02

Други новости во врска со Тоше - Page 9 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Други новости во врска со Тоше   Други новости во врска со Тоше - Page 9 I_icon_minitimeЧет Јан 08, 2009 2:59 am

НА ХР ТОП 20

Тоше Проески над сите и по трагичната смрт

Тоше Проески со темите "Још и данас замирише трешња" и "Несаница" од веќе дијамантскиот албум "Игра без граница" ја понесе титулата за Хит на годината во двете (поп рок и забавна) категории на официјалната хрватска ХР ТОП 20 листа. Годишната листа е на Медиа сервисот, а во креирањето учествуваат шеесетина радиостаници од цела Хрватска. Песните на Тоше, кој и по трагичната смрт е неприкосновен во регионот, и во двете категории убедливо триумфираа со освоени 32.745, односно 37.282 гласа. "Несаница" во категоријата забавна се најде далеку пред оние на Баруни, Хари Варешановиќ и Жера, Мирослав Шкоро и Халид Бешлиќ, додека во поп-рок "Још и данас замирише трешња" е пред оние на Тони Цетински, Дино Дворник, Лука Нижетиќ и сопствената "The hardest thing".

За пејачка на годината во категоријата забавна музика на ХР ТОП 20 е прогласена Северина за која уште со појавата на темата "Гас, гас" се знаеше дека најмногу ќе се зборува. Иако многумина и прогнозираа поинаков развој, Севе не се симна од топ листите. Нина Бадриќ е победник во поп-рок, група на годината е Прљаво казалиште, а најдобри пејачи се Тони Цетински и Халид Бешлиќ.

За песните...-
За "Још и данас замирише трешња" - Помина повеќе од една година од трагичната смрт на Тоше Проески, но неговите песни и понатаму не потсетуваат на сјајниот вокал и талент со кој располагаше тој пејач со ангелски глас. Во почетокот на февруари песната на Мирослав Рус, кој го потпиша и хитот "Игри без граници", тргна во поход кон врвот...
- За "Несаница" - Оваа песна стана класик, а со изведбата на Тоше Проески и хит каков што уште долги години ќе се памети. "Несаница" полни 23 недели мина на бројот еден. Можеби и ќе продолжи бидејќи се уште е на врвот.


www.vecer.com.mk
Вратете се на почетокот Go down
https://tose-mk.forumakers.com
cherry
Администратор
Администратор
cherry


Број на мислења : 1127
Age : 42
Локација : Далеку од тебе
Репутација :
Други новости во врска со Тоше - Page 9 Left_bar_bleue6 / 1006 / 100Други новости во врска со Тоше - Page 9 Right_bar_bleue

Registration date : 2008-05-02

Други новости во врска со Тоше - Page 9 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Други новости во врска со Тоше   Други новости во врска со Тоше - Page 9 I_icon_minitimeЧет Јан 08, 2009 3:03 am

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=1F4BC1D51D05A74A9DD0A131B11DC8DD
Вратете се на почетокот Go down
https://tose-mk.forumakers.com
Tanja
Член
Член
Tanja


Број на мислења : 593
Age : 36
Локација : Skopje, Makedonija
опис: : TOSE TE SAKAME I KE TE SAKAME ZASEKOGAS!
Репутација :
Други новости во врска со Тоше - Page 9 Left_bar_bleue2 / 1002 / 100Други новости во врска со Тоше - Page 9 Right_bar_bleue

Registration date : 2008-06-06

Други новости во врска со Тоше - Page 9 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Други новости во врска со Тоше   Други новости во врска со Тоше - Page 9 I_icon_minitimeЧет Јан 08, 2009 2:18 pm

„Цреша“ и „Несаница“хитови на годината во Хрватска

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=4463E62372E0644A8515AD1C650340E3
http://www.radiomk.com/index.php?categoryid=1&p2_articleid=1369
Вратете се на почетокот Go down
http://www.tose-mk.forumakers.com
batbayan
Модератор
Модератор
batbayan


Број на мислења : 1410
Age : 38
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
Други новости во врска со Тоше - Page 9 Left_bar_bleue11 / 10011 / 100Други новости во врска со Тоше - Page 9 Right_bar_bleue

Registration date : 2008-06-11

Други новости во врска со Тоше - Page 9 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Други новости во врска со Тоше   Други новости во врска со Тоше - Page 9 I_icon_minitimeЧет Јан 08, 2009 2:39 pm

Судењето за кобната сообраќајка која во октомври се случи кај Нова Градишка, а во која загина македонската ѕвезда Тоше Проески остана нерешено. Обвинет за тешки дела против безбедноста во сообраќајкот со смртни последици е Ѓорѓи Ѓоргиевски. Тој, во ноември, ја даде својата одбрана тврдејќи дека возел со брзина од стотина километри на час за да во декември го смени својот бранител. Процесот ќе продложува во март за да може судот да го обезбеди возачот на камионот со кој се судри туарегот на Проески, Славиша Кузмановиќ.

И додека судот ја утврдува околноста под која се случи трагедијата, менаџерката на Проески, Љиљана Петровиќ заработи тужба од Андријана Будимир. Судењето по приватната тужба на Будимир треба да открие дали мега ѕвездата неколку часа пред да се случи сообраќајката испратил пораки на мобилниот телефон на тужителката. Иако Будимир се оградуваше дека нема намера да ја вовлекува во случајот на трагично загинатата ѕвезда, таа сепак за наводно претрпената болка и нарушениот углед и чест од менаџерката Петровиќ побарува 150 илјади евра отштета. Доказите односно листингот од мобилниот телефон на Проески, кој го обезбеди Петровиќ укажува дека последните пораки поп-иконата ги пратил на нему драга личност но тоа не била Будимир. Во меѓувреме до претресот кој е закажан за февруари судот треба да ги оцени доказите.

http://www.vecer.com.mk/?ItemID=797C6C7BB1B4D249972DB42A7040EAF0
Вратете се на почетокот Go down
batbayan
Модератор
Модератор
batbayan


Број на мислења : 1410
Age : 38
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
Други новости во врска со Тоше - Page 9 Left_bar_bleue11 / 10011 / 100Други новости во врска со Тоше - Page 9 Right_bar_bleue

Registration date : 2008-06-11

Други новости во врска со Тоше - Page 9 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Други новости во врска со Тоше   Други новости во врска со Тоше - Page 9 I_icon_minitimeЧет Јан 08, 2009 2:42 pm

http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=3&tabid=1&EditionID=1592&ArticleID=105186
Вратете се на почетокот Go down
emi
Член
Член
emi


Број на мислења : 86
Локација : skopje
Репутација :
Други новости во врска со Тоше - Page 9 Left_bar_bleue0 / 1000 / 100Други новости во врска со Тоше - Page 9 Right_bar_bleue

Registration date : 2008-06-21

Други новости во врска со Тоше - Page 9 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Други новости во врска со Тоше   Други новости во врска со Тоше - Page 9 I_icon_minitimeЧет Јан 08, 2009 4:51 pm

Neznam tocno kaj procitav (mozebi i nekoj od vas veke procital), no kao navodno taa licnost na koja Toska i prakal poraki taa vecer bila Elena Ristevska
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





Други новости во врска со Тоше - Page 9 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Други новости во врска со Тоше   Други новости во врска со Тоше - Page 9 I_icon_minitime

Вратете се на почетокот Go down
 
Други новости во врска со Тоше
Вратете се на почетокот 
Страна 9 of 20Отиди на страна : Previous  1 ... 6 ... 8, 9, 10 ... 14 ... 20  Next
 Similar topics
-
» The Hardest Thing --- PROMOCIJA

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
 :: Пишани и Електронски медиуми :: Новости-
Отиди до: